Важно: Пред да почнете да го користите уредот, прочитајте ги важните информации
за безбедно користење на уредот и батеријата во деловите „За ваша безбедност“
и „Безбедност на производот“ во печатеното упатство за корисникот или на вебстраницата www.nokia.com/support. За да дознаете како да почнете да го користите
вашиот нов уред, прочитајте го печатеното упатство за корисникот.
Одбегнувајте допирање на зоната на антената додека антената се користи. Контактот
со антените влијае на квалитетот на комуникацијата и може да ја намали трајноста на
батеријата поради поголемата моќност што е потребна за време на работењето.
Не приклучувајте го уредот на производи коишто даваат излезен сигнал бидејќи тоа може
да го оштети уредот. Не поврзувајте никаков напонски извор на аудио-приклучокот. Ако
на аудио-приклучокот приклучите надворешен уред или слушалки поинакви од оние
што се одобрени за користење со овој уред, обрнете особено внимание на нивото на
гласноста. Некои делови од уредот се магнетни. Металните материјали може да бидат
привлечени кон уредот. Не ставајте кредитни картички или други магнетни медиуми за
чување податоци блиску до уредот, бидејќи информациите што се зачувани на нив може
да бидат избришани.
Некои од додатоците споменати во ова упатство за корисникот, како што се полначот,
слушалките или кабелот за податоци, може да се продаваат одделно.
Забелешка: Може да го поставите телефонот да бара безбедносна шифра за да ја
заштитите приватноста и личните податоци. Изберете Мени > > Безбедност >
Заштита на тастатурата > Безбедносна шифра . Сепак, имајте на ум дека ќе мора да
ја запомните шифрата, бидејќи HMD Global не може да ја отвори или да ја заобиколи.
ПОСТАВУВАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ
Нано-SIM
Важно: Уредов е наменет да се користи само со нано SIM-картичка (виси слика).
Користењето некомпатибилни SIM-картички може да ја оштети картичката или уредот и
може да ги оштети податоците што се зачувани на картичката.
Забелешка: Пред да отстраните кој било капак, исклучете го уредот и откачете го
полначот и секој друг уред. Избегнувајте допирање на електронските делови при
промена на кој било капак. Секогаш чувајте го и употребувајте го уредот со сите капаци
поставени.
1. Лизнете го држачот на SIM-картичката од отворот за SIM2 надесно и извадете го.
2. Ставете ја nano-SIM-картичката во отворот за SIM2 свртена надолу.
3. Затворете го држачот и лизгајте го налево за да се заклучи на своето место. Двете
SIM-картички се достапни истовремено кога не се користи уредот, но кога едната
SIM-картичка е активна, на пример, при остварување повик, другата може да биде
недостапна.
Совет: За да дознаете дали телефонот може да користи 2 SIM-картички, видете ја
етикетата на продажната кутија. Ако има 2 шифри IMEI на етикетата, имате телефон со
две SIM-картички.
1. Лизнете ја мемориската картичка во процепот за мемориска картичка.
2. Вратете ја батеријата.
3. Вратете го задниот капак.
Вклучување на телефонот
Притиснете и држете на .
ПОЛНЕЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но може да е потребно повторно да ја
наполните пред да го користите телефонот.
Полнење на батеријата
1. Приклучете го полначот на приклучок од електричната мрежа.
2. Поврзете го полначот со телефонот. Кога ќе заврши полнењето, откачете го полначот
од телефонот, а потоа од приклучокот на електричната мрежа.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред да се покаже
индикаторот за полнење.
Совет: Може да користите полнење преку USB-кабел, кога не е достапен приклучок
на електрична мрежа. Додека се полни уредот, може да се пренесуваат податоци.
Ефикасноста на полнење преку USB-кабел значително варира и може да биде потребно
долго време за да започне полнењето и уредот да започне да функционира. Осигурете се
дека вашиот компјутер е вклучен.
ТАСТАТУРА
Користење копчињата на телефонот
• За да ги видите апликациите и одликите на телефонот, на почетниот екран изберете
Мени .
• За да одите до некоја апликација или одлика, притиснете го копчето за листање нагоре,
надолу, налево или надесно. За да отворите апликација или одлика, притиснете на
копчето за листање.
