Ви благодариме за купувањето. Пред да го
користите плееров, внимателно прочитајте
ги упатствава.
Почеток
Репродукција
Интернет
Поставки и прилагодувања
Дополнителни информации
BDP-S4100/S5100
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да го намалите ризикот од пожар или
електричен шок, не го изложувајте апаратот
на капење или прскање и не поставувајте на
него предмети што се наполнети со течности,
како на пример, вазни.
За да избегнете електричен шок, не отворајте
ја кутијата. За поправка обратете се само до
квалификуван персонал.
Главниот довод мора да се замени исклучиво
кај квалификуван сервис.
Не изложувајте ги батериите или апаратите
што имаат монтирана батерија на прекумерна
топлина, како на пример, сончева светлина
или оган.
ВНИМАНИЕ
Употребата на оптички инструменти со овој
производ ќе ја зголеми опасноста за повреда
на очите. Бидејќи ласерскиот зрак што се
користи во овој Blu-ray Disc/DVD плеер
е штетен за очите, не обидувајте се да ја
расклопите кутијата.
За поправка обратете се само до
квалификуван персонал.
Оваа ознака е лоцирана на куќиштето коешто
го заштитува ласерот во заградениот простор.
За потрошувачите во европските земји
Известување за потрошувачите во
Обединетото Кралство и Република Ирска
Приклучок што одговара со BS1363 се наоѓа во
опремата за ваша безбедност и лесна употреба.
Ако дадените осигурач или приклучок треба
да се заменат, мора да се користи осигурач со
истата оцена како дадениот осигурач и да биде
одобрен од ASTA или BSI за BS1362, (на пр.,
означено со ознаката или ).
Ако приклучокот што е доставен со опремата
има отстранлив капак на осигурачот,
проверете дека сте го наместиле капакот
откако ќе го промените осигурачот. Никогаш
не користете го приклучокот без капакот на
осигурачот. Ако го загубите капакот на
осигурачот, обратете се на најблиската
станица за сервис на Sony.
Фрлање на стара
електрична
и електронска опрема
(применливо во
Европската унија и во
други европски земји
со посебни збирни
системи)
Овој симбол на производот или на неговата
амбалажа покажува дека со овој производ
не треба да се постапува како со домашен
отпад. Наместо тоа треба биде предаден на
применливото збирно место за рециклирање
на електрична и електронска опрема.
Со правилно отстранување на производот
ќе помогнете да се спречат потенцијални
негативни последици за природата
и здравјето на човекот, кои инаку може да се
предизвикаат со несоодветно постапување со
отпадот на овој производ. Рециклирањето
на материјалите ќе помогне за заштита
на природните богатства. За подетални
информации за рециклирањето на овој
производ, контактирајте со вашата
локална месна заедница, вашиот сервис
за отстранување на домашен отпад или
со продавницата каде што го купивте
овој производ.
Оваа направа е класификувана како производ
CLASS 1 LASER. Ознаката CLASS 1 LASER
PRODUCT MARKING е лоцирана на
надворешна страна одзади.
2
Отстранување на
потрошени батерии
(применливо во
Европската унија и во
други европски земји
со посебни системи
на собирање)
Овој симбол на батеријата или на амбалажата
покажува дека со батеријата којашто е дадена
со овој производ не треба да се постапува како
со домашен отпад.
Кај определени батерии овој симбол може
да се користи во комбинација со хемиски
симбол. Хемиските симболи за жива (Hg) или
олово (Pb) се додаваат ако батеријата содржи
повеќе од 0,0005% жива или 0,004% олово.
Со правилно отстранување на овие батерии
ќе помогнете да се спречат потенцијално
негативни последици за природата
и здравјето на човекот, кои инаку може да
се предизвикаат со несоодветно постапување
со отпадот на батеријата. Рециклирањето
на материјалите ќе помогне за заштита на
природните богатства.
Во случај на производи кои од безбедносни
причини, поради изведба или интегритет на
податоци имаат потреба од трајна поврзаност
со вметната батерија, оваа батерија треба да
ја замени само квалификуван персонал.
