Beko WTE 6501 B0 User manual [MK,SB]

0 (0)
Beko WTE 6501 B0 User manual

Машина за перење

алишта

Упатство за употреба

Mašina za pranje veša

Uputstvo za upotrebu

WTE 6501 B0

MK / SB

Број на документот= 2820525630_MK / 03-08-16.(9:43)

.

1 Iважни упатства за безбедноста и околината

Ова поглавје содржи безбедносни упатства и ќе ви помогне да се заштитите од ризикот за лична повреда или оштетување на имотот. Непочитувањето на овие упатства ја поништува гаранцијата.

1.1 Општа безбедност

• Овој производ може да го користат деца над 8-годишна возраст и лица чиишто физички, сетилни или ментални способности не се целосно развиени или лица кои немаат доволно искуство или познавања само ако се под надзор на други лице, или ако се обучени како безбедно да го користат производот и ги знаат можните ризици. Децата не смее да си играат со производот. Чистењето и одржувањето не смее никогаш да го вршат деца, освен ако не се под надзор на одговорно возрасно лице. Децата под 3 години треба да се држат настана освен ако не се под постојан надзор.

• Никогаш не ставајте го производот на под што е покриен со тепих. Недостаток на проток на воздух под машината ќе предизвика прегревање на електричните делови. Со тоа се предизвикуваат проблеми со машината.

• Ако производот е дефектен, не треба да се вклучува освен ако не го поправил овластен сервисер. Постои ризик од електричен удар!

• Овој производ е дизајниран за да продолжи со работа кога ќе дојде струја по прекин во снабдувањето. Ако сакате да откажете програма, видете го поглавјето „Откажување програма“.

• Поврзете го производот за заземјен приклучок, заштитен со осигурувач 16A. Не занемарувајте го фактот дека мора да

има инсталација со заземјен приклучок извршена од страна на квалификуван електричар. Нашата компанија нема да биде одговорна за какви било оштетувања што ќе се појават ако производот се користел без заземјување во согласност со локалните регулативи.

• Доводот на вода и цревата за одвод мора да се цврсто затегнати и неоштетени. Инаку, постои ризик од протекување вода.

• Никогаш не отворајте ја вратата за полнење и не вадете го филтерот додека има вода во барабанот. Инаку, постои ризик од поплава и повреда од врела вода.

• Не отворајте ја сосила заклучената врата за полнење. Врата за полнење ќе биде подготвена за отворање по неколку минути откако ќе заврши циклусот на перење. Во случај на насилно отворање на вратата за полнење може да се оштетат вратата и механизмот за заклучување.

• Исклучете го производот од струја кога не го користите.

• Никогаш не мијте го производот со истурање вода врз него! Постои ризик од електричен удар!

• Никогаш не допирајте го приклучокот со мокри раце! Никогаш не влечете го кабелот, секогаш извлекувајте го со фаќање на приклучокот.

• Користете детергенти, омекнувачи и додатоци што се соодветни само за автоматски машини за перење алишта.

• Следете ги упатствата на етикетите на алиштата и на пакувањето на детергентот.

• Производот мора да биде исклучен од струја при постапки за монтирање, одржување, чистење и поправка.

• Постапките за монтирање и поправка секогаш мора да ги извршува овластен сервисер. Производителот нема да биде одговорен за штети што би се појавиле од постапки што ги спровеле неовластени лица.

• Ако кабелот за напојување со ел. енергија е оштетен, истиот мора да биде заменет од производителот, центарот за грижа за корисници или соодветно квалификувано лице (се претпочита електричар) или некој што е овластен од увозникот, со цел да се избегнат можните ризици.

• Ставете го производот на цврста и рамна површина.

• Не ставајте го апаратот на волнени прекривки или слични површини.

• Не ставајте го производот на висока платформа, во близина на раб или скалеста површина.

• Не ставајте го производот врз кабелот за струја.

• Никогаш не користете сунѓер или материјали за триење. Така ќе ги оштетите обоените, хромираните и пластичните површини.

1.2 Наменета употреба

• Овој производ е наменет за домашна употреба. Не е соодветен за комерцијална употреба и не смее да се користи надвор од наменетата употреба.

• Производот може да се користи само за перење и плакнење алишта што се соодветно обележени.

• Производителот ги отфрла сите одговорности што произлегуваат од неправилна употреба и транспорт.

1.3 Безбедност на децата

• Материјалот од пакувањето е опасен за децата. Чувајте го на безбедно место и подалеку од дофатот на децата.

• Електричните производи се опасни за децата. Држете ги децата подалеку од производот додека работи. Не дозволувајте им да играат со производот. Користете ја функцијата за заштита за деца за да ги спречите да си играат со производот.

