За да се намали ризикот од пожар или
електричен шок, не изложувајте го апаратот
на дожд или на влага.
За да избегнете електричен шок, не отворајте
ја кутијата. За поправка обратете се само до
квалификуван персонал.
Главниот довод мора да се замени исклучиво
кај квалификуван сервис.
Батериите или апаратите со инсталирани
батерии не треба да се изложуваат на
прекумерна топлина како што се сонцето,
огнот или слично.
ВНИМАНИЕ
Употребата на оптички инструменти со овој
производ ќе ја зголеми опасноста за повреда
на очите. Бидејќи ласерскиот зрак што се
користи во овој Blu-ray Disc/DVD плеер
е штетен за очите, не обидувајте се да ја
расклопите кутијата.
За поправка обратете се само до
квалификуван персонал.
Оваа ознака е лоцирана на куќиштето коешто
го заштитува ласерот во заградениот простор.
За потрошувачите во европските земји
Оваа направа е класификувана како производ
CLASS 1 LASER. Ознаката CLASS 1 LASER
PRODUCT MARKING е лоцирана на
надворешна страна одзади.
Фрлање на стара
електрична и
електронска опрема
(применливо во
Европската унија и во
други европски земји
со посебни собирни
системи)
Овој симбол на производот или на неговата
амбалажа покажува дека со овој производ не
треба да се постапува како со домашен отпад.
Наместо тоа треба биде предаден на
применливото збирно место за рециклирање
на електрична и електронска опрема.
Со правилно отстранување на производот ќе
помогнете да се спречат потенцијални
негативни последици за природата и здравјето
на човекот, кои инаку може да се предизвикаат
со несоодветно постапување со отпадот на овој
производ. Рециклирањето на материјалите ќе
помогне за заштита на природните богатства.
За подетални информации за рециклирањето
на овој производ, контактирајте со вашата
локална месна заедница, вашиот сервис за
отстранување на домашен отпад или со
продавницата каде што го купивте овој
производ.
Отстранување на
потрошени батерии
(применливо во
Европската унија и во
други европски земји
со посебни системи на
собирање)
Овој симбол на батеријата или на амбалажата
покажува дека со батеријата којашто е дадена
со овој производ не треба да се постапува како
со домашен отпад.
Кај определени батерии овој симбол може
да се користи во комбинација со хемиски
симбол. Хемиските симболи за жива (Hg) или
олово (Pb) се додаваат ако батеријата содржи
повеќе од 0.0005% жива или 0.004% олово.
Со правилно отстранување на овие батерии
ќе помогнете да се спречат потенцијално
негативни последици за природата и здравјето
на човекот, кои инаку може да се предизвикаат
со несоодветно постапување со отпадот на
батеријата. Рециклирањето на материјалите ќе
помогне за заштита на природните богатства.
2
Во случај на производи кои од безбедносни
причини, поради изведба или интегритет на
податоци имаат потреба од трајна поврзаност
со вметната батерија, оваа батерија треба да
ја замени само квалификуван персонал.
За да бидете сигурни дека со батеријата ќе се
постапи соодветно, предадете го потрошениот
производ на применливото збирно место за
рециклирање на електрична и електронска
опрема.
За сите други батерии, погледнете го делот
за тоа како безбедно да се о тстрани батеријата
од производот. Батеријата предадете ја на
применливото збирно место за рециклирање
на отпадни батерии.
За подетални информации за рециклирањето
на овој производ или батеријата,
контактирајте со вашата локална месна
заедница, вашиот сервис за отстранување
на домашен отпад или со продавницата
каде што го купивте овој производ.
Производителот на овој производ е
Sony Corporation, 1-7-1 Konan Minato-ku
Tokyo, 108-0075 Japan. Овластениот
претставник за EMC и безбедност на
производот е Sony Deutschland GmbH,
Hedelfinger Strasse 61, 70327 Stuttgart,
Germany. Повикајте се на адресите дадени
во засебните документи за услуга или
гаранција за какви било проблеми со
услугата или со гаранцијата.
Мерки за претпазливост
• Оваа единица работи на 220–240V AC,
50/60 Hz. Проверете дали работниот напон
на единицата е ист како и вашето локално
снабдување.
• За да ја намалите опасноста од пожар или
електричен удар, врз апаратот не
поставувајте предмети полни со течности,
како што се вазните.
