Ова е упатство за корисникот за Xperia™ L, со верзија на софтверот Android™ 4.2 (Jelly
"Bean). Ако не сте сигурни на која верзија на софтверот работи вашиот уред, можете да ја
проверите во менито Поставки. За повеќе информации за софтверот, видете на Ажурирање на
уредот.
За проверка на актуелниот софтвер на вашиот уред
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата Поставки.
2
Допрете го За телефонот > Верзија на Android.
Што е Android™?
Вашиот паметен телефон Xperia од Sony работи на платформа Android. Телефоните Android може
да изведуваат многу од функциите на компјутерот, а можете и да ги приспособите на своите
потреби. На пример, можете да додавате и бришете апликации или да ги ажурирате постоечките
за да ја подобрите функционалноста. На Google Play™ можете да преземате бројни апликации и
игри од колекција што постојано се зголемува. Апликациите на Android™ телефонот можете да ги
интегрирате и со другите апликации и онлајн сметки што ги користите. На пример, можете да
направите резервна копија на своите телефонски контакти, од едно место да пристапувате на
различни сметки за е-пошта и календари, да ги забележувате своите состаноци и да се вклучувате
во социјални мрежи.
Телефоните Android™ постојано еволуираат. Кога е достапна нова верзија на софтверот и
телефонот го поддржува новиот софтвер, можете да го ажурирате телефонот да добиете нови
функции и најнови подобрувања.
Телефон Android™ е со претходно внесени услуги на Google™. За да го добиете
максимумот од обезбедените услуги на Google™, треба да имате сметка на Google™ и
да се пријавите на истата при првото вклучување на телефонот. Треба да имате и
Интернет-пристап за да користите многу од функциите на Android™.
Новите изданија на софтверот може да не се компатибилни со сите телефони.
Исклучете го телефонот и отстранете го задниот капак, па вметнете ги мемориската
картичка и SIM-картичката во соодветните отвори.
Мемориската картичка може да не е вклучена при купувањето на сите пазари.
Ставање на задниот капак
1
Поставете го задниот капак врз задниот дел од уредот, потоа притиснете надолу на
горните агли да легнат на своето место.
2
Движејќи од врвот до дното, притиснете ги надолу страните од капакот. Јазичињата во
внатрешноста на капакот прават звуци на кликнување кога легнуваат на своите места.
Притиснете го и држете го притиснато копчето за вклучување додека уредот не почне да
вибрира.
2
Ако екранот се затемни, кратко притиснете го копчето за вклучување за да го активирате
екранот.
3
Внесете ја лозинката од SIM-картичката кога ќе ви биде побарано, а потоа допрете на.
4
Ако екранот езаклучен, ставете прст на екранот и поминете со прстот нагоре или надолу за
да го отклучите.
5
Почекајте додека уредот не започне со работа.
Лозинката на SIM-картичката најпрво ќе ви ја обезбеди мрежниот оператор, но подоцна
може да ја промените од менито Settings (Поставки). За да ја исправите грешката
направена при внесување на лозинката од SIM-картичката, допрете на .
Исклучување на уредот
1
Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.
2
Во менито со опции, допрете го Исклучување.
3
Допрете го OK.
Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.
Заклучување на екранот
Кога уредот е вклучен и е ставен во мирување за определен временски период, екранот се
затемнува за да заштеди батерија и се заклучува автоматски. Ова заклучување спречува несакани
активности на екранот на допир кога не го користите.
За да се активира екранот
•
Кратко притиснете го копчето за вклучување
Отклучување на екранот
•
Ставете го прстот на екранот и поминете нагоре или надолу.
Има неколку начини на отклучување на екранот. За повеќе информации, погледнете
Поставување на заклучување на екранот на страницата 118.
За да го заклучите екранот рачно
•
Кога екранот е активен, кратко притиснете го копчето за вклучување .
.
Водач за поставување
Кога првпат го вклучувате уредот, се отвора водачот за поставување за да ги објасни основните
функции и да ви помогне да ги внесете основните поставки. Тоа е добар момент да го
конфигурирате уредот според вашите специфични потреби. До водачот за поставување може да
пристапите и подоцна од менито за поставки.
Пријавете се на сметките за онлајн услуги од уредот и имајте лесен пристап додека сте во
движење. На пример, контактите од сметката на Google™ можете да ги интегрирате во именикот,
така што ќе имате сè на едно место. Можете да се пријавите на нови онлајн услуги и од уредот и
од компјутерот.
Google™ сметка
Поседувањето на Google™ сметка е клучно за користење низа апликации и услуги со вашиот
Android™ уред. Потребна ви е Google™ сметка, на пример, за користење на апликацијата
Gmail™ на вашиот уред, за разговарање со пријатели со употреба на Hangouts™ и за
синхронизација на апликацијата календар на уредот со Google Calendar™. Исто така, потребна ви
е Google™ сметка за преземање апликации и игри, музика, филмови и книги од Google Play™.
