Beko WMB 61001 Y+ User manual [MK,PT]

Машина за перење алишта
Упатство за употреба
WMB 61001 Y+
MK
Број на документот=
2820523857_MK / 30-10-15.(15:47)
1 Iважни упатства за безбедноста и околината
Ова поглавје содржи безбедносни упатства и ќе ви помогне да се заштитите од ризикот за лична повреда или оштетување на имотот. Непочитувањето на овие упатства ја поништува гаранцијата.
1.1 Општа безбедност
• Овој производ може да го користат деца над 8-годишна возраст и лица чиишто физички, сетилни или ментални способности не се целосно развиени или лица кои немаат доволно искуство или познавања само ако се под надзор на други лице, или ако се обучени како безбедно да го користат производот и ги знаат можните ризици. Децата не смее да си играат со производот. Чистењето и одржувањето не смее никогаш да го вршат деца, освен ако не се под надзор на одговорно возрасно лице. Децата под 3 години треба да се држат настана освен ако не се под постојан надзор.
• Никогаш не ставајте го производот на под што е покриен со тепих. Недостаток на проток на воздух под машината ќе предизвика прегревање на електричните делови. Со тоа се предизвикуваат проблеми со машината.
• Ако производот е дефектен, не треба да се вклучува освен ако не го поправил овластен сервисер. Постои ризик од електричен удар!
• Овој производ е дизајниран за да продолжи со работа кога ќе дојде струја по прекин во снабдувањето. Ако сакате да откажете програма, видете го поглавјето „Откажување програма“.
• Поврзете го производот за заземјен приклучок, заштитен со осигурувач 16 A. Не занемарувајте го фактот дека мора да има инсталација со заземјен приклучок извршена од страна на квалификуван електричар. Нашата компанија нема да биде одговорна за какви било оштетувања што ќе се појават ако производот се користел без заземјување во согласност со локалните регулативи.
• Доводот на вода и цревата за одвод мора да се цврсто затегнати и неоштетени. Инаку, постои ризик од протекување вода.
• Никогаш не отворајте ја вратата за полнење и не вадете го филтерот додека има вода во барабанот. Инаку, постои ризик од поплава и повреда од врела вода.
• Не отворајте ја сосила заклучената врата за полнење. Врата за полнење ќе биде подготвена за отворање по неколку минути
Овој производ е произведен со помош на најнова технологија во еколошки услови.
откако ќе заврши циклусот на перење. Во случај на насилно отворање на вратата за полнење може да се оштетат вратата и механизмот за заклучување.
• Исклучете го производот од струја кога не го користите.
• Никогаш не мијте го производот со истурање вода врз него! Постои ризик од електричен удар!
• Никогаш не допирајте го приклучокот со мокри раце! Никогаш не влечете го кабелот, секогаш извлекувајте го со фаќање на приклучокот.
• Користете детергенти, омекнувачи и додатоци што се соодветни само за автоматски машини за перење алишта.
• Следете ги упатствата на етикетите на алиштата и на пакувањето на детергентот.
• Производот мора да биде исклучен од струја при постапки за монтирање, одржување, чистење и поправка.
• Постапките за монтирање и поправка секогаш мора да ги извршува овластен сервисер. Производителот нема да биде одговорен за штети што би се појавиле од постапки што ги спровеле неовластени лица.
• Ако кабелот за напојување со ел. енергија е оштетен, истиот мора да биде заменет од производителот, центарот за грижа за корисници или соодветно квалификувано лице (се претпочита електричар) или некој што е овластен од увозникот, со цел да се избегнат можните ризици.
• Ставете го производот на цврста и рамна површина.
• Не ставајте го апаратот на волнени прекривки или слични површини.
• Не ставајте го производот на висока платформа, во близина на раб или скалеста површина.
• Не ставајте го производот врз кабелот за струја.
• Никогаш не користете сунѓер или материјали за триење. Така ќе ги оштетите обоените, хромираните и пластичните површини.
1.2 Наменета употреба
• Овој производ е наменет за домашна употреба. Не е соодветен за комерцијална употреба и не смее да се користи надвор од наменетата употреба.
• Производот може да се користи само за перење и плакнење алишта што се соодветно обележени.
• Производителот ги отфрла сите одговорности што произлегуваат од неправилна употреба и транспорт.
