Важно: Пред да почнете да го користите уредот, прочитајте ги важните информации
за безбедно користење на уредот и батеријата во деловите „За ваша безбедност“
и „Безбедност на производот“ во печатеното упатство за корисникот или на вебстраницата www.nokia.com/support. За да дознаете како да почнете да го користите
вашиот нов уред, прочитајте го печатеното упатство за корисникот.
15. Копче за СОС повик16. Приклучок на конзолата за полнење
Не поврзувајте го уредот со производи што создаваат излезен сигнал, бидејќи тоа може
да го оштети уредот. Не поврзувајте никаков напонски извор на аудио-приклучокот. Ако
на аудио-приклучокот приклучите надворешен уред или слушалки поинакви од оние
што се одобрени за користење со овој уред, обрнете особено внимание на нивото на
гласноста. Некои делови од уредот се магнетни. Металните материјали може да бидат
привлечени кон уредот. Не ставајте кредитни картички или други магнетни медиуми за
чување податоци блиску до уредот, бидејќи информациите што се зачувани на нив може
да бидат избришани.
Некои од додатоците споменати во ова упатство за корисникот, како што се полначот,
слушалките или кабелот за податоци, може да се продаваат одделно.
__Забелешка:__Може да наместите телефонот да бара безбедносна шифра за да ги
заштитите приватноста и личните податоци. Изберете Мени > Поставки > Безбедност
> Заштита на тастатурата > Безбедносна шифра и внесете шифра. Сепак, имајте на ум
дека шифрата ќе мора да ја запомните, бидејќи HMD Global не може да ја отвори или да ја
заобиколи.
ПОСТАВУВАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ
Нано-SIM
Важно: Овој уред е наменет да се користи само со нано SIM-картичка (види слика).
Користењето некомпатибилни SIM-картички може да ја оштети картичката или уредот и
може да ги оштети податоците што се зачувани на картичката.
Забелешка: Пред да отстраните кој било капак, исклучете го уредот и откачете го
полначот и секој друг уред. Избегнувајте допирање на електронските делови при
промена на кој било капак. Секогаш чувајте го и употребувајте го уредот со сите капаци
поставени.
Ако имате телефон со две SIM-картички, слизнете ја SIM-картичката во отворот за SIM1
и втората SIM-картичка во отворот за SIM2. Кога не се користи уредот, достапни се и
двете SIM-картички истовремено, но кога едната SIM-картичка е активна, на пример, при
остварување повик, другата може да биде недостапна.
Совет: За да дознаете дали телефонот може да користи 2 SIM-картички, видете ја
етикетата на продажната кутија. Ако има 2 шифри IMEI на етикетата, имате телефон со
две SIM-картички.
Внесете ја мемориската картичка
1. Слизнете го држачот на мемориската
картичка надолу и отворете го.
Совет: Користете брза microSD мемориска картичка со меморија до 32 GB од познат
производител.
Вклучување на телефонот
Притиснете и држете на .
ПОЛНЕЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но може да е потребно повторно да ја
наполните пред да го користите телефонот.
Полнење на батеријата
1. Приклучете го полначот на приклучок од електричната мрежа.
2. Поврзете го полначот со телефонот. Кога ќе заврши полнењето, откачете го полначот
од телефонот, а потоа од приклучокот на електричната мрежа.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред да се покаже
индикаторот за полнење.
Совет: Може да користите полнење преку USB-кабел кога нема штекер за струја.
Ефикасноста на полнење преку USB-кабел значително варира и може да треба долго
време за да започне полнењето и уредот да започне да функционира.
ТАСТАТУРА
Користење копчињата на телефонот
• За да ги видите апликациите и одликите на телефонот, на почетниот екран изберете
Мени .
• За да одите до некоја апликација или одлика, притиснете го копчето за листање нагоре,
надолу, налево или надесно. За да отворите апликација или одлика, притиснете на
копчето за листање.
