Sony HMZ-T3W Instructions for use

Екран за глава
Упатство со препораки
4-471-977-G1(1) (MK)
HMZ-T3W
Пред првата употреба
Погледнете во „Упатство за почеток“ за упатствата за поврзување на системот, носење на уредот и завршување на почетните поставки.
Предупредување
Не изложувајте го овој апарат на дожд или на влага за да го намалите ризикот од пожар или електричен удар. За да го намалите ризикот од пожар, не покривајте го отворот за вентилација на апаратот со весници, прекривки, завеси итн. Не изложувајте го апаратот на извори на отворен оган (на пример, запалени свеќи). За да го намалите ризикот од пожар или електричен шок, не го изложувајте апаратот на капење или прскање и не поставувајте на него предмети што се наполнети со течности, како на пример, вазни. Бидејќи приклучокот за напојување (главен приклучок) се користи за да се исклучи делот од ѕидниот штекер (напојување со струја), поврзете го делот со лесно достапен штекер за напојување со наизменична струја.
Ако забележите неправилности во делот, веднаш исклучете го приклучокот за напојување (главен приклучок) од штекерот за наизменична струја.
Не поставувајте ја опремата во ограничен простор како што се полица за книги или слично.
Не изложувајте ги батериите или апар атите што имаат монтирана батерија на прекумерна топлина, како на пример, сончева светлина или оган.
Мерки на претпазливост
Комплетот не е исклучен од изворот за напојување со наизменична струја (напојување со струја) сè додека е поврзан во ѕидниот штекер (напојување со струја), дури и ако комплетот е исклучен. Плочката со името се наоѓа на дното на процесната единица и на дното на единицата за батерија.
2
Здравствени мерки
Старосни ограничувања
Гледањето видеослики или играњето игри на уредот може да влијае врз здравјето на децата во развој. Уредот не треба да го користат деца од 15 години ипомали. Користете ја функцијата за заштита со лозинка (страница 34) на уредот за да ги спречите децата да го користат уредот.
за претпазливост
Гледање видео со екранот на глава
• Некои луѓе може да искусат неудобност (како што е напрегање на очите, лошење или болест од движење) додека гледаат видеослики или играат игри. Sony препорачува сите гледачи да прават редовни паузи додека гледаат видеослики или играат игри. Должината и фреквенцијата на потребните паузи ќе се разликуваат од едно лице до друго. Мора да одлучите што најмногу ви одговара. Ако искусите каква било неудобност, треба да престанете да гледате видеослики или да играте игри сè додека неудобноста не заврши. Ако сметате дека е потребно, консултирајте се со лекар.
• Избегувајте носење на уредот во средини каде главата може да се тресе или додека одите или вежбате, бидејќи постои поголема можност да искусите неудобност.
• Исто така, треба да го прегледате (i) прирачникот со упатства за секој друг уред или медиум што се користи со овој уред и (ii) нашата интернет­страница подолу за најновите информации.
За потрошувачите во Европа, Русија, Украина и Обединетото Кралство:
http://www.sony-europe.com/support
За потрошувачите во САД иЛатинскаАмерика:
http://esupport.sony.com/
За потрошувачите во Канада:
http://esupport.sony.com/CA/
За потрошувачите во Кина:
http://service.sony.com.cn/index.htm
За потрошувачите во други земји/ региони:
http://www.sony-asia.com/support/
Правилна употреба
• Осигурете се дека уредот за глава го носите правилно.
– За упатства за носење на уредот,
погледнете во „Упатство за почеток“.
– За да избегнете гледање искривени
екрани, погледнете во екранот за потврда што е прикажан првично за да го проверите порамнувањето на екраните.
– Испуштањето на уредот или грубото
ракување со него може да ги искриви екраните.
• Не допирајте ги процесната единица, единицата за батерија или адаптерот за напојување со наизменична струја долго време кога тие се користат. Продолжениот контакт на кожа со единицата може да резултира со изгореници од низок степен.
• Уредот за глава може да се прилагоди во опсег од 53,0 mm – 76,7 mm
1
/8инчи – 31/8 инчи) за да одговара
(2 на растојанието помеѓу очите (растојанието помеѓу двете зеници). Ако не можете да го користите системот во овој опсег, воздржете се од негова употреба.
• Стандардно, после три часа непрекинато гледање се појавува порака за предупредување за автоматско исклучување. Ако ја тргнете пораката и продолжите да гледате, системот ќе се исклучи автоматски после следните 3 часа.
За удобно гледање
Сликите изгледаат како да се појавуваат на некое растојание од гледачот. Ако носите очила или контактни леќи, носете ги и за време на употребата (со исклучок на очила за читање). Гледањето со очила со двоен фокус може да не даде најдобар ефект.
3