За да избегнете случајно притискање на копчињата, заклучете ја тастатурата: притиснете
на . За да ја отклучите тастатурата, притиснете на копчето за лизгање и изберете
Отклучи > * .
Пишување со тастатурата
Притиснете копче и потоа користете го копчето за листање за да ја изберете буквата што
ви треба.
За да внесете празно место, притиснете на 0 .
За да внесете специјален или интерпункциски знак, изберете > Опции за внесување >
Внеси симбол .
За да се префрлате помеѓу големи или мали букви, последователно притискајте на # .
За да внесете број, притиснете на копче за број и употребете го копчето за лизгање за да
го изберете бројот.
3. Листајте до тонот што го сакате и изберете Избери .
МЕНУВАЊЕ НА ИЗГЛЕДОТ НА ПОЧЕТНИОТ ЕКРАН
Избор на нова слика на заднина
Можете да ја промените заднината на вашиот почетен екран.
1. Изберете Мени > > Персонализирање > Заднина на заклучен екран >
Слики на заднини .
2. Листајте до сликата на заднина што ја сакате и изберете Избери
3. Ако ви се допаѓа сликата на заднина, изберете .
ИЗВЛЕЧЕТЕ ГО МАКСИМУМОТ ОД ДВЕТЕ SIM-КАРТИЧКИ
Вашиот телефон може да има две SIM-картички и вие можете да ги користите за различни
цели.
Избирање која SIM-картичка ќе се користи
Изберете Мени > > Поврзување > Две SIM .
• За да изберете која SIM-картичка да се користи за повици, изберете
Претпочитана SIM за повици .
• За да изберете која SIM-картичка да се користи за пораки, изберете
Претпочитана SIM за пораки .
• За да изберете која SIM-картичка ќе се користи за мобилни податоци, изберете
Мобилна податочна врска > Претпочитана SIM .
Совет: Можете да ги преименувате SIM-картичките, за да го олесните нивното
препознавање. Изберете Мени > > Поврзување. > Две SIM > Поставки за SIM .
Изберете SIM-картичка и Име на SIM .
Можете да ги слушате вашите MP3 музички датотеки со плеерот за музика.
Слушање музика
За да пуштите музика, треба да ги зачувате музичките датотеки на мемориска картичка или
на меморијата од телефонот.
1. Изберете Мени > .
2. Изберете Песни за да ја видите сета зачувана музика.
3. Лизгајте до песната и изберете Пушти .
Може и да креирате сопствени листи за репродукција.
За да ја нагодите гласноста, листајте нагоре или надолу.
СЛУШАЊЕ РАДИО
Слушање омилени радио-станици на телефонот
Изберете Мени > . Телефонот автоматски пребарува станици кога ќе го вклучите
радиото. За да ја промените гласноста, листајте нагоре или надолу. За да зачувате
станица, изберете > Додај во омилени . За да се префрлите на зачувана станица,
изберете > Омилени и изберете ја станицата. За да го затворите радиото, изберете >
Ако купите нов телефон или на друг начин сакате да го отстраните или рециклирате
телефонот, еве како можете да ги отстраните вашите лични податоци и содржини. Имајте
предвид дека ваша одговорност e отстранувањето на сите приватни содржини.
Отстранување содржина од телефонот
Кога отстранувате приватна содржина од телефонот, обрнете внимание дали отстранувате
содржина од меморијата на телефонот или од SIM-картичката.
За да отстраните пораки, изберете Мени > . Изберете > Избриши конверзации
изберете ги сите низи со пораки и .
За да отстраните контакти, изберете Мени > . Изберете > Избриши контакти
изберете ги сите контакти и .
За да ги отстраните информациите за повиците, изберете Мени > . Изберете >
Избриши ги сите > OK .
Проверете дали целата лична содржина е отстранета.
Прочитајте ги овие едноставни упатства. Непридржувањето кон нив може да биде опасно
или спротивно на локалните закони и прописи. За повеќе информации, прочитајте го
целосното упатство за корисникот.
ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО ВО ЗОНИ СО ОГРАНИЧУВАЊЕ
Исклучувајте го уредот кога користењето на мобилни телефони не е дозволено или кога
тоа може да предизвика пречки или опасност, на пример во авион, во болници или во
близина на медицинска опрема, гориво, хемикалии или зони на минирање. Почитувајте ги
сите упатства во зоните со ограничување.
БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТОТ Е НА ПРВО МЕСТО
Почитувајте ги сите локални закони. Рацете секогаш треба да ви бидат слободни за да
управувате со возилото додека возите. Најважната работа додека возите треба да ви биде
безбедноста на патот.
Ако уредот е отпорен на вода, за подетално упатство погледнете ја неговата класата на
заштита IP.
ЗАШТИТЕТЕ ГО СЛУХОТ
За да спречите можно оштетување на слухот, не слушајте со голема гласност подолг
период. Обрнете внимание кога го држите уредот блиску до увото додека се користи
звучникот.
SAR
Овој уред ги исполнува упатствата за изложеност на радиофреквентно зрачење кога се
користи во нормална позиција на увото или кога е поставен на растојание од најмалку 0,2
инчи (5 mm) од телото. Специфичните максимални вредности за SAR може да се најдат
во делот Информации за сертификација (SAR) од ова упатство за корисникот. За повеќе
информации, одете на www.sar-tick.com.
Ако за употреба на телефонот, кога се носи на телото, се користи футрола за носење,
штипка за каиш или друга форма на држач за уредот, тие не треба да содржат метал и
треба да го обезбедуваат барем погоре наведеното растојание на раздвојување од телото.
Имајте предвид дека мобилните уреди може да емитуваат дури и кога не остварувате
говорен повик.
Важно: Не може да се гарантира врска во сите услови. Никогаш не потпирајте се само на
безжичен телефон кога станува збор за битни комуникации, како што се итни медицински
случаи.
Пред воспоставување повик:
• Вклучете го телефонот.
• Ако екранот и копчињата на телефонот се заклучени, отклучете ги.
• Поместете се на место со соодветна јачина на сигналот.
1. Последователно притискајте на копчето за завршување додека не се прикаже
почетниот екран.
2. Внесете го официјалниот број за итен повик кој важи за вашата моментална локација.
Броевите за итни повици се разликуваат според локацијата.
3. Притиснете го копчето за повикување.
4. Дајте ги потребните информации колку што е можно поточно. Не прекинувајте го
повикот додека не добиете дозвола за тоа.
Можеби ќе треба да го направите и следново:
• Да ставите SIM-картичка во телефонот.
• Ако телефонот побара PIN-код, внесете го официјалниот број за итни случаи за вашата
моментална локација и притиснете го копчето за повикување.
• Исклучете ги ограничувањата за повици во телефонот, како што се забрана на повик,
фиксно бирање или затворена корисничка група.
ГРИЖА ЗА УРЕДОТ
Внимателно ракувајте со уредот, батеријата, полначот и додатоците. Следниве предлози
помагаат да го одржите уредот во функција.
• Чувајте го уредот сув. Врнежите,
влажноста и сите видови течности
или влага може да содржат минерали
што предизвикуваат корозија на
електронските кола.
• Не користете го и не чувајте го уредот на
правливи или нечисти места.
• Не чувајте го уредот на висока
температура. Високите температури
може да го оштетат уредот или
батеријата.
• Не чувајте го уредот на ниска
температура. Кога уредот ќе се загрее
до својата нормална температура, во
Упатство за корисникот
внатрешноста на уредот може да се
формира влага и да го оштети.
• Не отворајте го уредот на друг начин
освен онака како што е наведено во
упатството за корисникот.
• Неодобрените модификации може да
го оштетат уредот и да ги прекршат
прописите кои важат за радиоуреди.
• Не испуштајте го, не удирајте го и не
тресете го уредот или батеријата.
Грубото ракување може да го скрши.
За време на продолжена работа, уредот може да се загрее. Во најголем број од случаите,
ова е нормално. За да избегнете прегревање, уредот може автоматски да ја забави
работата, да затвори апликации, да го исклучи полнењето или, ако е потребно, самиот да
се исклучи. Ако уредот не работи правилно, однесете го до најблискиот овластен сервис.
• Користете само мека, чиста и сува крпа
за чистење на површината на уредот.
• Не обојувајте го уредот. Бојата може да
спречи правилно функционирање.
• Држете го уредот подалеку од магнети
или магнетни полиња.
• За безбедно чување на важните
податоци, складирајте ги на најмалку
две одделни места, како што се уредот,
мемориска картичка или компјутер, или
запишете ги важните информации.
