Sony HT-ST7 Reference Guide [mk]

Звучен столб
Упатство на препораки
HT-ST7
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не монтирајте го апаратот во затворен простор, како што е полица за книги или вграден шкаф.
За да го намалите ризикот од пожар, не покривајте го отворот за вентилација на апаратот со весници, прекривки, завеси итн. Не изложувајте го апаратот на извори на отворен оган (на пример, запалени свеќи).
За да го намалите ризикот од пожар или електричен шок, не го изложувајте апаратот на капење или прскање и не поставувајте на него предмети што се наполнети со течности, како на пример, вазни.
Уредот не е исклучен од главниот довод сè додека е поврзан во приклучокот со наизменична струја, дури и ако самиот уред е исклучен.
Бидејќи главниот приклучок се користи за да се исклучи делот од главните водови, поврзете го делот со лесно достапен штекер за наизменична струја. Ако забележите неправилности во делот, веднаш исклучете го главниот приклучок од штекерот за наизменична струја.
Не изложувајте ги батериите или апаратите што имаат монтирана батерија на прекумерна топлина, како на пример, сончева светлина или оган.
Само за употреба во затворени простории.
Препорачани кабли
За поврзување на компјутерите домаќини и/или периферните уреди, мора да се користат соодветно заштитени и вземјени кабли иприклучоци.
Напомена за потрошувачите: следните информации се применливи само за опремата продадена во земјите што ги применуваат директивите на ЕУ.
Овој производ е произведен од или во име на Sony Corporation, 1-7-1 Konan Minato-ku Tokyo, 108-0075 Japan. Прашањата поврзани со компатибилностa на производот со законодавството на Европската Унија треба да бидат упатени до овластениот претставник, Sony Deutschland GmbH, Hedelfinger Strasse 61, 70327 Stuttgart, Germany. Обратете се на адресите дадени во посебните документи за услуги или гаранција за какви било прашања во врска со услугата или гаранцијата.
Со ова, Sony Corp., изјавува дека оваа опрема е во согласност со суштинските барања и другите важни одредби од Директивата 1999/5/EC. За детали, посетете ја следната веб-адреса: http://www.compliance.sony.de/
Опремата е тестирана и е во согласност со ограничувањата зададени од Директивата EMC за користење кабел пократок од 3 метри.
МК
2
Фрлање стара електрична
Само за
Европа
и електронска опрема (применливо во Европската Унија и во други европски земји со посебни собирни системи)
Овој симбол на производот или на неговата амбалажа покажува дека со овој производ не треба да се постапува како со домашен отпад.
збирно место за рециклирање електрична и електронска опрема. Со правилно отстранување на производот ќе помогнете да се спречат потенцијални негативни последици за природата и здравјето на човекот, кои инаку може да се предизвикаат со несоодветно постапување со отпадот на овој производ. Рециклирањето на материјалите ќе помогне за заштита на природните богатства. За подетални информации за рециклирањето на овој производ, контактирајте со вашата локална месна заедница, вашиот сервис за отстранување домашен отпад или со продавницата каде што го купивте овој производ.
Наместо тоа треба биде предаден на применливото
Отстранување потрошени батерии (применливо во Европската Унија и во други европски земји со посебни системи на собирање)
Овој симбол на батеријата или на амбалажата покажува дека со батеријата којашто е дадена со овој производ
Кај определени батерии овој симбол може да се користи во комбинација со хемиски симбол. Хемиските симболи за жива (Hg) или олово (Pb) се додаваат ако батеријата содржи повеќе од 0,0005% жива или 0,004% олово. Со правилно отстранување на овие батерии ќе помогнете да се спречат потенцијално негативни последици за природата и здравјето на човекот, кои инаку може да се предизвикаат со несоодветно постапување со отпадот на батеријата. Рециклирањето на материјалите ќе помогне за заштита на природните богатства.
не треба да се постапува како со домашен отпад.
Во случај на производи кои од безбедносни причини, поради изведба или интегритет на податоци имаат потреба од трајна поврзаност со вметната батерија, оваа батерија треба да ја замени само квалификуван персонал. За да бидете сигурни дека со батеријата ќе се постапи соодветно, предадете го потрошениот производ на применливото збирно место за рециклирање електрична и електронска опрема. За сите други батерии, погледнете го делот за тоа како безбедно да се отстрани батеријата од производот. Батеријата предадете ја на применливото збирно место за рециклирање отпадни батерии. За подетални информации за рециклирањето на овој производ или батеријата, контактирајте со вашата локална месна заедница, вашиот сервис за отстранување домашен отпад или со продавницата каде што го купивте овој производ.
За потрошувачите во Австралија или Нов Зеланд
За безжичниот предавател (EZW-RT50)
Оваа опрема треба да се постави и да работи на растојание од најмалку 20 m или повеќе меѓу емитувачот на сигналот и телото на лицето (вклучувајќи ги екстремитетите: дланките, зглобовите, стапалата и глуждовите).
МК
3

Содржина

Мерки за претпазливост .........................................................5
Безжична технологија BLUETOOTH .......................................6
Монтажа на долгнавестиот звучник на ѕид ........................8
Вклучување на функцијата за инфрацрвено
повторување (кога не може да го
контролирате телевизорот) .............................................9
Вклучување на функцијата Secure Link ............................... 10
Користење на функцијата Control for HDMI ........................ 11
Користење на функциите „BRAVIA“ Sync ............................. 11
Решавање проблеми .............................................................12
Спецификации .........................................................................15
МК
4