Microsoft® Exchange ActiveSync® сметка
Синхронизирајте го уредот со својата службена сметка за Microsoft® Exchange ActiveSync®. На овој
начин, во секое време со себе ги чувате деловната сметка за е-пошта, контактите и настаните во
календарот.
Сметка на Facebook™
Facebook™ е услуга на социјално мрежно поврзување што ви овозможува комуницирање со
пријателите, семејството и колегите ширум светот. Поставете го Facebook да работи на уредот,
така што ќе бидете во контакт каде и да сте.
Затворете ги тастатурата на екранот, прозорецот за дијалог, менито со опции, паното за известување или
апликацијата
Почеток
•
Одете на Почетен екран
Задача
•
Допрете за да се отвори прозорец што ги покажува последните користени апликации, како и лентата за
мали апликации
Батерија
Полнење на батеријата
Батеријата е делумно полна кога ќе го купите уредот. Може да потрае неколку минути додека
иконата за батеријата да се појави на екранот откако ќе го приклучите кабелот на полначот на
ивор на струја, како на пример USB-порта или полнач. Уредот можете да го користите и кога се
полни. Долготрајното полнење, на пример, преку ноќ, не ги оштетува ниту батеријата ниту уредот.
Ако уредот остане приклучен на полначот откако ќе се наполни, батеријата малку ќе се
испразни, па по одредено време одново ќе почне да се полни. Тоа има за цел да го
продолжи векот на батеријата и притоа може да се прикажува статус на полнење под 100
проценти.
Приклучете еден крај од USB-кабелот во полначот (или во USB-порта на компјутер).
3
Приклучете го другиот крај на кабелот во портата за Micro USB на уредот, со симболот за
USB завртен нагоре. Светлечката диода за статусот на батеријата се пали кога започнува
полнењето.
4
Кога светлечката диода за статусот на батеријата е зелена, уредот е полн. Исклучете го
USB-кабелот од уредот повлекувајќи го рамно нанадвор. Внимавајте да не го превиткате
конекторот при вадење на кабелот од уредот.
Користете ги полначот и USB-кабелот обезбедени со уредот за да обезбедите побрзо
полнење.
Ако батеријата е сосема празна, светлечката диода ќе светне дури неколку минути
откако ќе го приклучите полначот во струја.
LED статус на батерија
ЗеленоБатеријата е наполнета
Трепка црвеноБатеријата е празна
ПортокаловоБатеријата се полни. Нивото на батеријата е меѓу празно и полно
Проверување на нивото на батеријата
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > За телефонот > Статус > Ниво на
батеријата.
Подобрување на работата на батеријата
Следните совети можат да ви помогнат да ја подобрите работата на батеријата:
•
Полнете го уредот почесто. Тоа нема да влијае на рокот на траење на батеријата.
•
Преземањето податоци од Интернет троши енергија. Кога не користите интернет, можете да ја
зачувате енергијата со исклучување на сите конекции за пренос на податоци преку мобилни
мрежи. Оваа поставка не го спречува уредот да пренесува податоци преку други безжични мрежи.
•
Исклучете ги Bluetooth® и Wi-Fi® конекциите кога не ви требаат. Полесно можете да ги вклучувате
и исклучувате од паното за известување со влечење на лентата за статус надолу.
•
Користете ги функциите STAMINA-режим и Режим на слаба батерија за да го намалите
трошењето на батеријата. Можете да го одберете режимот за штедење енергија којшто најдобро
одговара на начинот на кој го користите уредот. Можете и да ги прилагодите поставките за секој
режим на штедење енергија.
•
Поставете ги апликациите за синхронизација (што се користат за синхронизација е-поштата,
календарот и контактите) на рачно синхронизирање. Можете и автоматски да синхронизирате, но
зголемете ги интервалите.
•
Проверете го менито за искористеност на батеријата во уредот за да проверите кои апликации
трошат најмногу енергија. Батеријата троши повеќе енергија кога користите апликации за видео и
музички стриминг како што е YouTube™. И некои апликации на преземени од Google Play™ може
да трошат повеќе енергија.
•
Затворете ги и излезете од апликациите што не ги користите.
Исклучете го уредот или активирајте ја функцијата Авионски режим доколку сте во област
без мрежа. Во спротивно, уредот постојано ќе бара достапни мрежи, а тоа троши енергија.
•
Користете оригинален handsfree уред на Sony™ за да слушате музика. Handsfree уредите помалку
ја трошат батеријата отколку звучниците на уредот.
•
Држете го уредот во мирување секогаш кога е можно. Времето на мирување се однесува на
времето во текот на кое уредот е поврзан на мрежата, а не се користи.
