Stihl BG 56, BG 66, BG 86, SH 56, SH 86 Instruction Manual [mk]

{
STIHL BG 56, 66, 86, SH 56, 86
Упатство за употреба
Содржина
македонски
Кон ова упатство за употреба 2 Мерки за безбедност и упатства
за работа 2 Комплетирање на дувалката 9 Комплетирање на смукалката-
дробилка 10 Гориво 12 Полнење гориво 13 Стартување и исклучување на
Оригинално упатство за
употреба
моторот 14 Чистење на филтерот за воздух 16 Штелување на карбураторот 17 свеќичка 19 Однесување на моторот при
работа 20 Чување на уредот 20 Совети за чување и одржување 21 Намалување на абењето и
избегнување штети 23 Важни делови 24 Технички податоци 25 Упатства за вршење поправки 26
Печатено на хартија белена без хлор.
Печатните бои содржат растителни масла, хартијата може
да се рециклира.
Фрлање 27 ЕЗ Изјава за сообразност 27
Почитуван купувачу,
Ви благодариме што се одлучивте за квалитетниот производ на фирмата STIHL.
Овој производ е направен со современ начин на изработка и при обемни мерки за контрола на квалитетот. Ние се обидуваме да сториме се’ за да бидете задоволни со овој уред и да работите со него без проблем.
Доколку имате прашања во врска со Вашиот уред, Ве молиме да се обратите до Вашиот продавач или директно до нашата продажна служба.
Вашиот
Dr. Nikolas Stihl
{
0458-296-5821-D. VA0.M17.
0000006593_010_MK
Ова упатство за употреба е заштитено со законот за авторски права. Сите права се задржани, особено правото за умножување, преведување и обработка со електронски системи.
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
1
македонски
Кон ова упатство за употреба
Сликовни ознаки
Сликовните ознаки што се наоѓаат на уредот се објаснети во ова упатство за употреба.
Во зависност од уредот и моделот, на уредот се наоѓаат следниве сликовни ознаки.
Резервоар за гориво; мешавина за гориво од бензин и моторно масло
Активирање на рачната пумпа за гориво
Ознаки пред делови од текст
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување поради опасност од несреќи и повреди на лица, како и од големи материјални штети.
УПАТСТВО
Предупредување поради оштетувања на уредот или на делови од уредот.
Техничко усовршување
STIHL постојано ги усовршува сите машини и уреди; од тие причини мораме да го задржиме правото за
правење измени во обемот на испораката, во вид на формата, техниката и опременоста на уредите.
Од тие причини, од податоците и илустрациите во ова упатство за употреба не може да се изведат никакви побарувања.
Мерки за безбедност и упатства за работа
Посебни безбедносни мерки се неопходни при работа со моторен уред.
Пред првото користење, прочитајте го внимателно целото упатство за употреба и чувајте го на сигурно место за подоцнежна употреба. Непочитувањето на упатствата може да биде опасно по животот.
Внимавајте на безбедносните прописи специфични за секоја др жава, ка к о на пр . од син дик алните и социјалните здруженија, од службите за безбедност на работа и други.
Ако првпат работите со уредот: Од продавачот или од друго стручно лице побарајте објаснување како безбедно се ракува со уредот – или учествувајте на стручен семинар.
Малолетни лица не смеат да работат со уредот – освен лица над 16 години, обучувани под надзор.
Деца, животни и нестручни лица да се држат подалеку од уредот.
Ако уредот не се користи, мора да биде одложен безбедно – никој да не биде загрозен. Чувајте го уредот непристапен за нестручни лица.
2
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
Корисникот е одговорен за настанатите незгоди со други лица или туѓа сопственост.
Уредот се дава или се изнајмува само на лица запознаени со начинот на ракување – секогаш првин да им се даде упатството за употреба.
Употребата на уреди што создаваат бучава може да биде временски ограничена како со државни, така и со локални прописи.
Уредот смее да се користи само ако сите составни делови се неоштетени.
За чистење на уредот не користете уреди за чистење под висок притисок. Силниот воден млаз може да оштети делови на уредот.
Прибор и резервни делови
Смеат да се употребуваат само делови и прибор што STIHL ги одобрува за овој уред или технички истоветни делови. За сите прашања побарајте совет од специјализиран продавач. Смеат да се употребуваат само висококвалитетни делови и прибор. Во спротивно постои опасност од повреди или оштетувања на уредот.
STIHL препорачува употреба на оригиналните делови и прибор од STIHL. Со нивните карактеристики тие се оптимални како за уредот, така и за потребите на корисникот.
Не вршете промени на уредот – со тоа се загрозува безбедноста. За штети врз лица и предмети што се јавуваат при користење недозволени алати за надградба, STIHL е ослободен од секаква одговорност.
Физичка способност
Лицето што работи со уредот мора да биде одморено, здраво и во добра психичка состојба.
Лицата што не смеат да се напрегаат од здравствени причини треба да го прашаат својот лекар дали смеат да работат со моторен уред.
Само за лица со пејсмејкери: системот за палење предизвикува многу слабо електромагнетно поле. Влијанието врз одделни видови пејсмејкери не може да биде сосема исклучено. За да не се ризикува здравјето, STIHL препорачува да се посоветувате со својот лекар или со производителот на пејсмејкерот.
По консумирање алкохол, лекови што негативно в лија ат врз способно ста з а реагирање или дрога, не смее да се работи со уредот.
Наменска употреба
Дувалката служи за отстранување лисје, трева, хартија и слично, на пр. во градини, спортски стадиони, паркиралишта или влезови. Уредот исто може да се користи за чистење ловни патеки во шума.
Смукалката-дробилка служи и за смукање лисја и друг лесен, неприцврстен и незапалив отпад.
Не смеат да се смукаат или да се дуваат материјали што се опасни по здравјето.
Употребата на уредот за други цели не е дозволена и може да доведе до повреди или оштетувања на уредот.
Производот не смее да се менува – и тоа може да доведе до повреди и оштетувања на уредот.
Облека и опрема
Носете прописна облека и опрема.
Облеката мора да биде соодветна и не смее да пречи во работата. Носете облека што е припиена до телото – работен комбинезон, а не работен мантил.
Не носете облека, шал, вратоврска или накит што би можеле да дојдат до отворот за смукање воздух. Соберете ја долгата коса (под шамија, капа, шлем и сл.).
