Sony BDV-N9200W Instructions for use

Blu-ray Disc™/ DVD систем за домашно кино
Упатство за работа
4-485-800-13(1) (MK)
BDV-N9200W/BDV-N9200WL BDV-N7200W/BDV-N7200WL/BDV-N5200W
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не монтирајте го апаратот во затворен простор, како што е полица за книги или вграден шкаф. За да го намалите ризикот од пожар, не покривајте го отворот за вентилација на апаратот со весници, прекривки, завеси итн. Не го изложувајте апаратот на извори на отворен оган (како на пример, запалени свеќи). За да го намалите ризикот од пожар или електричен шок, не го изложувајте апаратот на капење или прскање и не поставувајте на него предмети што се наполнети со течности, како на пример, вазни. Не изложувајте ги батериите или апаратите што имаат монтирана батерија на прекумерна топлина, како на пример, сончева светлина или оган. За да спречите повреда, овој апарат мора да е безбедно поврзан со подот/ѕидот, соодветно на упатствата за монтирање. Само за употреба во затворени простории. Оваа опрема е тестирана со кабел за поврзување пократок од 3 метри при што е утврдено дека е усогласена со ограничувањата поставени во Директивата EMC. (Само за моделите за Европа.)
За изворите за напојување со ел. енергија
•Уредот не е исклучен од главниот довод сè додека е поврзан во приклучокот со наизменична струја, дури и ако самиот уред е исклучен.
•Бидејќи главниот приклучок се користи за да се исклучи делот од главните водови, поврзете го делот со лесно достапен штекер за напојување со наизменична струја. Ако забележите абнормалности во делот, веднаш исклучете го главниот приклучок од штекерот за напојување со наизменична струја.
ВНИМАНИЕ
Употребата на оптички инструменти со овој производ ќе ја зголеми опасноста за повреда на очите. Бидејќи ласерскиот зрак што се користи во овој Blu-ray Disc/DVD систем на домашно кино е штетен за очите, не обидувајте се да ја расклопите кутијата. За поправка обратете се само до квалификуван персонал.
Единицата за подигнување на оваа направа е класификувана како производ CLASS 3R LASER. Кога ќе се отстрани заштитното куќиште се емитува видлива и невидлива радијација, затоа избегнете директно изложување на очите. Овој знак е лоциран на надворешната долна страна на главниот уред.
За потрошувачите во Европа иРусија
Оваа направа е класификувана како производ CLASS 1 LASER. Овој знак е лоциран на надворешната долна страна на главниот уред.
За главниот уред и засилувачот на опкружувачки звук
Плочката со името е лоцирана на надворешната страна одоздола.
2
Препорачани кабли
За поврзување на компјутерите домаќини и/или периферните уреди, мора да се користат соодветно заштитени и вземjени кабли и приклучоци.
За потрошувачите во Европа
Фрлање искористени батерии и електрична и електронска опрема (применливо во Европската Унија и во други европски земји со засебни собирни системи)
Овој симбол на производот, батеријата или на амбалажата покажува дека со производот и со батеријата којашто е дадена со овој производ не треба да се постапува како со домашен отпад. Кај определени батерии овој симбол може да се користи во комбинација со хемиски симбол. Хемиските симболи за жива (Hg) или олово (Pb) се додаваат ако батеријата содржи повеќе од 0,0005% жива или 0,004% олово. Со правилно отстранување на овие производи и батерии ќе помогнете да се спречат потенцијално негативни последици за природата и здравјето на човекот, кои инаку може да се предизвикаат со несоодветно постапување со отпадот. Рециклирањето на материјалите ќе помогне за заштита на природните богатства. Во случај на производи кои од безбедносни причини, поради изведба или интегритет на податоци имаат потреба од трајна поврзаност со вметната батерија, оваа батерија треба да ја замени само квалификуван персонал. За да бидете сигурни дека со батеријата, електричната и со електронската опрема ќе се постапи соодветно,
предајте ги потрошените производи на применливото збирно место за рециклирање електрична и електронска опрема. За сите други батерии, погледнете го делот за тоа како безбедно да се отстрани батеријата од производот. Батеријата предадете ја на применливото збирно место за рециклирање отпадни батерии. За подетални информации за рециклирањето на овој производ или батеријата, контактирајте со вашата локална месна заедница, вашата служба за отстранување домашен отпад или со продавницата каде што го купивте овој производ или батеријата.
Напомена за потрошувачите: следните информации се применливи само за опремата продадена во земјите што ги применуваат директивите на ЕУ.
Овој производ е произведен од или во име на Sony Corporation, 1-7-1 Konan Minato-ku Tokyo, 108-0075 Japan. Прашањата поврзани со компатибилностa на производот со законодавството на Европската Унија треба да бидат упатени до овластениот претставник, Sony Deutschland GmbH, Hedelfinger Strasse 61, 70327 Stuttgart, Germany. Ве молиме обратете се на адресите дадени во посебните документи за услуги или гаранција за какви било прашања со услугата или гаранцијата.
Со ова, Sony Corp., изјавува дека BDV-N9200W/BDV-N9200WL/ BDV-N7200W/BDV-N7200WL/ BDV-N5200W/TA-SA700WR/ TA-SA600WR/TA-SA500WR се во согласност со суштинските барања и другите важни одредби од Директивата 1999/5/EC. За детали, посетете ја следната веб-адреса: http://www.compliance.sony.de/
3
Овој производ е наменет за користење во следните држави. AT, BE, BG, HR, CY, CZ, DK, EE, FI, FR, DE, EL, HU, IS, IE, IT, LV, LI, LT, LU, MT, NL, NO, PL, PT, RO, SK, SI, ES, SE, CH, GB
Појасот 5,15 GHz – 5,35 GHz е ограничен само за користење во затворени простории.
Овој Blu-ray диск/DVD систем за домашно кино е наменет за репродукција на звук и видео на дискови или USB-уреди, репродуцирање музика од паметен телефон што е компатибилен со NFC или уред со BLUETOOTH и FM-приемник. Исто така, овој систем подржува репродуцирање преку мрежа и прикажување содржина од еден екран на друг.
За гледање 3D-видеослики