• Не заборавајте да ја затворите вратата за полнење кога ја напуштате просторијата каде е сместен производот.

• Чувајте ги сите детергенти и адитиви на безбедно место, подалеку од дофат на деца на тој начин што ќе го затворите капакот на садот

4 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

во кој го чувате детергентот или ќе го залепите пакувањето со детергент.

Стаклената врата за полнење станува многу врела кога перете алишта на висока температура. Затоа, држете ги особено децата подалеку од вратата на машината додека перете.

1.4 Информации за пакувањето

• Пакувањето се произведува од рециклирачки материјали во согласност со одредбите за заштита на животната средина на државно ниво. Не фрлајте го материјалот за пакување заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центрите за собирање материјали за пакување коишто ги посочуваат локалните овластени тела.

1.5 Фрлање на производот во отпад

• Овој производ е произведен од делови и материјали со висок квалитет коишто може повторно да се употребат и се соодветни за рециклирање. Затоа, не фрлајте го производот заедно со домашниот отпад кога веќе не може да се користи. Однесете го собирен центар за рециклирање електрична и електронска опрема. Консултирајте се со локалните овластени тела за да

дознаете каде е најблискиот собирен центар. Помогнете при заштита на животната средина и природните ресурси со тоа што ќе ги рециклирате искористените производи. Исечете го кабелот за напојување и скршете го механизмот за заклучување на вратата за да не може да работи пред да го фрлите производот за да ги

заштитите децата.

1.6 Усогласеност со законот на ЕУ - WEEE

Овој производ е во согласност со Директивата на ЕУ за отпад од електронска и електрична опрема (WEEE) (2012/19/ EU). Овој производ го носи симболот за класификација на отпад од електрична и електронска опрема (WEEE).

Овој производ е произведен со многу квалитетни делови и материјали коишто може повторно да се употребат и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го стариот производот заедно со домашниот отпад и со други видови

отпад на крајот на неговиот животен век. Однесете го собирен центар за рециклирање електрична и електронска опрема. Консултирајте се со вашите локални власти за да дознаете повеќе за овие собирни центри.

Усогласеност со Директивата за ограничување на опасни супстанции (RoHS):

Производ што го купивте е во согласност со Директивата на ЕУ

за ограничување на опасни супстанции (RoHS) (2011/65/EУ). Не содржи опасни и забранети материјали наведени во Директивата.

5 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

Подготовката на локацијата и инсталацијата на струјата, водата и одводот на местото за инсталација се одговорност на потрошувачот.
предупредување: Инсталацијата и електричните поврзувања на производот мора да ги спроведе овластен сервисер. Производителот нема да биде одговорен за штети што би се појавиле од постапки што ги спровеле неовластени лица.
предупредување: Пред инсталацијата, проверете визуелно дали производот има дефекти. Ако има, не инсталирајте го. Оштетените производи претставуваат ризик за безбедноста.
Проверете дали доводот за вода, одводните црева и електричниот кабел се превиткани, престапнати или притиснати кога го буткате производот на своето место по инсталацијата или чистењето.

2 Инсталација

Обратете се на најблискиот овластен сервисер за инсталација на производот. Погледнете ги информациите во упатството за корисникот и проверете дали струјата, доводот за вода и системот за испуштање вода се соодветни за да го подготвите производот за работа и пред

да го повикате овластениот сервисер. Ако нема соодветни услови, повикајте квалификуван техничар и водоводџија за да ги завршат неопходните подготовки.

C

B

A

C

2.1 Соодветна локација за поставување

Поставете ја машината на цврст под. Не ставајте ја на волнени прекривки или слични површини.

Вкупната тежина на машината за перење и на сушалната - со полно оптоварување - кога се поставени една врз друга, достигнува околу 180 килограми. Ставете го производот на цврст и рамен под што има задоволителен капацитет на носивост!

Не ставајте го производот врз кабелот за струја.

Не инсталирајте го производот на места каде температурата може да падне под 0 °C.

Ставете го производот најмалку 1 см. оддалечен од рабовите на друг мебел.

2.2 Вадење на потпорите во пакувањето

Закосете ја машината наназад за да ги извадите потпорите во пакувањето. Отстранете ги потпорите во пакувањето со извлекување на лентата.

2.3 Вадење на транспортните брави

A предупредување: Не вадете ги транспортните брави пред да ги извадите потпорите во пакувањето.

A предупредување: Извадете ги навртките за безбеден транспорт пред да ја вклучите машината! Инаку, производот ќе се оштети.

1.Разлабавувајте ги навртките со клуч с° додека не започнат да ротираат слободно (С).

2.Извадете ги навртките за безбеден транспорт со тоа што ќе ги одвртите внимателно.

