Кон ова упатство за употреба2
Мерки за безбедност и упатства
за работа2
Склопување на уредот8
Штелување на сајлата за гас11
Местење на ременот за носење11
Гориво12
Полнење гориво13
Оригинално упатство за
употреба
Информации пред стартување14
Стартување и исклучување на
моторот15
Упатства за работа17
Замена на филтерот за воздух17
Штелување на карбураторот18
свеќичка19
Однесување на моторот при
работа20
Чување на уредот20
Совети за чување и одржување21
Намалување на абењето и
избегнување штети23
Важни делови24
Печатено на хартија белена без хлор.
Печатните бои содржат растителни масла, хартијата може
да се рециклира.
Технички податоци26
Упатства за вршење поправки27
Фрлање27
ЕЗ Изјава за сообразност28
Почитуван купувачу,
Ви благодариме што се одлучивте за
квалитетниот производ на фирмата
STIHL.
Овој производ е направен со
современ начин на изработка и при
обемни мерки за контрола на
квалитетот. Ние се обидуваме да
сториме се’ за да бидете задоволни
со овој уред и да работите со него без
проблем.
Доколку имате прашања во врска со
Вашиот уред, Ве молиме да се
обратите до Вашиот продавач или
директно до нашата продажна
служба.
Ова упатство за употреба е заштитено со законот за авторски права. Сите права се задржани, особено правото за
умножување, преведување и обработка со електронски системи.
1
македонски
Кон ова упатство за
употреба
Сликовни ознаки
Сликовните ознаки што се наоѓаат на
уредот се објаснети во ова упатство
за употреба.
Во зависност од уредот и моделот, на
уредот се наоѓаат следниве сликовни
ознаки.
Резервоар за гориво;
мешавина за гориво од
бензин и моторно масло
Активирање на рачната
пумпа за гориво
Ознаки пред делови од текст
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување поради опасност од
несреќи и повреди на лица, како и од
големи материјални штети.
УПАТСТВО
Предупредување поради оштетувања
на уредот или на делови од уредот.
Техничко усовршување
STIHL постојано ги усовршува сите
машини и уреди; од тие причини
мораме да го задржиме правото за
правење измени во обемот на
испораката, во вид на формата,
техниката и опременоста на уредите.
Од тие причини, од податоците и
илустрациите во ова упатство за
употреба не може да се изведат
никакви побарувања.
Мерки за безбедност и
упатства за работа
Посебни безбедносни
мерки се неопходни при
работење со моторен
уред.
Пред првото
користење, прочитајте
го внимателно целото
упатство за употреба и
чувајте го на сигурно
место за подоцнежна
употреба.
Непочитувањето на
упатствата може да
биде опасно по
животот.
Запазете ги безбедносните прописи
специфични за секоја држава, како
на пр. од синдикалните и социјалните
здруженија, од службите за
безбедност на работа и други.
Ако првпат работите со уредот: Од
продавачот или од друго стручно
лице побарајте објаснување како
безбедно се ракува со уредот – или
учествувајте на стручен семинар.
Малолетни лица не смеат да работат
со уредот – освен лица над 16 години,
обучувани под надзор.
Деца, животни и нестручни лица да се
држат подалеку од уредот.
Ако уредот не се користи, мора да
биде одложен безбедно – никој да не
биде загрозен. Чувајте го уредот
непристапен за нестручни лица.
2
BR 350, BR 430
македонски
Корисникот на уредот е одговорен за
настанатите несреќни случаи со
други лица или врз туѓа сопственост.
Уредот се дава или се изнајмува само
на лица запознаени со начинот на
ракување – секогаш првин да им се
даде упатството за употреба.
Употребата на уреди што создаваат
бучава може да биде временски
ограничена како со државни, така и со
локални прописи.
Уредот смее да се користи само ако
сите составни делови се неоштетени.
За чистење на уредот не користете
уреди за чистење со висок притисок.
Силниот воден млаз може да оштети
делови на уредот.
