Ви благодариме за купувањето. Пред да го
користите плееров, внимателно прочитајте
ги упатствава.
Почеток
Репродукција
Поставки и прилагодувања
Дополнителни информации
BDP-S1100
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да го намалите ризикот од пожар или
електричен шок, не го изложувајте апаратот
на капење или прскање и не поставувајте на
него предмети што се наполнети со течности,
како на пример, вазни.
За да избегнете електричен шок, не отворајте
ја кутијата. За поправка обратете се само до
квалификуван персонал.
Главниот довод мора да се замени исклучиво
кај квалификуван сервис.
Не изложувајте ги батериите или апаратите
што имаат монтирана батерија на прекумерна
топлина, како на пример, сончева светлина
или оган.
ВНИМАНИЕ
Употребата на оптички инструменти со овој
производ ќе ја зголеми опасноста за повреда на
очите. Бидејќи ласерскиот зрак што се користи
во овој Blu-ray Disc/DVD плеер е штетен за
очите, не обидувајте се да ја расклопите кутијата.
За поправка обратете се само до
квалификуван персонал.
Оваа ознака е лоцирана на куќиштето коешто
го заштитува ласерот во заградениот простор.
За потрошувачите во европските земји
Известување за потрошувачите во
Обединетото Кралство и Република Ирска
Приклучок што одговара со BS1363 се наоѓа во
опремата за ваша безбедност и лесна употреба.
Ако дадените осигурач или приклучок треба
да се заменат, мора да се користи осигурач
со истата оцена како дадениот осигурач
и да биде одобрен од ASTA или BSI за BS1362,
(на пр., означено со ознаката или ).
Ако приклучокот што е доставен со опремата
има отстранлив капак на осигурачот,
проверете дека сте го наместиле капакот
откако ќе го промените осигурачот. Никогаш
не користете го приклучокот без капакот на
осигурачот. Ако го загубите капакот на
осигурачот, обратете се на најблиската
станица за сервис на Sony.
Фрлање на стара
електрична
и електронска опрема
(применливо во
Европската унија и во
други европски земји со
посебни збирни системи)
Овој симбол на производот или на неговата
амбалажа покажува дека со овој производ не
треба да се постапува како со домашен отпад.
Наместо тоа треба биде предаден на
применливото збирно место за рециклирање
на електрична и електронска опрема.
Со правилно отстранување на производот
ќе помогнете да се спречат потенцијални
негативни последици за природата
и здравјето на човекот, кои инаку може да
се предизвикаат со несоодветно постапување
со отпадот на овој производ. Рециклирањето
на материјалите ќе помогне за заштита
на природните богатства. За подетални
информации за рециклирањето на овој
производ, контактирајте со вашата локална
месна заедница, вашиот сервис за
отстранување на домашен отпад или со
продавницата каде што го купивте овој
производ.
Оваа направа е класификувана како производ
CLASS 1 LASER. Ознаката CLASS 1 LASER
PRODUCT MARKING е лоцирана на
надворешна страна одзади.
2
Отстранување на
потрошени батерии
(применливо во
Европската унија и во
други европски земји
со посебни системи на
собирање)
Овој симбол на батеријата или на амбалажата
покажува дека со батеријата којашто е дадена
со овој производ не треба да се постапува како
со домашен отпад.
Кај определени батерии овој симбол може
да се користи во комбинација со хемиски
симбол. Хемиските симболи за жива (Hg) или
олово (Pb) се додаваат ако батеријата содржи
повеќе од 0,0005% жива или 0,004% олово.
Со правилно отстранување на овие батерии
ќе помогнете да се спречат потенцијално
негативни последици за природата
и здравјето на човекот, кои инаку може да
се предизвикаат со несоодветно постапување
со отпадот на батеријата. Рециклирањето
на материјалите ќе помогне за заштита
на природните богатства.
Во случај на производи кои од безбедносни
причини, поради изведба или интегритет на
податоци имаат потреба од трајна поврзаност
со вметната батерија, оваа батерија треба да
ја замени само квалификуван персонал.
За да бидете сигурни дека со батеријата ќе се
постапи соодветно, предадете го потрошениот
производ на применливото збирно место за
рециклирање на електрична и електронска
опрема.