Некои луѓе може да искусат неудобност (како што е напрегање на очите, замор или лошење) додека гледаат 3D-видеослики. Sony препорачува сите гледачи да прават редовни паузи додека гледаат 3D-видеослики. Должината и фреквенцијата на потребните паузи ќе се разликуваат од едно лице до друго. Мора да одлучите што најмногу ви одговара. Ако искусите каква било неудобност, треба да престанете да гледате 3D­видеослики сè додека неудобноста не заврши. Ако сметате дека е потребно, консултирајте се со лекар. Исто така, треба да го прегледате (i) прирачникот со упатства и/или пораката за претпазливост за секој друг уред што се користи со овој производ или содржината на дискот Blu-ray што е репродуцирана со овој производ и (ii) нашата интернет­страница (http://esupport.sony.com/) за најновите информации.
Видот на малите деца (особено оние на возраст под шест години) сè уште се развива. Консултирајте се со вашиот лекар (како што е педијатар или очен лекар) пред да дозволите малите деца да гледаат 3D-видеослики. Возрасните треба да ги надгледуваат децата за да обезбедат дека тие ги следат препораките дадени погоре.
Заштита од копирање
•Имајте ги во предвид напредните системи за заштита на содржината што се користат за дискови Blu-ray и медиуми за DVD. Овие системи, наречени AACS (Напреден систем за пристап до содржини) и CSS (Систем за кодирање содржина), може да содржат ограничувања за репродукцијата, аналогниот излез и други слични одлики. Работата на овој производ и поставените ограничувања може да варираат во зависност од датумот на купување, бидејќи управниот одбор на AACS може да ги прифати или смени своите правила за ограничување по времето на купување.
•Известување за Cinavia Овој производ користи технологија на Cinavia за да се ограничи употребата на неовластени копии на комерцијални филмови и видеа, како и на нивните музички нумери. Ќе се прикаже порака, а репродукцијата или копирањето ќе се прекинат кога ќе се открие забранета употреба на неовластена копија. Повеќе информации за технологијата на Cinavia има кај Информативниот центар за потрошувачи на Cinavia на http://www.cinavia.com. Испратете дописна картичка со својата поштенска адреса за да побарате дополнителни информации за Cinavia по пошта на следната адреса: Cinavia Consumer Information Center, P.O. Box 86851, San Diego, CA, 92138, USA.
4
Авторски права и заштитени знаци
•Овој систем е опремен со Dolby* Digital и прилагодлив матричен декодер за звук во опкружување на Dolby Pro Logic, како и со дигиталниот систем за звук во опкружување на DTS**. * Произведено според лиценца на
Dolby Laboratories. Dolby, Pro Logic и симболот со двојно D се заштитени знаци на Dolby Laboratories.
** За патентите на DTS,
погледнете на http://patents.dts.com. Произведено според лиценца на DTS Licensing Limited. DTS, DTS-HD, симболот и DTS-HD со симболот се регистрирани заштитени знаци на DTS, Inc. © DTS, Inc. Сите права се задржани.
•Овој систем вклучува технологија на меѓуврска за мултимедиуми со висока дефиниција (HDMI™). Називите HDMI и HDMI High­Definition Multimedia Interface и логото HDMI се заштитени знаци или регистрирани заштитени знаци на HDMI Licensing LLC во Соединетите Американски Држави и во други земји.
•Java е заштитен знак на Oracle и/или на неговите партнери.
•DVD Logo е заштитен знак на DVD Format/Logo Licensing Corporation.
•„Blu-ray Disc“, „Blu-ray“, „Blu-ray 3D“, „BD-LIVE“, „BONUSVIEW“ и логоата се заштитени знаци на Blu-ray Disc Association.
•Логоата „Blu-ray Disc“, „DVD+RW“, „DVD-RW“, „DVD+R“, „DVD-R“, „DVD VIDEO“ и „CD“ се заштитени знаци.
•„Super Audio CD“ е заштитен знак.
•App Store е знак за услуга на Apple Inc.
•„BRAVIA“ е заштитен знак на Sony Corporation.
•„AVCHD 3D/Progressive“ и логото на „AVCHD 3D/Progressive“ се заштитени знаци на Panasonic Corporation и на Sony Corporation.
, „XMB“ и „xross media bar“ се заштитени знаци на Sony Corporation и на Sony Computer Entertainment Inc.
•„PlayStation“ е регистриран заштитен знак на Sony Computer Entertainment Inc.
•Логото „Sony Entertainment Network“ и „Sony Entertainment Network“ се заштитени знаци на Sony Corporation.
•Технологијата за препознавање музика и видео и сродни податоци ја обезбедува Gracenote®. Gracenote е индустриски стандард во технологијата за препознавање музика и за испорака на сродна содржина. За повеќе информации, посетете ја страницата www.gracenote.com. CD, DVD, Blu-ray Disc и музички и податоци поврзани со видео од Gracenote, Inc., авторско право © 2000-до денес Gracenote. Софтвер на Gracenote, авторско право ©2000-до денес Gracenote. Еден или повеќе патенти во сопственост на Gracenote важат за овој производ и услуга. Погледнете ја веб­локацијата на Gracenote каде што е даден нецелосниот список со применливи патенти на Gracenote. Gracenote, CDDB, MusicID, логото и логотипот на Gracenote и логото „Powered by Gracenote“ се или регистрирани заштитени знаци или заштитени знаци на Gracenote, Inc. во Соединетите Американски Држави и/или во други земји.
5
• Wi-Fi®, Wi-Fi Protected Access® и Wi-Fi Alliance® се регистрирани заштитени знаци на Wi-Fi Alliance.
•Wi-Fi CERTIFIED™, WPA™, WPA2™, Wi-Fi Protected Setup™, Miracast™ и Wi-Fi CERTIFIED Miracast™ се заштитени знаци на Wi-Fi Alliance.
•Ознаката N е заштитен знак или регистриран заштитен знак на NFC Forum, Inc. во Соединетите Американски Држави и во други земји.
•Android™ е заштитен знак на Google Inc.
•Google Play™ е заштитен знак на Google Inc.
•„Xperia“ е заштитен знак на Sony Mobile Communications AB.
•Ознаката регистрирани заштитени знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секаква употреба на тие ознаки од страна на Sony Corporation е под лиценца. Другите заштитени знаци и заштитени имиња се оние на нивните соодветни сопственици.
•Технологијата за аудиокодирање MPEG Layer-3 и патентите со дозвола од Fraunhofer IIS и Thomson.