Носете заштитни чевли со изрецкан ѓон што не се лизга.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали опасноста од повреди на очите, носете добро припиени заштитни очила според стандардот EN 166. Запазете ја добрата наместеност на заштитните очила.
Носете „лична“ заштита од бучава – на пр. заштитни тампони.
STIHL нуди широк асортиман на прибор за лична заштита.
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
3
македонски
Транспортирање на уредот
Секогаш со изгаснат мотор.
При превезување во возила:
уредот да се заштити од
превртување, оштетување и од истекување на горивото
Полнење гориво
Бензинот е многу лесно запалив – држете го подалеку од отворен оган – не истурајте гориво – не пушете.
Пред полнење гориво изгаснете го моторот.
Не полнете гориво додека моторот е жежок – може да дојде до прелевање на горивото – опасност од пожар!
Отворете го капакот на резервоарот внимателно, за да се намали постоечкиот притисок и за да се спречи прскање на горивото.
Полнете го резервоарот со гориво само на добро проветрени места. Доколку се истури гориво, веднаш избришете го уредот – не дозволувајте горивото да дојде во допир со облеката, во спротивно, сменете ја веднаш.
Внимавајте на дихтувањето! Ако истекува гориво, не палете го моторот – опасност по живот од изгореници!
По завршеното полнење, затегнете го капачето на резервоарот што е можно поцврсто.
Со тоа се намалува ризикот капачето на резервоарот да се одврти поради вибрациите на моторот и да истече гориво.
Пред стартување
Проверете го уредот во смисла на безбедноста при работа – запазете ги соодветните поглавја во упатството за употреба:
проверете го дихтувањето на
системот за гориво, особено на видливите делови како на пр. капачето на резервоарот, спојките на цревото, рачната пумпа за гориво (само кај моторните уреди со рачна пумпа за гориво). При недихтување или оштетување, не стартувајте го моторот – опасност од пожар! Пред да се користи, уредот треба да го сервисира специјализиран продавач
рачката за гас мора да биде
лесно подвижна и самата да може да се врати во положба на празен од
преклопната рачка/тастерот мора
лесно да може да се намести на STOP одн. 0
рачките за држење секогаш да се
чисти и суви, без масло и нечистотија на нив – за да може сигурно да се ракува со моторниот уред
механизмот за дување мора да
биде монтиран правилно
проверете го приклучникот на
свеќичката – ако не е наместен добро, може да се јави искрење што може да ја запали смесата од гориво и воздух – опасност од пожар!
проверете ја состојбата на
роторот и на куќиштето на вентилаторот
Абењето на куќиштето од вентилаторот (расцепи, пукнатини) може да предизвика опасност од повреди од исфрлените објекти. При оштетено куќиште на вентилаторот побарајте помош од специјализиран продавач – STIHL препорачува специјализирани продавачи на STIHL
Не вршете никакви измени на командните и на безбедносните механизми
Уредот смее да се користи само ако е безбеден за употреба – опасност од незгоди!
Стартување на моторот
На растојание од најмалку 3 метри од место за полнење гориво и никогаш во затворен простор.
Уредот го опслужува само едно лице – не дозволувајте присуство на ниедно друго лице во работната зона – исто и при стартување.
Моторот да не се стартува од рака – стартувајте го како што е опишано во упатството за употреба.
4
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
Само на рамна подлога, застанете цврсто и стабилно, уредот држете го сигурно.
Кога ќе запали моторот, воздушната струја под притисок може да предизвика отфрлување на предмети (на пример, камења).
За време на работата
При опасност или во итен случај, веднаш изгаснете го моторот – преклопната рачка/тастерот ставете го на STOP одн. 0.
Уредот го опслужува само едно лице – не дозволувајте присуство на ниедно друго лице во работната зона
Во радиус од 5 m не смее да стои ниедно друго лице – поради отфрлените предмети постои опасност од повреди!
Истото растојание треба да се држи и во однос на предмети (возила, прозорци) – опасност од материјална штета!
Никогаш не дувајте во насока на лица или животни – уредот може да отфрли мали предмети со голема брзина – опасност од повреди!
При работа со дувалка или со смукалка-дробилка (на отворени површини и во градини) внимавајте да не ги загрозувате малите животни.
Никогаш не оставајте го уредот да работи без надзор.
Внимавајте при подмразица, влага, снег, на нагорнини, на нерамно земјиште – опасност од лизгање!
Внимавајте на пречки: ѓубре, трупци од дрва, корења, дупки – опасност од сопнување!
Не работете качени на скала, ниту на нестабилни подлоги.
При употреба на средства за заштита на слухот, потребно е зголемено внимание – способноста за забележување звуци што би можеле да укажуваат на опасност (повици, сигнали и др.) е ограничена.
Работете мирно и промислено – само при добра осветленост и видливост. Работете внимателно, не загрозувајте други лица.
Благовремено правете паузи, за да се намалат заморот и изнемоштеноста – опасност од незгоди!
Придушувачите на бучава со катализатор може да станат особено жешки.
Моторниот уред создава отровни гасови штом моторот проработи. Тие гасови може да се без мирис и невидливи и да содржат несогорени јаглеводороди и бензол. Никогаш не работете со моторниот уред во затворени или лошо проветрени простории – како ни со машини со катализатор.
При работење во ровови, јами или во стеснет простор, секогаш погрижете се да има доволно струење на воздухот – опасност по животот од труење!
Доколку почувствувате мачнина, главоболка, пречки на видот (на пр., стеснување на видното поле), пречки во слухот, вртоглавица, попуштена концентрација, веднаш прекинете со работата – тие симптоми може, меѓу другото, да се предизвикани и од преголема концентрација на издувни гасови – опасност од незгоди!
Не пушете при работа и близу до уредот – опасност од пожар! Системот за гориво може да испушта запаливи бензински испарувања.
Носете маска за заштита од прав секогаш кога се крева прав.
Со моторниот уред работете колку што е можно потивко и со помалку издувни гасови – моторот да не работи без потреба, додавајте гас само при работење.
По завршената работа, уредот оставете го на рамна, незапалива површина. Не оставајте го уредот во близина на лесно запаливи материи (на пр. струганици, кора од дрво, сува трева, гориво) – опасност од пожар!
Не вовлекувајте никакви предмети низ заштитната решетка или млазницата во внатрешноста на куќиштето на вентилаторот. Вентилаторот може да ги исфрли предметите со голема брзина – опасност од повреди!
