додека клима уредот не работи............................... 13
8.2Решавање проблеми врз основа на шифри за грешка ........ 13
1Општи безбедносни
предупредувања
1.1За документацијата
▪ Оригиналната документација е напишана на англиски јазик.
Сите други јазици се преводи.
▪ Предупредувањата опишани во овој документ опфаќаат многу
важни теми, следете ги внимателно.
▪ Инсталацијата на системот и сите активности опишани во
упатството за инсталација и референтниот прирачник за
инсталатер МОРА да се извршат од овластен инсталатер.
1.1.1Значење на предупредувања и симболи
ОПАСНОСТ
Укажува на ситуација која доведува до смрт или
сериозна повреда.
ОПАСНОСТ: РИЗИК ОД СТРУЕН УДАР
Укажува на ситуација која може да доведе до струен
удар.
ОПАСНОСТ: РИЗИК ОД ГОРЕЊЕ/ПАЛЕЊЕ
Укажува на ситуација која може да доведе до
запалување поради екстремно високи или ниски
температури.
ОПАСНОСТ: РИЗИК ОД ЕКСПЛОЗИЈА
Укажува на ситуација која може да доведе до
експлозија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Укажува на ситуација која доведува до смрт или
сериозна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ЗАПАЛИВ МАТЕРИЈАЛ
ВНИМАНИЕ
Укажува на ситуација која доведува до мала или
умерена повреда.
НАПОМЕНА
Укажува на ситуација која може да доведе до
оштетување на опрема или имот.
ИНФОРМАЦИИ
Укажува на корисни совети или дополнителни
информации.
СимболОбјаснување
Пред инсталацијата, прочитајте го упатство за
инсталација и работење и упатството за
вжичување.
Пред да извршувате одржување и задачи на
сервисирање, прочитајте го упатството за
сервисирање.
За повеќе информации, погледнете го
референтно упатство за инсталатер и корисник.
9 Фрлање14
10 Речник14
Референтно упатство за корисник
2
1.2За корисникот
▪ Ако НЕ сте сигурни како да работите со единицата,
контактирајте со инсталатерот.
FTXF20~71A2V1B
Daikin собен клима уред
4P513685-3 – 2017.11
Page 3
2 За документацијата
▪ Овој уред може да се користи од деца на возраст од 8 години
и повеќе и лица со намалени физички, сензорни или
ментални способности, или недостаток на искуство и знаење,
ако се под надзор или се упатувани во врска со користењето
на уредот на безбеден начин и ги разбираат вклучените
ризици. Деца НЕ СМЕЕ да играат со уредот. Чистењето и
корисничкото одржување НЕ СМЕЕ да се извршува од деца
без надзор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да спречите струен удар или пожар:
▪ НЕ плакнете ја единицата.
▪ НЕ работете со единицата со влажни раце.
▪ НЕ ставајте никави предмети кои содржат вода на
единицата.
НАПОМЕНА
▪ НЕ ставајте никави предмети или опрема врз
единицата.
▪ НЕ седете, не качувајте се и не стојте на
единицата.
▪ Единиците се означени со следниот симбол:
Ова значи дека електрични и електронски производи НЕ може
да се мешаат со несортиран отпад од домаќинство. НЕ
обидувајте се самите да го расклопите системот:
расклопувањето на системот, третирањето на разладното
средство, на маслото и на другите делови мора да се изврши
од овластен инсталатер и мора да соодветствува со
применливата легислатива.
Единиците мора да бидат третирани во специјализиран
капацитет за третирање за повторно користење, рециклирање
и поправка. Со тоа што ќе се осигурате дека овој производ е
правилно фрлен, ќе помогнете да се спречат потенцијални
негативни последици за околината и здравјето на луѓето. За
повеќе информации, контактирајте со инсталатерот или
локалните власти.
▪ Батериите се означени со следниот симбол:
Ова значи дека батериите НЕ смее да се мешаат со
несортиран отпад од домаќинството. Ако хемиски симбол е
отпечатен под симболот, тој хемиски симбол значи дека
батеријата содржи тежок метал над одредена концентрација.
Можни хемиски симболи се: Pb: олово (>0,004%).
Отпадните батерии мора да бидат третирани во
специјализиран капацитет за третирање за повторно
користење. Со тоа што ќе се осигурате дека отпадните
батерии се правилно фрлени, ќе помогнете да се спречат
потенцијални негативни последици за околината и здравјето
на луѓето.
Целна група
Крајни корисници
ИНФОРМАЦИИ
Овој уред е наменет да се користи од експерт или
обучени корисници во продавници, во лесна индустрија
и на фарми, или за комерцијална и употреба во
домаќинство од лаици.
Збирка документи
Овој документ е дел од збирка документи. Целосната збирка се
состои од:
▪ Општи безбедносни предупредувања:
▪ Безбедносни упатства што морате да ги прочитате пред да
ракувате со вашиот систем
▪ Формат: Хартија (во кутијата на внатрешната единица)
▪ Упатство за работење:
▪ Брз водич за основно користење
▪ Формат: Хартија (во кутијата на внатрешната единица)
▪ Референтно упатство за корисник:
▪ Детални упатства чекор по чекор и дополнителни
информации за основно и напредно користење
▪ Формат: Дигитални датотеки на http://www.daikineurope.com/
support-and-manuals/product-information/
Најнови ревизии на доставената документација може да се
достапни на регионалната Daikin веб-страница или преку
вашиот инсталатер.
Оригиналната документација е напишана на англиски јазик.
Сите други јазици се преводи.