3.Поставете ги пластичните капаци што се доставени во вреќичка со Упатството за корисникот во отворите на задниот панел.(P)

C Чувајте ги навртките за безбеден транспорт на сигурно место ако треба повторно да ги употребите кога машината за перење ќе треба да се премести.

C Никогаш не поместувајте го уредот без правилно поставени навртки за безбеден транспорт!

2.4 Поврзување на доводот за вода

C Притисокот на водата од доводот што е потребен за да работи машината мора да биде меѓу 1-10 бари (0.1 – 1 MPa). Неопходно е најмалку 10-80 литри вода да течат од целосно отворената славина во една минута за да работи машината без проблеми. Додајте вентил за намалување на притисокот, ако е повисок.

A предупредување: Моделите со единичен довод за вода не треба да се поврзуваат со славина за топла вода. Во тој случај, алиштата ќе се оштетат или производот ќе се префрли во заштитен режим и нема да работи.

A предупредување: Не користете стари или користени црева за довод на вода на новиот производ. Може да се предизвика флекање на алиштата.

Затегнете ги сите навртки на цревата со рака. Никогаш не користете алат за нивно затегнување.

Отворете ги славините докрај по поставување на цревата за да проверите дали протекува вода на точките на поврзување. Ако има протекување, затворете ја славината и извадете ја навртката. Затегнете ја одново внимателно по проверка на заштитата. Затворајте ги славините кога не ја користите машината за да спречите протекување на водата и оштетувања.

6 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

2.5 Поврзување за одвод

Крајот на цревото за одвод мора директно да се поврзе за одвод за отпадна вода или за бања.

A предупредување: Куќата ќе се поплави ако цревото излегува од лежиштето при испуштање на водата. Уште повеќе, постои ризик од попарување заради високите температури при перење! За спречување на овие ситуации и за да обезбедите непречен довод и одвод на водата од машината, фиксирајте го крајот на цревото за одвод цврсто за да не може да излегува.

• Цревото мора да се прицврсти на висина од најмалку 40 см., а најмногу од 100 см.

• Во случај кога цревото е подигнато по поставување на под или близу до подот (помалку од 40 см. над подот), исфрлањето на водата се отежнува и алиштата ќе бидат прекумерно мокри. Затоа, следете ги висините што се посочени на сликата.

<![if ! IE]>

<![endif]>100cm 40cm

• За да спречите нечистата вода да се враќа во машината и за да обезбедите лесно испуштање, не потопувајте го крајот на цревото во нечиста вода или внесете го во одводот повеќе од 15 см. Ако е премногу долго, скратете го.

• Крајот на цревото не смее да се превиткува, настапнува и цревото не смее да биде притиснато меѓу одводот и машината.

• Ако должината на цревото е многу кратка, додајте оригинално црево за продолжување. Должината на цревото не смее да биде повеќе од 3.2 м. За да се спречат проблеми со протекување на водата, поврзувањето меѓу продолжното црево и цревото за одвод мора да

се постави правилно со соодветна стега за да не се откачува и протекува.

2.6 Прилагодување на ногарките

A предупредување: За да се обезбеди производот да работи тивко и без вибрации, тој мора да стои рамно и избалансирано на ногарките. Наместете ја машината со прилагодување на ногарките. Инаку, производот може да се поместува и да предизвика кршење и вибрации.

1.Рачно разлабавете ги завртените навртки на ногарките.

2.Прилагодувајте ги ногарките додека производот не застане рамно и стабилно.

3.Затегнете ги сите навртки со рака.

A предупредување: Не користете алати за да ги разлабавите завртените навртки. Инаку, машината ќе се оштети.

2.7 Поврзување на електриката

Поврзете го производот за заземјен приклучок, заштитен со осигурувач 16A. Нашата компанија нема да биде одговорна за какви било оштетувања што ќе се појават ако производот се користел без заземјување во согласност со локалните регулативи.

Поврзувањето мора да биде усогласено со државните регулативи.

Приклучокот за ел. енергија мора да биде на дофат по поставувањето.

Ако вредноста на осигурувачот во куќата е помалку од 16 ампери, повикајте квалификуван електричар да постави осигурувач од 16 ампери.

Дадениот напон во поглавјето „Технички спецификации“ мора да биде еднаков на напонот на приклучокот.

Не поврзувајте преку продолжни кабли или повеќенаменски приклучоци.

B предупредување: Оштетените кабли за струја мора да ги замени овластен сервисер.

Транспорт на производот

1.Исклучете го производот од струја пред транспортот.

2.Извадете ги поврзувањата за цревата за довод и одвод на вода.

3.Испуштете ја целата вода што останала во машината.

4.Поставете ги навртките за безбеден транспорт по обратен редослед од постапката за вадење.

C Никогаш не поместувајте го уредот без правилно поставени навртки за безбеден транспорт!

