Упатство за безбедност MFC-J6520DW/J6720D W/J6920DW1
MFC-J6520DW/J6720DW/J6920DW
Brother Industries, Ltd.
15-1, Naeshiro-cho, Mizuho-ku, Nagoya 467-8561, Japan
Прочитајте го ова упатство пред да ракувате со уредот или пред да се обидете да го
сервисирате. Непочитувањето на овие упатства може да доведе до зголемен ризик од
пожар, електричен удар, изгореници или задушување. Brother нема да сноси одговорност
за штетата на производот предизвикана поради непочитување на упатствата од страна
на сопственикот на производот, наведени во ова упатство.
Како да го користите ова упатство:1
1Пред да го користите уредот, прочитајте го целото упатство и чувајте го упатството за во
иднина.
2Внимателно следете ги упатствата наведени во овој прирачник и секогаш придржувајте се
кон сите упатства и предупредувања поставени на уредот.
3Ако не сте сигурни како да го користите уредот откако ќе го прочитате
контактирајте со службата за корисници на Brother или со локалниот дистрибутер на
Brother.
4Зада бидете сигурни дека ги разбирате сите упатства, проучете ги ознаките и конвенциите
користени во документацијата.
ова упатство,
Верзија 0
MCD
1
Ознаки и конвенции користени во
документацијата
Во документацијата се користени следните ознаки и конвенции.
Следете ги сите предупредувања и упатства на уредот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ укажува на можна
опасна ситуација којашто, доколку не се
избегне, би можела да предизвика смрт
или сериозни повреди.
ВНИМАНИЕ
ВНИМАНИЕ укажува на можна опасна
ситуација којашто, доколку не се
избегне, би можела да предизвика
помали или лесни повреди.
ВАЖНО
ВАЖНО укажува на можна опасна
ситуација којашто, доколку не се
избегне, би можела да предизвика
оштетување или намалување на
функционалноста на уредот.
НАПОМЕНА
Задебелени
букви
КурзивВажнитеточкисе
Courier
New
НАПОМЕНА
Илустрациите во ова упатство се
наменети за моделот MFC-J6720DW.
1
Броевите на нумеричката
тастатура од панелот на
допир и копчињата на
компјутерскиот екран се
прикажуваат со
задебелени букви.
нагласуваат со букви во
курзив или текстот во
курзив се користи да ве
упати на одредена тема.
Текстот во фонтот Courier
New идентификува
пораки на LCD-екранот на
уредот.
Напомените ве упатуваат како да
реагирате во одредена ситуација или
даваат совети околу начинот на работа
со другите функции.
Иконите за забрана укажуваат на
дејства кои не смеат да се вршат.
Оваа икона укажува дека не смеат
да се користат запаливи спрееви.
Оваа икона укажува дека не смеат
да се користат
растворувачи како што се алкохол
и течности.
Иконите за опасност од
електричен удар ве известуваат
за можни електрични удари.
Иконите за опасност од пожар ве
известуваат за можен пожар.
органски
2
Подготовкаиобјавување
Ова упатство е составено и објавено со цел да ги обезбеди најновите безбедносни
информации за уредот во времето на објавување. Информациите содржани во ова
упатство може да подлежат на промени.
1
За најновото упатство, посетете нè на http://solutions.brother.com/
Изберете безбедна локација за уредот1
Поставете го уредот на рамна, стабилна површина на којашто нема вибрации и потреси,
како што е работна маса. Поставете го уредот во близина на телефонски приклучок и
стандарден заземјен штекер за струја. Изберете сува просторија со добра вентилација во
којашто температурата се движи помеѓу 10 и 35°C.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НЕ изложувајте го уредот на директна сончева светлина, преголема топлина, отворени
пламени, корозивни гасови, влага или прашина. НЕ поставувајте го уредот на теписон или
килим, бидејќи така ќе се изложи на прашина. Тоа би можело да создаде ризик од краток
спој или пожар. Исто така може да се оштети уредот
и/или да стане нефункционален.
НЕ поставувајте го уредот во близина на греалки, клима уреди, вода, хемикалии или
уреди што содржат магнети или создаваат магнетни полиња. Тоа би можело да создаде
ризик од краток спој или пожар доколку уредот дојде во контакт со вода (вклучително и
кондензација предизвикана од опрема за греење/ладење/вентилација).
