Apple iPhone 3GS Quick Start Guide [mk]

Упатство за
копчиња
Започнете овде
Добредојдовте во iPhone. Ова Упатство за брз почеток Ве информира како да го подесите Вашиот iPhone и како да ги користите неговите клучни функции. Откако ќе започнете со користење и воспоставување повици, можете да дознаете уште повеќе за iPhone на
www.apple.com/mk/iphone.
Подготовка, подесување и почеток.
1. Преземете ја апликацијата iTunes.
Посетете го www.itunes.com/download, преземете ја најновата верзија на iTunes и инсталирајте ја на Вашиот Mac или PC.
2. Поврзување со Вашиот компју тер.
Поврзете го Вашиот iPhone со USB портата на Вашиот компјутер.
3. Синхронизација.
Со поврзувањето на iPhone се отвора апликацијата iTunes којашто Ве води низ постапката на подесување. Изберете ги контактите, календарите, песните, видеозаписите и фотографиите што сакате да ги синхронизирате, а потоа кликнете Apply во долниот десен агол. Доколку не сте запознаени со апликацијата iTunes или постапката на синхронизирање, можете да погледнете краток туторијал на
www.apple.com/itunes/tutorials.
Основни упатства за копчињата.
За да го вклучите iPhone, цврсто притиснете на копчето On/O . За да го исклучите или рестартирате iPhone, задржете го притиснато копчето On/O , а потоа повлечете го лизгачот за да потврдите. За да го поставите iPhone во неактивен режим, притиснете еднаш на копчето On/O . Со тоа се исклучува екранот, но Вашиот iPhone сè уште може да прима повици. Притиснете еднаш за да го исклучите звукот од дојдовен повик. Притиснете двапати за да го испратите повикот дирек тно во говорната пошта.
Вклучи/ Исклучи
Ѕвонење/
Тивок
режим
Јачина на
звук
Погласно/
Потивко
Пасивен/ Активен
Статусна лента
Почетен екран.
Кога користите апликација притиснете го копчето Home за да ја затворите и да се вратите на почетниот (Home) екран. Притиснете го повторно копчето Home за да преминете на Вашиот главен почетен екран. За време на повик, можете да пристапите до Вашата е-пошта, календар или други апликации, па дури и да сурфате на интернет доколку сте поврзани преку Wi-Fi или 3G. За да преминете на Favorites, кликнете двапати на копчето Home во кој било момент. Во неак тивен режим, кликнете двапати на копчето Home за да ги повикате контролите за iPod.
Почетен екран
Повик.
За да остварите повик, допрете телефонски број во Contacts, Favorites, во електронска или SMS порака, и речиси секаде во iPhone. Или притиснете го копчето Keypad за рачно бирање. За да одговорите на повик додека ги користите слушалките за iPhone, притиснете еднаш на нивното централно копче. Притиснете повторно за да го завршите повикот. За да ја приспособите јачината на звукот, притиснете на копчињата “+” и “–” сместени над и под микрофонот.
Voice Control.
За да ја активирате функцијата Voice Control (гласовна контрола), задржете го копчето Home сè додека не се појави екранот за Voice Control. По звучниот сигнал, изговорете команда како на пр. “Call Emma” или “Dial 555­1212”. Исто така, може да му дадете команда на iPhone да пушти одреден албум, изведувач или плејлиста или со командата “Play more songs like this”, да побарате да пушта песни слични на тековната. Може дури и да го прашате iPhone “What’s playing?”
Интелигентна тастатура.
Додека пишувате, Вашиот iPhone автоматски врши исправки и предложува зборови. Доколку допрете погрешна буква, едноставно продолжете да пишувате. За да го прифатите предложениот збор, допрете на тастерот за празно место. Допрете „x“ за да го одбиете предложениот збор. Тастатурата ги учи зборовите што ги пишувате. Истата автоматски внесува апострофи. За да преминете на тастатурата со броеви и симболи, допрете на копчето „.?123”. Допрете двапати на тастерот за празно место за да внесете точка.
Увеличете за да коригирате текст. Допрете на текстот што сакате да го уредувате. За да ја промените позицијата за внесување на текст, допрете и задржете за да ја повикате лупата. Лизгајте со прстот за да ја придвижите позицијата за внесување, а потоа уредувајте го текстот користејќи ја тастатурата.
Отсечете, копирајте, залепете.
Кога пишувате, допрете двапати на одреден збор за да го селектирате. Повлечете ги точките што го опфаќаат текстот за да изберете повеќе или помалку текст, а потоа допрете за да отсечете, копирате или залепите. За да копирате текст од интернет страници, е-пошта или текстуални пораки, допрете и задржете за да го селектирате текстот. За да го поништите уредувањето, затресете го iPhone, а потоа допрете на копчето Undo.
Испраќање пораки.
Допрете на иконата Messages. Впишете име или телефонски број во полето To или изберете некој од Вашите контакти. Напишете ја пораката, а потоа допрете Send. За да праќате фотографии или видео, допрете на копчето Camera. За да избришете или проследите цела порака или дел од неа, допрете Edit. За да отс траните цела конверзација од Вашиот список со пораки (Messages), брзо повлечете со прс тот врз неа, а потоа допрете Delete.
Поставување на е-пошта.
За поставување на налог за е-пошта директно на Вашиот iPhone, притиснете Add Account во поставките за Mail. Потоа допрете на Вашиот тип на кориснички налог, или допрете Other за да го конфигурирате речиси секој POP3 или IMAP налог. Подесувањата за налогот за е-пошта исто така може да се синхронизираат од Вашиот Mac или PC со
помош на iTunes.
