Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на
www.philips.com/support
Содржина
1 Важно 2
Помош и поддршка 2
Важни безбедносни упатства 2
Грижа за вашиот производ 3
Грижа за животната средина 3
Усогласеност 4
Што има во кутијата 4
2 Вашиот Саундбар 4
Главна единица 4
Далечински управувач 5
Конектори 6
3 Поврзување 6
Поставување 6
Поврзување на Саундбар и Субвуфер 7
Рачно спарување на Субвуферот 7
Поврзување аудио од ТВ и други уреди 8
4 Користење на Саундбар 9
Вклучување/исклучување 9
Контрола на јачина на звук 9
Избор на извор 10
Поставување EQ 10
AUX аудио извор 10
Оптички аудио извор 10
HDMI(ARC) аудио извор 10
Репродуцирање аудио преку Bluetooth 10
Автоматска подготвеност 11
Примена на фабрички поставки 11
5 Монтирање на ѕид 12
6 Спецификации на производот 12
7 Решавање проблеми 13
МК1
1 Важно
Прочитајте ги и разберете ги сите упатства пред
да го користите производот. Доколку штетата
е предизвикана од неправилно следење на
упатствата, гаранцијата нема да важи.
Помош и поддршка
За сеопфатна поддршка на интернет, посетете
www.philips.com/support на:
• преземете го корисничкото упатство и
краткото упатство
• гледајте ги видео туторијалите (достапно
само за избрани модели)
• најдете одговори за често поставувани
прашања (ЧПП)
• испратете ни прашање по е-пошта
• разговарајте со наш претставник за
поддршка.
Следете ги упатствата на веб-локацијата за да го
изберете јазикот, а потоа внесете го бројот на
модел на вашиот производ.
Алтернативно, може да контактирате со Грижа за
корисници во вашата земја. Пред да контактирате,
запишете го бројот на модел и серискиот број
на вашиот производ. Овие информации може да
ги најдете на позадината или на долниот дел од
вашиот производ.
Важни безбедносни упатства
• Прочитајте ги овие упатства.
• Зачувајте ги овие упатства.
• Придржувајте се на сите предупредувања.
• Следете ги сите упатства.
• Не употребувајте го апаратот во близина на
вода.
• Чистете го само со сува крпа.
• Не блокирајте ниеден од отворите за
вентилација. Инсталирајте во согласност со
упатствата на производителот.
• Не инсталирајте во близина на никакви
извори на топлина како радијатори, греалки,
печки или други апарати (вклучувајќи и
засилувачи) што создаваат топлина.
• Не нарушувајте ја безбедносната улога на
приклучокот што е поларизиран или e тип на
приклучок со заземјување. Поларизираниот
МК2
приклучок има две иглички од кои едната
е поширока од другата Тип на приклучок
со заземјување има две иглички и трета
игличка за заземјување. Широката игличка
или третата игличка се обезбедени за ваша
безбедност. Ако обезбедениот приклучок
не влегува во вашата приклучница,
консултирајте се со електричар за замена на
застарената приклучница.
• Заштитете го електричниот кабел од
нагазување или продупчување, особено кај
приклучоците, дополнителните приклучни
места на приклучница и местото каде што
истиот излегува од апаратот.
• Користете само додатоци/прибор наведени
од производителот.
• Користете само со количка,
потпирач, троножец, алка
или маса наведени од
производителот или што се
продаваат со апаратот.. Кога се
користи количка, внимавајте
кога ја придвижувате комбинацијата количка/
апарат да избегнете повреда од превртување.
• Исклучете го апаратот при грмотевици или
кога не се користи долг временски период.
• За секакво сервисирање ангажирајте
квалификуван сервисен персонал.
Сервисирање е потребно кога апаратот е
оштетен на било кој начин, кога електричниот
кабел или приклучокот се оштетени, истурена
е течност или предмети паднале во апаратот,
апаратот бил изложен на дожд или влага, не
работи нормално или паднал.
• ВНИМАНИЕ при користење батерии -за да
спречите истекување на батериите што може
да доведе до телесна повреда, штета на имот
или штета на единицата:
• инсталирајте ги сите батерии правилно,
+ и - како што е означено на единицата.
• Не мешајте батерии (стари и нови или
карбонски и алкални и сл.).
• Извадете ги батериите кога единицата не
се користи долго време.
• Батериите не треба да се изложуваат
на претерана топлина како сончева
светлина, оган или сл.
• Перхлоратен материјал - може да биде
потребно посебно ракување. Видете
www.dtsc.ca.gov/hazardouswaste/
perchlorate.
• Производот/далечинскиот управувач може
да содржат батерија од тип паричка/копче,
која може да се проголта. Секогаш чувајте ја
батеријата подалеку од дофат на деца! Ако
се проголта, батеријата може да предизвика
сериозна повреда или смрт. Може да се јават
сериозни внатрешни изгореници во рок од
два часа по проголтувањето.
• Ако се сомневате дека батерија е проголтана
или е ставена во некој дел од телото, веднаш
побарајте медицинска помош.
