ВАЖНО - Прочитајте го договорот
за лиценцата на софтверот за
крајни корисници пред да
започнете да го користите вашиот
производ од Sony. Користењето на
вашиот производ значи дека го
прифаќате договорот за лиценцата
на софтверот за крајни корисници.
Договорот за лиценцата на
софтверот помеѓу вас и Sony е
достапен на следниот URL-линк:
https://rd1.sony.net/help/ht/eula21/
h_zz/
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Системот на звучници не треба да се
инсталира во тесен простор, како
полица за книги или вграден шкаф.
За да го намалите ризикот од пожар,
не покривајте го отворот за
вентилација на системот на звучници
со весници, прекривки, завеси итн.
Не изложувајте го системот на
звучници на отворен оган (на пример,
запалени свеќи).
За да го намалите ризикот од пожар
или електричен удар, не изложувајте
го системот на звучници на капки
вода или прскање со вода и не
ставајте предмети полни со течност,
како вазни, врз системот на звучници.
Системот на звучници е под напон сè
додека е приклучен во приклучок за
напојување со наизменична струја,
дури и ако напојувањето на самиот
систем на звучници е исклучено.
Кабелот за напојување се користи за
исклучување на системот на звучници
од струјната мрежа, па затоа
приклучете го системот на звучници
во лесно достапен приклучок за
напојување со наизменична струја.
Доколку забележите нешто
абнормално кај системот на звучници,
веднаш извадете го кабелот за
напојување од приклучокот за
напојување со наизменична струја.
ВНИМАНИЕ
Постои ризик од експлозија доколку ја
замените батеријата со друга
батерија од несоодветен вид.
Не изложувајте ги батериите или
уредите со поставена батерија на
прекумерна топлина, како на пример,
сончева светлина или оган.
Не ставајте го овој производ
блиску до медицински уреди.
Овој производ (вклучувајќи ги и
додатоците) има магнети кои можат
да пречат на работата на
пејсмејкерите, вентили на шантови
што може да се програмираат за
третман на хидроцефалија или други
медицински уреди. Не ставајте го овој
производ блиску до луѓе кои користат
такви медицински уреди.
Консултирајте се со вашиот доктор
пред да започнете да го употребувате
овој производ доколку користите
такви медицински уреди.
Ако го поврзувате системот на
звучници на интернет, тогаш
направете го тоа преку рутерот (ADSLмодем или терминал за оптичка
линија со функција за рутер што ви го
испорачува операторот за интернет
услуги, или, пак, пристапна точка за
Wi-Fi). Ако не ја воспоставите
интернет врската преку рутер, тогаш
може да настане безбедносен
проблем. Ако не сте сигурни дали
ѕидниот приклучок за мрежна линија
има функција на рутер, тогаш
прашајте го управителот на зградата
или операторот за интернет услуги.
Да се користи само во затворени
простории.
MK
2
Препорачани кабли
За поврзување со главни компјутери
и/или периферни уреди мора да
користите правилно заштитени и
заземјени кабли и приклучоци.
За долгнавестиот звучник
Ознаката со името се наоѓа на
долната страна
на долгнавестиот звучник.
Оваа опрема е тестирана со кабел за
поврзување пократок од 3 метри, при
што е утврдено дека е усогласена со
ограничувањата поставени во
регулативата EMC.
За корисниците во Европа
Известување за корисниците:
следните информации важат
само за опрема што се продава
во земји кои ги применуваат
директивите на ЕУ и/или во
Обединетото Кралство во кое се
применуваат соодветни
законски предуслови
Овој производ е произведен од Sony
Corporation или во име на Sony
Corporation.
Увозник за ЕУ и Обединетото
Кралство: Sony Europe B.V.
Прашањата за увозникот за ЕУ или
прашањата поврзани со
усогласеноста на производот во
Европа треба да се испраќаат на
овластениот претставник на
производителот, Sony Belgium,
bijkantoor van Sony Europe
B.V., Da Vincilaan 7-D1, 1930 Zaventem,
Belgium.