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
5
македонски
295BA052 KN
295BA053 KN
При видни промени во работењето на уредот (на пр. поголеми вибрации), прекинете со работа и отстранете ги причините што предизвикале промени.
Доколку уредот бил изложен на непрописна употреба (на пр. бил удрен или паднал), исправноста на уредот веднаш треба да се провери пред повторна употреба – погледнете и под „Пред стартување“. Особено да се провери дихтувањето на системот за гориво и исправноста на работењето на безбедносните системи. Уред што не е безбеден за работа во ниеден случај да не се користи понатаму. Доколку не сте сигурни, прашајте специјализиран продавач.
Примена на дувалката
Работете само со бавно движење нанапред – постојано набљудувајте ја излезната област на цевката за дување – не одете наназад – опасност од сопнување!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уредот смее да се користи само со комплетно монтирана цевка за дување – опасност од повреди!
Кружната млазница е особено погодна за употреба на нерамно земјиште (на пр. на ливади и тревници).
Плоснатата млазница (што се наоѓа во испорачаниот комплет или е достапна како специјален прибор) создава права воздушна струја што може да се примени насочено и контролирано; особено при чистење рамни површини покриени со струганици, лисје, покосена трева исл.
Примена на системот за смукање
Запазете ги упатствата за вградување во соодветното поглавје на упатството за употреба.
Смукалката-дробилка е конструирана да се користи со две раце. Корисникот мора да го носи уредот со десната рака на командната рачка и со левата рака на држачот на куќиштето.
Ременот за носење на вреќата обесете го на левото рамо – не носете го преку половината, за да го отфрлите уредот заедно со вреќата во итен случај.
Дувалката е конструирана да се користи со една рака. Корисникот мора да го носи уредот во десната рака држејќи го за командната рачка.
Моторниот уред држете го цврсто во раката.
При дување на отворено поле и во градини, внимавајте на малите животни.
6
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете го уредот само со комплетно монтирана цевка за смукање и со монтирана и затворена вреќа – опасност од повреди!
УПАТСТВО
При смукање абразивни предмети (како деланки, камења и сл.), роторот и куќиштето на вентилаторот се изложени на особено големо абење. Абењето се забележува според големото опаѓање на силата на смукање. Во овој случај побарајте помош од специјализиран продавач. STIHL препорачува специјализирани продавачи на STIHL.
Внимавајте при смукање влажни лисја – може да дојде до затнување на вентилаторот и на свиената цевка.
При смукање на отворено поле и во градини, внимавајте на малите животни.
Не смукајте врели или запалени материи (на пр. врел пепел, цигари што тлеат) – опасност од повреди од оган!
Никогаш на смукајте запаливи течности (на пр. гориво) или материјали натопени со запаливи течности – опасност од смртоносни повреди од оган или експлозија!
Пред да ја отворите заштитната решетка, изгаснете го моторот. Заштитната решетка мора секогаш да биде затворена и осигурена кога цевката за смукање не е монтирана – од допирот со деловите што ротираат опасност од повреди! Освен тоа, може да дојде до оштетувања на моторот.
Техника на работење
За да се минимира времето на дување, користете гребла и метли за да ги одлепите честичките на нечистотијата.
Препорачана техника на работење за минимирање на загадувањето на воздухот:
ако е потребно, навлажнете ја
површината за да се спречи создавањето на прав
нечистотијата не смее да се дува
кон луѓе, особено кон деца, домашни животни, кон отворени прозорци или свежо измиени возила. Бидете внимателни при дувањето нечистотија
собраната нечистотија фрлете ја
во канта за ѓубре; не дувајте ја кон соседните земјишта
Препорачана техника на работење за минимирање на бучавата:
моторните уреди користете ги во
разумно време - не рано наутро или во текот на пладневна починка, кога може да им пречите на соседите. Запазете ги локално одредените времиња
дувалките користете ги само при
најмал можен број на вртежи на моторот што е неопходен за дадената работа
опремата проверете ја пред
употребата, особено придушувачот на бучавата, отворите за смукање воздух и филтерот за воздух
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
7
македонски
Вибрации
При подолготрајно користење на моторниот уред, вибрациите може да доведат до проблеми со циркулацијата во рацете („болест на бели прсти“).
Не е можно да се одреди општоважечко правило за должината на користењето, бидејќи истото зависи од повеќе фактори.
Должината на користењето може да се продолжи со:
загревање на рацете
правење паузи
Должината на користењето може да се скрати поради:
особена лична предиспонираност
за лоша циркулација на крвта (симптоми: прстите се често ладни, трнење)
ниски надворешни температури
силата со која се притиска при
држењето (цврстото држење ја попречува циркулацијата)
При редовна и долготрајна употреба на моторниот уред и при честа појава на наведените симптоми (на пр. трнење на прстите) се препорачува медицински преглед.
Одржување и поправки
Одржувајте го моторниот уред редовно. Извршувајте ги само одржувањата и поправките што се наведени во упатството за употреба. Сите останати интервенции треба да ги изврши специјализиран продавач.
STIHL препорачува одржување и поправки само преку специјализирани продавачи на STIHL. На специјализираните продавачи на STIHL им се нудат редовни обуки и достапни им се технички информации.
Употребувајте само висококвалитетни резервни делови. Во спротивно постои опасност од повреди или оштетувања на уредот. За сите прашања во врска со тоа побарајте совет од специјализиран продавач.
STIHL препорачува да се употребуваат оригинални резервни делови на STIHL. Со нивните карактеристики тие се оптимални како за уредот, така и за потребите на корисникот.
При поправка, одржување и чистење, секогаш изгаснете го моторот – опасност од повреди! – Исклучок: штелување на карбураторот и на празниот од.
Не палете го моторот со извлечен приклучник на свеќичката или при одвртена свеќичка -опасност од пожар поради искрење надвор од цилиндерот!
Не држете го моторниот уред во близина на отворен оган.
Редовно проверувајте го дихтувањето на капачето на резервоарот.
Употребувајте само исправни свеќички одобрени од STIHL – погледнете во „Технички податоци“.
Проверете го кабелот на свеќичката (беспрекорна изолација, цврст приклучник).
Придушувачот на бучавата мора да биде во беспрекорна состојба.
Не смее да се работи со расипан придушувач на бучавата или без него – опасност од пожар! – Оштетувања на слухот!
Не допирајте го придушувачот на бучавата кога е жежок – опасност од изгореници!