• Кога ги менувате батериите, секогаш чувајте
ги сите нови и искористени батерии подалеку
од дофат на деца. Уверете се дека делот за
батерија е целосно обезбеден откако сте ја
смениле батеријата.
• Ако делот за батерија не може да биде
целосно обезбеден, прекинете со употреба
на производот. Чувајте го подалеку од дофат
на деца и контактирајте со производителот
• Апаратот не треба да биде изложен на
капење или прскање.
• Не ставајте никакви извори на опасност на
апаратот (на пример, предмети наполнети со
течност, запалени свеќи).
• Овој апарат може да содржи олово и жива.
Фрлете според локалните, државните или
федералните закони. За информации за
фрлање или рециклирање, ве молиме
контактирајте со вашите локални власти.
За дополнителна помош за опциите за
рециклирање, ве молиме контактирајте
www.mygreenelectronics.com или www.eiae.
org или www.recycle.philips.com.
• Таму каде што електричниот кабел или
приклучок на апаратот се користи како уред
за исклучување, уредот за исклучување треба
да остане лесно пристапен и употреблив.
• Не ставајте го апаратот врз мебел кој може
да се преврти со потпирање на дете или
возрасен, влечење, стоење или качување на
него. Апарат што паѓа може да предизвика
сериозни повреди или дури и смрт.
• Овој апарат не треба да се става во вградена
инсталација како што е полица за книги или
рамка освен ако не се обезбеди соодветна
вентилација. Уверете се дека сте оставиле
простор од 7,8 инчи (20 см) или повеќе околу
апаратот.
Симбол за опрема од Класа II
Знајте ги овие безбедносни симболи
Оваа „молња“ укажува дека
неизолиран материјал во вашата
единица може да предизвика струен
удар За безбедноста на секој во
вашето домаќинство, не вадете го капакот на
производот.
„Извичникот“ повикува на внимание
за карактеристики за кои треба да ја
прочитате непосредно приложената
литература за да спречите проблеми
со работењето и одржувањето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот
од пожар или струен удар, овој апарат не треба
да се изложува на дожд или влага и предмети
исполнети со течности како што се вази не треба
да се ставаат на овој апарат.
ВНИМАНИЕ: За да се спречи струен удар соодветно
ставете ја широката игличка на приклучокот во
широкиот отвор со ставање до крај.
Грижа за вашиот производ
Користете само крпа од микрофибер за чистење
на производот.
Грижа за животната средина
Фрлање на вашиот стар производ и батерија
Вашиот производ е дизајниран и изработен од
материјали и компоненти со висок квалитет,
кои може да се рециклираат и повторно да се
користат.
Овој симбол на производот значи дека производот
е опфатен од Европската Директива 2012/19/EU.
Овој симбол укажува дека единицата има систем
на двојна изолација.
Овој симбол значи дека производот содржи
батерии опфатени од Европската Директива
2013/56/EU кои не може да се фрлаат со обичен
отпад од домаќинството. Информирајте се за
МК3
локалниот систем за издвоено собирање на
електрични и електронски производи и батерии.
Следете ги локалните правила и никогаш не
фрлајте го производот и батериите со обичниот
отпад од домаќинството. Правилното фрлање на
стари производи и батерии помага да се спречат
негативните последици по животната средина и
човековото здравје.
Вадење на батериите за фрлање
Да ги извадите батериите за фрлање, видете го
делот инсталирање на батерија.
Усогласеност
Овој производ е усогласен со барањата за
радиоинтерференција на Европската Заедница.
Со ова, TP Vision Europe B.V. изјавува дека овој
производ е усогласен со основните барања и
други релевантни мерки од Директивата 2014/53/
EU. Изјавата за усогласеност може да ја најдете на
www.p4c.philips.com.
Што има во кутијата
Проверете ја и идентификувајте ја содржината на
пакувањето:
Саундбар x1
Безжичен субвуфер x1
Далечински управувач x1
Адаптер за наизменична струја (за саундбар) x1
Кабел за напојување (за субвуфер) x1
Опрема за монтирање на ѕид x1
(Држачи за на ѕид x2, шрафови x6, дипли x2)
Кратко упатство/Картичка со гаранција/
Безбедносен лист x1
AAA батерии x2
Адаптер за
наизменично
напојување (ЕУ)
TAB5305/12
Кабел за
напојување
(ЕУ)
2 Вашиот
Саундбар
Ви честитаме на купувањето и добре дојдовте во
Philips! За целосни придобивки од поддршката
што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот
Саундбар на www.philips.com/support.
Главна единица
Овој дел вклучува преглед на главната единица.
- (јачина на звук)
Намалува јачина на звук.
+ (јачина на звук)
Зголемува јачина на звук.
(ИЗВОР)
Избира влезен извор за саундбарот.
Го вклучува Саундбарот или го става во
подготвеност.
ЛЕД индикатор во повеќе бои: Извор/
Подготвеност
Сензор на далечински управувач
ЛЕД индикатор на субвуфер
СПАРИ
МК4
Loading...
+ 10 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.