• За да се вратите на почетниот екран, притиснете го копчето за завршување.
• За да ја промените гласноста на телефонот за време на повик или кога слушате радио,
1. Изберете Мени > Поставки > Персонализирање > Звуци .
2. Лизгајте до тонот што го сакате и изберете OK .
МЕНУВАЊЕ НА ИЗГЛЕДОТ НА ПОЧЕТНИОТ ЕКРАН
Избор на нова слика на заднина
Може да ја промените заднината на почетниот екран.
1. Изберете Мени > Поставки > Персонализирање > Заднина на заклучен екран >
Слики на заднина .
2. Изберете ја сликата на заднина што ја сакате.
ПРИСТАПНОСТ
Менување на приказот на менито
За да изберете како се прикажува менито со апликации на екранот, изберете Мени
> Поставки > Систем > Преглед на главно мени и изберете 3x3 за истовремено да
гледате 9 апликации во менито или 1x1 за истовремено да гледате 1 апликација. Ако
изберете 1x1 , листајте нагоре или надолу за да се движите помеѓу апликациите.
Внесете ги вашите податоци за итни случаи (ICE)
За да можете да направите СОС-повици, треба да ги внесете вашите податоци за ICE (итни
случаи).
1. Внесете ги личните податоци: изберете Мени > Поставки > Уред >
Податоци за итни случаи > Основни податоци и Важни податоци .
2. Одберете ги контактите до кои ќе се изврши СОС-повик: изберете Мени > Поставки
> Уред > СОС > Контакти за итен случај и изберете ги контактите за итен случај
од вашиот список во именикот. Имајте предвид дека не можете да ги користите
официјалните броеви за итни случаи како контакти за итен случај.
3. Пред да можете да упатувате СОС повици, треба да ги овозможите. Изберете Мени >
Поставки > Уред > СОС > Поставки за SOS и вклучете СОС повик .
Притиснете и држете го копчето за СОС повик неколку секунди. Телефонот ќе го повика
вашиот прв контакт за итен случај. Ако контактот не одговори во рок од 25 секунди,
телефонот ќе го повика следниот контакт и ќе продолжи да ги повикува контактите сѐ
додека некој од нив не одговори на повикот или вие не притиснете на . Забелешка: Кога
некој ќе одговори на СОС повикот, телефонот се префрлува во режим без користење раце.
Не држете го телефонот блиску до увото затоа што гласноста може да биде многу голема.
Можете да ги вратите оригиналните фабрички поставки, но внимавајте, затоа што со тоа се
отстрануваат сите податоци што сте ги зачувале во меморијата на телефонот, како и сите
персонализирања.
Доколку сакате да се ослободите од телефонот, имајте предвид дека вие сте одговорни за
отстранување на сите приватни содржини.
За да го ресетирате телефонот на неговите оригинални поставки и да ги отстраните сите
ваши податоци, на почетниот екран внесете *#7370#. Доколку ви биде побарано, внесете
го безбедносниот код.
Прочитајте ги овие едноставни упатства. Непридржувањето кон нив може да биде опасно
или спротивно на локалните закони и прописи. За повеќе информации, прочитајте го
целосното упатство за корисникот.
ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО ВО ЗОНИ СО ОГРАНИЧУВАЊЕ
Исклучете го уредот кога користењето на мобилни уреди не е дозволено или кога тоа
може да предизвика пречки или опасност, на пример во авион, во болници или во близина
на медицинска опрема, гориво, хемикалии или зони на минирање. Почитувајте ги сите
упатства во зоните со ограничување.
БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТОТ Е НА ПРВО МЕСТО
Почитувајте ги сите локални закони. Рацете секогаш треба да ви бидат слободни за да
управувате со возилото додека возите. Најважната работа додека возите треба да ви биде
безбедноста на патот.
Ако уредот е водоотпорен, видете ја оцената за заштита во техничките спецификации на
уредот за подетални упатства.
