Овој производ е произведен со помош на најнова технологија во еколошки услови.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
1 Iважни упатства за безбедноста и околината
Ова поглавје содржи безбедносни упатства и ќе ви помогне да се
заштитите од ризикот за лична повреда или оштетување на имотот.
Непочитувањето на овие упатства ја поништува гаранцијата.
1.1 Општа безбедност
• Овој производ може да го користат деца над 8-годишна возраст
и лица чиишто физички, сетилни или ментални способности не
се целосно развиени или лица кои немаат доволно искуство
или познавања само ако се под надзор на други лице, или ако
се обучени како безбедно да го користат производот и ги знаат
можните ризици. Децата не смее да си играат со производот.
Чистењето и одржувањето не смее никогаш да го вршат деца,
освен ако не се под надзор на одговорно возрасно лице. Децата
под 3 години треба да се држат настана освен ако не се под
постојан надзор.
• Никогаш не ставајте го производот на под што е покриен со тепих.
Недостаток на проток на воздух под машината ќе предизвика
прегревање на електричните делови. Со тоа се предизвикуваат
проблеми со машината.
• Ако производот е дефектен, не треба да се вклучува освен ако не
го поправил овластен сервисер. Постои ризик од електричен удар!
• Овој производ е дизајниран за да продолжи со работа кога ќе
дојде струја по прекин во снабдувањето. Ако сакате да откажете
програма, видете го поглавјето „Откажување програма“.
• Поврзете го производот за заземјен приклучок, заштитен со
осигурувач 16 A. Не занемарувајте го фактот дека мора да
има инсталација со заземјен приклучок извршена од страна на
квалификуван електричар. Нашата компанија нема да биде
одговорна за какви било оштетувања што ќе се појават ако
производот се користел без заземјување во согласност со
локалните регулативи.
• Доводот на вода и цревата за одвод мора да се цврсто затегнати и
неоштетени. Инаку, постои ризик од протекување вода.
• Никогаш не отворајте ја вратата за полнење и не вадете го
филтерот додека има вода во барабанот. Инаку, постои ризик од
поплава и повреда од врела вода.
• Не отворајте ја сосила заклучената врата за полнење. Врата за
полнење ќе биде подготвена за отворање по неколку минути
откако ќе заврши циклусот на перење. Во случај на насилно
отворање на вратата за полнење може да се оштетат вратата и
механизмот за заклучување.
• Исклучете го производот од струја кога не го користите.
• Никогаш не мијте го производот со истурање вода врз него!
Постои ризик од електричен удар!
3 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
• Никогаш не допирајте го приклучокот со мокри раце! Никогаш
не влечете го кабелот, секогаш извлекувајте го со фаќање на
приклучокот.
• Користете детергенти, омекнувачи и додатоци што се соодветни
само за автоматски машини за перење алишта.
• Следете ги упатствата на етикетите на алиштата и на пакувањето
на детергентот.
• Производот мора да биде исклучен од струја при постапки за
монтирање, одржување, чистење и поправка.
• Постапките за монтирање и поправка секогаш мора да ги
извршува овластен сервисер. Производителот нема да биде одговорен
за штети што би се појавиле од постапки што ги спровеле
неовластени лица.
• Ако кабелот за напојување со ел. енергија е оштетен, истиот
мора да биде заменет од производителот, центарот за грижа за
корисници или соодветно квалификувано лице (се претпочита
електричар) или некој што е овластен од увозникот, со цел да се
избегнат можните ризици.
• Ставете го производот на цврста и рамна површина.
• Не ставајте го апаратот на волнени прекривки или слични
површини.
• Не ставајте го производот на висока платформа, во близина на
раб или скалеста површина.
• Не ставајте го производот врз кабелот за струја.
• Никогаш не користете сунѓер или материјали за триење. Така ќе ги
оштетите обоените, хромираните и пластичните површини.
1.2 Наменета употреба
• Овој производ е наменет за домашна употреба. Не е соодветен
за комерцијална употреба и не смее да се користи надвор од
наменетата употреба.
• Производот може да се користи само за перење и плакнење
алишта што се соодветно обележени.
• Производителот ги отфрла сите одговорности што произлегуваат
од неправилна употреба и транспорт.
1.3 Безбедност на децата
• Материјалот од пакувањето е опасен за децата. Чувајте го на
безбедно место и подалеку од дофатот на децата.
• Електричните производи се опасни за децата. Држете ги децата
подалеку од производот додека работи. Не дозволувајте им да
играат со производот. Користете ја функцијата за заштита за деца
за да ги спречите да си играат со производот.
• Не заборавајте да ја затворите вратата за полнење кога ја
напуштате просторијата каде е сместен производот.
• Чувајте ги сите детергенти и адитиви на безбедно место,
подалеку од дофат на деца на тој начин што ќе го затворите
4 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
капакот на садот во кој го чувате детергентот или ќе го залепите
пакувањето со детергент.