1.3 Безбедност на децата
• Материјалот од пакувањето е опасен за децата. Чувајте го на безбедно место и подалеку од дофатот на децата.
• Електричните производи се опасни за децата. Држете ги децата подалеку од производот додека работи. Не дозволувајте им да
3 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
играат со производот. Користете ја функцијата за заштита за деца за да ги спречите да си играат со производот.
• Не заборавајте да ја затворите вратата за полнење кога ја напуштате просторијата каде е сместен производот.
• Чувајте ги сите детергенти и адитиви на безбедно место, подалеку од дофат на деца на тој начин што ќе го затворите капакот на садот во кој го чувате детергентот или ќе го залепите пакувањето со детергент.
Стаклената врата за полнење станува многу врела кога перете алишта на висока температура. Затоа, држете ги особено децата подалеку од вратата на машината додека перете.
1.4 Информации за пакувањето
• Пакувањето се произведува од рециклирачки материјали во согласност со одредбите за заштита на животната средина на државно ниво. Не фрлајте го материјалот за пакување заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центрите за собирање материјали за пакување коишто ги посочуваат локалните овластени тела.
1.5 Фрлање на производот во отпад
• Овој производ е произведен од делови и материјали со висок квалитет коишто може повторно да се употребат и се соодветни за рециклирање. Затоа, не фрлајте го производот заедно со домашниот отпад кога веќе не може да се користи. Однесете го собирен центар за рециклирање електрична и електронска опрема. Консултирајте се со локалните овластени тела за да дознаете каде е најблискиот собирен центар. Помогнете при заштита на животната средина и природните ресурси со тоа што ќе ги рециклирате искористените производи. Исечете го кабелот за напојување и скршете го механизмот за заклучување на вратата за да не може да работи пред да го фрлите производот за да ги заштитите децата.
1.6 Усогласеност со законот на ЕУ - WEEE
Овој производ е во согласност со Директивата на ЕУ за отпад од електронска и електрична опрема (WEEE) (2012/19/EU). Овој производ го носи симболот за класификација на отпад од електрична и електронска опрема (WEEE). Овој производ е произведен со многу квалитетни делови и материјали коишто може повторно да се употребат и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го стариот
производот заедно со домашниот отпад и со други видови отпад на крајот на неговиот животен век. Однесете го собирен центар за рециклирање електрична и електронска опрема.
4 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
Консултирајте се со вашите локални власти за да дознаете повеќе за овие собирни центри.
Усогласеност со Директивата за ограничување на опасни супстанции (RoHS):
Производ што го купивте е во согласност со Директивата на ЕУ за ограничување на опасни супстанции (RoHS) (2011/65/EУ). Не содржи опасни и забранети материјали наведени во Директивата.
2 Монтирање
Обратете се на најблискиот овластен сервисер за инсталација на производот. Погледнете ги информациите во упатството за корисникот и проверете дали струјата, доводот за вода и системот за испуштање вода се соодветни за да го подготвите производот за работа и пред да го повикате овластениот сервисер. Ако нема соодветни услови, повикајте квалификуван техничар и водоводџија за да ги завршат неопходните подготовки.
2.2 Вадење на потпорите во пакувањето
Закосете ја машината наназад за да ги извадите потпорите во пакувањето. Отстранете ги потпорите во пакувањето со извлекување на лентата.
CИНФОРМАЦИИ
Подготовката на локацијата и инсталацијата на струјата, водата и одводот на местото за инсталација се одговорност на потрошувачот.
Проверете дали доводот за вода, одводните црева и електричниот кабел се превиткани, престапнати или притиснати кога го буткате производот на своето место по инсталацијата или чистењето.
BПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Инсталацијата и електричните поврзувања на производот мора да ги спроведе овластен сервисер. Производителот нема да биде одговорен за штети што би се појавиле од постапки што ги спровеле неовластени лица.
AПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред инсталацијата, проверете визуелно дали производот има дефекти. Ако има, не инсталирајте го. Оштетените производи претставуваат ризик за безбедноста.
2.1 Соодветна локација за монтирање
• Поставете ја машината на цврст под. Не
ставајте ја на волнени прекривки или слични површини.
• Вкупната тежина на машината за перење и на
сушалната - со целосно оптоварување - кога се поставени една врз друга, достигнува околу 180 килограми. Ставете го производот на цврст и рамен под што има задоволителен капацитет на носивост!