Мерки на претпазливост

Напојување
Поставете го адаптерот за напојување со наизменична струја во близина на ѕидниот штекер што се користи (напојување со струја). Во случај на чудни звуци, чад или дим од системот, веднаш исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја (напојување со струја) за да го исклучите напојувањето. Притискањето на копчето за вклучување/исклучување на уредот за глава или процесната единица нема да го исклучи системот целосно.
Адаптер за напојување со наизменична струја
• Не користете неодредени адаптери. Тоа може да предизвика дефект на производот.
• Перформансите и безбедноста не се гарантирани за други кабли за USB или кабли за напојување со наизменична струја (напојување со струја), освен за оние што се за ексклузивна употреба со системов.
• Не расклопувајте го и не изменувајте го адаптерот за напојување со наизменична струја.
• Не допирајте го адаптерот за напојување со наизменична струја со метални делови. Посебно бидете свесни дека неговото допирање со метален алат може да предизвика краток спој, оштетувајќи го адаптерот за напојување со наизменична струја.
• Ако се користи центар за USB или продолжен кабел за USB, работата не е гарантирана. Користете го ексклузивниот кабел за USB што е доставен со системот и следете ги упатствата за поврзување одредени од уредот што треба да се поврзе.
4
Вградена батерија
• Се препорачува да ја замените батеријата ако времето на работа на полно наполнета батерија стане скоро половина од она при првичната употреба. Консултирајте се со најблискиот сервисен центар на Sony.
• Целосно испразнетата батерија може нормално да се наполни 500-пати. Бројот на полнења се разликува во зависност од условите на употреба.
• Ако производот не се користи подолг временски период, полнете ја батеријата на секои шест месеци за да не дојде до нејзина деградација.
Средина за монтирање
Избегнувајте монтирање во следниве средини:
• места подложни на вибрирање;
• на директна сончева светлина или на многу топли или
• места што се екстремно студени.
Исто така, избегнувајте ставање садови наполнети со вода (на пример, вази со цвеќиња) на врвот на процесната единица или единицата за батерија. Избегнувајте користење на системот на места каде што тој може да се напрска. Системот може да се оштети ако се напрска со вода.
Превоз
Не преместувајте го производот со влечење на кабелот или лентата за глава. Производот може да падне или да се скрши, предизвикувајќи дефект.
Кондензација
Кондензација се појавува кога влагата во воздухот се кондензира на металните плочи или другите делови, формирајќи капки. Кондензацијата може да се создаде на надворешни површини или во внатрешноста ако системот е наеднаш пренесен од ладна во топла средина или кога затоплувањето е вклучено во простор каде што системот е наместен. Ако се создаде кондензација, не користете го системот додека капките не испарат.
• Системот не е приклучен на ѕиден
Влез и излез за HDMI
Конекторот е свртен наопаку
штекер (напојување со струја) Оставете го системот неповрзан на напојување и почекајте додека капките не испарат.
• Системот не е вклучен Оставете го системот исклучен и почекајте додека капките не испарат.
• Системот е вклучен Оставете го системот вклучен и почекајте додека капките не испарат.
Користењето на системот кога е формирана кондензација може да го оштети.
Статичен електрицитет
Можете да почувствувате скокоткање во ушите во сувите сезони. Тоа не значи дека системот е оштетен, само е резултат на насобраниот статички електрицитет во вашето тело. Влијанието на статичниот електрицитет може да се намали со носење облека од природни материјали што создава помал статичен електрицитет.
Грижа за леќите
• Внимателно ракувајте со леќите на уредот за главата за да избегнете дамки и гребнатини. Ако леќите се извалкаат, нежно избришете ги со мека крпа за бришење леќи.
• Не користете течни раствори, како на пример, течност за чистење леќи, вода или алкохолни средства за чистење.
• Не применувајте прекумерен шок или сила на леќите. Оштетените или напукнати леќи може да предизвикаат повреда. Доколку леќите се оштетени или напукнати, веднаш престанете со користење на системот и не допирајте го оштетениот дел.
Чистење на системот
Исчистете ги надворешните површини на системот со мека крпа делумно натопена со благ детергент. Не користете растворувачи, како разредувач, бензин или алкохол, што може да ги оштетат површините.
Грижа за слушалките
• Валкан приклучок за слушалки може да предизвика прекинување или прескокнување на звукот. За да осигурите оптимален звук, повремено исчистете го приклучокот со мека крпа.
• Исчистете ги и пупките за уши. Отстранете ги пупките за уши од слушалките и измијте ги рачно користејќи благ детергент. По миењето, исушете ги пупките за уши пред употреба.
Продолжено слушање со голема јачина на звукот
Слушањето со голема јачина на звукот за подолг период може да го оштети звукот. За да го заштитите звукот, одбегнувајте слушање со голема јачина на звукот.
Првична јачина на звукот