Стаклената врата за полнење станува многу врела
кога перете алишта на висока температура. Затоа,
држете ги особено децата подалеку од вратата на
машината додека перете.
1.4 Информации за пакувањето
• Пакувањето се произведува од рециклирачки материјали во
согласност со одредбите за заштита на животната средина на
државно ниво. Не фрлајте го материјалот за пакување заедно со
домашниот или друг отпад. Однесете го во центрите за собирање
материјали за пакување коишто ги посочуваат локалните
овластени тела.
1.5 Фрлање на производот во отпад
• Овој производ е произведен од делови и материјали со висок
квалитет коишто може повторно да се употребат и се соодветни
за рециклирање. Затоа, не фрлајте го производот заедно со
домашниот отпад кога веќе не може да се користи. Однесете
го собирен центар за рециклирање електрична и електронска
опрема. Консултирајте се со локалните овластени тела за да
дознаете каде е најблискиот собирен центар. Помогнете при
заштита на животната средина и природните ресурси со тоа што
ќе ги рециклирате искористените производи. Исечете го кабелот
за напојување и скршете го механизмот за заклучување на
вратата за да не може да работи пред да го фрлите производот за
да ги заштитите децата.
1.6 Усогласеност со законот на ЕУ - WEEE
Овој производ е во согласност со Директивата на ЕУ за
отпад од електронска и електрична опрема (WEEE)
(2012/19/EU). Овој производ го носи симболот за
класификација на отпад од електрична и електронска
опрема (WEEE).
Овој производ е произведен со многу квалитетни делови
и материјали коишто може повторно да се употребат и
се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го стариот
производот заедно со домашниот отпад и со други видови
отпад на крајот на неговиот животен век. Однесете го собирен
центар за рециклирање електрична и електронска опрема.
Консултирајте се со вашите локални власти за да дознаете повеќе
за овие собирни центри.
Усогласеност со Директивата за ограничување на опасни супстанции (RoHS):
Производ што го купивте е во согласност со Директивата на ЕУ
за ограничување на опасни супстанции (RoHS) (2011/65/EУ). Не
содржи опасни и забранети материјали наведени во Директивата.
5 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
2 Монтирање
Обратете се на најблискиот овластен сервисер
за инсталација на производот. Погледнете ги
информациите во упатството за корисникот
и проверете дали струјата, доводот за вода и
системот за испуштање вода се соодветни за
да го подготвите производот за работа и пред
да го повикате овластениот сервисер. Ако нема
соодветни услови, повикајте квалификуван
техничар и водоводџија за да ги завршат
неопходните подготовки.
Подготовката на локацијата и инсталацијата
на струјата, водата и одводот на местото за
C
инсталација се одговорност на потрошувачот.
Проверете дали доводот за вода, одводните
црева и електричниот кабел се превиткани,
престапнати или притиснати кога го буткате
производот на своето место по инсталацијата
или чистењето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Инсталацијата и
електричните поврзувања на производот
B
мора да ги спроведе овластен сервисер.
Производителот нема да биде одговорен за
штети што би се појавиле од постапки што ги
спровеле неовластени лица.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред
инсталацијата, проверете визуелно дали
A
производот има дефекти. Ако има, не
инсталирајте го. Оштетените производи
претставуваат ризик за безбедноста.
2.1 Соодветна локација за монтирање
• Поставете ја машината на цврст под. Не
ставајте ја на волнени прекривки или слични
површини.
• Вкупната тежина на машината за перење и на
сушалната - со целосно оптоварување - кога се
поставени една врз друга, достигнува околу 180
килограми. Ставете го производот на цврст и
рамен под што има задоволителен капацитет на
носивост!
• Не ставајте го производот врз кабелот за струја.
• Не монтирајте го производот на места каде
температурата може да падне под 0º C.
• Ставете го производот најмалку 1 cm оддалечен
од рабовите на друг мебел.
2.2 Вадење на потпорите во пакувањето
Закосете ја машината наназад за да ги извадите
потпорите во пакувањето. Отстранете ги
потпорите во пакувањето со извлекување на
лентата.
2.3 Вадење на транспортните брави
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не вадете ги
транспортните брави пред да ги извадите
A
потпорите во пакувањето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Извадете ги
навртките за безбеден транспорт пред да ја
вклучите машината! Инаку, производот ќе
се оштети.
1. Олабавете ги сите навртки со соодветен клуч
додека не започнат слободно да се вртат
2. Извадете ги навртките за безбеден транспорт
со тоа што ќе ги одвртите внимателно.
3. Поставете ги пластичните капаци што се
доставени во вреќичка со Упатството за
корисникот во отворите на задниот панел.
Чувајте ги навртките за безбеден транспорт
на сигурно место ако треба повторно да ги
C
употребите кога машината за перење ќе треба
да се премести.
Никогаш не поместувајте го уредот без
правилно поставени навртки за безбеден
транспорт!
(C).