3
НЕ поставувајте го уредот во близина на хемикалии или на место каде што може да дојде
до истурање на хемикалии. Конкретно, органски растворувачи или течности може да
предизвикаат куќиштето и/или каблите да се стопат или растворат, предизвикувајќи ризик
од пожар или електричен удар. Тие може да предизвикаат дефект на
уредот или да ја
оштетат бојата.
Лежиштата и отворите на куќиштето, на задниот или на долниот дел од производот
служат за вентилација. Производот треба да се постави така што нема да доаѓа во
контакт со каков било ѕид или друг уред, за да не се блокираат или покријат овие отвори.
Блокирањето на вентилацијата на уредот може да
создаде ризик од прегревање и/или
пожар.
ВАЖНО
• Секогаш поставувајте го уредот на цврста површина, а никогаш на кревет, кауч, килим
или слични меки површини.
• Не поставувајте го уредот во „вградена“ инсталација.
базни единици на безжични телефони што не се од
Со тоа би можело да се попречи работата на електронските компоненти на уредот.
• НЕ поставувајте го уредот на накривена/закосена површина. НЕ накривувајте го уредот
откако ќе ги вметнете кертриџите за мастило. Тоа би можело да предизвика
протекување на мастилото и внатрешно оштетување на уредот.
марката на Brother.
4
Општимеркинапретпазливост
1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За пакувањето на уредот се користени пластични кеси. За да избегнете опасност од
задушување, чувајте ги овие пластични кеси подалеку од бебиња и деца. Пластичните
кеси не се играчки.
За корисници со пејсмејкери
Овој уред создава слабо магнетно поле. Ако забележите какви било необични симптоми
со вашиот пејсмејкер додека сте во близина на уредот, оддалечете се од уредот и веднаш
консултирајте се со доктор.
Избегнувајте користење на уредот за време на бура со грмотевици. Постои мал ризик
од електричен удар од гром.
НЕ користете запаливи материи, каков било спреј или органски растворувач/течност што
содржи алкохол или амонијак за чистење на внатрешната или надворешната површина
на уредот. Тоа би можело да предизвика пожар или електричен удар.
ВНИМАНИЕ
Не обидувајте се да вадите страници додека не завршат со печатењето и додека не
излезат од уредот. Во спротивно, може да ги повредите прстите доколку ги фати валјакот.
Ако фиоката е извлечена за да држи големи листови хартија како што се A3, Legal или Ledger,
поставете го уредот така што фиоката нема да излегува надвор од работ на масата или
бирото. Ако некој ја удри фиоката, уредот би можел да падне и да предизвика повреда.
5
Некои делови на уредот може да предизвикаат повреда доколку капаците (затемнетите
делови на сликата) се затвораат со сила. Внимавајте кога ја поставувате раката на
местата прикажани на илустрациите.
За да избегнете повреда кога ја приспособувате големината на фиоката од A3, Legal или
Ledger кон првобитната големина, внимавајте да не ги притиснете прстите во празнините
или отворите на фиоката.
6
НЕ допирајте ги затемнетите делови прикажани на илустрацијата. Во спротивно, може ги
повредите прстите со расекување од работ на уредот.
(Само за MFC-J6720DW и MFC-J6920DW)
За да се спречат повреди при пренесување или подигнување на уредот, тоа треба да го
прават најмалку две лица. Внимавајте да не ги притиснете прстите при спуштање на уредот.
НЕ носете го уредот држејќи ја долната фиока кога е вметната. Долната фиока може да
падне и да
ве повреди.
7
НЕ носете го уредот држејќи го за капакот на скенерот, капакот за одглавување хартија,
капакот за рачно вметнување хартија или контролната табла. На тој начин уредот може
да ви падне од раце.
Носете го уредот поставувајќи ги рацете во вдлабнатините за раце поставени на двете
страни од уредот.
(MFC-J6520DW)
8
Кога го носите уредот, отстранете ја фиоката доколку е извлечена да држи големи
листови хартија како што се A3, Legal или Ledger. Фиоката може да падне поради
тежината на хартијата и да ве повреди.
Со нарушување на напојувањето може да се избришат информации од меморијата на уредот.