За да избегнете ненадејно гласно емитување, поставете ниска првична јачина на звукот. Постепено зголемувајте ја јачината на звукот додека не се постигне саканото ниво.
Материјали за пакување
Задржете ја оригиналната кутија и материјалот за изолација за идна употреба, ако се селите или треба да го испратите уредот на поправка или други причини.
Приклучоци и конектори за HDMI
Преземете ги следните мерки на претпазливост за да избегнете оштетување на приклучоците иконекторите за HDMI.
• Кога ги местите каблите, видете ја формата и насочувањето на конекторот и приклучокот за HDMI на единицата за батерија или на процесната единица.
5
• Пред да ја преместите процесната
Влез и излез за HDMI
Конекторот не е исправен
единица секогаш исклучете го кабелот за HDMI.
• Кога приклучувате или исклучувате кабли за HDMI држете го конекторот исправен. Не држете го конекторот под агол и не ставајте го насила во приклучокот за HDMI.
• Користете го или дадениот кабел за HDMI или кабел што е комерцијално достапен за HDMI со висока брзина.
• Пресретнување значи дека трето лице намерно или ненамерно ја добива содржината на безжичната комуникација со приемник.
• Системот користи фреквентен појас од 60 GHz за безжична комуникација. Овој појас може да се користи од други уреди за безжична комуникација. За да спречите пресретнување на сигналите меѓу системов и овие уреди, забележете дека: Фреквентниот појас од 60 GHz што го користи овој систем го применува системот за модулација OFDM.
• Ако три или повеќе парови уреди што го користат појасот од 60 GHz за безжична комуникација се активни во област од 20 метри (66 стапки) квадратни, безжичната комуникација може да се исклучи поради пресретнување на сигналот.
• Во авион исклучете ја функцијата за безжична комуникација на системов.
Ракување со слушалките
• Ако искусите алергиска реакција од дадените слушалки, веднаш престанете да ги користите и обратете се на лекар.
• Кога ќе ги исклучите слушалките од уредот за главата или од процесната единица, држете го приклучокот на слушалките за да ги исклучите. Влечењето на кабелот на слушалките може да ги оштети слушалките.
• Пупките за уши може да се оштетат по долго користење или складирање.
Безжична комуникација
• Иако системов е опремен со функција за шифрирање на неговата безжична комуникација, посветете посебно внимание на можни пресретнувања. Не користете го системот за испраќање/примање чувствителни податоци или разузнавачки податоци или за користење што може да е фатално за животот на човекот.
6
Ограничувања за користење на функцијата за безжична комуникација во држави/региони
• Во САД, Канада, Порторико, Мексико, Австралија и Турција безжичната комуникација може да се користи само во затворен простор. Безжичната комуникација надвор е забранета со закон и незаконската работа се казнува.
• Функцијата за безжична комуникација на системов се користи само во државите подолу. Употребата во други држави може да е противзаконска идасе казнува.
За потрошувачите што користат HMZ-T3W, продаден во САД, Канада, Порторико
Функцијата за безжична комуникација на системов се користи само во САД, Канада и Порторико.
За потрошувачите што користат HMZ-T3W, продаден во ЕУ или другите европски држави, Турција, Австралија или Нов Зеланд
Функцијата за безжична комуникација на системов се користи само во следните држави: Германија, Франција, Италија, Шпанија, Швајцарија, Португалија, Австрија, Грција, Холандија, Белгија, Луксембург, Данска, Шведска, Норвешка, Финска, Полска, Унгарија, Романија, Република Чешка, Турција, Бугарија, Обединето Кралство, Австралија и Нов Зеланд.
За потрошувачите што користат HMZ-T3W, продаден во други држави
Функцијата за безжична комуникација на системов се користи само во државата каде што сте го купиле системот.
7
Содржина
Здравствени мерки за претпазливост . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
Мерки на претпазливост. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
Доставена дополнителна опрема. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 9
Делови и контроли . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
Полнење на батеријата. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 13
Користење при безжична комуникација . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
Користење при жична комуникација . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 17
Користење со преносен уред. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18
Местење на уредот за глава. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
Потврда на порамнувањето на екраните . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24
Системски поставки. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 26
Решавање проблеми. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 37
Фрлање на системот . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 46
Спецификации . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 47
Заштитени знаци . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 50
8

