МК
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ВАЖНО ДА СЕ ПРОЧИТА И ДА СЕ
ПРИДРЖУВА
Пред употреба на апаратот прочитајте ги
упатствата за безбедност. Зачувајте ги за во
иднина.
Упатствата и самиот апарат содржат важни
безбедносни предупредувања до кои секогаш
треба да се придржувате. Производителот
се оградува од секаква одговорност од
непридржување кон упатствата за безбедност,
за несоодветна употреба на апаратот или
неправилно подесување на контролите.
Многу мали деца (0-3 години) не треба
да бидат во близина на апаратот. Мали
деца (3-8 години) не треба да бидат во
близина на апаратот, освен доколку се под
надзор. Потребен е постојан надзор или точно
дадени упатства за безбедносно користење и
разбирање на можните опасности за користење
на апаратот кај деца на 8 годишна возраст или
поголеми и кај лица со намалени физички,
сетилни и ментални способности или без
искуство и познавање на работата на апаратот.
За децата е строго забрането да играат со
апаратот. Децата без постојан надзор не смеат
да го чистат и да го одржуваат апаратот.
ДОЗВОЛЕНА УПОТРЕБА
ВНИМАНИЕ: Апаратот не е наменет да
работи со надворешен тајмер или со засебен
систем за далечинско управување.
Апаратот е наменет за користење во
домаќинството и за слични намени како што се:
вокујнанаменетазаперсоналотвопродавници,
канцеларииидругиработнисредини; во фарми;
од страна на посетители во хотели, мотели,
престојувалишта на база ноќевање со појадок и
други и други станбени средини.
Овој апарат не е наменет за професионална
употреба. Апаратот да се користи исклучиво во
домашни услови.
Светилката која се наоѓа во внатрешноста
на апаратот е исклучиво наменета за апарати
за домаќинство и не е соодветна за
собно осветлување во домот (ЕC Регулатива
244/2009).
Апаратот е наменет за простории во кои
температурата се движи во опсегот кој е во
согласност со климатските класи наведени на
типската плочка.
Апаратотможе да не работи правилнодоколку е
оставен подолго време на температура надвор
од опсегот.
Климатска класа на амбиентални температури:
СН: Од 10 до 32 °C; Н: Од 16 до 32 °C;
СТ: Од 16 до 38 °C; T: Од 16 до 43 °C;
Апаратот не содржи фреон. Колото за
ладење содржи R600a (HC).
Апарати со изобутан (R600a): изобутан
е природен гас без негативно влијание
врз животната средина, но е запалив.
Затоа осигурајте се дека цевките на
колото за ладење не се оштетени,
особено за време на празнење на
колото за ладење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ги оштетувајте
цевките на колото за ладење на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Чувајте ги отворите на
вентилацијата во комората на апаратот или во
вградениот дел, без можност за блокада.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За забрзување на
процесот на одмрзнување не користете
механички, електрични или хемиски средства
освен оние препорачани од страна на
Производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се користат или
поставуваателектрични уреди во внатрешноста
на апаратот со исклучок на оние кои
се одобрени за употреба од страна на
Производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Коморите за мраз и/или
диспанзерите за вода кои не се директно
поврзани со извори на вода мора да се полнат
исклучиво со питка вода.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Автоматските комори за
мраз и/или диспанзерите за вода мора да бидат
поврзани со извор на вода наполнет исклучиво
со питка вода, со основен воден притисок
помеѓу 0,17 и 0,81 MPa (1,7 и 8,1 бари).
Да не се чуваат експлозивни материи како
што се лименки за аеросоли и да не се става или
користи бензин или други запаливи материи во
близина на апаратот.
Да не се голтаат содржаните делови
(нетоксични) на пакетчињата со мраз (на некои
модели). Да не се јадат коцки мраз или
т.н. воден сладолед веднаш по вадење од
замрзнувачот бидејќи може да предизвикаат
ладни изгореници.
За производи наменети за употреба
на филтер за воздух во внатрешноста на
достапниот капак за вентилатор, филтерот
е секогаш на позиција кога апаратот е во
функција.
Да не се чуваат стаклени садови со течност
во замрзнувачот бидејќи може да се скршат.
Да не се попречува работата на вентилаторот
(доколку го има) со прехранбени производи.
Откако ќе ја ставите храната внатре, проверете
дали вратата на замрзнувачот е правилно
затворена.
Оштетената заптивка мора да се замени во
најбрз можен рок.
Користете го замрзнувачот исклучиво за
чување на замрзната храна, за замрзнување на
свежа храна, и за правење коцки мраз.
