
FM/AM радио
Водич со препораки
ICF-P37/ICF-P27
5-030-037-11(1)
©2021 Sony Corporation
Македонски
Пред да започнете да го користите
уредот, внимателно прочитајте го овој
водич и чувајте го за понатамошна
консултација.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот од пожар или
електричен шок, не изложувајте го
уредот на дожд или на влага.
ВНИМАНИЕ
Не изложувајте го уредот на отворен
оган (на пример, запалени свеќи).
Не изложувајте го уредот на капење
или прскање и не поставувајте
предмети наполнети со течност врз
него, како на пример вазни, за да го
намалите ризикот од пожар или струен
удар.
Не поставувајте го уредот во ограничен
простор, како полица за книги или
вграден шкаф.
Постои ризик од експлозија доколку ја
замените батеријата со друга батерија
од несоодветен вид. Заменете само со
истиот или еквивалентен вид.
Искористените батерии треба да ги
фрлите како што е објаснето во
инструкциите.
Не изложувајте ги батериите
(инсталираната батерија или батерии)
долго време на прекумерна топлина
како сончева светлина, оган или
слично.
За да спречите можно
оштетување на слухот,
не слушајте долго
време со високо ниво
на јачина на звук.
Не користете го уредот додека
пешачите, возите автомобил или
возите велосипед. На тој начин може
да предизвикате сообраќајни несреќи.
Немојте да го користите на опасни
места, освен ако не ги слушате звуците
од опкружувањето.
Нивото на јачина на звук не треба да
се подигнува над одредено ниво кога
користите слушалки, за да може да
слушате со соодветна јачина на звук.
Забелешка за статичкиот
електрицитет
Статичкиот електрицитет што се
акумулира во телото може да
предизвика благо пецкање во ушите.
За да го намалите тој ефект, носете
облека направена од природни
материјали што го намалуваат
генерирањето на статичкиот
електрицитет.
Известување за корисниците:
следните информации важат само за
опрема што се продава во земји кои
ги применуваат директивите на ЕУ
и/или во Обединетото Кралство во
кое се применуваат соодветни
законски предуслови
Овој производ е произведен од Sony
Corporation или во име на Sony
Corporation.
Увозник за ЕУ и Обединетото
Кралство: Sony Europe B.V.
Прашањата за увозникот за ЕУ или
прашањата поврзани со усогласеноста
на производот во Европа треба да се
испраќаат на овластениот претставник
на производителот, Sony Belgium,
bijkantoor van Sony Europe B.V., Da
Vincilaan 7-D1, 1930 Zaventem, Belgium.

Прашањата за увозникот за
Обединетото Кралство или прашањата
поврзани со усогласеноста на
производот во Обединетото Кралство
треба да се испраќаат на овластениот
претставник на производителот, Sony
Europe B.V., The Heights, Brooklands,
Weybridge, Surrey KT13 0XW, United
Kingdom.
Со овој документ, Sony Corporation
изјавува дека оваа опрема е
усогласена со директивата 2014/53/EU.
Целосниот текст на декларацијата за
усогласеност на ЕУ е достапен на
следната адреса на интернет:
https://compliance.sony.eu
Со овој документ, Sony Corporation
изјавува дека оваа опрема е
усогласена со соодветните законски
предуслови на Обединетото Кралство.
Целосниот текст на декларацијата за
усогласеност е достапен на следната
адреса на интернет:
https://compliance.sony.co.uk
Важноста на ознаката CE е ограничена
само во оние земји во кои таа е
законски применета, главно во земјите
на EEA (Европската економска област)
и Швајцарија. Важноста на ознаката
UKCA е ограничена само во оние земји
во кои таа е законски применета,
главно во земјите на Обединетото
Кралство.
Депонирање
искористени батерии и
електрична и
електронска опрема
(применливо во
Европската Унија и во
други земји со посебни системи за
прибирање)
Овој симбол на производот, батеријата
или на амбалажата покажува дека со
производот и со батеријата којашто е
дадена со овој производ не треба да
се постапува како со домашен отпад.
Кај определени батерии овој симбол
може да се користи во комбинација со
хемиски симбол. Хемискиот симбол за
олово (Pb) се додава доколку
батеријата содржи повеќе од 0,004%
олово. Со правилно депонирање на
овие производи и батерии ќе
помогнете да се спречат потенцијално
негативни последици за животната
средина и здравјето на човекот, кои
инаку може да се предизвикаат со
несоодветно фрлање отпад.
Рециклирањето на материјалите ќе
придонесе за зачувување на
природните ресурси. Ако станува збор
за производи на кои им е потребна
постојана поврзаност со вградена
батерија поради безбедност,
перформанси или интегритет на
податоците, тогаш таа батерија треба
да ја заменуваат само квалификувани
сервисери. За да бидете сигурни дека
батеријата и електричната и
електронската опрема ќе се депонира
правилно, оставете ги овие производи
со поминат работен век на соодветно
место за рециклирање електрична и
електронска опрема. За сите други
батерии, погледнете го делот во кој е
објаснето како безбедно да се
отстрани батеријата од производот.
Оставете ја батеријата на соодветно
место за рециклирање искористени
батерии. За подетални информации за
рециклирањето на овој производ или
батеријата, ве молиме контактирајте
со локалната заедница, службата за
отстранување домашен отпад или со
продавницата каде што сте го купиле
овој производ или батеријата.
Не поставувајте го овој производ во
близина на медицински уреди
Овој производ (вклучувајќи ги и
додатоците) има магнети кои можат да
пречат на работата на пејсмејкерите,
вентили на шантови што може да се
програмираат за третман на
хидроцефалија или други медицински
уреди. Не ставајте го овој производ
блиску до луѓе кои користат такви
медицински уреди. Консултирајте се
со вашиот доктор пред да започнете
да го употребувате овој производ
доколку користите такви медицински
уреди.
Оваа опрема е тестирана со кабел за
поврзување пократок од 3 метри, при
што е утврдено дека е усогласена со
ограничувањата поставени во
регулативата EMC.