Доставена дополнителна опрема

Осигурете се дека следните ставки се вклучени во системот по купувањето. Ако нешто недостасува, обратете се кај продавачот на Sony или кај овластен локален центар за сервис на Sony.
За монтирање на доставената дополнителна опрема, погледнете во „Упатство за почеток“.
• Кабел за напојување со наизменична струја (главен вод) (2) Користете го дадениот кабел за напојување со наизменична струја (главен вод) само за овој систем, не со друга електроника.
• Адаптер за напојување со наизменична струја (голем) (AC-L200D) (1)
•Кабел за HDMI (1)
• Блокатор на светлина (долу) (1)
• Држач на кабелот за поврзување (1)
• Слушалки (1)
• Адаптер за напојување со наизменична струја (мал) (AC-UD10) (1)
• Кабел за Micro USB (за AC-UD10) (1)
• Пупки за уши (1 пар) При купувањето обично се наместени пупки за уши со средна големина.
•Футрола за чување (1)
• Држач (1)
• Упатство со препораки (ова упатство)
• Упатство за почеток
9

Делови и контроли

Горна лента за глава
Поддржувач на чело
Прилагодувачи
на растојанието
меѓу леќите
Копчиња за контрола (///, MENU*)
Копчиња VOL +/–
Копче (вклучено/ во мирување)
Притиснете и задржете го копчето подолго од една секунда за да го вклучите/ исклучите системот.
*
Копчето MENU има две употреби. Притиснете го копчето MENU за да ги прегледате менијата за поставување како и да ги потврдите промените на поставките (тогаш делува како копчето Enter).
Долна лента за глава
Прилагодувач на долната лента за глава
Прилагодувач на горната лента за глава
Сензор за прикачување
Не блокирајте ја дупката на сензорот.
Леќи
Приклучок
(слушалки)*
Рачка RELEASE (ослободување на поддржувачот на чело)
*
Може да ги поврзете или дадените слушалки или сопствените стерео слушалки со мини-приклучок.
• Кабелот што ги поврзува уредот за глава и единицата за батерија не може да се исклучи.
Забелешка
За поврзување и носење на системот, погледнете во „Упатство за почеток“.
Уред за глава (HMZ-T3W-H)
10
Единица за батерија (напред)
Приклучок Micro USB
Приклучок HDMI IN/MHL
Приклучок WIRELESS
(безжично
поврзување)
Индикатор
(напојување)
Отвор за вентилација (назад)
Отвор за вентилација
(горе)
Коче / (вклучено/во мирување)
Копче INPUT
Индикатор POWER
Индикатор PASS THROUGH
Приклучок (слушалки)
Индикатори HDMI INPUT 1/2/3
Приклучок HDMI OUT (HMD)
Приклучок WIRELESS (безжично поврзување)
Приклучоци HDMI IN 1/2/3
Приклучок DC IN 8.4V
Приклучок HDMI OUT (TV)
Процесна единица (HMZ-T3W-P) (напред/горе)
Процесна единица (HMZ-T3W-P) (назад)
11
Индикатори
Индикаторите на единицата за батерија и процесната единица ги покажуваат статусите на системот.
Покажување Статус
Единица за батерија
Индикатор (напојување)
Приклучок WIRELESS (безжично поврзување)
Процесна единица
Индикатор POWER (напојување)
Индикатор PASS THROUGH
Индикатори HDMI INPUT 1/2/3
Приклучок WIRELESS (безжично поврзување)
За предупредувања од индикаторите, погледнете во „Предупредување од индикаторот“ во „Решавање проблеми“ (страница 45).
Свети зелено Вклучено напојување (не се полни) Свети портокалово Вклучено или исклучено напојување
(се полни) Не свети Исклучено напојување (не се полни) Свети сино Воспоставено е безжично поврзување Брзо трепка сино Безжичното поврзување
е воспоставено (на избраниот влезен
приклучок нема видеовлез) Трепка сино Се воспоставува безжично поврзување Не свети Безжичното поврзување е исклучено