2.2Референтно упатство за
корисник на дофат
ПоглавјеОпис
Општи безбедносни
предупредувања
За документацијатаКоја документација постои за
За системот▪ Опсег на работење
Пред работењеШто да направите пред да започне
РаботењеКако и кога да користите одредени
Штедење енергија и
оптимално работење
Одржување и сервисКако да ја одржувате и сервисирате
Решавање проблемиШто да правите во случај на
ФрлањеКако да го фрлите системот
РечникДефиниција на термини
Безбедносни упатства што МОРА
да ги прочитате пред работењето
корисникот
▪ Опис на внатрешната единица и
корисничкиот интерфејс
работењето
функции
Како да заштедите енергија
единицата
проблеми
2За документацијата
2.1За овој документ
Ви благодариме што го купивте овој производ. Ве молиме:
▪ Чувајте ја документацијата за понатамошно користење.
Разладното средство во единицата е слабо запаливо.
Референтно упатство за корисник
3
Page 4
3 За системот
a
c
d
ON/OFF
f
g
l
h
i
k
j
e
b
b
d
c
f
h
e
m
l
k
i
j
a
g
НАПОМЕНА
НЕ користете го системот за други цели. За да
избегнете какво било нарушување на квалитетот, НЕ
користете ја единицата за ладење прецизни
инструменти, храна, растенија, животни или уметнички
дела.
3.1Внатрешна единица
ИНФОРМАЦИИ
Следниве слики се само примери и може да НЕ
одговараат целосно на изгледот на вашиот систем.
ВНИМАНИЕ
НЕ ставајте прсти, прачки или други предмети во
влезот или излезот за воздух. Кога вентилаторот се
врти со висока брзина, тоа може да предизвика
повреда.
ИНФОРМАЦИИ
Нивото на звучен притисок е помало од 70dBA.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
▪ Не модификувајте ја, не расклопувајте ја, не
отстранувајте ја, не инсталирајте ја повторно и не ја
поправајте единицата самите бидејќи неправилно
расклопување или инсталирање може да
предизвика струен удар или пожар. Контактирајте го
вашиот продавач.
▪ Во случај на несакани истекување на разладно
средство, уверете се дека нема отворен оган.
Разладното средство само по себе е целосно
безбедно, нетоксично и слабо запаливо, но ќе
создаде токсичен гас кога случајно ќе истече во
просторија каде што е присутен запалив воздух од
калорифери, шпорети на гас и сл. Секогаш
побарајте квалификуван сервисен персонал да
потврди дека местото на истекување е поправено
или коригирано пред да продолжите со користење.
k Прекинувач за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на
внатрешна единица
l Филтер за воздух
Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ
Ако недостасува корисничкиот интерфејс, може да го користите
копчето ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на внатрешната
единица да почнете/запрете работење. Кога започнува
работење со користење на ова копче, се користат следниве
поставки:
▪ Режим на работење = Автоматски
▪ Поставка за температура = 25°C
▪ Стапка на проток на воздух = Автоматски
3.2За корисничкиот интерфејс
▪ Директна сончева светлина. НЕ изложувајте го
корисничкиот интерфејс на директна сончева светлина.
▪ Прав. Прав на пренесувачот на сигнал или на приемникот ќе
ја намали чувствителноста. Избришете ја правта со мека
крпа.
▪ Флуоресцентни светла. Сигналната комуникација може да
биде оневозможена ако има флуоресцентни ламби во
просторијата. Во тој случај, контактирајте со инсталатерот.
▪ Други уреди. Ако сигналите на корисничкиот интерфејс
активираат други уреди, преместете ги другите уреди или
контактирајте со инсталатер.
▪ Завеси. Уверете се дека сигналот помеѓу единицата и
корисничкиот интерфејс НЕ е блокиран од завеси или други
предмети.
НАПОМЕНА
▪ НЕ испуштајте го корисничкиот интерфејс.
▪ НЕ дозволувајте корисничкиот интерфејс да се
намокри.
3.2.1Компоненти: Кориснички интерфејс
а Влез за воздух
b Излез за воздух
c Подвижен капак (хоризонтална лопатка)
d Отвори за воздух (вертикални лопатки)
e Преден панел
f Плочка со име на модел
g Сензор за собна температура
h Приемник на сигнал
i Ламбичка за операција (зелена)
j Ламбичка за тајмер (портокалова)
Референтно упатство за корисник
4
а Пренесувач на сигнал
b LCD екран
c Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ
d Копче за поставување вентилатор
e Копче за прилагодување температура
f Копче за нишање
g Копче за откажување тајмер
FTXF20~71A2V1B
Daikin собен клима уред
4P513685-3 – 2017.11
Page 5
4 Пред работење
a
2×
bca
h Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ тајмер
i Копче за ИСКЛУЧУВАЊЕ тајмер
j Копче за комфорен проток на воздух
k Копче Еконо
l Копче за избирање режим
m Копче Моќно
3.2.2Статус: LCD на кориснички интерфејс
ИконаОпис
Режим на работење =
Автоматски
Режим на работење = Сушење
Режим на работење = Греење
Режим на работење = Ладење
Режим на работење = Само
вентилатор
Моќно работење е активно
Еконо работење е активно
Работење е активно
Внатрешната единица прима
сигнал од корисничкиот
интерфејс
Поставување тековна
температура
Стапка на проток на воздух =
Автоматски
Стапка на проток на воздух =
Тивко работење на внатрешна
единица
Стапка на проток на воздух =
Висока
Стапка на проток на воздух =
Средно висока
Стапка на проток на воздух =
Средна
Стапка на проток на воздух =
Средно ниска
Стапка на проток на воздух =
Ниска
3.2.3За да работите со корисничкиот
интерфејс
а Приемник на сигнал
1 Насочете го пренесувачот на сигнал кон приемникот на
сигнал на внатрешната единица (максималното растојание
за комуникација е 7m).
Резултат: Кога внатрешната единица ќе го прими сигналот од
корисничкиот интерфејс, ќе слушнете звук:
ЗвукОпис
Бип-бипРаботењето започнува.
БипПоставката се менува.
Долг бипРаботењето запира.
