Овој производ е произведен со помош на најнова технологија во еколошки услови.
1 Општи упатства за безбедност
Овој дел содржи упатства за безбедност што можат да ви
помогнат да спречите ризици од повреди и материјална
штета. Сите видови гаранции ќе се сметаат за неважечки
доколку не се почитуваат овие упатства.
1.1 Безбедност на лица и имот
u
Никогаш не ставајте го производот на под што е покриен со
ќилим. Електричните делови ќе се прегреат бидејќи воздухот
не може да циркулира под апаратот. Ова ќе предизвика
проблеми кај вашиот производ.
u
Исклучете го производот од струја ако не е во употреба.
u
Постапките за инсталација и поправка секогаш мора да ги
извршува овластен сервисер. Производителот нема да биде
одговорен за штети што би се појавиле од постапки што ги
спровеле неовластени лица.
u
Цревата за доводот и одвод на вода мора да се цврсто стегнати
и неоштетени. Во спротивно, може да дојде до протекување.
u
Сѐ додека има вода во производот, не отворајте ја вратата
за полнење и не вадете го филтерот. Во спротивно, постои
ризик од поплава и повреда од врела вода.
u
Не отворајте ја насила заклучената врата за полнење.
Вратата може да се отвори неколку минути по завршувањето
на циклусот за перење. Во случај на насилно отворање на
вратата за полнење може да се оштетат вратата и механизмот
за заклучување.
u
Користете детергенти, омекнувачи и додатоци што се
соодветни само за автоматски машини за перење алишта.
u
Следете ги упатствата на етикетите на облеката и на
пакувањето на детергентот.
1.2 Безбедност на децата
u
Овој производ може да го користат деца на возраст од 8 години
или постари и лица чии што физички, сетилни или ментални
способности не се целосно развиени или кои немаат доволно
искуство и знаење, сѐ додека се под надзор или упатство
за безбедната употреба на производот и неговите ризици.
Децата не смее да си играат со производот. Чистењето и
одржувањето не смее никогаш да го вршат деца, освен ако не
се под надзор на друго лице. Деца помали од 3 години треба
да се држат настрана освен ако не се под постојан надзор.
u
Материјалите на пакувањето може да бидат опасни за деца.
Чувајте го на безбедно место и подалеку од дофатот на
децата.
u
Електричните производи се опасни за деца. Држете ги децата
подалеку од производот додека работи. Не дозволувајте им
Pesumasin / Kasutusjuhend
3 / MK
да играат со производот. Користете ја функцијата за заштита
за деца за да ги спречите да си играат со производот.
u
Не заборавајте да ја затворите вратата за полнење кога ја
напуштате просторијата каде е сместен производот.
u
Чувајте ги сите детергенти и адитиви на безбедно место,
подалеку од дофат на децата на тој начин што ќе го затворите
капакот на садот во кој го чувате детергентот или ќе го
залепите пакувањето со детергент.
1.3 Електрична безбедност
u Ако
u
u
u
u
u
u
производот е дефектен, не треба да се вклучува освен
ако не го поправил овластен сервисер. Ризик од струен удар!
Овој производ е дизајниран за да продолжи со работа кога
ќе дојде струја по нејзин прекин. Ако сакате да откажете
програма, видете го поглавјето „Откажување програма“.
Вклучете го производот во заземјен довод на струја заштитен
со осигурувач од 16 ампери. Не занемарувајте го фактот дека
мора да има инсталација со заземјен приклучок извршена
од страна на квалификуван електричар. Нашата компанија
нема да биде одговорна за какви било оштетувања што ќе
се појават ако производот се користел без заземјување во
согласност со локалните регулативи.
Не чистете го производот со спреј или со полевање вода над
него! Ризик од струен удар!
Никогаш не допирајте го приклучокот на кабелот за струја со
мокри раце! Не тегнете го кабелот за струја за да ја исклучите
машината, секогаш исклучувајте ја држејќи го штекерот со
едната рака и повлекувајќи го приклучокот со другата.
Производот треба да се исклучи од струја за време на
инсталација, одржување, чистење или поправка.
Ако кабелот за струја е оштетен, истиот мора да го смени
производителот, центарот за грижа за корисници или
соодветно квалификувано лице (се претпочита електричар)
или некој кој е овластен од увозникот, со цел да се избегнат
можните ризици.
1.4 Безбедност од жешки површини
Стаклената врата за полнење станува
многу врела кога перете алишта на
висока температура. Имајќи го предвид
овој факт, за време на перењето,
држете ги децата настрана од вратата
за полнење на производот за да ги
спречите да ја допираат.