9
Безбедноповрзувањенауредот
1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во уредот има електроди под висок напон. Пред да пристапите до внатрешноста на
уредот за рутинско одржување, на пр. чистење, проверете дали сте го исклучиле кабелот
за напојување од приклучокот за струја, како и сите телефонски кабли (RJ-11) или кабли
за Ethernet од уредот.
НЕ допирајте го приклучокот со влажни раце. Тоа би можело да предизвика електричен удар.
Секогаш проверувајте дали приклучокот е целосно вметнат.
Овој уред треба да се поврзе на близок заземјен извор на наизменична (AC) електрична
енергија во напонскиот опсег прикажан на ознаката. НE поврзувајте го на извор на
еднонасочна (DC) електрична енергија или инвертер. Тоа би можело да предизвика
електричен удар. Ако не сте сигурни каков е изворот на електрична енергија,
контактирајте со
квалификуван електричар.
10
Уредот е опремен со 3-жичен заземјен приклучок. Овој приклучок ќе може да се вметне
само во заземјен штекер за струја. Ова е безбедносна карактеристика. Ако не можете да
го вметнете приклучокот во штекерот, повикајте електричар за да го замени стариот
штекер. НЕ користете го испорачаниот заземјен приклучок во друг штекер освен
наведените. Тоа би можело да предизвика електричен удар.
Не допирајте ги телефонските жици или терминали што не се изолирани освен кога
телефонската линија е исклучена од ѕидниот приклучок. Не инсталирајте телефонски
жици за време на бура со грмотевици. Не инсталирајте телефонски ѕиден приклучок на
влажно место. Тоа би можело да предизвика електричен удар.
НЕ користете го уредот ако кабелот за напојување е изабен или оштетен. Тоа би можело
да предизвика електричен удар или пожар.
НЕ влечете го средниот дел од кабелот за напојување. НЕ дозволувајте да има нешто врз
кабелот за напојување. НЕ поставувајте го уредот на места каде што луѓето можат да го
газат кабелот. Тоа би можело да предизвика електричен удар или пожар.
Brother препорачува да НЕ користите каков било продолжен кабел.
11
Сервисирањенауредот
НЕ обидувајте се сами да го сервисирате уредот. Со отворањето или отстранувањето на
капаците може да се изложите на опасни напони и други ризици и може да се поништи
гаранцијата за производот. Ако имате какви било проблеми со уредот, контактирајте со
службата за корисници на Brother или со локалниот дистрибутер на Brother.
1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако уредот падне или ако се оштети куќиштето, постои веројатност за електричен удар.
Исклучете го уредот од приклучокот за струја и контактирајте со службата за корисници
на Brother или со локалниот дистрибутер на Brother.
ВНИМАНИЕ
Доколку уредот стане невообичаено жежок, испушта чад, создава силни миризби или ако
случајно истурите течност врз него, веднаш исклучете го од приклучокот за струја.
Контактирајте со службата за корисници на Brother или со локалниот дистрибутер на Brother.
ВАЖНО
Ако уредот не работи нормално кога се почитуваат упатствата за работа, приспособувајте
ги само оние контроли опфатени со упатствата за работа. Несоодветното приспособување
на други контроли може да резултира со оштетување и тоа често ќе биде причина за повеќе
работа од страна на квалификуваниот техничар за да се врати уредот во
состојба.
нормална работна
12
Гаранцијаиодговорностзапроизводот
Ништо што е содржано во ова упатство нема да влијае врз некоја постојна гаранција за
производот или да се толкува како доделување дополнителна гаранција за производот.
Гаранцијата за производот може да се поништи доколку не се следат упатствата за
безбедност во ова упатство.
1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НЕ користете го уредот во близина на вода, на пр. во близина на када, садови за миење,
мијалник или машина за перење, во влажен подрум или во близина на базен.
Избегнувајте користење на уредот за време на бура со грмотевици. Постои мал ризик од
електричен удар од гром.
НЕ користете го овој уред за да пријавите истекување на гас доколку уредот се наоѓа во
близина на местото од каде што истекува гасот.
Користете го единствено кабелот за напојување испорачан со овој уред.
Овој производ мора да се постави во близина на приклучок за струја што е лесно пристапен.
Во итен случај, мора да го извадите кабелот за напојување од приклучокот за струја за да ја
исклучите струјата целосно.