4Пред работење
4.1Преглед: Пред работење
Ова поглавје опишува што треба да направите пред да
работите со единицата.
Типичен работен тек
Пред работењето обично постојат следниве фази:
▪ Прицврстување на корисничкиот интерфејс на ѕидот.
▪ Ставање на батериите во корисничкиот интерфејс.
▪ Вклучување на електричното напојување.
4.2Да го прицврстите корисничкиот
интерфејс на ѕидот
1 Изберете место каде сигналите доаѓаат до единицата.
2 Закачете го држачот со шрафови на ѕидот или на слична
локација.
3 Ставете го корисничкиот интерфејс во држачот за
кориснички интерфејс.
Референтно упатство за корисник
5
Page 6
5 Работење
2
3
1
AAA.LR03
4.3Да ги ставите батериите
Батериите ќе траат околу 1 година.
1 Извадете го задниот капак.
2 Ставете ги двете батерии одеднаш.
3 Повторно вратете го задниот капак.
4.4Да го вклучите електричното
напојување
1 Ставете го осигурувачот во положба вклучено.
Резултат: Капакот на внатрешната единица ќе се отвори и
затвори за да ја постави референтната положба.
5Работење
5.1Опсег на работење
Режим на
работење
(a)(b)
Ладење
(a)
Греење
Сушење
(a)
(a)
Безбедносниот уред може да го запре работењето на
системот ако единицата работи надвор од својот опсег на
работење.
(b)
Кондензација и капење на вода може да настанат ако
единицата работи надвор од својот опсег на работење.
▪ Надворешна температура: –10~46°C
DB
▪ Внатрешна температура: 18~32°C DB
▪ Внатрешна влажност: ≤80%
▪ Надворешна температура: –15~24°C
DB
▪ Внатрешна температура: 10~30°C DB
▪ Надворешна температура: –10~46°C
DB
▪ Внатрешна температура: 18~32°C DB
▪ Внатрешна влажност: ≤80%
5.2Кога да ја користите која
функција
Може да ја користите следнава тебела да одредите кои
функции да ги користите:
ФункцијаЗадачи
Основни функции
Опсег на работење
ФункцијаЗадачи
Режими на
работење и температура
Насока на проток на
воздух
Стапка на проток на
воздух
Напредни функции
Еконо
Комфор
Моќно
+ ВКЛУЧЕН тајмер +
ИСКЛУЧЕН тајмер
Да се вклучи/исклучи системот и да
се постави температурата:
▪ Да ја згрее или излади
просторијата.
▪ Да внесе воздух во просторијата
без греење или ладење.
▪ Да ја намали влажноста во
просторијата.
▪ Во Автоматски режим, автоматски
избира соодветна температура и
режим на работење.
Да се прилагоди насоката на проток
на воздух (нишање или фиксна
положба).
Да се прилагоди количеството на
воздух издуван во просторијата.
Да работи потивко.
Да се користи системот кога исто така
користите други уреди кои трошат
енергија.
Да заштеди енергија.
Да обезбеди комфорен проток на
воздух кој НЕМА да дојде во директен
контакт со луѓето.
Брзо да се излади или загрее
просторијата.
За автоматски да се ВКЛУЧИ или
ИСКЛУЧИ системот.
5.3Режим на работење и поставена
температура
Кога. Прилагодете го режимот на работење на системот и
поставете ја температурата кога сакате да:
▪ Ја згреете или изладите просторијата
▪ Издувате воздух во просторијата без греење или ладење
▪ Ја намалите влажноста во просторијата
Како. Системот работи различно, во зависност од изборот на
корисникот.
ПоставувањеОпис
Автоматски
Сушење
Греење
Ладење
Вентилатор
Системот лади или грее просторија
до поставената температура.
Автоматски префрла помеѓу ладење
и греење ако е потребно.
Системот ја намалува влажноста во
просторијата.
Системот ја грее просторијата до
поставената температура.
Системот ја лади просторијата до
поставената температура.
Системот само го контролира
протокот на воздух (стапката на
проток на воздух и насоката на
проток на воздух).
Системот НЕ ја контролира
температурата.
Референтно упатство за корисник
6
Дополнителни информации:
FTXF20~71A2V1B
Daikin собен клима уред
4P513685-3 – 2017.11
Page 7
5 Работење
a
b
c
▪ Надворешна температура. Ефектот на ладење или греење
на системот се намалува кога надворешната температура е
превисока или прениска.
▪ Операција одмрзнување. При операција на греење, може да
се насобере мраз на надворешната единица и да го намали
капацитетот на греење. Во тој случај, системот автоматски се
префрла на операција одмрзнување за да го отстрани мразот.
Во текот на операцијата одмрзнување, топол воздух НЕ се
издувува од внатрешната единица.
5.3.1Да го започнете/запрете работењето и
да ја поставите температурата
: Единицата работи.
: Режим на работење = Автоматски
: Режим на работење = Сушење
: Режим на работење = Греење
: Режим на работење = Ладење
: Режим на работење = Само вентилатор
: Ја покажува поставената
температура.
Тивко работење на внатрешна единица. Кога
протокот на воздух е поставен на " ", звукот од
единицата ќе биде намален.
Белешка: Кога користите операција Сушење или режим Само
вентилатор НЕ МОЖЕ да го прилагодувате поставувањето на
стапка на проток на воздух.
Да ја прилагодите стапката на проток на воздух
1 Притиснете да ја смените поставката за проток на
воздух во следнава секвенца.
5.3.3Насока на проток на воздух
Кога. Ја прилагодува насоката на проток на воздух како што
сакате.
Како. Системот го насочува протокот на воздух различно, во
зависност од изборот на корисникот (нишање или фиксна
положба). Тоа го прави со движење на вертикалните лопатки.
ПоставувањеНасока на проток на воздух
Вертикално
автоматско нишање
[—]Останува во фиксна положба.
Се движи нагоре и надолу.