Влезете во App Store.
Допрете на иконата App Store за безжично прелистување низ десетици илјади апликации во категории како што се игри, бизнис, патувања, социјално вмрежување и многу други. Прелистувајте Featured (препорачани), Categories (категории), или Top 25 (25 највисоко рангирани) или пак пребарувајте по име. За да купите и преземете апликација директно на Вашиот iPhone, допрете Buy Now.
Многу апликации се достапни и бесплатно.
App Store е достапна во одредени земји.
Пребарувајте со Spotlight.
За да пребарувате со Spotlight, одете на главниот почетен (Home) екран и притиснете го копчето Home или брзо повлечете врз екранот од лево кон десно. Напишете го тоа што сакате да го најдете - име, клучни зборови, песна, изведувач, или филмски наслов. Додека пишувате, iPhone нуди предлози за да пребарувате уште побрзо. За да пребарувате во апликации како што се Mail, Contacts,
или iPod, допрете на статусната лента.
Погледнете го интернетот одблизу.
За да зумирате, притиснете двапати на кој било елемент —слика или текст— во интернет-страницата. Повторно допрете двапати за да намалите кон првобитниот поглед. Допрете го копчето Multi-page за брзо движење со прстот низ повеќе интернет страници или за да отворите нова. Свртете го iPhone хоризонтално за да сурфате на интернет во
широк екран.
Најдете локација. Пребарајте ја околината.
За да ја видите Вашата моментална локација на мапата, допрете го копчето Location. На Вашата моментална позиција се појавува син круг или точка. За да видите во кој правец сте насочени, допрете повторно на копчето Location (локација) за да го вклучите погледот со компас. Пронајдете места во Ваша близина со впишување на зборови како „Starbucks“ или
„pizza“ во полето за пребарување. Допрете
двапати за да зумирате. За да се вратите на првобитниот поглед, допрете еднаш со два
прсти.
Google, логото на Google и Google Maps се трговски марки на Google Inc. Tele Atlas® Map data © 2009. Сите права задржани.
Добијте насоки.
Во менито Maps, допрете Directions, а потоа внесете ги почетната и завршната точка. Можете да ја користите Вашата моментална локација, да внесете адреса или пак да изберете адреса од Вашите контакти или обележани локации. Допрете Route за да се прикажат насоките за рутата на возење. Допрете го копчето Walk за да добиете насоки за пешачење или копчето Bus за да ги погледнете рутите и возниот ред на јавниот превоз. iPhone може да го следи и прикажува Вашиот
напредок по која било рута што ќе ја изберете.
Tele Atlas® Map data © 2009. Сите права задржани.
Контроли за видео и песни.
За да ги повикате контролите на екранот, допрете на екранот. Допрете повторно за да ги сокриете. Со двоен допир на видеото менувате меѓу широк и полн екран. Додека слушате музика, свртете го iPhone хоризонтално за да ги разгледувате насловните на албумите во Cover Flow. Допрете на кој било албум за да го видите списокот со песни, а потоа допрете на која било песна за да ја пуштите. Допрете надвор од списокот со песни за да се вратите на приказот со насловни на албумите. Кога слушате музика со жичните слушалки, притиснете еднаш на нивното централно копче за да паузирате или пуштите песна, и брзо притиснете двапати за да преминете
на следната песна.
Lovers in Japan од Coldplay е достапна на iTunes. Google, логото на Google и Google Maps се трговски марки на Google Inc.
Разгледувајте фотографии.
Пренесете ги Вашите омилени фотографии од Вашиот компјутер во iPhone со помош на апликацијата iTunes, или користете ја вградената камера за да фотографирате или да снимате видео. Разгледувајте ги фотографиите со брзо движење на прстот кон десно или кон лево. Можете да го зголемите приказот на сликата со двоен допир на сликата или со спојување и раздвојување на палецот и показалецот. Допрете еднаш за да ги повикате контролите на екранот. Допрете на копчето Action за да испратите фотографија или видео во MMS или е-порака, да поставите фотографија како позадина, или да ја назначите на некој од Вашите контакти.
Дознајте повеќе.
Можете да гледате демонстрации и да дознаете уште повеќе за карактеристиките на iPhone на www.apple.com/mk/iphone.
Прирачникот за употреба на iPhone, приспособен за читање на iPhone е достапен на help.apple.com/iphone или преку обележувачите во Safari. Прирачникот за употреба на iPhone и Упатството со важни информации за производот се достапни за преземање на
www.apple.com/mk/support/iphone.
Добијте поддршка.
Контактирајте со Вашиот мобилен оператор за техничка поддршка за мрежни услуги, како и визуелна говорна пошта (Visual Voicemail) и фактурирање.
www.apple.com/mk/support/iphone за
техничка поддршка за iPhone и iTunes.
*Визуелната говорна пошта и MMS може да не бидат достапни во сите области. За повеќе информации, Ве молиме контактирајте со Вашиот мобилен оператор.
Некои функции и услуги не се достапни во сите области.
© 2009 Apple Inc. Сите права задржани. Apple, Cover Flow, iPod, iTunes, Mac, и Safari се трговски марки на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји. iPhone и Spotlight се трговски марки на Apple Inc. App Store е трговска марка на Apple Inc. Други имиња на компании или производи спомнати овде може да се трговски марки на нивните компании. Designed by Apple in California. Printed in China. MK034-4911-A
*
Посетете го
Loading...