•Овој производ вклучува сопствена технологија според лиценцата на Verance Corporation што е заштитена со патент 7,369,677 во САД и други издадени или во процес на издавање патенти во САД и ширум светот и е заштитена со авторско право и деловна тајна за одредени аспекти на таквата технологија. Cinavia е заштитен знак на Verance Corporation. Авторски права 2004­2010 Verance Corporation. Сите права ги задржува Verance. Повратното инженерство или расклопувањето се забранети.
Bluetooth
® и логоата се
•Windows Media е или регистриран заштитен знак или заштитен знак на Microsoft Corporation во Соединетите Американски Држави и/или во други земји. Овој производ е заштитен со определени права на интелектуална сопственост на Microsoft Corporation. Забранета е употреба или дистрибуција на таква технологија надвор од овој производ без дозвола од Microsoft или од овластена филијала на Microsoft. Сопствениците на содржината ја користат технологијата за пристап до содржина на Microsoft PlayReady™ за да ја заштитат својата интелектуална сопственост, вклучувајќи ја и содржината со авторски права. Овој уред ја користи технологијата PlayReady за да пристапи до PlayReady-заштитена содржина и/или WMDRM-заштитена содржина. Ако уредот не успее соодветно да ги спроведе ограничувањата за користење на содржина, сопствениците на содржина може да имаат потреба Microsoft да ја отповика способноста на уредот да ја користи PlayReady­заштитената содржина. Отповикувањето не треба да влијае врз незаштитена содржина или врз содржината заштитена со други технологии за пристап на содржина. Сопствениците на содржина може да ви побараат да го надградите PlayReady за да пристапите кон нивната содржина. Ако ја одбиете надградбата, нема да можете да пристапите кон содржината за која треба надградба.
•DLNA™, логото DLNA и DLNA CERTIFIED™ се заштитени знаци, знаци за услуга или сертификациски знаци на Digital Living Network Alliance.
6
•Opera® Devices SDK од Opera Software ASA. Авторско право 1995-2013 Opera Software ASA. Сите права се задржани.
•Сите други заштитени знаци се заштитени знаци на нивните соодветни сопственици.
•Другите имиња на системи и производи се генерално заштитени знаци или регистрирани заштитени знаци на производителите. Знаците ™ и ® не се посочени во овој документ.
Информации за лиценцата за крајниот корисник
Лиценца за крајниот корисник на Gracenote®
Оваа апликација или уред содржат софтвер на Gracenote, Inc. of Emeryville, California („Gracenote“). Софтверот на Gracenote („софтвер на Gracenote“) ѝ овозможува на оваа апликација да врши идентификација на диск и/или датотека и да се здобива со информации поврзани со музиката, вклучително информации за името, изведувачот, нумерата и насловот („податоци на Gracenote“) од сервери преку интернет или од вградени бази со податоци (севкупно „сервери на Gracenote“) и да врши други функции. Може да ги користите податоците на Gracenote само во согласност со наменетите функции за крајниот корисник на оваа апликација или уред. Се сложувате дека ќе ги користите податоците на Gracenote, софтверот на Gracenote и серверите на Gracenote само за лична, некомерцијална употреба.
Се сложувате дека нема да ги доделувате, копирате, пренесувате или предавате софтверот на Gracenote или кој било податок на Gracenote на трети лица. СЕ СЛОЖУВАТЕ ДЕКА НЕМА ДА ГИ КОРИСТИТЕ ИЛИ ИСКОРИСТУВАТЕ ПОДАТОЦИТЕ НА GRACENOTE, СОФТВЕРОТ НА GRACENOTE ИЛИ СЕРВЕРИТЕ НА GRACENOTE, ОСВЕН НА НАЧИНОТ КОЈШТО Е ИЗРЕЧНО ДОЗВОЛЕН ТУКА. Се сложувате дека вашата неексклузивна лиценца за употреба на податоците на Gracenote, софтверот на Gracenote и на серверите на Gracenote ќе се прекине ако ги прекршите овие ограничувања. Ако се прекине лиценцата, се сложувате дека ќе престанете да ги користите сите податоци на Gracenote, софтверот на Gracenote и серверите на Gracenote. Gracenote ги задржува сите права за податоците на Gracenote, софтверот на Gracenote и за серверите на Gracenote, вклучително и сите сопственички права. Во никој случај Gracenote нема да биде одговорен за какви било исплати во ваше име за кои било информации што ќе ги доставите. Се сложувате дека Gracenote, Inc. може да ги спроведе своите права во лично име согласно овој Договор против вас директно. Услугата на Gracenote користи единствен идентификатор за да ги следи прашањата за статистички цели. Целта на случајно доделениот нумерички идентификатор е да ѝ се дозволи на услугата на Gracenote да ги брои прашањата без да знае за вас. За повеќе информации, погледнете ја веб-страницата за политиката на приватност на Gracenote во однос на услугата на Gracenote.
7
Софтверот на Gracenote и секоја ставка од податоците на Gracenote ви се лиценцирани „КАКО ШТО СЕ“. Gracenote не дава презентации или гаранции, изречно или имплицирано, во однос на прецизноста на кој било податок на Gracenote од серверите на Gracenote. Gracenote го задржува правото да брише податоци од серверите на Gracenote или да ги менува категориите за податоците за секоја причина што Gracenote ќе ја смета за задоволителна. Нема никаква гаранција дека софтверот на Gracenote или серверите на Gracenote се без грешки и дека функционалноста на софтверот на Gracenote или серверите на Gracenote ќе биде непрекината. Gracenote не е обврзан да ви обезбедува нови подобрени или дополнителни видови на податоци или категории што Gracenote ќе ги обезбедува во иднина и слободно може да ги прекине своите услуги во секое време. GRACENOTE ГИ ОТФРЛА СИТЕ ГАРАНЦИИ, ИЗРЕЧНО ИЛИ ИМПЛИЦИРАНО, ВКЛУЧИТЕЛНО НО НЕ И ОГРАНИЧЕНО САМО НА ТОА, ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА ПРОДАЖБАТА, ПОДОБНОСТА ЗА ДАДЕНАТА ЦЕЛ, НАСЛОВОТ ИЛИ ПРЕКРШУВАЊЕТО НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ. GRACENOTE НЕ ГАРАНТИРА ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ШТО ЌЕ СЕ ДОБИЈАТ ОД ВАШАТА УПОТРЕБА НА СОФТВЕРОТ НА GRACENOTE ИЛИ ОД КОЈ БИЛО СЕРВЕР НА GRACENOTE. ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ GRACENOTE НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА КАКВИ БИЛО ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ СЛУЧАЈНИ ОШТЕТУВАЊА ИЛИ ЗА ЗАГУБЕНА ДОБИВКА ИЛИ ЗАГУБЕН ПРИХОД. © Gracenote, Inc. 2013