Прашањата за увозникот за
Обединетото Кралство или
прашањата поврзани со
усогласеноста на производот во
Обединетото Кралство треба да се
испраќаат на овластениот
претставник на производителот, Sony
Europe B.V., The Heights, Brooklands,
Weybridge, Surrey KT13 0XW, United
Kingdom.
Со овој документ, Sony Corporation
изјавува дека оваа опрема е
усогласена со директивата 2014/53/EU.
Целосниот текст на декларацијата за
усогласеност на ЕУ е достапен на
следната адреса на интернет:
https://compliance.sony.eu
Со овој документ, Sony Corporation
изјавува дека оваа опрема е
усогласена со соодветните законски
предуслови на Обединетото
Кралство.
Целосниот текст на декларацијата за
усогласеност е достапен на следната
адреса на интернет:
https://compliance.sony.co.uk
За оваа радиоопрема, следните
ограничувања за пуштање во
употреба или предуслови за
овластување за користење важат во
BE, BG, CZ, DK, DE, EE, IE, EL, ES, FR, HR,
IT, CY, LV, LT, LU, HU, MT, NL, AT, PL, PT,
RO, SI, SK, FI, SE, UK, UK(NI), IS, LI, NO,
CH, AL, BA, MK, MD, RS, ME, XK, TR:
фреквентниот опсег од 5150 - 5350
MHz е ограничен за употреба само во
затворени простории.
Оваа радиоопрема е предвидена да
се користи со одобрените верзии на
софтверот што се наведени во
декларацијата за усогласеност.
Утврдено е дека софтверот во оваа
радиоопрема ги исполнува
неопходните предуслови на
регулативите за радиоопрема.
Верзијата на софтверот може да ја
погледнете со избирање [System
Information] во [Setup] - [Advanced
Settings] - [System Settings].
MK
3
Интернет врска и IP-адреса
Техничките податоци како што е IPадресата (или податоците за уредот)
се користат кога ќе го поврзете овој
производ на интернет за да
пронајдете ажурирање за софтверот
или да добиете услуги од трети
страни. При ажурирање на софтверот,
овие технички податоци може да се
испратат во нашите сервери за
ажурирање со цел да ви биде
обезбедено ажурирање на софтверот
што е соодветно за вашиот уред. Ако
воопшто не сакате да се користат
таквите технички податоци, тогаш не
ја поставувајте функцијата за
безжично поврзување на интернет.
Депонирање
искористени
батерии и
електрична и
електронска
опрема
(применливо во
Европската Унија и во други
земји со посебни системи за
прибирање)
Овој симбол на производот,
батеријата или на амбалажата
покажува дека со производот и со
батеријата којашто е дадена со овој
производ не треба да се постапува
како со домашен отпад. Кај
определени батерии овој симбол
може да се користи во комбинација со
хемиски симбол. Хемискиот симбол
за олово (Pb) се додава доколку
батеријата содржи повеќе од 0,004%
олово. Со правилно депонирање на
овие производи и батерии ќе
помогнете да се спречат
потенцијално негативни последици за
животната средина и здравјето на
човекот, кои инаку може да се
предизвикаат со несоодветно
фрлање отпад. Рециклирањето на
материјалите ќе придонесе за
зачувување на природните ресурси.
Ако станува збор за производи на кои
им е потребна постојана поврзаност
со вградена батерија поради
безбедност, перформанси или
интегритет на податоците, тогаш таа
батерија треба да ја заменуваат само
квалификувани сервисери. За да
бидете сигурни дека батеријата и
електричната и електронската опрема
ќе се депонираат правилно, оставете
ги овие производи со поминат
работен век на соодветно место за
рециклирање електрична и
електронска опрема. За сите други
батерии, погледнете го делот во кој е
објаснето како безбедно да се
отстрани батеријата од производот.
Оставете ја батеријата на соодветно
место за рециклирање искористени
батерии. За подетални информации
за рециклирањето на овој производ
или батеријата, ве молиме
контактирајте со локалната заедница,
службата за отстранување домашен
отпад или со продавницата каде што
сте го купиле овој производ или
батеријата.
Оваа опрема треба да се инсталира и
да се ракува со радијаторот поставен
на растојание поголемо од 20 cm од
човечкото тело.
