Кон ова упатство за употреба2
Мерки за безбедност и упатства
за работа2
Склопување на уредот8
Штелување на сајлата за гас11
Местење на ременот за носење11
Гориво12
Полнење гориво13
Оригинално упатство за
употреба
Информации пред стартување14
Стартување и исклучување на
моторот15
Упатства за работа17
Замена на филтерот за воздух17
Штелување на карбураторот18
свеќичка19
Однесување на моторот при
работа20
Чување на уредот20
Совети за чување и одржување21
Намалување на абењето и
избегнување штети23
Важни делови24
Печатено на хартија белена без хлор.
Печатните бои содржат растителни масла, хартијата може
да се рециклира.
Технички податоци26
Упатства за вршење поправки27
Фрлање27
ЕЗ Изјава за сообразност28
Почитуван купувачу,
Ви благодариме што се одлучивте за
квалитетниот производ на фирмата
STIHL.
Овој производ е направен со
современ начин на изработка и при
обемни мерки за контрола на
квалитетот. Ние се обидуваме да
сториме се’ за да бидете задоволни
со овој уред и да работите со него без
проблем.
Доколку имате прашања во врска со
Вашиот уред, Ве молиме да се
обратите до Вашиот продавач или
директно до нашата продажна
служба.
Ова упатство за употреба е заштитено со законот за авторски права. Сите права се задржани, особено правото за
умножување, преведување и обработка со електронски системи.
1
македонски
Кон ова упатство за
употреба
Сликовни ознаки
Сликовните ознаки што се наоѓаат на
уредот се објаснети во ова упатство
за употреба.
Во зависност од уредот и моделот, на
уредот се наоѓаат следниве сликовни
ознаки.
Резервоар за гориво;
мешавина за гориво од
бензин и моторно масло
Активирање на рачната
пумпа за гориво
Ознаки пред делови од текст
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување поради опасност од
несреќи и повреди на лица, како и од
големи материјални штети.
УПАТСТВО
Предупредување поради оштетувања
на уредот или на делови од уредот.
Техничко усовршување
STIHL постојано ги усовршува сите
машини и уреди; од тие причини
мораме да го задржиме правото за
правење измени во обемот на
испораката, во вид на формата,
техниката и опременоста на уредите.
Од тие причини, од податоците и
илустрациите во ова упатство за
употреба не може да се изведат
никакви побарувања.
Мерки за безбедност и
упатства за работа
Посебни безбедносни
мерки се неопходни при
работење со моторен
уред.
Пред првото
користење, прочитајте
го внимателно целото
упатство за употреба и
чувајте го на сигурно
место за подоцнежна
употреба.
Непочитувањето на
упатствата може да
биде опасно по
животот.
Запазете ги безбедносните прописи
специфични за секоја држава, како
на пр. од синдикалните и социјалните
здруженија, од службите за
безбедност на работа и други.
Ако првпат работите со уредот: Од
продавачот или од друго стручно
лице побарајте објаснување како
безбедно се ракува со уредот – или
учествувајте на стручен семинар.
Малолетни лица не смеат да работат
со уредот – освен лица над 16 години,
обучувани под надзор.
Деца, животни и нестручни лица да се
држат подалеку од уредот.
Ако уредот не се користи, мора да
биде одложен безбедно – никој да не
биде загрозен. Чувајте го уредот
непристапен за нестручни лица.
2
BR 350, BR 430
македонски
Корисникот на уредот е одговорен за
настанатите несреќни случаи со
други лица или врз туѓа сопственост.
Уредот се дава или се изнајмува само
на лица запознаени со начинот на
ракување – секогаш првин да им се
даде упатството за употреба.
Употребата на уреди што создаваат
бучава може да биде временски
ограничена како со државни, така и со
локални прописи.
Уредот смее да се користи само ако
сите составни делови се неоштетени.
За чистење на уредот не користете
уреди за чистење со висок притисок.
Силниот воден млаз може да оштети
делови на уредот.
Прибор и резервни делови
Смеат да се употребуваат само
делови и прибор што STIHL ги
одобрува за овој уред или технички
истоветни делови. За сите прашања
побарајте совет од специјализиран
продавач.За сите прашања побарајте
совет од специјализиран продавач.
Смеат да се употребуваат само
висококвалитетни делови и прибор.
Во спротивно постои опасност од
незгоди или оштетувања на уредот.
STIHL препорачува употреба на
оригиналните делови и прибор од
STIHL. Со своите карактеристики, тие
се оптимални како за производот,
така и за потребите на корисникот.
Не вршете промени на уредот – со тоа
се загрозува безбедноста. Во случај
на повреди или материјални штети
што се јавуваат при користење
недозволени уреди за надградба,
STIHL е ослободен од секаква
одговорност.
Физичка способност
Лицето што работи со уредот мора да
биде одморено, здраво и во добра
психичка состојба.
Лицата што не смеат да се напрегаат
од здравствени причини треба да го
прашаат својот лекар дали смеат да
работат со моторен уред.
Само за лица со пејсмејкери:
системот за палење предизвикува
многу слабо електромагнетно
поле.Само за лица со пејсмејкери:
системот за палење предизвикува
многу слабо електромагнетно поле.
Влијанието врз одделни видови
пејсмејкери не може да биде сосема
исклучено. За да не се ризикува
здравјето, STIHL препорачува да се
посоветувате со својот лекар или со
производителот на пејсмејкерот.
По консумирање алкохол, лекови што
негативно влијаат врз способноста за
реагирање или дрога, не смее да се
работи со уредот.
Наменска употреба
Дувалката овозможува отстранување
лисје, трева, хартија и слично, на пр.
во градини, спортски стадиони,
паркиралишта или влезови. Уредот
исто може да се користи за чистење
ловни патеки во шума.
Не дувајте во материјали што го
загрозуваат здравјето.
Употребата на уредот за други цели
не е дозволена и може да доведе до
незгоди или оштетувања на уредот.
Производот не смее да се менува – и
тоа може да доведе до повреди и
оштетувања на уредот.
Облека и заштитни средства
Да се носат прописна облека и
заштитни средства
Облеката мора да биде
соодветна и не смее да
пречи во работата.
Носете облека што е
припиена до телото –
работен комбинезон, а
не работен мантил.
Не носете облека со
лабави врвки, шал,
вратоврска или накит,
што би можеле да
дојдат до отворот за
смукање воздух
странично, или под
машината. Соберете ја
долгата коса (под
шамија, капа, шлем и
сл.).
