Забелешки за снимање/репродукција
• Пред да започнете со снимање, направете пробно снимање за да се
осигурате дека фотоапаратот правилно работи.
• Фотоапаратот не е отпорен на прашина, прскање и вода.
• Избегнувајте фотоапаратот да го изложувате на вода. Ако во фотоапаратот
влезе вода, може да се случи дефект. Во некои случаи, фотоапаратот не може
да се поправи.
• Не го изложувајте фотоапаратот на сонце или друго јако светло. Тоа може
да предизвика неправилна работа на фотоапаратот.
• Ако дојде до кондензација на влага, отстранете ја пред употреба на апаратот.
• Не го тресете или удирајте фотоапаратот. Тоа може да предизвика дефект
при што нема да може да снимате слики, а медиумот за сликање може да
се расипе или да се оштетат сликите.
Не го употребувајте/чувајте фотоапаратот на следниве места
• На многу топли, ладни или влажни места
На места како што се кола паркирана на сонце, куќиштето на фотоапаратот
може да се деформира и ова може да предизвика дефект.
• Место изложено директно на сонце или во близина на греалка
Куќиштето на фотоапаратот може да ја смени бојата или да се
деформира и ова може да предизвика дефект.
• Места изложени на вибрации
• Во близина на места кои генерираат силни радио бранови, емитуваат
радијација или има јако магнетно поле. Во спротивно, фотоапаратот може
неправилно да снима или репродуцира.
• На песочни или нечисти места
Внимавајте да не влезе песок или прашина во фотоапаратот. Ова може да
предизвика дефект и во некои случаи не може да се поправи.
За носење на фотоапаратот
Фотоапаратот не го носете во задниот џеб и немојте да седите врз него, бидејќи
можете да предизвикате неисправност при работа или да го оштетите.
Carl Zeiss леќи
Фотоапаратот е опремен со Carl Zeiss леќи кои репродуцираат остра слика со одличен
контраст. Леќите за фотоапаратот се произведени со квалитетен систем обезбеден од
Carl Zeiss во согласност со стандардите на Carl Zeiss во Германија.
Забелешки за екранот
Екранот е произведен со високо прецизна технологија, така да ефективната
употреба на пиксели е преку99.99%.И покрај тоа, некои мали црни или/светли
точки (бели, црвени, сини или зелени) можатда се појават на екранот. Овие точки
се нормален резултат од производствениот процес и не влијаат врз снимањето.
Забелешки за блицот
• Фотоапаратот не го носете заедно со блицот и не применувајте прекумерна сила.
• Ако во блицот влезе вода, прашина или песок, може да предизвика дефект.