Предупредување за
монтирање на долгнавестиот
звучник на ѕид
Користете ги испорачаните
држачи за монтирање на ѕид за
да го монтирате долгнавестиот
звучник на ѕид.
Користете ги испорачаните држачи за
монтирање на ѕид за да го монтирате
долгнавестиот звучник на ѕид.
Долгнавестиот звучник не треба да се
монтира директно на ѕид.
Температурата во внатрешноста на
долгнавестиот звучник се зголемува
значително и може да предизвика
оштетување или дефект.
MK
4
Содржина
Повеќе за прирачниците на
системот на звучници ............. 7
Водич за
Што има во
кутијата
Што може да правите со системот
на звучници .............................. 8
Водич за делови и контроли .......10
Користење на почетното мени ...14
запознавање
(посебен
документ)
Поставување
Инсталирање на системот на
звучници ..................................15
Поврзување со телевизор ...........18
Ако вашиот телевизор има
приклучок
S-CENTER SPEAKER IN ..............19
Поврзување AV-уред ...................20
Поврзување во приклучок за
напојување со наизменична
струја (штекер) ....................... 22
Прилагодување на почетните
поставки .................................. 23
Поврзување на изборниот
звучник .................................... 24
Гледање слики
Гледање телевизија ..................... 26
Репродукција од поврзаниот
AV-уред ................................... 26
Слушање музика/звук
Слушање звук од телевизорите
од Sony преку функцијата
BLUETOOTH® ........................... 27
Слушање музика/звук преку
функцијата BLUETOOTH ......... 29
Слушање музика од USB-уред .... 31
Слушање звук од поврзаниот
телевизор или уред преку
слушалки ................................. 32
Слушање музика преку
поврзување во мрежа
Што може да направите ако го
поврзете системот на
звучници во мрежа ................34
Прилагодување на јачината
на звукот и квалитетот на
звукот
Прилагодување на јачината на
звукот .......................................36
Уживајте во опкружувачкиот
ефект (SOUND FIELD) .............. 37
Слушање појасни дијалози
(VOICE) ......................................38
Слушање јасен звук со мала
јачина на полноќ (NIGHT) ......38
Прилагодување на доцнењето
помеѓу сликата и звукот .......39
Слушање мултиплекс емитуван
звук (AUDIO) ............................ 39
Прилагодување на јачината на
звукот на дијалозите додека
репродуцирате
DTS:X-содржини .....................40
Користење на системот на
звучници преку
синхронизација со
телевизорот
Ракување на системот на звучници
преку синхронизација со
телевизорот (функција за
контрола преку HDMI) ...........42
Ракување со системот на
звучници преку негова
синхронизација со телевизор
што е компатибилен со
функцијата „BRAVIA“ Sync .....44
MK
5
Менување на поставките
Менување на светлината на
предниот панел и
индикаторите (DIMMER) ........ 45
Штедење енергија во режим
на подготвеност .....................46
Извршување Easy Setup .............. 46
Извршување Advanced
Settings .................................... 47
Ажурирање на софтверот ........... 48
Решавање проблеми
Решавање проблеми ................... 50
Ресетирање на системот на
звучници .................................60
Дополнителни информации
Спецификации ...............................61
Радиофреквентни појаси и
максимална излезна
моќност ................................... 63
Видови на аудио датотеки што
може да се репродуцираат .. 64
Поддржани влезни формати
на звук ..................................... 65
Повеќе за комуникацијата преку
BLUETOOTH .............................66
Мерки на претпазливост ............. 67
Авторски права и заштитни
знаци ....................................... 68
Индекс ............................................ 70
MK
6
Повеќе за прирачниците
Sound Bar
на системот на звучници
Информациите што ги содржат
прирачниците се прикажани подолу.
Водич за запознавање
Ги опишува почетните постапки за
инсталација и поврзување на
системот на звучници, како и
постапките за подготовка на уредот за
репродукција на музика.
Упатства за ракување
(овој документ)
Ги опишува основите за ракување.