За да бидете сигурни дека со батеријата
ќе се постапи соодветно, предадете го
потрошениот производ на применливото
збирно место за рециклирање на електрична
и електронска опрема.
За сите други батерии, погледнете го делот за
тоа како безбедно да се отстрани батеријата
од производот. Батеријата предадете ја на
применливото збирно место за рециклирање
на отпадни батерии.
За подетални информации за рециклирањето
на овој производ или батеријата,
контактирајте со вашата локална месна
заедница, вашиот сервис за отстранување
на домашен отпад или со продавницата
каде што го купивте овој производ.
За потрошувачите во европските
земји
Овој производ е произведен во името на
Sony Corporation, 1-7-1 Konan Minato-ku
Tokyo, 108-0075 Japan. Прашања поврзани
со компатибилност на производот со
законодавството на Европската Унија треба да
бидат упатени до овластениот претставник,
Sony Deutschland GmbH, Hedelfinger Strasse 61,
70327 Stuttgart, Germany. Ве молиме обратете
се на адресите дадени во посебните документ и
за услуги или гаранција за какви било
прашања со услугата или гаранцијата.
Мерки за претпазливост
• Оваа единица работи на 220 V - 240 V AC,
50/60 Hz. Проверете дали работниот напон
на единицата е ист како и вашето локално
снабдување.
• Монтирајте ја единицава така што главниот
вод може да се исклучи од ѕидниот штекер
веднаш штом ќе се појави проблем.
Мерки за претпазливост
Оваа опрема е тестирана со кабел за
поврзување пократок од 3 метри при
што е утврдено дека е усогласена со
ограничувањата поставени во
Директивата EMC.
За поставувањето
• Поставете го плеерот на локација со
соодветна вентилација за да спречите
зголемување на топлина во плеерот.
• За да го намалите ризикот од пожар, не
покривајте го отворот за вентилација
на апаратот со весници, прекривки,
завеси итн.
• Не го изложувајте апаратот на извори
на отворен оган (како на пример,
запалени свеќи).
• Не монтирајте го плееров во ограничен
простор како што е полица за книги
или слично.
• Не поставувајте го плеерот надвор,
во возила, на бродови или во други
пловни објекти.
3
• Ако плеерот се внесува директно од
ладна во топла локација или се поставува
во многу влажна просторија, влагата
може да се кондензира на леќите во
плеерот. Ако се случи ова, плеерот
нема да работи правилно. Во тој случај,
отстранете го дискот и оставете го
плеерот вклучен околу половина
час сè додека влагата не испари.
• Не монтирајте го плеерот во навалена
позиција. Тој е дизајниран за да работи
само во хоризонтална положба.
• Не поставувајте метални објекти пред
плочата. Тоа може да го ограничи
приемот на радиобранови.
• Не поставувајте го плеерот на места каде
што се користи медицинска опрема.
Може да предизвика дефект на
медицинските инструменти.
• Ако користите пејсмејкер или друг
медицински уред, консултирајте се со
вашиот лекар или производителот
на медицинскиот уред пред да ја
користите безжичната LAN функција.
• Овој плеер треба да се монтира и да
работи на растојание од најмалку 20 cm
или повеќе помеѓу плеерот и телото
на лицето (не вклучувајќи ги
екстремитетите: дланките,
зглобовите и стапалата).
• Не поставувајте тешки и нестабилни
објекти врз плеерот.
• Освен дисковите во носачот на диск,
не поставувајте никакви други објекти.
На тој начин можете да предизвикате
штета на плеерот или објектот.
• Кога го пренесувате плеерот, извадете
ги дисковите од носачот. Ако не ги
извадите, дискот може да се оштети.
• Исклучете ги кабелот за напојување
со наизменична струја (главен довод)
и сите други кабли од плеерот кога го
пренесувате плеерот.
За изворите за напојување со ел. енергија
• Плеерот не е исклучен од изворот со
наизменична струја (главен вод) сè
додека е поврзан во ѕидниот штекер,
дури и ако самиот плеер е исклучен.
• Исклучете го плеерот од ѕидниот штекер
ако не планирате подолго време да го
користите истиот. Фатете го самиот
приклучок, никогаш не влечете го
кабелот за да го исклучите кабелот
за напојување со наизменична струја
(главен вод).
