За перформанси на фотоапаратот за
отпорност на вода, прашина и шок
Овој фотоапарат е отпорен на вода, прашина и шок. Штета
предизвикана од неправилна употреба или злоупотреба не е покриена
од страна на гаранцијата.
• Овој фотоапарат отпорноста на вода/прашина е еквивалентно на
EC60529 IP68. Фотоапаратот работи во вода до длабочина од 10 m
(33 ft.) околу 60 минути.
• Фотоапаратот не го изложувајте под голем притисок од вода, како на
пр. од чешма.
• Не го користите покрај топли извори.
• Фотоапаратот користете го на препорачаната температура од
0°C do +40°C (32 °F do 104 °F).
• За перформансите за отпорност на шок, овој производ го помина
тестирањето кое е во согласност со MIL-STD 810F Метода 516.5-Шок
(тест метода за шок од страна на Министерството за одбрана на САД),
со пуштање на овој производ од висина 1.5 m (5 ft.) на 5-cm (2 инчи) на
дебела иверица*.
* Во зависност од состојбата и условите на употреба, не се гарантира за
оштетување, дефект или перформансите за отпорност на вода на
фотоапаратот.
• Што се однесува до перформансите за отпорност на прашина/шок,
нема гаранција дека фотоапаратот ќе биде изгребан или вдлабнат.
• Понекогаш перформансите за отпорност на вода се губат ако
фотоапаратот е изложен на силен удар. Ние препорачуваме
фотоапаратот да го однесете на поправка кај овластен сервис.
• Испорачаните додатоци не се отпорни на вода, прашина или шок.
Забелешки пред да го користите фотоапаратотпод/во близина на
вода
• Внимавајте да не влезе надворешен предмет,како
на пр. песок, коса или нечистотија во капакот за
батерија/мемориска картичка или во капакот за
повеќенаменски приклучок. Ако влезе и мала
количина може да доведе вода да навлезе
во фотоапаратот.
• Проверете случајно да не се изгребани дихтунгот
и неговото лежиште. Дури и мала гребаница може
да доведе водата да влезе во фотоапаратот.Ако
дихтунгот и неговото лежиште случајно се
изгребат, фотоапаратот однесете го на поправка кај овластен сервис.