Носете заштитни чевли со изрецкан
ѓон што не се лизга.
BR 350, BR 430
3
македонски
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали
опасноста од повреди
на очите, носете добро
припиени заштитни
очила според
стандардот EN 166.
Запазете ја добрата
наместеност на
заштитните очила.
Носете „лична“ заштита од бучава –
на пр. заштитни слушалки.
STIHL нуди широк асортиман на
прибор за лична заштита.
Транспортирање на уредот
Секогаш со изгаснат мотор.
При превезување во возила:
–уредот да се заштити од
превртување, оштетување и од
истекување на горивото
Полнење гориво
Бензинот е многу лесно
запалив – држете го
подалеку од отворен
оган – не истурајте
гориво – не пушете.
Пред полнење гориво изгаснете го
моторот.
Не полнете го резервоарот со гориво
додека моторот е жежок – може да
дојде до прелевање на горивото –
опасност од пожар!
Отстранете го уредот од грбот пред
да наполните гориво. Полнете гориво
само кога стои на тлото.
Отворете го капакот на резервоарот
внимателно, за да се намали
постоечкиот притисок и за да се
спречи прскање на горивото.
Полнете го резервоарот со гориво
само на добро проветрени места.
Доколку се истури гориво, веднаш
избришете го уредот – не
дозволувајте горивото да дојде во
допир со облеката, во спротивно,
сменете ја веднаш.
Внимавајте на
дихтувањето! Ако
истекува гориво, не
палете го моторот –
опасност по живот од
изгореници!
Капаче со навој
По завршеното
полнење, капачето со
навој затегнете го што е
можно поцврсто.
Со тоа се намалува ризикот капачето
на резервоарот да се одврти поради
вибрациите на моторот и да истече
гориво.
Пред стартување
Проверете го уредот во смисла на
безбедноста при работа – запазете ги
соодветните поглавја во упатството
за употреба:
–проверете го дихтувањето на
системот за гориво, особено на
видливите делови како на пр.
капачето на резервоарот,
спојките на цревото, рачната
пумпа за гориво (само кај
моторните уреди со рачна пумпа
за гориво). При недихтување или
оштетување, не стартувајте го
моторот – опасност од пожар!
Пред да се користи, уредот треба
да го сервисира специјализиран
продавач
–рачката за гас мора да биде
лесно подвижна и самата да
може да се врати во положба на
празен ôд
–преклопната рачка мора да може
да се притисне лесно на STOP
одн. 0
–механизмот за дување мора да
биде монтиран правилно
–рачките за држење секогаш да се
чисти и суви, без масло и
нечистотија на нив – за да може
сигурно да се ракува со
моторниот уред
–проверете го приклучникот на
свеќичката – ако не е наместен
добро, можно е да се јави
искрење што може да ја запали
смесата од гориво и воздух –
опасност од пожар!
4
BR 350, BR 430
македонски
–Не вршете никакви измени на
командните и безбедносните
механизми
–проверете ја состојбата на
куќиштето на вентилаторот
–проверете ја состојбата на
ремените за носење и на рамката
за носење – заменете ги
оштетените или изабените
ремени за носење
Абењето на куќиштето од
вентилаторот (расцепи, пукнатини)
може да предизвика опасност од
повреди од исфрлените објекти. При
оштетено куќиште на вентилаторот
побарајте помош од специјализиран
продавач – STIHL препорачува
специјализирани продавачи на STIHL
Уредот смее да се користи само ако е
безбеден за употреба – опасност од
незгоди!
За итни случаи: Вежбајте брзо
отворање на затворачот од ременот
за појас, отпуштање на ремените за
рамена и симнување на уредот од
грб.
Стартување на моторот
На растојание од најмалку 3 метри од
место за полнење гориво и никогаш
во затворен простор.
Уредот го опслужува само едно лице
– не дозволувајте присуство на
ниедно друго лице во работната зона
– исто и при стартување.
Моторот да не се стартува „од рака“ –
стартувајте го како што е опишано во
упатството за употреба.
Само на рамна подлога, застанете
цврсто и стабилно, уредот држете го
сигурно.
Кога ќе запали моторот, воздушната
струја под притисок може да
предизвика отфрлување на предмети
(на пример, камења).
За време на работата
При опасност или во итен случај,
веднаш изгаснете го моторот –
преклопната рачка ставете ја на
STOP одн. 0.
Во радиус од 15 m не смее да стои
ниедно друго лице – поради
отфрлените предмети постои
опасност од повреди!
Истото растојание треба да се држи и
во однос на предмети (возила,
прозорци) – опасност од материјална
штета!
Никогаш не дувајте во
насока на лица или
животни – уредот може
да отфрли мали
предмети со голема
брзина – опасност од
повреди!
При работење со дувалка (на
отворени површини и во градини),
внимавајте да не ги загрозувате
малите животни.
Никогаш не оставајте го уредот да
работи без надзор.
Внимавајте при подмразица, влага,
снег, мраз,
на наклони, на нерамно земјиште –
опасност од слизнување!
Внимавајте на пречки: ѓубре, трупци
од дрва, корења, дупки – опасност од
сопнување!
Не работете качени на скала, ниту на
нестабилни подлоги.
При употреба на средства за заштита
на слухот, потребно е зголемено
внимание – способноста за
забележување звуци што би можеле
да укажуваат на опасност (повици,
сигнали и др.) е намалена.
Работете мирно и промислено – само
при добра осветленост и видливост.
Работете внимателно, не
загрозувајте други лица.
Благовремено правете паузи, за да се
намалат заморот и изнемоштеноста –
опасност од незгоди!
Моторниот уред
создава отровни гасови
штом моторот ќе
проработи. Тие гасови
може да се без мирис и
невидливи и да содржат
несогорени
јаглеводороди и
бензол. Никогаш не
работете со уредот во
затворени или лошо
проветрени простории –
истото важи и за
машини со катализатор.
При работење во ровови, јами или во
стеснет простор, секогаш погрижете
се да има доволно струење на
воздухот – опасност по животот од
труење!
BR 350, BR 430
5
македонски
0009BA001 KN
Доколку почувствувате мачнина,
главоболка, пречки на видот (на пр.,
стеснување на видното поле), пречки
во слухот, вртоглавица, попуштена
концентрација, веднаш прекинете со
работата – тие симптоми може, меѓу
другото, да се предизвикани и од
преголема концентрација на издувни
гасови – опасност од незгоди!