(P)
2.4 Поврзување на доводот за вода
Притисокот на водата од доводот што е
потребен за да работи машината мора да
C
биде меѓу 1-10 бари (0.1 – 1 MPa). Неопходно
е најмалку 10-80 литри вода да течат од
целосно отворената славина во една минута
за да работи машината без проблеми. Додајте
вентил за намалување на притисокот, ако е
повисок.
Ако користите двоен довод на вода како
единична единица за
пред да започнете со употреба на производот,
мора да поставите стопер којшто е доставен
со машината кај вентилот за топла вода.
(Се однесува за производите кои што се
доставуваат со група слепи стопери).
(ладна) доводна вода,
6 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Моделите со
единичен довод за вода не треба да се
A
поврзуваат со славина за топла вода. Во
тој случај, алиштата ќе се оштетат или
производот ќе се префрли во заштитен
режим и нема да работи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете стари
или користени црева за довод на вода на
новиот производ. Може да се предизвика
флекање на алиштата.
1. Поврзете ги специјалните црева што се
доставуваат со производот, со вентилите за
довод на вода на производот. Црвеното црево
(лево) (макс. 90º C) е за довод на топла вода,
синото црево (десно) (25 ºC) е за довод на ладна
вода.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Проверете дали
приклучоците за топла и ладна вода се
A
правилно поставени кога се инсталира
машината. Инаку, алиштата ќе бидат врели по
перењето и излитени.
2. Затегнете ги сите навртки на цревата со
рака. Никогаш не користете алат за нивно
затегнување.
3. Отворете ги славините докрај по поставување
на цревата за да проверите дали протекува
вода на точките на поврзување. Ако има
протекување, затворете ја славината и
извадете ја навртката. Затегнете ја одново
внимателно по проверка на заштитата.
Затворајте ги славините кога не ја користите
машината за да спречите протекување на
водата и оштетувања.
2.5 Поврзување за одвод
• Крајот на цревото за одвод мора директно да
се поврзе со одвод за отпадна вода или со
мијалник.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Куќата ќе се
поплави ако цревото излегува од лежиштето
A
при испуштање на водата. Уште повеќе,
постои ризик од попарување заради
високите температури при перење! За
спречување на овие ситуации и за да
обезбедите непречен довод и одвод на
водата од машината, фиксирајте го крајот на
цревото за одвод цврсто за да не може да
излегува.
• Цревото мора да се прицврсти на висина од
најмалку 40 cm, а најмногу од 100 cm.
• Во случај кога цревото се подига по
поставувањето на ниво на под или близу
до подот (помалку од 40 cm над подот),
исфрлањето на водата се отежнува и алиштата
ќе бидат повлажни. Затоа, следете ги висините
што се посочени на сликата.
100cm
40cm
• За да спречите нечистата вода да се враќа во
машината и за да обезбедите лесно испуштање,
не потопувајте го крајот на цревото во нечиста
вода и не внесувајте го во одводот повеќе од 15
cm. Ако е многу долго, скратете го.
• Крајот на цревото не смее да биде превиткано,
нагазено ниту притиснато меѓу одводот и
машината.
• Ако должината на цревото е многу кратка,
додајте оригинално црево за продолжување.
Должината на цревото не смее да биде
поголема од 3,2 m. За да избегнете дефекти
од протекување на вода, врската меѓу цревото
за продолжување и одводното црево на
производот мора да биде добро направена, со
соодветни стегачи за да не се раздвојат и да не
протекува.
2.6 Прилагодување на ногалките
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се обезбеди
производот да работи тивко и без вибрации,
A
тој мора да стои рамно и избалансирано
на ногарките. Наместете ја машината
со прилагодување на ногарките. Инаку,
производот може да се поместува и да
предизвика кршење и вибрации.
1. Рачно разлабавете ги стегнатите навртки на
ногалките.
2. Прилагодувајте ги ногалките додека производот
не застане рамно и стабилно.
3. Затегнете ги сите навртки за стегање со рака.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете
алати за да ги разлабавите завртените
A
навртки. Инаку, машината ќе се оштети.
2.7 Поврзување на електриката
Поврзете го производот за заземјен приклучок,
заштитен со осигурувач 16 A. Нашата компанија
7 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
нема да биде одговорна за какви било
оштетувања што ќе се појават ако производот
се користел без заземјување во согласност со
локалните регулативи.
• Поврзувањето мора да биде усогласено со
државните регулативи.
• Приклучокот за ел. енергија мора да биде на
дофат по монтирањето.
• Ако тековната вредноста на осигурувачот или
на прекинувачот во куќата е помала од 16
ампери, повикајте квалификуван електричар да
постави осигурувач од 16 ампери.
• Дадениот напон во поглавјето „Технички
спецификации“ мора да биде еднаков на
напонот на струјата во штекерот.
• Не поврзувајте преку продолжени кабли или
повеќенаменски приклучоци.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Оштетените
кабли за струја мора да ги замени овластен
B
сервисер.
Транспорт на производот
1. Исклучете го производот од струја пред
транспортот.