• Не ставајте го производот врз кабелот за струја.
• Не монтирајте го производот на места каде
температурата може да падне под 0 °C.
• Ставете го производот најмалку 1 cm оддалечен
од рабовите на друг мебел.
2.3 Вадење на транспортните брави
AПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не вадете ги транспортните брави пред да ги извадите потпорите во пакувањето.
Извадете ги навртките за безбеден транспорт пред да ја вклучите машината! Инаку, производот ќе се оштети.
Разлабавувајте ги шрафовите со соодветен клуч с° додека не започнат да ротираат слободно (С). Извадете ги навртките за безбеден транспорт со тоа што ќе ги одвртите внимателно. Поставете ги пластичните капаци што се доставени во вреќичка со Упатството за корисникот во отворите на задниот панел. (P)
CИНФОРМАЦИИ
Чувајте ги навртките за безбеден транспорт на сигурно место ако треба повторно да ги употребите кога машината за перење ќе треба да се премести.
Никогаш не поместувајте го уредот без правилно поставени навртки за безбеден транспорт!
5 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
2.4 Поврзување на доводот за вода
CИНФОРМАЦИИ
Притисокот на водата од доводот што е потребен за да работи машината мора да биде меѓу 1-10 бари (0.1 – 1 MPa). Неопходно е најмалку 10-80 литри вода да течат од целосно отворената славина во една минута за да работи машината без проблеми. Додајте вентил за намалување на притисокот, ако е повисок.
Ако користите двоен довод на вода како единична единица за ладна доводна вода, мора да поставите стопер којшто е доставен со машината за вентилот за топла вода. (Се однесува за производите кои што се доставуваат со група слепи стопери).
Ако сакате да ги користите двата доводи за вода на производот, може да го поврзете цревото за топла вода по вадење на стоперот и групата со дихтунзи од вентилот за топла вода. (Се однесува за производите кои што се доставуваат со група слепи стопери).
2.5 Поврзување за одвод
• Крајот на цревото за одвод мора директно да се поврзе со одвод за отпадна вода или со мијалник.
AПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не вадете ги транспортните брави пред да ги извадите потпорите во пакувањето.
• Цревото мора да се прицврсти на висина од најмалку 40 cm, а најмногу од 100 cm.
• Во случај кога цревото се подига по поставувањето на ниво на под или близу до подот (помалку од 40 cm над подот), исфрлањето на водата се отежнува и алиштата ќе бидат повлажни. Затоа, следете ги висините што се посочени на сликата.
AПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Моделите со единичен довод за вода не треба да се поврзуваат со славина за топла вода. Во тој случај, алиштата ќе се оштетат или производот ќе се префрли во заштитен режим и нема да работи.
Не користете стари или користени црева за довод на вода со новиот производ. Може да се предизвика флекање на алиштата.
Поврзете ги специјалните црева што се доставуваат со машината со вентилите за довод на вода на машината. Црвеното црево (лево) (макс. 90 °C) е за довод на топла вода, синото црево (десно) (25 °C) е за довод на ладна вода.
AПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Проверете дали приклучоците за топла и ладна вода се правилно поставени кога се инсталира машината. Инаку, алиштата ќе бидат врели по перењето и излитени.
Затегнете ги сите навртки на цревата со рака. Никогаш не користете клуч при нивно затегнување. Отворете ги славините докрај по поставување на цревата за да проверите дали протекува вода на точките на поврзување. Ако има протекување, затворете ја славината и извадете ја навртката. Затегнете ја одново внимателно по проверка на заштитата. Затворајте ги славините кога не ја користите машината за да спречите протекување на водата и оштетувања.
100cm
40cm
• За да спречите нечистата вода да се враќа во машината и за да обезбедите лесно испуштање, не потопувајте го крајот на цревото во нечиста вода и не внесувајте го во одводот повеќе од 15 cm. Ако е многу долго, скратете го.
• Крајот на цревото не смее да биде превиткано, нагазено ниту притиснато меѓу одводот и машината.
• Ако должината на цревото е многу кратка, додајте оригинално црево за продолжување. Должината на цревото не смее да биде поголема од 3,2 m. За да избегнете дефекти од протекување на вода, врската меѓу цревото за продолжување и одводното црево на производот мора да биде добро направена, со соодветни стегачи за да не се раздвојат и да не протекува.