За сите други батерии, погледнете го делот
за тоа како безбедно да се о тстрани батеријата
од производот. Батеријата предадете ја на
применливото збирно место за рециклирање
на отпадни батерии.
За подетални информации за рециклирањето
на овој производ или батеријата,
контактирајте со вашата локална месна
заедница, вашиот сервис за отстранување на
домашен отпад или со продавницата каде што
го купивте овој производ.
За потрошувачите во европските
земји
Овој производ е произведен во името на
Sony Corporation, 1-7-1 Konan Minato-ku
Tokyo, 108-0075 Japan. Прашања поврзани
со компатибилност на производот со
законодавството на Европската Унија треба
да бидат упатени до овластениот претставник,
Sony Deutschland GmbH, Hedelfinger Strasse 61,
70327 Stuttgart, Germany. Ве молиме обратете
се на адресите дадени во посебните документ и
за услуги или гаранција за какви било
прашања со услугата или гаранцијата.
Мерки за претпазливост
• Оваа единица работи на 220 V–240 V AC,
50/60 Hz. Проверете дали работниот напон
на единицата е ист како и вашето локално
снабдување.
• Монтирајте ја единицава така што главниот
вод може да се исклучи од ѕидниот штекер
веднаш штом ќе се појави проблем.
Мерки за претпазливост
Оваа опрема е тестирана со кабел за
поврзување пократок од 3 метри при
што е утврдено дека е усогласена со
ограничувањата поставени во
Директивата EMC.
За поставувањето
• Поставете го плеерот на локација со
соодветна вентилација за да спречите
зголемување на топлина во плеерот.
• За да го намалите ризикот од пожар,
не покривајте го отворот за вентилација
на апаратот со весници, прекривки,
завеси итн.
• Не го изложувајте апаратот на извори на
отворен оган (како на пример, запалени
свеќи).
• Не монтирајте го плееров во ограничен
простор како што е полица за книги или
слично.
• Не поставувајте го плеерот надвор, во
возила, на бродови или во други пловни
објекти.
3
• Ако плеерот се внесува директно од
ладна во топла локација или се поставува
во многу влажна просторија, влагата
може да се кондензира на леќите во
плеерот. Ако се случи ова, плеерот нема
да работи правилно. Во тој случај,
отстранете го дискот и оставете го
плеерот вклучен околу половина час
сè додека влагата не испари.
• Не монтирајте го плеерот во навалена
позиција. Тој е дизајниран за да работи
само во хоризонтална положба.
• Не поставувајте тешки и нестабилни
објекти врз плеерот.
• Освен дисковите во носачот на диск,
не поставувајте никакви други објекти.
На тој начин можете да предизвикате
штета на плеерот или објектот.
• Кога го пренесувате плеерот, извадете
ги дисковите од носачот. Ако не ги
извадите, дискот може да се оштети.
• Исклучете ги кабелот за напојување
со наизменична струја (главен довод)
и сите други кабли од плеерот кога
го пренесувате плеерот.
За изворите за напојување со ел. енергија
• Плеерот не е исклучен од изворот со
наизменична струја (главен вод) сè
додека е поврзан во ѕидниот штекер,
дури и ако самиот плеер е исклучен.
• Исклучете го плеерот од ѕидниот штекер
ако не планирате подолго време да го
користите истиот. Фатете го самиот
приклучок, никогаш не влечете го кабелот
за да го исклучите кабелот за напојување
со наизменична струја (главен вод).
• Набљудувајте ги следниве точки за да
спречите оштетување на кабелот за
напојување со наизменична струја (главен
вод). Не користете го кабелот за
напојување со наизменична струја (главен
вод) ако е оштетен, затоа што тоа може да
предизвика електричен шок или пожар.
– Не приклештувајте го кабелот за
напојување со наизменичн а струја (главен
вод) помеѓу плеерот и ѕид, полица итн.
– Не ставајте ништо тешко врз кабелот за
напојување со наизменична струја
(главен вод) и не влечете го истиот.
За прилагодување на јачината на звукот
Не зго лему вај те ј а јач ина та н а зву кот дод ека
слушате делови со многу мал капацитет или
без аудио сигнали. Ушите и звучниците
може да се оштетат кога звучното ниво
одеднаш ќе го достигне својот врв.