Состојбата на придушувачите на вибрации влијае врз вибрациското однесување на уредот – контролирајте ги редовно.
Изгаснете го моторот при отстранување пречки.
8
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
1
3
296BA016 KN
296BA017 KN
a
b
5
6
2
296BA031 KN
1
296BA018 KN
3
296BA019 KN
a
6
5
2
296BA032 KN
Комплетирање на дувалката
Монтирање на цевката за дување
N стрелките (1) наместете ги во
иста линија
N покривната навртка наместете ја
така што симболот ќе биде во иста линија со стрелките
N цевката за дување (2) вовлечете
ја докрај во лежиштето на наглавокот (3)
BG 56, BG 86, SH 56, SH 86
N млазницата (5) вовлечете ја на
цевката за дување (2) до бравичката (6) во положба (a) (долго) или во положба (b) (кратко) и забравете ја во насока на стрелката
BG 66
N покривната навртка (4) наместете
ја на наглавокот така што ќе налегне
N покривната навртка (4) завртете
ја во насока на стрелката така што симболот ƒ ќе дојде во иста линија со стрелките – покривната навртка се вклопува чујно
N стрелките (1) наместете ги во
иста линија
N покривната навртка наместете ја
така што симболот ќе биде во иста линија со стрелките
N покривната навртка (4) наместете
ја на наглавокот така што ќе налегне
N покривната навртка (4) завртете
ја во насока на стрелката така што симболот ƒ ќе дојде во иста линија со стрелките – покривната навртка се вклопува чујно
N цевката за дување (2) вовлечете
ја докрај во лежиштето на наглавокот (3)
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
N млазницата (5) вовлечете ја на
цевката за дување (2) до бравичката (6) во положба (a) и забравете ја во насока на стрелката
9
македонски
296BA020 KN
4
295BA058 KN
3
2
1
5
296BA021 KN
6
8
296BA022 KN
Демонтажа на цевката за дување
N изгаснете го моторот N притиснете го со соодветен алат
јазичето низ отворот на покривната навртка
N покривната навртка завртете ја
докрај во насока на стрелката
N извадете ја цевката за дување
Комплетирање на смукалката-дробилка
Монтажа на свиената цевка
N свиената цевка (1) вовлечете ја
во вреќата (2) до ознаката (стрелка)
N затегнете ја лентата (3) на
вреќата и притиснете го надолу јазичето (4)
УПАТСТВО
Патент-затворачот на вреќата мора да биде затворен
N стрелките (5) наместете ги во
иста линија
N покривната навртка наместете ја
така што симболот ‚ ќе биде во иста линија со стрелките
N свиената цевка вовлечете ја
докрај во лежиштето на наглавокот (6)
N покривната навртка (7) наместете
ја на наглавокот така што ќе налегне
N покривната навртка (7) завртете
ја во насока на стрелката така што симболот ƒ ќе дојде во иста линија со стрелките – покривната навртка се вклопува чујно
10
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
Комплетирање на цевката за
295BA080 KN
1
2
269BA030 KN
4
3
296BA023 KN
296BA033 KN
296BA024 KN
296BA025 KN
смукање
македонски
N стрелките (3) наместете ги во
иста линија
N покривната навртка (5) наместете
N цевката за смукање и
продолжетокот на цевката за смукање наместете ги според стрелките, споете ги меѓусебно и забравете ги
Монтажа на цевката за смукање
ја така што отворот ќе се поклопува со стрелките (3)
N цевката за смукање вовлечете ја
докрај во наглавокот (4) на куќиштето на вентилаторот
N покривната навртка (5) навлечете
ја врз наглавокот на куќиштето на вентилаторот
N изгаснете го моторот
N ставете одвртка во јазичето (1) и
притиснете – така се одбравува заштитната решетка (2) – расклопете ја заштитната решетка
N покривната навртка (5) вртете ја
во насока на стрелката така што ќе се забрави чујно
N завртете ја покривната навртка
понатаму во насока на стрелката и затегнете ја
Демонтажа на свиената цевка
N изгаснете го моторот
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
N притиснете го со соодветен алат
јазичето низ отворот на покривната навртка
N покривната навртка завртете ја
докрај во насока на стрелката
N извадете ја свиената цевка
Демонтажа на цевката за смукање
N изгаснете го моторот
N покривната навртка завртете ја
докрај во насока на стрелката
N притиснете го со соодветен алат
јазичето низ отворот на покривната навртка
N завртете ја покривната навртка
уште еднаш докрај во насока на стрелката
N извадете ја цевката за смукање N затворете ја заштитната решетка
и забравете ја
11
македонски
Гориво
За работата на моторот мора да се користи мешавина од бензин и моторно масло.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Избегнувајте директен контакт на кожата со горивото и не вдишувајте ги бензинските испарувања.
STIHL MotoMix
STIHL препорачува употреба на STIHL MotoMix. Оваа готова мешавина на гориво не содржи бензол и олово, се одликува со висок октански број и секогаш има вистински однос на мешавината.
За постигнување најдолг работен век на моторот, STIHL MotoMix е мешавина со моторното масло за двотактни мотори STIHL - HP Ultra.
MotoMix не е достапен на сите пазари.
Мешање на горивото
УПАТСТВО
Несоодветни компонети или непрописен однос на мешавината може да предизвикаат сериозни оштетувања на моторот. Бензинот или моторното масло со понизок квалитет може да ги оштетат моторот, дихтунзите, водовите и резервоарот за гориво.
Бензин
Користете само висококвалитетен бензин со октански број од најмалку 90 ROZ – безоловен или со олово.
Машините со катализатор на издувни гасови мора да работат со безоловен бензин.
УПАТСТВО
При повеќе потрошени резервоари со оловен бензин, дејството на катализаторот може значително да се намали.
Бензин со застапеност на алкохол преку 10% може да предизвика пречки во работата на моторите со рачно штелување на карбураторот и затоа не треба да се користи за овие мотори.
Моторите со систем M-Tronic постигнуват максимална моќност со бензин со застапеност на алкохол до 25% (Е25).
Моторно масло
Користете само квалитетно масло за двотактни мотори – во најдобар случај моторните масла за двотактни мотори STIHL - HP, HP Super или HP Ultra, бидејќи се оптимирани за работа со моторите на STIHL. Најдобри резултати во работата и најдолг работен век на моторот обезбедува HP Ultra.
Ове моторни масла не се достапни на сите пазари.