2.6 Прилагодување на ногалките
AПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се обезбеди производот да работи тивко и без вибрации, тој мора да стои рамно и избалансирано на ногарките. Наместете ја машината со прилагодување на ногарките. Инаку, производот може да се поместува и да предизвика кршење и вибрации.
Рачно разлабавете ги завртените навртки на ногарките. Прилагодувајте ги ногарките додека производот не застане рамно и стабилно. Затегнете ги сите навртки со рака.
6 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
AПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не користете алати за да ги разлабавите завртените навртки. Инаку, ќе се оштетат.
2.7 Поврзување на електриката
Поврзете го производот за заземјен приклучок, заштитен со осигурувач според вредностите во табелата „Технички спецификации“. Нашата компанија нема да биде одговорна за какви било оштетувања што ќе се појават ако производот се користел без заземјување во согласност со локалните регулативи.
• Поврзувањето мора да биде усогласено со државните регулативи.
• Приклучокот за ел. енергија мора да биде на дофат по монтирањето.
• Напонот и дозволената заштита на осигурувачите се дадени во поглавјето „Технички спецификации“. Ако вредноста на осигурувачот во куќата е помалку од 16 ампери, повикајте квалификуван електричар да постави осигурувач од 16 ампери.
• Дадениот напон мора да биде еднаков на напонот во штекерот.
• Не поврзувајте преку продолжени кабли или повеќенаменски приклучоци.
BПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Оштетените кабли за струја мора да ги замени овластен сервисер.
2.8 Прва употреба
Пред да го вклучите производот, проверете дали сите подготовки се направени во согласност со упатствата во поглавјата „Важни безбедносни упатства“ и „Инсталација“. Прво вклучете ја програмата за Памук-90 за да ја подготвите машината за перење алишта. Пред да ја вклучите програмата, ставете макс. 100 g прашок против бигор во преградата за главно перење (преграда бр. II). Ако средството против бигор е во форма на таблета, ставете една во одделот бр. II. Исушете ја внатрешноста на барабанот со чиста крпа кога ќе заврши програмата.
CИНФОРМАЦИИ
Користете средство против бигор што е соодветно за машини за перење.
Останала малку вода во машината заради процесот за контрола на квалитетот во производството. Не е штетно за производот.
2.9 Фрлање на материјалот
од пакувањето
Материјалот од пакувањето е опасен за децата. Чувајте го на безбедно место и подалеку од дофатот на децата. Пакувањето се произведува од рециклирачки материјали. Фрлете го правилно и сортирајте го во согласност со упатствата за рециклирање отпад. Не фрлајте го заедно со домашниот отпад.
2.10 Транспорт на производот
Исклучете го производот од струја пред транспортот. Извадете ги поврзувањата за цревата за довод и одвод на вода. Испуштете ја докрај преостанатата вода. Видете „Испуштање на преостаната вода и чистење на филтерот за пумпата“. Поставете ги безбедносните шрафови за транспорт по обратен редослед од постапката за вадење. Видете „Вадење на транспортните шрафови“.
CИНФОРМАЦИИ
Никогаш не поместувајте го уредот без правилно поставени навртки за безбеден транспорт!
2.11 Фрлање на стариот производ
Фрлете го стариот производ внимавајќи на заштитата на животната средина. Обратете се кај локалниот застапник или во центарот за собирање цврст отпад во вашата област за да дознаете како да го фрлите производот. За да ги заштитите децата, исечете го кабелот за напојување и скршете го механизмот за заклучување на вратата за да не може да работи пред да го фрлите производот.
3 Подготовка
3.1 Работи што треба да се направа за заштеда на ел. енергија
Следниве информации ќе ви помогнат да го користите производот на еколошки и штедлив начин.
• Вклучувајте го производот со најголемиот капацитет што го дозволува избраната програма, но не преполнувајте го. Видете „Табела за програми и потрошувачка“.
• Секогаш следете ги упатствата на пакувањето на детергентот.
• Перете ги малку извалканите алишта на ниски температури.
• Користете побрзи програми за мали количина на малку извалкани алишта.
• Не користете високи температури за алишта што не се многу валкани или исфлекани.