A предупредување: Материјалот од пакувањето е опасен за децата. Чувајте го на безбедно место и подалеку од дофатот на децата.

7 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

3 Подготовка

3.1 Сортирање на алиштата

Сортирајте ги алиштата во согласност со видот ткаенина, боја и степенот на извалканост, како и со дозволената температура на водата.

Секогаш почитувајте ги упатствата што се дадени на етикетите на облеката.

3.2 Подготовка на алиштата за перење

Алиштата со метални предмети како што се шноли, копчиња на каиши и метални копчиња ќе ја оштетат машината. Тргнете ги металните делови или перете ги алиштата ставени во вреќичка за перење или во навлака за перница.

Извадете ги сите предмети од џебовите, како што се монети, пенкала или спајалки и превртете ги џебовите нанадвор и исчеткајте ги. Таквите предмети може да го оштетат производот и да предизвикуваат проблем со бучава.

Ставете ги малите алишта, како што се бебешките чорапчиња или најлонските чорапи во вреќичка за перење или во навлака за перница.

Ставете ги завесите внатре без да ги притискате. Извадете ги деловите за закачување на завесите.

Закопчајте ги патентите, зашијте ги разлабавените копчиња и искинатите делови на алиштата.

Перете ги производите со етикети „може да се пере во машина“ или „рачно перење“ само на соодветна програма.

Не перете обоени и бели алишта заедно. Нови, темно обоени памучни ткаенини може да испуштат многу боја. Исперете ги засебно.

Тврдокорните дамки мора да се третираат соодветно пред перење. Ако не сте сигурни, прашајте некој во хемиско чистење.

Користете само бои / стабилизатори за бои и отстранувачи за бигор соодветни за машинско перење. Секогаш следете ги упатствата на пакувањето.

Перете ги пантолоните и деликатните алишта превртени наопаку.

Чувајте ги алиштата од ангорска волна во замрзнувач неколку часа пред перење. Така ќе се намали литењето.

Алиштата на коишто има материјали како брашно, прашина од бигор, млеко во прав, итн. мора прво да се истресат пред да се стават во машината. Таквиот прав на алиштата може со време да се налепи на внатрешните делови на машината и да предизвика оштетувања.

3.3 Работи што треба да се извршат

за штедење ел. енергија

Следниве информации ќе ви помогнат да го користите производот на еколошки и штедлив начин.

Вклучувајте го производот со најголемиот капацитет што го дозволува избраната програма, но не преполнувајте го. Видете „Табела за програми и потрошувачка“.

Секогаш следете ги упатствата на пакувањето на детергентот.

Перете ги малку извалканите алишта на ниски температури.

Користете побрзи програми за мали количини на малку извалкани алишта.

Не користете предперење и високи температури за алишта што не се многу валкани или исфлекани.

Ако планирате да ги исушите алиштата во сушална, изберете ја најголемата брзина за центрифугата што се препорачува за тој циклус на перење.

Не користете повеќе детергент од количината што се препорачува на пакувањето на детергентот.

3.4 Прва употреба

Пред да го вклучите производот, проверете дали сите подготовки се направени во согласност со упатствата во поглавјата „Важни безбедносни упатства“ и „Инсталација“.

Прво вклучете ја програмата за чистење на барабанот за да ја подготвите машината за перење алишта. Ако машианата нема програма за чистење на барабанот, пуштете ја постапката при прва употреба во согласност со методите опишани во поглавјето „5.2 Чистење на вратата и барабанот“ во ова упатсво за корисникот.

C Користете средство против бигор што е соодветно за машини за перење.

C Останала малку вода во машината заради процесот за контрола на квалитетот во производството. Не е штетно за производот.

3.5 Правилен капацитет на полнење

Максималниот капацитет за полнење зависи од видот на алиштата, степенот на извалканост и саканата програма за перење.

Машината автоматски ја прилагодува количината вода во согласност со тежината на ставените алишта.

A предупредување: Следете ги информациите во „Табелата за програми и потрошувачка“. Кога е преоптоварена, резултатите од перењето може да опаднат. Понатаму, може да се појават проблеми со бучава и вибрации.

8 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

 

 

Вид на алишта за

Тежина (г)

перење

 

Бањарка

1200

Салфети

100

Навлака за јорган

700

Креветски чаршав

500

Навлака за перница

200

Чаршав за маса

250

Крпа

200

Крпа за раце

100

Свечена тоалета

200

Долен веш

100

Машка работничка

600

облека

 

Машка кошула

200

Машки пижами

500

Блузи

100

3.6 Ставање алишта

1.Отворете ја вратата за полнење.

2.Ставете ги алиштата слободно во машината.

3.Притиснете ја врата за да се затвори. Треба да слушнете звук на заклучување. Проверете дали некое парче од облеката се зафатило за вратата.