• Набљудувајте ги следниве точки за да
спречите оштетување на кабелот за
напојување со наизменична струја
(главен вод). Не користете го кабелот
за напојување со наизменична струја
(главен вод) ако е оштетен, затоа што
тоа може да предизвика електричен
шок или пожар.
– Не приклештувајте го кабелот за
напојување со наизменична струја
(главен вод) помеѓу плеерот и ѕид,
полица итн.
– Не ставајте ништо тешко врз кабелот
за напојување со наизменична струја
(главен вод) и не влечете го истиот.
За прилагодување на јачината на звукот
Не зголемувајте ја јачината на звукот
додека слушате делови со многу мал
капацитет или без аудио сигнали. Ушите
и звучниците може да се оштетат кога
звучното ниво одеднаш ќе го достигне
својот врв.
За чистење
Исчистете ги кутијата, панелот
и контролите со мека крпа. Не користете
каков било вид абразивно перниче,
прашок за чистење или растворувач
како што е алкохолот или бензинот.
4
За дисковите за чистење, чистачите на
дискови/леќи
Не користете дискови за чистење или
чистачи за дискови/леќи (вклучувајќи
влажни или видови на спреј). Тие може
да предизвикаат дефект на уредот.
За заменување на делови
Во случај овој плеер да се поправа,
поправените делови може да се собираат
за повторна употреба или за рециклирање.
За поврзувањето на приклучокот за
HDMI OUT
Набљудувајте го следното затоа што
неправилното ракување може да ги оштети
приклучокот за HDMI OUT и конекторот.
• Внимателно порамнете го приклучокот
за HDMI OUT на задната страна на
плеерот со приклучокот/конекторот за
HDMI со проверка на нивните облици.
Осигурете се дека конекторот не
е завртен надолу и не е накривен.
• Кога ќе го местите плеерот, осигурете се
дека сте го исклучиле кабелот за HDMI.
• Држете го приклучокот за HDMI
исправено кога го поврзувате или
исклучувате кабелот за HDMI.
Не искривувајте го и не ставајте
го насила конекторот за HDMI
во приклучокот за HDMI OUT.
За гледање видео слики во 3D
Некои луѓе може да искусат неудобност
(како што е напрегање на очите, замор или
лошење) додека гледаат 3D видео слики.
Sony препорачува сите гледачи да прават
редовни паузи додека гледаат 3D видео
слики. Должината и фреквенцијата на
потребните паузи ќе варираат од едно лице
до друго. Мора да одлучите што најмногу
ви одговара. Ако искусите каква било
неудобност, треба да престанете да гледате
3D видео слики сè додека неудобноста
не заврши. Ако сметате дека е потребно,
консултирајте се со лекар. Исто така,
треба да го прегледате (i) прирачникот со
упатства и/или пораката за претпазливост
за секој друг уред што се користи со овој
производ или содржината на Blu-ray
дискот што е репродуцирана со овој
производ и (ii) нашата интернет-страница*
за најновите информации. Видот на малите
деца (особено оние на возраст под шест
години) сè уште се развива. Консултирајте
се со вашиот лекар (како што е педијатар
или очен лекар) пред да дозволите малите
деца да гледаат 3D видео слики.
Возрасните треба да ги надгледуваат децата
за да обезбедат дека тие ги следат
препораките дадени погоре.
* За потрошувачите во европските земји
http://www.sony-europe.com/myproduct/
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА
Внимание: Овој плеер може
бесконечно да задржи видео слика на
пауза или слика на екранот на вашиот
телевизор. Ако видео сликата на пауза
или сликата на екранот ја оставите
прикажана на телевизорот подолг
период на време ризикувате трајно
оштетување на телевизискиот екран.
Телевизорите со панел со плазма
екран и проектните телевизии се
подложни на ова.
Ако имате какви било прашања или
проблеми во врска со вашиот плеер,
консултирајте се со најблискиот
продавач на Sony.
5
Заштита од копирање
Имајте ги во предвид напредните системи
за заштита на содржината што се користат
за дискови Blu-ray™ и медиуми за DVD.