• Не користете повеќе детергент од количината што се препорачува на пакувањето на детергентот.
3.2 Сортирање на алиштата
• Сортирајте ги алиштата според видот ткаенината, бојата и степенот на извалканост, и дозволената температура на водата.
• Секогаш почитувајте ги упатствата што се дадени на етикетите на облеката.
3.3 Подготовка на алиштата за перење
• Алиштата со метални предмети како што се шноли, копчиња на каиши и метални копчиња ќе ја оштетат машината. Тргнете ги металните делови или перете ги алиштата ставени во вреќичка за перење или во навлака за перница.
• Извадете ги сите предмети од џебовите, како што се монети, пенкала или спојувалки, превртете ги џебовите надвор и исчеткајте ги. Таквите предмети може да го оштетат производот и да предизвикуваат проблем со
7 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
бучава.
• Ставете ги малите алишта, како што се бебешките чорапчиња или најлонските чорапи во вреќичка за перење или во навлака за перница.
• Ставете ги завесите внатре без да ги притискате. Извадете ги деловите за закачување на завесите.
• Закопчајте ги патентите, зашијте ги разлабавените копчиња и искинатите делови на алиштата.
• Перете ги производите со етикети „може да се пере во машина“ или „рачно перење“ само на соодветна програма.
• Не перете обоени и бели алишта заедно. Нови, темно обоени памучни ткаенини може да испуштат многу боја. Исперете ги засебно.
• Тврдокорните дамки мора да се третираат соодветно пред перење. Ако не сте сигурни, прашајте некој во хемиско чистење.
• Користете само разменувачи на бои и отстранувачи на бигор соодветни за машини за перење. Секогаш следете ги упатствата на пакувањето.
• Перете ги пантолоните и деликатните алишта превртени наопаку.
• Чувајте ги алиштата од ангорска волна во замрзнувач неколку часа пред перење. Така ќе се намали литењето.
Алиштата на коишто има материјали како брашно,
прашина од бигор, млеко во прав, итн. мора прво да се истресат пред да се стават во машината. Таквиот прав на алиштата може со време да се налепи на внатрешните делови на машината и да предизвика оштетувања.
3.4 Правилен капацитет на полнење
Максималниот капацитет за полнење зависи од видот на алиштата, степенот на извалканост и саканата програма за перење. Машината автоматски ја прилагодува количината вода во согласност со тежината на ставените алишта.
AПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Следете ги информациите во „Табелата за програми и потрошувачка“. Кога машината е преоптоварена, резултатите од перењето може да опаднат. Понатаму, може да се појават проблеми со бучава и вибрации.
Видовите алишта и нивната просечна тежина во следната табела се дадени како пример.
Вид на алишта за
перење Бањарка 1200 Навлака за јорган 700 Креветски чаршав 500 Навлака за перница 200 Чаршав за маса 250 Крпа 200 Машка кошула 200
Тежина (г)
3.5 Полнење со алишта
Отворете ја вратата за полнење. Ставете ги алиштата слободно во машината. Притиснете ја врата за да се затвори. Треба да слушнете звук на заклучување. Проверете дали некое парче од облеката се зафатило за вратата.
CИНФОРМАЦИИ
Вратата за полнење е заклучена додека работи програма. Вратата може да се отвори само по извесно време откако ќе заврши програмата.
AПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во случај на погрешно ставени алишта, се појавуваат проблеми со бучава и вибрации во машината.
3.6 Користење детергент и омекнувач
Фиока за детергент
Фиоката за детергент се состои од три дела: – (1) за претперење – (2) за главно перење – (3) за омекнувач – (*) понатаму, има и дел со сифон во одделот за омекнувачот.
3
2
Детергент, омекнувач и други средства за чистење
• Додајте детергент и омекнувач пред да ја вклучите програмата за перење.
• Никогаш не отворајте ја фиоката за детергент додека работи програмата за перење!
• Кога користите програма без претперење, не ставајте детергент во преградата за претперење (преграда бр. 1).
• Кога користите програма со претперење, не ставајте течен детергент во преградата за претперење (преграда бр. 1).
• Не избирајте програма со претперење ако користите вреќичка или топка со детергент. Ставете ги топката или вреќичката со детергент директно меѓу алиштата во машината.