РЕЦИКЛИРАЊЕ
Секогаш враќајте ги искористените електронски производи, батерии и материјали за
пакување на места наменети за собирање. На овој начин помагате во спречувањето
на неконтролираното отстранување на отпадот и го промовирате рециклирањето
на материјалите. Електричните и електронските производи содржат многу вредни
материјали, вклучувајќи метали (како што се бакар, алуминиум, челик и магнезиум) и
благородни метали (како што се злато, сребро и паладиум). Сите материјали од уредот
можат да се искористат како материјали и енергија.
Симболот со прецртана канта со тркала кој стои на вашиот производ, батерија, литература
или пакување ве потсетува дека сите електрични или електронски производи и батерии
мора да се однесат на место за сортирано собирање на крајот од нивниот работен
век. Не фрлајте ги овие производи како несортиран комунален отпад: однесете ги на
рециклирање. За информации за најблиските места за рециклирање, проверете кај
локалните власти за управување со отпад.
ИНФОРМАЦИИ ЗА БАТЕРИЈАТА И ПОЛНАЧОТ
Безбедносни информации за батеријата и полначот
За да го откачите полначот или некој додаток, фатете го и влечете го приклучокот, а не
кабелот.
Кога полначот не се користи, откачувајте го. Ако не се користи, целосно наполнетата
батерија ќе го изгуби своето полнење со текот на времето.
За оптимални перформанси, секогаш чувајте ја батеријата на температура помеѓу 59°F и
77°F (15°C и 25°C). Екстремните температури го намалуваат капацитетот и животниот век
на батеријата. Уред со жешка или ладна батерија може привремено да не работи. Може да
настане случајна куса врска кога некој метален предмет ќе ги допре металните ленти на
батеријата. Ова може да ја оштети батеријата или другиот предмет.
Не фрлајте ги батериите во оган бидејќи може да експлодираат. Почитувајте ги
локалните прописи. Рециклирајте кога е можно. Не фрлајте ја батеријата како отпад од
домаќинството.
Во никој случај батеријата не смее да се расклопува, сече, крши, витка, дупчи или на друг
начин да се оштетува. Доколку батеријата протекува, не дозволувајте течноста да ја допре
кожата или очите. Доколку тоа се случи, веднаш исплакнете ги со вода зафатените места
или побарајте медицинска помош. Батеријата не смее да се модифицира, да се ставаат
туѓи објекти во неа, да се потопува или изложува на вода или на други течности. Батериите
можат да експлодираат ако се оштетат.
Батеријата и полначот користете ги само за наменетата цел. Неправилната употреба
или користењето на неодобрени или некомпатибилни батерии или полначи може да
претставуваат ризик од пожар, експлозија или друга опасност и може да поништи какво
било одобрување или гаранција. Ако сметате дека батеријата или полначот се оштетени,
однесете ги во сервисен центар или кај продавачот на телефонот пред да продолжите да
ги користите. Никогаш не користете оштетена батерија или полнач. Полначот користете го
само во затворен простор. Не полнете го уредот додека има невреме со грмежи.
МАЛИ ДЕЦА
Вашиот уред и неговите додатоци не се играчки. Тие може да содржат мали делови.
Чувајте ги надвор од дофатот на малите деца.
МЕДИЦИНСКИ УРЕДИ
Работата на радиопредавателната опрема, вклучувајќи ги и безжичните телефони, може да
ги попречува несоодветно заштитените медицински уреди. Консултирајте се со лекар или
со производителот на медицинскиот уред за да одредите дали тој е соодветно заштитен од
надворешна радиоенергија.
ИМПЛАНТИРАНИ МЕДИЦИНСКИ УРЕДИ
За да се избегнат можните пречки, производителите на имплантирани медицински уреди
препорачуваат минимално растојание од 15,3 сантиметри (6 инчи) меѓу безжичен уред и
медицинскиот уред. Лицата кои имаат такви уреди треба:
• Секогаш да го држат безжичниот уред на
растојание поголемо од 15,3 сантиметри
(6 инчи) од медицинскиот уред.
• Да не го носат безжичниот уред во џеб
на градите.