1 Притиснете еднаш или повеќе пати да го изберете
режимот на работење.
Резултат: Режимот ќе биде поставен во следната
секвенца:
2 Притиснете да започне работењето.
Резултат: се прикажува на LCD.
Резултат: Ламбичката за операција светнува.
3 Притиснете или на копчето еднаш или повеќе
пати да ја намалите или зголемите температурата.
Белешка: Кога користите режим сушење или само вентилатор,
не може да ја прилагодувате температурата.
4 Притиснете да запре работењето.
Резултат: исчезнува од LCD.
Резултат: Ламбичката за работење се исклучува.
5.3.2Стапка на проток на воздух
Белешка: Ако единицата ја достигне зададената вредност на
температурата при ладење, греење или автоматски режим.
Вентилаторот ќе престане да работи.
1 Притиснете да изберете:
5 нивоа на стапка на проток на воздух, од " " до
" "
Автоматско работење
ВНИМАНИЕ
▪ СЕКОГАШ користете кориснички интерфејс да го
прилагодите аголот на подвижниот капак. Кога
подвижниот капак се ниша, а вие го движите
присилно со рака, механизмот ќе се скрши.
▪ Внимавајте кога ги прилагодувате отворите за
воздух. Во излезот за воздух, вентилаторот се врти
со голема брзина.
Белешка: Подвижниот опсег на подвижниот капак се разликува
според режимот на работење. Подвижниот капак ќе запре на
горната положба кога стапката на проток на воздух се менува на
ниска во текот на поставувањето на нишање нагоре и надолу.
a Опсег на подвижен капак при операција ладење или
сушење
b Опсег на подвижен капак при операција греење
c Опсег на подвижен капак при операција само
вентилатор
Да ја прилагодите насоката на протокот на
воздух
1 Да користите автоматско нишање, притиснете .
Резултат: ќе се појави на LCD.
Резултат: Подвижниот капак (хоризонтална лопатка) ќе
подвижниот капак ќе ја достигне посакуваната положба.
Резултат: исчезнува од LCD.
Да ги прилагодите отворите за воздух
(вертикални лопатки)
1 Држете 1 или двете копчиња и движете ги отворите за
воздух.
а Копчиња
ИНФОРМАЦИИ
Кога единицата е инсталирана во аголот на
просторијата, насоката на отворите за воздух треба да
е свртена настрана од ѕидот. Ефикасноста ќе опадне
ако ѕид го блокира воздухот.
5.3.4Операција Комфорен проток на воздух
Оваа операција може да се користи во режим на работење
греење или ладење. Тоа ќе обезбеди комфорен провев кој
НЕМА да дојде во директен контакт со луѓето. Системот
автоматски ја поставува фиксната положба за проток на воздух
нагоре при режим на работење ладење и надолу при работен
режим на работење греење.
Режим на работење ладењеРежим на работење греење
5.3.5Моќно работење
Оваа операција брзо го максимизира ефектот на ладење/
греење во кој било режим на работење. Сега може да го
добиете максималниот капацитет.
РежимСтапка на проток на воздух
Ладење/Греење▪ Да се максимизира ефектот
на ладење/греење,
капацитетот на
надворешната единица се
зголемува.
▪ Стапката на проток на
воздух е фиксирана на
максималната поставка.
▪ Поставките за температура и
проток на воздух НЕ МОЖАТ
да се сменат.
Сушење▪ Поставката за температура е
намалена за 2,5°C.
▪ Стапката на проток на
воздух е малку зголемена.
Само вентилаторСтапката на проток на воздух е
фиксна за максималната
поставка.
ИНФОРМАЦИИ
Моќно работење НЕ МОЖЕ да се користи заедно со
операцијата Еконо, Комфорен проток на воздух. Се
извршува последната избрана функција.
Моќно работење НЕМА да го зголеми капацитетот на
единицата ако таа веќе работи со максимален
капацитет.
Да почнете/запрете Моќно работење
ИНФОРМАЦИИ
Операциите Моќен и Комфорен проток на воздух НЕ
МОЖАТ да се користат во исто време. Се извршува
последната избрана функција. Ако е избрано
вертикално автоматско нишање, операцијата
Комфорен проток на воздух ќе биде откажана.
Да ја почнете/запрете операцијата Комфорен
проток на воздух
1 Притиснете да почне.
Резултат: Положбата на подвижниот капак ќе се смени,
се прикажува на LCD и стапка на проток на воздух е
поставена на автоматски.
РежимПоложба на подвижен
капак…
Ладење/СушењеНагоре
ГреењеНадолу
2 Притиснете да запре.
Резултат: Подвижниот капак ќе се врати во положбата пред
режимот на Комфорен проток на воздух; исчезнува од LCD.
1 Притиснете да почне.
Резултат: се прикажува на LCD. Моќно работење се
одвива 20 минути; потоа, работењето се враќа во
претходно поставениот режим.
2 Притиснете да запре.
Резултат: исчезнува од LCD.
Белешка: Моќно работење може да се постави само кога
единицата работи. Ако притиснете , или ако го смените
режимот на работење, операцијата ќе биде откажана;
исчезнува од LCD.
5.3.6Еконо работење
Ова е функција што овозможува ефикасно работење со
ограничување на вредноста на максималната потрошувачка на
енергија. Оваа функција е корисна за случаи во кои треба да се
обрне внимание за да се осигури дека осигурувачот нема да се
исклучи кога производот работи заедно со други уреди.
Да почнете/запрете Еконо работење
1 Притиснете да почне.
Резултат: се прикажува на LCD.
2 Притиснете да запре.
Резултат: исчезнува од LCD.
Референтно упатство за корисник
8
FTXF20~71A2V1B
Daikin собен клима уред
4P513685-3 – 2017.11
Page 9
6 Штедење енергија и оптимално работење
a
A
b
c
d
Резултат: се прикажува на LCD и ламбичката за
тајмерот светнува.