За чистење
Исчистете ги кутијата, панелот и контролите
со мека крпа. Не користете каков било вид
абразивно перниче, прашок за чистење или
растворувач како што е алкохолот или
бензинот.
За дисковите за чистење, чистачите на
дискови/леќи
Не користете дискови за чистење или
чистачи за дискови/леќи (вклучувајќи
влажни или видови на спреј). Тие може
да предизвикаат дефект на уредот.
За заменување на делови
Во случај овој плеер да се поправа,
поправените делови може да се собираат за
повторна употреба или за рециклирање.
За поврзувањето на приклучокот за
HDMI OUT
Набљудувајте го следното затоа што
неправилното ракување може да ги оштети
приклучокот за HDMI OUT и конекторот.
• Внимателно порамнете го приклучокот
за HDMI OUT на задната страна на
плеерот со приклучокот/конекторот за
HDMI со проверка на нивните облици.
Осигурете се дека конекторот не
е завртен надолу и не е накривен.
• Кога ќе го местите плеерот, осигурете се
дека сте го исклучиле кабелот за HDMI.
4
• Држете го приклучокот за HDMI
исправено кога го поврзувате или
исклучувате кабелот за HDMI. Не
искривувајте го и не ставајте го насила
конекторот за HDMI во приклучокот
за HDMI OUT.
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА
Внимание: Овој плеер може бесконечно
да задржи видео слика на пауза или
слика на екранот на вашиот телевизор.
Ако видео сликата на пауза или сликата
на екранот ја оставите прикажана на
телевизорот подолг период на време
ризикувате трајно оштетување на
телевизискиот екран. Телевизорите
со панел со плазма екран и проектните
телевизии се подложни на ова.
Ако имате какви било прашања или
проблеми во врска со вашиот плеер,
консултирајте се со најблискиот продавач
на Sony.
Заштита од копирање
Имајте ги во предвид напредните системи за
заштита на содржината што се користат за
дискови Blu-ray™ и медиуми за DVD. Овие
системи, наречени AACS (Advanced Access
Content System - Напреден систем за пристап
до содржини) и CSS (Content Scramble System
- Систем за кодирање содржина), може да
содржат ограничувања за репродукцијата,
аналогниот излез и други слични одлики.
Работата на овој производ и поставените
ограничувања може да варираат во
зависност од датумот на купување, бидејќи
управниот одбор на AACS може да ги
прифати или смени своите правила за
ограничување по времето на купување.
Известување за Cinavia
Овој производ користи технологија на
Cinavia за да се ограничи употребата на
неовластени копии на комерцијални
филмови и видеа, како и на нивните
музички нумери. Ќе се прикаже порака,
а репродукцијата или копирањето ќе се
прекинат кога ќе се открие забранета
употреба на неовластена копија.
Повеќе информации за технологијата
на Cinavia има кај Информативниот
центар за потрошувачи на Cinavia на
http://www.cinavia.com. Испратете дописна
картичка со својата поштенска адреса за
да побарате дополнителни информации
за Cinavia по пошта на следната адреса:
Cinavia Consumer Information Center,
P.O. Box 86851, San Diego, CA, 92138, USA.
Авторски права и заштитени знаци
• „AVCHD“ и логото на „AVCHD
Progressive“ се заштитени знаци
на Panasonic Corporation и на
Sony Corporation.
• Java е заштитен знак на Oracle и/или
на неговите партнери.
•, „XMB“ и „xross media bar“ се
заштитени знаци на Sony Corporation
и на Sony Computer Entertainment Inc.
• Произведено според лиценца на
Dolby Laboratories. Dolby, Pro Logic
и симболот со двојно D се заштитени
знаци на Dolby Laboratories.
• Називите HDMI® и HDMI HighDefinition Multimedia Interface
и логото HDMI се заштитени знаци
или регистрирани заштитени знаци
на HDMI Licensing LLC во Соединетите
Американски Држави и во други земји.
• Blu-ray Disc™, Blu-ray™, BD-Live™,
BONUSVIEW™ и логоата се заштитени
знаци на асоцијацијата Blu-ray Disc.
• „DVD Logo“ е трговска марка на DVD
Format/Logo Licensing Corporation.