За ова упатство за работа

• Упатствата во ова упатство за работа ги опишуваат контролите на далечинскиот управувач. Може да ги користите и контролите на главниот уред ако имаат исти или слични имиња како оние на далечинскиот управувач.
•Во ова упатство, „диск“ се користи како општа референца за BD, DVD, Super Audio CD или CD освен ако не е поинаку посочено во текстот или во сликите.
•Упатствата во овој прирачник се дадени за BDV-N9200W, BDV-N9200WL, BDV-N7200W, BDV-N7200WL и BDV-N5200W. BDV-N9200WL е моделот што се користи како пример. Секоја разлика во работата е јасно истакната во текстот, на пример, „само за BDV-N9200WL“.
•Некои илустрации се претставени како концепциски цртежи и може да се разликуваат од вистинските производи.
•Единиците прикажани на телевизискиот екран може да се разликуваат во зависност од областа.
•Стандардната поставка еподвлечена.
8
Содржина
За ова упатство за работа ....... 8
Распакување ............................11
Водич за делови
и контроли .........................14
Почеток
Чекор 1: Монтирање
на звучниците ............... 21
Чекор 2: Поврзување
на системот ................... 21
Поврзување
на звучниците .............. 22
Поврзување
на телевизорот ............ 23
Поврзување на другата
опрема .......................... 24
Поврзување на антената
(воздушна) .................... 26
Чекор 3: Подготовка
за мрежно
поврзување ................... 26
Чекор 4: Поставување
на безжичниот
систем ............................ 28
Чекор 5: Изведување
на Easy Setup ................. 29
Чекор 6: Избор
на изворот за
репродукција ................ 30
Чекор 7: Уживање
во звукот
во опкружување ........... 31
Репродукција
Репродукција на диск ........... 34
Репродукција од USB-уред ....35
Уживање во музика
од уред со BLUETOOTH .... 36
Користење прикажување
содржина од еден
екран на друг ................... 38
Поврзување со уред на
далечина со функцијата
со еден допир (NFC) ......... 39
Користење „SongPal“ ..............41
Репродукција преку
мрежа ................................ 42
Достапни опции ..................... 44
Прилагодување на звукот
Избор на аудиоформат,
повеќејазични правци
или канал ...........................47
Уживање на сложен
преносен звук .................. 48
Пребарувач на станици
Слушање на радиото ............48
Примање на системот на
радиоподатоци (RDS) ...... 50
9
Други операции
Користење на функцијата
„Control for HDMI“ за
„BRAVIA“ Sync ....................50
Автоматска калибрација
на соодветните поставки
за звучниците ................... 51
Поставување
за звучниците ...................53
Употреба на тајмерот
за спиење ..........................55
Деактивирање
на копчињата
на главниот уред ..............55
Менување
на осветленоста ...............56
Уживање
во визуелизацијата на
телевизискиот екран .......56
Уживање во осветлувањето
на звучниците ...................57
Штедење струја во режим
на подготвеност ...............58
Пребарување веб-локации ...58 Понатамошни поставки
за безжичниот систем .....60
Поставки и прилагодувања
Користење на приказот
за поставки ........................62
[Software Update]
(Ажурирање
на софтверот) ....................63
[Screen Settings]
(Поставки на екранот) ......64
[Audio Settings]
(Поставки за аудио) ..........66
[BD/DVD Viewing Settings]
(Поставки за гледање
BD/DVD) .............................68
[Parental Control Settings]
(Поставки за
родителска контрола) ......68
[Music Settings]
(Поставки за музика) ........69
[System Settings]
(Системски поставки) .......69
[External Input Settings]
(Поставки за
надворешни извори) ........71
[Network Settings]
(Мрежни поставки) ........... 72
[Easy Network Settings]
(Лесни мрежни
поставки) ........................... 73
[Resetting] (Ресетирање) ........ 73
Дополнителни информации
Мерки за претпазливост .......74
Забелешки за дисковите ....... 77
Решавање проблеми ............. 77
Дискови што
се репродуцираат ............86
Типови датотеки кои
се репродуцираат ............87
Поддржани
аудиоформати ..................88
Спецификации ........................89
Список со кодови
на јазици ............................92
Индекс .....................................94
10

Распакување

или
• Упатство за работа (само за моделите за Океанија, Африка, Индија, Блискиот Исток, Сингапур, Кина, Тајланд, Тајван и Русија)
• Упатство за брзо поставување
• Упатство за монтирање на звучниците
• Референтни упатства (само за моделите за Европа)
• Далечински управувач (1)
• Батерии R03 (големина AAA) (2)
• Кабел за FM-антена (воздушна) (1)
• Микрофон за калибрација (1) (само за BDV-N9200W/BDV-N9200WL/ BDV-N7200W/BDV-N7200WL)
• Кабел за HDMI со голема брзина (1) (само за моделите за Африка, Индија, Блискиот Исток, Сингапур, Кина, Тајланд и Тајван)
Само за BDV-N9200W/ BDV-N9200WL
• Предни звучници (2), звучници за звук во опкружување (2)
(само за BDV-N9200W)
(само за BDV-N9200WL)
• Централен звучник (1)
• Засилувач на опкружувачки звук (1)
• Сабвуфер (1) (само за BDV-N9200W)
11
(само за BDV-N9200WL)
• Кабли за звучници – (5, црвен/бел/сив/син/зелен)
(само за BDV-N9200W)
– (1, зелен) (само за BDV-N9200WL)
• Основи (4)
Само за BDV-N7200W/ BDV-N7200WL
• Предни звучници (2), звучници за звук во опкружување (2)
(само за BDV-N7200W)
(само за BDV-N7200WL)
• Долни делови за предните и за звучниците за звук во опкружување (4)
• Шрафови (големи) (4)
• Шрафови (мали) (12)
12
• Централен звучник (1)
• Сабвуфер (1) (само за BDV-N7200W)
(само за BDV-N7200WL)
• Кабли за звучници – (5, црвен/бел/сив/син/зелен)
(само за BDV-N7200W)
– (1, зелен) (само за BDV-N7200WL)
Само за BDV-N5200W
• Предни звучници (2)
• Држачи (за предни и за звучници за опкружувачки звук) (4)
• Шрафови (8)
• Звучници за звук во опкружување (2)
• Централен звучник (1)
• Сабвуфер (1)
13