• Ако користите течен детергент, не заборавајте да ставите капаче со течен детергент во преградата за главно перење (преграда бр. 2).
3.7 Избор на вид детергент
Видот детергент што ќе се користи зависи од видот и бојата на ткаенините.
• Користете различни детергенти за обоени и бели алишта.
• Перете ги деликатните алишта само со специјални детергенти (течен детергент, шампон за волна, итн.) што се користат само за деликатни алишта.
• Се препорачува употреба на течен детергент за перење темно обоени алишта или прекривки.
1
8 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
• Перете волна со специјални детергенти изработени специјално за волна.
AПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само детергенти што се специфично произведени за автоматски машини за перење.
Не користете сапун во прав.
3.8 Прилагодување на
количината детергент
Количината на детергентот за перење што треба да се употреби зависи од количината на алиштата за перење, степенот на извалканост и тврдоста на водата. Прочитајте ги упатствата на производителот на пакувањето на детергентот внимателно и следете ги вредностите за дозирање.
• Не користете количини коишто ги надминуваат количините за дозирање што се препорачани на пакувањето за да избегнете проблеми со прекумерна пена, лошо плакнење, а исто така и заради финансиски заштеди и конечно, заради заштита на животната средина.
• Користете помалку детергент за мали количини или малку извалкани алишта.
• Користете концентрирани детергенти во препорачаната доза.
3.9 Употреба на омекнувачи
Истурете омекнувач во одделот за омекнувач во фиоката за детергент.
• Користете ги препорачаните дози на пакувањето.
• Не надминувајте го нивото (>max<) што е означено во преградата за омекнувачот.
• Ако омекнувачот ја загубил течната состојба, растворете го со вода пред да го ставите во фиоката за детергент.
Употреба на избелувачи
• Изберете програма со претперење и додајте агенс за избелување на почетокот на претперењето. Не ставајте детергент во одделот за предперење.
• Не користете агенси за избелување и детергент заедно.
• Употребете само мала количина (околу 50 ml) на агенс за белење и исплакнете ги алиштата многу добро бидејќи може да се предизвика иритација на кожата. Не ставајте избелувач на алиштата и користете го за обоени алишта.
• Кога користите оксигенски агенси за белење, следете ги упатствата на пакувањето и изберете програма што пере на пониска температура.
• Оксигенските агенси за белење може да се користат заедно со детергент. Сепак, ако густината не е иста со онаа на детергентот, ставете прво детергент во преградата за детергент бр. "II" во фиоката за детергент и почекајте додека детергентот не истече кога машината зема вода. Додајте го избелувачот во истиот оддел додека машината уште зема вода.
Употреба на отстранувач на бигор
• Ако е потребно, користете отстранувачи на бигор што се специјално произведени само за машини за перење.
• Секогаш следете ги упатствата на пакувањето.
9 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
3.10 Совети за ефикасно перење
Светли бои и бели
алишта
(Препорачан опсег на температура врз основа на нивото на извалканост: 40-90 °C)
Можеби ќе треба да ги третирате дамките пред да ги ставите на перење или да вклучите и предперење.
Многу извалкани
(тврдокорни дамки како масло, кафе, овошје и крв.)
Нормално извалкани
(На пример дамки од телото
Ниво на извалканост
на јаките и на манжетните)
Малку извалкани
(Нема видливи дамки.)
Детергентите во прашок и течните детергенти што се препорачуваат за бели алишта може да се користат во дози што се препорачани за многу извалкани алишта. Се препорачува да се користат детергенти во прашок за да се исчистат дамки од глина и земја и за дамки што се осетливи на избелувачи.
Детергентите во прашок и течните детергенти што се препорачуваат за бели алишта може да се користат во дози што се препорачани за нормално извалкани алишта.
Детергентите во прашок и течните детергенти што се препорачуваат за бели алишта може да се користат во дози што се препорачани за малку извалкани алишта.
Алишта
Бои Темни бои
(Препорачан опсег на температура врз основа на нивото на извалканост: ладно ­40 °C)
Детергентите во прашок и течните детергенти што се препорачуваат за алишта во боја може да се користат во дози што се препорачани за многу извалкани алишта. Се препорачува да се користат детергенти во прашок за да се исчистат дамки од глина и земја и за дамки што се осетливи на избелувачи. Користете детергенти без избелувач.