2. Извадете ги поврзувањата за цревата за довод
и одвод на вода.
3. Испуштете ја целата вода што останала во
производот.
4. Поставете ги навртките за безбеден транспорт
по обратен редослед од постапката за вадење.
Никогаш не поместувајте го уредот без
правилно поставени навртки за безбеден
C
транспорт!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Материјалот од
пакувањето е опасен за децата. Чувајте го
A
на безбедно место и подалеку од дофатот
на децата.
3 Подготовка
3.1 Сортирање на алиштата
• Сортирајте ги алиштата според видот
ткаенината, бојата и степенот на извалканост, и
дозволената температура на водата.
• Секогаш почитувајте ги упатствата што се
дадени на етикетите на облеката.
3.2 Подготовка на алиштата за перење
• Алиштата со метални предмети како што се
шноли, копчиња на каиши и метални копчиња
ќе ја оштетат машината. Тргнете ги металните
делови или перете ги алиштата ставени во
вреќичка за перење или во навлака за перница.
• Извадете ги сите предмети од џебовите,
како што се монети, пенкала или спојници и
превртете ги џебовите наопаку и исчеткајте
ги. Таквите предмети може да го оштетат
производот и да предизвикуваат проблем со
бучава.
• Ставете ги малите алишта, како што се
бебешките чорапчиња или најлонските чорапи
во вреќичка за перење или во навлака за
перница.
• Ставете ги завесите внатре без да ги
притискате. Извадете ги деловите за
закачување на завесите.
• Закопчајте ги патентите, зашијте ги
разлабавените копчиња и искинатите делови на
алиштата.
• Перете ги производите со етикети „може да се
пере во машина“ или „рачно перење“ само на
соодветна програма.
• Не перете обоени и бели алишта заедно. Нови,
темно обоени памучни ткаенини може да
испуштат многу боја. Исперете ги засебно.
• Тврдокорните дамки мора да се третираат
соодветно пред перење. Ако не сте сигурни,
прашајте некој во хемиско чистење.
• Користете само разменувачи на бои и
отстранувачи на бигор соодветни за машини
за перење. Секогаш следете ги упатствата на
пакувањето.
• Перете ги пантолоните и деликатните алишта
превртени наопаку.
• Чувајте ги алиштата од ангорска волна во
замрзнувач неколку часа пред перење. Така ќе
се намали литењето.
• Алиштата на коишто има материјали како
брашно, прашина од бигор, млеко во прав, итн.
мора прво да се истресат пред да се стават во
машината. Таквиот прав на алиштата може со
време да се налепи на внатрешните делови на
машината и да предизвика оштетувања.
3.3 Работи што треба да се
направат за заштеда на струја
Следниве информации ќе ви помогнат да го
користите производот на еколошки и штедлив
начин.
• Вклучувајте го производот со најголемиот
капацитет што го дозволува избраната
програма, но не преполнувајте го. Видете
„Табела за програми и потрошувачка“.
• Секогаш следете ги упатствата на пакувањето
на детергентот.
• Перете ги малку извалканите алишта на ниски
температури.
8 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
• Користете побрзи програми за мали количина на
малку извалкани алишта.
• Не користете предперење и високи температури
за алишта што не се многу валкани или што
немаат дамки.
• Ако планирате да ги сушите алиштата во
сушална, изберете ја најголемата брзина за
центрифугата што се препорачува за тој циклус
на перење.
• Не користете повеќе детергент од количината
што се препорачува на пакувањето на
детергентот.
3.4 Прва употреба
Пред да го вклучите производот, проверете дали
сите подготовки се направени во согласност со
упатствата во поглавјата „Важни безбедносни
упатства“ и „Инсталација“.
Прво вклучете ја програмата за чистење на
барабанот за да ја подготвите машината за
перење алишта. Ако машианата нема програма
за чистење на барабанот, пуштете ја постапката
при прва употреба во согласност со методите
опишани во поглавјето „5.2 Чистење на вратата и
барабанот“ во ова упатсво за корисникот.
Користете средство против бигор што е
соодветно за машини за перење.
C
Останала малку вода во машината заради
процесот за контрола на квалитетот во
производството. Не е штетно за производот.
3.5 Правилен капацитет на полнење
Максималниот капацитет за полнење зависи од
видот на алиштата, степенот на извалканост и
саканата програма за перење.
Машината автоматски ја прилагодува количината
вода во согласност со тежината на ставените
алишта.
предупредување: Следете ги информациите
во „Табелата за програми и потрошувачка“.
A
Кога е преоптоварена, резултатите од
перењето може да опаднат. Понатаму, може да
се појават проблеми со бучава и вибрации.
3.6 Полнење со алишта
1. Отворете ја вратата за полнење.
2. Ставете ги алиштата слободно во машината.
3. Притиснете ја врата за да се затвори. Треба
да слушнете звук на заклучување. Проверете
дали некое парче од облеката се зафатило за
вратата.