ЗАШТИТЕТЕ ГО СЛУХОТ
За да спречите можно оштетување на слухот, не слушајте со голема гласност подолг
период. Обрнете внимание кога го држите уредот блиску до увото додека се користи
звучникот.
SAR
Овој уред ги исполнува упатствата за изложеност на радиофреквентно зрачење кога се
користи во нормална позиција на увото или кога е поставен на растојание од најмалку 1,5
сантиметри (5/8 инчи) од телото. Специфичните максимални вредности за SAR може да
се најдат во делот Информации за сертификација (SAR) што се наоѓа во ова упатство за
корисникот. За повеќе информации, проверете го делот Информации за сертификација
(SAR) што се наоѓа во ова упатство за корисникот или отидете на www.sar-tick.com.
Важно: Не може да се гарантира врска во сите услови. Никогаш не потпирајте се само на
безжичен телефон кога станува збор за битни комуникации, како што се итни медицински
случаи.
Пред воспоставување повик:
• Вклучете го телефонот.
• Ако екранот и копчињата на телефонот се заклучени, отклучете ги.
• Поместете се на место со соодветна јачина на сигналот.
1. Последователно притискајте на копчето за завршување додека не се прикаже
почетниот екран.
2. Внесете го официјалниот број за итен повик кој важи за вашата моментална локација.
Броевите за итни повици се разликуваат според локацијата.
3. Притиснете го копчето за повикување.
4. Дајте ги потребните информации колку што е можно поточно. Не прекинувајте го
повикот додека не добиете дозвола за тоа.
Можеби ќе треба да го направите и следново:
• Да ставите SIM-картичка во телефонот.
• Ако телефонот побара PIN-код, внесете го официјалниот број за итни случаи за вашата
моментална локација и притиснете го копчето за повикување.
• Исклучете ги ограничувањата за повици во телефонот, како што се забрана на повик,
фиксно бирање или затворена корисничка група.
ГРИЖА ЗА УРЕДОТ
Внимателно ракувајте со уредот, батеријата, полначот и додатоците. Следниве предлози
помагаат да го одржите уредот во функција.
• Чувајте го уредот сув. Врнежите,
влажноста и сите видови течности
или влага може да содржат минерали
што предизвикуваат корозија на
електронските кола.
• Не користете го и не чувајте го уредот на
правливи или нечисти места.
• Не чувајте го уредот на висока
температура. Високите температури
може да го оштетат уредот или
батеријата.
• Не чувајте го уредот на ниска
температура. Кога уредот ќе се загрее
до својата нормална температура, во
Nokia 2660 Flip Упатство за корисникот
внатрешноста на уредот може да се
формира влага и да го оштети.
• Не отворајте го уредот на друг начин
освен онака како што е наведено во
упатството за корисникот.
• Неодобрените модификации може да
го оштетат уредот и да ги прекршат
прописите кои важат за радиоуреди.
• Не испуштајте го, не удирајте го и не
тресете го уредот или батеријата.
Грубото ракување може да го скрши.
За време на продолжена работа, уредот може да се загрее. Во најголем број од случаите,
ова е нормално. За да избегнете прегревање, уредот може автоматски да ја забави
работата, да затвори апликации, да го исклучи полнењето или, ако е потребно, самиот да
се исклучи. Ако уредот не работи правилно, однесете го до најблискиот овластен сервис.
• Користете само мека, чиста и сува крпа
за чистење на површината на уредот.
• Не обојувајте го уредот. Бојата може да
спречи правилно функционирање.
• Држете го уредот подалеку од магнети
или магнетни полиња.
• За безбедно чување на важните
податоци, складирајте ги на најмалку
две одделни места, како што се уредот,
мемориска картичка или компјутер, или
запишете ги важните информации.