Прибор и резервни делови
Смеат да се употребуваат само
делови и прибор што STIHL ги
одобрува за овој уред или технички
истоветни делови. За сите прашања
побарајте совет од специјализиран
продавач.За сите прашања побарајте
совет од специјализиран продавач.
Смеат да се употребуваат само
висококвалитетни делови и прибор.
Во спротивно постои опасност од
незгоди или оштетувања на уредот.
STIHL препорачува употреба на
оригиналните делови и прибор од
STIHL. Со своите карактеристики, тие
се оптимални како за производот,
така и за потребите на корисникот.
Не вршете промени на уредот – со тоа
се загрозува безбедноста. Во случај
на повреди или материјални штети
што се јавуваат при користење
недозволени уреди за надградба,
STIHL е ослободен од секаква
одговорност.
Физичка способност
Лицето што работи со уредот мора да
биде одморено, здраво и во добра
психичка состојба.
Лицата што не смеат да се напрегаат
од здравствени причини треба да го
прашаат својот лекар дали смеат да
работат со моторен уред.
Само за лица со пејсмејкери:
системот за палење предизвикува
многу слабо електромагнетно
поле.Само за лица со пејсмејкери:
системот за палење предизвикува
многу слабо електромагнетно поле.
Влијанието врз одделни видови
пејсмејкери не може да биде сосема
исклучено. За да не се ризикува
здравјето, STIHL препорачува да се
посоветувате со својот лекар или со
производителот на пејсмејкерот.
По консумирање алкохол, лекови што
негативно влијаат врз способноста за
реагирање или дрога, не смее да се
работи со уредот.
Наменска употреба
Дувалката овозможува отстранување
лисје, трева, хартија и слично, на пр.
во градини, спортски стадиони,
паркиралишта или влезови. Уредот
исто може да се користи за чистење
ловни патеки во шума.
Не дувајте во материјали што го
загрозуваат здравјето.
Употребата на уредот за други цели
не е дозволена и може да доведе до
незгоди или оштетувања на уредот.
Производот не смее да се менува – и
тоа може да доведе до повреди и
оштетувања на уредот.
Облека и заштитни средства
Да се носат прописна облека и
заштитни средства
Облеката мора да биде
соодветна и не смее да
пречи во работата.
Носете облека што е
припиена до телото –
работен комбинезон, а
не работен мантил.
Не носете облека со
лабави врвки, шал,
вратоврска или накит,
што би можеле да
дојдат до отворот за
смукање воздух
странично, или под
машината. Соберете ја
долгата коса (под
шамија, капа, шлем и
сл.).
Носете заштитни чевли со изрецкан
ѓон што не се лизга.
BR 350, BR 430
3
македонски
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали
опасноста од повреди
на очите, носете добро
припиени заштитни
очила според
стандардот EN 166.
Запазете ја добрата
наместеност на
заштитните очила.
Носете „лична“ заштита од бучава –
на пр. заштитни слушалки.
STIHL нуди широк асортиман на
прибор за лична заштита.
Транспортирање на уредот
Секогаш со изгаснат мотор.
При превезување во возила:
–уредот да се заштити од
превртување, оштетување и од
истекување на горивото
Полнење гориво
Бензинот е многу лесно
запалив – држете го
подалеку од отворен
оган – не истурајте
гориво – не пушете.
Пред полнење гориво изгаснете го
моторот.
Не полнете го резервоарот со гориво
додека моторот е жежок – може да
дојде до прелевање на горивото –
опасност од пожар!
Отстранете го уредот од грбот пред
да наполните гориво. Полнете гориво
само кога стои на тлото.
Отворете го капакот на резервоарот
внимателно, за да се намали
постоечкиот притисок и за да се
спречи прскање на горивото.
Полнете го резервоарот со гориво
само на добро проветрени места.
Доколку се истури гориво, веднаш
избришете го уредот – не
дозволувајте горивото да дојде во
допир со облеката, во спротивно,
сменете ја веднаш.