– Поврзување со телевизор или други
уреди
– Репродукција на музика/звук од
уреди поврзани со HDMI-кабел или
преку функцијата BLUETOOTH
– Прилагодување на звукот итн.
Водич за помош (Прирачник на
интернет)
За корисници во други земји/региони
https://rd1.sony.net/
help/ht/a5000/h_zz/
Ги објаснува сите постапки за
користење, вклучувајќи ги и тие за
напредно користење.
– Репродукција на музика/звук преку
функцијата за поврзување во мрежа
– Податоци за елементите во менито
итн.
Совети
• Инструкциите во овие прирачници го
објаснуваат начинот на ракување со
помош на контролите на далечинскиот
управувач.
Може да ги користите и копчињата на
долгнавестиот звучник доколку имаат
исти или слични имиња како
копчињата на далечинскиот управувач.
• Текстот во загради [ ] се прикажува на
екранот на телевизорот или на
предниот панел.
• На сликите се изоставени одредени
детали.
Што има во кутијата
Погледнете го водичот за
запознавање (посебен документ).
MK
7
Што може да правите со системот на звучници
“Слушање музика од USB-уред”
(страница 31)
“Репродукција од поврзаниот
AV-уред” (страница 26)
Телевизор
Системот на звучници поддржува формати на звук основани врз предмети како Dolby
Atmos и DTS:X, како и формати за HDR-видео како HDR10, HLG и Dolby Vision.
•“Гледање телевизија”
(страница 26)
•“Слушање звук од
телевизорите од Sony преку
функцијата BLUETOOTH®”
(страница 27)
Blu-ray Disc™-плеер, сателитски
приемник или конзола за игри, итн.
USB-уред
“Слушање звук од поврзаниот
телевизор или уред преку
слушалки” (страница 32)
“Слушање музика/звук преку функцијата
BLUETOOTH” (страница 29)
Мобилен уред
Слушалки
MK
8
Интернет
Рутер за безжичен LAN
Мрежа
Изборен сабвуфер
Изборни задни
звучници
За ракување со изборните задни звучници и сабвуферот,
погледнете ги нивните упатства за ракување.
За да дознаете кои изборни звучници и сабвуфери се
поддржани, посетете го веб-сајтот на Sony.
За начинот на поврзување во мрежа и функциите што ги
овозможува мрежната врска, погледнете го водич за помош
(прирачник на интернет).
За корисници во други земји/региони
https://rd1.sony.net/help/ht/a5000/h_zz/
Изборни звучници
“Што може да направите ако го поврзете системот на звучници во
мрежа” (страница 34)
MK
9
Водич за делови и контроли
Долгнавест звучник
Предна страна
Копче (напојување)
Го вклучува системот на
звучници или го активира
режимот на подготвеност.
Копче (избор на влезен
сигнал)
Го избира влезниот сигнал за
репродукција преку системот на
звучници.
Копче BLUETOOTH
(страница 27)
Копче (MUSIC SERVICE)
Ако претходно сте
репродуцирале музика од Spotify
преку системот на звучници,
тогаш со притиснување на ова
копче ќе можете да продолжите
со репродукцијата.
Ова копче може да биде
недостапно во некои земји/
региони.
Копчиња+/– (јачина на звук)
MK
10
Горни звучници
Го репродуцираат звукот нагоре.
Забелешка
Не ставајте ништо врз горните
звучници и не ги допирајте.
Индикатор за BLUETOOTH
– Трепка брзо во сина боја: Статус
на подготвеност при впарување
– Трепка во сина боја: Обид за
воспоставување BLUETOOTHврска.
– Свети во сина боја: BLUETOOTH-
врската е воспоставена.
Преден панел
Сензор за далечинскиот
управувач
Насочете го далечинскиот
управувач кон сензорот за
далечинскиот управувач за да
управувате со системот на
звучници.
Задна страна
IR-предавател
Го емитува сигналот од
далечинскиот управувач на
телевизорот кон телевизорот.
Влезен приклучок за
напојување со наизменична
струја
Приклучок TV IN (OPT)
Приклучок S-CENTER OUT
(страница 19)
Приклучок HDMI IN
Приклучок (USB)
(страница 31)
Приклучок HDMI OUT (TV
eARC/ARC)
Поврзете телевизор што има
влезен HDMI-приклучок со
HDMI-кабел.