Детергентите во прашок и течните детергенти што се препорачуваат за алишта во боја може да се користат во дози што се препорачани за нормално извалкани алишта. Користете детергенти без избелувач.
Детергентите во прашок и течните детергенти што се препорачуваат за алишта во боја може да се користат во дози што се препорачани за малку извалкани алишта. Користете детергенти без избелувач.
(Препорачан опсег на температура врз основа на нивото на извалканост: ладно - 40 °C)
Течните детергенти што се препорачуваат за алишта во боја и темни алишта може да се користат во дози што се препорачани за многу извалкани алишта.
Течните детергенти што се препорачуваат за алишта во боја и темни алишта може да се користат во дози што се препорачани за нормално извалкани алишта.
Течните детергенти што се препорачуваат за алишта во боја и темни алишта може да се користат во дози што се препорачани за малку извалкани алишта.
Деликатни
алишта / волна
/ свила
(Препорачан опсег на температура врз основа на нивото на извалканост: ладно - 30 °C
Претпочитајте течни детергенти што се произведени за деликатни алишта. Волнените и свилените алишта мора да се перат со специјални детергенти за волна.
Претпочитајте течни детергенти што се произведени за деликатни алишта. Волнените и свилените алишта мора да се перат со специјални детергенти за волна.
Претпочитајте течни детергенти што се произведени за деликатни алишта. Волнените и свилените алишта мора да се перат со специјални детергенти за волна.
10 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
4 Ракување со производот
4.1 Контролен панел
1 - Регулатор за избор на
програма (најгорна позиција вклучување/исклучување)
2 - Индикатор за отворена
врата
3 - Индикатор за следење на
програмата
4 - Копче за вклучување /
паузирање
5 - Копче за прилагодување
на брзината на центрифугата
4.2 Подготовка на машината
Проверете дали цревата се цврсто поврзани. Вклучете ја машината во струја. Отворете ја славината докрај. Ставете ги алиштата во машината. Ставете детергент и омекнувач за ткаенини.
Избор на програма
Изберете ја програмата што е соодветна за видот, количината и степенот на извалканост на алиштата во согласност со „Табелата за програми и потрошувачка“ и табелата за температури што се прикажани подолу. Изберете ја саканата програма со копчето за избор на програма.
Многу извалкани, бели памучни
900C
60
40 30 ладно
алишта и постелнина. (прекривки за масички, чаршави за маси, крпи, креветски чаршави, итн.)
Нормално извалкани памучни алишта во боја што не избледува или
0
C
синтетички алишта (кошули, ноќници, пижами, итн.) и малку извалкана бела постелнина (долен веш, итн.)
0
C-
Мешани алишта, вклучително и
0
C-
деликатен текстил (завеси, итн.), синтетика и волна.
CИНФОРМАЦИИ
Употреба на програмите со средства против бигор се лимитирани со најголема брзина на вртежи, соодветно за дадениот вид текстил и пригодни за машините за перење.
При избор на програма, секогаш земајте ги во предвид видот ткаенина, бојата, степенот на извалканост и дозволената температура на водата.
Видете ја „Табелата за програми и потрошувачка“ за повеќе детали околу програмите.
4.3 Главни програми
Користете ги следните главни програми во зависност од видот ткаенина.
1
• Памук
Користете ја оваа програма за памучни алишта (како што се креветски чаршави, јоргански навлаки и навлаки за перници, крпи, бањарки, долен веш, итн.). Алиштата ќе се исперат со жестоки движења во подолг циклус на перење.
• Синтетика
Користете ја оваа програма за перење алишта со синтетика (кошули, блузи, мешано синтетика / памук, итн.). Пере со благи движења и има пократок циклус на перење споредено со програмата за памук. За завеси и тул, користете ја програмата Синтетика 40 ставајќи мала количина на детергент во одделот за главно перење бидејќи нивната мрежеста структура создава прекумерно пенење. Не ставајте детергент во одделот за предперење.
• Волна
Користете ја оваа програма за перење волнени алишта. Изберете ја соодветната температура што е посочена на етикетата на алиштата. Употребете соодветен детергент за волна.
0
C. Перете ги завесите / тулот
4.4 Дополнителни програми
Достапни се и дополнителни програми на машината за специјални случаи.