Внимавајте на
дихтувањето! Ако
истекува гориво, не
палете го моторот –
опасност по живот од
изгореници!
Капаче со навој
По завршеното
полнење, капачето со
навој затегнете го што е
можно поцврсто.
Со тоа се намалува ризикот капачето
на резервоарот да се одврти поради
вибрациите на моторот и да истече
гориво.
Пред стартување
Проверете го уредот во смисла на
безбедноста при работа – запазете ги
соодветните поглавја во упатството
за употреба:
–проверете го дихтувањето на
системот за гориво, особено на
видливите делови како на пр.
капачето на резервоарот,
спојките на цревото, рачната
пумпа за гориво (само кај
моторните уреди со рачна пумпа
за гориво). При недихтување или
оштетување, не стартувајте го
моторот – опасност од пожар!
Пред да се користи, уредот треба
да го сервисира специјализиран
продавач
–рачката за гас мора да биде
лесно подвижна и самата да
може да се врати во положба на
празен ôд
–преклопната рачка мора да може
да се притисне лесно на STOP
одн. 0
–механизмот за дување мора да
биде монтиран правилно
–рачките за држење секогаш да се
чисти и суви, без масло и
нечистотија на нив – за да може
сигурно да се ракува со
моторниот уред
–проверете го приклучникот на
свеќичката – ако не е наместен
добро, можно е да се јави
искрење што може да ја запали
смесата од гориво и воздух –
опасност од пожар!
4
BR 350, BR 430
македонски
–Не вршете никакви измени на
командните и безбедносните
механизми
–проверете ја состојбата на
куќиштето на вентилаторот
–проверете ја состојбата на
ремените за носење и на рамката
за носење – заменете ги
оштетените или изабените
ремени за носење
Абењето на куќиштето од
вентилаторот (расцепи, пукнатини)
може да предизвика опасност од
повреди од исфрлените објекти. При
оштетено куќиште на вентилаторот
побарајте помош од специјализиран
продавач – STIHL препорачува
специјализирани продавачи на STIHL
Уредот смее да се користи само ако е
безбеден за употреба – опасност од
незгоди!
За итни случаи: Вежбајте брзо
отворање на затворачот од ременот
за појас, отпуштање на ремените за
рамена и симнување на уредот од
грб.
Стартување на моторот
На растојание од најмалку 3 метри од
место за полнење гориво и никогаш
во затворен простор.
Уредот го опслужува само едно лице
– не дозволувајте присуство на
ниедно друго лице во работната зона
– исто и при стартување.
Моторот да не се стартува „од рака“ –
стартувајте го како што е опишано во
упатството за употреба.
Само на рамна подлога, застанете
цврсто и стабилно, уредот држете го
сигурно.
Кога ќе запали моторот, воздушната
струја под притисок може да
предизвика отфрлување на предмети
(на пример, камења).
За време на работата
При опасност или во итен случај,
веднаш изгаснете го моторот –
преклопната рачка ставете ја на
STOP одн. 0.
Во радиус од 15 m не смее да стои
ниедно друго лице – поради
отфрлените предмети постои
опасност од повреди!
Истото растојание треба да се држи и
во однос на предмети (возила,
прозорци) – опасност од материјална
штета!
Никогаш не дувајте во
насока на лица или
животни – уредот може
да отфрли мали
предмети со голема
брзина – опасност од
повреди!
При работење со дувалка (на
отворени површини и во градини),
внимавајте да не ги загрозувате
малите животни.
Никогаш не оставајте го уредот да
работи без надзор.
Внимавајте при подмразица, влага,
снег, мраз,
на наклони, на нерамно земјиште –
опасност од слизнување!
Внимавајте на пречки: ѓубре, трупци
од дрва, корења, дупки – опасност од
сопнување!
Не работете качени на скала, ниту на
нестабилни подлоги.
При употреба на средства за заштита
на слухот, потребно е зголемено
внимание – способноста за
забележување звуци што би можеле
да укажуваат на опасност (повици,
сигнали и др.) е намалена.
Работете мирно и промислено – само
при добра осветленост и видливост.