• Логоата на „DVD+RW“, „DVD-RW“,
„DVD+R“, „DVD-R“, „DVD VIDEO“
и „CD“ се заштитени знаци.
5
• „BRAVIA“ е заштитен знак на
Sony Corporation.
• Технологијата за аудио кодирање
MPEG Layer-3 и патентите со дозвола
од Fraunhofer IIS и Thomson.
• Овој производ вклучува сопствена
технологија според лиценцата на
Verance Corporation што е заштитена со
патент 7 369 677 во САД и други издадени
или во процес на издавање патенти
во САД и ширум светот и е заштитена
со авторско право и деловна тајна за
одредени аспекти на таквата технологија.
Cinavia е заштитен знак на Verance
Corporation. Авторски права 2004–2010
Verance Corporation. Сите права ги
задржува Verance. Повратното
инженерство или расклопувањето
се забранети.
• Windows Media е или регистриран
заштитен знак или заштитен знак на
Microsoft Corporation во Соединетите
Американски Држави и/или во други
земји.
Овој производ содржи технологија
којашто е предмет на определени
права на интелектуална сопственост
на Microsoft. Употребата или
дистрибуцијата на оваа технологија
надвор од овој производ без соодветните
лиценци на Microsoft се забранети.
Сопствениците на содржината ја
користат технологијата за пристап до
содржина на Microsoft PlayReady™ за
да ја заштитат својата интелектуална
сопственост, вклучувајќи ја и содржината
со авторски права. Овој уред ја користи
технологијата PlayReady за да пристапи
до PlayReady-заштитена содржина и/или
WMDRM-заштитена содржина. Ако
уредот не успее соодветно да ги спроведе
ограничувањата за користење на
содржина, сопствениците на содржина
може да имаат потреба Microsoft да ја
отповика способноста на уредот да ја
користи PlayReady-заштитената
содржина. Отповикувањето не треба да
влијае врз незаштитена содржина или
врз содржината заштитена со други
технологии за пристап на содржина.
Сопствениците на содржина може да ви
побараат да го надградите PlayReady за да
пристапите кон нивната содржина. Ако
ја одбиете надградбата, нема да можете да
пристапите кон содржината за која треба
надградба.
•Opera® Devices SDK од Opera Software
ASA. Авторско право 2002–2012 Opera
Software ASA. Сите права се задржани.
• Сите други заштитени знаци се
заштитени знаци на нивните соодветни
сопственици.
• Другите имиња на системи и производи
се генерално заштитени знаци или
регистрирани заштитени знаци на
производителите. Знаците ™ и ® не
се посочени во овој документ.
6
Содржина
2ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
3Мерки за претпазливост
Почеток
8Водич за делови и контроли
12Чекор 1: Доставена дополнителна опрема
12Чекор 2: Поврзување на плеерот
14Чекор 3: Подготовка за мрежно поврзување
14Чекор 4: Лесно поставување
Репродукција
16Репродукција на диск
17Репродукција од USB-уред
17Репродукција преку мрежа
18Достапни опции
Поставки и прилагодувања
20Користење на екраните со поставки
20[Network Update] (Мрежно ажурирање)
20[Screen Settings] (Поставки на екранот)
22[Audio Settings] (Поставки за аудио)
22[BD/DVD Viewing Settings] (Поставки за гледање BD/DVD)
23[Parental Control Settings] (Поставки за родителска контрола)
23[System Settings] (Системски поставки)
25[Network Settings] (Мрежни поставки)
25[Easy Network Settings] (Лесни мрежни поставки)
25[Resetting] (Ресетирање)
Дополнителни информации
26Решавање проблеми
30Спецификации
7
Почеток
Водич за делови и контроли
Преден панел
z
Копчето N има допирна точка. Користете ја допирната точка како референца кога
управувате со плеерот.
A Носач на дискот
B Z (отворање/затворање)
C N (репродукција)
D x (прекинување)
E [/1 (вклучено/во мирување) /
Индикатор за електрична
енергија
Го вклучува плеерот или го
поставува во режим на
подготвеност.
F Приклучок (USB)
Поврзете USB-уред со овој
приклучок.