C Вратата за полнење е заклучена додека работи програма. Вратата може да се отвори само по извесно време откако ќе заврши програмата.

A предупредување: Во случај на погрешно ставени алишта, се појавуваат проблеми со бучава и вибрации во машината.

3.7 Ставете детергент и омекнувач.

C Кога користите детергент, омекнувач, штирак, фабричка боја, избелувач или отстранувач на бигор, прочитајте ги упатствата на производителот на пакувањето внимателно и

следете ги вредностите за дозирање. Користете капаче со мерки ако има.

Фиока за детергент

Фиоката за детергент се состои од три дела:

– (1) за претперење

-(2) за главно перење

-(3) за омекнувач

-(*) понатаму, има и дел со сифон во одделот за омекнувачот.

2 3 1

Детергент, омекнувач и други средства за чистење

Додајте детергент и омекнувач пред да ја вклучите програмата за перење.

Никогаш не оставајте ја фиоката за детергент отворена додека работи програмата за перење!

Кога користите програма без предперење, не ставајте детергент во одделот за предперење

(оддел бр. "1").

Кога користите програма со предперење, не ставајте течен детергент во одделот за предперење (оддел бр. "1").

Не избирајте програма со предперење ако користите вреќичка или топка со детергент. Ставете ги топката или вреќичката со детергент директно меѓу алиштата во машината.

Ако користите течен детергент, не заборавајте да ставите капаче со течен детергент во одделот за главно перење (оддел бр. "2").

Избор на вид детергент

Видот детергент што ќе се користи зависи од видот и бојата на ткаенините.

Користете различни детергенти за обоени и бели алишта.

Перете ги деликатните алишта само со специјални детергенти (течен детергент, шампон за волна, итн.) што се користат само за деликатни алишта.

Се препорачува употреба на течен детергент за перење темно обоени алишта или прекривки.

Перете волна со специјални детергенти изработени специфично за волна.

A предупредување: Користете само детергенти што се специфично изработени за машини за перење.

A предупредување: Не користете сапун во прав.

Прилагодување на количината детергент

Количината на детергентот за перење што треба да се употреби зависи од количината на алиштата за перење, степенот на извалканост и тврдоста на водата.

Не користете количини коишто ги надминуваат количините за дозирање што се препорачани на пакувањето за да избегнете проблеми на прекумерна пена, лоша исплакнатост, штедење и конечно, заштита на животната средина.

Користете помалку детергент за мали количини или малку извалкани алишта.

Употреба на омекнувачи

Истурете омекнувач во одделот за омекнувач во фиоката за детергент.

Не надминувајте во нивото (>max<) што е означено во одделот за омекнувачот.

Ако омекнувачот ја загубил течната состојба, растворете го со вода пред да го ставите во фиоката за детергент.

9 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

Употреба на течни детергенти Ако производот содржи капаче за течен детергент:

Проверете дали сте го ставиле капачето со течен детергент во одделот бр. "2".

Ако течниот детергент ја загубил течната состојба, растворете го со вода пред да го ставите во фиоката за детергент.

Ако производот содржи капаче за течен детергент:

Не користете течен детергент за предперење во програма со предперење.

Течниот детергент ги флека алиштата кога се користи со функцијата за одложено вклучување. Ако ја користите функцијата за одложено вклучување, не користете течен детергент.

Употреба на детергент во гел и таблети

Следете ги следните совети кога користите детергенти во таблети, гел и слично.

Ако густината на детергентот во гел е течна, а машината не содржи специјално капаче за течни детергенти, ставете го детергентот во гел во одделот за главно перење кога машината ќе зема вода за првпат. Ако машината има капаче за течен детергент, наполнете го капачето со детергент пред да ја вклучите програмата.

Ако густината на детергентот во гел не е течна или има форма на таблета со течен детергент, ставете го директно во барабанот пред перење.

Ставете го детергентот во таблети во одделот за главно перење (оддел бр. „2“) или директно во барабанот пред перење.

C Детергентите во таблети може да остават траги во одделот за детергент. Ако се случи тоа, ставајте ја таблетата со детергент меѓу алиштата, близу до долниот дел на барабанот во идните перења.

C Користете детергент во гел или таблети без да ја изберете функцијата за предперење.

Употреба на штирак

Додајте течен штирак, штирак во прав или фабричка боја во одделот за омекнувачот.

Не користете омекнувач и штирак заедно при перењето.

Избришете ја внатрешноста на машината со влажна и чиста крпа по употреба на штирак.

Употреба на избелувачи

Изберете програма со предперење и додајте агенс за избелување на почетокот на

предперењето. Не ставајте детергент во одделот за предперење. Како алтернатива, изберете програма со дополнително плакнење и додајте агенс за избелување додека машината зема вода во одделот за детергент за време на првиот чекот на плакнење.