Работете внимателно, не
загрозувајте други лица.
Благовремено правете паузи, за да се
намалат заморот и изнемоштеноста –
опасност од незгоди!
Моторниот уред
создава отровни гасови
штом моторот ќе
проработи. Тие гасови
може да се без мирис и
невидливи и да содржат
несогорени
јаглеводороди и
бензол. Никогаш не
работете со уредот во
затворени или лошо
проветрени простории –
истото важи и за
машини со катализатор.
При работење во ровови, јами или во
стеснет простор, секогаш погрижете
се да има доволно струење на
воздухот – опасност по животот од
труење!
BR 350, BR 430
5
македонски
0009BA001 KN
Доколку почувствувате мачнина,
главоболка, пречки на видот (на пр.,
стеснување на видното поле), пречки
во слухот, вртоглавица, попуштена
концентрација, веднаш прекинете со
работата – тие симптоми може, меѓу
другото, да се предизвикани и од
преголема концентрација на издувни
гасови – опасност од незгоди!
Не пушете при работа и близу до
уредот – опасност од пожар!
Системот за гориво може да испушта
запаливи бензински испарувања.
Носете маска за заштита од прав
секогаш кога се крева прав.
Со моторниот уред работете колку
што е можно потивко и со помалку
издувни гасови – моторот да не
работи без потреба, додавајте гас
само при работење.
По завршената работа, уредот
оставете го на рамна, незапалива
површина. Не оставајте го уредот во
близина на лесно запаливи материи
(на пр. струганици, кора од дрво, сува
трева, гориво) – опасност од пожар!
Доколку уредот бил изложен на
непрописна употреба (на пр. бил
удрен или паднал), исправноста на
уредот веднаш треба да се провери
пред повторна употреба – погледнете
и под "Пред стартување". Особено да
се провери дихтувањето на системот
за гориво и функционалноста на
безбедносните системи. Уред што не
е безбеден за работа во ниеден
случај да не се користи понатаму.
Доколку не сте сигурни – прашајте
специјализиран продавач.
Примена на дувалката
Уредот се носи на грб. Десната рака
на командната рачка ја води цевката
за дување.
Работете само со бавно движење
нанапред – постојано набљудувајте ја
излезната област на цевката за
дување – не одете наназад – опасност
од сопнување!
Исклучете го моторот пред да го
симнете уредот од грб.
Техника на работење
За да се минимира времето на
дување, користете гребла и метли за
да ги одлепите честичките на
нечистотијата.
Препорачана техника на работење за
минимирање на загадувањето на
воздухот:
–ако е потребно, навлажнете ја
површината за да се спречи
создавањето на прав
–нечистотијата не смее да се дува
кон луѓе, особено кон деца,
домашни животни, кон отворени
прозорци или свежо измиени
возила. Бидете внимателни при
дувањето нечистотија
–собраната нечистотија фрлете ја
во канта за ѓубре; не дувајте ја
кон соседните земјишта
Препорачана техника на работење за
минимирање на бучавата:
–моторните уреди користете ги во
разумно време - не рано наутро
или во текот на пладневна
починка, кога може да им пречите
на соседите. Запазете ги локално
одредените времиња
–дувалките користете ги само при
најмал можен број на вртежи на
моторот што е неопходен за
дадената работа
–опремата проверете ја пред
употребата, особено
придушувачот на бучавата,
отворите за смукање воздух и
филтерот за воздух
6
BR 350, BR 430
македонски
Вибрации
При подолготрајно користење на
моторниот уред, вибрациите може да
доведат до проблеми со
циркулацијата во рацете („болест на
бели прсти“).
Не е можно да се одреди
општоважечко правило за должината
на користењето, бидејќи истото
зависи од повеќе фактори.
Должината на користењето може да
се продолжи со:
–загревање на рацете
–правење паузи
Должината на користењето може да
се скрати поради:
–особена лична предиспонираност
за лоша циркулација на крвта
(симптоми: прстите се често
ладни, трнење)
–ниски надворешни температури
–силата со која се притиска при
држењето (цврстото држење ја
попречува циркулацијата)
При редовна и долготрајна употреба
на моторниот уред и при честа појава
на наведените симптоми (на пр.