Овие системи, наречени AACS (Advanced
Access Content System - Напреден систем
за пристап до содржини) и CSS (Content
Scramble System - Систем за кодирање
содржина), може да содржат ограничувања
за репродукцијата, аналогниот излез
и други слични одлики. Работата на овој
производ и поставените ограничувања
може да варираат во зависност од датумот
на купување, бидејќи управниот одбор
на AACS може да ги прифати или смени
своите правила за ограничување по
времето на купување.
Известување за Cinavia
Овој производ користи технологија на
Cinavia за да се ограничи употребата на
неовластени копии на комерцијални
филмови и видеа, како и на нивните
музички нумери. Ќе се прикаже порака,
а репродукцијата или копирањето ќе се
прекинат кога ќе се открие забранета
употреба на неовластена копија.
Повеќе информации за технологијата
на Cinavia има кај Информативниот
центар за потрошувачи на Cinavia на
http://www.cinavia.com. Испратете дописна
картичка со својата поштенска адреса за
да побарате дополнителни информации
за Cinavia по пошта на следната адреса:
Cinavia Consumer Information Center,
P.O. Box 86851, San Diego, CA, 92138, USA.
Авторски права и заштитени знаци
• „AVCHD“ и логото на „AVCHD 3D/
Progressive“ се заштитени знаци на
Panasonic Corporation и на
Sony Corporation.
• Java е заштитен знак на Oracle и/или
на неговите партнери.
•, „XMB“ и „xross media bar“ се
заштитени знаци на Sony Corporation
и на Sony Computer Entertainment Inc.
• Произведено според лиценца на
Dolby Laboratories. Dolby, Pro Logic
и симболот со двојно D се заштитени
знаци на Dolby Laboratories.
• Називите HDMI® и HDMI
High-Definition Multimedia Interface
и логото HDMI се заштитени знаци
или регистрирани заштитени знаци
на HDMI Licensing LLC во Соединетите
Американски Држави и во други земји.
• Blu-ray Disc™, Blu-ray™, Blu-ray 3D™,
BD-Live™, BONUSVIEW™ и логоата
се заштитени знаци на асоцијацијата
Blu-ray Disc.
• „DVD Logo“ е трговска марка на DVD
Format/Logo Licensing Corporation.
• Логоата на „DVD+RW“, „DVD-RW“,
„DVD+R“, „DVD-R“, „DVD VIDEO“
и „CD“ се заштитени знаци.
• „BRAVIA“ е заштитен знак на
Sony Corporation.
• Технологијата за аудио кодирање
MPEG Layer-3 и патентите со дозвола
од Fraunhofer IIS и Thomson.
• Овој производ вклучува сопствена
технологија според лиценцата на Verance
Corporation што е заштитена со патент
7 369 677 во САД и други издадени или
во процес на издавање патенти во САД
и ширум светот и е заштитена со
авторско право и деловна тајна за
одредени аспекти на таквата технологија.
Cinavia е заштитен знак на Verance
Corporation. Авторски права 2004-2010
Verance Corporation. Сите права ги
задржува Verance. Повратното
инженерство или расклопувањето
се забранети.
6
• Windows Media е или регистриран
заштитен знак или заштитен знак на
Microsoft Corporation во Соединетите
Американски Држави и/или во
други земји.
Овој производ содржи технологија
којашто е предмет на определени
права на интелектуална сопственост
на Microsoft. Употребата или
дистрибуцијата на оваа технологија
надвор од овој производ без соодветните
лиценци на Microsoft се забранети.
Сопствениците на содржината ја
користат технологијата за пристап до
содржина на Microsoft PlayReady™ за
да ја заштитат својата интелектуална
сопственост, вклучувајќи ја и содржината
со авторски права. Овој уред ја користи
технологијата PlayReady за да пристапи
до PlayReady-заштитена содржина и/или
WMDRM-заштитена содржина. Ако
уредот не успее соодветно да ги спроведе
ограничувањата за користење на
содржина, сопствениците на содржина
може да имаат потреба Microsoft да ја
отповика способноста на уредот да
ја користи PlayReady-заштитената
содржина. Отповикувањето не треба да
влијае врз незаштитена содржина или
врз содржината заштитена со други
технологии за пристап на содржина.