Вратата за полнење е заклучена додека работи
програма. Вратата може да се отвори само по
C
извесно време откако ќе заврши програмата.
предупредување: Во случај на погрешно
ставени алишта, се појавуваат проблеми со
A
бучава и вибрации во машината.
3.7 Користење детергент и омекнувач
Кога користите детергент, омекнувач, штирак,
фабричка боја, избелувач или отстранувач
C
на бигор, прочитајте ги упатствата на
производителот на пакувањето внимателно
и следете ги вредностите за дозирање.
Користете капаче со мерки ако има.
Фиока за детергент
Фиоката за детергент се состои од три дела:
– (1) за претперење
– (2) за главно перење
– (3) за омекнувач
- (*) понатаму, има и дел со сифон во одделот за
омекнувачот.
1
2
3
Детергент, омекнувач и други средства за
чистење
• Додајте детергент и омекнувач пред да ја
вклучите програмата за перење.
• Никогаш не оставајте ја фиоката за детергент
отворена додека работи програмата за перење!
• Кога користите програма без претперење,
не ставајте детергент во преградата за
претперење (преграда бр. "1").
• Кога користите програма со претперење, не
ставајте течен детергент во преградата за
претперење (преграда бр. "1").
• Не избирајте програма со претперење ако
користите вреќичка или топка со детергент.
Ставете ги топката или вреќичката со детергент
директно меѓу алиштата во машината.
• Ако користите течен детергент, не заборавајте
да ставите капаче со течен детергент во
преградата за главно перење (преграда бр. "2").
Избор на вид детергент
Видот детергент што ќе се користи зависи од
видот и бојата на ткаенините.
• Користете различни детергенти за обоени и
бели алишта.
• Перете ги деликатните алишта само со
специјални детергенти (течен детергент,
шампон за волна, итн.) што се користат само за
деликатни алишта.
• Се препорачува употреба на течен детергент за
перење темно обоени алишта или прекривки.
• Перете волна со специјални детергенти
изработени специјално за волна.
предупредување: Користете само детергенти
што се специјално произведени за машини за
A
перење.
предупредување: Не користете сапун во прав.
9 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
Прилагодување на количината детергент
Количината на детергентот за перење што треба
да се употреби зависи од количината на алиштата
за перење, степенот на извалканост и тврдоста на
водата.
• Не користете количини коишто ги надминуваат
количините за дозирање што се препорачани
на пакувањето за да избегнете проблеми со
прекумерна пена, лошо плакнење, а исто така и
заради финансиски заштеди и конечно, заради
заштита на животната средина.
• Користете помалку детергент за мали количини
или малку извалкани алишта.
Употреба на омекнувачи
Истурете омекнувач во преградата за омекнувач
во фиоката за детергент.
• Не надминувајте го нивото (>max<) што е
означено во преградата за омекнувачот.
• Ако омекнувачот ја загубил течната состојба,
растворете го со вода пред да го ставите во
фиоката за детергент.
Употреба на течни детергенти
Ако производот содржи капаче за течен
детергент:
• Проверете дали сте го ставиле капачето со
течен детергент во преградата бр. "2".
• Ако течниот детергент ја загубил течната
состојба, растворете го со вода пред да го
ставите во капачето за детергент.
Многу
извалкани
(тврдокорни
дамки како
масло, кафе,
овошје и крв.)
Нормално
извалкани
(На пример
дамки од
телото на
Ниво на извалканост
јаките и на
манжетните)
Малку
извалкани
(Нема
видливи
дамки.)
Многу
извалкани
Нормално
извалкани
Ниво на извалканост
Малку
извалкани
Алишта
Светли бои и бели алишта
(Препорачан опсег на температура
врз основа на нивото на
извалканост: 40-90 °C)
Можеби ќе треба да ги третирате
дамките пред да ги ставите
на перење или да вклучите и
предперење. Детергентите во
прашок и течните детергенти што
се препорачуваат за бели алишта
може да се користат во дози што
се препорачани за многу извалкани
алишта. Се препорачува да се
користат детергенти во прашок за
да се исчистат дамки од глина и
земја и за дамки што се осетливи
на избелувачи.
Детергентите во прашок и
течните детергенти што се
препорачуваат за бели алишта
може да се користат во дози што
се препорачани за нормално
извалкани алишта.
Детергентите во прашок и
течните детергенти што се
препорачуваат за бели алишта
може да се користат во дози што се
препорачани за малку извалкани
алишта.
Бои
(Препорачан опсег на температура
врз основа на нивото на
извалканост: студено -40 °C)
Детергентите во прашок и
течните детергенти што се
препорачуваат за алишта во боја
може да се користат во дози што
се препорачани за многу извалкани
алишта. Се препорачува да се
користат детергенти во прашок
за да се исчистат дамки од
глина и земја и за дамки што се
осетливи на избелувачи. Користете
детергенти без избелувач.
Детергентите во прашок и
течните детергенти што се
препорачуваат за алишта во боја
може да се користат во дози што
се препорачани за нормално
извалкани алишта. Користете
детергенти без избелувач.