трнење на прстите) се препорачува
медицински преглед.
Одржување и поправки
Одржувајте го моторниот уред
редовно. Извршувајте ги само
одржувањата и поправките што се
наведени во упатството за употреба.
Сите останати интервенции треба да
ги изврши специјализиран продавач.
STIHL препорачува одржување и
поправки само преку специјализирани
продавачи на STIHL. На
специјализираните продавачи на
STIHL им се нудат редовни обуки и
достапни им се технички
информации.
Употребувајте само
висококвалитетни резервни делови.
Во спротивно постои опасност од
повреди или оштетувања на уредот.
За сите прашања во врска со тоа
побарајте совет од специјализиран
продавач.
STIHL препорачува да се
употребуваат оригинални резервни
делови на STIHL. Со нивните
карактеристики тие се оптимални
како за уредот, така и за потребите на
корисникот.
При поправка, одржување и чистење,
секогаш изгаснете го моторот –
опасност од повреди! – Исклучок:
штелување на карбураторот и на
празниот од.
Не палете го моторот со извлечен
приклучник на свеќичката или при
одвртена свеќичка -опасност од
пожар поради искрење надвор од
цилиндерот!
Не држете го моторниот уред во
близина на отворен оган.
Редовно проверувајте го
дихтувањето на капачето на
резервоарот.
Употребувајте само исправни
свеќички одобрени од STIHL –
погледнете во „Технички податоци“.
Проверете го кабелот на свеќичката
(беспрекорна изолација, цврст
приклучник).
Придушувачот на бучавата мора да
биде во беспрекорна состојба.
Не смее да се работи со расипан
придушувач на бучавата или без него
– опасност од пожар! – Оштетувања
на слухот!
Не допирајте го придушувачот на
бучавата кога е жежок – опасност од
изгореници!
Состојбата на придушувачите на
вибрации влијае врз вибрациското
однесување на уредот –
контролирајте ги редовно.
Изгаснете го моторот при
отстранување пречки.
BR 350, BR 430
7
македонски
0000-GXX-2038-A0
1
2
0009BA003 KN
3
4
3
0000-GXX-2039-A0
2
4
0000-GXX-2040-A0
0009BA005 KN
6
5
5
3
0009BA006 KN
7
0009BA007 KN
5
7
Склопување на уредот
Комби-клуч и одвртка се вклучени во
приложената вреќичка со прибор.
Механизам за дување на BR 350
Монтажа на ребресто црево на
колено
Nраширете го лизгачкиот
прстен (2) и навлечете го врз
коленото (1)
Nребрестото црево (4) навлечете
го врз лизгачкиот прстен (2) до
граничникот
Nпорамнете ја стегата за црево (3)
– како на сликата
Nзатегнете ја завртката (стрелка)
Монтажа на цевка за дување и
млазница
Монтажа на командна рачка
Nраширете ја командната рачка (7)
и навлечете ја врз наглавокот на
ребрестото црево (4)
Nсајлата за гас закачете ја во
држачот на стегата за црево (3)
Прилагодување на командната рачка
Nставете го уредот на грб и
прилагодете го ременот за
носење – погледнете под
"Местење на ременот за носење"
Nцевката за дување (5) вовлечете
Nраширете ја стегата за црево (3) и
поставете ја околу ребрестото
црево (4)
Nзаклучете ја стегата за црево (3) –
закачете го јазичето во
вдлабнатината
8
Nповрзете ги меѓусебно цевката за
дување (5) и млазницата (6)
ја во наглавокот на ребрестото
црево (4) до граничникот
Nкомандната рачка (7)
поместувајте ја надолжно и
прилагодете ја според должината
на раката
Nзатегнете ја завртката на
командната рачка (7)
BR 350, BR 430
Loading...
+ 22 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.