Сопствениците на содржина може да
ви побараат да го надградите PlayReady
за да пристапите кон нивната содржина.
Ако ја одбиете надградбата, нема да
можете да пристапите кон содржината
за која треба надградба.
денес Gracenote. Еден или повеќе патенти
во сопственост на Gracenote важат
за овој производ и услуга. Видете ја
веб-страницата на Gracenote каде е даден
нецелосниот список со применливи
патенти на Gracenote. Логото
и логотипот на Gracenote, CDDB,
MusicID, MediaVOCS, Gracenote
и логото „Powered by Gracenote“ се
или регистрирани заштитени знаци
или заштитени знаци на Gracenote во
Соединетите Американски Држави
и/или во други земји.
•Wi-Fi®, Wi-Fi Protected Access®
и Wi-Fi Alliance® се регистрирани
знаци на здружението Wi-Fi.
• Wi-Fi CERTIFIED™, WPA™, WPA2™
и Wi-Fi Protected Setup™ се знаци
на здружението Wi-Fi.
• Логото Wi-Fi CERTIFIED
е сертификациски знак на
здружението Wi-Fi.
• Знакот Wi-Fi Protected Setup
е знак на здружението Wi-Fi.
•DLNA®, логото DLNA и DLNA
CERTIFIED™ се заштитени знаци,
знаци за услуга или сертификациски
знаци на здружението Digital Living
Network Alliance.
•Opera® Devices SDK од Opera Software
ASA. Авторско право 2002-2012 Opera
Software ASA. Сите права се задржани.
• Сите други заштитени знаци се
заштитени знаци на нивните
соодветни сопственици.
• Другите имиња на системи и производи
се генерално заштитени знаци или
регистрирани заштитени знаци на
производителите. Знаците ™ и ®
не се посочени во овој документ.
7
Лиценцата за крајниот корисник на
Gracenote®
Оваа апликација или уред содржат софтвер
на Gracenote, Inc. of Emeryville, California
(„Gracenote“). Софтверот на Gracenote
(„софтвер на Gracenote“) овозможува
апликацијава да врши идентификација
на диск и/или датотека и да се здобива
со информации поврзани со музиката,
вклучително информации за името,
изведувачот, нумерата и насловот
(„податоци на Gracenote“) од сервери
преку интернет или од вградени бази
со податоци (севкупно „сервери на
Gracenote“) и да врши други функции.
Може да ги користите податоците
на Gracenote само во согласност
со наменетите функции за крајниот
корисник на оваа апликација или уред.
Се сложувате дека ќе ги користите
податоците на Gracenote, софтверот
на Gracenote и серверите на Gracenote
само за лична, некомерцијална употреба.
Се сложувате дека нема да ги доделувате,
копирате, пренесувате или предавате
софтверот на Gracenote или кој било
податок на Gracenote на трети лица.
СЕ СЛОЖУВАТЕ ДЕКА НЕМА ДА ГИ
КОРИСТИТЕ ИЛИ ИСКОРИСТУВАТЕ
ПОДАТОЦИТЕ НА GRACENOTE,
СОФТВЕРОТ НА GRACENOTE ИЛИ
СЕРВЕРИТЕ НА GRACENOTE, ОСВЕН
НА НАЧИНОТ КОЈШТО Е ИЗРЕЧНО
ДОЗВОЛЕН ТУКА.
Се сложувате дека вашата неексклузивна
лиценца за употреба на податоците на
Gracenote, софтверот на Gracenote и на
серверите на Gracenote ќе се прекине ако
ги прекршите овие ограничувања. Ако се
прекине лиценцата, се сложувате дека ќе
престанете да ги користите сите податоци
на Gracenote, софтверот на Gracenote
и серверите на Gracenote. Gracenote ги
задржува сите права за податоците на
Gracenote, софтверот на Gracenote и за
серверите на Gracenote, вклучително
и сите сопственички права. Во никој случај
Gracenote нема да биде одговорен за какви
8
било исплати во ваше име за кои било
информации што ќе ги доставите. Се
сложувате дека Gracenote, Inc. може
да ги спроведе своите права во лично
име согласно овој Договор против
вас директно.