РЕЦИКЛИРАЊЕ
Секогаш враќајте ги искористените електронски производи, батерии и материјали за
пакување на места наменети за собирање. На овој начин помагате во спречувањето
на неконтролираното отстранување на отпадот и го промовирате рециклирањето
на материјалите. Електричните и електронските производи содржат многу вредни
материјали, вклучувајќи метали (како што се бакар, алуминиум, челик и магнезиум) и
благородни метали (како што се злато, сребро и паладиум). Сите материјали од уредот
можат да се искористат како материјали и енергија.
Симболот со прецртана канта со тркала кој стои на вашиот производ, батерија, литература
или пакување ве потсетува дека сите електрични или електронски производи и батерии
мора да се однесат на место за сортирано собирање на крајот од нивниот работен
век. Не фрлајте ги овие производи како несортиран комунален отпад: однесете ги на
рециклирање. За информации за најблиските места за рециклирање, проверете кај
локалните власти за управување со отпад.
ИНФОРМАЦИИ ЗА БАТЕРИЈАТА И ПОЛНАЧОТ
Информации за батеријата и полначот
За да проверите дали телефонот има батерија што може или што не може да се отстрани,
видете во упатството Почеток.
Уреди со батерија што може да се отстрани Користете го уредот само со оригинална
батерија што може повторно да се полни. Батеријата може да се полни и празни стотици
пати, но на крајот ќе се истроши. Кога времињата за разговор и мирување ќе станат
значително пократки од нормалното, заменете ја батеријата.
Уреди со батерија што не може да се отстрани Не обидувајте се да ја отстраните
батеријата, бидејќи може да го оштетите уредот. Батеријата може да се полни и празни
стотици пати, но на крајот ќе се истроши. Кога времињата за разговор и мирување ќе
станат значително пократки од нормалното, однесете го уредот во најблискиот овластен
сервис за да ви ја заменат батеријата.
Полнете го уредот со компатибилен полнач. Типот на приклучокот на полначот може да се
разликува. Времето на полнење зависи од можностите на уредот.
Безбедносни информации за батеријата и полначот
Откако ќе се наполни уредот, исклучете го полначот и од уредот и од штекерот за струја.
Имајте предвид дека континуираното полнење не треба да трае подолго од 12 часа. Ако не
се користи, целосно наполнетата батерија ќе го изгуби полнењето со текот на времето.
Екстремните температури ги намалуваат капацитетот и работниот век на батеријата. За
оптимални перформанси, секогаш чувајте ја батеријата на температура помеѓу 15°C и
25°C (59°F и 77°F). Уред со жешка или ладна батерија може привремено да не работи.
Имајте предвид дека на ниски температури батеријата може брзо да се празни и да изгуби
доволно енергија за да се исклучи телефонот за само неколку минути. Кога сте надвор на
ниски температури, чувајте го телефонот на топло.
Почитувајте ги локалните прописи. Рециклирајте секогаш кога можете. Не фрлајте ја
батеријата како отпад од домаќинството.
Не изложувајте ја батеријата на исклучително низок воздушен притисок и не оставајте ја на
исклучително висока температура, на пример да ја фрлите во оган, бидејќи така батеријата
може да експлодира или од неа да протече запалива течност или гас.
Во никој случај батеријата не смее да се расклопува, сече, крши, витка, дупчи или на друг
начин да се оштетува. Доколку батеријата протекува, не дозволувајте течноста да ја допре
кожата или очите. Доколку тоа се случи, веднаш исплакнете ги со вода зафатените места
или побарајте медицинска помош. Батеријата не смее да се модифицира, да се ставаат
туѓи објекти во неа, да се потопува или изложува на вода или на други течности. Батериите
можат да експлодираат ако се оштетат.
