Важно: Пред да почнете да го користите уредот, прочитајте ги важните информации
за безбедно користење на уредот и батеријата во деловите „За ваша безбедност“
и „Безбедност на производот“ во печатеното упатство за корисникот или на вебстраницата www.nokia.com/support. За да дознаете како да почнете да го користите
вашиот нов уред, прочитајте го печатеното упатство за корисникот.
За да ги заклучите копчињата, притиснете и задржете на и изберете Заклучи . За да ги
отклучите копчињата, изберете Отклучи .
Одбегнувајте допирање на зоната на антената додека антената се користи. Контактот
со антените влијае на квалитетот на комуникацијата и може да ја намали трајноста на
батеријата поради поголемата моќност што е потребна за време на работењето.
Не приклучувајте го уредот на производи коишто даваат излезен сигнал бидејќи тоа може
да го оштети уредот. Не поврзувајте никаков напонски извор на аудио-приклучокот. Ако
на аудио-приклучокот приклучите надворешен уред или слушалки поинакви од оние
што се одобрени за користење со овој уред, обрнете особено внимание на нивото на
гласноста. Некои делови од уредот се магнетни. Металните материјали може да бидат
привлечени кон уредот. Не ставајте кредитни картички или други магнетни медиуми за
чување податоци блиску до уредот, бидејќи информациите што се зачувани на нив може
да бидат избришани.
12. Камера
13. Звучник
14. Процеп за отворање на задниот капак
15. USB-приклучок
Некои од додатоците споменати во ова упатство за корисникот, како што се полначот,
слушалките или кабелот за податоци, може да се продаваат одделно.
ПОСТАВУВАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ
Запознајте се како се става SIM-картичка, мемориска картичка и батерија и како се
вклучува телефонот.
Нано-SIM
Важно: Овој уред е наменет да се користи само со нано SIM-картичка (види слика).
Користењето некомпатибилни SIM-картички може да ја оштети картичката или уредот и
може да ги оштети податоците што се зачувани на картичката.
Користете само компатибилни мемориски картички, одобрени за користење со овој уред.
Некомпатибилните картички може да ги оштетат картичката и уредот, како и податоците
зачувани на картичката.
Забелешка: Пред да отстраните кој било капак, исклучете го уредот и откачете го
полначот и секој друг уред. Избегнувајте допирање на електронските делови при
промена на кој било капак. Секогаш чувајте го и употребувајте го уредот со сите капаци
поставени.
Отворете го задниот капак
1. Ставете го ноктот во малиот процеп на дното на телефонот, подигнете го и отстранете
го капакот.
3. Затворете го држачот и лизгајте го налево за да се заклучи на своето место. Двете
SIM-картички се достапни истовремено кога не се користи уредот, но кога едната
SIM-картичка е активна, на пример, при остварување повик, другата може да биде
недостапна.
Совет: За да дознаете дали телефонот може да користи 2 SIM-картички, видете ја
етикетата на продажната кутија. Ако има 2 шифри IMEI на етикетата, имате телефон со
две SIM-картички.
Ставете ја мемориската картичка
1. Лизнете ја мемориската картичка во процепот за мемориска картичка.
2. Вратете ја батеријата.
3. Вратете го капакот.
Вклучување на телефонот
Притиснете и држете на копчето за вклучување/исклучување додека телефонот не
завибрира.
Избирање која SIM-картичка ќе се користи
1. Притиснете на копчето за лизгање и изберете Параметри > Мрежа и поврзаност >
SIM Менаџер .
2. За да изберете која SIM-картичка ќе ја користите за повици, изберете Појдовни повик.
и изберете SIM1 или SIM2 .
3. За да изберете која SIM-картичка ќе ја користите за пораки, изберете Појдовни пораки
и изберете SIM1 или SIM2 .
4. За да изберете која SIM-картичка ќе ја користите за мобилни податоци, изберете
Податоци и изберете SIM1 или SIM2 .
Совет: За да можете да ги разликувате SIM-картичките, дајте им описни имиња. Во
параметрите за SIM Менаџер , изберете ја секоја SIM-картичка, внесете го името и
изберете Зачувај .
ПОЛНЕЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но може да е потребно повторно да ја
наполните пред да го користите телефонот.
Полнење на батеријата
1. Приклучете го полначот на приклучок од електричната мрежа.
2. Поврзете го полначот со телефонот. Кога ќе заврши полнењето, откачете го полначот
од телефонот, а потоа од приклучокот на електричната мрежа.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред да се покаже
индикаторот за полнење.
Совет: Може да користите полнење преку USB-кабел, кога не е достапен приклучок
на електрична мрежа. Додека се полни уредот, може да се пренесуваат податоци.
Ефикасноста на полнење преку USB-кабел значително варира и може да биде потребно
долго време за да започне полнењето и уредот да започне да функционира. Осигурете се
дека компјутерот е вклучен.
Заштеда на енергија
За да заштедите енергија:
1. Полнете мудро: секогаш целосно
полнете ја батеријата.
2. Одберете ги само звуците што ви
требаат: исклучете ги непотребните
звуци, како тоновите на тастатурата.
3. Употребувајте жичени слушалки,
наместо звучникот.
4. Сменете ги поставките за екранот на
телефонот: поставете го екранот на
телефонот да се исклучува по кратко
време.
5. Намалете ја осветленоста на екранот.
6. Кога е применливо, мрежните врски,
како Bluetooth, користете ги селективно:
вклучувајте ги врските само кога ги
употребувате.
7. Исклучувајте го хотспотот за Wi-Fi кога
не е потребно споделување на интернетврската.
Листајте до апликацијата или одликата и изберете ИЗБЕРИ .
Враќање назад на претходниот приказ
Притиснете го копчето за назад.
Враќање назад до почетниот екран
Притиснете го копчето за завршување.
ПРОМЕНА НА ГЛАСНОСТА
Зголемување или намалување на гласноста
Имате проблем да го слушнете ѕвонењето на телефонот во бучна средина или повиците се
премногу гласни? Можете да ја промените гласноста по ваша желба.
За да ја промените гласноста во текот на повик, притиснете на копчето за листање нагоре
или надолу.
За да ја промените гласноста на медиумските апликации, тоновите на ѕвонење,
предупредувањата и алармите, притиснете на копчето за листање и изберете Поставки .
Листајте надесно до Персонализација и изберете Звук > Гласност .
За да ја промените гласноста кога слушате радио или музика, изберете Опции > Јачина .