Системот на звучници е
компатибилен со eARC и ARC.
ARC е функцијата што го
испраќа звукот од телевизорот
кон AV-уреди, како што е
системот на звучници, преку
HDMI-приклучокот на
телевизорот. eARC е
проширена функција на ARC и
овозможува пренос на звук
основан врз предмети и
повеќеканални LPCM-содржини
што не можат да се пренесат
преку ARC.
MK
11
Далечински управувач
MK
12
(напојување)
Го вклучува системот на звучници
или го активира режимот на
подготвеност.
Копче (MUSIC SERVICE)
Ако претходно сте
репродуцирале музика од Spotify
преку системот на звучници,
тогаш со притиснување на ова
копче ќе можете да продолжите
со репродукцијата.
Ова копче може да биде
недостапно во некои земји/
региони.
BLUETOOTH (страница 29)
TV (страница 26)
HDMI (страница 26)
USB (страница 31)
VOICE (страница 38)
NIGHT (страница 38)
Копчиња за контрола на
репродукцијата
/ (претходно/следно)
Ја избира претходната/следната
песна или датотека.
Ако го притиснете и задржите
копчето за време на
репродукцијата, ќе почнете да
премотувате наназад или
нанапред (брзо премотување
наназад/нанапред).
(репродукција/пауза)*
Активирање, паузирање и
повторно активирање на
репродукцијата (продолжување
на репродукцијата).
SOUND FIELD (страница 37)
DIMMER (страница 45)
DISPLAY
Прикажува информации за
репродукцијата на екранот на
телевизорот.
Информациите за репродукцијата
се прикажуваат на предниот
панел кога TV е избран како
влезен сигнал.
/// (горе/долу/лево/
десно) (страница 14)
(внеси) (страница 14)
BACK (страница 14)
OPTIONS (страница 40)
Го прикажува менито со опции
на екранот на телевизорот.
Менито со опции се прикажува
на предниот панел кога TV е
избран како влезен сигнал.
HOME (страница 14)
REAR (јачина на звук на
задните звучници) +/–
Ја прилагодува јачината на
звукот на изборните задни
звучници откако ќе ги поврзете.
(јачина на звук) +*/–
Ја прилагодува јачината на
звукот.
SW (јачина на звук на
сабвуферот) +/–
Ја прилагодува јачината на
звукот на вградениот сабвуфер
или изборниот сабвуфер откако
ќе го поврзете.
(исклучување звук)
Привремено го исклучува
звукот.
TV/AUDIO SYSTEM
Овозможува избор за
репродукција на звукот од
поврзаниот телевизор помеѓу
две опции - телевизор и систем
на звучници.
Забелешка
Ова копче може да се користи
во следните услови.
– Поврзаниот телевизор е
компатибилен со функцијата за
контрола на звукот на системот.
– Функцијата за контрола преку
HDMI на системот на звучници е
вклучена (страница 42).
AUDIO* (страница 39)
*Копчињата AUDIO,
(репродукција/пауза) и (јачина на
звук) + имаат точка за ориентација.
Користете ја за да се ориентирате при
ракувањето.
Повеќе за менувањето батерии
на далечинскиот управувач
Ако системот на звучници не реагира
кога го управувате со далечинскиот
управувач, тогаш заменете ги двете
стари батерии со нови.
Ставете батерии од манган од типот
R03 (големина AAA).
13
MK
Користење на
HOME
BACK
/// (горе/
долу/лево/
десно),
(внеси)
почетното мени
Почетното мени може да го
прикажете на телевизорот ако го
поврзете системот на звучници со
телевизорот преку HDMI-кабел.
1 Притиснете HOME.
На екранот на телевизорот ќе се
појави почетното мени.
2 Притиснете // (горе/лево/
десно) за да ја изберете
саканата категорија, а потоа
притиснете (долу) или
(внеси).
Елементите од избраната
категорија ќе се прикажат во
листата на таа категорија на
екранот на телевизорот.