4 / MK
Pesumasin / Kasutusjuhend
2 Важни упатства за животната средина
2.1 Усогласеност со Директивата на ЕУ за електричен и електронски отпад WEEE
Овој производ е во согласност со Директивата на ЕУ за отпад од
електронска и електрична опрема (WEEE) (2012/19/EU). Овој
производ го носи симболот за класификација на отпад од
електрична и електронска опрема (WEEE).
Овој производ е произведен со многу квалитетни делови и
материјали коишто може повторно да се употребат и се соодветни
за рециклирање. Не фрлајте го стариот производот заедно со
домашниот отпад и со други видови отпад на крајот на неговиот животен
век. Однесете го собирен центар за рециклирање електрична и електронска
опрема. Консултирајте се со вашите локални власти за да дознаете повеќе
за овие собирни центри.
Усогласеност со Директивата за ограничување на опасни супстанции (RoHS):
Производ што го купивте е во согласност со Директивата на ЕУ за
ограничување на опасни супстанции (RoHS) (2011/65/EУ). Не содржи опасни и
забранети материјали наведени во Директивата.
2.2 Информации за пакувањето
Пакувањето се произведува од рециклирачки материјали во согласност со
одредбите за заштита на животната средина на државно ниво. Не фрлајте
го материјалот за пакување заедно со домашниот или друг отпад. Однесете
ги во собирните центри за материјали за пакување назначени локалните
власти.
3 Наменета употреба
• Овој производ е наменет за домашна употреба. Не е соодветен
за комерцијална употреба и не смее да се користи надвор од
наменетата употреба.
• Производот може да се користи само за перење и плакнење
алишта што се соодветно обележени.
• Производителот ги отфрла сите одговорности што произлегуваат
од неправилна употреба и транспорт.
• Векот на траење на овој производ е 10 години. Оригиналните
резервни делови ќе бидат достапни за време на овој период за
правилна работа на машината.
Pesumasin / Kasutusjuhend
5 / MK
4 Tехнички спецификации
Делегирана регулатива на комисијата за усогласеност (ЕУ), бр. 1061/2010
Име или заштитна марка на добавувачот
Име на модел
Номиниран капацитет (кг)
Класа на енергетска ефикасност / Скала од А+++ (највисока ефикасност) до D
(најниска ефикасност).
Потрошувачка на ел. енергија на годишно ниво (kWh)
Потрошувачка на ел. енергија при стандардна програма за памук на 60°C при
целосно полнење (kWh)
Потрошувачка на ел. енергија при стандардна програма за памук на 60°C при
делумно полнење (kWh)
Потрошувачка на ел. енергија при стандардна програма за памук на 40°C при
делумно полнење (kWh)
(1)
Потрошувачка на ел. енергија во „режим на исклученост“(W)
Потрошувачка на ел. енергија во „режим на вклученост“(W)
Потрошувачка на ел. енергија на годишно ниво (l)
Класа на ефикасност при сушење со центрифуга / Скала од А (највисока
ефикасност) до G (најниска ефикасност)
(2)
Максимална брзина на центрифуга (rpm)
Преостаната количина на влага (%)
Стандардна програма за памук
Програмирано време за стандардна програма за памук на 60°C при целосно
полнење (мин)
Програмирано време за стандардна програма за памук на 60°C при делумно
полнење (мин)
Програмирано време за стандардна програма за памук на 40°C при делумно
полнење (мин)
(3)
Памук еко 60°C и памук
Времетраење во режим на вклученост (мин)
Емисии на акустична бучава во средината при перење/центрифуга (dB)
Вградено
Височина (см.)
Широчина (см.)
Длабочина (см.)
Нето тежина (±4 кг.)
Единичен довод на вода/двоен довод на вода
• Достапно
Електрично напојување (V/Hz)
Вкупно напојување (А)
Вкупно моќност (W)
Код за главниот модел
(1)
Потрошувачка на ел. енергија засновано врз 220 стандардни циклуси за перење за програми за памук на 60°C и 40°C при целосно и
делумно полнење и на потрошувачката во режими со мало напојување. Вистинската потрошувачка на ел. енергија зависи од тоа како
ја користите машината.
(2)
Потрошувачка на вода засновано врз 220 стандардни циклуси за перење за програми за памук на 60°C и 40°C при целосно и
делумно полнење. Вистинската потрошувачка на вода зависи од тоа како ја користите машината.