Водич за делови и контроли

1 8 79
2 3
6
4
5
Отвор
За повеќе информации, погледнете на страниците посочени во заградите.
Главен уред
Горен и преден панел
A "/1 (вклучено/во режим
на подготвеност)
Го вклучува главниот дел или го поставува во режим на подготвеност.
B Капак за дискот (страница 34) C Екран на горниот панел
D (Ознака N) (страница 39)
Поставете го уредот што е компатибилен со NFC близу индикаторов за да ја вклучите функцијата NFC.
14
E LED-индикатор
Бело: Засветува кога ќе се вклучи главниот уред. Сино (за статус на BLUETOOTH): – Системот е подготвен за
спарување: Брзо трепка
– Во текот на спарувањето:
Брзо трепка – Откриен е NFC-уред: Трепка – Поврзувањето е воспоставено:
Засветува
F Копчиња на допир/индикатори
Се прима стерео-звук (само радио)
Повторено репродуцирање
Вклучена безвучност
Приклучокот HDMI (OUT) е тековно поврзан на опрема што одговара на HDCP* преку HDMI-влез
Статусот на системот (радиофреквенција итн.)**
Вклучено е напојување преку BLUETOOTH
N* (репродукција) x* (прекинување) ./> (претходно/следно)
VOL +/– FUNCTION (страница 30)
Го избира изворот на репродукција.
* Допрете го и задржете на N
на главниот уред подолго од 2 секунди, вградената звучна демонстрација ќе се репродуцира на системот. Ако е поврзан USB-уред, аудиосодржините од USB-уредот ќе се репродуцираат како звучна демонстрација. Допрете x за да ја прекинете демонстрацијата.
Забелешка
Во текот на демонстрацијата, нивото на јачина на звук може да е повисоко од нивото на јачина на звук што сте го поставиле.
G Порта (USB) (страница 35)
Ставете го ноктот во отворот за да го отворите капакот.
H (сензор за далечинскиот
управувач)
I Z (отворање/затворање)
За копчињата на допир/ индикаторите
Индикаторите на копчињата на допир трепкаат секојпат кога ќе го вклучите главниот уред. Почекајте индикаторите да престанат да трепкаат. Копчињата работат само кога индикаторите се осветлени.
Забелешка
• Овие копчиња функционираат кога ќе ги допрете нежно. Не притискајте на нив со прекумерна сила.
• Ако копчето не работи, отпуштете го и почекајте неколку секунди. Потоа, повторно допрете го додека со прстот го покривате индикаторот за копче.
Индикатори на екранот на горниот панел
* High-bandwidth Digital Content Protection - Заштита на високо широкопојасна
дигитална содржина
** Кога ќе притиснете DISPLAY, се прикажуваат информација за постојаниот тек/
статусот на декодирање ако функцијата е поставена на „TV“. Информацијата за постојаниот тек/статусот за декодирање може да не се прикажат во зависност од текот или ставката што се декодира.
15
Заден панел
1 542
9 8 67
3
312 54
Преден панел
Заден панел
A Терминали SPEAKER
ILLUMINATION (само за BDV-N9200WL/BDV-N7200WL) (страница 22)
B Приклучок TV (DIGITAL IN
OPTICAL) (страници 23, 24)
C Приклучок A.CAL MIC (само за
BDV-N9200W/BDV-N9200WL/ BDV-N7200W/BDV-N7200WL) (страници 29, 52)
D Приклучоци AUDIO IN (L/R)
(страници 23, 24)
Засилувач на опкружувачки звук
A "/1 (вклучено/во режим на
мирување)
B Индикатор за LINK/STANDBY
(страница 28)
Може да го проверите статусот на безжичниот пренос помеѓу главниот дел и засилувачот на опкружувачкиот звук.
E Приклучок ANTENNA (FM
COAXIAL 75 ) (страница 26)
F Приклучок HDMI (OUT)
(страница 23)
G Приклучоци HDMI (IN 1/IN 2)
(страница 24)
H Терминал LAN (100)
(страница 26)
I Приклучоци SPEAKERS
(страница 22)
C Приклучоци SPEAKERS D Терминали SPEAKER
ILLUMINATION (само за BDV-N9200WL/BDV-N7200WL) (страница 22)
E Копче SECURE LINK (страница 61)
Ја започнува функцијата за безбедна врска.
МК
16
Далечински управувач
BDV-N9200WL/ BDV-N7200WL
BDV-N9200W/ BDV-N7200W/ BDV-N5200W
1 2
3
4
5
7
6
8
9
• AUDIO, N и копчињата 2 + имаат
допирна точка. Користете ја допирната точка како референца кога управувате со далечинскиот управувач.
: За управување со телевизорот (За детали, видете „Подготовка на далечинскиот управувач за контрола на телевизорот“ (страница 19).)
A Z (отворање/затворање)
Го отвора или затвора капакот на дискот.
SPEAKERS TVyAUDIO
Избира дали звукот од телевизорот ќе се емитува од звучниците на системот или од звучниците на телевизорот. Оваа функција работи само кога ќе поставите [Control for HDMI] (Контрола за HDMI) на [On] (Вклучено) (страница 70).
TV "/1 (вклучено/во режим на подготвеност) (страница 19)
Го вклучува телевизорот или го поставува во режим на подготвеност.
"/1 (вклучено/во режим на подготвеност) (страница 29)
Го вклучува системот или го поставува во режим на подготвеност.
B SPEAKER ILLUMINATION
(страница 57)
Ја избира шемата за осветлувањето на звучниците.
COLOUR PATTERN (страница 56) VISUALIZER (страница 56)
Ја избира шемата за визуелизација.
DIMMER (страница 56)
Ја прилагодува осветленоста на горниот панел, индикаторите за копчињата на допир, LED­индикаторот и осветлувањето* на звучниците.
*Само за BDV-N9200WL/
BDV-N7200WL
C Копчиња за звучно поле
Видете „Чекор 7: Уживање во звукот во опкружување“ (страница 31).
CLEARAUDIO+, SOUND FIELD, MUSIC EQ, GAME, NIGHT, CONCERT HALL, FOOTBALL, CINEMA STUDIO, MUSIC ARENA
17
D Копчиња во боја
Копчиња со скратен пристап за избор на ставки во некои менија на BD (може да се користи и за интерактивни операции на Java што ги има на BD).
E TOP MENU
Го отвора или затвора главното мени на BD или DVD.
POP UP/MENU
Го отвора или затвора појавното мени за BD-ROM или менито за DVD.
OPTIONS (страници 32, 44, 59)
Го прикажува менито со опции на телевизискиот екран или на екранот на горниот панел. (Локацијата се разликува во зависност од избраната функција.)
RETURN
Се враќа на претходниот екран.
B/V/v/b
Го поместува истакнувањето на прикажаната ставка.
Совет
V/v се кратенки за барање песни при репродукција на музичко CD.
(внесување)
Ја внесува избраната ставка.
F MIRRORING (страници 38, 41)
Ја избира функцијата „SCR M“.
BLUETOOTH (страница 36)
Ја избира функцијата „BT“.
HOME (страници 30, 53, 62)
Влегува или излегува од почетното мени на системот.
SEN
Пристапува до мрежната услуга на „Sony Entertainment Network™“.
FUNCTION (страница 30)
Го избира изворот на репродукција. Со поставување на [Input Skip Setting] (Поставка за прескокнување влез) (страница 71), може да ги прескокнете неупотребените влезови кога ќе избирате функција.
G DISPLAY (страници 35, 42, 49, 59)
Ги прикажува информациите за репродукција и за прелистување на интернет на телевизискиот екран. Ги прикажува претходно меморираната радиостаница, фреквенцијата итн. на екранот на горниот панел.
SLEEP (страница 55)
Го поставува тајмерот за спиење.
AUDIO (страница 47)
Го избира форматот за аудио/ песната.
SUBTITLE
Го избира јазикот за превод кога се снимени повеќејазични преводи на BD-ROM/DVD VIDEO.
3D
Ја конвертира содржината од 2D во симулирана содржина во 3D кога е поврзан компатибилен уред за 3D.
H Копчиња за управување
со репродукцијата
Видете „Репродукција“ (страница 34).
m/M (брзо/бавно/замрзнат кадар)
Брзо премотување назад/напред за време на репродукцијата. Секојпат кога ќе го притиснете копчето, брзината на барање се менува.
18
МК
Се активира забавена репродукција кога ќе се притисне подолго од една секунда во режим на пауза.
Репродуцира по еден кадар едновремено кога ќе се притисне во режим на пауза.
Забелешка
Забавеното премотување назад и репродукција на еден кадар со премотување назад не се достапни за дисковите Blu-ray со 3D.
./> (претходно/следно)
Го избира претходното/следното поглавје, песна или датотека.
N (репродукција)
Започнува или повторно започнува репродукција (продолжува со репродукцијата). Вклучува репродукција со еден допир (страница 51) кога системот е вклучен и поставен на функцијата „BD/DVD“.
X (пауза)
Ја паузира или повторно ја започнува репродукцијата.
x (прекинување)
Ја прекинува репродукцијата и го запомнува местото на прекин (продолжува од местото на прекин). Местото на прекинување на наслов/песна е последното место кое што сте го репродуцирале или последната фотографија во папката со фотографии. Ја прекинува вградената или звучната демонстрација на USB.
Копчиња за управување со радиото
Видете „Пребарувач на станици“ (страница 48).
TUNING +/– PRESET +/–
I (безвучност)
Привремено го исклучува звукот.
2 (јачина на звук) +/–
Ја прилагодува јачината на звукот.
TV 2 (јачина на звук) +/–
Ја прилагодува јачината на звукот за телевизорот.
TV t (влез)
Го префрлува изворот за влез на телевизорот меѓу телевизорот и други влезни извори.
Подготовка на далечинскиот управувач за контрола на телевизорот
Со прилагодувањето на сигналот од далечинскиот управувач, може да го контролирате телевизорот преку приложениот далечински управувач.
Забелешка
Кога ќе ги смените батериите на далечинскиот управувач, бројот на кодот може да се ресетира на стандардната поставка (SONY). Поставете го далечинскиот управувач повторно.
1 Држете на TV ?/1. 2 Притиснете го соодветното копче
на телевизорот (види ја табелата подолу), потоа притиснете .
Производител Копче
SONY (зададено)
LG MUSIC EQ PANASONIC GAME PHILIPS NIGHT,
SAMSUNG SOUND FIELD,
SHARP CONCERT HALL TOSHIBA FOOTBALL
CLEARAUDIO+
CINEMA STUDIO, MUSIC ARENA
MUSIC EQ, MUSIC ARENA
19
Забелешка
Кодовите на производителот на телевизорот се регистрирани на копчињата во табелата подолу. Ако поставката не е успешна, тековно регистрираниот код нема да се смени. Притиснете го соодветното копче повторно. Ако се наведени повеќе копчиња, притискајте ги едно по едно додека не го најдете копчето што работи со телевизорот.
3 Пуштете TV ?/1.
Сега може да користите TV ?/1, Копчињата TV 2 +/– и TV t за контрола на телевизорот.
20

