Sony ICF-P37 Users guide [mk]

5-030-036-11(1)
©2021 Sony Corporation
Упатства за ракување
ICF-P37
1
AMFM
R6/LR6 (AA)
2
3
Македонски
Пред да започнете да го користите уредот, внимателно прочитајте го овој водич и чувајте го за понатамошна консултација.
Операции
1. Вметнување на батериите.
2. Префрлување на избирачот на [FM] или [AM]. Светилката [BATT] ќе се осветли и напојувањето ќе се вклучи.
3. Поставете ја фреквенцијата со помош на вртливото копче [TUNE] () и прилагодете ја јачината на звукот со помош на вртливото копче [VOL] ().
Поврзете ги слушалките (лева илустрација) Прикачете ја лентата за околу рака (десна илустрација).
За подобар прием, следете ги следниве упатства.
• За FM пренесување, прилагодете го аголот на антената.
• За AM пренесување, прилагодете ја ориентацијата на уредот.
• За употреба во затворени простории, поставете го уредот на локација на која е лесно примањето радиобранови.
• Не поставувајте го уредот во близина на телевизори, микробранови печки или други електронски уреди што емитуваат радиобранови.
Мерки на претпазливост
• Ознаката со името и важните информации во врска со безбедноста се наоѓаат на долниот дел.
• Користете го уредот само на 3 V DC со две батерии R6/LR6 (со големина AA).
• Не изложувајте го уредот на екстремни температури, директна сончева светлина, влага, песок, прав или механички удари. Никогаш не го оставајте во автомобил паркиран на сонце. Не поставувајте го уредот под опрема за осветлување што може да се загрее.
• Ако нешто падне во уредот, отстранете ги батериите и погрижете се уредот да го провери обучено лице пред да продолжите да го користите.
• Бидејќи во звучникот се користи силен магнет, чувајте ги личните кредитни картички со магнетно кодирање или часовниците на навивање подалеку од уредот за да спречите магнетот да ги оштети.
• Ако куќиштето се извалка, исчистете го со мека сува крпа малку натопена со слаб раствор на детергент.
• Никогаш не користете абразивни средства за чистење, разредувачи на бои, бензин, алкохол или сличниматеријали, бидејќи тие може да го деформираат куќиштето.
• Погрижете се да не прскате вода на уредот. Уредот не е водоотпорен.
• Во зависност од јачината на радиосигналите, индикаторот TUNE (бирање) може да не се осветли, дури и ако го добивате емитувањето. Освен тоа, индикаторот може погрешно да се осветли поради надворешен шум, дури и кога не се добива емитување.
.
Користете го индикаторот TUNE како показател.
• При поврзување слушалки (не се испорачуваат) со уредот, користете слушалки со стерео (3 пина) или моно (2 пина) мини приклучок. Ако користите други видови приклучоци, можно е да не слуша звук.
Компати­билни типови на приклучоци
Не може да се користат други видови приклучоци.
Кога да ги замените батериите
Заменете ги сите батерии со нови кога ќе се исклучи индикаторот BATT (батерија).
* Дури и откако индикаторот BATT (батерија) ќе
се исклучи, може да слушате радио уште краток временски период.
Забелешки за батериите
• Не мешајте стари батерии со нови и не мешајте различни типови батерии.
• Ако не планирате да го користите уредот подолго време, отстранете ги батериите за да избегнете оштетување од протекување и корозија на батериите.
• Не изложувајте ги батериите (инсталираната батерија или батерии) долго време на прекумерна топлина како сончева светлина, оган или слично.
1 прстен
2 прстени
3 или повеќе прстени
* При поврзување стерео
слушалки, ќе слушате моно звук во двете уши.
Моно мини приклучок
Стерео мини приклучок*
• Ако радиото не се вклучува по замената на батериите, проверете дали батериите се вметнати во правилната ориентација ( и ).
• Батериите имаат предвиден рок за правилна употреба. Ако користите батерии со истечен рок, траењето на батеријата ќе биде многу кратко. Проверете го рокот на батериите и ако тој е истечен, заменете ги со нови.
Ако капакот на просторот за батеријата се извади
Вметнете го десното испакнување на капакот во десниот отвор, а потоа поставете го левото испакнување на работ на отворот и бавно лизгајте го додека не се прицврсти во левиот отвор.
Ако имате какви било прашања или проблеми во врска со вашиот уред, консултирајте се со најблискиот продавач на Sony.
Спецификации
Фреквентен опсег: FM: 87,5MHz -
108MHz/AM: 530kHz - 1.605kHz
Звучник: Прибл. 5,7 см дијаметар, 8 Ω Излез: (слушалки) приклучок (мини
приклучок со ø3,5мм) Излезна моќност: 100mW (при хармонично изобличување од 10%) Потреби за струја: 3 V DC, две батерии R6/LR6 (големина AA) Траење на батериите*: (FM прием)/прибл. 99 часа (AM прием)
* При слушање преку звучник на алкални
батерии. Реалното траење на батериите може значително да се разликува во зависност од типот на батериите (на пр. батерии на полнење), користењето и околностите.
Димензии (Ш/В/Д) Прибл. 131,5мм × 69,5мм × 43,5 мм (вкл. испакнати делови)
Маса: Прибл. 192 гр. (вкл. батерии) Испорачана галантерија: Лента за
околу рака (1)
* Слушалките не се вклучени.
Дизајнот и спецификациите подлежат на промени без претходно известување.
Прибл. 94 часа
Loading...