Не пушете при работа и близу до
уредот – опасност од пожар!
Системот за гориво може да испушта
запаливи бензински испарувања.
Носете маска за заштита од прав
секогаш кога се крева прав.
Со моторниот уред работете колку
што е можно потивко и со помалку
издувни гасови – моторот да не
работи без потреба, додавајте гас
само при работење.
По завршената работа, уредот
оставете го на рамна, незапалива
површина. Не оставајте го уредот во
близина на лесно запаливи материи
(на пр. струганици, кора од дрво, сува
трева, гориво) – опасност од пожар!
Доколку уредот бил изложен на
непрописна употреба (на пр. бил
удрен или паднал), исправноста на
уредот веднаш треба да се провери
пред повторна употреба – погледнете
и под "Пред стартување". Особено да
се провери дихтувањето на системот
за гориво и функционалноста на
безбедносните системи. Уред што не
е безбеден за работа во ниеден
случај да не се користи понатаму.
Доколку не сте сигурни – прашајте
специјализиран продавач.
Примена на дувалката
Уредот се носи на грб. Десната рака
на командната рачка ја води цевката
за дување.
Работете само со бавно движење
нанапред – постојано набљудувајте ја
излезната област на цевката за
дување – не одете наназад – опасност
од сопнување!
Исклучете го моторот пред да го
симнете уредот од грб.
Техника на работење
За да се минимира времето на
дување, користете гребла и метли за
да ги одлепите честичките на
нечистотијата.
Препорачана техника на работење за
минимирање на загадувањето на
воздухот:
–ако е потребно, навлажнете ја
површината за да се спречи
создавањето на прав
–нечистотијата не смее да се дува
кон луѓе, особено кон деца,
домашни животни, кон отворени
прозорци или свежо измиени
возила. Бидете внимателни при
дувањето нечистотија
–собраната нечистотија фрлете ја
во канта за ѓубре; не дувајте ја
кон соседните земјишта
Препорачана техника на работење за
минимирање на бучавата:
–моторните уреди користете ги во
разумно време - не рано наутро
или во текот на пладневна
починка, кога може да им пречите
на соседите. Запазете ги локално
одредените времиња
–дувалките користете ги само при
најмал можен број на вртежи на
моторот што е неопходен за
дадената работа
–опремата проверете ја пред
употребата, особено
придушувачот на бучавата,
отворите за смукање воздух и
филтерот за воздух
6
BR 350, BR 430
македонски
Вибрации
При подолготрајно користење на
моторниот уред, вибрациите може да
доведат до проблеми со
циркулацијата во рацете („болест на
бели прсти“).
Не е можно да се одреди
општоважечко правило за должината
на користењето, бидејќи истото
зависи од повеќе фактори.
Должината на користењето може да
се продолжи со:
–загревање на рацете
–правење паузи
Должината на користењето може да
се скрати поради:
–особена лична предиспонираност
за лоша циркулација на крвта
(симптоми: прстите се често
ладни, трнење)
–ниски надворешни температури
–силата со која се притиска при
држењето (цврстото држење ја
попречува циркулацијата)
При редовна и долготрајна употреба
на моторниот уред и при честа појава
на наведените симптоми (на пр.
трнење на прстите) се препорачува
медицински преглед.
Одржување и поправки
Одржувајте го моторниот уред
редовно. Извршувајте ги само
одржувањата и поправките што се
наведени во упатството за употреба.
Сите останати интервенции треба да
ги изврши специјализиран продавач.
STIHL препорачува одржување и
поправки само преку специјализирани
продавачи на STIHL. На
специјализираните продавачи на
STIHL им се нудат редовни обуки и
достапни им се технички
информации.
Употребувајте само
висококвалитетни резервни делови.
Во спротивно постои опасност од
повреди или оштетувања на уредот.
За сите прашања во врска со тоа
побарајте совет од специјализиран
продавач.
STIHL препорачува да се
употребуваат оригинални резервни
делови на STIHL. Со нивните
карактеристики тие се оптимални
како за уредот, така и за потребите на
корисникот.
При поправка, одржување и чистење,
секогаш изгаснете го моторот –
опасност од повреди! – Исклучок:
штелување на карбураторот и на
празниот од.
Не палете го моторот со извлечен
приклучник на свеќичката или при
одвртена свеќичка -опасност од
пожар поради искрење надвор од
цилиндерот!
Не држете го моторниот уред во
близина на отворен оган.
Редовно проверувајте го
дихтувањето на капачето на
резервоарот.
Употребувајте само исправни
свеќички одобрени од STIHL –
погледнете во „Технички податоци“.
Проверете го кабелот на свеќичката
(беспрекорна изолација, цврст
приклучник).
Придушувачот на бучавата мора да
биде во беспрекорна состојба.
Не смее да се работи со расипан
придушувач на бучавата или без него
– опасност од пожар! – Оштетувања
на слухот!
Не допирајте го придушувачот на
бучавата кога е жежок – опасност од
изгореници!
Состојбата на придушувачите на
вибрации влијае врз вибрациското
однесување на уредот –
контролирајте ги редовно.
Изгаснете го моторот при
отстранување пречки.
BR 350, BR 430
7
македонски
0000-GXX-2038-A0
1
2
0009BA003 KN
3
4
3
0000-GXX-2039-A0
2
4
0000-GXX-2040-A0
0009BA005 KN
6
5
5
3
0009BA006 KN
7
0009BA007 KN
5
7
Склопување на уредот
Комби-клуч и одвртка се вклучени во
приложената вреќичка со прибор.
