Sony BDV-EF420, BDV-EF220 Reference guide

Blu-ray Disc™/ ДВД Систем на

домашно кино

4-418-875-11(1) (MK)

Упатство со препораки МК

©2012 Sony Corporation

(1)

BDV-E690/BDV-E490/BDV-E290/BDV-E190/BDV-EF420/BDV-EF220

Sony BDV-EF420, BDV-EF220 Reference guide

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не монтирајте ја направата во затворен простор, како што е полица за книги или вграден шкаф.

За да го намалите ризикот од пожар, не покривајте го отворот

за вентилација на апаратот со

весници, прекривки, завеси итн.

Врз апаратот не ставајте извори

на отворен оган, на пример свеќи.

За да го намалите ризикот од

пожар или електричен удар, не изложувајте го овој апарат на

капење или прскање и не

поставувајте предмети полни со

вода, како што се вазните, врз

апаратот.

Не ги изложувајте батериите или

апаратот со инсталирани

батерии на прекумерна топлина

како што се сонцето, огнот или слично.

За да спречите повреда, овој

апарат мора да е безбедно

поврзан со подот/ѕидот, соодветно на упатствата

за монтирање.

Само за употреба во затворени простории.

ВНИМАНИЕ

Употребата на оптички инструменти со овој производ ќе

ја зголеми опасноста за повреда

на очите. Бидејќи ласерскиот зрак што се користи во овој

Blu-ray Disc / DVD Home Theatre

System е штетен за очите,

не обидувајте се да ја расклопите

кутијата.

За поправка обратете се само до

квалификуван персонал.

Оваа направа е класификувана како CLASS 3R LASER производ.

Кога ќе се отстрани заштитното

куќиште се емитува видлива и невидлива радијација, затоа

избегнете директно изложување

на очите.

Овој знак е лоциран на

куќиштето коешто го заштитува

ласерот во заградениот простор.

Оваа направа е класификувана

како производ CLASS 1 LASER.

Овој знак е лоциран на надворешна страна одзади. Плочката со името е лоцирана на

надворешна страна одоздола.

За потрошувачите во Европа

Фрлање на стара електрична и електронска

опрема (применливо

во Европската унија и во други европски земји со засебни собирни системи)

Овој симбол на производот или

на неговата амбалажа покажува

дека со овој производ не треба да се постапува како со домашен

отпад. Наместо тоа треба биде

предаден на применливото збирно место за рециклирање на

електрична и електронска

опрема. Со правилно

отстранување на производот

ќе помогнете да се спречат потенцијални негативни

последици за природата

и здравјето на човекот, кои инаку може да се предизвикаат со

несоодветно постапување со отпадот на овој производ.

Рециклирањето на материјалите

ќе помогне за заштита на

природните богатства.

За подетални информации за

рециклирањето на овој

производ, контактирајте со вашата локална месна заедница,

вашиот сервис за отстранување

на домашен отпад или со

продавницата каде што го

купивте овој производ.

Отстранување на потрошени батерии

(применливо во Европската унија и во други

европски земји со посебни системи на собирање)

Овој симбол на батеријата или на амбалажата покажува дека со

батеријата којашто е дадена со

овој производ не треба да се постапува како со домашен отпад. Кај определени батерии овој

симбол може да се користи во

комбинација со хемиски симбол. Хемиските симболи за жива (Hg)

или олово (Pb) се додаваат ако

батеријата содржи повеќе од 0.0005% жива или 0.004% олово. Со правилно отстранување на овие батерии ќе помогнете да се

спречат потенцијално негативни последици за природата

и здравјето на човекот, кои инаку

може да се предизвикаат со несоодветно постапување со

отпадот на батеријата.

Рециклирањето на материјалите ќе помогне за заштита на

природните богатства.

Во случај на производи кои од

безбедносни причини, поради изведба или интегритет на податоци имаат потреба од трајна поврзаност со вметната батерија, оваа батерија треба да ја замени само квалификуван персонал.

За да бидете сигурни дека со батеријата ќе се постапи

соодветно, предадете го потрошениот производ на

2МК

применливото збирно место за рециклирање на електрична и

електронска опрема.