•
Исклучете жива заднина.
Пристапување до менито за искористеност на батеријата
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Управување со енергијата > Користење на
батеријата за да видите кои инсталирани апликации трошат најмногу енергија од
батеријата.
Користење на режимот STAMINA
Активирајте ја опцијата STAMINA-режим за да ги паузирате Wi-Fi® конекцијата, сообраќајот
на податоци, и повеќето апликации коишто ја трошат батеријата, кога екранот не е активен. Кога е
активен режимот STAMINA сè уште можете да примате телефонски повици и текстуални и
мултимедијални пораки. Можете и да поставите листа на апликации коишто ќе продолжат да
работат кога екранот е неактивен. Откако повторно ќе се активира екранот, паузираните функции
продолжуваат со работа.
Активирање на режимот STAMINA
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата
2
Најдете и допрете ја опцијата Управување со енергијата.
3
Повлечете го лизгачот крај STAMINA-режим во десно, па допрете ја опцијата
Активирај. Кога ќе се активира режимот STAMINA, во лентата за статус ќе се појави .
.
Исклучување на режимот STAMINA
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата.
3
Допрете го
веднаш до STAMINA-режим.
Промена на поставките за режимот STAMINA
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата.
3
За да го отворите менито за поставки, допрете го STAMINA-режим.
4
Додадете или отстранете апликации, по желба.
5
Кога ќе завршите, допрете Готово.
Проценка на времето на мирување на вашиот уред
Времето на мирување се однесува на траењето на батеријата додека уредот е поврзан на
мрежата, а не се користи активно, на пример, за примање повици или за повикување. Кога ќе се
активира, режимот STAMINA континуирано го пресметува преостанатото време на мирување
коешто може да се разликува во зависност од тоа како го користите уредот. Режимот STAMINA е
поефикасен во продолжување на времето на мирување, ако го држите екранот на уредот
заклучен. Ако ретко го заклучувате на екранот, може да не постигнете значителното подобрување
на перформанси на батеријата.
Кога за првпат ги дефинирате поставките на уредот, проценетото време на мирување
може да не биде точно, бидејќи нема претходна историја на користење врз основа на
којшто ќе се врши проценката.
Прикажување на проценетото време на мирување
1
Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата.
Опцијата Режим на слаба батерија можете да ја активирате кога батеријата е слаба. Оваа
опција ви помага да ги дотерате поставките за светлината на екранот, сообраќајот на податоци и
функцијата на вибрирање, така што ќе го намалите трошењето на батеријата.
Активирање режим за слаба батерија
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете го Управување со енергијата.
3
Повлечете го лизгачот крај Режим на слаба батерија во десно.
Исклучување на режимот на слаба батерија
1
Од Почетен екран, допрете
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата.
3
Допрете го веднаш до Режим на слаба батерија.
.
Промена на поставките за режимот на слаба батерија
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата.
3
За да го отворите менито за поставки, допрете го Режим на слаба батерија.
4
Прилагодете ги поставките по ваша желба.
5
Кога ќе завршите, допрете го
.
Користење на екранот на допир
Кога ќе го купите уредот, на екранот е залепена заштитна пластична фолија. Фолијата мора да се
отстрани пред да се користи екранот на допир. Во спротивно, екранот на допир може да не
функционира правилно.
Кога уредот е вклучен и неактивен определен временски период, екранот се затемнува за да ја
заштеди батеријата и автоматски се заклучува. Ова заклучување спречува несакани активности на
екранот на допир кога не го користите. Можете да поставите и лично заклучување за да ја
заштитите својата претплата и да бидете сигурни дека само вие имате пристап до содржината на
уредот.
Екранот на уредот е направен од стакло. Не допирајте го екранот доколку стаклото е
напукнато или скршено. Не обидувајте се самите да го поправате оштетениот екран.
Екраните од стакло се осетливи на паѓање и механички шокови. Случаите на недоволна
грижа кон производот не се покриени со сервисирањето во гарантен рок на Sony.
За да се отвори или означи објект
•
Потчукнете го објектот.
Опции за означување
Обележено поле за избор
Отштиклирано поле за избор
Вклучено
Исклучено
Обележување или отштиклирање опции
•
Допрете го соодветното поле за избирање или прекинувачот покрај името на опцијата.
Зумирање
Достапните опции на зумирање зависат од апликацијата што ја користите.
Поставете два прста на екранот одеднаш и притиснете ги заедно (да одзумирате) или
широко одвојте ги (да зумирате).
Кога користите два прста на екранот да зумирате, единствено е можно да зумирате ако
двата прста се во границите на областа за зумирање. Доколку вие, на пример сакате со
зумирање да приближите фотографија, осигурете се дека двата прста ви се наоѓаат во
областа ограничена со рамката на фотографијата.