• Монтирајте ја единицава така што главниот
вод може да се исклучи од ѕидниот штекер
веднаш штом ќе се појави проблем.
Мерки за претпазливост
Оваа опрема е тестирана со кабел за
поврзување пократок од 3 метри при
што е утврдено дека е усогласена со
ограничувањата поставени во
Директивата EMC.
За поставувањето
• Поставете го плеерот на локација со
соодветна вентилација за да спречите
зголемување на топлина во плеерот.
• Не поставувајте го плеерот на мека
површина како тепих што може да ги
блокира отворите за вентилација.
• Не монтирајте го плееров во ограничен
простор како што е полица за книги
или слично.
• Не поставувајте го плеерот во близина
на топлотни извори или на место кое
е на директна сончева светлина, има
прекумерна прашина или механички шок.
• Не поставувајте го плеерот надвор,
во возила, на бродови или во други
пловни објекти.
• Ако плеерот се внесува директно од ладна
во топла локација или се поставува во
многу влажна просторија, влагата може
да се кондензира на леќите во плеерот.
Ако се случи ова, плеерот нема да работи
правилно. Во тој случај, отстранете го
дискот и оставете го плеерот вклучен околу
половина час сè додека влагата не испари.
• Не монтирајте го плеерот во навалена
позиција. Тој е дизајниран за да работи
само во хоризонтална положба.
• Не поставувајте метални објекти
пред предниот панел. Тоа може да го
ограничи приемот на радиобранови.
• Не поставувајте го плеерот на места
каде што се користи медицинска опрема.
Може да предизвика дефект на
медицинските инструменти.
• Ако користите пејсмејкер или друг
медицински уред, консултирајте се со
вашиот лекар или производителот на
медицинскиот уред пред да ја користите
безжичната функција LAN.
3
• Овој плеер треба да се монтира и да
работи на растојание од најмалку 20 cm
или повеќе помеѓу плеерот и телото
на лицето (не вклучувајќи ги
екстремитетите: дланките, зглобовите
и стапалата).
• Не поставувајте тешки и нестабилни
објекти врз плеерот.
• Освен дисковите во носачот на диск,
не поставувајте никакви други објекти.
На тој начин можете да предизвикате
штета на плеерот или објектот.
• Кога го поместувате плеерот, извадете
го дискот. Ако не го извадите, дискот
може да се оштети.
• Исклучете ги кабелот за напојување
со наизменична струја (главен довод)
и сите други кабли од плеерот кога го
пренесувате плеерот.
За изворите за напојување со ел. енергија
• Плеерот не е исклучен од изворот
со наизменична струја (главен вод)
сè додека е поврзан во ѕидниот штекер,
дури и ако самиот плеер е исклучен.
• Исклучете го плеерот од ѕидниот штекер
ако не планирате подолго време да го
користите истиот. Фатете го самиот
приклучок, никогаш не влечете го
кабелот за да го исклучите кабелот
за напојување со наизменична струја
(главен вод).
• Набљудувајте ги следниве точки за
да спречите оштетување на кабелот
за напојување со наизменична струја
(главен вод). Не користете го кабелот
за напојување со наизменична струја
(главен вод) ако е оштетен, затоа што
тоа може да предизвика електричен
шок или пожар.
– Не приклештувајте го кабелот за
напојување со наизменична струја
(главен вод) помеѓу плеерот и ѕид,
полица итн.
– Не ставајте ништо тешко врз кабелот
за напојување со наизменична струја
(главен вод) и не влечете го истиот.
За прилагодување на јачината на звукот
Не зголемувајте ја јачината на звукот
додека слушате делови со многу мал
капацитет или без аудио сигнали. Ако
го направите тоа, можете да ги оштетите
ушите и звучниците кога ќе се пушти
дел со максимално ниво.
За чистење
Исчистете ги кутијата, панелот и
контролите со мека крпа. Не користете
каков било вид абразивно перниче,
прашок за чистење или растворувач
како што е алкохолот или бензинот.
За дисковите за чистење, чистачите
на дискови/леќи
Не користете дискови за чистење или
чистачи за дискови/леќи (вклучувајќи
влажни видови или спреј). Тие може
да предизвикаат дефект на уредот.