Кај моторните уреди со катализатор, за мешавината на гориво смее да се користи само моторното масло за двотактни мотори STIHL 1:50.
Однос на мешавината
со моторно масло за двотактни мотори STIHL 1:50; 1:50 = 1 дел масло + 50 делови бензин
Примери
Количество бензин
Литри Литри (ml) 1 0,02 (20) 5 0,10 (100) 10 0,20 (200) 15 0,30 (300) 20 0,40 (400) 25 0,50 (500)
N во канистерот во кој е дозволено
да се чува гориво првин ставете моторно масло, а потоа бензин, и промешајте добро
Чување на мешавината за гориво
Само во канистри во кои е дозволено да се чува гориво, на суво, свежо и безбедно место, заштитено од светлина и сонце.
Мешавината за гориво старее – подготвувајте количества само за неколку недели. Не чувајте мешавина за гориво подолго од 30 дена. Под влијание на светлина, сонце, ниски или високи температури, мешавината за гориво побрзо станува неупотреблива.
Меѓутоа, STIHL MotoMix може да се складира без проблем до 2 години.
N пред полнење гориво, добро
измешајте го канистерот со мешавината за гориво
Двотактно масло STIHL 1:50
12
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
295BA064 KN
295BA065 KN
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во канистерот може да се создаде притисок – отворајте внимателно.
N повремено исчистете ги темелно
резервоарот за гориво и канистерот
Остатокот од гориво и течноста што била употребена за чистење отстранете ги прописно и безбедно по околината!
Полнење гориво
Подготвување на уредот
Полнење гориво
Не истурајте гориво и не полнете го резервоарот докрај.
N одвртете го капачето на
резервоарот
N дотурете гориво N затворете го капачето на
резервоарот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
По завршеното полнење, затегнете го капачето на резервоарот со рака што е можно поцврсто.
Замена на главата за впивање гориво
N пред полнење гориво исчистете
го капачето на резервоарот и просторот околу него, за да не падне нечистотија во резервоарот
N наместете го уредот со капачето
на резервоарот свртено нагоре
STIHL препорачува употреба на Систем за полнење гориво STIHL (специјален прибор).
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
Менувајте ја главата за впивање гориво секоја година, притоа:
13
македонски
1
296BA009 KN
295BA069 KN
296BA007 KN
3
295BA067 KN
295BA068 KN
N испразнете го резервоарот за
гориво
N повлечете ја главата за впивање
гориво од резервоарот со кука и извадете ја од цревото
N ставете нова глава за впивање
гориво во цревото
N вратете ја главата за впивање
гориво во резервоарот
Стартување и исклучување на моторот
Стартување на моторот
N запазете ги безбедносните
прописи
Со помош на преклопната рачка (2), рачката за гас (3) може да се фиксира во која било положба во текот на работата.
Положби на копчето
При студен мотор
N меурот (1) на рачната пумпа за
гориво притиснете го најмалку 5 пати – исто и кога меурот е наполнет со гориво
Положби на преклопната рачка
само BG 66 C, BG 86, SH 86
N копчето на стартниот преклопник
наместете го на g
При топол мотор
14
N при стартување, преклопната
рачка наместете ја во положба за работа F
N копчето на стартниот преклопник
наместете го на <
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
296BA006 KN
296BA008 KN
3
296BA008 KN
295BA072 KN
295BA073 KN
Оваа положба важи и во случај моторот веќе да работел, но е се’ уште студен.
Палење
N спуштете го уредот на земја во
стабилна положба
N заземете стабилна положба: со
десната рака притиснете го куќиштето цврсто на земја
N со левата рака фатете ја рачката
на стартерот
Модели со ErgoStart N извлечете ја рамномерно рачката
на стартерот
Модели без ErgoStart N извлечете ја рачката на
стартерот полека до првата точка на отпор и потоа, повлечете брзо и силно
УПАТСТВО
Не извлекувајте го јажето докрај – опасност од кинење!
N не дозволувајте рачката на
стартерот да се врати пребрзо – вратете ја спротивно од насоката на извлекување, за да може јажето исправно да се намота
Кога моторот работи
N притиснете ја кратко рачката за
гас (3) – копчето на стартниот преклопник се префрла во положбата за работа F – моторот преоѓа во празен од
Гаснење на моторот
BG 56, BG 66, SH 56
N ставете го стоп-тастерот во
положба 0 – моторот застанува – стоп-тастерот самиот се враќа во првобитната положба
BG 66 C, BG 86, SH 86
N преклопната рачка ставете ја во
положба 0 – моторот застанува – преклопната рачка самата се враќа во првобитната положба
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
15
македонски
1
296BA009 KN
1
295BA074 KN
2
3
295BA075 KN
2
5
Понатамошни упатства во врска со стартувањето
Доколку моторот изгасне во положба
g или при забрзување N копчето на стартниот преклопник
ставете го на < – палете понатаму додека моторот запали
Ако моторот не запали N проверете дали се’ е добро
наместено (положба на стартниот преклопник, преклопната рачка во положба за работа F)
N повторете ја постапката на
палење
Резервоарот бил испразнет докрај и потоа повторно наполнет
N меурот (1) на рачната пумпа за
гориво притиснете го најмалку 5 пати – исто и кога меурот е наполнет со гориво
N стартувајте повторно
Чистење на филтерот за воздух
Нечистите филтри за воздух ја намалуваат моќноста на моторот, ја зголемуваат потрошувачката на гориво и го отежнуваат палењето.
Различни филтери за воздух
Во зависност од моделот, уредите се опремени со различни филтери за воздух. Уредите се разликуваат според куќиштата на филтерот за воздух и според филтерот за воздух.
Модел со рамен филтерски материјал
N завртката на капакот на
филтерот (1) свртете ја налево во вертикална положба
N извадете го капакот на
филтерот (2)
N исчистете го просторот околу
филтерот за воздух од крупна нечистотија
N извлечете го додатокот (3) и
извадете го филтерот за воздух (4) од куќиштето на филтерот (5)
N заменете го филтерот за воздух!
Привремено може да го истресете или да го издувате филтерот – не перете го!
Заменете ги оштетените делови!