Скролување
Скролувај со движење на прстот нагоре или надолу на екранот. На некои веб страници можете да
скролувате и настрана.
Со влечење или потчукнување нема ништо да активирате на екранот.
Скролување
•
Влечете го или потчукнете со прстот во насоката во која сакате да скролувате на екранот.
Да скролувате побрзо, потчукнувајте со прстот во насоката во која сакате да одите на
екранот.
Да скролувате побрзо, потчукнувајте со вашиот прст во насоката во која сакате да одите на
екранот. Можете да почекате да запре скролувањето или можете да го запрете веднаш со
допирање на екранот.
Сензори
Уредот има сензори коишто ги откриваат и светлината и близината. Светлосниот сензор го
препознава нивото на амбиенталното светло и соодветно ја приспособува светлината на екранот.
Сензорот за близина го исклучува екранот на допир во текот на гласовен повик, кога вашето уво е
блиску до екранот. Ова го спречува ненамерното активирање на функциите на уредот кога сте
зафатени со повикот.
Користење заклучен екран
На заклучен екран сè уште може да пуштате песни, да сликате и да снимате видеа, без да го
отклучувате екранот.
Правење фотографија од заклучен екран
1
За да го активирате екранот, кратко притиснете го копчето за вклучување .
2
За да ги активирате контролите на камерата, влечете го налево преку екранот.
3
Допрете го .
Паузирање на аудио песна од заклучениот екран
1
За да го активирате екранот брзо, кратко притиснете го копчето за вклучување .
2
Кога ќе се појават контролите на музичкиот плеер, допрете .
Променување на аудио песната што моментално се репродуцира од заклучениот
екран
1
За да го активирате екранот брзо, кратко притиснете го копчето за вклучување .
2
Кога ќе се појават контролите на музичкиот плеер, допрете или .
Почетен екран
Почетниот екран е вашата порта до главните функции на уредот. Можете да го прилагодите својот
Почетен екран со елементи, кратенки, папки, теми, заднини и други објекти.
Почетен екран продолжува надвор од ширината на приказот на редовниот екран, па треба да
потчукнувате лево или десно за да ги видите содржините во сите окна на почетниот екран.
покажува во кој дел од Почетен екран се наоѓате. Може да
поставите окно како главно окно на почетниот екран и да додавате или бришете окна.
Објектите во лентата на дното на екранот се секогаш достапни за брз пристап.
Одење на почетниот екран
•
Притиснете .
Да пребарувате низ почетниот екран
•
Потчукнувајте десно или лево.
Дефинирање на панел како главен на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира.
2
Потчукнувајте лево или десно за да пронајдете панелот што сакате да го поставите како
главен на почетниот екран, па допрете го .
Додавање панел на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира.
2
Потчукнувајте лево или десно за да пребарувате низ фотографиите и видеата, па допрете
го .
Бришење панел од почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира.
2
Потчукнувајте лево или десно за да пронајдете панелот што сакате да го избришете, па
допрете го .
Елементи
Елементите се мали апликации коишто можете директно да ги користите на вашиот Почетен
екран. На пример, елементот “WALKMAN” ви овозможува директно да почнете да пуштате
музика.
На некои елементи може да им се менува големината, така што ќе можете да ги зголемите и да
видите повеќе содржина или да ги намалите за да сочувате простор на својот Почетен екран.
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира, па
потоа допрете го Елементи.
2
Најдете и допрете го елементот којшто сакате да го додадете.
Менување големина нa елемент
1
Држете го елементот допрен додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
па пуштете го. Ако големината на елементот може да се менува, на пример, елементот
Календар, ќе се појават истакната рамка и точки за менување големината.
2
Влечете ги точките навнатре или нанадвор за да го намалите или зголемите елементот.
3
Допрете каде било на Почетен екран за да ја потврдите новата големина на елементот.
Преуредување на вашиот почетен екран
Прилагодете го изгледот на почетниот екран и променете ги функциите до кои можете да
пристапите од таму. Променете ја позадината на екранот, преместувајте објектите наоколу,
креирајте папки и додадете кратенки и елементи.
Опции за прилагодување
Кога држите допрено празно место на почетниот екран, ќе се појават следните опции за
прилагодување:
Додадете елементи на почетниот екран.
Додадете апликации и кратенки.
Поставете заднина на почетниот екран.
Поставете тема нa заднина.
Преглед на опциите за прилагодување од почетниот екран
•
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира и
додека во долниот дел од екранот не се појават опциите за прилагодување.
Додавање кратенка на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира.
2
Допрете го Апликации > Кратенки.
3
Избери кратенка.
Со допирање и задржување на апликацијата можете да додадете кратенка до
апликацијата директно од екранот Апликации.