Детергентите во прашок и
течните детергенти што се
препорачуваат за алишта во боја
може да се користат во дози што се
препорачани за малку извалкани
алишта. Користете детергенти без
избелувач.
10 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
Алишта
Темни бои
(Препорачан опсег на температура
врз основа на нивото на
извалканост: студено -40 °C)
Течните детергенти што се
Многу
извалкани
Нормално
извалкани
Малку
Ниво на извалканост
извалкани
препорачуваат за алишта во боја и
темни алишта може да се користат
во дози што се препорачани за
многу извалкани алишта.
Течните детергенти што се
препорачуваат за алишта во боја и
темни алишта може да се користат
во дози што се препорачани за
нормално извалкани алишта.
Течните детергенти што се
препорачуваат за алишта во боја и
темни алишта може да се користат
во дози што се препорачани за
малку извалкани алишта.
Деликатни алишта / волна /
свила
(Препорачан опсег на температура
врз основа на нивото на
извалканост: студено -30 °C)
Претпочитајте течни детергенти
Многу
извалкани
Нормално
извалкани
Малку
Ниво на извалканост
извалкани
што се произведени за деликатни
алишта. Волнените и свилените
алишта мора да се перат со
специјални детергенти за волна.
Претпочитајте течни детергенти
што се произведени за деликатни
алишта. Волнените и свилените
алишта мора да се перат со
специјални детергенти за волна.
Претпочитајте течни детергенти
што се произведени за деликатни
алишта. Волнените и свилените
алишта мора да се перат со
специјални детергенти за волна.
Ако производот содржи капаче за течен
детергент:
• Не користете течен детергент за предперење со
програма за предперење.
• Течниот детергент ги флека алиштата кога се
користи со функцијата за одложено вклучување.
Ако ја користите функцијата за одложено
вклучување, не користете течен детергент.
Употреба на детергент во гел и таблети
Следете ги следните совети кога користите
детергенти во таблети, гел и слично.
• Ако густината на детергентот во гел е течна, а
машината не содржи специјално капаче за течни
детергенти, ставете го детергентот во гел во
преградата за главно перење кога машината ќе
зема вода за првпат. Ако машината има капаче
за течен детергент, наполнете го капачето со
детергент пред да ја вклучите програмата.
• Ако густината на детергентот во гел не е течна
или има форма на таблета со течен детергент,
ставете го директно во барабанот пред
перењето.
• Ставете го детергентот во таблети во
преградата за главно перење (преграда бр. „2“)
или директно во барабанот пред перење.
Детергентите во таблети може да остават
траги во одделот за детергент. Ако се случи
C
тоа, ставајте ја таблетата со детергент меѓу
алиштата, близу до долниот дел на барабанот
во идните перења.
Користете детергент во гел или таблети без да
ја изберете функцијата за предперење.
Користење штирак
• Додајте течен штирак, штирак во прав или
фабричка боја во одделот за омекнувачот.
• Не користете омекнувач и штирак заедно при
перењето.
• Избришете ја внатрешноста на машината со
влажна и чиста крпа по употреба на штирак.
Употреба на белила
• Изберете програма со претперење и додајте
агенс за избелување на почетокот на
претперењето. Не ставајте детергент во
одделот за предперење. Како алтернатива,
изберете програма со дополнително плакнење и
додајте агенс за избелување додека машината
зема вода во одделот за детергент за време на
првиот чекот на плакнење.
• Не користете агенси за избелување и детергент
заедно.
• Употребете само мала количина (околу 50 ml)
на агенс за белење и исплакнете ги алиштата
многу добро бидејќи може да се предизвика
иритација на кожата. Не ставајте избелувач на
алиштата и користете го за обоени алишта.
• Кога користите кислородни белила, изберете
програма што пере на пониска температура.
• Оксигенските агенси за белење може да се
користат заедно со детергент. Сепак, ако
густината не е иста со онаа на детергентот,
ставете прво детергент во преградата за
детергент бр. "2" во фиоката за детергент и
почекајте додека детергентот не истече кога
машината зема вода. Додајте го избелувачот во
истиот оддел додека машината уште зема вода.
Употреба на отстранувач на бигор
• Ако е потребно, користете средства за
отстранување бигор што се специјално
произведени само за машини за перење.
11 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
4 Ракување со производот
4.1 Контролен панел
123
1 - Регулатор за избор на програма (најгорна
позиција вклучување/исклучување)
2 - Екран
3 – Индикатор за одложено вклучување
4 - Индикатор за следење на програмата
4.2 Подготовка на машината
1. Проверете дали цревата се цврсто поврзани.
2. Вклучете ја машината во струја.
3. Отворете ја славината докрај.
4. Ставете ги алиштата во машината.
5. Ставете детергент и омекнувач за ткаенини.