Не користете агенси за избелување и детергент заедно.

Употребете само мала количина (околу 50 мл.) на избелувач и исплакнете ги алиштата многу добро бидејќи може да се предизвика иритација на кожата. Не ставајте избелувач на алиштата и користете го за обоени алишта.

Кога користите оксигенски избелувачи, изберете програма што пере на пониска температура.

Оксигенските избелувачи може да се користат заедно со детергент. Сепак, ако густината не е иста со онаа на детергентот, ставете прво детергент во одделот за детергент бр. "2" во фиоката за детергент и почекајте додека

детергентот не истече кога машината зема вода. Додајте го избелувачот во истиот оддел додека машината уште зема вода.

Употреба на отстранувач за бигор

Ако е потребно, користете отстранувачи за бигор што се специјално произведени само за машини за перење.

10 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

3.8 Совети за ефикасно перење

<![if ! IE]>

<![endif]>Ниво на извалканост

 

 

Алишта

 

 

 

Светли бои и бели

 

 

Деликатни

 

Бои

Темни бои

алишта / волна

 

алишта

 

 

 

/ свила

 

 

 

 

 

(Препорачан опсег на

(Препорачан опсег

(Препорачан опсег

(Препорачан опсег

 

на температура врз

на температура врз

на температура

 

температура врз основа

врз основа

 

основа на нивото на

основа на нивото на

 

на нивото на извалканост:

на нивото на

 

извалканост: ладно -

извалканост: ладно

 

40-90° C)

40° C)

- 40°C)

извалканост:

 

 

ладно - 30°C)

 

 

 

 

 

Можеби ќе треба да

 

 

 

 

 

 

 

 

ги третирате дамките

Детергентите во прашок

 

 

 

пред да ги ставите

и течните детергенти

 

 

 

на перење или да

што се препорачуваат

 

Претпочитајте

 

вклучите и предперење.

за алишта во боја може

Течните

 

течни детергенти

Многу

Детергентите во прашок

да се користат во дози

детергенти што се

што се

и течните детергенти

што се препорачани

препорачуваат за

извалкани

произведени за

што се препорачуваат

за многу извалкани

алишта во боја и

 

за бели алишта може

алишта. Се препорачува

темни алишта може

деликатни алишта.

(тврдокорни

Волнените и

да се користат во дози

да се користат

да се користат

свилените алишта

дамки како

што се препорачани за

детергенти во прашок

во дози што се

мора да се перат

масло, кафе,

многу извалкани алишта.

за да се исчистат

препорачани за

со специјални

овошје и крв.)

Се препорачува да се

дамки од глина и земја

многу извалкани

детергенти за

 

користат детергенти во

и за дамки што се

алишта.

 

волна.

 

прашок за да се исчистат

осетливи на избелувачи.

 

 

 

 

 

дамки од глина и земја и

Користете детергенти

 

 

 

за дамки што се осетливи

без избелувач.

 

 

 

на избелувачи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Детергентите во прашок

Течните

Претпочитајте

 

 

течни детергенти

Нормално

 

и течните детергенти

детергенти што се

Детергентите во прашок

што се

што се препорачуваат

препорачуваат за

извалкани

и течните детергенти

произведени за

за алишта во боја може

алишта во боја и

 

што се препорачуваат за

да се користат во дози

темни алишта може

деликатни алишта.

(На пример

бели алишта може да се

Волнените и

што се препорачани за

да се користат

користат во дози што се

свилените алишта

дамки од телото

нормално извалкани

во дози што се

препорачани за нормално

мора да се перат

на јаките и на

алишта. Користете

препорачани

извалкани алишта.

со специјални

манжетните)

детергенти без

за нормално

 

детергенти за

 

 

избелувач.

извалкани алишта.

 

 

волна.

 

 

 

 

 

 

 

Детергентите во прашок

Течните

Претпочитајте

 

 

течни детергенти

 

 

и течните детергенти

детергенти што се

 

Детергентите во прашок

што се

Малку

што се препорачуваат

препорачуваат за

и течните детергенти

произведени за

за алишта во боја може

алишта во боја и

извалкани

што се препорачуваат за

деликатни алишта.

да се користат во дози

темни алишта може

 

бели алишта може да се

што се препорачани

да се користат

Волнените и

(Нема видливи

користат во дози што се

свилените алишта

за малку извалкани

во дози што се

препорачани за малку

мора да се перат

дамки.)

алишта. Користете

препорачани за

извалкани алишта.

со специјални

 

детергенти без

малку извалкани

 

 

детергенти за

 

 

избелувач.

алишта.