(3)
„Стандардната програма за памук на 60°C “ и „стандардната програма за памук на 40°C“ се стандардни програми за перење на
коишто се однесуваат информациите на етикетата и на плочката и овие програми се соодветни за перење на нормално извалкани
памучни алишта, а се најефикасни програми во услови на комбинирана потрошувачка на ел. енергија и вода.
Техничките спецификации може да се менуваат без претходно известување за да се подобри квалитетот на производот.
Beko
WMY 81283 LMXB2
8
A+++
196
1.200
0.625
0.630
0.500
0.500
10560
B
1200
53
еко 40°C
235
200
200
N/A
52/77
Non
84
60
54
70
• / -
230 V / 50Hz
10
2200
1011
6 / MK
Pesumasin / Kasutusjuhend
4.1 Монтажа
• Повикајте го најблискиот овластен сервисер за да го монтира вашиот производ.
• Подготовката на локацијата и инсталацијата на струјата, водата и одводот на местото за
монтажа се одговорност на потрошувачот.
• Проверете дали доводот за вода, одводните црева и електричниот кабел се превиткале,
скинале или притиснале додека сте го туркале производот на своето место по монтажата
или чистењето.
• Проверете дали инсталацијата и електричното поврзување на производот се направени
од овластен сервис. Производителот нема да биде одговорен за штети што би се
појавиле од постапки што ги спровеле неовластени лица.
• Пред монтажата, проверете визуелно дали производот има дефекти. Ако има, не
инсталирајте го. Оштетените производи претставуваат ризик за безбедноста.
4.1.1 Соодветна локација за монтирање
• Поставете го производот на тврд и рамен под. Не поставувајте го врз дебел килим или
врз слични површини.
• Кога машина за перење и сушална се поставени една врз друга, нивната вкупна тежина
– кога се полни – изнесува 180 kg. Ставете го производот на цврст и рамен под што има
задоволителен капацитет на носивост!
• Не ставајте го производот врз кабелот за струја.
• Не монтирајте го производот во околина каде што температурата се спушта под 0 °C.
• Оставете минимум 1 cm простор меѓу машината и мебелот.
• На нерамен под, не поставувајте го производот веднаш до работ или на платформа.
4.1.2 Вадење на потпорите во пакувањето
Закосете ја машината наназад за да ги извадите потпорите
во пакувањето. Отстранете ги потпорите во пакувањето со
извлекување на лентата. Не спроведувајте ја оваа операција
сами.
4.1.3 Вадење на транспортните брави
1 Олабавете ги сите навртки со соодветен клуч додека не започнат да се вртат
слободно (C).
2 Извадете ги навртките за безбеден транспорт со тоа што ќе ги одвртите малку.
3 Вметнете ги пластичните капаци што се доставени во вреќичка со Упатството за
корисникот во отворите на задниот панел. (P)
ВНИМАНИЕ: Извадете ги навртките за безбеден транспорт пред да ја вклучите машината! Инаку,
A
C
Pesumasin / Kasutusjuhend
производот ќе се оштети.
Чувајте ги навртките за безбеден транспорт на сигурно место ако треба повторно да ги употребите кога
машината за перење ќе треба да се премести.
Поставете ги навртките за безбеден транспорт по обратен редослед од постапката за вадење.
Никогаш не поместувајте го уредот без правилно поставени навртки за безбеден транспорт!
7 / MK
4.1.4 Поврзување со доводот за вода
Притисокот на водата од доводот што е потребен за да работи машината мора да биде меѓу 1-10 бари (0.1 –
1 MPa). Неопходно е најмалку 10-80 литри вода да течат од целосно отворената славина во една минута за
C
A
да работи машината без проблеми. Додајте вентил за намалување на притисокот, ако е повисок.
Ако користите двоен довод на вода како единична единица за ладна доводна вода, мора да поставите
стопер којшто е доставен со машината за вентилот за топла вода. (Се однесува за производите кои што се
доставуваат со група слепи стопери).
ВНИМАНИЕ: Моделите со единичен довод за вода не треба да се поврзуваат со славина за топла вода.
Во тој случај, алиштата ќе се оштетат или производот ќе се префрли во заштитен режим и нема да работи.
ВНИМАНИЕ: Не користете стари или користени црева за довод на вода на новиот производ. Може да се
предизвика флекање на алиштата.
Поврзете ги специјалните доводни црева што се доставуваат со производот
со вентилите за довод на вода на производот. Црвеното црево (лево) (макс.
90° C) е за довод на топла вода, синото црево (десно) (25 °C) е за довод на
ладна вода.