• Да го држат безжичниот уред на увото
на спротивната страна од медицинскиот
Ако имате какви било прашања во врска со користењето на вашиот безжичен уред со некој
имплантиран медицински уред, консултирајте се со вашиот давател на здравствена нега.
уред.
• Да го исклучат безжичниот уред доколку
постои каква било причина за сомнеж
дека постојат некакви пречки.
• Да ги следат насоките од
производителот за имплантираниот
медицински уред.
СЛУШАЊЕ
Предупредување: Кога користите слушалки, тоа може да влијае на вашата способност
за слушање надворешни звуци. Не користете ги слушалките онаму каде што можат да ја
загрозат вашата безбедност.
Некои безжични уреди може да попречуваат некои помагала за слушање.
Вашиот уред може да биде изложен на вируси и други штетни содржини. Внимавајте при
отворање на пораките. Тие може да содржат злонамерен софтвер или на друг начин да
бидат штетни за уредот.
ВОЗИЛА
Радиосигналите може да влијаат на неправилно инсталирани или несоодветно заштитени
електронски системи во возилата. За повеќе информации, проверете кај производителот
на возилото или неговата опрема. Само овластен персонал треба да го инсталира уредот
во возило. Неправилното инсталирање може да биде опасно и да ја поништи вашата
гаранција. Редовно проверувајте дали целата опрема на безжичниот уред во вашето
возило е правилно поставена и правилно работи. Не чувајте и не пренесувајте запаливи
или експлозивни материјали во истиот оддел со уредот, неговите делови или додатоци. Не
ставајте го уредот или додатоците во зоната на отворање на воздушните перничиња.
ПОТЕНЦИЈАЛНО ЕКСПЛОЗИВНИ СРЕДИНИ
Исклучувајте го уредот во потенцијално експлозивни средини, како во близина на
бензински пумпи. Искрите може да предизвикаат експлозија или пожар коишто може
да резултираат со повреда или смрт. Почитувајте ги ограничувањата во зони со гориво,
хемиски погони или на места каде што се врши минирање. Зоните со потенцијално
експлозивна средина може да не бидат јасно означени. Обично тоа се зони каде што сте
советувани да го исклучите моторот, под палубата на бродовите, објекти за трансфер
или складирање хемикалии и места каде што воздухот содржи хемикалии или честички.
Проверете кај производителите на возила што користат течен нафтен гас (како што се
пропан или бутан) дали овој уред може безбедно да се користи во нивна близина.
ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА (SAR)
Овој мобилен уред ги исполнува упатствата за изложување на радиобранови.
Вашиот мобилен уред е радиопредавател и приемник. Тој е дизајниран да не ги надминува
границите за изложување на радиобранови (радиофреквентни електромагнетни полиња),
препорачани со меѓународните упатства од независната научна организација ICNIRP. Овие
упатства вклучуваат значителни безбедносни маргини наменети да ја осигурат заштитата
на сите лица, без оглед на возраста и здравјето. Упатствата за изложеност се темелат на
специфична стапка на апсорпција (SAR), која го изразува количеството радиофреквентна
(RF) енергија на која се изложува главата или телото кога уредот емитува. Ограничувањето
за SAR на ICNIRP за мобилни уреди е 2,0 W/kg усреднети на 10 грама ткиво.
Тестовите за SAR се изведени со уредот поставен во стандарди позиции на ракување,
емитувајќи на највисокото сертифицирано ниво на моќност, во сите фреквентни опсези.
За максималните вредности за SAR на уредот, погледнете на www.nokia.com/phones/sar.
Овој уред ги исполнува упатствата за изложеност на радиофреквентно зрачење кога
се користи до главата или кога е поставен на растојание од најмалку 5/8 инчи (1,5
сантиметри) од телото. Ако за употреба на телефонот, кога се носи на телото, се користи
футрола за носење, штипка за каиш или друга форма на држач за уредот, тие не треба
да содржат метал и треба да го обезбедуваат барем погоре наведеното растојание на
раздвојување од телото.
За испраќање податоци или пораки, потребна е добра врска со мрежата. Испраќањето
може да се одложи додека таква врска не стане достапна. Следете ги упатствата за
растојанието за раздвојување додека не заврши испраќањето.