ИНФОРМАЦИИ
Секогаш кога е притиснато, поставувањето на
времето напредува за 1 час. Тајмерот може да се
постави помеѓу 1 и 9 часа.
A Проточна струја и потрошувачка на струја
B Време
a Максимум при нормално работење
b Максимум при Еконо работење
c Нормално работење
d Еконо работење
▪ Дијаграмот може да се користи само за илустративни цели.
▪ Максималната проточна струја и потрошувачка на струја на
клима уредот во Еконо работење се разликува во зависност
од поврзаната надворешна единица.
ИНФОРМАЦИИ
▪ Моќното и Еконо работење НЕ МОЖАТ да се
користат во исто време. Се извршува последната
избрана функција.
▪ Еконо работење ја намалува потрошувачката на
енергија на надворешната единица со
ограничување на брзината на вртење на
компресорот. Ако потрошувачката на енергија е
веќе ниска, Еконо работењето НЕМА дополнително
да ја намали потрошувачката на енергија.
5.3.7ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на
операцијата тајмер
Функцијата тајмер е корисна за автоматско префрлање на
клима уредот на вклучено/исклучено ноќе или наутро. Исто така
може да користите ИСКЛУЧЕН тајмер и ВКЛУЧЕН тајмер во
комбинација.
2 Притиснете да запре.
Резултат: исчезнува од LCD и ламбичката за тајмер
се исклучува.
ИНФОРМАЦИИ
Кога ќе го поставите тајмерот на ВКЛУЧЕНО/
ИСКЛУЧЕНО, поставувањето на времето се зачувува
во меморијата. Меморијата ќе се ресетира кога ќе се
заменат батериите на корисничкиот интерфејс.
Користење на режим ноќно поставување во
комбинација со ИСКЛУЧЕН тајмер
Клима уредот автоматски го прилагодува
поставувањето температура (0,5°C повисоко при
ладење, 2,0°C пониско при греење) за да се спречи
прекумерно ладење/греење и да се обезбеди удобна
температура за спиење.
Да комбинирате ВКЛУЧЕН тајмер и ИСКЛУЧЕН
тајмер
1 Да ги поставите тајмерите, погледнете "Да почнете/запрете
напојување, ќе се обнови претходно избраниот
режим.
ВНИМАНИЕ
НИКОГАШ не изложувајте мали деца, растенија или
животни директно на протокот на воздух.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НЕ поставувајте предмети под внатрешната и/или
надворешната единица кои може да се навлажнат. Во
оваа состојба, кондензацијата на главната единица или
на цевките со разладно средство, нечистотија на
филтерот за воздух или блокада на одводот може да
предизвика капење. Ова предизвикува загадување или
дефект кај предметот кој се наоѓа под единицата.
НАПОМЕНА
НЕ користете го системот за други цели. За да
избегнете какво било нарушување на квалитетот, НЕ
користете ја единицата за ладење прецизни
инструменти, храна, растенија, животни или уметнички
дела.
Референтно упатство за корисник
9
Page 10
7 Одржување и сервис
ВНИМАНИЕ
НЕ активирајте го системот кога користите инсектицид
за простории од тип за фумигација. Може да се
соберат хемикалии во единицата и да го загрозат
здравјето на луѓето кои се пречувствителни на
хемикалии.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НЕ ставајте шише со запалив спреј во близина на
клима уредот и НЕ користете распрскувачи. Тоа може
да предизвика пожар.
Следете ги следните предупредувања да осигурате правилно
работење на системот.
▪ Спречете директна сончева светлина да навлезе во
просторијата во текот на операција ладење со користење
завеси или ролетни.
▪ Проветрувајте често. Продолжената употреба бара посебно
внимание за проветрување.
▪ Вратите и прозорците нека бидат затворени. Ако вратите и
прозорците останат отворени, воздухот ќе излегува од
просторијата предизвикувајќи намалување на ефектот на
ладење или греење.
▪ Внимавајте да НЕ ладите или греете премногу. Да заштедите
енергија, одржувајте го поставувањето температура на
умерено ниво.
▪ НИКОГАШ не поставувајте предмети во близина на влезот за
воздух или излезот за воздух на единицата. Тоа може да
предизвика намален ефект на греење/ладење или да го запре
работењето.
▪ Може да се формира кондензација ако влажноста е над 80%
или ако одводот се блокира.
▪ Прилагодете ја собната температура соодветно за удобно
опкружување. Избегнувајте прекумерно греење или ладење.
Имајте во предвид дека може да е потребно некое време за
собната температура да ја достигне поставената
температура. Размислете за користење на опциите за
поставување тајмер.
▪ Прилагодете ја насоката на проток на воздух да избегнете
собирање на ладен воздух на подот или топол воздух на
таванот. (Нагоре во текот на операција на ладење или
сушење кон таванот и надолу во тек на операција на греење.)
▪ Избегнувајте директен проток на воздух кон лицата во
просторијата.
▪ Работете со системот со препорачаниот температурен опсег
(26~28°C за ладење и 20~24°C за греење) да заштедите
енергија.
7Одржување и сервис
НАПОМЕНА
Во Европа, емисиите на стакленички гас на вкупното
полнење на разладно средство во системот (изразено
како еквивалент на тони CO2) се користи да се одредат
интервалите на одржување. Следете ја применливата
легислатива.
Формула за пресметка на емисиите на стакленички
гас: GWP вредност на разладното средство × Вкупното
полнење на разладно средство [во kg] / 1000
Контактирајте со инсталатерот за повеќе информации.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Разладното средство во единицата е слабо запаливо,
но нормално НЕ истекува. Ако разладното средство
истекува во просторијата и доаѓа во контакт со оган од
горилник, греалка или шпорет, тоа може да предизвика
пожар или формирање штетен гас.