Механизам за дување на BR 350
Монтажа на ребресто црево на
колено
Nраширете го лизгачкиот
прстен (2) и навлечете го врз
коленото (1)
Nребрестото црево (4) навлечете
го врз лизгачкиот прстен (2) до
граничникот
Nпорамнете ја стегата за црево (3)
– како на сликата
Nзатегнете ја завртката (стрелка)
Монтажа на цевка за дување и
млазница
Монтажа на командна рачка
Nраширете ја командната рачка (7)
и навлечете ја врз наглавокот на
ребрестото црево (4)
Nсајлата за гас закачете ја во
држачот на стегата за црево (3)
Прилагодување на командната рачка
Nставете го уредот на грб и
прилагодете го ременот за
носење – погледнете под
"Местење на ременот за носење"
Nцевката за дување (5) вовлечете
Nраширете ја стегата за црево (3) и
поставете ја околу ребрестото
црево (4)
Nзаклучете ја стегата за црево (3) –
закачете го јазичето во
вдлабнатината
8
Nповрзете ги меѓусебно цевката за
дување (5) и млазницата (6)
ја во наглавокот на ребрестото
црево (4) до граничникот
Nкомандната рачка (7)
поместувајте ја надолжно и
прилагодете ја според должината
на раката
Nзатегнете ја завртката на
командната рачка (7)
BR 350, BR 430
македонски
452BA101 KN
1
2
3
452BA102 KN
1
2
452BA096 KN
1
2
3
2
1
452BA108 KN
3
452BA109 KN
2
1
4
3
2
452BA103 KN
5
6
Механизам за дување на BR 430
Монтажа на командна рачка
Nраширете ги двете половина на
стегата за цевка
Nкомандната рачка (1) навлечете
ја врз цевката за дување (2)
Монтажа на цевка за дување
Nво зависност од телесната
големина: Цевката за дување (1)
навлечете ја врз цевката за
дување (2) до соодветната
ознака
Nцевката за дување (1) свртете ја
во насока на стрелката и
забравете ја во соодветниот
жлеб (3)
Монтажа на стеги за цевка и ребресто
црево
Nстегата за црево (1) навлечете ја
врз ребрестото црево (2)
Nдоведете ги до поклопување
ознаките за позиционирање на
стегата за црево (1) и на
коленото (3) – со провртот за
завртка свртен надолу
Nстегата за црево (1) прицврстете
ја со завртка (4)
Nкомандната рачка (1) порамнете
ја според шевот на цевката – како
на сликата
Nкомандната рачка (1)
прицврстете ја со завртката (3)
така, што сè уште ќе може да се
поместува на цевката за
дување (2)
BR 350, BR 430
Nстегата за црево (1) (со жлеб за
држење на сајлата за гас), со
ознаките за позиционирање
свртени налево, навлечете ја врз
коленото (3)
Nребрестото црево (2) навлечете
го врз коленото (3)
Nстегата за црево (5) (без жлеб за
држење на сајлата за гас), со
ознаките за позиционирање
свртени надесно, навлечете ја
врз цевката за дување (6)
Nцевката за дување (6) вовлечете
ја во ребрестото црево (2)
9
македонски
2
5
452BA104 KN
6
7
3
1
2
452BA111 KN
3
1
2
452BA112 KN
3
452BA110 KN
1
2
452BA100 KN
Nстегата за црево (5) навлечете ја
врз ребрестото црево (2)
Nпорамнете ги стегата за црево (5)
и цевката за дување (6) – како на
сликата
Nстегата за црево (5) прицврстете
ја со завртка (7)
Монтажа на млазница
Демонтажа на млазница
Nмлазницата (1) вртете ја во
насока на стрелката така што ќе
се покријат клиновите (3)
Nизвлечете ја млазницата (1) од
цевката за дување (2)
Прилагодување на командната рачка
Nставете го уредот на грб и
прилагодете го ременот за
носење – погледнете под
"Местење на ременот за носење"
Nсајлата за гас (4) со чаурата (5)
забравете ја во жлебот за
држење (6)
Ознака за истрошеност на
млазницата
Nмлазницата (1) навлечете ја врз
цевката за дување (2) и
забравете ја во клиновите (3)
10
Nкомандната рачка (1)
поместувајте ја надолжно по
цевката за дување (2) и
прилагодете ја според должината
на раката
Nкомандната рачка (1)
прицврстете ја со завртка (3)
Во текот на работењето, предниот
дел на млазницата се абе заради
триење со тлото. Млазницата е
потрошен дел што мора да се замени
кога ќе се достигне ознаката за
истрошеност.
Монтажа на транспортна помош
При чување и транспортирање:
BR 350, BR 430
македонски
0009BA008 KN
373BA003 KN
373BA004 KN
Nприцврстете чичак лента на
цевката за дување – провлечете
го шевот низ окцето
Nцевката за дување прицврстете ја
на отворот за држење на грбната
плоча
Штелување на сајлата за
гас
Откако ќе се монтира уредот или по
подолго користење, може да е
неопходна корекција на
наштелуваноста на сајлата за гас.
Сајлата за гас се штелува само кај
целосно монтиран уред.
Nрачката за гас ставете ја во
положбата за полн гас – до
граничникот
Nзавртката во рачката за гас
свртете ја внимателно до првиот
отпор во насока на стрелката.
Потоа навртете ја уште еден
вртеж понатаму
Местење на ременот за
носење
Прилагодување на ременот за
носење
Nповлечете ги надолу краевите на
ремените, ремените за носење се
затегнуваат
Отпуштање на ременот за носење
BR 350, BR 430
Nпоткренете го затегнувачкиот
лизгач
Nременот за носење прилагодете
го така, што грбната плоча ќе
налегне цврсто и сигурно на грбот
на опслужителот
11
македонски
Гориво
За работата на моторот мора да се
користи мешавина од бензин и
моторно масло.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Избегнувајте директен контакт на
кожата со горивото и не вдишувајте ги
бензинските испарувања.
STIHL MotoMix
STIHL препорачува употреба на
STIHL MotoMix. Оваа готова
мешавина на гориво не содржи
бензол и олово, се одликува со висок
октански број и секогаш има
вистински однос на мешавината.
За постигнување најдолг работен век
на моторот, STIHL MotoMix е
мешавина со моторното масло за
двотактни мотори STIHL HP Ultra.
MotoMix не е достапен на сите
пазари.
Мешање на горивото
УПАТСТВО
Несоодветни компоненти или
непрописен однос на мешавината
може да предизвикаат сериозни
оштетувања на моторот. Бензинот
или моторното масло со понизок
квалитет може да ги оштетат моторот,
дихтунзите, водовите и резервоарот
за гориво.
Бензин
Користете само висококвалитетен
бензин со октански број од најмалку
90 ROZ – безоловен или со олово.
Бензин со удел на алкохол преку 10%
може да предизвика пречки во
работата на моторите со рачно
штелување на карбураторот и затоа
не треба да се користи за овие
мотори.
Моторите со систем M-Tronic
постигнуваат максимална моќност со
бензин со удел на алкохол до 25%
(Е25).
Моторно масло
Ако го мешате сами горивото, тогаш
смее да се користи само маслото за
двотактни мотори STIHL или друго
моторно масло со високи
перформанси од класа JASO FB,
JASO FC, JASO FD, ISO-L-EGB, ISOL-EGC или ISO-L-EGD.