За заменување на делови
Во случај овој плеер да се поправа,
поправените делови може да се собираат
за повторна употреба или за рециклирање.
За поврзувањето на приклучокот за
HDMI OUT
Набљудувајте го следното затоа што
неправилното ракување може да ги оштети
приклучокот за HDMI OUT и конекторот.
• Внимателно порамнете го приклучокот
за HDMI OUT на задната страна на
плеерот со приклучокот/конекторот за
HDMI со проверка на нивните облици.
Осигурете се дека конекторот не
е завртен надолу и не е накривен.
4
• Кога ќе го местите плеерот, осигурете се
дека сте го исклучиле кабелот за HDMI.
• Држете го приклучокот за HDMI
исправено кога го поврзувате или
исклучувате кабелот за HDMI. Не
искривувајте го и не ставајте го насила
конекторот за HDMI во приклучокот
за HDMI OUT.
За гледање 3D видео слики
Некои луѓе може да искусат неудобност
(како што е напрегање на очите, замор или
лошење) додека гледаат 3D видео слики.
Sony препорачува сите гледачи да прават
редовни паузи додека гледаат 3D видео
слики. Должината и фреквенцијата на
потребните паузи ќе варираат од едно лице
до друго. Мора да одлучите што најмногу
ви одговара. Ако искусите каква било
неудобност, треба да престанете да гледате
3D видео слики сè додека неудобноста не
заврши. Ако сметате дека е потребно,
консултирајте се со лекар. Исто така, треба
да го прегледате (i) прирачникот со
упатства и/или пораката за претпазливост
за секој друг уред што се користи со овој
производ или содржината на Blu-ray
дискот што е репродуцирана со овој
производ и (ii) нашата интернет-страница*
за најновите информации. Видот на малите
деца (особено оние на возраст под шест
години) сè уште се развива. Консултирајте
се со вашиот лекар (како што е педијатар
или очен лекар) пред да дозволите малите
деца да гледаат 3D видео слики.
Возрасните треба да ги надгледуваат децата
за да обезбедат дека тие ги следат
препораките дадени погоре.
* http://www.sony-europe.com/myproduct/
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Внимание: Овој плеер може
бесконечно да задржи видео слика на
пауза или слика на екранот на вашиот
телевизор. Ако видео сликата на пауза
или сликата на екранот ја оставите
прикажана на вашиот ТВ подолг
период на време ризикувате трајно
оштетување на телевизискиот екран.
Телевизорите со панел со плазма екран
и проектните телевизии се подложни
на ова.
Ако имате какви било прашања или
проблеми во врска со вашиот плеер,
консултирајте се со најблискиот продавач
на Sony.
Заштита од копирање
Имајте ги во предвид напредните системи
за заштита на содржината што се користат
за дискови Blu-ray™ и медиуми за DVD.
Овие системи, наречени AACS (Advanced
Access Content System - Напреден систем
за пристап до содржини) и CSS (Content
Scramble System - Систем за кодирање
содржина), може да содржат ограничувања
за репродукцијата, аналогниот излез и
други слични одлики. Работата на овој
производ и поставените ограничувања
може да варираат во зависност од датумот
на купување, бидејќи управниот одбор
на AACS може да ги прифати или смени
своите правила за ограничување по
времето на купување.
Известување за Cinavia
Овој производ користи технологија на Cinavia
за да се ограничи употребата на неовластени
копии на комерцијални филмови и видеа,
како и на нивните музички нумери. Ќе се
прикаже порака, а репродукцијата или
копирањето ќе се прекинат кога ќе се открие
забранета употреба на неовластена копија.
5
Повеќе информации за технологијата
на Cinavia има кај Информативниот
центар за потрошувачи на Cinavia на
http://www.cinavia.com
картичка со својата поштенска адреса за
да побарате дополнителни информации за
Cinavia по пошта на следната адреса: Cinavia
Consumer Information Center, P.O. Box 86851,
San Diego, CA, 92138, USA.
. Испратете дописна
Авторски права и заштитени знаци
• „AVCHD“ и логото на „AVCHD 3D/
Progressive“ се заштитени знаци
на Panasonic Corporation и на
Sony Corporation.
• Java е заштитен знак на Oracle и/или
на неговите партнери.
•, „XMB“ и „xross media bar“ се
заштитени знаци на Sony Corporation
и Sony Computer Entertainment Inc.