 

 

волна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

11 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

4 Работа со машината

4.1 Контролен панел

1

 

 

2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3

 

4

5

6

7

1

- Регулатор за избор на програма (најгорна

5

- Копчиња за дополнителни функции

позиција вклучување/исклучување)

6

- Копче за одложен почеток (кај некои модели)

2

- Индикатор за следење на програмата

7

- Копче за вклучување / паузирање

3

- Копче за прилагодување на температурата

 

 

 

 

 

4

- Копче за прилагодување на брзината на

 

 

 

 

 

центрифугата

Индикативни вредности за програмите за синтетика

 

<![if ! IE]>

<![endif]>Тежина (кг)

<![if ! IE]>

<![endif]>Потрошувачка на вода (л)

<![if ! IE]>

<![endif]>Потрошувачка на струја (kWh)

<![if ! IE]>

<![endif]>Времетраење на програмата (мин) *

Синтетика 60

2.5

45

0.90

100/120

Синтетика 40

2.5

45

0.42

90/110

 

 

 

 

 

Преостаната влажност

Преостаната влажност

(%) **

(%) **

≤ 1000 rpm

> 1000 rpm

45

40

45

40

 

 

* Времето за перење според избраната програма може да се види на екранот на машината. Нормално е да се појават мали разлики меѓу времето што се прикажува на екранот и вистинското време за перење.

** Вредностите за преостаната влажност може да се разликуваат согласно избраната брзина на центрифугата.

12 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

4.2 Подготовка на машината

Проверете дали цревата се цврсто поврзани. Вклучете ја машината во струја. Отворете ја славината докрај. Ставете ги алиштата во машината. Ставете детергент и омекнувач за ткаенини.

4.3 Избор на програма

Изберете ја програмата што е соодветна за видот, количината и степенот на извалканост на алиштата во согласност со „Табелата за програми и потрошувачка“ и табелата за температури што се прикажани подолу.

 

Многу извалкани, бели памучни алишта

90° C

и постелнина. (прекривки за масички,

чаршави за маси, крпи, креветски чаршави,

 

 

итн.)

 

Нормално извалкани памучни алишта

 

во боја што не избледува или синтетички

60° C

алишта (кошули, ноќници, пижами, итн.) и

 

малку извалкана бела постелнина (долен

 

веш, итн.)

40° C-

Мешани алишта, вклучително и деликатен

30° C-

текстил (завеси, итн.), синтетика и волна.

ладно

 

Изберете ја саканата програма со копчето за избор на програма.

C

Програмите се лимитирани со најголема

брзина на вртежи, соодветно за дадениот вид

текстил.

C

При избор на програма, секогаш земајте ги во

предвид видот ткаенина, бојата, степенот на

извалканост и дозволената температура на

 

водата.

C

Секогаш избирајте ја најниската потребна

температура. Повисока температура значи и

 

поголема потрошувачка.

C

Видете ја „Табелата за програми и

потрошувачка“ за повеќе детали околу

 

програмите.

4.4 Главни програми

Користете ги следните главни програми во зависност од видот ткаенина.

• Cottons (Памук)

Користете ја оваа програма за памучни алишта (како што се креветски чаршави, јоргански навлаки и навлаки за перници, крпи, бањарки, долен веш, итн.). Алиштата ќе се исперат со жестоки движења во подолг циклус на перење.

• Synthetics (Синтетика)

Користете ја оваа програма за перење алишта со синтетика (кошули, блузи, мешано синтетика / памук, итн.). Пере со благи движења и има пократок циклус на перење споредено со програмата за памук.

За завеси и тул, користете ја програмата Синтетика 40°C со избрани функции за предперење и негужвање. Перете ги завесите / тулот ставајќи мала количина на детергент во одделот за главно перење бидејќи нивната мрежеста структура создава прекумерно пенење. Не ставајте детергент во одделот за предперење.

• Woollens (Волна)

Користете ја оваа програма за перење волнени алишта. Изберете ја соодветната температура што е посочена на етикетата на алиштата. Употребете соодветен детергент за волна.

4.5 Дополнителни програми

Достапни се и дополнителни програми на машината за специјални случаи.

C

Дополнителните програми може да се

разликуваат во зависност од моделот на

машината.

• Cottons Eco (Памук економично)

Може да ги перете своите нормално извалкани алишта со постојани бои и постелнината на оваа програма со употреба на највисока температура и со заштеда на енергија споредено со сите други програми за перење што се соодветни за памук. Вистинската температура на водата може да се разликува од посочената температура за тој циклус. Времетраењето на програмата може автоматски да се скрати во последните фази на програмата ако перете помала количина алишта ( на пр. ½ од капацитетот или помалку). Во овој случај, потрошувачката на вода и енергија ќе се намалува и понатаму давајќи можност за

поекономично перење. Оваа одлика е достапна кај одредени модели што имаат приказ за преостанато време.