STIHL препорачува да се користи
маслото за двотактни мотори STIHL
HP Ultra или друго моторно масло со
високи перформанси, за да се
исполнат граничните вредности на
емисијата на издувни гасови во текот
на работниот век на машината.
Однос на мешавината
со моторно масло за двотактни
мотори STIHL 1:50; 1:50 =
1 дел масло + 50 делови бензин
да се чува гориво првин ставете
моторно масло, а потоа бензин, и
промешајте добро
Чување на мешавината за гориво
Само во канистери во кои е
дозволено да се чува гориво, на суво,
свежо и безбедно место, заштитено
од светлина и сонце.
Мешавината за гориво старее –
подготвувајте количества само за
неколку недели. Не чувајте мешавина
за гориво подолго од 30 дена. Под
влијание на светлина, сонце, ниски
или високи температури, мешавината
за гориво побрзо станува
неупотреблива.
Меѓутоа, STIHL MotoMix може да се
складира без проблем до 2 години.
Nпред полнење гориво, добро
измешајте го канистерот со
мешавината за гориво
Двотактно масло
STIHL 1:50
(милилитри)
12
BR 350, BR 430
македонски
0002BA086 KN
002BA447 KN
002BA448 KN
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во канистерот може да се создаде
притисок – отворајте внимателно.
Nповремено исчистете ги темелно
резервоарот за гориво и
канистерот
Остатокот од гориво и течноста што
била употребена за чистење
згрижете ги прописно и безбедно по
околината!
Полнење гориво
Подготвување на уредот
Nпред полнење гориво исчистете
ги капачето на резервоарот и
просторот околу него за да не
падне нечистотија во
резервоарот
Nнаместете го уредот со капачето
на резервоарот свртено нагоре
Отворање на капачето со навој
Nодвртете го капачето налево така
што ќе може да се извади од
отворот на резервоарот
Nизвадете го капачето на
резервоарот
Полнење гориво
При полнење не истурајте гориво и не
полнете го резервоарот докрај. STIHL
препорачува употреба на систем за
полнење STIHL (специјален прибор).
Затворање на капачето со навој
BR 350, BR 430
Nнаместете го капачето
Nзавртете го капачето надесно до
граничникот и затегнете го со
рака што е можно поцврсто
13
македонски
2
1
0009BA009 KN
2
1
0009BA010 KN
452BA122 KN
1
2
Информации пред
стартување
УПАТСТВО
Заштитната решетка на смукањето
воздух за дување помеѓу грбната
плоча и моторната единица
проверете ја пред стартувањето при
мотор во мирување и исчистете ја по
потреба.
Функции на преклопната рачка
Уредите може да бидат опремени со
различни командни рачки.
Блокада на гас
Рачката за гас (2) може да се аретира
континуално:
За да се отпушти аретирањето:
NПреклопната рачка (1) ставете ја
повторно во положбата за
работа F
Забравена положба C
Рачката за гас (2) може да се забрави
на три степена: 1/3 гас, 2/3 гас и
положба за полн гас. За да се
отпушти аретирањето: Преклопната
рачка (1) ставете ја повторно во
положбата за работа F.
Положба за работа F
Моторот работи или е подготвен за
стартување. Можно е континуално
притискање на рачката за гас (2).
Мотор стоп †
Системот за палење е прекинат,
моторот запира. Преклопната
рачка (1) не се забравува во оваа
положба, туку се враќа во положбата
за работа F со систем на пружина.
Палењето е вклучено автоматски.
14
Положба за работа F
Моторот работи или е подготвен за
стартување. Можно е континуално
притискање на рачката за гас (2).
Мотор стоп †
Системот за палење е прекинат,
моторот запира. Преклопната
рачка (1) не се забравува во оваа
положба, туку се враќа во положбата
за работа F со систем на пружина.
Палењето е вклучено автоматски.
BR 350, BR 430
македонски
0009BA011 KN
0009BA021 KN
0009BA012 KN
H
LA
L
0009BA013 KN
0009BA014 KN
0009BA028 KN
Стартување и исклучување
на моторот
Стартување на моторот
NЗапазете ги безбедносните
прописи
УПАТСТВО
Стартувајте го уредот само на чиста
подлога без прав, така што уредот
нема да вшмукува прав.
NПреклопната рачка мора да стои
на F
Nмеурот на рачната пумпа за
гориво притиснете го најмалку
8 пати – исто и кога меурот е
наполнет со гориво
Студен мотор (студен старт)
Nвртливото копче на стартниот
преклопник притиснете го
навнатре и свртете го на c
Топол мотор (топол старт)
Nвртливото копче на стартниот
преклопник притиснете го
навнатре и свртете го на o
Ова нагодување важи исто и кога
моторот веќе работел, но е сè уште
студен.
Палење
Nставете го уредот стабилно на
тлото – внимавајте да не се наоѓа
друго лице во подрачјето на
излезниот отвор
Nзаземете стабилна положба:
Држете го уредот цврсто со
левата рака на куќиштето и со
едното стапало обезбедете го од
лизгање
NРачката на стартерот извлечете
ја полека со десната рака до
првиот забележлив граничник – и
потоа повлечете брзо и силно –
не извлекувајте го јажето докрај –
опасност од кинење!
Nне дозволувајте рачката на
стартерот да се врати пребрзо –
вратете ја во спротивна насока од
BR 350, BR 430
15
македонски
0009BA016 KN
0009BA022 KN
0009BA017 KN
0009BA018 KN
0009BA023 KN
насоката на извлекување за да се
намота правилно јажето за
палење
Nпалете додека моторот
проработи
Штом проработи моторот
Nпритиснете ја рачката за гас
При многу ниски температури
Nдајте малку гас – оставете го
моторот кратко да се загрее
Гаснење на моторот
Nпреклопната рачка притиснете ја
во насока † – моторот запира –
по притискањето, преклопната
рачка отскокнува назад
Понатамошни упатства за
стартување
Моторот не стартува во положба за
топол старт o
Nвртливото копче на стартниот
преклопник свртете го на c –
палете додека моторот
проработи
Моторот не пали
Nпроверете дали се наштелувани
исправно сите командни
елементи
Nпроверете дали во резервоарот
има гориво, наполнете по
потреба
Nпроверете дали е цврсто
приклучен приклучникот на
свеќичката
Nповторете ја постапката за
стартување
Резервоарот бил истрошен докрај
Nоткако ќе наполните гориво,
меурот на рачната пумпа за
гориво притиснете го најмалку
8 пати – исто и кога меурот е
наполнет со гориво
Nвртливото копче на стартниот
преклопник наместете го во
зависност од температурата на
моторот
Nодново стартувајте го моторот
Nпри притискање на рачката за гас,
вртливото копче на стартниот
преклопник автоматски скока во
положбата за работа e
16
Моторот гасне во положба за студен
старт c или при забрзување
Nвртливото копче на стартниот
преклопник свртете го на o –
палете додека моторот
проработи
BR 350, BR 430
Упатства за работаЗамена на филтерот за
1
0002BA088 KN
1
2
0002BA089 KN
3
воздух
За време на работата
По подолго користење на моторот
под полно оптоварување, оставете го
уште некое време да работи во
празен ôд, за да излезе топлината
преку млазот на воздухот за ладење.
