Philips TAK4206BL/00, TAK4206PK/00 user manual [mk]

Слушалки
Серија 4000
TAK4206
Прирачник за корисникот
Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на
www.philips.com/support
Содржина
1 Важни безбедносни упатства 2
2 Вашите Bluetooth безжични
слушалки 3
Што има во кутијата 3 Други уреди 3 Преглед на вашите Bluetooth
безжични слушалки 3
3 Почнете 4
Наполнете ги вашите слушалки 4 Спарете ги слушалките со вашиот
мобилен телефон 4
4 Користете ги вашите слушалки 5
Повторно поврзете ги слушалките
со Bluetooth уред 5
Управувајте со вашите повици
и музика 5 Ставете ги вашите слушалки 6 Ограничувањето на времето за
репродукција и ограничувањето
на јачината на звукот можат
да се постават во Philips-овата
апликација за слушалките 6
5 Технички податоци 8
6 Известување 9
Декларација за сообразност 9 Отстранување на вашиот стар
производ и батерија 9 Усогласеност со EMF 9 Информации за животната
средина 10 Известување за усогласеност 10
7 Трговски марки 12
8 Најчесто поставувани прашања 13
MK 1
1 Важни
Општи информации
безбедносни упатства
Безбедност на слухот
Опасност
За да го избегнете оштетувањето на слухот,
ограничете го времето на користење на слушалките со висока јачина на звукот и поставете ја јачината на звукот на безбедно ниво. Колку што е погласен звукот, толку е пократко времето на безбедно слушање.
Осигурете се дека ги почитувате следните упатства, кога ги користите вашите слушалки.
Слушајте со разумно ниво на јачина на звук, во текот на разумни временски периоди.
Внимавајте постојано да не ја зголемувате јачината на звукот, бидејќи вашиот слух се прилагодува на неа.
Не зголемувајте ја јачината на звукот толку многу да не можете да чуете што се случува околу вас.
Треба да бидете претпазливи или привремено да прекинете со употребата во потенцијално опасни ситуации.
Прекумерниот звучен притисок од слушалките може да предизвика губење на слухот.
Не се препорачува користењето на слушалките кои ги покриваат двете уши додека возите и може да биде нелегално во некои области.
Заради ваша безбедност избегнувајте го одвлекувањето на вниманието од страна на музиката или телефонските повици, додека се наоѓате во сообраќај или во некои други потенцијално опасни средини.
2 MK
За да се избегне оштетување или дефект:
Внимание
Не изложувајте ги слушалките на прекумерна
топлина
Не дозволувајте да ви паднат слушалките.Слушалките не смеат да бидат изложени на
капење или прскање со вода.
Не дозволувајте вашите слушалки да бидат
потопени во вода.
Не користете било какви средства за чистење
што содржат алкохол, амонијак, бензен или абразиви.
Ако е потребно чистење користете мека крпа,
по потреба натопена во минимално количество на вода или растворен благ сапун, за чистење на производот.
Интегрираната батерија не смее да биде
изложена на прекумерна топлина, како што е сончева светлина, оган или слични нешта.
Замена на батеријата со неправилен тип,
може да ја поништи заштитата;
Фрлањето на батеријата во оган или жешка
печка, или механичко кршење или сечење на батеријата, може да резултира со експлозија;
Оставањето на батеријата во средина со
екстремно висока температура може да резултира со експлозија или истекување на запаллива течност или гас;
Изложувањето на батеријата на екстремно
низок воздушен притисок, може да резултира со експлозија или истекување на запаллива течност или гас.
Никогаш не користете ги слушалките кога
управувате моторно возило, возите велосипед, трчате или пешачите во области со сообраќај. На многу места тоа е опасно и нелегално.
За работењето и складирањето температури и влажност
Работна температура: 0°C (32°F) до 40°C (104°F)
Температура на складирање: -10°C (14°F) до 45°C (113°F)
Влажност при работа: 8% - 90% RH (без кондензација)
Влажност при складирање: 5% ­90% RH (без кондензација)
Максимална работна надморска височина: 3000m
Работниот век на батеријата може да се намали во услови на висока или ниска температура.
2 Вашите
Bluetooth
безжични слушалки
Глобална гаранција Безбедносен леток
Ви честитаме за купувањето и добредојдовте во Philips! За да имате целосна корист од поддршката што Philips ви ја нуди, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/support. Со овие Philips безжични слушалки, можете:
да уживате во безжичните повици без употреба на раце;
да уживате и безжично да ја контролирате музиката;
да се префрлате помеѓу повиците и музиката.
Што има во кутијата
Philips безжични детски слушалки (TAK4206)
Други уреди
Мобилен телефон или уред (на пр. notebook преносен компјутер, PAD, Bluetooth адаптери, MP3 плеери итн) којшто подджува Bluetooth и е компатибилен со слушалките (погледнете во ,Технички податоци' на страница 8).
Преглед на вашите Bluetooth безжични слушалки
 
USB-C кабел за полнење (само за полнење)
Водич за брз почеток
Микрофон LED индикатор USB-C процеп за полнење Копче за вклучување/исклучување - Копче за контрола на јачина на звукот Копче за контрола на режимот на
осветленост
+ копче за контрола на јачина на звукот
MK 3
3 Почнете
телефон. Слушалките ги чуваат последните 4 уреди во меморијата. Ако се обидете да спарите повеќе од 4 уреди, последниот спарен уред ќе биде заменет со новиот уред.
Наполнете ги вашите слушалки
Забелешка
Пред да ги користите вашите слушалки за прв
пат, полнете ја батеријата во текот на 5 часа, заради оптимален капацитет и работен век на батеријата.
Користете го само оригиналниот кабел за
USB полнење, за да избегнете некакво оштетување.
Завршете го вашиот повик пред да започнете
со полнењето на слушалките, бидејќи поврзувањето ги исклучува слушалките.
Не можете нормално да управувате со
слушалките за време на полнењето.
Поврзете го испорачаниот USB кабел за полнење со:
• USB-C прорез за полнење на слушалките и;
• полнач/USB приклучна порта на компјутерот. LED светлото почнува да свети црвено за време на полнењето и се исклучува кога слушалките се потполно наполнети
Совет
Вообичаено, целосното полнење трае 2 часа.
1 Осигурете се дека слушалките се
целосно наполнети.
2 Притиснете и држете во текот
на 2 секунди, за да ги вклучите слушалките.
3 Осигурете се дека мобилниот
телефон е вклучен, а неговата Bluetooth функција е активирана.
4 Спарете ги слушалките со
мобилниот телефон. За подетални информации погледнете во прирачникот за корисникот на
вашиот мобилен телефон. Следниот пример ви покажува како да ги спарите слушалките со вашиот мобилен телефон.
1 Активирајте ја функцијата Bluetooth
на вашиот мобилен телефон,
изберете Philips TAK4206.
2 Внесете ја лозинката за
слушалките”0000” (4 нули) ако ви
биде побарано. За оние мобилни
телефони коишто ја имаат Bluetooth
3,0 функцијата или повисоко, нема
потреба да внесувате лозинка.
Philips TAK4206
Спарете ги слушалките со вашиот мобилен телефон
Пред за прв пат да ги користите слушалките со вашиот мобилен телефон, спарете ги со мобилниот телефон. Успешното спарување воспоставува уникатна шифрирана врска помеѓу слушалките и мобилниот
4 MK
Loading...
+ 10 hidden pages