Важно: Пред да почнете да го користите уредот, прочитајте ги важните информации
за безбедно користење на уредот и батеријата во деловите „За ваша безбедност“
и „Безбедност на производот“ во печатеното упатство за корисникот или на вебстраницата www.nokia.com/support. За да дознаете како да почнете да го користите
вашиот нов уред, прочитајте го печатеното упатство за корисникот.
6. Функциско копче, копче за завршување
повик/вклучување-исклучување
7. Приклучок за слушалки
8. Камера
9. Светилка
Nokia 3310 3G Упатство за корисникот
10. Зона на антената
12. Звучник
11. Процеп за отворање на задниот капак
За автоматско заклучување на копчињата, изберете Мени > > Безбедност >
Заштита на тастатурата > Авто. зашт на тастат. и изберете Вклучено .
За отклучување на копчињата, изберете Отклучи и притиснете на * .
Одбегнувајте допирање на зоната на антената додека антената се користи. Контактот
со антените влијае на квалитетот на комуникацијата и може да ја намали трајноста на
батеријата поради поголемата моќност што е потребна за време на работењето.
Не приклучувајте го уредот на производи коишто даваат излезен сигнал бидејќи тоа може
да го оштети уредот. Не поврзувајте никаков напонски извор на аудио-приклучокот. Ако на
аудио-приклучокот приклучите надворешен уред или слушалки поинакви од оние што се
одобрени за користење со овој уред, обрнете особено внимание на нивото на гласноста.
Некои делови од уредот се магнетни. Металните материјали може да бидат привлечени
кон уредот. Не ставајте кредитни картички или други магнетни медиуми за чување
податоци блиску до уредот, бидејќи информациите што се зачувани на нив може да бидат
избришани.
Некои од додатоците споменати во ова упатство за корисникот, како што се полначот,
слушалките или кабелот за податоци, може да се продаваат одделно.
Забелешка: Може да го поставите телефонот да бара безбедносна шифра. Изберете
Мени > > Безбедност > Заштита на тастатурата и поставете Безбедносна шифра .
Доколку има фабрички поставена шифра, таа е 12345. Сменете ја за да ја заштитите
вашата приватност и личните податоци. Имајте предвид дека, кога ќе го промените
кодот, ќе треба да го запомните новиот код, бидејќи HMD Global не може да го отвори
или заобиколи.
ПОСТАВУВАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ
Запознајте се како се става SIM-картичка, мемориска картичка и батерија и како се
вклучува телефонот.
__Важно:__Овој уред е дизајниран за употреба само со micro SIM-картичка (види слика).
Користењето некомпатибилни SIM-картички може да ја оштети картичката или уредот и
може да ги оштети податоците што се зачувани на картичката. Посоветувајте се со вашиот
мобилен оператор за користење SIM-картичка исечена како nano-UICC.
Мемориски картички MicroSD
Користете само компатибилни мемориски картички, одобрени за користење со овој уред.
Некомпатибилните картички може да ги оштетат картичката и уредот, како и податоците
зачувани на картичката.
Забелешка: Пред да отстраните кој било капак, исклучете го уредот и откачете го
полначот и секој друг уред. Избегнувајте допирање на електронските делови при
промена на кој било капак. Секогаш чувајте го и употребувајте го уредот со сите капаци
поставени.
1. Ставете го нокотот во малиот отвор
на дното на телефонот, подигнете го и
отстранете го капакот.
2. Ако батеријата е во телефонот, извадете
ја.
3. Слизнете ја SIM-картичката во отворот
за SIM-картички свртена со контактите
Поставување на телефонот (со две SIM-картички)
4. Ако имате мемориска картичка, слизнете
5. Нагодете ги контактите на батеријата и
6. Вратете го задниот капак.
надолу.
ја во отворот за мемориски картички.
ставете ја батеријата во телефонот.
1. Ставете го нокотот во малиот отвор
на дното на телефонот, подигнете го и
отстранете го капакот.
2. Ако батеријата е во телефонот, извадете
ја.
3. Слизнете ја првата SIM-картичката во
отворот 1 за SIM-картички, свртена
со контактите надолу. Слизнете ја
втората SIM-картичка во отворот 2
за SIM-картички. Двете SIM-картички
се достапни истовремено кога не се
користи уредот, но кога едната SIMкартичка е активна, на пример, при
остварување повик, другата може да
биде недостапна.
4. Ако имате мемориска картичка, слизнете
ја во отворот за мемориски картички.
5. Нагодете ги контактите на батеријата и
ставете ја батеријата во телефонот.
6. Вратете го задниот капак.
Nokia 3310 3G Упатство за корисникот
Вадење на SIM-картичката
Отворете го задниот капак, извадете ја батеријата и извлечете ја SIM-картичката.
Отстранување мемориска картичка
Отворете го задниот капак, извадете ја батеријата и извлечете ја мемориската картичка.
Шифри за пристап
Вашиот телефон и SIM-картичка користат различни безбедносни шифри.
• Шифри PIN или PIN2: Овие шифри ја заштитуваат вашата SIM-картичка од неовластена
употреба. Доколку ги заборавите шифрите или истите не ви се дадени со картичката,
контактирајте го давателот на мрежни услуги. Доколку внесете погрешна шифра 3 пати
по ред, потребно е да ја деблокирате шифрата со користење на шифрата PUK или PUK2.