Преместување објект на почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се зголеми и уредот не почне да вибрира, па
повлечете го објектот на новата локација.
Да избришете објект од почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
потоа повлечете го објектот во .
Креирање папка на почетниот екран
1
Држете ја допрена иконата или кратенката на апликацијата, додека не се зголеми и уредот
не завибрира, па повлечете и спуштете ја врз иконата или кратенката на некоја друга
апликација.
2
Внесете име за папката и допрете го Готово.
Додавање ставки во папка на почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
потоа повлечете го објектот кон папката.
Допрете ја и држете ја насловната лента на папката за да се покаже полето Име на
папката.
3
Внесете го името на новата папка и допрете Готово.
Промена на позадината на почетниот екран
Прилагодете го Почетен екран на сопствениот стил користејќи позадини и различни теми.
Промена на позадината на почетниот екран
1
Допрете и држете празна област на својот Почетен екран додека уредот не почне да
вибрира.
2
Допрете Заднини и одберете опција.
Додавање тема на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира.
2
Допрете гоТеми, па одберете тема.
Кога ќе промените тема, ќе се промени и позадината во некои апликации.
Правење слика од екранот
Од кој било екран на уредот можете да направите слика од екранот. Сликите од екранот
автоматски се зачувуваат во апликацијата Албум.
Како да направите слика од екранот
1
Истовремено држете ги притиснати копчето за вклучување и копчето за јачина на звук,
додека не слушнете кликање.
2
За да ја видите сликата од екранот, повлечете ја лентата за статус надолу до крај.
Пристап и користење на апликациите
Отворете ги апликациите од кратенките на вашиот Почетен екран или од екранот на
апликацијата.
Екран на апликацијата
Екранот со апликации, којшто го отворате од вашиот Почетен екран, ги содржи апликациите
што доаѓаат инсталирани со уредот како и апликациите што ги преземате.
Екранот на апликацијата ја надминува ширината на постојаниот екран, така што треба да
потчукнувате кон лево и десно за да ја видите сета содржина.
Да го отворите екранот на апликацијата
•
Од вашиот Почетен екран, допрете .
За да пребарувате низ Екранот со апликации
•
Од Екранот со апликации, потчукнете десно или лево.
Отворање на менито за екранот со апликации
•
Кога ќе го отворите екранот со апликации, повлечете го надесно левиот раб од екранот.
Да креирате кратенка до апликација на почетниот екран
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Држете ја допрена апликацијата сè додека уредот не почне да вибрира, а потоа повлечете
ја апликацијата до врвот на екранот. Се отвора Почетен екран.
3
Влечете ја иконата до саканата локација на Почетен екран, па тргнете го прстот.
Отворање и затворање на апликации
Да отворите апликација
•
Од вашиот Почетен екран или од екранот на апликацијата, потчукнете ја апликацијата.
Да затворите апликација
•
Притиснете го
Некои апликации се паузирани кога ќе притиснете за да излезете, додека други
апликации може да продолжат да работат во позадина. Во првиот случај, следниот пат
кога ќе ја отворите апликацијата, може да продолжите таму каде што сте застанале.
Запомнете дека некои апликации може да направат трошоци за пренос на податоци кога
работат во позадина, на пример, социјалните мрежи.
.
Прозорец со неодамна користени апликации
Од овој прозорец можете да ги видите и да пристапите до неодамна користените апликации.
За да се отвори прозорец со неодамна користените апликации
•
Притиснете го .
Користење мали апликации
Од прозорецот за последни користени апликации можете во секое време преку лентата за мали
апликации брзо да пристапите во неколку мали апликации. Мала апликација зафаќа само мал дел
од екранот. Така што ќе можете на истиот екран истовремено да користите мала апликација и
некоја друга апликација.
Отворање на лентата за мали апликации
•
Притиснете го .
Отворање мала апликација
1
За да се појави лентата за мали апликации, притиснете .
2
Допрете ја малата апликација што сакате да ја отворите.
Може да отворите повеќе мали апликации истовремено.
Затворање на мала апликација
•
Допрете го во прозорецот за мали апликации.
Преместување мала апликација
•
Кога малата апликација е отворена, држете го допрен горниот лев агол на малата
апликација, па преместете ја на саканата локација.
Минимизирање мала апликација
•
Кога малата апликација е отворена, држете го допрен горниот лев агол на малата
апликација, па влечете го до десниот или до долниот раб на екранот.
Преуредување на малите апликации во лентата за мали апликации
•
Допрете ја и држете ја малата апликација и повлечете ја до саканата положба.
Отстранување на малите апликации од лентата за мали апликации
•
Допрете ја и држете ја малата апликација, а потоа повлечете ја надвор од лентата за мали
апликации.