Почеток

Почеток
F
D
E
AGC B
DA G C B E
F

Чекор 1: Монтирање на звучниците

Поставете ги звучниците според сликата подолу. Погледнете во „Водич за поставување на звучниците“ за составување на звучниците.
A Преден лев звучник (Л) B Преден десен звучник (Д) C Централен звучник D Лев звучник за звук
во опкружување (Л)
E Десен звучник за звук
во опкружување (Д)
F Сабвуфер G Телевизор
Монтирање на звучниците за опкружувачки звук во задна положба (Изглед на звучниците: [Standard] (Стандарден))
Забелешка
• Изберете го изгледот на звучниците (страница 53) според поставувањето на звучниците.
• Внимавајте кога ги поставувате звучниците и/или држачите за звучниците прикачени на звучниците на посебно обработен под (со восок, со масло, полиран итн.) бидејќи може да предизвикате дамки или обезбојување.
• Не потпирајте се и не закачувајте ништо на звучникот бидејќи може да падне.
• Звучниците во овој систем не се магнетски заштитени. Тоа може да доведе до неправилност кога ќе се постават близу телевизор CRT или проектор.
Совет
• За да се добие поефективен звук кога ќе се одбере [All Front] (Сите предни), препорачуваме да ги монтирате предните звучници и оние за опкружувачки звук поблиску едни до други.
• Може да ги поставите звучниците на ѕид. За детали, погледнете во дадениот „Водич за монтирање на звучниците“.
Монтирање на сите звучници во предна положба (Изглед на звучниците: [All Front] (Сите предни))

Чекор 2: Поврзување на системот

Не поврзувајте го кабелот за наизменична струја (ел. енергија) од главниот уред во ѕиден штекер (за ел. енергија) сè додека не ги направите сите други поврзувања.
Забелешка
Кога ќе поврзете друга опрема со контрола на звук, намалете ја јачината на звукот на опремата до ниво каде што звукот нема да биде изобличен.
21
Почеток

Поврзување на звучниците

Виолетово (Сабвуфер)
Бело (Преден лев звучник (Л))
Зелено (Централен звучник)
Црвено (Преден десен звучник (Д))
Сиво (Десен звучник за звук во опкружување (Д))
Сино (Лев звучник за звук во опкружување (Л))
Преден лев звучник (Л)
Преден десен звучник (Д)
Десен звучник за опкружувачки звук (R)
Лев звучник за звук во опкружување (Л)
Поврзете ги каблите на звучникот да соодветствуваат со бојата на приклучоците за SPEAKERS на главниот уред и на засилувачот за опкружувачки звук. Вметнете го приклучокот за звучник додека не кликне.
За главниот уред
Поврзување на терминалот SPEAKER ILLUMINATION (само за BDV-N9200WL/ само за BDV-N7200WL)
Поврзете го приклучокот за осветлувањето на звучникот (прикачено за кабелот на звучникот) со главниот уред и со засилувачот за опкружувачки звук за да може да уживате во светлечките ефекти на звучниците. Може да ја одберете шемата за осветлување со постојано притискање на SPEAKER ILLUMINATION (страница 57).
За главниот уред
На засилувачот на опкружувачки звук
На засилувачот на опкружувачки звук
22
Почеток