• Шифри PUK или PUK2: Овие шифри се задолжителни за деблокирање на шифрата
PIN или PIN2. Доколку шифрите не ви се дадени со SIM-картичката, контактирајте го
давателот на мрежни услуги.
• Безбедносна шифра: Безбедносната шифра ви помага да го заштитите вашиот телефон
од неовластена употреба. Може да го поставите телефонот да бара безбедносна шифра
што вие ќе ја одредите. Чувајте ја шифрата во тајност и на безбедно место, одделно од
вашиот телефон. Доколку ја заборавите шифрата, а вашиот телефон е заклучен, тогаш
на телефонот ќе му биде потребно сервисирање. Може да се појават дополнителни
трошоци, а сите лични податоци на вашиот телефон може да бидат избришани. За
повеќе информации, контактирајте со најблиското место за грижа за корисници на
телефонот или со продавачот на телефони.
• Шифра IMEI: Шифрата IMEI се користи за идентификување на телефоните на мрежата.
Исто така, може ќе треба да го дадете и бројот на центарот за грижа за корисници или
на продавачот на телефони. За да го видите вашиот IMEI-број, повикајте *#06# . Исто
така, IMEI-бројот е отпечатен и на етикетата на телефонот што се наоѓа под батеријата.
IMEI-бројот е видлив и на оригиналното пакување.
ПОЛНЕЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но може да е потребно повторно да ја
наполните пред да го користите телефонот.
1. Приклучете го полначот на приклучок од електричната мрежа.
2. Поврзете го полначот со телефонот. Кога ќе заврши полнењето, откачете го полначот
од телефонот, а потоа од приклучокот на електричната мрежа.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред да се покаже
индикаторот за полнење.
Совет: Може да користите полнење преку USB-кабел, кога не е достапен приклучок
на електрична мрежа. Додека се полни уредот, може да се пренесуваат податоци.
Ефикасноста на полнење преку USB-кабел значително варира и може да биде потребно
долго време за да започне полнењето и уредот да започне да функционира. Осигурете се
дека компјутерот е вклучен.
Заштеда на енергија
За да заштедите енергија:
1. Полнете мудро: секогаш целосно
полнете ја батеријата.
на телефонот: поставете го екранот на
телефонот да се исклучува по кратко
време.
2. Одберете ги само звуците што ви
требаат: исклучете ги непотребните
5. Намалете ја осветленоста на екранот.
звуци, како тоновите на тастатурата.
6. Кога е применливо, мрежните врски,
3. Употребувајте жичени слушалки,
наместо звучникот.
4. Сменете ги на поставките на екранот
како Bluetooth, користете ги селективно:
вклучувајте ги врските само кога ги
употребувате.
ЗАКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КОПЧИЊАТА
Заклучување на тастатурата
За автоматско заклучување на копчињата, изберете Мени > > Безбедност >
Заштита на тастатурата > Авто. зашт на тастат. и изберете Вклучено .
Отклучување на тастатурата
За отклучување на копчињата, изберете Отклучи и притиснете на * .
ИЗВЛЕЧЕТЕ ГО МАКСИМУМОТ ОД ДВЕТЕ SIM-КАРТИЧКИ (ЗА ТЕЛЕФОНИ
СО ДВЕ SIM-КАРТИЧКИ)
Вашиот телефон може да користи две SIM-картички и вие можете да ги користите за
различни цели.
Избирање која SIM-картичка ќе се користи
1. Изберете Мени > > Конектив. > Две SIM .
2. За да изберете која SIM-картичка ќе ја користите за повици, изберете
Претпочитана SIM за повици и изберете SIM1 или SIM2 .
3. За да изберете која SIM-картичка ќе ја користите за пораки, изберете
Претпочитана SIM за пораки и изберете SIM1 или SIM2 .
4. За да изберете која SIM-картичка ќе ја користите за мобилни податоци, изберете
Конек. со мобил. под. , вклучете го прекинувачот Мобилни податоци и одберете SIM1
или SIM2 .
Пренасочување повици помеѓу двете SIM-картички
Извлечете го максимумот од вашите две SIM-картички. Ако ги пренасочите вашите повици
помеѓу SIM-картичките, кога некој ќе ви се јави на едната SIM-картичка додека разговарате
на другата, можете да управувате со повиците од двете SIM-картички, исто како и со една
SIM-картичка.
Осигурете се дека имате ставено две SIM-картички во телефонот.
1. Изберете Мени > > Конектив. > Две SIM > Броеви на SIM .
2. Внесете ги броевите на двете SIM-картички и изберете Зачувај .
3. Листајте до Пренасочување повици и изберете Помеѓу две SIM-карт. ,
Имате проблеми да го слушнете ѕвонењето на телефонот во бучна средина, или повиците
се премногу гласни? Можете да ја промените гласноста по ваша желба.
Листајте нагоре или надолу за да ја промените гласноста во текот на повик или кога
слушате радио.
ПИШУВАЊЕ ТЕКСТ
Пишување со помош на тастатурата
Пишувањето со тастатурата е лесно и забавно.
Последователно притискајте на некое копче додека не се појави буквата.
За да внесете празно место, притиснете на 0 .
За внесување специјален или интерпункциски знак, притиснете на * .
За префрлување меѓу мали и големи букви, последователно притискајте на # .
За внесување број, притиснете и држете на копче со број.