Враќање назад на претходно отстранета мала апликација
1
Отворете ја лентата за мали апликации, потоа допрете .
2
Допрете ја и задржете ја малата апликација што сакате да ја вратите назад, па повлечете
ја до лентата за мали апликации.
Преземање мала апликација
1
Од лентата за мали апликации, допрете , потоа допрете и допрете .
2
Пребарајте ја малата апликација што сакате да се преземе, а потоа следете ги
инструкциите за преземање и завршување на инсталацијата.
Додавање елемент како мала апликација
1
За да се појави лентата за мали апликации, притиснете го .
2
Допрете ги опциите > > .
3
Одберете додаток.
4
Ако сакате, внесете име за елементот, па допрете ја опцијата OK.
Мени на апликација
Менито можете да го отворите во секое време додека користите некоја апликација. Менито ќе
изгледа различно во зависност од тоа која апликација ја користите.
Отворање на мени во апликација
•
Додека ја користите апликацијата, притиснете .
Менито не е достапно во сите апликации.
Преуредување на вашиот екран за апликации
Преместете ги апликациите низ екранот за апликации така како што ве претпочитате.
Подредување апликации на екранот со апликации
1
За да отворите менито на екранот со апликации, повлечете го левиот раб на екранот со
апликации во десно.
2
Одберете ја саканата опција под SHOW APPS.
Преместување апликација на екранот Апликации
1
Отворете го екранот со апликации у проверете дали сте одбрале Сопст. редослед под
SHOW APPS.
2
Држете ја допрена апликацијата, додека не се зголеми и уредот не почне да вибрира, па
повлечете ја на новата локација.
Деинсталирање апликација од екранот со апликации
1
За да го отворите менито на екранот со апликации, влечете го левиот раб од екранот со
апликации кон десно.
2
Допрете Деинсталирај. Сите апликации што може да се деинсталираат се означени со
.
3
Допрете ја апликацијата што сакате да ја деинсталирате, потоа допрете Деинсталирај.
Статус и известувања
Лентата за статус на горниот дел од вашиот екран покажува што се случува во вашиот уред. На
левата страна добивате известувања кога има нешто ново или нешто што е во тек. На пример,
нова порака и известувања од календарот се појавуваат тука. Десната страна ја покажува јачината
на сигналот, состојбата на батеријата и други информации.
Паното за известување ви овозможува да ги дотерате основните поставки на уредот, на пример,
Wi-Fi®, Bluetooth®, сообраќај на податоци и звук. Менито со поставките можете да го отворите од
панелот за известување и за да ги менувате другите поставки.
Проверување на известувањата и тековните активности
Може да ја повлечете надолу лентата за статус за да го отворите паното за известување и да
добиете повеќе информации. На пример, можете да го користите паното за да отворите нова
порака или прикажите настан во календарот од паното за известување. Исто така, може да
отворите некои апликации што работат, како што е музичкиот плеер.
За да се отвори паното за известување
•
Повлечете ја лентата за статус надолу.
Да го затворите паното за известување
•
Повлечете ја картичката на дното на паното за известување нагоре.
Отворање апликација што работи од паното за известување
•
Допрете ја иконата на апликацијата што работи за да ја отворите.
Исклучување на известување од паното за известување
•
Поставете го прстот на известување и потчукнете лево или десно.
За да се избрише паното за известување
•
Од паното за известување, потчукнете Изб..
Уредување на поставките на уредот преку паното за известување
Менито со поставките можете да го отворите од паното за известување, за да ги дотерате
основните поставки на уредот. На пример, можете да го вклучите Wi-Fi®.
Отворање на менито за поставки на уредот од паното за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете .
Дотерување на поставките за звук од паното за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете го .
Контролирање на Bluetooth® функцијата од паното за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете .
Контрола на функцијата Wi-Fi® од паното за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете го .
Вклучување или известување на сообраќајот на податоци од паното за
известување.
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете го .
Мени за поставки
Погледнете и променете ги поставките за својот уред од менито за поставки.
Пристап во поставките на уредот
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Допрете го Поставки.
А можете и да ја повлечете статусната лента надолу на почетниот екран и да го допрете
за да пристапите во поставките на уредот.
Пишување текст
Можете да одберете бројни тастатури и начини на внесување текст за да напишете текст што
содржи букви, броеви и други знаци. Може да пишувате на два или три латинични јазици без да ги
менувате тастатурите. Интернационалната тастатура на Xperia™ го открива јазикот и ги
предвидува зборовите додека пишувате.
Тастатура на екранот
Допрете ги копчињата на тастатурата на екранот QWERTY за удобно внесување текст. Некои
апликации автоматски ја отвораат тастатурата на екранот. Можете да ја отворите тастатурата на
екранот и со допирање поле за текст.