Поврзување на телевизорот

CB
A
Кабел за HDMI со голема брзина1)
(се доставува само за моделите
за Африка, Индија, Блискиот Исток,
Сингапур, Кина, Тајланд и Тајван)
или
2)
Оптички дигитален кабел
(не се доставува)
L
R
AUDIO
OUTPUT
Аудиокабел (не се доставува)
Изберете еден од следните методи за поврзување во зависност од влезните приклучоци на телевизорот.
Видеоповрзување
A
1)
Кабел за HDMI со голема брзина
2)
Функцијата ARC овозможува телевизорот да емитува сигнал преку системот со HDMI-поврзување, без изведување на поврзувањето B или C подолу. За да ја поставите функцијата ARC на системов, погледнете [Audio Return Channel] (Канал за враќање аудио) (страница 70). За да ја проверите компатибилноста на телевизорот со функцијата ARC, погледнете во упатствата за работа дадени со телевизорот.
Аудиоповрзувања
Ако приклучокот HDMI на телевизорот не е компатибилен со функцијата ARC, направете соодветно поврзување (B или C) за да го слушате звукот од телевизорот преку звучниците на системот.
B Висок квалитет
C
DIGITAL OUT
OPTICAL
Стандарден квалитет
23
Почеток
Забелешка
Систем
Проток на сигналот
Телевизор
: Аудиосигнал
: Видеосигнал
Опрема (Set-top box, VCR, PlayStation® или дигитален сателитски приемник итн.)
Излез за видео*
A
B, C
CB
ACBA
За да уживате во телевизискиот звук, изберете ја функцијата „TV“ за поврзување B или функцијата „AUDIO“ за поврзување C.

Поврзување на другата опрема

Поврзете ги системот, телевизорот и другата опрема, како што следува. Не може да уживате во аудиото и видеото на поврзаната опрема на телевизорот преку системов кога системот е исклучен или во режим на подготвеност.
* Ова поврзување е неопходно за поврзувањето A (поврзување на HDMI).
Изберете еден од следните методи за поврзување во зависност од видот на приклучокот на опремата.
24
Почеток
A Висок квалитет
HDMI-кабел*
(не се доставува)
*
Кабел за HDMI со голема брзина
OPTICAL
DIGITAL OUT
HDMI OUT
Оптички дигитален кабел
(не се доставува)
Аудиокабел (не се доставува)
B
C
L
AUDI O
OUTPUT
R
Стандарден квалитет
Кога воспоставувате поврзување A
Ова поврзување може да емитува и видео и аудиосигнали.
Забелешка
• Видеосигналите од приклучоците за HDMI (IN 1/2) се испраќаат до приклучокот HDMI (OUT) само кога ќе се избере функцијата „HDMI1“ или „HDMI2“.
• За излез на аудиосигнал од приклучоците за HDMI (IN 1/2) до приклучокот за HDMI (OUT), ќе треба да ги смените поставките на аудиоизлезот. За детали, видете [Audio Output] (Аудиоизлез) во [Audio Settings] (Поставки за аудио) (страница 67).
• Можете да го смените аудиовлезот на опремата којашто е поврзана со приклучок за HDMI (IN 1) на приклучок за TV (DIGITAL IN OPTICAL). За детали, видете [HDMI1 Audio Input mode] (Режим за аудиовлез HDMI1) во [HDMI Settings] (Поставки за HDMI) (страница 70). (Само за моделите за Европа.)
Кога воспоставувате поврзување B, C
Поврзете го системот така што видеосигналите од системот и другата опрема ќе се емитуваат до телевизорот, а аудиосигналите од опремата се емитуваат до системот.
Забелешка
• Ако направите некои од поврзувањата погоре, поставете [Control for HDMI] (Контрола за HDMI) во [HDMI Settings] (Поставки за HDMI) под [System Settings] (Системски поставки) на [Off] (Исклучено) (страница 70).
• Може да уживате во звукот од опремата со избор на функцијата „TV“ за поврзување B или функцијата „AUDIO“ за поврзување C.
25
Почеток
Поврзување на антената
Жична FM-антена (воздушна) (се доставува)
или
Широкопојасен рутер
LAN-кабел (не се доставува)
(воздушна)
Задна страна на главниот дел
Забелешка
• Проверете дали целосно сте ја издолжиле жичната FM-антена (воздушна).
• По поврзување на жичната FM-антена (воздушна), држете ја колку што е можно похоризонтално.
Совет
Ако имате слаб FM-прием, користете коаксијален кабел од 75 оми (не се доставува) за да го поврзете главниот дел со надворешна жична FM-антена (воздушна).