Местење на филтерот N наместете го филтерот за
воздух (4) во куќиштето на филтерот (5) и вовлечете го додатокот (3)
N наместете го капакот на
филтерот (2) и завртете ја завртката на капакот надесно во хоризонтална положба
16
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
1
296BA026 KN
22
296BA027 KN
3
4
Модели со преклопен филтерски материјал
N завртката на капакот на
филтерот (1) одвртете ја налево
N извадете го капакот на
филтерот (2)
N исчистете го просторот околу
филтерот за воздух од крупна нечистотија
N исперете го филтерот за воздух
во специјално средство за чистење STIHL (специјален прибор) или во чиста течност што не гори (на пр. во топла вода со детергент) – исплакнете го филтерот под воден млаз од внатрешната страна нанадвор – не користете уред за чистење со вода под висок притисок
N исушете го филтерот за воздух –
не користете многу висока температура
Местење на филтерот за воздух N наместете го филтерот за воздух
во куќиштето
N наместете го капакот на
филтерот и затегнете ја надесно завртката на капакот
Штелување на карбураторот
Основни информации
Карбураторот е фабрички наместен на стандардни поставки.
Карбураторот е наштелуван моторот да добива оптимална мешавина од гориво и воздух во сите работни состојби.
Подготвување на уредот
N изгаснете го моторот N проверете го филтерот за воздух
– ако е потребно, исчистете го или заменете го
N проверете ја заштитната решетка
од искри (достапност во зависност од пазарот) во пр иду шувачот н а бу чавата – а к о е потребно, исчистете ја или заменете ја
N извадете го филтерот за
воздух (3) од куќиштето (4)
Чистење на филтерот за воздух N филтерот за воздух истресете го
внимателно или издувајте го со воздух под притисок однатре кон надвор
Ако филтерот е премногу нечист или при залепено платно на филтерот
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
17
македонски
296BA010 KN
296BA011 KN
Стандардно штелување
N завртете ја главната завртка за
штелување (H) налево до граничникот – најмногу 3/4 вртеж
N свртете ја завртката за
штелување празен од (L) надесно до граничникот – потоа, свртете ја 3/4 вртеж налево
Штелување на празниот од
N наштелувајте ги стандардните
поставки
N стартувајте го моторот и
почекајте да се загрее
Нерамномерен број вртежи при празен од, лошо забрзување (и покрај стандардно наштелувана завртка за штелување на празниот од)
Штелувањето на празниот од е премногу посно.
N внимателно вртете ја завртката
за штелување празен од (L) налево се’ додека моторот не почне да работи рамномерно и со добро забрзување – најмногу до граничникот
Нерамномерен број на вртежи во празен од, опаѓање на бројот на вртежи при завртување
Штелувањето на празниот од е премногу масно.
N завртката за штелување празен
од (L) вртете ја надесно (во чекори од 1/8 вртеж / 45°), се’ додека моторот не почне да работи рамномерно и со добро забрзување
По секоја промена на завртката за штелување на празниот од (L), најчесто е неопходно и дотерување на завртката за штелување на крајниот празен од (LA).
N наштелувајте ги стандардните
поставки
N оставете го моторот да се загрее N главната завртка за
штелување (H) свртете ја само малку надесно (попосно) – најмногу до граничникот
УПАТСТВО
Кога ќе завршите со работата на големи височини, вратете ги стандарните поставки кај карбураторот.
При премногу посна поставеност постои опасност од оштетување на погонскиот механизам поради недостиг на средство за подмачкување и прегрејување.
Моторот гасне во празен од N завртката за штелување на
крајниот празен од (LA) вртете ја надесно се’ додека моторот не почне да работи рамномерно
18
Корекција на дотераноста на карбураторот при употреба на големи височини
Ако моторот не работи на задоволителен начин, можеби е потребна мала поправка:
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
1
296BA015 KN
000BA039 KN
A
1
000BA045 KN
3
002BA178 KN
2
свеќичка
N при недоволна моќност на
моторот, при лошо стратување или пречки при празниот фд, првин проверете ја свеќичката
N заменете ја свеќичката по
отприлика 100 работни часови – при силно изгорени електроди, дури и порано – користете само свеќички одобрени од STIHL, што не предизвикуваат електромагнетни пречки – погледнете во „Технички податоци“
Демонтажа на свеќичката
Проверка на свеќичката
N исчистете ја нечистата свеќичка N проверете го растојанието меѓу
електродите (A), и ако е потребно, регулирајте го; за вредноста на растојанието – видете во „Технички податоци“
N отстранете ги причините за
нечистотија на свеќичката
Можни причини се:
премногу моторно масло во
горивото
нечист филтер за воздух
неповолни работни услови
експлозивна средина, можни се пожари или експлозии. Луѓе може да бидат тешко повредени и можна е материјална штета.
N користете свеќички што не
предизвикуваат електромагнетни пречки и со затегната приклучна навртка
Вградување на свеќичката
N извлечете го приклучникот од
свеќичката (1)
N одвртете ја свеќичката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако не е затегната или ако недостига приклучната навртка (1), можно е создавање на искри. Доколку се
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
работи во лесно запалива или
N вградете ја свеќичката (3) и
притиснете го приклучникот (2) на свеќичката (3)
19
македонски
Однесување на моторот при работа
Ако и покрај чистиот филтер за воздух и исправната наштелуваност на карбураторот работата на моторот е незадоволителна, причината може да е придушувачот на бучавата.
Специјализираниот продавач нека провери дали е чист придушувачот на бучавата!
STIHL препорачува одржување и поправки само преку специјализирани продавачи на STIHL.
Чување на уредот
При подолги паузи од околу 3 месеци N испразнете го резервоарот за
гориво на добро проветрено место и исчистете го
N отстранете го горивото прописно
и безбедно за околината
N моторот нека работи за да се
испразни карбураторот – во спротивно може да дојде до залепување на мембраните на карбураторот
N исчистете го уредот темелно,
особено ребрата на цилиндерот и филтерот за воздух
N чувајте го уредот на суво и
сигурно место. Чувајте го уредот од несакана употреба (на пр. од деца)
20
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
Совети за чување и одржување
Податоците се однесуваат на нормални услови на употреба. При отежнати услови (појава на многу прав итн.) и при подолга и секојдневна употреба, намалете ги зададените интервали соодветно.
пред да почнете со работа
по крајот на работата, одн.