Услугата на Gracenote користи единствен
идентификатор за да ги следи прашањата
за статистички цели. Целта на случајно
доделениот нумерички идентификатор е да
се даде дозвола на услугата на Gracenote
да ги брои прашањата без да знае за вас.
За повеќе информации, погледнете
ја веб-страницата за политиката на
приватност на Gracenote во однос
на услугата на Gracenote.
Софтверот на Gracenote и секоја
ставка од податоците на Gracenote
ви се лиценцирани „КАКО ШТО СЕ“.
Gracenote не дава презентации или
гаранции, изречно или имплицирано,
во однос на прецизноста на кој било
податок на Gracenote од серверите на
Gracenote. Gracenote го задржува правото
да брише податоци од серверите на
Gracenote или да ги менува категориите
за податоците за секоја причина што
Gracenote ќе ја смета за задоволителна.
Нема никаква гаранција дека софтверот
на Gracenote или серверите на Gracenote
се без грешки и дека функционалноста на
софтверот на Gracenote или серверите на
Gracenote ќе биде непрекината. Gracenote
не е обврзан да ви обезбедува нови
подобрени или дополнителни видови на
податоци или категории што Gracenote ќе
ги обезбедува во иднина и слободно може
да ги прекине своите услуги во секое време.
11Водич за делови и контроли
16Чекор 1: Доставена дополнителна опрема
16Чекор 2: Поврзување на плеерот
18Чекор 3: Подготовка за мрежно поврзување
19Чекор 4: Лесно поставување
Репродукција
20Репродукција на диск
22Репродукција од USB-уред
22Репродукција преку мрежа
24Достапни опции
Интернет
27Пребарување на интернет-страници
Поставки и прилагодувања
30Користење на екраните со поставки
30[Network Update] (Мрежно ажурирање)
30[Screen Settings] (Поставки на екранот)
32[Audio Settings] (Поставки за аудио)
33[BD/DVD Viewing Settings] (Поставки за гледање BD/DVD)
34[Parental Control Settings] (Поставки за родителска контрола)
34[Music Settings] (Поставки за музика)
35[System Settings] (Системски поставки)
36[Network Settings] (Мрежни поставки)
38[Easy Network Settings] (Лесни мрежни поставки)
38[Resetting] (Ресетирање)
Дополнителни информации
39Решавање проблеми
45Спецификации
10
Почеток
Почеток
Водич за делови и контроли
Преден панел
z
Копчето N има допирна точка. Користете ја допирната точка како референца кога
управувате со плеерот.
A Носач на дискот
B Приказ на предниот панел
C Z (отворање/затворање)
D N (репродукција)
E x (прекинување)
F [/1 (вклучено/во режим на
подготвеност)
Го вклучува плеерот или го
поставува во режим на
подготвеност.
G Приклучок (USB)
Поврзете USB-уред со овој
приклучок.
H Далечински сензор
За заклучување на носачот на диск
(Забрана за деца)
Можете да го заклучите носачот
на диск за да избегнете негово
случајно отворање.
Кога плеерот е вклучен, држете го
копчето N на плеерот повеќе од
10 секунди за да го заклучите или
отклучите носачот.
11
Заден панел
A Приклучок DIGITAL OUT
(COAXIAL)
B Приклучок HDMI OUT
C LAN (100)-терминал
D Приклучок (USB)
12
Почеток
Далечински управувач
Достапните функции на
далечинскиот управувач се
разликуваат во зависност од
дискот или ситуацијата.
z
Копчињата: број 5, AUDIO, 2 + и N
имаат допирна точка. Користете ја
допирната точка како референца
кога управувате со плеерот.
A Z (отворање/затворање)
Го отвора или затвора носачот
на дискот.
-TV- t (избор на ТВ-влез)
Менува меѓу телевизорот
и другите влезни извори.