КатегоријаОбјаснување
[Watch]
[Listen]
[Setup]
Го избира влезниот
сигнал од телевизорот
или AV-уредот што е
поврзан со системот
на звучници.
Го избира влезниот
сигнал од аудио
уредот што е поврзан
со системот на
звучници или услугата
за репродукција на
музика преку системот
на звучници.
Ги прилагодува
основните почетни
поставки со помош на
функцијата [Easy
Setup] или различните
напредни поставки на
системот на звучници.
3 Притиснете /// (горе/долу/
лево/десно) за да го изберете
саканиот елемент, а потоа
притиснете (внеси).
Избраниот влезен сигнал или
поставка ќе се прикаже на
екранот на телевизорот.
За да се вратите на претходниот
екран, притиснете BACK.
14
MK
Поставување
Долгнавест звучник
Отвор на
носачот за
монтирање на
ѕид
4 мм (3/16 инчи)
Повеќе од 30 мм (1 3/16 инчи)
5,0 мм
(13/64 инчи)
10 мм
(13/32 инчи)
Долгнавест
звучник
Телевизор
(A)
(B)
Инсталирање на
системот на звучници
Инсталирање на
долгнавестиот звучник
За информации за инсталирањето,
погледнете го водичот за
запознавање (посебен документ).
Монтирање на
долгнавестиот звучник на ѕид
Забелешки
• Подгответе завртки (не се
испорачуваат) што се соодветни за
материјалот и стабилноста на ѕидот. Во
зависност од материјалот на ѕидот,
ѕидот може да се оштети.
• Прицврстете ги завртките во столб на
ѕидот.
• Закачете го долгнавестиот звучник
хоризонтално на ѕидот.
• Инсталацијата треба да ја направи
продавач на Sony или лиценциран
изведувач и внимавајте на безбедноста
за време на инсталацијата.
•Sony нема да преземе одговорност за
несреќи или штети предизвикани од
неправилна инсталација, недоволна
стабилност на ѕидот, неправилно
поставување на завртките, природни
несреќи итн.
• Заради безбедносни причини,
потребни се двајца или повеќе луѓе за
да го закачат долгнавестиот звучник.
1 Подгответе две завртки (не се
испорачуваат) што се соодветни
за отворите на носачот за
монтирање на ѕид (испорачан).
2 Измерете ја длабочината на
монтираниот телевизор (A) и
пронајдете го потребниот
празен простор помеѓу долната
страна на телевизорот и горната
страна на долгнавестиот
звучник (B) во табелата подолу.
Треба да има доволно слободен
простор за телевизорот да не пречи
при репродукцијата на
опкружувачкиот звук од
долгнавестиот звучник кон таванот.
Длабочина на
монтираниот
телевизор (A)
Помалку
од 110 мм
(4 3/8 инчи)
110 мм (4 3/8
инчи) или повеќе
Потребен празен
простор помеѓу долната
страна на телевизорот и
горната страна на
долгнавестиот звучник
(B)
120 мм (4 3/4 инчи) или
повеќе
200 мм (7 7/8 инчи) или
повеќе
15
MK
3 Порамнете ја вертикалната
Средина на телевизорот
ШАБЛОН ЗА
МОНТИРАЊЕ НА
ЅИД
ШАБЛОН ЗА
МОНТИРАЊЕ НА
ЅИД
Самолеплива трака.
(B)
Ознаки
470 мм
(18 5/8
2,0 мм до
3,0 мм
Завртки
470 мм
(18 5/8
(прибл.
1/8 инчи)
Носач за монтирање
на ѕид
линија над текстот „ TV
CENTER LINE“ отпечатен на
ШАБЛОНОТ ЗА МОНТИРАЊЕ НА
ЅИД (испорачан) со
вертикалната средишна линија
на вашиот телевизор.
4 Порамнете го текстот „ BAR
SPEAKER TOP LINE“ отпечатен на
ШАБЛОНОТ ЗА МОНТИРАЊЕ НА
ЅИД со долниот дел на
потребниот празен простор
помеѓу долната страна на
телевизорот и горната страна на
долгнавестиот звучник (B)
измерен во чекор 2, а потоа
залепете го ШАБЛОНОТ ЗА
МОНТИРАЊЕ НА ЅИД на ѕидот со
самолеплива трака.