• Овој производ вклучува технологија на
меѓуврска за мултимедиуми со висока
дефиниција (HDMI™). HDMI, логото
HDMI и High-Definition Multimedia
Interface се заштитени знаци или
регистрирани заштитени знаци на
HDMI Licensing LLC во Соединетите
Американски Држави и во други земји.
• Логоата „Blu-ray Disc“, „DVD+RW“,
„DVD-RW“, „DVD+R“, „DVD-R“, „DVD
VIDEO“, „Super Audio CD“ и „CD“ се
заштитени знаци.
• „BD-LIVE“, логото на „BD-LIVE“ и
„BONUSVIEW“ се заштитни знаци
на асоцијацијата Blu-ray Disc.
• „Blu-ray 3D“ и логото „Blu-ray 3D“
се заштитени знаци на асоцијацијата
Blu-ray Disc.
• „x.v.Colour“ и логото на „x.v.Colour“ се
заштитени знаци на Sony Corporation.
• „BRAVIA“ е заштитен знак на
Sony Corporation.
• „PhotoTV HD“ и логото на „PhotoTV HD“
се заштитени знаци на Sony Corporation.
• Технологијата за аудио кодирање MPEG
Layer-3 и патентите со дозвола од
Fraunhofer IIS и Thomson.
• Овој производ вклучува сопствена
технологија според лиценцата на Verance
Corporation што е заштитена со патент
7,369,677 во САД и други издадени или
во процес на издавање патенти во САД и
ширум светот и е заштитена со авторско
право и деловна тајна за одредени
аспекти на таквата технологија. Cinavia
е заштитен знак на Verance Corporation.
Авторски права 2004-2010 Verance
Corporation. Сите права ги задржува
Verance. Повратното инженерство
или расклопувањето се забранети.
• Windows Media е или регистриран
трговски заштитен знак или заштитен
знак на Microsoft Corporation во
Соединетите Американски Држави
и/или во други земји.
Овој производ содржи технологија
којашто е предмет на определени
права на интелектуална сопственост
на Microsoft. Употребата или
дистрибуцијата на оваа технологија
надвор од овој производ без соодветните
лиценци на Microsoft се забранети.
Сопствениците на содржината ја
користат технологијата Microsoft
PlayReady™ за пристап до содржина
за да ја заштитат својата интелектуална
сопственост, вклучувајќи содржина
со авторски права. Овој уред ја користи
технологијата PlayReady за да пристапи
до PlayReady-заштитена содржина и/или
WMDRM-заштитена содржина. Ако
уредот не успее соодветно да ги спроведе
ограничувањата за користење на
содржина, сопствениците на содржина
може да имаат потреба Microsoft да
ја отповика способноста на уредот
да ја користи PlayReady-заштитената
содржина. Отповикувањето не треба
да влијае врз незаштитена содржина
или врз содржината заштитена со други
технологии за пристап на содржина.
Сопствениците на содржина може да
ви побараат да го надградите PlayReady
за да пристапите кон нивната содржина.
Ако ја одбиете надградбата, нема да
можете да пристапите кон содржината
за која треба надградба.
6
• Технологијата за препознавање музика
и видео и сродни податоци ја обезбедува
Gracenote®. Gracenote е индустриски
стандард во технологијата за
препознавање музика и за испорака на
сродна содржина. За повеќе информации,
посетете ја страницата
Прелистувач на Opera(r) од Opera Software
ASA. Авторско право 1995-2010 Opera
Software ASA. Сите права се задржани.
• Овој производ вклучува SkypeKit
Version 3
Авторско право 2003-2010, Skype Limited
Патенти што чекаат одобрување
Skype, поврзаните заштитени знаци
и логоа и симболот „S“ се заштитени
знаци на Skype Limited.
•Wi-Fi®, Wi-Fi Protected Access® и Wi-Fi
Alliance® се регистрирани знаци на Wi-Fi
Alliance.
• Wi-Fi CERTIFIED™, WPA™, WPA2™ и
Wi-Fi Protected Setup™ се знаци на Wi-Fi
Alliance.
• Логото Wi-Fi CERTIFIED е
сертифициран знак на Wi-Fi Alliance.
• Знакот Wi-Fi Protected Setup е знак на
Wi-Fi Alliance.