4.3 Избор на програми и совети
за ефикасно перење
1. Изберете ја програмата што е соодветна за
видот, количината и степенот на извалканост
на алиштата во согласност со „Табелата за
програми и потрошувачка“ и табелата за
температури што се прикажани подолу.
2. Изберете ја саканата програма со копчето за
избор на програма.
4.4 Главни програми
Користете ги следните главни програми во
зависност од видот ткаенина.
• Памук
Користете ја оваа програма за памучни алишта
(како што се креветски чаршави, јоргански
навлаки и навлаки за перници, крпи, бањарки,
долен веш, итн.). Алиштата ќе се исперат со
жестоки движења во подолг циклус на перење.
• Синтетика
Користете ја оваа програма за перење алишта
со синтетика (кошули, блузи, мешано синтетика
/ памук, итн.). Пере со благи движења и има
пократок циклус на перење споредено со
програмата за памук.
За завеси и тул, користете ја програмата
Синтетика 40°C со избрани функции за
предперење и против туткање. Перете ги завесите
/ тулот ставајќи мала количина на детергент
во одделот за главно перење бидејќи нивната
мрежеста структура создава прекумерно пенење.
Не ставајте детергент во одделот за предперење.
12 / MK
4
5678
5 - Копче за вклучување / паузирање
6 - Копчиња за дополнителни функции
7 - Копче за прилагодување на брзината на
центрифугата
8 - Копче за прилагодување на температурата
• Волна
Користете ја оваа програма за перење волнени
алишта. Изберете ја соодветната температура што
е посочена на етикетата на алиштата. Користете
соодветни детергенти за волнени алишта.
„Циклусот за перење волна кај оваа
машина е одобрен од компанијата The
Woolmark Company за перење волнени
производи што можат да се перат во
машина, под услов производите да се
перат според упатствата на етикетата на
облеката и според упатствата што ги дава
производителот на оваа машина за перење
алишта. M1426”
„Трговската марка Woolmark е потврдена
трговска марка во Обединетото кралство,
Хонгконг и Индија.”
4.5 Дополнителни програми
Достапни се и дополнителни програми на
машината за специјални случаи.
Дополнителните програми може да се
разликуваат во зависност од моделот на
C
машината.
• Памук економично
Кога перете нормално извалкани памучни и
ленени алишта со оваа програма, можете да
постигнете поголема заштеда на струја и вода во
споредба со другите програми за памучни алишта.
Реалната температура на водата може да се
разликува од наведената температура на перење.
Кога перете помала количина алишта (на пр.
половина од капацитетот или помалку) траењето
на програмата може автоматски да се намали при
последните фази на програмата. Во ваков случај,
потрошувачката на струја и вода ќе се намали
за да се постигне поекономично перење. Оваа
функција е обезбедена кај моделите со индикатор
за преостанато време.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
• BabyProtect (Грижа за бебиња)
Ова е програма што трае долго и што можете да ја
користите за анти-алергиско и хигиенско перење
алишта на високи температури, со интензивен и
долг циклус на перење.
• Деликатно 20°
Со оваа програма можете да ги перете вашите
деликатни алишта. Пере со нежни движења без
какво било посредно центрифугирање споредено
со програмата за синтетика. Треба да се користи за
алишта за кои е препорачано деликатно перење.
• Рачно перење
Користете ја оваа програма за перење волнени /
деликатни алишта што ја носат етикетата „да не
се пере во машина“ и за кои се препорачува рачно
перење. Алиштата се перат со многу благи движења
за да не се оштетат.
• Мини
Користете ја оваа програма за перење малку
извалкани алишта за кратко време.
• Супер-кратко експресно
Користете ја оваа програма за перење мала
количина на малку извалкани алишта за кратко
време. Алиштата ќе се исперат на 30°C за краток
период од приближно 14 минути.
• Перење темни алишта
Користете ја оваа програма за перење на темно
обоените алишта или алишта што не сакате да
избледат. Перењето се одвива со малку механички
дејствија на ниски температури. Се препорачува да
се користи течен детергент или шампон за волна за
темно обоените алишта.
• Мешано 40 (Mix 40)
Користете ја оваа програма за перење памучни и
синтетички алишта заедно без да ги сортирате.
• Кошули
Користете ја оваа програма за перење кошули од
памук, синтетика и алишта што содржат синтетика
заедно.
• Hygiene 20°
Оваа програма користете ја за алишта што треба да
се перат при пониска температура со интензивен и
долг циклус на перење. Оваа програма користете
ја за алишта што треба да се перат на хигиенски
начин при пониска температура.
4.6 Специјални програми
Изберете некоја од следниве програми за
специфични примени.
Индикативни вредности за програмите за синтетика
• Плакнење
Користете ја оваа програма кога сакате да
плакнете или да штиркате засебно.
• Вртежи + испуштање вода
Користете ја оваа програма за примена на
дополнителен циклус на центрифугирање
на алиштата или за испуштање на водата од
машината.
Пред избирање на оваа програма, изберете ја
саканата брзина на центрифугата и притиснете
го копчето „Start/Pause“ (вклучување/паузирање).