Избегнувајте чување на одвиткана храна
во директен контакт со внатрешноста на
замрзнувачот.
C-Pentane се користи како издувно
средство во пената за изолација и
претставува запалив гас.
ИНСТАЛАЦИЈА
Две или повеќе лица се потребниза пренос и
инсталирањена апаратот - опасност од повреда.
Користете заштитни ракавици за отпакување
и инсталирање на апаратот - опасност од
исекотини.
Инсталацијата, вклучувајќи го и
снабдувањето со вода (доколку има) и
електричните приклучоци, како и поправките,
мора да се изведуваат од страна на
квалификуван техничар. Да не се поправа
ниту заменува некој дел од апаратот освен
доколку е конкретно наведено во прирачникот
за корисникот. Чувајте ги децата подалеку од
инсталационата површина. По отпакување
на апаратот, осигурајте се дека не дошло
до оштетување при транспорт. Во случај
на проблеми, контактирајте го застапникот
на најблискиот сервис за после-продажба.
По инсталирање на апаратот, отпадот од
пакувањето (пластичните и деловите од
стиропор, итн.) мора да се чуваат подалеку
од дофат на деца - опасност од задушување.
Апаратот мора да биде исклучен од електрична
енергија пред почетокот на процесот на
инсталација - опасност од струен удар.
Осигурајте се дека апаратот не оштетил некој од
електричните кабли за време на инсталацијата
- опасност од пожар или струен удар. Апаратот
треба да се активира исклучиво по завршување
на инсталацијата.
Пренесувајте го апаратот внимателно за
да не дојде до оштетување на подот (пр.
на паркетот). Инсталирајте го апаратот на
подот или навалете го на цврста потпора на
место погодно за неговата големина и намена.
Уверете се дека апаратот не е во близина на
извор на топлина и дека четирите ногарки
стабилно се поставени на подот, со тоа што
може да ги подесите доколку е потребно, и
со помош на либела проверете дали апаратот
е добро нивелиран. Почекајте најмалку два
часа пред вклучување на апаратот за да се
осигурате дека колото за ладење функционира
беспрекорно.
За да се гарантира соодветна вентилација,
оставете простор на двете страни и над
апаратот. Растојанието помеѓу задната страна
на апаратот и ѕидот зад апаратот треба да
биде 50 mm, за да се избегне допир со топла
површина. Намалувањето на овој простор
ќе ја зголеми енергетската потрошувачка на
производот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При позиционирање на
апаратот, уверете се дека кабелот не е заглавен
или оштетен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да избегнете опасност
поради нестабилност, позиционирањето и
фиксирањето на апаратот мора да се изврши во
согласностсо инструкциите на производителот.
Забрането е замрзнувачот да се постави на
таков начин, така што металното црево од
ринглата, метал гас или цевките за вода, или
електричните жици да бидат во контакт со
задниот ѕид на замрзнувачот (кондензаторот).
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНО
НАПОЈУВАЊЕ
Мора да може апаратот да се исклучува од
струја со исклучување на приклучокот доколку
е достапен, или повеќеполниот прекинувач
поставен над приклучницата во согласност
со правилата за поврзување, и апаратот
мора да биде заземјен согласно националните
електрични стандарди за безбедност.
Не користете продолжен
кабел, мултиприклучница или мултиадаптер.
Електричните елементи не смеат да му бидат
на дофат на корисникот по инсталацијата. Не
го користете апаратот кога сте водени или кога
сте боси. Не го користете овој апарат доколку
има оштетен кабел или приклучок, доколку не
работи правилно, или доколку е оштетен или
паднал.
Ако приклучниот кабел е оштетен, мора
да се замени со ист таков купен од
производителот, или од овластениот сервис
или други квалификувани лица, за да се избегне
опасност од струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не поставувајте
продолжен кабел со повеќе приклучоци, или
преносни напојувања на задната страна од
апаратот.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уверете се дека апаратот
е исклучен од струја пред да започнете каква
било активност за одржување; никогаш не
користете опрема за чистење на пареа опасност од струен удар.
Не користете абразивни или груби
средства за чистење како што се спрејови
за прозорци, препарати за чистење, запаливи
течности, восоци за чистење, концентрирани
детергенти, средства за белеење или средства
за чистење кои содржат нафтени производи врз
пластичните делови, внатрешноста и рамките
на вратата или заптивките. Не користете
хартиени крпи, рапав сунѓер, или други груби
алатки за чистење.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ ЗА
ПАКУВАЊЕ
Материјалот за пакување е 100% рециклирачки и е означен со
симболот за рециклирање. . Различните делови на пакувањето