•DLNA®, логото DLNA и DLNA
CERTIFIED™ се заштитени знаци, знаци
за услуга или сертифицирани знаци
на Digital Living Network Alliance.
• Сите други заштитени знаци се заштитени
знаци на нивните соодветни сопственици.
• Другите имиња на системи и производи
се генерално заштитени знаци или
регистрирани заштитени знаци на
производителите. Знаците ™ и ® не
се посочени во овој документ.
Информации за Лиценцата за крајниот
корисник
Лиценцата за крајниот корисник на
Gracenote
Оваа апликација или уред содржат софртвер
на Gracenote, Inc. of Emeryville, California
(„Gracenote“). Софтверот на Gracenote
(„софтвер на Gracenote“) ? овозможува на оваа
апликација да врши идентификација на диск
и/или датотека и да се здобива со информации
поврзани со музиката, вклучително
информации за името, изведувачот, нумерата
и насловот („податоци на Gracenote“) од
сервери преку интернет или од вградени бази
со податоци (севкупно „сервери на Gracenote“)
и да врши други функции. Може да ги
користите податоците на Gracenote само во
согласност со наменетите функции за крајниот
корисник на оваа апликација или уред.
Се сложувате дека ќе ги користите податоците
на Gracenote, софтверот на Gracenote и
серверите на Gracenote само за лична,
некомерцијална употреба. Се сложувате дека
нема да ги доделувате, копирате, пренесувате
или предавате софтверот на Gracenote или
кој било податок на Gracenote на трети лица.
СЕ СЛОЖУВАТЕ ДЕКА НЕМА ДА ГИ
КОРИСТИТЕ ИЛИ ИСКОРИСТУВАТЕ
ПОДАТОЦИТЕ НА GRACENOTE,
СОФТВЕРОТ НА GRACENOTE ИЛИ
СЕРВЕРИТЕ НА GRACENOTE, ОСВЕН
НА НАЧИНОТ КОЈШТО Е ИЗРЕЧНО
ДОЗВОЛЕН ТУКА.
®
7
Се сложувате дека вашата неексклузивна
лиценца за употреба на податоците на
Gracenote, софтверот на Gracenote и на
серверите на Gracenote ќе се прекине ако
ги прекршите овие ограничувања. Ако се
прекине лиценцата, се сложувате дека ќе
престанете да ги користите сите податоци на
Gracenote, софтверот на Gracenote и серверит е
на Gracenote. Gracenote ги задржува сите
права за податоците на Gracenote, софтверот
на Gracenote и за серверите на Gracenote,
вклучително и сите сопственички права.
Во никој случај Gracenote нема да биде
одговорен за какви било исплати во ваше име
за кои било информации што ќе ги доставите.
Се сложувате дека Gracenote, Inc. може да ги
спроведе своите права во лично име согласно
овој Договор против вас директно.
Услугата на Gracenote користи единствен
идентификатор за да ги следи прашањата
за статистички цели. Целта на случајно
доделениот нумерички идентификатор е да ?
се дозволи на услугата на Gracenote да ги брои
прашањата без да знае за вас. За повеќе
информации, погледнете ја веб-страницата
за политиката на приватност на Gracenote
во однос на услугата на Gracenote.
Софтверот на Gracenote и секоја ставка од
податоците на Gracenote ви се лиценцирани
„КАКО ШТО СЕ“. Gracenote не дава
презентации или гаранциии, изречно или
имплицирано, во однос на прецизноста на
кој било податок на Gracenote од серверите на
Gracenote. Gracenote го задржува правото да
брише податоци од серверите на Gracenote
или да ги менува категориите за податоците
за секоја причина што Gracenote ќе ја смета
за задоволителна. Нема никаква гаранција
дека софтверот на Gracenote или серверите
на Gracenote се без грешки и дека
функционалноста на софтверот на
Gracenote или серверите на Gracenote ќе
биде непрекината. Gracenote не е обврзан
да ви обезбедува нови подобрени или
дополнителни видови на податоци или
категории што Gracenote ќе ги обезбедува
во иднина и слободно може да ги прекине
своите услуги во секое време.
Го вклучува плеерот или
го поставува во режим на
подготвеност.
B Носач на дискот
C Приказ на предниот панел
N, X: Засветува за време на
репродукција или пауза.