За сите други батерии, погледнете

го делот за тоа како безбедно да се отстранибатеријатаодпроизводот. Батеријата предадете ја на применливото збирно место за

рециклирање на отпадни батерии. За подетални информации за

рециклирањето на овој производ или батеријата, контактирајте со

вашата локална месна заедница,

вашиот сервис за отстранување на домашен отпад или со

продавницата каде што го

купивте овој производ.

Напомена за потрошувачите: следните информации се

применливи само за опремата

продадена во земјите што ги применуваат директивите на ЕУ.

Производителот на овој

производ е Sony Corporation,

1-7-1 Konan Minato-ku Tokyo, 108-0075 Japan. Овластениот

претставник за EMC

и безбедност на производот е Sony Deutschland GmbH,

Hedelfinger Strasse 61,

70327 Stuttgart, Germany.

Повикајте се на адресите дадени

во засебните документи за услуга

или гаранција за какви било проблеми со услугата или со

гаранцијата.

Мерки за претпазливост

Оваа опрема е тестирана со кабел за поврзување пократок од

3 метри при што е утврдено дека

е усогласена со ограничувањата поставени во Директивата EMC.

За изворите за напојување со ел. енергија

Уредот не е исклучен од главниот довод сè додека е поврзан во приклучокот со

наизменична струја, дури и ако самиот уред е исклучен.

Бидејќи главниот приклучок се користи за да се исклучи делот

од главните водови, поврзете го делот со лесно достапен AC

штекер. Ако забележите

абнормалности во делот, веднаш исклучете го главниот

приклучок од AC штекерот.

За гледање 3D видео слики

Некои луѓе може да искусат

неудобност (како што

енапрегање на очите, замор или

лошење) додека гледаат 3D видео

слики. Sony препорачува сите гледачи да прават редовни паузи

додека гледаат 3D видео слики.

Должината и фреквенцијата на потребните паузи ќе варираат од

едно лице до друго. Мора да

одлучите што најмногу ви одговара. Ако искусите каква

било неудобност, треба да

престанете да гледате 3D видео слики сè додека неудобноста не

заврши. Ако сметате дека

епотребно, консултирајте се со лекар. Исто така треба да го

прегледате (i) прирачникот со

упатства и/или пораката за претпазливост за секој друг уред

што се користи со овој производ

или Blu-ray Disc содржината репродуцирана со овој производ и (ii) нашата интернет страница

(http://esupport.sony.com/) за најновите информации. Видот на

малите деца (особено оние на

возраст под шест години) сè уште се развива. Консултирајте се со

вашиот лекар (како што е

педијатар или очен лекар) пред да дозволите малите деца да

гледаат 3D видео слики.

Возрасните треба да ги

надгледуваат децата за да обезбедат дека тие ги следат препораките дадени погоре.

Заштита од копирање

Имајте ги во предвид напредните системи за заштита на содржината што се користат за дискови Blu-ray и медиуми за

ДВД. Овие системи, наречени AACS (Напреден систем за

пристап до содржини) и CSS (Систем за кодирање содржина), може да содржат ограничувања за репродукцијата, аналогниот излез и други слични одлики. Работата на овој производ

ипоставените ограничувања може да варираат во зависност од датумот на купување, бидејќи управниот одбор на AACS може да ги прифати или смени своите правила за ограничување по времето на купување.

Известување за Cinavia Овој производ користи

технологија на Cinavia за да се ограничи употребата на неовластени копии на комерцијални филмови

ивидеа, како и на нивните музички нумери. Ќе се прикаже порака, а репродукцијата или копирањето ќе се прекинат кога ќе се открие забранета употреба на неовластена копија.

Повеќе информации за технологијата на Cinavia има кај Информативниот центар за потрошувачи на Cinavia на http://www.cinavia.com. Испратете дописна картичка со својата поштенска адреса за да побарате дополнителни информации за Cinavia по пошта на следната адреса:

Cinavia Consumer Information Center, P.O. Box 86851, San Diego, CA, 92138, USA.

Авторски права и заштитени знаци

(само за BDV-E690/BDV-E490/ BDV-E290/BDV-E190)

Овој систем е опремен со Dolby* Digital и адаптибилен

матричен декодер за звук во

опкружување на Dolby Pro Logic, како и со дигиталниот систем за звук во опкружување на DTS**.

* Произведено согласно лиценцата на Dolby Laboratories.

Dolby, Pro Logic и

симболот со двојно D се заштитени знаци на Dolby Laboratories.

3МК

Loading...
+ 7 hidden pages