Батеријата и полначот користете ги само за наменетата цел. Неправилната употреба
или користењето на неодобрени или некомпатибилни батерии или полначи може да
претставуваат ризик од пожар, експлозија или друга опасност и може да поништи какво
било одобрување или гаранција. Ако сметате дека батеријата или полначот се оштетени,
однесете ги во сервисен центар или кај продавачот на телефонот пред да продолжите да
ги користите. Никогаш не користете оштетена батерија или полнач. Полначот користете
го само во затворен простор. Не полнете го уредот за време на грмежи. Ако полначот
не е вклучен во продажното пакување, наполнете го уредот со помош на кабелот за
податоци (приложен) и струен USB-адаптер (се продава одделно). Уредот може да го
полните со кабли од трети страни и адаптери усогласени со стандардот USB 2.0 (или
понов), со важечките прописи во земјата и со меѓународните и регионалните стандарди
за безбедност. Други адаптери може да не бидат усогласени со важечките стандарди за
безбедност, па полнењето со такви адаптери може да претставува ризик од имотна штета
или лична повреда.
За исклучување на полначот или некој додаток, фатете го и повлечете го приклучокот, а не
кабелот.
Освен тоа, ако уредот има батерија што може да се отстрани, важи следново:
• Секогаш исклучувајте го уредот и исклучувајте го полначот пред да ја извадите
батеријата.
• Може да настане случаен краток спој ако метален предмет ги допре металните ленти на
батеријата. Ова може да ја оштети батеријата или другиот предмет.
МАЛИ ДЕЦА
Вашиот уред и неговите додатоци не се играчки. Тие може да содржат мали делови.
Чувајте ги надвор од дофатот на малите деца.
Работата на радиопредавателната опрема, вклучувајќи ги и безжичните телефони, може да
ги попречува несоодветно заштитените медицински уреди. Консултирајте се со лекар или
со производителот на медицинскиот уред за да одредите дали тој е соодветно заштитен од
надворешна радиоенергија.
ИМПЛАНТИРАНИ МЕДИЦИНСКИ УРЕДИ
За да се избегнат можни пречки, производителите на имплантирани медицински уреди
(како што се срцеви пејсмејкери, инсулински пумпи и невростимулатори) препорачуваат
минимално растојание од 15,3 сантиметри (6 инчи) меѓу безжичен уред и медицинскиот
уред. Лицата кои имаат такви уреди треба:
• Секогаш да го држат безжичниот уред на
растојание поголемо од 15,3 сантиметри
(6 инчи) од медицинскиот уред.
• Да не го носат безжичниот уред во џеб
на градите.
• Да го држат безжичниот уред на увото
на спротивната страна од медицинскиот
Ако имате какви било прашања во врска со користењето на вашиот безжичен уред со некој
имплантиран медицински уред, консултирајте се со вашиот давател на здравствена нега.
уред.
• Да го исклучат безжичниот уред доколку
постои каква било причина за сомнеж
дека постојат некакви пречки.
• Да ги следат насоките од
производителот за имплантираниот
медицински уред.
СЛУШАЊЕ
Предупредување: Кога користите слушалки, тоа може да влијае на вашата способност
за слушање надворешни звуци. Не користете ги слушалките онаму каде што можат да ја
загрозат вашата безбедност.
Некои безжични уреди може да попречуваат некои помагала за слушање.
ЗАШТИТЕТЕ ГО ВАШИОТ УРЕД ОД ШТЕТНИ СОДРЖИНИ
Вашиот уред може да биде изложен на вируси и други штетни содржини. Преземете ги
следниве мерки за претпазливост:
• Бидете внимателни кога отворате пораки. Тие може да содржат злонамерен софтвер
или на друг начин да бидат штетни за вашиот уред или компјутер.
• Бидете внимателни кога прифаќате барања за поврзување или при пребарување по
Интернет. Не прифаќајте поврзување преку Bluetooth од извори на кои не им верувате.
• Инсталирајте антивирус и друг безбедносен софтвер на кој било друг поврзан
компјутер.
• Ако пристапувате до претходно инсталирани обележувачи и веб-врски до вебсајтови на трети страни, преземете соодветни мерки на претпазливост. HMD Global не
поддржува или презема одговорност за таквите веб-сајтови.