секојдневно
по секое полнење
резервоар
неделно
месечно
годишно
при пречки
при оштетување
по потреба
визуелна проверка (состојба, абење,
Целата машина
Командна рачка проверка на исправноста xx
Филтер за воздух
Рачна пумпа за гориво (доколку постои)
Филтер во резервоарот за гориво
Резервоар за гориво чистење xx
Карбуратор
Свеќичка
Заштита од искри бучавата
2)
во придушувачот на
дихтување)
чистење x
чистење xx
замена со нов xx
проверка X
сервисирање кај специјализиран продавач
проверка x
замена на филтерот со нов xxx
контрола на празниот од xx
повторно регулирање на празниот од
регулирање на растојанието меѓу електродите
замена по 100 работни часови
проверка x
замена со нов дел кај специјализиран продавач
1)
1)
xx
X
x
x
xx
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
21
македонски
Податоците се однесуваат на нормални услови на употреба. При отежнати услови (појава на многу прав итн.) и при подолга и секојдневна употреба, намалете ги зададените интервали соодветно.
пред да почнете со работа
по крајот на работата, одн.
секојдневно
по секое полнење
резервоар
неделно
месечно
годишно
при пречки
при оштетување
Отвори за воздух за ладење чистење x
Достапни завртки и навртки (освен завртките за штелување)
Антивибрациски елементи
Безбедносна налепница замена x
1)
STIHL препорачува специјализирани продавачи на STIHL
2)
достапност во зависност од пазарот
затегнете ги дополнително x
проверка xxx
замена со нов дел кај специјализиран продавач
1)
x
по потреба
22
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
Намалување на абењето и избегнување штети
Со придржување кон одредниците во ова упатство за употреба се намалува прекумерното абење и оштетување на уредот.
Употребата, одржувањето и чувањето на уредот мора да биде направено според описот во ова упатство за употреба.
За сите штети настанати како последица на непридржувањето на упатствата за безбедност, за ракување и одржување, одговорноста паѓа на самиот корисник. Ова особено важи за:
правење измени на производот
што STIHL не ги одобрил
употреба на алати и прибор што
не се одобрени за овој уред, не се соодветни или се со низок квалитет
ненеменска употреба на уредот
употреба на уредот при спортски
или натпреварувачки активности
штети што настануваат како
последица на користењето на уредот со расипани составни делови
одржување на уредот, истите треба да му ги препушти на специјализираниот продавач.
STIHL препорачува одржување и поправки само преку специјализирани продавачи на STIHL. На специјализираните продавачи на STIHL им се нудат редовни обуки и достапни им се технички информации.
Доколку тие работи се пропуштат или се направат нестручно, може да дојде до штети за кои е одговорен самиот корисник. Тука, меѓу другите спаѓаат и:
оштетувања на погонскиот
механизам, како последица на неправовремено или недоволно добро извршено одржување (на пример, филтри за воздух и гориво), погрешно штелување на карбураторот или нечистење на системот за довод на студен воздух (отвори за воздух, ребра на цилиндерот)
корозија и други штети настанати
како последица на неправилно чување
оштетувања на уредот што се
последица на употребата на неквалитетени резервни делови
Потрошни делови
Некои делови на моторниот уред подлежат на нормално абење и покрај исправната употреба, па мора правовремено да се заменат, во зависност од начинот и должината на употребата. Тука, меѓу другото спаѓаат и:
филтрите (за воздух и гориво)
роторот на вентилаторот,
sвездестата дробилка
вреќата
системот за стартување
свеќичката
Одржување
Сите работи што се наведени во поглавјето „Совети за чување и одржување“ мора да се изведуваат редовно. Доколку самиот корисник не може да ги изврши работите на
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
23
македонски
7
8
2
3
17
13
14
15
296BA003 KN
4
1
9
5
6
20
19
18
16
12
10
11
#
21
22
23
24
Важни делови
1 Преклопна рачка (BG 66 C,
BG 86, SH 86) 2 Приклучник на свеќичката 3 Придушувач на бучавата 4 Рачка на стартерот 5 Завртки за штелување на
карбураторот 6 Рачна пумпа за гориво 7 Копче на стартниот преклопник 8 Капак на филтерот 9 Завртка за капакот на филтерот 10 Капаче на резервоарот 11 Резервоар за гориво 12 Рачка за држење 13 Командна рачка 14 Стоп-тастер (BG 56, BG 66,
SH 56) 15 Рачка за гас 16 Заштитна решетка 17 Покривна навртка 18 Цевка за дување (BG 56, BG 86,
SH 56, SH 86) 19 Кружна млазница 20 Плосната млазница 21 Цевка за смукање 22 Свиена цевка 23 Вреќа 24 Придушувач на бучавата на
# Број на машината
* во зависност од изведбата ­специјален прибор
*
цевката за дување (BG 66)
*
*
*
24
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
Технички податоци
Погонски механизам
Едноцилиндaрски двотактен мотор Работна зафатнина: 27,2 cm Пречник на
цилиндарот: 34 mm Од на клипот: 30 mm Број на вртежи при
празен од: 2500 1/min Моќност според
ISO 7293: BG 56: 0,7 kW (1,0 КС) BG 66: 0,6 kW (0,8 КС) BG 86: 0,8 kW (1,1 КС) SH 56: 0,7 kW (1,0 КС) SH 86: 0,8 kW (1,1 КС)
Систем за палење
Електронски управувано магнетно палење
Свеќичка (со отстранети пречки): NGK CMR 6 H
Растојание меѓу електродите: 0,5 mm
Систем за гориво
Карбуратор со мембрана, нечувствителен на местоположбата, со вградена пумпа за гориво
3
Зафатнина на резервоарот за гориво:
3
BG 56: 540 cm
(0,54 l)
BG 66: 540 cm3 (0,54 l)
3
BG 66 C: 440 cm BG 86: 440 cm SH 56: 540 cm SH 86: 440 cm
(0,44 l)
3
(0,44 l)
3
(0,54 l)
3
(0,44 l)
Моќност на дување
Сила на дување (кружна млазница)
BG 56: 13 N BG 66: 10 N BG 86: 15 N SH 56: 15 N SH 86: 15 N
Брзина на воздухот (режим на дување)
Режим на дување (кружна млазница) BG 56: 60 m/s BG 66: 51 m/s BG 86: 63 m/s SH 56: 60 m/s SH 86: 63 m/s
Режим на дување (плосната млазница)
BG 86: 74 m/s SH 86: 74 m/s
Проток на воздухот
Кружна
млазница BG 56: 700 m BG 66: 630 m BG 86: 755 m SH 56: 700 m
3
3
3
3
Плосната
млазница /h - - ­/h - - ­/h 620 m3/h /h 560 m3/h
SH 86: 755 m3/h 620 m3/h
Максимална брзина на воздухот (режим на дување, кружна млазница)
BG 56: 71 m/s BG 66: 62 m/s BG 86: 76 m/s SH 56: 71 m/s SH 86: 76 m/s
Максимален проток на воздухот (без механизмот за дување)
BG 56: 730 m3/h BG 66: 730 m3/h
3
BG 86: 810 m SH 56: 730 m
/h
3
/h
SH 86: 810 m3/h
Тежина
без гориво, режим на дување BG 56: 4,1 - 4,2 kg
*)
BG 66: 4,4 kg BG 66 C: 4,7 kg BG 86: 4,4 - 4,5 kg
*)
зависно од изведбата
*)
без гориво, режим на смукање SH 56: 5,2 kg SH 86: 5,6 kg
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
25
македонски
Вредности за звукот и вибрациите
За подетални информации во врска со директивата за работодавци „Vibration 2002/44/EG“ погледнете на: www.stihl.com/vib/.