Исклучете ги сите запаливи уреди за греење,
проветрете ја просторијата и контактирајте со
продавачот каде сте ја купиле единицата.
НЕ користете ја единицата додека сервисер не потврди
дека делот од кој истекувало разладно средство е
поправен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
▪ НЕ дупчете ги и не согорувајте ги деловите што се
користат во циклусот на разладното средство.
▪ НЕ користете материјали за чистење или начини да
го забрзате процесот на одмрзнување поинакви од
оние што се препорачани од производителот.
▪ Имајте во предвид дека разладното средство во
системот нема мирис.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уредот треба да се складира во просторија без
постојано функционални извори на палење (пример:
отворен оган, апарат кој работи на гас или електрична
греалка која работи).
НАПОМЕНА
Одржувањето МОРА да се изврши од овластен
инсталатер или сервисер.
Препорачуваме да вршите одржување најмалку еднаш
годишно. Сепак, применливата легислатива може да
бара пократки интервали на одржување.
ОПАСНОСТ: РИЗИК ОД СТРУЕН УДАР
За да го исчистите клима уредот или филтерот за
воздух, уверете се дека сте го запреле работењето и
сте ги исклучиле сите електрични напојувања. Во
спротивно, може да настане струен удар и повреда.
7.1Преглед: Одржување и сервис
Инсталатерот мора да изврши годишно одржување.
За разладното средство
Овој производ содржи флуоринирани стакленички гасови. НЕ
испуштајте ги гасовите во атмосферата.
Тип на разладно средство: R32
Вредност на потенцијал за глобално затоплување (GWP): 675
Референтно упатство за корисник
10
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да спречите струен удар или пожар:
▪ НЕ плакнете ја единицата.
▪ НЕ работете со единицата со влажни раце.
▪ НЕ ставајте никави предмети кои содржат вода на
единицата.
ВНИМАНИЕ
По долго користење, проверете го држачот за единица
и опремата за оштетување. Ако има оштетување,
единицата може да падне и да предизвика повреда.
FTXF20~71A2V1B
Daikin собен клима уред
4P513685-3 – 2017.11
Page 11
ВНИМАНИЕ
2
1
НЕ допирајте ги ребрата на разменувачот на топлина.
Овие ребра се остри и може да предизвикаат
исеченици.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте со скалите кога работите на високи места.
7.2Да ја исчистите внатрешната
единица и корисничкиот
интерфејс
НАПОМЕНА
▪ НЕ користете бензин, бензен, разредувач, прав за
полирање или течен инсектицид. Можнапоследица: Обезбојување и деформација.
▪ НЕ користете вода или воздух на 40°C или повеќе.
Можна последица: Обезбојување и деформација.
▪ НЕ користете состојки за полирање.
▪ НЕ користете четка за триење. Можна последица:
Завршниот слој на површината се лупи.
ОПАСНОСТ: РИЗИК ОД СТРУЕН УДАР
Пред чистење, уверете се дека сте го запреле
работењето, сте го исклучиле осигурувачот или сте го
извлекле кабелот за напојување. Во спротивно, може
да настане струен удар и повреда.
1 Чистете со мека крпа. Ако е тешко да се отстранат дамки,
користете вода или неутрален детергент.
7 Одржување и сервис
2 Гурнете го јазичето во средината на секој филтер за воздух,
потоа повлечете го надолу.
3 Извлечете ги филтрите за воздух.
4 Исчистете го или заменете го секој филтер.
5 Измијте ги филтрите за воздух со вода или исчистете ги со
правосмукалка.
7.3Да го исчистите предниот панел
1 Чистете со мека крпа. Ако е тешко да се отстранат дамки,
користете вода или неутрален детергент.
7.4За филтерот за воздух
Работењето со единицата со нечисти филтри значи дека
филтерот:
▪ НЕ МОЖЕ да го деодорира воздухот,
▪ НЕ МОЖЕ да го исчисти воздухот,
▪ слабо греење/ладење,
▪ создава мирис.
7.5Да ги исчистите филтрите за
воздух
1 Отворете го предниот панел.
6 Потопете ги во млака вода околу 10 до 15 минути.
7 Вратете ги филтрите за воздух во нивната оригинална
положба.
8 Затворете го предниот панел со гурање на стегите на
филтерот во отворите на 3 локации (лево, десно, средина).
ИНФОРМАЦИИ
▪ Ако правта НЕ излегува лесно, измијте го со
неутрален детергент растворен во млака вода.
Осушете ги филтрите за воздух под сенка.
7.6Имајте ги во предвид следните
ставки пред долг период на
неактивност
Единицата нека работи неколку часа во режим само
вентилатор за да се исуши внатрешноста на единицата.
1 Притиснете и изберете ја операција само
вентилатор.
2 Притиснете да започне работењето.
3 Откако операцијата ќе запре, исклучете го осигурувачот.
4 Исчистете ги филтрите за воздух и вратете ги во нивната
оригинална положба.
5 Извадете ги батериите од корисничкиот интерфејс.
ИНФОРМАЦИИ
Се препорачува да се врши периодично одржување од
експерт. За одржување од експерт, контактирајте го
вашиот продавач. Трошоците за одржување се
покриваат од страна на клиентот.
Во одредени услови на работење внатрешноста на
единицата може да стане нечиста по неколку сезони на
користење. Ова доведува до слаби перформанси.
8Решавање проблеми
Ако се појави некој од следниве дефекти, преземете ги мерките
прикажани подолу и контактирајте го вашиот продавач.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Запрете го работењето и исклучете го
напојувањето ако се случи нешто невообичаено
(мирис на изгорено и сл.).
Оставањето на единицата да работи под такви
околности може да предизвика дефект, струен удар
или пожар. Контактирајте го вашиот продавач.