Така се спречува преголемо
оптоварување на делови од моторот
(систем за палење, карбуратор)
поради заостанатата топлина.
По работењето
При краткотрајно мирување:
Почекајте да се излади моторот. До
следната употреба, чувајте го уредот
на суво место, подалеку од запаливи
извори. При подолго мирување –
погледнете под "Чување на уредот".
Нечисти филтри за воздух ја
намалуваат моќноста на моторот, ја
зголемуваат потрошувачката на
гориво и го отежнуваат палењето.
Ако моќноста на моторот осетно
опадне
македонски
Nизвадете го филтерот (3)
Nзаменете го валканиот или
оштетениот филтер
Nновиот филтер ставете го во
куќиштето на филтерот
Nнаместете го капакот на
филтерот
Nнавртете ги завртките и затегнете
ги цврсто
BR 350, BR 430
Nвртливото копче на стартниот
преклопник свртете го на c
Nолабавете ги завртките (1)
Nизвадете го капакот на
филтерот (2)
17
македонски
0002BA082 KN
H
L
0002BA083 KN
LA
L
Штелување на
карбураторот
Основни информации
Карбураторот е фабрички
наштелуван на стандардни поставки.
Карбураторот е наштелуван моторот
да добива оптимална мешавина од
гориво и воздух во сите работни
состојби.
Подготвување на уредот
NГаснење на моторот
Nпроверете го филтерот за воздух
– чистење или замена по потреба
Nпроверете ја наштелуваноста на
сајлата за гас – наштелувајте по
потреба – погледнете под
"Штелување на сајлата за гас"
Nпроверете ја заштитната решетка
од искри (достапност во
зависност од пазарот) во
придушувачот на бучавата –
чистење или замена по потреба
Стандардна поставка
Nсвртете ја главната завртка за
штелување (H) налево до
граничникот – максимално
3/4 вртеж
Nсвртете ја завртката за
штелување празен ôд (L) надесно
до граничникот – потоа, свртете ја
3/4 вртеж налево
Штелување на празниот ôд
Nизвршете стандардна поставка
Nстартувајте го моторот и
почекајте да се загрее
Нерамномерен број вртежи при
празен ôд, моторот гасне и покрај
промената на поставката LA, лошо
забрзување
Штелувањето на празниот ôд е
премногу посно.
Nзавртката за штелување празен
ôд (L) вртете ја налево сè додека
моторот почне да работи
рамномерно и со добро
забрзување – најмногу до
граничникот
Нерамномерен број вртежи во празен
ôд
Штелувањето на празниот ôд е
премногу масно.
Nзавртката за штелување празен
ôд (L) вртете ја надесно сè додека
моторот проработи рамномерно и
со сè уште добро забрзување –
најмногу до граничникот
По секоја промена на завртката за
штелување на празниот ôд (L),
најчесто е неопходно и дотерување
на завртката за штелување на
крајниот празен ôд (LA).
Корекција на дотераноста на
карбураторот при употреба на големи
височини
18
Ако моторот не работи
задоволително, можеби е потребна
мала корекција:
Моторот гасне во празен ôд
Nзавртката за штелување краен
празен ôд (LA) вртете ја полека
надесно сè додека моторот
проработи рамномерно
BR 350, BR 430
македонски
2
0002BA049 KN
000BA039 KN
A
1
000BA045 KN
Nизвршете стандардна поставка
Nоставете го моторот да се загрее
Nглавната завртка за
штелување (H) свртете ја само
малку надесно (попосно) –
максимално до граничникот
УПАТСТВО
Кога ќе завршите со работата на
големи височини, вратете ги
стандардните поставки кај
карбураторот.
При премногу посна поставеност
постои опасност од оштетување на
погонскиот механизам поради
недостиг на средство за
подмачкување и прегрејување.
свеќичка
Nпри недоволна моќност на
моторот, при лошо стратување
или пречки при празниот фд,
првин проверете ја свеќичката
Nзаменете ја свеќичката по
отприлика 100 работни часови –
при силно изгорени електроди,
дури и порано – користете само
свеќички одобрени од STIHL, што
не предизвикуваат
електромагнетни пречки –
погледнете во „Технички
податоци“
Демонтажа на свеќичката
Проверка на свеќичката
Nисчистете ја нечистата свеќичка
Nпроверете го растојанието меѓу
електродите (A), и ако е
потребно, регулирајте го; за
вредноста на растојанието –
видете во „Технички податоци“
Nотстранете ги причините за
нечистотија на свеќичката
Можни причини се:
–премногу моторно масло во
горивото
–нечист филтер за воздух
–неповолни работни услови
BR 350, BR 430
Nприклучникот на свеќичката (1)
извлечете го вертикално нагоре
Nодвртете ја свеќичката (2)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако не е затегната или ако недостига
приклучната навртка (1), можно е
создавање на искри. Доколку се
работи во лесно запалива или
19
македонски
експлозивна средина, можни се
пожари или експлозии. Луѓе може да
бидат тешко повредени и можна е
материјална штета.
Nкористете свеќички што не
предизвикуваат електромагнетни
пречки и со затегната приклучна
навртка
Вградување на свеќичката
Nзатегнете ја свеќичката и
притиснете го цврсто
приклучникот на свеќичката
Однесување на моторот
при работа
Ако и покрај чистиот филтер за воздух
и исправната наштелуваност на
карбураторот работата на моторот е
незадоволителна, причината може да
е придушувачот на бучавата.
Специјализираниот продавач нека
провери дали е чист придушувачот на
бучавата!
STIHL препорачува одржување и
поправки само преку специјализирани
продавачи на STIHL.