1 Менување на големи и мали букви и вклучување само големи букви. За некои јазици, ова копче се користи да се
пристапи до дополнителни знаци во јазикот.
2 Затворање на приказот на тастатурата на екранот. Имајте предвид дека оваа икона не се прикажува во режимот на
вертикална ориентација.
3 Прикажување бројки и симболи.
4 Прилагодете си ја тастатурата. Овој тастер ќе исчезне откако ќе ја персонализирате тастатурата.
5 Внесување раздел.
6 Внесување знак за нов ред или потврда за внесен текст.
7 Бришење знак пред покажувач.
Сите илустрации служат само за објаснување и не може прецизно да го опишат
вистинскиот уред.
За да ја прикажете тастатурата на екранот за да внесете текст
•
Допрете поле за запис на текст.
За да ја скриете тастатурата на екранот
•
Кога тастатурата на екранот е отворена, допрете го .
Персонализација на тастатурата на екранот
1
Отворете ја тастатурата на екранот, па допрете ја .
2
Следете ги упатствата за персонализација на тастатурата на екранот, на пример,
обележете го полето Копче смешко.
Ако не го обележите полето Копче смешко кога ја персонализирате тастатурата на
екранот, нема да се појави иконата смешко.
Користење на тастатурата на екранот во ориентација на пејзаж
•
Кога внесувате текст, свртете го уредот настрана.
За да ја поддржува тастатурата оваа функција, режимот на пејзаж мора да биде
поддржан од апликацијата што ја користите, а поставките за ориентацијата на екранот
мора да се поставени на „автоматски“.
Внесување текст користејќи ја тастатурата на екранот
•
За да внесете знак што е видлив на тастатурата, допрете го знакот.
•
За да внесете варијанта на знакот, допрете и држете обичен знак на тастатурата за да
добиете листа на достапни опции, потоа изберете од листата. На пример, да внесете „й“,
допрете и држете „e“ додека не се појават други опции, а потоа, додека го држите прстот
притиснат на тастатурата, повлечете и одберете „й“.
За да се смени помеѓу големи и мали букви
•
Пред да внесете буква, допрете за да се прфрлите во пишување со големи букви ,
или обратно.
За да се вклучат големите букви
•
Пред да испишете збор, допрете или сѐ додека не се појави .
Внесување броеви или симболи
•
Кога внесувате текст, допрете . Се појавува тастатура со броеви и симболи. Допрете
Внесување текст со помош на функцијата Внесување со движење
1
Кога ќе се прикаже тастатурата на екранот, лизгајте со прстот од буква до буква за да го
обележите зборот што сакате да го напишете.
2
Подигнете го прстот кога ќе го завршите зборот. Зборот се предлага врз основа на
обележаните букви. Ако е потребно, одберете го точниот збор од лентата со предлози.
3
За да прегледате повеќе опции, лизгајте десно или лево на лентата со предлози. Доколку
не можете да го најдете саканиот збор, допрете еднаш на за да го избришете целиот
збор, а потоа повторно обележете го зборот или допрете ја секоја буква за го внесете
зборот.
4
Доколку е активирана поставката за автоматско празно место, обележете го следниот што
сакате да го внесете. Доколку не е, допрете на лентата за празно место, па обележете го
следниот што сакате да го внесете.
Измена на поставките за Внесување со движење
1
Кога тастатурата на екранот е прикажана, допрете .
2
Допрете , потоа допрете Поставки за тастатурата> Поставки за внесување
текст.
3
За активирање или деактивирање на функцијата за внесување со гестови, означете го, или
отстранете ја ознаката од полето за избирање Внесување со движење.
Телефонска тастатура
Телефонската тастатура е слична на стандардна телефонска тастатура со 12 копчиња. Ви дава
опции за внесување текст на предвидлив начин и со мултитап. Можете да го активирате начинот
на внесување на текст на телефонската тастатура преку поставките за тастатурата. Телефонската
тастатура е достапна само во ориентација на портрет.
Користење на телефонската тастатура
1Одберете опција за внесување текст
2Променете ја големината на знаците и вклучете големи букви
3Приказ на броеви
4Приказ на симболи и смешковци
5Внесете место
6Внесете нов ред или потврдете внесување текст
7Избришете знак пред курсорот
Сите илустрации служат само за објаснување и не може прецизно да го опишат
вистинскиот уред.
Допрете го , па допрете го Поставки за тастатурата.
3
Допрете го Изглед на тастатура > Изглед на тастатура.
4
Одберете ја тастатурата на телефонот.
Тастатурата на телефонот може да се користи само во ориентација на портрет.
Внесување текст користејќи ја телефонската тастатура
•
ќе се појави на телефонската тастатура, допрете го секое копче за знаци само
Кога
еднаш, дури и ако саканата буква не е првата буква на копчето. Допрете го зборот што ќе
се појави или допрете за да прегледате повеќе предлози за зборови и одберете збор од
листата.