Системот МОРА да биде поправен од квалификуван сервисер:
ДефектМерка
Ако безбедносен уред како што е
осигурувач, автоматски прекинувач
или автоматски прекинувач за
заземјување често се активира или
прекинувачот за ВКЛУЧУВАЊЕ/
ИСКЛУЧУВАЊЕ НЕ работи правилно.
Ако тече вода од единицата.Запрете го работењето.
Прекинувачот за работење НЕ
работи добро.
Ако екранот на корисничкиот
интерфејс го покажува бројот на
единицата, светка ламбичката за
операција и се појавува шифра за
дефект.
Ако системот НЕ работи правилно освен за погоре споменатите
случаи и ниту еден од погоре споменатите дефекти не е
евидентен, истражете го системот во согласност со следните
постапки.
ИСКЛУЧЕТЕ го главниот
прекинувач за
електрично напојување.
ИСКЛУЧЕТЕ го
електричното
напојување.
Известете го вашиот
инсталатер и пријавете
ја шифрата за дефект.
ДефектМерка
Ако системот
воопшто НЕ работи.
Системот одеднаш
престанува да
работи.
Системот работи, но
ладењето или
греењето не е
доволно.
Системот работи но
ладењето или
греењето не е
доволно (воздухот
НЕ се издувува од
единицата).
Системот работи но
ладењето или
греењето не е
доволно (воздух се
издувува од
единицата).
Доаѓа до неправилно
работење во текот на
операцијата.
▪ Проверете дали има струја. Почекајте
додека не дојде струја. Ако снема
електрично напојување во текот на
работењето, системот автоматски
рестарира веднаш откако е обновено
напојувањето.
▪ Проверете да не избил осигурувач или
се активирал прекинувач. Заменете го
осигурувачот или ресетирајте го
прекинувачот ако е потребно.
▪ Проверете ги батериите на
корисничкиот интерфејс.
▪ Проверете дали влезот или излезот за
воздух на надворешната единица НЕ е
блокиран од пречки. Отстранете какви
било пречки и уверете се дека
воздухот може слободно да поминува.
▪ Клима уредот може да запре со
работа по ненадејни големи
флуктуации на напон за да го заштити
системот. Тој автоматски продолжува
со работа по околу 3минути.
▪ Проверете го поставувањето на
стапката на проток на воздух.
Погледнете "5.3.2 Стапка на проток на
воздух"[47].
▪ Проверете го поставувањето на
температурата. Погледнете "5.3.1 Да
го започнете/запрете работењето и да
ја поставите температурата"[47].
▪ Проверете дали поставувањето на
насоката на проток на воздух е
соодветно. Погледнете "5.3.3 Насока
на проток на воздух"[47].
▪ Проверете дали влезот или излезот за
воздух на надворешната единица НЕ е
блокиран од пречки. Отстранете какви
било пречки и уверете се дека
воздухот може слободно да поминува.
▪ Клима уредот можеби се загрева за
операција греење. Почекајте 1 до 4
минути.
▪ Единицата може да биде во операција
одмрзнување.
▪ Проверете дали филтрите за воздух
се затнати. Исчистете ги филтрите за
воздух. Видете "7 Одржување и
сервис"[410].
▪ Проверете дали има отворени врати и
прозори. Затворете ги вратите и
прозорите за да спречите
навлегување на ветар.
▪ Проверете дали единицата работи во
Еконо работење. Погледнете
"5.3.6Еконо работење"[48].
▪ Проверете дали има некаков мебел
директно под или веднаш до
внатрешната единица. Преместете го
мебелот.
Клима уредот може да не функционира
правилно поради грмотевици или
радиобранови. Ставете го прекинувачот
на OFF и повторно на ON.
Референтно упатство за корисник
12
FTXF20~71A2V1B
Daikin собен клима уред
4P513685-3 – 2017.11
Page 13
8 Решавање проблеми
ДефектМерка
Единицата НЕ прима
сигнали од
корисничкиот
интерфејс.
Екранот на
корисничкиот
интерфејс е празен.
Се прикажува шифра
за грешка на
корисничкиот
интерфејс.
Други електрични
уреди почнуваат да
работат.
Ако откако ќе ги проверите сите погоре споменати ставки, не е
можно сами да го коригирате проблемот, контактирајте со
вашиот инсталатер и наведете ги симптомите, целото име на
модел на единицата (со производствениот број ако е можно) и
датумот на инсталација (можеби е наведен на гаранциската
картичка).
▪ Проверете ги батериите на
корисничкиот интерфејс.
▪ Проверете дали предавателот НЕ е
изложен на директна сончева
светлина.
▪ Проверете дали во просторијата има
некакви флуоресцентни ламби од тип
со електронски стартер. Контактирајте
го вашиот продавач.
▪ Заменете ги батериите на
корисничкиот интерфејс.
Консултирајте го вашиот локален
продавач. Погледнете "8.2Решавање
проблеми врз основа на шифри за
грешка"[413] за детална листа на
шифри со грешка.
Ако сигналите на корисничкиот
интерфејс активираат други електрични
уреди, преместете ги другите уреди
подалеку и контактирајте со продавачот.
8.1Симптоми што НЕ се дефекти на
системот
Следните симптоми не се дефекти на системот:
8.1.1Симптом: Се слуша звук како течење
вода
▪ Овој звук е предизвикан од разладното средство кое тече во
единицата.
▪ Овој звук може да биде генериран кога вода истекува од
единицата при операцијата на ладење или греење.
8.1.2Симптом: Се слуша звук на дување
Овој звук се генерира кога е сменета насоката на протокот на
разладното средство (пр. при префрлање од ладење на
греење).
8.1.3Симптом: Се слуша звук на отчукување
Овој звук се генерира кога единицата малку се шири или
стеснува со промените во температурата.
8.1.4Симптом: Се слуша звук на свиркање
Овој звук се генерира од разладното средство кое тече при
операција одмрзнување.
8.1.5Симптом: Се слуша звук на кликнување
при работење или во мирување
Овој звук се генерира кога функционираат контролните вентили
за разладно средство или електричните делови.