Свети зелено Вклучено напојување Свети црвено Мирување со исклучено напојување Не свети Напојувањето не е поврзано Свети портокалово Исклучено напојување
(во подготвеност)
со „HDMI pass-through“ поставено
на „On“ Не свети Во случаи што не се споменати погоре Свети портокалово Индикаторот за избраниот влез
HDMI свети. Не свети Во режим на подготвеност со
„HDMI pass-through“ поставено на „Off“ Свети сино Воспоставено е безжично поврзување Брзо трепка сино Безжичното поврзување
е воспоставено (на избраниот влезен
приклучок нема видеовлез) Трепка сино Се воспоставува безжично поврзување Не свети Безжичното поврзување е исклучено
12

Полнење на батеријата

Кога системот се користи за првпат или батеријата е истрошена, наполнете ја батеријата. За детали околу полнењето, погледнете во „Упатството за почеток“.
Поврзете го адаптерот за напојување со наизменична струја AC-UD10 (мал) и кабелот за напојување со наизменична струја на единицата за батерија за да започнете со полнењето. Индикаторот (напојување) свети портокалово додека се полни и индикаторот се исклучува кога полнењето е завршено (ако напојувањето на системот еисклучено).
Совет
• Полнењето е можно дури и кога системот е вклучен, но трае подолго. Препорачуваме полнење кога системот е исклучен или кога системот не се користи.
Забелешки
• Полнењето може да не е можно или да е потребно подолго време на полнење во зависност од температурата на околината или другите услови за употреба.
– Изведете полнење на температури
во опсегот 5°C – 35°C (41°F – 95°F).
– Полнењето може да не е можно во
режимот на безжична комуникација. Во тој случај, исклучете го напојувањето на системот или обидете се со полнење во режимот на жичена комуникација.
• Единицата за батерија и адаптерот за напојување со наизменична струја се стоплуваат кога системот се користи или во текот на полнење. Ова не е безбедносен проблем.
Доколку единицата за батерија или адаптерот за напојување со наизменична струја се прекумерно жешки, прекинете со користење на системот и исклучете го напојувањето на системот.
Време на полнење и време на работа
Времето на полнење и времето на работа на собна температура од 23°C (74°F) се наведени подолу.
Време на полнење
Приближно 5,5 часа (при жично поврзување)
Приближно 4,5 часа (во режим на подготвеност)
Време на работа
Приближно 3 часа (при безжично поврзување)
Приближно 7 часа (при жично поврзување)
Приближно 3 часа (при работа со MHL)
Забелешки
• Времето на полнење и времето на работа може да се разликуваат, зависно од температурата на околината, состојбата на батеријата и другите услови за употреба.
• Полнењето трае подолго или истото не е завршено во следните случаи:
– системот се користи во режим
на безжична комуникација;
– опремата е поврзана на единицата
за батерија и се ракува при поврзување со MHL;
– високи температури на околината.
•Времето на работа е пократко кога условите за безжична комуникација се слаби.
13
Проверка на преостанатиот капацитет
Индикатор за преостаната батерија
Целосно наполнета
Батеријата
еиспразнета
на батеријата
Притиснете го копчето MENU на уредот за глава за да го изберете менито, потоа изберете „Information“. Преостанатиот капацитет на батеријата се појавува во горниот десен агол на екранот Information (страница 27).
14