ВОЗИЛА
Радиосигналите може да влијаат на неправилно инсталирани или несоодветно заштитени
електронски системи во возилата. За повеќе информации, проверете кај производителот
на возилото или неговата опрема. Само овластен персонал треба да го инсталира уредот
во возило. Неправилното инсталирање може да биде опасно и да ја поништи вашата
гаранција. Редовно проверувајте дали целата опрема на безжичниот уред во вашето
возило е правилно поставена и правилно работи. Не чувајте и не пренесувајте запаливи
или експлозивни материјали во истиот оддел со уредот, неговите делови или додатоци. Не
ставајте го уредот или додатоците во зоната на отворање на воздушните перничиња.
ПОТЕНЦИЈАЛНО ЕКСПЛОЗИВНИ СРЕДИНИ
Исклучувајте го уредот во потенцијално експлозивни средини, како во близина на
бензински пумпи. Искрите може да предизвикаат експлозија или пожар коишто може
да резултираат со повреда или смрт. Почитувајте ги ограничувањата во зони со гориво,
хемиски погони или на места каде што се врши минирање. Зоните со потенцијално
експлозивна средина може да не бидат јасно означени. Обично тоа се зони каде што сте
советувани да го исклучите моторот, под палубата на бродовите, објекти за трансфер
или складирање хемикалии и места каде што воздухот содржи хемикалии или честички.
Проверете кај производителите на возила што користат течен нафтен гас (како што се
пропан или бутан) дали овој уред може безбедно да се користи во нивна близина.
ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА (SAR)
Овој мобилен уред ги исполнува упатствата за изложување на радиобранови.
Вашиот мобилен уред е радиопредавател и приемник. Тој е дизајниран да не ги надминува
границите за изложување на радиобранови (радиофреквентни електромагнетни полиња),
препорачани со меѓународните упатства од независната научна организација ICNIRP. Овие
упатства вклучуваат значителни безбедносни маргини наменети да ја осигурат заштитата
на сите лица, без оглед на возраста и здравјето. Упатствата за изложеност се темелат на
специфична стапка на апсорпција (SAR), која го изразува количеството радиофреквентна
(RF) енергија на која се изложува главата или телото кога уредот емитува. Ограничувањето
за SAR на ICNIRP за мобилни уреди е 2,0 W/kg усреднети на 10 грама ткиво.
Тестовите за SAR се изведени со уредот поставен во стандарди позиции на ракување,
емитувајќи на највисокото сертифицирано ниво на моќност, во сите фреквентни опсези.
За максималните вредности за SAR на уредот, погледнете на www.nokia.com/phones/sar.
Овој уред ги исполнува упатствата за изложеност на радиофреквентно зрачење кога
се користи до главата или кога е поставен на растојание од најмалку 5/8 инчи (1,5
сантиметри) од телото. Ако за употреба на телефонот, кога се носи на телото, се користи
футрола за носење, штипка за каиш или друга форма на држач за уредот, тие не треба
да содржат метал и треба да го обезбедуваат барем погоре наведеното растојание на
раздвојување од телото.
За испраќање податоци или пораки, потребна е добра врска со мрежата. Испраќањето
може да се одложи додека таква врска не стане достапна. Следете ги упатствата за
растојанието за раздвојување додека не заврши испраќањето.
При вообичаена употреба, вредностите за SAR обично се многу помали од вредностите
наведени погоре. Тоа е така бидејќи, поради ефикасноста на системот и минимизирањето
на пречките во мрежата, работната моќност на мобилниот телефон автоматски се
намалува кога за повикот не е потребна целосната моќност. Колку е помала излезната
моќност, толку е помала вредноста за SAR.
Моделите на уредите може да имаат различни верзии и повеќе од една вредност. Со тек на
време може да настанат промени во компонентите и дизајнот и некои од тие промени може
да влијаат на вредностите за SAR.