5 Прицврстете ги завртките што ги
подготвивте во чекор 1 во
ознаките за завртки на текстот
„ SCREW LINE“ отпечатен на
ШАБЛОНОТ ЗА МОНТИРАЊЕ НА
ЅИД.
6 Отстранете го ШАБЛОНОТ ЗА
МОНТИРАЊЕ НА ЅИД.
7 Закачете ги носачите за
монтирање на ѕид на завртките
што ги прицврстивте во ѕидот.
16
MK
8 Ставете го долгнавестиот
Завртки (2)
Носач за
монтирање
на ѕид
Долна страна на
долгнавестиот
звучник
звучник врз носачите за
монтирање на ѕид.
9 Порамнете ги положбите на
отворите за завртки на долната
страна на долгнавестиот
звучник и отворите на носачите
за монтирање на ѕид, а потоа
прицврстете го долгнавестиот
звучник на носачите за
монтирање на ѕид со
навртување на завртките (се
испорачуваат).
Забелешки
• Израмнете го целосно ШАБЛОНОТ ЗА
МОНТИРАЊЕ НА ЅИД додека го лепите
на ѕид.
• Користете ги испорачаните држачи за
монтирање на ѕид за да го монтирате
долгнавестиот звучник на ѕид.
Долгнавестиот звучник не треба да се
монтира директно на ѕид.
Температурата во внатрешноста на
долгнавестиот звучник се зголемува
значително и може да предизвика
оштетување или дефект.
Инсталирање на изборните
звучници
Погледнете ги упатствата за ракување
на изборните звучници.
MK
17
Поврзување со телевизор
Телевизор
HDMI-кабел
(испорачан)
Телевизор
HDMI-кабел
(испорачан)
Поврзување телевизор што
е компатибилен со ARC/eARC
1
Поврзете го HDMI IN-приклучокот
компатибилен со ARC/eARC на
телевизорот со HDMI OUT (TV
eARC/ARC)-приклучокот на
системот на звучници користејќи
го HDMI-кабелот (испорачан).
Поврзување телевизор што
не е компатибилен со ARC/
eARC
1
Поврзете го HDMI IN-приклучокот
на телевизорот со HDMI OUT (TV
eARC/ARC)-приклучокот на
системот на звучници користејќи
го HDMI-кабелот (испорачан).
Забелешки
• Проверете дали приклучоците се
вметнати целосно.
• Овозможете ја функцијата за контрола
преку HDMI на телевизорот. Ако
функцијата за контрола преку HDMI на
телевизорот не е овозможена, тогаш
звукот од телевизорот нема да се
репродуцира преку системот на звучници.
MK
18
2
Телевизор
Оптички дигитален
кабел (не се
испорачува)
Телевизор
Кабел за режимот за
користење на
телевизорот како
централен звучник
(испорачан)
Поврзете го излезниот оптички
дигитален приклучок на
телевизорот со приклучокот TV IN
(OPT) на системот на звучници
користејќи оптички дигитален
кабел (не се испорачува).
Ако вашиот телевизор
има приклучок
S-CENTER SPEAKER IN
Може да го репродуцирате
централниот дел од звукот на
системот на звучници преку вашиот
телевизор, доколку го поврзете
телевизорот на следниот начин.
1
Поврзете ги системот на звучници
и телевизорот со HDMI-кабел
(испорачан) (страница 18).
2
Поврзете го приклучокот S-CENTER
SPEAKER IN на телевизорот со
приклучокот S-CENTER OUT на
системот на звучници користејќи
го кабелот за режимот за
користење на телевизорот како
централен звучник (испорачан).
Забелешки
• Проверете дали приклучоците се
вметнати целосно.
• Вметнете ги приклучоците на
оптичкиот дигитален кабел во
правилна насока, а притоа проверете ја
формата на приклучоците и
приклучните места кај долгнавестиот
звучник и телевизорот. Ако се обидете
да го вметнете приклучокот присилно
во погрешна насока, можно е да ги
оштетите и приклучокот и приклучното
место.