: Засветува кога се вклучува
поставката за повторување.
: Засветува кога се емитуваат
720p/1080i/1080p видео сигнали.
D Z (отворање/затворање)
E N (репродукција)
F x (стоп)
G Приклучок за (USB)
Поврзете USB-уред со овој
приклучок.
H Далечински сензор
10
За заклучување на носачот на диск
(Забрана за деца)
Можете да го заклучите носачот на
диск за да спречите негово случајно
отворање.
Кога плеерот е вклучен, држете на
N на плеерот повеќе од 10 секунди.
Носачот на дискот заклучен или
отклучен.
За копчињата на допир/индикаторите
Овие копчиња, 4, 5 и 6
функционираат кога индикаторите
за копчињата на допир се осветлени.
Може да ги вклучите/исклучите
индикаторите со поставување на
[Dimmer] (Придушувач) во
поставувањето на [System Settings]
(Системски поставки) (страница 39).
b
Овие копчиња функционираат кога ќе
ги допрете нежно. Не притискајте ги
со прекумерна сила.
z
Овие копчиња функционираат дури
и ако ги исклучите индикаторите со
поставување на [Dimmer] (Придушувач)
во [Off] (Исклучено).
Заден панел
A Приклучок за LINE OUT
(VIDEO)
B Приклучок за DIGITAL OUT
(COAXIAL)
C Дупки за вентилација
D Приклучок за DIGITAL OUT
(OPTICAL)
E Приклучоци за LINE OUT
(R-AUDIO-L)
F Приклучок за HDMI OUT 1
G Приклучок за HDMI OUT 2
H Приклучок за (USB)
I LAN (100)-терминал
11
Далечински управувач
Достапните функции на далечинскиот
управувач се разликуваат во зависност
од дискот или ситуацијата.
z
Копчето со број 5, копчињата AUDIO,
2 +и N имаат допирна точка. Користете
ја допирната точка како референца кога
управувате со плеерот.
A Z
Го отвора или затвора носачот
на дискот.
12
-TV- t
Менува меѓу телевизорот
и другите влезни извори.
-TV- [/1 (вклучено/во режим
на подготвеност)
Го вклучува телевизорот или
го поставува во режим на
подготвеност.
[/1 (вклучено/во режим
на подготвеност)
Го вклучува плеерот или
го поставува во режим на
подготвеност.
B Копчиња со броеви (0 - 9)
Ги внесува броевите на
насловите/поглавјата, итн.
2 +/–
Ја прилагодува јачината на звукот
за телевизорот.
(без глас)
Привремено го исклучува звукот.
AUDIO (страница 37)
Го избира јазикот на песната кога
се снимени повеќејазични песни
на BD-ROM/DVD VIDEO.
Ги избира песните на CD.
3D (страница 25)
Ја конвертира содржината од 2D
во симулирана содржина во 3D
кога е поврзан со уреди што се
компатибилни со 3D.
SUBTITLE (страница 37)
Го избира јазикот на превод
кога се снимени повеќејазични
преводи на BD-ROM/DVD
VIDEO.
C Копчиња во боја (црвена/
зелена/жолта/сина)
Кратенки за интерактивни
функции.
D TOP MENU
Го отвора или затвора главното
мени на BD или DVD.
SEN
Пристапува до мрежната
услуга на „Sony Entertainment
Network™“.
POP UP/MENU
Го отвора или затвора појавното
мени на BD-ROM или менито
на DVD.
OPTIONS (страница 25)
На екранот се појавува мени
со операциите што може да
се изберат.
HOME
Влегува во почетното мени на
плеерот.
Ја прикажува позадината кога
во почетното мени е притисната
иконата за категорија.
RETURN
Се враќа на претходниот екран.
</M/m/,
Го поместува истакнувањето
за да избере прикажана ставка.
Централно копче (ENTER)
Ја внесува избраната ставка.
E ./> (претходно/следно)
Прескокнува до претходното/
следното поглавје, песна или
датотека.
/ (повторно
репродуцирај/оди напред)
Кратко повторно репродуцирање
на тековните сцени за 10 секунди/
кратко премотување напред на
тековните сцени за 15 секунди.
m/M (брзо/бавно/
замрзнат кадар)
• Брзо премотување назад/напред
на дискот кога е притиснато
за време на репродукцијата.