Чување на уредот
При подолги паузи од околу 3 месеци
Nиспразнете го резервоарот за
гориво на добро проветрено
место и исчистете го
Nотстранете го горивото прописно
и безбедно за околината
Nмоторот нека работи за да се
испразни карбураторот – во
спротивно може да дојде до
залепување на мембраните на
карбураторот
Nисчистете го уредот темелно,
особено ребрата на цилиндерот и
филтерот за воздух
Nчувајте го уредот на суво и
сигурно место. Чувајте го уредот
од несакана употреба (на пр. од
деца)
20
BR 350, BR 430
Совети за чување и одржување
Податоците се однесуваат на нормални услови на употреба. При отежнати
услови (појава на многу прав итн.) и при подолга и секојдневна употреба,
намалете ги зададените интервали соодветно.
пред да почнете со работа
по крајот на работата, одн.
секојдневно
по секое полнење
резервоар
неделно
визуелна проверка (состојба,
Целата машина
Командна рачкапроверка на функционалностаXX
Филтер за воздух
Рачна пумпа за гориво
Глава за впивање во резервоарот за
гориво
Резервоар за горивочистењеX
Карбуратор
Свеќичка
Отвор за воздух за ладење
Достапни завртки и навртки (освен
завртките за штелување)
Антивибрациски елементи
дихтување)
чистењеX
чистењеX
заменаX
проверкаX
сервисирање кај специјализиран
продавач
проверка кај специјализиран
продавач
замена кај специјализиран продавач
проверка на празниот ôдXX
повторно регулирање на празниот ôдX
регулирање на растојанието меѓу
електродите
замена на секои 100 работни часа
Визуелна проверкаX
чистењеX
дотегнувањеX
проверкаXXX
замена кај специјализиран продавач
1)
1)
1)
XX
1)
македонски
месечно
годишно
при пречка
при оштетување
по потреба
X
X
XX
X
X
BR 350, BR 430
21
македонски
Податоците се однесуваат на нормални услови на употреба. При отежнати
услови (појава на многу прав итн.) и при подолга и секојдневна употреба,
намалете ги зададените интервали соодветно.
пред да почнете со работа
по крајот на работата, одн.
секојдневно
по секое полнење
резервоар
неделно
месечно
годишно
при пречка
при оштетување
Заштитна решетка на смукањето
воздух за дување
Сајла за гасштелувањеX
Безбедносна налепницазаменаX
1)
STIHL препорачува специјализирани продавачи STIHL
проверкаXX
чистењеX
по потреба
22
BR 350, BR 430
македонски
Намалување на абењето и
избегнување штети
Со придржување кон одредниците во
ова упатство за употреба се намалува
прекумерното абење и оштетување
на уредот.
Употребата, одржувањето и
чувањето на уредот мора да биде
направено според описот во ова
упатство за употреба.
За сите штети настанати како
последица на непридржувањето на
упатствата за безбедност, за
ракување и одржување, одговорноста
паѓа на самиот корисник. Ова особено
важи за:
–правење измени на производот
што STIHL не ги одобрил
–употреба на алати и прибор што
не се одобрени за овој уред, не се
соодветни или се со низок
квалитет
–ненеменска употреба на уредот
–употреба на уредот при спортски
или натпреварувачки активности
–штети што настануваат како
последица на користењето на
уредот со расипани составни
делови
одржување на уредот, истите треба
да му ги препушти на
специјализираниот продавач.
STIHL препорачува одржување и
поправки само преку специјализирани
продавачи на STIHL. На
специјализираните продавачи на
STIHL им се нудат редовни обуки и
достапни им се технички
информации.
Доколку тие работи се пропуштат или
се направат нестручно, може да дојде
до штети за кои е одговорен самиот
корисник. Тука, меѓу другите спаѓаат
и:
–оштетувања на погонскиот
механизам, како последица на
неправовремено или недоволно
добро извршено одржување
(на пример, филтри за воздух и
гориво), погрешно штелување на
карбураторот или нечистење на
системот за довод на студен
воздух (отвори за воздух, ребра
на цилиндерот)
–корозија и други штети настанати
како последица на неправилно
чување
–оштетувања на уредот што се
последица на употребата на
неквалитетени резервни делови
Потрошни делови
Некои делови на моторниот уред
подлежат на нормално абење и
покрај исправната употреба и мора да
се заменат на време, во зависност од
начинот и должината на употребата.
Меѓу другото, тука спаѓаат:
–Филтер (за воздух, гориво)
–Механизам за стартување
–Свеќичка
–Придушни елементи на системот
за придушување вибрации
Одржување
Сите работи што се наведени во
поглавјето „Совети за чување и
одржување“ мора да се изведуваат
редовно. Доколку самиот корисник не
може да ги изврши работите на
BR 350, BR 430
23
македонски
6
3
4
9
14
11
12
0009BA029 KN
10
1
2
7
5
BR 350
21
#
19
15
16
17
22
13
18
8
20
Важни делови
1Млазница права
2Млазница свиткана
3Цевка за дување
4Цевка за дување
5Командна рачка
6Рачка за гас
7Преклопна рачка
8Ребресто црево
9Грбно перниче
10 Грбна плоча
11 Ремен за носење
12 Држач за носење
13 Заштитна решетка
14 Капак на филтерот
15 Завртки за штелување на
карбураторот
16 Рачна пумпа за гориво
17 Вртливо копче на стартниот
преклопник
18 Рачка на стартерот
19 Капаче на резервоарот
20 Резервоар за гориво
21 Приклучник за свеќичка
22 Придушувач на бучавата
#Број на машината
1)
1)
24
1)
достапност во зависност од
пазарот
BR 350, BR 430
македонски
BR 430
1
1Млазница права
2Млазница свиткана
3Цевка за дување
4Цевка за дување
7
5
6
7
11
10
12
13
5
3
6
9
14
4
8
2
15
21
22
16
17
#
18
5Командна рачка
6Рачка за гас
7Преклопна рачка
8Ребресто црево
9Грбно перниче
10 Грбна плоча
11 Ремен за носење
12 Држач за носење
13 Заштитна решетка
14 Капак на филтерот
15 Завртки за штелување на
карбураторот
16 Рачна пумпа за гориво
17 Вртливо копче на стартниот
преклопник
18 Рачка на стартерот
19 Капаче на резервоарот
20 Резервоар за гориво
21 Приклучник за свеќичка
22 Придушувач на бучавата
#Број на машината
1)
1)
BR 350, BR 430
19
20
0000-GXX-0002-A1 ST
1)
достапност во зависност од
пазарот
25
македонски
Технички податоци
Погонски механизам
Едноцилиндaрски двотактен мотор
Работна зафатнина: 63,3 cm
Пречник на
цилиндарот:48 mm
Ôд на клипот:35 mm
Број на вртежи при
Сила на дување17 N
Брзина на воздухот:75 m/s
Проток на воздухот:740 m
Максимална брзина на
3
90 m/s
воздухот:
Максимален проток на
1150 m
воздухот (без механизмот
за дување):
BR 430
Сила на дување26 N
Брзина на воздухот:82 m/s
Проток на воздухот:850 m3/h
Максимална брзина на
98 m/s
воздухот:
Максимален проток на
1300 m
воздухот (без механизмот
за дување):
Тежина
без гориво:
BR 350:10,1 kg
BR 430:10,3 kg
За подетални информации во врска
со директивата за работодавци
„Vibration 2002/44/EG“ погледнете на:
www.stihl.com/vib/.