8.1.6Симптом: Се слуша звук на плескање
Овој звук се генерира кога надворешен уред го вшмукува
воздухот од просторијата (пр. издувен вентилатор, аспиратор)
додека вратите и прозорите во просторијата се затворени.
Отворете ги вратите или прозорите, или исклучете го уредот.
8.1.7Симптом: Единиците може да
ослободуваат миризба
Единицата може да го апсорбира мирисот на простории, мебел,
цигари и сл. и потоа повторно да го емитува.
8.1.8Симптом: Надворешниот вентилатор се
врти додека клима уредот не работи
▪ По завршување на операцијата. Надворешниот вентилатор
продолжува да се врти дополнителни 30 секунди за заштита
на системот.
▪ Додека клима уредот не работи. Кога надворешната
температура е многу висока, надворешниот вентилатор
почнува да се врти за заштита на системот.
8.2Решавање проблеми врз основа
на шифри за грешка
Кога ќе настане проблем, на корисничкиот интерфејс се
појавува шифра за грешка. Важно е да се разбере проблемот и
да се преземат мерки пред да се ресетира шифрата за грешка.
Ова треба да биде направено од лиценциран инсталатер или од
вашиот локален продавач.
Ова поглавје ви дава преглед на сите шифри на грешки и на
содржината на шифрата на грешка како што се појавува на
корисничкиот интерфејс.
За подетално упатство за решавање проблеми за секоја грешка,
погледнете го сервисниот прирачник.
Дијагноза на дефектот од кориснички интерфејс
Корисничкиот интерфејс може да добие шифра за грешка од
внатрешната единица која укажува на дефектот. Важно е да се
разбере проблемот и да се преземат мерки пред да се ресетира
шифрата за грешка. Ова треба да биде направено од
лиценциран инсталатер или вашиот локален продавач.
За да ја видите шифрата за грешка на корисничкиот интерфејс:
1 Задржете околу 5 секунди.
Резултат: трепка во делот за прикажување
температура.
2 Неколку пати притиснете додека не се слушне
постојан бип.
Резултат: Шифрата сега се прикажува на екранот.
ИНФОРМАЦИИ
▪ Краток бип и 2 последователни бипа укажуваат на
неодговарачки шифри.
▪ За да се откаже прикажувањето шифра, задржете
го копчето откажи 5 секунди. Шифрата исто
така ќе исчезне од екранот ако копчето НЕ се
притисне во рок од 1минута.
Грешка при трансмисија на сигнал (помеѓу
внатрешната и надворешната единица)
Комбиниран дефект на внатрешна/надворешна
единица
Опис
Абнормалност на печатена плоча на внатрешна
единица
Заштита против мрзнење или контрола на висок
притисок
Абнормалност на мотор на вентилатор (мотор на
еднонасочна струја)
Абнормалност на термистор на разменувач на
внатрешна топлина
Абнормалност на термистор за собна температура
Опис
Абнормалност на 4-крак вентил
Абнормалност на печатена плоча на надворешна
единица
Активирање на преоптовареност
(преоптовареност на компресор)
Блокада на компресор
Блокада на вентилатор со еднонасочна струја
Прекумерна влезна моќност
Контрола на температура на цевка за испуст
Контрола на висок притисок (при ладење)
Абнормалност на сензор на систем на компресор
Абнормалност на положба на сензор
Абнормалност на сензорот за напон / јачина на
еднонасочна струја
Абнормалност на термистор за надворешна
температура
Абнормалност на термистор на цевка за испуст
Абнормалност на термистор на разменувач на
надворешна топлина
Грешка во загревање на електрични делови
Подигање на температура на ребрата што зрачат
Моментална прекумерна струја на инвертер
(еднонасочна струја)
Абнормалност на термистор на ребрата што
зрачат
10Речник
ТВД = Топла вода за домаќинство
Користена топла вода, во кој било тип градба, за
домашни цели.
ТИВ = Температура на излезна вода
Температура на вода на излезот за вода на топлотната
пумпа.
Продавач
Продажен дистрибутер за производот.
Овластен инсталатер
Технички стручна личност која е квалификувана да го
инсталира производот.
Корисник
Лице кое е сопственик на производот и/или работи со
производот.
Применлива легислатива
Сите меѓународни, европски, национални и локални
директиви, закони, прописи и/или шифри кои се
релевантни и применливи за одреден производ или
домен.
Компанија за сервисирање
Квалификувана компанија која може да го изврши или
координира потребниот сервис на производот.
Упатство за инсталирање
Прирачник со упатства наменет за одреден производ
или примена, што објаснува како да се инсталира,
конфигурира и одржува истиот.
Упатство за работење
Прирачник со упатства наменет за одреден производ
или примена, што објаснува како да работите со истиот.
Додатоци
Етикети, упатства, листи со информации и опрема кои
се испорачани со производот и кои треба да се
инсталираат според упатствата во придружната
документација.
Опционална опрема
Опрема направена или одобрена од Daikin која може да
се комбинира со производот според упатствата во
придружната документација.
Се набавува на лице место
Опрема која НЕ е направена од Daikin која може да се
комбинира со производот според упатствата во
придружната документација.
9Фрлање
НАПОМЕНА
НЕ обидувајте се самите да го расклопите системот:
расклопувањето на системот, третирањето на
разладното средство, маслото и другите делови МОРА
да соодветствува со применливата легислатива.
Единиците МОРА да бидат третирани во
специјализиран капацитет за третирање за повторно
користење, рециклирање и поправка.
Референтно упатство за корисник
14
FTXF20~71A2V1B
Daikin собен клима уред
4P513685-3 – 2017.11
Page 15
Page 16
Verantwortung für Energie und Umwelt
Copyright 2017 Daikin
4P513685-3 2017.11
Loading...
+ hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.