Секојпат кога ќе го притиснете
копчето за време на видео
репродукција се менува
брзината на барање.
• Забавена репродукција кога
ќе се притисне подолго од една
секунда во режим на пауза.
• Репродуцира по еден кадар
едновремено кога ќе се притисне
кратко во режим на пауза.
z
Забавеното или репродуцирањето
на еден кадар не е достапно за
Blu-ray 3D диск.
N
Почнува или повторно ја
започнува репродукцијата.
DISPLAY (страница 21)
Ги прикажува информациите за
репродукција и за прелистување
на интернет на екранот.
X
Ја паузира или повторно ја
започнува репродукцијата.
x
Ја прекинува репродукцијата
и го запомнува местото на
прекин (продолжува од местото
на прекин).
Местото на прекинување на
наслов/песна е последното место
коешто сте го репродуцирале
или последната фотографија
во папката со фотографии.
13
Екран на почетното мени
СтавкаКатегорија
Почетното мени се појавува кога
ќе притиснете HOME. Изберете
категорија користејќи </,.
Изберете ставка користејќи M/m,
а потоа притиснете ENTER.
[Setup] (Поставување): Ги
прилагодува поставките на плеерот.
[Photo] (Фотографија):
Прикажува фотографии.
[Music] (Музика): Репродуцира
музика.
[Video] (Видео): Репродуцира
видео записи.
[Network] (Мрежа): Прикажува
мрежни ставки.
14
Врзувања и поставки
Кабел за HDMI со голема
брзина
*1
(не се доставува)
Аудио/видео кабел
*1
Чекор 1: Поврзување на плеерот
Не поврзувајте со електрична мрежа додека не сте ги направиле сите други
поврзувања.
За доставената дополнителна опрема, погледнете „Доставена дополнителна
опрема“ (страница 48).
Поврзување на телевизорот
Изберете еден од следните методи за поврзување во зависност од влезните
приклучоци на телевизорот.
Кога поврзувате, бојата на приклучоците треба да соодветствува една со друга.
Не поврзувајте го плеерот преку VCR (видео рекордер). Видео сигналите пренесени
преку VCR (видео рекордерите) може да бидат под влијание на системите за заштита
на авторските права и сликата на телевизорот ќе биде искривена.
литет
15
Поврзување на вашиот аудио/видео засилувач (ресивер)
t Поставете [BD Audio MIX Setting] (страница 36).
Кабел за HDMI со голема
брзина (не се доставува)
*1
*2
Кабел за HDMI со голема брзина*1
(не се доставува)
Коаксијален дигитален кабел
(не се доставува)
t Поставете [Dolby Digital]
*3
/[DTS]*4 (страница 36).
Оптички дигитален кабел (не се доставува)
или
Аудио/видео кабел
*5
Изберете еден од следните методи за поврзување во зависност од влезните
приклучоци на вашиот аудио/видео засилувач (ресивер). Кога ќе изберете
A или B, прилагодете ги соодветните поставки во поставувањето за
[Audio Settings] (Аудио поставки) (страница 36).
16
За режимот за раздвојување на аудио/
Телевизор
(компатибилен со 3D)
Аудио/видео
засилувач
(некомпатибилен
со 3D)
*1
*1
видео
Овој режим ви овозможува да
емитувате одделно видео сигнали
преку приклучокот за HDMI OUT 1
и аудио сигнали преку приклучокот
за HDMI OUT 2 (страница 39).
Пример:
На сликата подолу е прикажан
пример каде што се поврзани
телевизор (компатибилен со 3D)
и аудио/видео засилувач
(некомпатибилен со 3D).
*3
Произведено со дозвола од Dolby
Laboratories.
Dolby, Pro Logic и симболот со двојно
D се заштитени знаци на Dolby
Laboratories.
Користете кабел за HDMI со голема
брзина. Препорачуваме користење на
кабел за HDMI на Sony (достапен кај
најблискиот продавач на Sony или кај
локалниот овластен сервис за Sony,
со број на делот 1-834-169-22, од
февруари 2012, или еквивалент).
*2
За да уживате гледајќи 3D, поврзете
телевизор и аудио/видео засилувач
коишто се компатибилни со 3D.
17
Loading...
+ 39 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.