Информации за одобрение1
ОВАА ОПРЕМА Е ДИЗАЈНИРАНА ДА РАБОТИ СО ДВОЖИЧНА АНАЛОГНА PSTN ЛИНИЈА
ОПРЕМЕНА СО СООДВЕТЕН КОНЕКТОР.
Brother советува дека овој уред може да не функционира правилно во друга земја освен
земјата во којашто бил првобитно купен и не нуди гаранција за производот во случај кога
производот се користи на јавни телекомуникациски линии во
друга земја.
Декларација за усогласеност (само за Европа)
Ние, Brother Industries, Ltd.
15-1 Naeshiro-cho, Mizuho-ku, Nagoya 467-8561 Japan
потврдуваме дека овој уред е усогласен со суштинските услови на сите релевантни
директиви и прописи што важат во Европската заедница.
Декларацијата за усогласеност (Declaration of Conformity) може да се преземе од нашата
веб-локација. Посетете ја http://solutions.brother.com/
-> изберете „Europe“
-> изберетејавашатаземја
-> изберетеговашиотмодел
-> изберете „Manuals“ и вашиот јазик, а потоа кликнете „Search“
-> изберете „Declaration of Conformity“
-> кликнете „Download“
Декларацијатаќесепреземекако PDF-датотека.
и:
1
13
Декларација за усогласеност за R&TTE (радио и
телекомуникации) Директива 1999/5/ЕЗ (само за Европа)
(важи за модели со телекомуникациски и/или радио
меѓуврски)1
Ние, Brother Industries, Ltd.
15-1 Naeshiro-cho, Mizuho-ku, Nagoya 467-8561 Japan
потврдуваме дека овие уреди се усогласени со одредбите на Директивата за радио и
телекомуникации 1999/5/ЕЗ. За да преземете копија од Декларацијата за усогласеност
(Declaration of Conformity) следете ги упатствата во делот Декларација за усогласеност
(самозаЕвропа).
Безжична LAN1
Овој уред поддржува безжична LAN.
NFC (само модели со функција NFC)1
Овој производ поддржува NFC (комуникација на блиско поле).
LAN-врска1
ВАЖНО
НЕ поврзувајте го уредот на LAN-врска подложна на превисоки напони.
Радио пречки1
Овој производ е усогласен со EN55022 (CISPR публикација 22)/класа B. Кога го поврзувате
уредот со компјутер, обезбедете дека користите USB-кабел што не е подолг од 5 метри.
14
Информациизарециклирање восогласностсо Директивата
WEEE и Директивата за батерии1
Ознака на уредотОзнака на батеријата
Само за Европската унија
Уредот/батеријата се означени со една од горенаведените ознаки за рециклирање.
Ознаката укажува дека на крајот на животниот век на уредот/батеријата, треба да ги
фрлите одделно во соодветен собирен пункт и да не ги фрлате во обичното ѓубре на
домаќинството.
Меѓународна потврда за квалификација ENERGY STAR
Целта на Меѓународната програма ENERGY STAR® е да го промовира развојот и
популаризацијата на енергетски ефикасна канцелариска опрема.
®
Како партнер на ENERGY STAR
спецификациите на ENERGY STAR
, Brother Industries, Ltd. утврди дека овој уред ги исполнува
Brother е заштитен знак на Brother Industries, Ltd.
Microsoft, Windows, Windows NT, Windows Vista, Windows Server, Internet Explorer, Outlook и
PowerPoint сеилирегистриранизаштитнизнациилизаштитнизнацина Microsoft
Corporation воСАДи/иливодругиземји.
Apple, Macintosh, Mac OS, Safari, iPad, iPhone, iPod touch и OS X се заштитни знаци на Apple
Inc., регистриранивоСАДиводругиземји.
AirPrint е заштитен знак на Apple Inc.
1
Adobe, Illustrator и Reader се заштитни
знациилирегистриранизаштитнизнацина Adobe
Systems Incorporated во САД и/или во други земји.
Nuance, логотона Nuance, PaperPort и ScanSoft сезаштитнизнациилирегистрирани
заштитни знаци на Nuance Communications, Inc. или нејзини партнери во САД и/или други
земји.