Мерки за претпазливост

продолжува
За безбедност
Ако цврст објект или течност паднат во системот, исклучете го
системот и нека го провери квалификувано лице пред да го користите пак.
Не качувајте се на долгнавестиот звучник или на сабвуферот затоа
што може да паднете и да се повредите или да го оштетите системот.
За изворите за напојување со ел. енергија
Пред да управувате со системот, проверете дали работниот
напон е ист како и вашето локално снабдување. Работниот напон е назначен на плочата со името на задната страна на долгнавестиот звучник.
Ако не планирате подолго време да го користите системот,
осигурете се дека сте го исклучиле од ѕидниот штекер (главен довод). За да го исклучите кабелот за напојување со наизменична струја (главен вод), фатете го самиот приклучок; никогаш не тегнете го кабелот.
Едниот забец на приклучокот е поширок од другиот од безбедносни
причини може да се вметне во ѕидниот штекер (главен довод) на само еден начин. Ако не можете целосно да го внесете приклучокот во штекерот, контактирајте со вашиот продавач.
Кабелот за напојување со наизменична струја (главен вод) може
да се замени само кај квалификуван сервис.
За загревање
Иако системот се загрева за време на работата, ова не претставува дефект. Ако постојано многу го користите овој систем, температурата на системот на задниот дел и на страните значително се зголемува. За да не се изгорите, не допирајте го системот.
За поставувањето
Поставете го системот на локација со соодветна вентилација за
да спречите загревање и за да го продолжите животниот век на системот.
Не поставувајте го системот во близина на топлотни извори или
на место кое е изложено на директна сончева светлина, има прекумерна прашина или механички шок.
На задниот дел на долгнавестиот звучник и сабвуферот не
поставувајте ништо што може да ги блокира отворите за вентилација и да предизвика дефект.
Ако системот се користи во комбинација со телевизор, VCR или
магнетофон може да се појави шум и квалитетот на сликата ќе трпи. Во тој случај, поставете го системот подалеку од телевизорот, VCR или магнетофонот.
Внимавајте кога го поставувате системот на површини кои се
посебно обработени (со восок, масло, средство за полирање итн.) бидејќи како резултат на тоа може да се предизвикаат дамки или обезбојување на површината.
Внимавајте да не се оштетат аглите на долгнавестиот звучник или
сабвуферот.
Ракување со сабвуферот
Не ставајте ја раката во расцепот на сабвуферот кога го подигнувате. Може да се оштети двигателот на звучникот. Кога го подигнувате, држете го дното на сабвуферот.
За оперативноста
Пред да поврзете друга опрема, осигурете се дека сте го изгаснале и исклучиле системот.
Ако забележите неправилност на бојата на телевизор во близина
Кај одредени телевизори може да се забележат неправилности на бојата.
Ако забележите неправилност на бојата...
Исклучете го телевизорот и вклучете го по 15 до 30 минути.
Ако повторно забележите неправилност на бојата...
Поставете го системот подалеку од телевизорот.
МК
5
За чистење
Исчистете го системот со мека сува крпа. Не користете абразивни перничиња, прашоци за чистење или растворувачи како алкохол или бензин.
Ако имате прашања или проблеми во врска со вашиот систем, консултирајте се со најблискиот продавач на Sony.
Авторски права
Овој систем е обединет со Dolby* Digital и со DTS** Digital Surround System.
* Произведено со дозвола од Dolby Laboratories.
Dolby и симболот со двојно D се заштитени знаци на Dolby Laboratories.
** Произведено согласно лиценцата на патентите во САД, со броеви:
5,956,674; 5,974,380; 6,226,616; 6,487,535; 7,212,872; 7,333,929; 7,392,195; 7,272,567 и други издадени или во процес на издавање патенти во САД и ширум светот. DTS-HD, симболот и DTS-HD со симболот се регистрирани заштитени знаци на DTS, Inc. Производот вклучува софтвер. © DTS, Inc. Сите права се задржани.
®
Називот и логоата BLUETOOTH сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на такви знаци од страна на Sony Corporation е под лиценца.
Овој систем вклучува технологија на меѓуврска за мултимедиуми со висока дефиниција (HDMI™). Називите HDMI и HDMI High-Definition Multimedia Interface и логото HDMI се заштитени знаци или регистрирани заштитени знаци на HDMI Licensing LLC во Соединетите Американски Држави и во други земји.
се регистрирани трговски марки во
Ознаката N е заштитен знак или регистриран заштитен знак на NFC Forum, Inc. во Соединетите Американски Држави и во други земји.
Android е заштитен знак на Google Inc.
© 2012 CSR plc и компаниите во нивната групација. Ознаката aptX® и логото aptX се заштитени знаци на CSR plc или на некоја од компаниите во нивната групација и може да се регистрирани во една или повеќе судски надлежности.
Другите заштитени знаци и заштитени имиња се оние на нивните соодветни сопственици.

Безжична технологија BLUETOOTH

Поддржана верзија и профили на BLUETOOTH
Профилот се однесува на стандардниот сет на можности за разни можности на производот со BLUETOOTH. Погледнете „Спецификации“ (страница 15) на верзијата и профилите на BLUETOOTH што се поддржани од овој систем.
Забелешки
За да можете да ја користите функцијата BLUETOOTH, уредот со
BLUETOOTH кој треба да се поврзе мора да го поддржува истиот профил како и овој систем. Дури и ако уредот го поддржува истиот профил, функциите може да се разликуваат поради спецификациите на уредот со BLUETOOTH.
Репродукцијата на аудио на овој систем може да биде одложена
споредено со онаа на уредот со BLUETOOTH, поради карактеристиките на безжичната технологија BLUETOOTH.
Логото „BRAVIA“ е заштитен знак на Sony Corporation.
„x.v.Colour“ и логото „x.v.Colour“ се заштитени знаци на Sony Corporation.
МК
6
Loading...
+ 14 hidden pages