При вообичаена употреба, вредностите за SAR обично се многу помали од вредностите
наведени погоре. Тоа е така бидејќи, поради ефикасноста на системот и минимизирањето
на пречките во мрежата, работната моќност на мобилниот телефон автоматски се
намалува кога за повикот не е потребна целосната моќност. Колку е помала излезната
моќност, толку е помала вредноста за SAR.
Моделите на уредите може да имаат различни верзии и повеќе од една вредност. Со тек на
време може да настанат промени во компонентите и дизајнот и некои од тие промени може
да влијаат на вредностите за SAR.
За повеќе информации, одете на www.sar-tick.com. Имајте предвид дека мобилните уреди
може да емитуваат дури и кога не остварувате говорен повик.
Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека тековните научни информации не
укажуваат на потребата за каква било специјална претпазливост при користење мобилни
уреди. Ако сте заинтересирани за намалување на изложеноста, тие препорачуваат да
ја ограничите употребата или да користите комплет за употреба без раце за да се држи
уредот подалеку од главата и телото. За повеќе информации, објаснувања и дискусии за
изложувањето на RF-зрачење, одете на вебсајтот на СЗО www.who.int/peh-emf/en.
ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДИГИТАЛНИ ПРАВА
Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони и локалните обичаи, приватноста и
легитимните права на другите, вклучувајќи ги и авторските права. Заштитата на авторските
права може да ве спречува да копирате, модифицирате или пренесувате фотографии,
музика и други содржини.
АВТОРСКИ ПРАВА И ДРУГИ ИЗВЕСТУВАЊА
Авторски права
Достапноста на производите, одликите, апликациите и услугите може да се разликуваат во
зависност од регионот. За повеќе информации, јавете се на вашиот продавач или давател
на услуги. Овој уред може да содржи производи, технологија или софтвер кои подлежат
на законите и прописите за извоз на САД и на други земји. Забрането е отстапување
спротивно на законот.
Содржините на овој документ се дадени ”такви какви што се”. Освен она што се бара со
применливиот закон, во однос на точноста, сигурноста или содржината на овој документ,
не се даваат никакви гаранции од каков било вид, било изречни или што се подразбираат,
вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на гаранциите што се подразбираат за можноста
за тргување и соодветноста за одредена намена. HMD Global го задржува правото да го
ревидира овој документ или да го повлече во кое било време без претходна најава.
До максималниот степен дозволен со применливиот закон, HMD Global или кој било од
неговите даватели на лиценца во никакви околности нема да бидат одговорни за какво
било губење податоци или приход или за каква било посебна, случајна, последична или
индиректна штета, предизвикана на каков било начин.
Забранета е репродукција, пренос или дистрибуција на дел или на целата содржина на
овој документ во каква било форма, без претходна писмена дозвола од HMD Global. HMD
Global има политика на постојан развој. HMD Global го задржува правото да прави промени
и подобрувања на кој било од производите опишани во овој документ без претходно
известување.
HMD Global не дава никаква изјава, не дава гаранција и не презема никаква одговорност за
функционалноста, содржината или поддршката за крајните корисници за апликациите од
трети страни испорачани со уредот. Со користењето на некоја апликација, прифаќате дека
апликацијата е дадена таква каква што е.
Преземањето мапи, игри, музика и видеозаписи и ставањето слики и видеозаписи може
да вклучи пренос на големи количества податоци. Вашиот давател на услуги може да го
наплати преносот на податоците. Достапноста на одредени производи, услуги и одлики
може да се разликува во зависност од регионот. За повеќе детали и за достапноста на
јазичните опции, проверете кај локалниот продавач.
Одредени одлики, функционалност и спецификации на производот може да зависат од
мрежата и да подлежат на дополнителни одредби, услови и трошоци.
Сите спецификации, одлики и други информации за производот може да се менуваат без
известување.
За вашето користење на уредот се применува политиката за приватност на HMD Global,
достапна на http://www.nokia.com/phones/privacy.
HMD Global Oy има ексклузивна лиценца за брендот Nokia за телефони и таблети. Nokia е
регистрирана трговска марка на Nokia Corporation.
Логоата и трговската марка со зборот Bluetooth се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и
секоја употреба на тие марки од страна на HMD Global е лиценцирана.
Овој производ вклучува софтвер со отворен изворен код. За применливите авторски права
и други известувања, дозволи и потврди, изберете *#6774# на почетниот екран.