• BabyProtect (Грижа за бебиња)

Користете ја оваа програма за перење на бебешки алишта и за алиштата на лица со алергии. Подолгите периоди на греење и дополнителниот чекор за плакнење овозможуваат повисоко ниво на хигиена.

• Delicates (Деликатно)

Користете ја оваа програма за перење деликатни алишта. Пере со нежни движења без какво било посредно центрифугирање споредено со програмата за синтетика.

Hand Wash 20° (Рачно перење20°)

Користете ја оваа програма за перење волнени / деликатни алишта што ја носат етикетата „да не се пере во машина“ и за кои се препорачува рачно перење. Алиштата се перат со многу благи движења за да не се оштетат.

Daily Xpress (Мини)

Користете ја оваа програма за брзо перење мала количина на малку извалкани памучни алишта.

Xpress Super Short (Супер-кратко експресно)

Користете ја оваа програма за перење мала количина на малку извалкани алишта за кратко време.

Dark Care (Грижа за темни алишта)

Користете ја оваа програма за перење на темно

обоените алишта од памук и синтетика или алиштата што не сакате да избледат. Перењето се одвива со внимателни движења на ниски температури. Препорачуваме да користите течен детергент или шампон за волна за темно обоените алишта.

• Mix40 (Мешано 40)

Користете ја оваа програма за перење памучни и синтетички алишта заедно без да ги сортирате.

13 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

• Shirts (Кошули)

Користете ја оваа програма за перење кошули од памук, синтетика и алишта што содржат синтетика заедно.

• Sports (Спортка облека)

Користете ја оваа програма за перење алишта што биле носени кратко време, како на пример спортска облека. Соодветна е за перење мала количина памучни / синтетички мешани алишта.

4.6 Специјални програми

Изберете некоја од следниве програми за специфични примени.

• Rinse (Плакнење)

Користете ја оваа програма кога сакате да плакнете или да штиркате засебно.

• Spin + Drain (Центрифуга + цедење)

Користете ја оваа програма за примена на дополнителен циклус на центрифугирање на алиштата или за испуштање на водата од машината.

Пред избирање на оваа програма, изберете ја саканата брзина на центрифугата и притиснете го копчето „Start/Pause“ (вклучување/паузирање). Прво, машината ќе ја испушти водата. Потоа, ќе ги изврти алиштата со поставената брзина на центрифугата за да ја исцеди водата од нив. Ако сакате да ја исцедите водата без центрифугирање на алиштата, изберете ја програмата Пумпа+центрифуга и потоа изберете ја функцијата Без центрифуга преку копчето за прилагодување на брзината на центрифугата.

Притиснете го копчето за вклучување / паузирање.

C

Користете помала брзина на центрифугата за

деликатни алишта.

4.7 Избор на температура

Секогаш кога ќе се избере нова програма, максималната температура за таа програма ќе се појави на индикаторот за температура. Притиснете го копчето за прилагодување на температурата за да ја намалите. Температурата ќе се намалува постепено.

C

Може да ја смените температурата без да

ја префрлите машината во режим за пауза

ако програмата не влегла во процесот за

 

загревање.

4.8 Избор на брзина на центрифугата

Секогаш кога ќе се избере нова програма, максималниот број вртежи на центрифугата за избраната програма се прикажува на индикаторот за број на вртежи.

За намалување на бројот на вртежите, притиснете го копчето за прилагодување на вртежите на центрифугата. Брзината на вртежите се намалува постепено. Потоа, во зависност од моделот на производот, опциите за „Задржано плакнење“ и „Без центрифуга“ се појавуваат на екранот.

Погледнете го поглавјето „Избор на дополнителни функции“ каде се објаснувањата за овие опции.

C

Може да ја смените температурата без да ја

префрлите машината во режим за пауза ако

програмата не влегла во процесот за вртење.

Одложено плакнење

Ако нема да ги вадите алиштата веднаш откако ќе заврши програмата, може да ја употребите функцијата за плакнење за да ги чувате алиштата во последната вода за плакнење за да се спречи гужвање кога нема вода во машината. Притиснете го копчето за вклучување / паузирање по овој процес ако сакате да ја испуштите водата без да ги центрифугирате алиштата. Програмата ќе продолжи и ќе се комплетира по испуштањето на водата.

Ако сакате да ги центрифугирате алиштата во водата, прилагодете ја брзината на вртежите и притиснете го копчето за вклучување / паузирање. Програмата ќе продолжи. Водата ќе се испушти, алиштата ќе се центрифугираат и програмата ќе се комплетира.

14 / MK

Машина за перење алишта / Упатство за употреба

 

 

Loading...
+ 30 hidden pages