•
Кога ќе се појави на телефонската тастатура, допрете го копчето на екранот за знакот
што сакате да го внесете. Притискајте го копчето сè додека не се одбере саканиот знак.
Потоа направете го истото за следниот знак што сакате да го внесете и така натаму.
Внесување броеви користејќи ја телефонската тастатура
•
Кога телефонската тастатура е отворена, допрете . Се појавува телефонска тастатура
со броеви.
Вметнување симболи и смешковци користејќи ја телефонска тастатура
1
Кога телефонската тастатура е отворена, допрете . Се појавува мрежа со симболи и
смешковци.
2
Скролувајте нагоре или надолу за приказ на повеќе опции. Допрете симбол или смешко за
да ги одберете.
Поставки за тастатура и телефонска тастатура
Можете да одберете поставки за тастатурата на екранот и телефонска тастатура, како јазик што
се јазик на пишување и автоматско поправање.
Пристапување до поставките за тастатурата на екранот и тастатурата на
телефонот
1
Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот или телефонската тастатура,
допрете ги или .
2
Допрете го , па допрете го Поставки за тастатурата.
Додавање јазик за пишување текст
1
Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот или телефонската тастатура,
допрете или .
2
Допрете , потоа допрете Поставки за тастатурата.
3
Допрете Јазици на пишување и означете ги соодветните изборни полиња.
4
Допрете OK за да потврдите.
Одбирање варијанта за распоредот на тастатурата
Варијантите за распоредот достапни се само за тастатурата на екранот кога ќе одберете
два или три јазици и може да не се достапни за сите јазици за пишување.
1
Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот, допрете .
2
Допрете , потоа допрете Поставки за тастатурата.
3
Допрете Јазици на пишување, потоа допрете .
4
Одберете варијанта за распоредот на тастатурата.
5
Допрете OK за да потврдите.
Поставки за внесување текст
Кога внесувате текст со помош на тастатурата на екранот или со тастатурата на телефонот, може
да пристапите до менито со поставки за внесување текст што ви помага да поставите опции за
предлози на зборови и автоматско внесување на празни места. На пример, може да одлучите како
зборовите се коригираат додека пишувате.
Кога внесувате текст со тастатурата на екранот или со телефонската тастатура, допрете ги
или .
2
Допрете го , па допрете го Поставки за тастатурата > Поставки за
внесување текст и одберете ги соодветните поставки.
Внесување текст со говор
Кога внесувате текст, наместо да пишувате можете да ја користите функцијата внесување со
говор. Само изговорете ги зборовите што сакате да ги внесете. Внесување со говор е
експериментална технологија на Google™ и достапна е за одреден број јазици и региони.
Овозможување говорно внесување
1
Кога внесувате текст со тастатурата на екранот или со телефонската тастатура, допрете ги
или .
2
Допрете го , па допрете го Поставки за тастатурата.
3
Обележете го изборното поле Копче за глас. пиш. на Google.
4
Притиснете на за да го сочувате поставеното. На тастатурата на екранот или на
тастатурата на телефон ќе се појави икона за микрофон .
Внесување текст користејќи внес на говор
1
Отворете ја тастатурата на екранот или телефонската тастатура.
2
Допрете . Кога ќе се појави , зборувајте за да внесете текст. Кога ќе завршите, допрете
повторно. Ќе се појави предложениот текст.
3
Уредете го текстот рачно доколку е потребно.
Прилагодување на уредот
Можете да прилагодувате разни поставки во уредот според сопствените потреби. На пример,
можете да го промените јазикот, да додадете личен тон на ѕвонење, или да ја промените
светлоста на екранот.
Прилагодување на јачината на звукот
Можете да ја прилагодувате јачината на тонот на ѕвонење за телефонските повици и за
известувањата, како и јачината на репродукцијата на музика и видео.
Приспособување на јачината на звукот при ѕвонење со копчето за јачина на звук
•
Притиснете го копчето за јачина на звук нагоре или надолу.
Прилагодување на јачината на звукот при репродукција на медиуми со копчето
за јачина на звук
•
Кога се репродуцира музика или гледате видео, притиснете го копчето за јачина на звук
нагоре или надолу.
Прилагодување на поставките на звукот
Може да се прилагодуваат повеќе поставки на звукот. На пример, можете да го поставите уредот
во бесшумен режим, така што нема да ѕвони кога сте на состанок.
Поставување на уредот во режим на вибрирање
•
Притискајте го копчето за јачина на звук додека во лентата за статус не се појави .
Уредот можете да го поставите во режим на вибрирање и така што ќе го држите
притиснато копчето вклучување , па ќе го допрете во менито што се отвора.