19
MK
Забелешка
Blu-ray Disc-плеер, сателитски
приемник или конзола за игри, итн.
HDMI-кабел
(не се испорачува)
Проверете дали приклучоците се
вметнати целосно.
Совет
Ако должината на кабелот за режимот за
користење на телевизорот како
централен звучник не е доволна, тогаш
користете обичен мини стерео кабел.
Поврзување AV-уред
Поврзување AV-уред што е
компатибилен со формат
за 2K/4K-видео
Може да репродуцирате звук во
форматот Dolby Atmos, Dolby TrueHD и
DTS:X со висок квалитет, доколку
приклучите AV-уред во системот на
звучници.
1
Поврзете го HDMI OUTприклучокот на AV-уредот со
приклучокот HDMI IN на системот
на звучници користејќи HDMIкабел (не се испорачува).
MK
20
Забелешка
Проверете дали приклучоците се
вметнати целосно.
Совети
Blu-ray Disc-плеер, сателитски
приемник или конзола за игри, итн.
HDMI-кабел
(не се испорачува)
Телевизор
Компатибилност
со влезен сигнал
за 8K-видео
• Ако телевизорот е компатибилен со
eARC, тогаш може да репродуцирате
висококвалитетен звук со приклучување
AV-уред во HDMI IN-приклучокот на
телевизорот. Во тој случај, овозможете
ја функцијата eARC на телевизорот.
• Изберете соодветен HDMI-кабел и
соодветна поставка за [HDMI Signal
Format] според форматите за видео што
се репродуцираат од уредот кој е
поврзан со системот на звучници. За
повеќе информации, погледнете го
водичот за помош.
Поврзување AV-уред што е
компатибилен со формат
за 8K-видео
Ако приклучите AV-уред на еден од
следните начини, ќе можете да
репродуцирате 8K-видео и
висококвалитетен звук како Dolby
Atmos, Dolby TrueHD или DTS:X.
1 Поврзете ги системот на
звучници и телевизорот со
HDMI-кабел (испорачан)
(страница 18).
2 Проверете дали HDMI IN-
приклучокот компатибилен со
eARC на телевизорот е
компатибилен со влезниот
сигнал за 8K-видео.
Погледнете ги упатствата за
ракување на телевизорот.
3 Поврзете AV-уред на еден од
следните начини.
Ако HDMI IN-приклучокот
компатибилен со eARC на
телевизорот поддржува
влезен сигнал за 8K-видео:
Поврзете го приклучокот HDMI IN
на системот на звучници со
приклучокот HDMI OUT на AVуредот користејќи HDMI-кабел (не
се испорачува).
21
MK
Ако HDMI IN-приклучокот
Blu-ray Disc-плеер, сателитски приемник
или конзола за игри, итн.
HDMI-кабел
(не се испорачува)
Телевизор
Компатибилност со
влезен сигнал за
8K-видео
Кабел за напојување со наизменична
струја (струен кабел) (испорачан)
компатибилен со eARC на
телевизорот не поддржува
влезен сигнал за 8K-видео:
Поврзете го приклучокот HDMI
OUT на AV-уредот со приклучокот
HDMI IN компатибилен со влезен
сигнал за 8K-видео на
телевизорот користејќи HDMIкабел (не се испорачува).
Проверете дали е вклучена
функцијата eARC на телевизорот.
Поврзување во
приклучок за напојување
со наизменична струја
(штекер)
1
Приклучете го кабелот за
напојување со наизменична
струја (струен кабел) (испорачан)
во влезниот приклучок за
напојување со наизменична
стру ја на систе мот н а зву чници, а
потоа приклучете го во
приклучокот за напојување со
наизменична струја (штекер).
Забелешка
Проверете дали приклучоците се
вметнати целосно.
Совет
Изберете соодветен HDMI-кабел и
соодветна поставка за [HDMI Signal
Format] според форматите за видео што
се репродуцираат од уредот кој е
поврзан со системот на звучници. За
повеќе информации, погледнете го
водичот за помош.
MK
22
Loading...
+ 50 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.