Чекор 3: Подготовка за мрежно поврзување

Совет
За да го поврзете системот со мрежата, изведете [Easy Network Settings] (Лесни мрежни поставки). За детали, видете „Чекор 5: Изведување на Easy Setup“ (страница 29).
Изберете го методот според средината на вашата LAN (локална мрежа).
• Ако користите безжична LAN Системот има вграден Wi-Fi и можете да го поврзете системот со мрежата со поставување на мрежните поставки.
• Ако користите жична LAN Користете LAN-кабел за да се поврзете со терминалот LAN (100) на главниот дел.
26
Совет
Се препорачува да користите кабел со заштитен и исправен интерфејс (LAN-кабел).
Почеток
Пред да се направат мрежните поставки
Кога рутерот за безжичен LAN (пристапната точка) е компатибилен со Wi-Fi Protected Setup (WPS) (Поставки за заштитен Wi-Fi ), може лесно да ги поставите мрежните поставки со копчето WPS. Ако не можете, проверете ги следните информации однапред и забележете ги во обезбедениот простор подолу.
• Името на мрежата (SSID*) што ја идентификува мрежата.**
• Ако безбедноста е поставена на безжичната мрежа, безбедносниот клуч (клуч за WEP, клуч за WPA).**
* SSID (Идентификатор за поставена
услуга) е името што идентификува дадена безжична мрежа.
** Треба да ги проверите поставките
за рутерот за безжичниот LAN за да ги дознаете информациите за SSID и за безбедносниот клуч. За детали: – посетете ја следната веб-локација:
За потрошувачите во Европа иРусија: http://support.sony-europe.com/
За потрошувачите во други земји/ региони: http://www.sony-asia.com/section/ support
– погледнете во упатството за работа
што се доставува со рутерот за безжичен LAN.
– обратете се кај производителот
на рутерот за безжичен LAN
За безбедноста на безжичен LAN
Бидејќи комуницирањето преку функцијата за безжичен LAN е воспоставено со радиобранови, безжичниот сигнал може да биде подложен на пресретнување. За заштитување на безжичната комуникација, овој систем поддржува различни безбедносни функции. Осигурете се дека правилно ќе ги конфигурирате безбедносните поставки соодветно на вашата мрежна средина.
x Без безбедност
Иако лесно можете да ги извршите поставките, секој може да ја пресретне безжичната комуникација или да навлезе во вашата безжична мрежа, дури и без современи алатки. Имајте предвид дека има ризик од неовластен пристап или пресретнување на податоци.
x WEP
WEP применува безбедност на комуникации за да спречи надворешни лица да ја пресретнат комуникацијата или да навлезат во вашата безжична мрежа. WEP е наследна безбедносна технологија којашто овозможува да се поврзат постари уреди што не поддржуваат TKIP/AES.
x WPA-PSK (TKIP), WPA2-PSK (TKIP)
TKIP е безбедносна технологија развиена како одговор на недостатоците на WEP. TKIP гарантира повисоко ниво на безбедност од WEP.
x WPA-PSK (AES), WPA2-PSK (AES)
AES е безбедносна технологија којашто користи напреден безбедносен метод поинаков од WEP и TKIP. AES гарантира повисоко ниво на безбедност од WEP или TKIP.
27
Почеток
Чекор 4: Поставување
"/1
Индикатор за LINK/STANDBY
на безжичниот систем
Главниот уред пренесува звук до засилувачот на звукот во опкружувањето којшто е поврзан со звучниците за звук на опкружувањето. За да го активирате безжичното емитување, изведете ги следните чекори.
1 Поврзете го кабелот за
напојување со наизменична струја (главен вод) со главниот уред.
Пред да го поврзете кабелот за напојување со наизменична струја, проверете дали сите поврзувања во „Чекор 2: Поврзување на системот“ (страница 21) се безбедни.
2 Притиснете "/1 за да го
вклучите системот.
3 Поврзете го кабелот за
напојување со наизменична струја (главен вод) со засилувачот на опкружувачки звук.
За индикаторот за LINK/ STANDBY
Индикаторот за LINK/STANDBY го покажува статусот на безжично емитување, објаснет подолу.
Преминува во зелено
Системот е вклучен, безжичното емитување е активирано и се примаат сигнали на опкружување.
Преминува во портокалово
Системот е вклучен, безжичното емитување е активирано со функцијата за безбедна врска и се примаат сигнали на опкружување.
Бавно трепка зелено или портокалово
Безжичното емитување е деактивирано.
Преминува во црвено
Засилувачот на звукот во опкружувањето е во режимот подготвено додека системот е во режимот на подготвеност или безжичното емитување е деактивирано.
Се исклучува
Засилувачот на звукот во опкружувањето еисклучен.
Трепка црвено
Активна е заштитата на засилувачот на звукот во опкружувањето.
За режимот подготвено
Засилувачот на звукот во опкружувањето автоматски влегува во режимот подготвено кога главниот дел е во режим на подготвеност или безжичното емитување е деактивирано. Засилувачот на звукот во опкружувањето автоматски се вклучува кога главниот дел е вклучен или безжичното емитување е активирано.
Кога е вклучено безжичното емитување, индикаторот за LINK/ STANDBY преминува во зелено. Ако не се вклучи индикаторот за LINK/STANDBY, погледнете во „Безжичен звук“ (страница 81).
28
Почеток
За да се дефинира безжичната врска
Ако користите бројни безжични продукти или вашите соседи користат безжични продукти, може да настанат пречки. За да го спречите тоа, може да ја дефинирате безжичната врска за да го поврзете главниот дел со засилувачот на опкружувачки звук (функција Безбедна врска). За детали, видете „Понатамошни поставки за безжичниот систем“ (страница 60).

Чекор 5: Изведување на Easy Setup

Следете ги чекорите подолу за да ги направите основните прилагодувања и мрежните поставки за системот. Прикажаните ставки се разликуваат во зависност од областа.
1 Внесете две батерии R03 (AAA)
(се доставуваат) со спојување на краевите 3 и # на батериите со знаците во преградата.
3 Поврзете го микрофонот за
калибрација во приклучокот A.CAL MIC на задниот панел. (само за BDV-N9200W/ BDV-N9200WL/BDV-N7200W/ BDV-N7200WL)
Ставете го микрофонот за калибрација на ниво на увото на троножец (не се доставува). Микрофонот за калибрација треба да е насочен кон телевизискиот екран. Предната страна на секој звучник треба да е свртена кон микрофонот за калибрација и не смее да има препреки меѓу звучниците и микрофонот за калибрација.
4 Притиснете [/1 за да го
вклучите системот.
5 Префрлете го избирачот за влез
на телевизорот така што сигналот од системот ќе се појави на телевизискиот екран.
Ќе се појави [Easy Initial Settings] (Лесни првични поставки) за избор на јазикот што ќе се прикажува на екранот.
2 Вклучете го телевизорот.
29
Почеток
6 Изведете [Easy Initial Settings]
B/V/v/b
(Лесни првични поставки). Следете ги упатствата на екранот за да ги направите основните поставки користејќи B/V/v/b и .
За детали за [Auto Calibration] (Автоматска калибрација), видете „Автоматска калибрација на соодветните поставки за звучниците“ (страница 51). (Само за BDV-N9200W/BDV-N9200WL/ BDV-N7200W/BDV-N7200WL)
7 Откако ќе завршите со [Easy
Initial Settings] (Лесни првични поставки), притиснете V/v за да изберете [Easy Network Settings] (Лесни мрежни поставки), потоа притиснете .
Се појавува екранот [Easy Network Settings] (Лесни мрежни поставки).
8 Следете ги упатствата на
екранот за да ги направите мрежните поставки користејќи B/V/v/b и .
Ако системот не може да се поврзе со мрежата, видете „Мрежна врска“ (страница 84) или „Безжична LAN-врска“ (страница 84).
За да го повикате екранот [Easy Network Settings] (Лесни мрежни поставки)
1 Притиснете HOME.
На телевизискиот екран се појавува почетното мени.
2 Притиснете B/b за да изберете
[Setup] (Поставување).
3 Притиснете V/v за да изберете
[Easy Network Settings] (Лесни мрежни поставки), потоа притиснете .

Чекор 6: Избор на изворот за репродукција

Притискајте на FUNCTION.
Кога ќе притиснете FUNCTION еднаш, тековната функција се појавува на екранот на горниот панел, а потоа секојпат кога ќе притиснете FUNCTION, функцијата се менува како што следува.
„BD/DVD“ t „USB“ t „FM“ t „HDMI1“ t „HDMI2“ t „TV“ t „SCR M“ t „BT“ t „AUDIO“
„BD/DVD“
Диск или мрежен уред што ќе се репродуцира преку системот
„USB“
USB-уред што е поврзан на портата
(USB) (страница 14)
„FM“
FM-радио (страница 48)
„HDMI1“/„HDMI2“
Опрема којашто е поврзана со приклучоците HDMI (IN 1) или HDMI (IN 2) (страница 24)
„TV“
Опрема (телевизор итн.) којашто е поврзана со приклучокот TV (DIGITAL IN OPTICAL) или телевизор што е компатибилен со функцијата ARC што е поврзан на приклучокот HDMI (OUT) (страници 23, 24)
30
Loading...
+ 68 hidden pages