-TV- [/1 (телевизорот
евклучен/во режим на
подготвеност)
Го вклучува телевизорот или
го поставува во режим на
подготвеност.
[/1 (вклучено/во режим на
подготвеност)
Го вклучува плеерот или го
поставува во режим на
подготвеност.
B Копчиња со броеви (0 - 9)
Ги внесува броевите на
насловите/поглавјата/
песните итн.
b
Броевите на песните се применливи
само на CD-DA (музички CD).
2 (јачина на звук) +/–
Ја прилагодува јачината на звукот
за телевизорот.
AUDIO (страница 33)
Го избира јазикот на песната кога
се снимени повеќејазични песни
на BD-ROM/DVD VIDEO.
Ги избира песните на CD.
SUBTITLE (страница 33)
Го избира јазикот на превод кога
се снимени повеќејазични
преводи на BD-ROM/DVD
VIDEO.
(без глас)
Привремено го исклучува звукот.
13
C Копчиња во боја (црвена/
зелена/жолта/сина)
Кратенки за интерактивни
функции.
D TOP MENU
Го отвора или затвора главното
мени на BD или DVD.
POP UP/MENU
Го отвора или затвора појавното
менито на BD-ROM или менито
на DVD.
OPTIONS (страница 24)
Ги прикажува достапните опции
на екранот.
HOME
Влегува во почетното мени
на плеерот.
Ја прикажува позадината кога во
почетното мени е притисната
иконата за категорија.
RETURN
Се враќа на претходниот екран.
</M/m/,
Го поместува истакнувањето за
да избере прикажана ставка.
Централно копче (ENTER)
Ја внесува избраната ставка.
E ./> (претходно/следно)
Прескокнува до претходното/
следното поглавје, песна или
датотека.
X (пауза)
Ја паузира или повторно ја
започнува репродукцијата.
m/M (брзо премотување
назад/напред)
• Брзо премотување назад/напред
на дискот кога ќе го притиснете
копчето за време на
репродукцијата. Брзината на
барање се менува секојпат кога
ќе го притиснете копчето за
време на репродукција на видео.
• Забавена репродукција кога ќе
се притисне подолго од една
секунда во режим на пауза.
• Репродуцира по еден кадар
едновремено кога ќе се
притисне кратко во режим
на пауза.
N (репродукција)
Почнува или повторно ја
започнува репродукцијата.
DISPLAY (страница 21)
Ги прикажува информациите за
репродукција и за прелистување
на интернет на екранот.
x (прекинување)
Ја прекинува репродукцијата и го
запомнува местото на прекин
(продолжува од местото на
прекин).
Местото на прекинување на
наслов/песна е последното место
кое што сте го репродуцирале или
последната фотографија во
папката со фотографии.
SEN (страница 22)
Пристапува до мрежната услуга
на „Sony Entertainment
Network™“.
14
Почеток
Екран на почетното мени
Ставка
Категорија
Почетното мени се појавува кога
ќе притиснете HOME. Изберете
категорија користејќи </,.
Изберете ставка користејќи M/m
ипритиснете ENTER.
[Setup] (Поставување):
Ги прилагодува поставките
на плеерот.
[Photo] (Фотографија):
Прикажува фотографии.
[Music] (Музика): Репродуцира
музика.
[Video] (Видео): Репродуцира
видео записи.
[Network] (Мрежа): Прикажува
мрежни ставки.
15
Чекор 1: Доставена дополнителна опрема
Кабел за HDMI со голема брзина
(не се доставува)
Проверете дека ги имате следниве ставки:
• Далечински управувач (далечинско) (1)
• Батерии R6 (големина AA) (2)
Чекор 2: Поврзување на плеерот
Не поврзувајте со електрична мрежа додека не сте ги направиле сите
поврзувања.
Поврзување на телевизорот
Поврзете го плеерот со телевизорот користејќи кабел за HDMI со голема брзина.
Висок квалитет
b
Не поврзувајте го плеерот преку VCR (видео рекордер). Видео сигналите од VCR (видео
рекордерите) може да бидат под влијание на системите за заштита на авторските права,
предизвикувајќи сликата на телевизорот да биде искривена.
16
Loading...
+ 36 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.