За повеќе информации, одете на www.sar-tick.com. Имајте предвид дека мобилните уреди
може да емитуваат дури и кога не остварувате говорен повик.
Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека тековните научни информации не
укажуваат на потребата за каква било специјална претпазливост при користење мобилни
уреди. Ако сте заинтересирани за намалување на изложеноста, тие препорачуваат да
ја ограничите употребата или да користите комплет за употреба без раце за да се држи
уредот подалеку од главата и телото. За повеќе информации, објаснувања и дискусии
за изложувањето на RF-зрачење, одете на веб-локацијата на СЗО на www.who.int/health-
topics/electromagnetic-fields#tab=tab_1.
ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДИГИТАЛНИ ПРАВА
Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони и локалните обичаи, приватноста и
легитимните права на другите, вклучувајќи ги и авторските права. Заштитата на авторските
права може да ве спречува да копирате, модифицирате или пренесувате фотографии,
музика и други содржини.
АВТОРСКИ ПРАВА И ДРУГИ ИЗВЕСТУВАЊА
Авторски права
Достапноста на производите, одликите, апликациите и услугите може да се разликуваат во
зависност од регионот. За повеќе информации, јавете се на вашиот продавач или давател
на услуги. Овој уред може да содржи производи, технологија или софтвер кои подлежат
на законите и прописите за извоз на САД и на други земји. Забрането е отстапување
спротивно на законот.
Содржините на овој документ се дадени ”такви какви што се”. Освен она што се бара со
применливиот закон, во однос на точноста, сигурноста или содржината на овој документ,
не се даваат никакви гаранции од каков било вид, било изречни или што се подразбираат,
вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на гаранциите што се подразбираат за можноста
за тргување и соодветноста за одредена намена. HMD Global го задржува правото да го
ревидира овој документ или да го повлече во кое било време без претходна најава.
До максималниот степен дозволен со применливиот закон, HMD Global или кој било од
неговите даватели на лиценца во никакви околности нема да бидат одговорни за какво
било губење податоци или приход или за каква било посебна, случајна, последична или
индиректна штета, предизвикана на каков било начин.
Забранета е репродукција, пренос или дистрибуција на дел или на целата содржина на
овој документ во каква било форма, без претходна писмена дозвола од HMD Global. HMD
Global има политика на постојан развој. HMD Global го задржува правото да прави промени
и подобрувања на кој било од производите опишани во овој документ без претходно
известување.
HMD Global не дава никаква изјава, не дава гаранција и не презема никаква одговорност за
функционалноста, содржината или поддршката за крајните корисници за апликациите од
трети страни испорачани со уредот. Со користењето на некоја апликација, прифаќате дека
апликацијата е дадена таква каква што е.
Преземањето мапи, игри, музика и видеозаписи и ставањето слики и видеозаписи може
да вклучи пренос на големи количества податоци. Вашиот давател на услуги може да го
наплати преносот на податоците. Достапноста на одредени производи, услуги и одлики
може да се разликува во зависност од регионот. За повеќе детали и за достапноста на
јазичните опции, проверете кај локалниот продавач.
Одредени одлики, функционалност и спецификации на производот може да зависат од
мрежата и да подлежат на дополнителни одредби, услови и трошоци.
Сите спецификации, одлики и други информации за производот може да се менуваат без
известување.
За вашето користење на уредот се применува политиката за приватност на HMD Global,
достапна на http://www.nokia.com/phones/privacy.
HMD Global Oy има ексклузивна лиценца за брендот Nokia за телефони и таблети. Nokia е
регистрирана трговска марка на Nokia Corporation.
Логоата и трговската марка со зборот Bluetooth се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и
секоја употреба на тие марки од страна на HMD Global е лиценцирана.
Овој производ вклучува софтвер со отворен изворен код. За применливите авторски права
и други известувања, дозволи и потврди, изберете *#6774# на почетниот екран.