CИНФОРМАЦИИ
Дополнителните програми може да се разликуваат во зависност од моделот на машината.
• Памук економично
Користете ја оваа програма за перење на алиштата што се перат со програмата за памук подолго време, но сепак со добри штедливи резултати.
CИНФОРМАЦИИ
Економичната програма за памук троши помалку ел. енергија споредено со другите програми за памук.
2
3
4
5
11 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
• Деликатно
Користете ја оваа програма за перење деликатни алишта. Пере со нежни движења без какво било посредно центрифугирање споредено со програмата за синтетика.
• Рачно перење
Користете ја оваа програма за перење волнени / деликатни алишта што ја носат етикетата „да не се пере во машина“ и за кои се препорачува рачно перење. Алиштата се перат со многу благи движења за да не се оштетат.
• Mini
Користете ја оваа програма за перење малку извалкани алишта за кратко време.
• Предперење
Изберете ја оваа програма само за многу извалкани памучни алишта.
CИНФОРМАЦИИ
Кога не користите програма со предперење, штедите ел. енергија, вода, детергент и време.
4.5 Специјални програми
Изберете некоја од следниве програми за специфични примени.
• Плакнење
Користете ја оваа програма кога сакате да плакнете или да штиркате засебно.
• Вртежи + испуштање вода
Користете ја оваа програма за примена на дополнителен циклус на центрифугирање на алиштата или за испуштање на водата од машината.
4.6 Избор на брзина на центрифугата
Секогаш кога ќе се избере нова програма, максималниот број вртежи на центрифугата за избраната програма се прикажува на индикаторот за број на вртежи. За намалување на бројот на вртежите, притиснете го копчето за прилагодување на вртежите на центрифугата. Брзината на вртежите се намалува постепено. Потоа, во зависност од моделот на производот, опциите за „задржано плакнење“ и „без центрифуга“ се појавуваат кај лед-индикаторот за брзина на центрифугата.
4.7 Задржано плакнење
Ако нема да ги вадите алиштата веднаш откако ќе заврши програмата, може да ја употребите функцијата за плакнење за да ги чувате алиштата во последната вода за плакнење за да се спречи гужвање кога нема вода во машината. При чекорот за одложено плакнење, машината ќе влезе во режим за пауза и лед-сијаличката за „вклучување/паузирање“ ќе трепка. При чекорот за одложено плакнење, притиснете го копчето за „вклучување/паузирање“ ако сакате да ја испуштите водата без да ги центрифугирате алиштата. Програмата ќе продолжи и ќе се комплетира по испуштањето на водата. Ако сакате да ги центрифугирате алиштата што ги држите во водата, изберете ја брзината на центрифугата и притиснете го копчето за „вклучување / паузирање“. Програмата продолжува со работа, водата ќе се испушти, алиштата ќе се центрифугираат и потоа програмата ќе заврши.
CИНФОРМАЦИИ
Изберете ја програмата со вртење+пумпа и притиснете го копчето за „вклучување/ паузирање“ ако сакате да ја исцедите водата без центрифугирање на алиштата. Машината ќе се префрли во постапката за центрифуга штом ќе ја комплетира постапката на дадената програма. Притиснете го копчето за вклучување/паузирање за да ја застанете машината штом ќе видите дека барабанот се врти. Потоа, откажете ја програмата со вртење на регулаторот за избор на програмата во која било позиција.
Перење темни
12 / MK
Перење темни
алишта
Испуштање Без гужвање Крај
Дневно
експресно
(Мини)
Мешано 40 Супер 40
алишта
Одложено плакнење
Синтетика Памук Предперење Главно
(Прекривки)
Старт /
пауза
Дополнително
плакнење
Заштита за
Рачно перење Грижа за бебиња
деца
Без вртење Брзо перење Завршено Ладно
Освежување
Кошули Тексас Спортска облека
перење
(BabyProtect)
експресно
Чистење на барабанот
Деликатни
ткаенини
Дневно
Долен веш
mini 30
Еколошки чисто
(Eco Clean)
Отстранување
влакна од
галеничиња
Подготвена
врата
Вклучено /
исклучено
Плакнење Перење Центрифуга
Памук -
Волна
Температура
Одложено
вклучување
Експресно 14 Супер-кратко
Интензивно
економично
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
Fasihoncare
Loading...
+ 28 hidden pages