Проверете дали славините за жешка и ладна вода се правилно поврзани
кога го монтирате производот. Инаку, алиштата ќе бидат врели по перењето
и излитени.
1 Стегнете ги навртките на цревото со рака. Никогаш не
користете алат за нивно затегнување.
2 Кога ќе завршите со поврзувањето на цревото,
проверете дали протекува од некаде на точките
на поврзување, со тоа што целосно ќе ја отворите
славината. Ако има протекување, затворете ја
славината и извадете ја навртката. Затегнете ја одново
внимателно по проверка на заштитата. За да спречите
протекување и последователна штета, славините
затворајте ги кога не го користите производот.
4.1.5 Поврзување на одводното црево со одводот
• Прикачете го крајот на одводното црево директно со одводот на вода, лвабао или када.
ВНИМАНИЕ: Вашиот дом ќе биде поплавен ако цревото излезе од неговото лежиште при испуштање
на водата. Уште повеќе, постои ризик од попарување заради високите температури при перење! За да
A
спречите вакви ситуации и да бидете сигурни дека вашата машина без проблем ги извршува процесите на
полнење и празнење, добро фиксирајте го одводното црево.
•Поврзете го одводното црево на минимална
висина од 40 cm и максимална висина од 100
cm.
• Во случај кога одводното црево е подигнато
по неговото поставување на ниво на под или
100cm
• За да спречите отпадната вода да се врати назад во машината повторно и да обезбедите
полесни истекување, не потопувајте го крајот на цревото во отпадната вода и не
вметнувајте го во одводот подлабоко од 15 cm. Ако е многу долго, скратете го.
• Крајот на цревото не смее да биде превиткано, нагазено ниту притиснато меѓу одводот и
машината.
• Ако должината на цревото е многу кратка, додајте оригинално црево за продолжување.
Должината на цревото не смее да биде поголема од 3,2 m. За да избегнете дефекти од
протекување на вода, врската меѓу цревото за продолжување и одводното црево на
производот мора да биде добро направена, со соодветни стегачи за да не се раздвојат и
да не протекува.
8 / MK
близу до подот (помалку од 40 cm над подот),
исфрлањето на водата се отежнува и алиштата
40cm
ќе бидат многу мокри. Затоа, следете ги
висините што се посочени на сликата.
Pesumasin / Kasutusjuhend
4.1.6 Прилагодување на ногалките
ВНИМАНИЕ: За да се обезбеди производот да работи тивко и без вибрации, тој мора да стои рамно и
A
1 Рачно разлабавете ги стегнатите навртки на ногалките.
2 Прилагодувајте ги ногалките додека производот не застане рамно и стабилно.
3. Затегнете ги сите навртки за стегање со рака.
4.1.7 Електрично поврзување
Поврзете го производот за заземјен приклучок, заштитен со осигурувач 16 A. Нашата
компанија нема да биде одговорна за какви било оштетувања што ќе се појават ако
производот се користел без заземјување во согласност со локалните регулативи.
• Поврзувањето мора да биде усогласено со државните регулативи.
• Приклучокот за ел. енергија мора да биде на дофат по монтирањето.
• Ако тековната вредноста на осигурувачот или на прекинувачот во куќата е помала од 16
• Дадениот напон во поглавјето „Технички спецификации“ мора да биде еднаков на
• Не поврзувајте преку продолжени кабли или повеќенаменски приклучоци.
избалансирано на ногарките. Наместете ја машината со прилагодување на ногарките. Инаку, производот
може да се поместува и да предизвика кршење и вибрации.
ВНИМАНИЕ: Не користете алати за да ги разлабавите завртените навртки. Инаку, машината ќе се
оштети.
ампери, повикајте квалификуван електричар да постави осигурувач од 16 ампери.
напонот на струјата во штекерот.
B
4.1.8 Прва употреба
C
Pesumasin / Kasutusjuhend
ВНИМАНИЕ: Оштетените кабли за струја мора да ги замени овластен сервисер.
Користете средство против бигор што е соодветно за машини за перење.
Останала малку вода во машината заради процесот за контрола на квалитетот во производството. Не е
штетно за производот.
Пред да започнете да го употребувате производот,
проверете дали се направени сите подготовки во согласност
со поглавјата „Важни упатства за безбедноста и животната
средина“ и „Инсталација“.
Прво вклучете ја програмата за чистење на барабанот за
да ја подготвите машината за перење алишта. Ако оваа
програма ја нема во вашата машина, применете го методот
опишан во поглавјето 4.4.2.
9 / MK
Loading...
+ 18 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.