Ниво на притисок на звукот L
peq
според DIN EN 15503
Режим на дување
Режим на
смукање BG 56: 90 dB(A) 94 dB(A) BG 66: 86 dB(A) - - ­BG 86: 90 dB(A) 93 dB(A) SH 56: 90 dB(A) 94 dB(A) SH 86: 90 dB(A) 93 dB(A)
Ниво на моќност на звукот L
според
w
DIN EN 15503
Режим на дување
Режим на
смукање BG 56: 104 dB(A) 105 dB(A) BG 66: 98 dB(A) - - ­BG 86: 104 dB(A) 106 dB(A) SH 56: 104 dB(A) 105 dB(A) SH 86: 104 dB(A) 106 dB(A)
Вибрациска вредност a
hv, eq
според
DIN EN 15503
Режим на дување
Рачка за
држење
десно BG 56: 7,5 m/s BG 66: 7,8 m/s BG 66 C: 2,1 m/s
2
2
2
Рачка за држење
десно BG 86: 2,5 m/s SH 56: 7,5 m/s SH 86: 2,5 m/s
2
2
2
Режим на смукање
Рачка за држење
лево BG 56: 8,5 m/s BG 86: 2,5 m/s SH 56: 8,5 m/s SH 86: 2,5 m/s
2
2
2
2
Рачка за држење десно
2
7,5 m/s
2
1,9 m/s
2
7,5 m/s
2
1,9 m/s
За нивото на притисок на звукот и за нивото на јачината на звукот вредноста на факторот К, според нормата 2006/42/EG, изнесува 2,5 dB(A); за вибрациската вредност, вредноста на факторот К според нормата 2006/42/EG, изнесува
2
2,0 m/s
.
REACH
Со REACH се означува законот на ЕЗ во врска со регистрирање, оценување и дозволување хемикалии.
За информации околу исполнувањето законски прописи во врска со REACH (ЕЗ) бр. 1907/2006 погледнете на www.stihl.com/reach
Упатства за вршење поправки
Лицата што го користат овој уред смеат да ги извршуваат само оние работи за одржување и нега на уредот што се опишани во ова упатство за употреба. Останатите поправки смее да ги извршува само специјализираниот продавач.
STIHL препорачува одржување и поправки само преку специјализирани продавачи на STIHL. На специјализираните продавачи на STIHL им се нудат редовни обуки и достапни им се технички информации.
При вршење поправки смеат да се употребуваат само резервните делови што STIHL ги одобрува за овој уред или технички истоветни делови. Употребувајте само висококвалитетни резервни делови. Во спротивно, постои опасност од повреди или оштетувања на уредот.
STIHL советува да се употребуваат оригинални резервни делови STIHL.
Оригиналните резервни делови STIHL ќе ги препознаете според бројот на резервниот дел од STIHL, според логото { и, во даден случај, според ознаката за резервни делови STIHL K (на помалите делови може да стои и само таа ознака).
26
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
македонски
000BA073 KN
Фрлање
При расходувањето на уредите, запазете ги прописите специфични за секоја земја.
Уредите STIHL не се фрлаат со домашното ѓубре. За да се заштити природата, уредот, приборот и амбалажата на STIHL треба да се предадат на рециклирање.
Најновите информации во врска со расходувањето ќе ги добиете кај специјализираниот продавач на STIHL.
ЕЗ Изјава за сообразност
ANDREAS STIHL AG & Co. KG Badstr. 115 D-71336 Waiblingen
Германија
изјавува под целосна одговорност дека
Вид на конструкција: Дувалка
Смукалка-
дробилка Фабричка марка: STIHL Тип: BG 56
BG 56 C
BG 56 C-E
BG 66
BG 66 C
BG 66 C-E
BG 86
BG 86 C
BG 86 C-E
SH 56
SH 56 C
SH 56 C-E
SH 86
SH 86 C
SH 86 C-E Идентификација на
серијата: 4241 Работна зафатнина: 27,2 cm
ги задоволува соодветните прописи во директивите 2006/42/EG, 2014/30/EU и 2000/14/EG и дека производот е развиен и произведен
3
во согласност со следниве норми коишто беа важечки во моментот на производството:
EN ISO 12100, EN 15503, EN 55012, EN 61000-6-1
При утврдувањето на измерените и на гарантираните вредности за нивото на моќност на звукот постапено е според директивата 2000/14/EG, додаток V, со примена на нормата ISO 11094.
Измерено ниво на моќност на звукот
сите BG 56: 102 dB(A) сите BG 66: 99 dB(A) сите BG 86: 102 dB(A) сите SH 56: 103 dB(A) сите SH 86: 103 dB(A)
Гарантирано ниво на моќност на звукот
сите BG 56: 104 dB(A) сите BG 66: 101 dB(A) сите BG 86: 104 dB(A) сите SH 56: 105 dB(A) сите SH 86: 105 dB(A)
Грижа за техничката документација:
ANDREAS STIHL AG & Co. KG Produktzulassung
Годината на производството и бројот на машината се наведени на уредот.
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
27
македонски
Waiblingen, 28.10.2016
ANDREAS STIHL AG & Co. KG
по овластување
Thomas Elsner
Раководител на Развој на производи и услуги
28
BG 56, BG 56 C, BG 66, BG 66 C, BG 86, BG 86 C, SH 56, SH 56 C, SH 86, SH 86 C
0458-296-5821-D
makedonisch
m
www.stihl.com
*04582965821D*
0458-296-5821-D
Loading...