Memory Stick PRO Duo, Memory Stick Duo, MagicGate, Memory Stick Micro и M2 се заштитни
знаци на Sony Corporation.
Логото SDHC е заштитен знак на SD-3C, LLC.
AOSS е заштитен знак на Buffalo Inc.
Wi-Fi, Wi-Fi Alliance
и Wi-Fi Protected Access серегистриранизаштитнизнацина Wi-Fi
Alliance.
WPA, WPA2, Wi-Fi Protected Setup, логото на Wi-Fi Protected Setup и Wi-Fi Direct се заштитни знацина Wi-Fi Alliance.
Flickr е регистриран заштитен знак на Yahoo! Inc.
Android, Google Cloud Print, Google Drive и Picasa Web Albums се заштитни знаци на
Google, Inc. Користењето на овие заштитни знаци подлежи на одобрение од Google.
Mozilla и Firefox серегистриранизаштитнизнацина Mozilla Foundation.
UNIX е регистриран заштитен знак на The Open Group воСАДидруги
земји.
Linux е регистриран заштитен знак на Linus Torvalds воСАДидругиземји.
Bluetooth е регистриран заштитен знак на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на таквите знациодстранана Brother Industries, Ltd. ерегулираносолиценца.
Intel е заштитен знак на Intel Corporation воСАДи/иливодругиземји.
EVERNOTE и логото Evernote Elephant сезаштитнизнацина Evernote Corporation исе
користат
под лиценца.
Секоја компанија чијшто софтвер се спомнува во овој прирачник има лиценцен договор за
софтверот соодветно за нејзините заштитени програми.
Сите трговски имиња и имиња на производи на компании што се појавуваат на
производите на Brother, поврзани документи и какви било други материјали се
заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци
16
на тие компании.
Забелешки за лиценците за софтверот со
отворен код
Овој уред содржи софтвер со отворен код.
За да ги видите забелешките за лиценците за софтверот со отворен код, посетете го делот
за преземање упатства на почетната страница за вашиот модел од Brother Solutions Center
на http://solutions.brother.com/
Овојпроизводгосодржисофтверот „KASAGO TCP/IP“ развиенодкомпанијата ZUKEN
ELMIC, Inc.
Другиинформации1
1
FlashFX® ерегистриранзаштитензнакна Datalight, Inc.
FlashFX
КанцеларијазапатентинаСАД 5,860,082/6,260,156
FlashFX
Reliance™ е заштитен знак на Datalight, Inc.
Datalight
Copyright 1989-2010 Datalight, Inc. Ситеправасезадржани
®
Copyright 1998-2010 Datalight, Inc.
®
Pro™ е заштитен знак на Datalight, Inc.
®
ерегистриранзаштитензнакна Datalight, Inc.
17
Служба за корисници на Brother
Служба за корисници1
Посетете ја http://www.brother.com/ за да добиете информации за контакт на локалното
претставништво на Brother.
Локации на сервисни центри1
За сервисните центри во Европа, контактирајте со локалното претставништво на Brother.
Информации за контакт, како што се адреси и телефонски броеви на европските
претставништва може да најдете на http://www.brother.com/
избирајќи ја вашата земја.
Незаконска употреба на опрема за копирање1
Умножувањето на одредени предмети или документи со намера да се изврши измама
претставува прекршок. Следува краток список со документи чиешто копирање може да
биде незаконско. Предложуваме да се консултирате со вашиот правен советник и/или
релевантните судски власти ако се сомневате за одреден предмет или документ:
1
Валута
Обврзници или други
Потврди за влог
Документи за служба или регрутација во вооружени сили
Пасоши
Поштенски марки (откажани или неоткажани)
Документи за имиграција
Документи за социјална помош
Чекови или меници од владини агенции
Беџови или обележја за идентификација
Дополнително, не треба да се копираат и возачките дозволи и/или поседовните листови
моторни возила според одредени државни закони.
Делата заштитени со авторски права не може да се копираат легално, освен ако се
опфатени со исклучокот „фер спогодба“ во врска со делови од делото заштитено со
авторски права. Повеќекратни копии ќе укажат на неправилна употреба. Уметничките дела
треба да се сметаат за
потврди за задолженост
за
еквивалентни на делата заштитени со авторски права.
18
www.brotherearth.com
Loading...
+ hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.