G Далечински сензор
8
За заклучување на носачот на диск
(Забрана за деца)
Можете да го заклучите носачот на
диск за да избегнете негово случајно
отворање.
Кога плеерот е вклучен, држете го
копчето N на плеерот повеќе од
10 секунди за да го заклучите или
отклучите носачот.
Почеток
Заден панел
A LAN (100)-терминал
B Приклучок HDMI OUT
C Приклучок DIGITAL OUT
(COAXIAL)
9
Далечински управувач
Достапните функции на далечинскиот
управувач се разликуваат во зависност
од дискот или ситуацијата.
z
Копчињата: број 5, AUDIO, 2 + и N
имаат допирна точка. Користете ја
допирната точка како референца кога
управувате со плеерот.
A Z (отворање/затворање)
Го отвора или затвора носачот
на дискот.
-TV- t (избор на ТВ-влез)
Менува меѓу телевизорот
и другите влезни извори.
-TV- [/1 (телевизорот е вклучен/
во режим на подготвеност)
Го вклучува телевизорот или го
поставува во режим на подготвеност.
[/1 (вклучено/во режим
на подготвеност)
Го вклучува плеерот или го поставува
во режим на подготвеност.
B Копчиња со броеви (0–9)
Ги внесува броевите на насловите/
поглавјата/песните итн.
b
Броевите на песните се применливи
само на CD-DA (музички CD).
2 (јачина на звук) +/–
Ја прилагодува јачината на звукот
за телевизорот.
AUDIO (страница 22)
Го избира јазикот на песната кога
се снимени повеќејазични песни
на BD-ROM/DVD VIDEO.
Ги избира песните на CD.
SUBTITLE (страница 23)
Го избира јазикот на превод
кога се снимени повеќејазични
преводи на BD-ROM/DVD VIDEO.
(без глас)
Привремено го исклучува звукот.
C Копчиња во боја (црвена/
зелена/жолта/сина)
Кратенки за интерактивни функции.
D TOP MENU
Го отвора или затвора главното
мени на BD или DVD.
POP UP/MENU
Го отвора или затвора појавното
менито на BD-ROM или менито
на DVD.
10
Почеток
OPTIONS (страница 18)
Ставка
Категорија
Ги прикажува достапните опции
на екранот.
HOME
Влегува во почетното мени на
плеерот.
Ја прикажува позадината кога
во почетното мени е притисната
иконата за категорија.
RETURN
Се враќа на претходниот екран.
</M/m/,
Го поместува истакнувањето
за да избере прикажана ставка.
Централно копче (ENTER)
Ја внесува избраната ставка.
E ./> (претходно/следно)
Прескокнува до претходното/
следното поглавје, песна или
датотека.
X (пауза)
Ја паузира или повторно ја
започнува репродукцијата.
m/M (брзо премотување
назад/напред)
• Брзо премотување назад/напред
на дискот кога ќе го притиснете
копчето за време на
репродукцијата. Брзината на
барање се менува секојпат кога
ќе го притиснете копчето за
време на репродукција на видео.
• Забавена репродукција кога ќе
се притисне подолго од една
секунда во режим на пауза.
• Репродуцира по еден кадар
едновремено кога ќе се притисне
кратко во режим на пауза.
N (репродукција)
Почнува или повторно ја
започнува репродукцијата.
DISPLAY (страница 17)
Ги прикажува информациите
за репродукција на екранот.
x (прекинување)
Ја прекинува репродукцијата
и го запомнува местото на прекин
(продолжува од местото на прекин).
Местото на прекинување на
наслов/песна е последното место
кое што сте го репродуцирале
или последната фотографија
во папката со фотографии.
SEN (страница 17)
Пристапува до мрежната услуга на
„Sony Entertainment Network
Екран на почетното мени
Почетното мени се појавува кога
ќе притиснете HOME. Изберете
категорија користејќи </,.
Изберете ставка користејќи M/m
и притиснете ENTER.
[Setup] (Поставување): Ги
прилагодува поставките на плеерот.
[Photo] (Фотографија):
Прикажува фотографии.
[Music] (Музика): Репродуцира
музика.
[Video] (Видео): Репродуцира
видео записи.
[Network] (Мрежа): Прикажува
мрежни ставки.
™
“.
11
Loading...
+ 25 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.