Користење при безжична комуникација

Приближно 2,5 m (8,2 стапки)
Приближно 2,5 m (8,2 стапки)
Лого SONY
Приближно 5 m (16,4 стапки)
Таван
Приближно 5 m
(16,4 стапки)
Со страната на логото SONY свртена нагоре
Радиобран
Приближно 3,5m (11,5стапки)
Приближно 3,5m (11,5стапки)
Приближно 7 m (23 стапки)
Лого SONY
Радиобран
Поставете ја страната на логото SONY свртена кон единицата за батерија.
Приближно 7 m (23 стапки)
Поставете ја страната на логото SONY свртена кон процесната единица.
Поврзете ги процесната единица и единицата за батерија безжично.
Примери на монтирање и растојание на комуникација
Процесната единица и единицата за батерија на системот имаат антена за безжична комуникација. Антената на двете единици се наоѓа на страната со логото SONY. Кога безжично ги поврзувате процесната единица и единицата за батерија, монтирајте ги според следните примери за монтирање. Сивите делови на следниот дијаграм ги покажуваат областите каде што е можна безжична комуникација.
Рамно поставување
Горен приказ
Страничен приказ
Совет
• Кога единицата за батерија е поставена на хоризонтална површина, безжичната комуникација се остварува главно преку одбивање на радиобрановите од таванот или ѕидовите. Доколку растојанието за комуникација е намалено поради собната средина, користете го дадениот држач за поголемо растојание за комуникација.
Поставување со дадениот држач
Горен приказ
Страничен приказ
15
Користење на држачот
Лого SONY
Процесна
Ниво на јачина на радиобрановите
Јако
4 3 2 1 0
Слабо
1
Наместете го дадениот држач на единицата за батерија.
Вметнете ја проекцијата на држачот во отворот на дното на единицата за батерија.
2 Поставете ја единицата за
батерија со страната на логото SONY свртена кон процесната единица.
Проверка на јачината на радиобрановите
Притиснете го копчето MENU на уредот за глава за да го изберете менито, потоа изберете „Information“. Јачината на радиобрановите се појавува на горниот десен дел на екранот Information (страница 27).
Јачина на радиобрановите
За да одржите стабилно поврзување, користете го системот на места каде што радиобрановите се најсилни. Поддржаното ниво на јачина на радиобрановите е 2 или повисоко како репер.
По употреба
Отстранете го држачот од единицата за батерија и обесете го на кабелот на единицата за батерија.
16
Белешки за безжичната комуникација
• Системот не може да постигне безжична комуникација доколку има пречки меѓу процесната единица иединицата за батерија (на пример, комуникација од соба во соба).
• Во следните случаи, статусот на безжичната комуникација помеѓу процесната единица и единицата за батерија е негативно погоден, намалувајќи го можното растојание за комуникација и создавајќи пречки на видеото и/или аудиото (деградација на сликата, прекинување на сигналите, шум итн.):
– кога системот се користи во соба
со ѕидови или под од бетон или камен или кога е вклучено подното загревање;
Loading...
+ 36 hidden pages