Прво, машината ќе ја испушти водата. Потоа, ќе
ги изврти алиштата со поставената брзина на
центрифугата за да ја исцеди водата од нив.
Ако сакате да ја исцедите водата без
центрифугирање на алиштата, изберете ја
програмата Пумпа+центрифуга и потоа изберете
ја функцијата Без центрифуга преку копчето за
прилагодување на брзината на центрифугата.
Притиснете го копчето за вклучување / паузирање.
Користете помала брзина на центрифугата за
деликатни алишта.
C
4.7 Избор на температура
Секогаш кога ќе се избере нова програма,
максималната температура за таа програма ќе се
појави на индикаторот за температура.
Притиснете го копчето за прилагодување на
температурата за да ја намалите. Температурата ќе
се намалува постепено.
Може да ја смените температурата без да
ја префрлите машината во режим за пауза
C
ако програмата не влегла во фазата на
загревање.
4.8 Избор на брзина
Секогаш кога ќе се избере нова програма,
максималниот број вртежи на центрифугата за
избраната програма се прикажува на индикаторот
за број на вртежи.
За намалување на бројот на вртежите, притиснете
го копчето за прилагодување на вртежите на
центрифугата. Брзината на вртежите се намалува
постепено. Потоа, во зависност од моделот на
производот, опциите за „Задржано плакнење“
и „Без центрифуга“ се појавуваат на екранот.
Погледнете го поглавјето „Избор на дополнителни
функции“ каде се објаснувањата за овие опции.
Може да ја смените температурата без да ја
префрлите машината во режим за пауза ако
C
програмата не влегла во фазата на вртење.
Преостаната влажност
(%) **
Тежина (кг)
Синтетика 60
Синтетика 40
* Времето за перење според избраната програма може да се види на екранот на машината. Нормално е да се појават мали разлики
меѓу времето што се прикажува на екранот и вистинското време за перење.
** Вредностите за преостаната влажност може да се разликуваат согласно избраната брзина на центрифугата.
4601.0001:504540
4600.5801:404540
13 / MK
Потрошувачка
на вода (л)
Потрошувачка
на струја (kWh)
Времетраење
на програмата
(мин) *
≤ 1000 rpm> 1000 rpm
Преостаната влажност
(%) **
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
4.9 Табела за програми и потрошувачка
MK
Програма
Памук економично
Памук
Синтетика
Мини
Супер-кратко експресно302500.111400••Ладно-30
Перење темни алишта404750.63800*•Ладно-40
Mix40404600.70800•••••••Ладно-40
Рачно перење 201.5350.1860020
Волна 402540.35600••Ладно-40
Кошули604851.29600•••*••Ладно-60
BabyProtect (Грижа за бебиња)9081002.601600•*••30-90
Hygiene 20°204980.421600*••20
Деликатно 20°204450.15600••••20
• : Се избира
* : Automatically selected, not cancellable.
** : Програма со ознаки за енергија (EN 60456 Из. 3)
*** : Ако максималната брзина на вртежите на машината е помала од оваа вредност, може да избирате само до
максималниот број на вртежи на центрифугата.
- : Видете го описот на програмата за максимално полнење.
** “Памук еко 40°C и Памук еко 60°C се стандардни програми.” Овие програми се познати како
„Стандардна програма за памук на 40°C“ и „Стандардна програма за памук на 60°C“ и на таблата се
прикажани со симболите
Потрошувачката на вода и ел. енергија може да варира во зависност од промените во притисокот на
водата, тврдината на водата и температурата, од амбиенталната температура, видот и количината на
C
алиштата, од изборот на дополнителните програми и од промените во волтажата.
Времето за перење според избраната програма може да се види на екранот на машината. Нормално
е да се појават мали разлики меѓу времето што се прикажува на екранот и вистинското време за
перење.
Дополнителните функции на табелата може да се разликуваат зависно од моделот на машината.
„Производителот може да го смени изборот на дополнителните функции. Може да се додадат нови
избори или да се отстранат постојните.“
„Брзината на центрифугата на машината може да се менува зависно од програмите, но оваа брзина не
може да ја надмине максималната брзина на машината.“
31
Макс. оптоварување
Потрошувачка на вода (л.)
Потрош.на енергија (kWh)
Макс. брзина***
60**8531.071600•40-60
60**4480.701600•40-60
40**4480.681600•40-60
908802.601600•••••••Ладно-90
608801.801600•••••••Ладно-90
408800.901600•••••••Ладно-90
604601.00800•••••••Ладно-60
404600.58800•••••••Ладно-60
908702.201400••Ладно-90
608701.131400••Ладно-90
308700.311400••Ладно-90
Дополнителни функции
Предперење
Брзо
Дополнително плакнење
Без гужвање
Одложено плакнење
Опсег за избор на
температура во °C
Киснење
Отстранување влакна од галеничиња
14 / MK
Loading...
+ 30 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.