Ниво на притисок на звукот L
peq
според DIN EN 15503:2010
/h
BR 350:98 dB(A)
3
/h
BR 430:101 dB(A)
Ниво на моќност на звукот L
weq
според DIN EN 15503:2010
BR 350:106 dB(A)
BR 430:108 dB(A)
Вибрациска вредност a
hv, eq
според
DIN EN 15503:2010
3
/h
Стандардна изведба
Рачка за
држење
десно
BR 350:3,9 m/s
BR 430:2,5 m/s
2
2
Изведба со рачка за две раце
Мембрански карбуратор,
нечувствителен на местоположбата,
со вградена пумпа за гориво
Зафатнина на
резервоарот за
гориво:1700 cm
3
(1 ,7 l)
26
Вредности за звукот и вибрациите
При утврдувањето на вредностите за
звукот и вибрациите, работните
состојби на празен ôд и на
максималниот номинален број на
вртежи се земаат во однос 1:6.
Рачка за
држење
лево
BR 350:2,5 m/s22,5 m/s
BR 430:2,5 m/s22,5 m/s
Рачка за
држење
десно
2
2
За нивото на притисокот на звукот и
за нивото на моќноста на звукот,
К-вредноста, според
директивата 2006/42/EG = 2,0 dB(A);
BR 350, BR 430
македонски
000BA073 KN
за вибрациската вредност,
К-вредноста според
директивата 2006/42/EG = 2,0 m/s
REACH
Со REACH се означува законот на ЕЗ
во врска со регистрирање, оценување
и дозволување хемикалии.
За информации околу исполнувањето
законски прописи во врска со REACH
(ЕЗ) бр. 1907/2006 погледнете на
www.stihl.com/reach
Вредност на емисијата на издувни
гасови
Вредноста на CO2 што е измерена
при постапката на хомологација во ЕУ
наведена е на www.stihl.com/co2 во
техничките податоци за производот.
Измерената вредност на CO
утврдена на репрезентативен мотор
според нормирана постапка на
проверка во лабораториски услови и
не претставува експлицитна или
подразбирачка гаранција во врска со
перформансите на одреден мотор.
Важечките прописи во врска со
емисијата на издувни гасови ќе бидат
исполнети доколку се придржувате до
наменската употреба и одржувањето
што се опишани во ова упатство за
употреба. При измени на моторот
престанува дозволата за употреба.
2
.
е
2
Упатства за вршење
поправки
Лицата што го користат овој уред
смеат да ги извршуваат само оние
работи за одржување и нега на
уредот што се опишани во ова
упатство за употреба. Останатите
поправки смее да ги извршува само
специјализираниот продавач.
STIHL препорачува одржување и
поправки само преку специјализирани
продавачи на STIHL. На
специјализираните продавачи на
STIHL им се нудат редовни обуки и
достапни им се технички
информации.
При вршење поправки смеат да се
употребуваат само резервните
де лов и шт о ST IHL г и од обр ува з а ово ј
уред или технички истоветни делови.
Употребувајте само
висококвалитетни резервни делови.
Во спротивно, постои опасност од
повреди или оштетувања на уредот.
STIHL советува да се употребуваат
оригинални резервни делови STIHL.
Оригиналните резервни делови
STIHL ќе ги препознаете според
бројот на резервниот дел од STIHL,
според логото { и, во даден
случај, според ознаката за резервни
делови STIHL K (на помалите
делови може да стои и само таа
ознака).
Фрлање
При расходувањето на уредите,
запазете ги прописите специфични за
секоја земја.
Уредите STIHL не се фрлаат со
домашното ѓубре. За да се заштити
природата, уредот, приборот и
амбалажата на STIHL треба да се
предадат на рециклирање.
Најновите информации во врска со
расходувањето ќе ги добиете кај
специјализираниот продавач на
STIHL.
BR 350, BR 430
27
македонски
ЕЗ Изјава за сообразност
ANDREAS STIHL AG & Co. KG
Badstr. 115
D-71336 Waiblingen
Германија
изјавува под целосна одговорност
дека
Вид на конструкција: Дувалка
Фабричка марка:STIHL
Тип:BR 350
BR 430
Идентификација на
серијата:4244
Работна зафатнина: 63,3 cm
ги задоволува релевантните прописи
во директивите 2011/65/EU,
2006/42/EG, 2014/30/EU и 2000/14/EG
и дека производот е развиен и
произведен во согласност со
верзиите на следниве стандарди што
се валидни за датумот на
производството:
EN ISO 12100, EN 15503, EN 55012,
EN 61000-6-1
При утврдувањето на измерените и
на гарантираните вредности за
нивото на моќност на звукот
постапено е според директивата
2000/14/EG, додаток V, со примена на
нормата ISO 11094.
Измерено ниво на моќност на звукот
3
Гарантирано ниво на моќност на
звукот
BR 350:107 dB(A)
BR 430:109 dB(A)
Грижа за техничката документација:
ANDREAS STIHL AG & Co. KG
Produktzulassung
Годината на производството и бројот
на машината се наведени на уредот.
Вајблинген, 27.11.2018
ANDREAS STIHL AG & Co. KG
по овластување
Thomas Elsner
раководител на Развој на производи и
услуги
BR 350:105 dB(A)
BR 430:107 dB(A)
28
BR 350, BR 430
0458-456-5821-D
makedonisch
m
www.stihl.com
*04584565821D*
0458-456-5821-D
Loading...
+ hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.