Безбедност и употреба......
Пред првото користење на телефонот внимателно прочитајте го ова поглавје.
Производителот не презема никаква одговорност за штета направена заради
неправилно користење и/или користење коешто не е во согласност со овде
наведеното упатство.
• СИГУРНОСНИ МЕРКИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ ВО ВОЗИЛО:
Имајќи во предвид дека според последните научни сознанија користењето на
телефонот при возење е мошне опасно, дури и ако возачот користи Handsfree
комплет (авто комплет, слушалки...), Ви препорачуваме да не телефонирате
додека возите и да го користите телефонот само кога возилото е паркирано.
Кога телефонот е вклучен, тој испраќа бранови коишто може да ја растројат
нормалната работа на електронските системи во автомобилот, како што се АВС
системот за кочење, воздушните перничиња (Airbag) итн. За да се намали тоа
влијание:
- не оставајте го никогаш телефонот на командно-сигналната табла или во
зоната на отворање на воздушните перничиња,
- информирајте се кај производителот или кај продавачот на автомобилот дали
електронските системи на автомобилот се добро изолирани.
• УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ:
Ви советуваме повремено да го исклучите телефонот заради оптимизирање на
неговите работни можности.
Исклучете го телефонот пред влегување во авион.
Против корисникот кој не се придржува кон тоа може да бидат преземени
законски мерки.
Исклучете го Вашиот телефон ако се наоѓате во болнички круг, освен
евентуално во за тоа наменета зона. Како и кај некои други апарати, мобилните
телефони може да влијаат врз работата на електричните и електронските
системи, како и на инсталациите коишто користат радио-фреквенции.
Исклучете го телефонот кога се наоѓате во близина на гас или на други запаливи
материи. Придржувајте се кон правилата за користење на телефонот на
бензинските пумпи, индустриските хемиски објекти и на сите места каде
постои опасност од експлозија.
Кога телефонот е вклучен,треба да се оддалечи барем 15 см од медицинското
помагало (пејсмејкер, апарат за лица со оштетен слух, инсулинска пумпа...).
Посебно при одговарање на телефонски повик, телефонот ставете го на увото
од спротивната страна од онаа на којашто се наоѓа пејсмејкерот или апаратот,
ако за спротивното уво не користите такво помагало.
За да се избегне опасноста од оштетување на слухот, одговорете на повикот
дури телефонот е сеуште оддалечен од увото. Оддалечете го телефонот од
Вашето уво додека опцијата “Handsfree” е вклучена затоа што големата
гласност може да го оштети Вашиот слух.
Не им дозволувајте на децата да го користат Вашиот телефон без надгледување.
Бидете внимателни кога ја заменувате маската:Вашиот телефон содржи материи
коишто можат да предизвикаат алергија.
Внимателно ракувајте со Вашиот телефон и чувајте го на чисто место,заштитено
од прашина.
Не изложувајте го Вашиот телефон на неповолни услови (влага, дожд,
потопување во течности, прашина,морски воздух, итн...). Оптималната работна
температура којашто ја препорачува производителот е помеѓу -20° С и +55° С.
Над 55° С читливоста на екранот може да биде помала; таквата промена е
привремена и не е опасна.
Броевите на службата за брзи интервенции не може да се добијат со сите
мобилни мрежи. Не сметајте никогаш само на Вашиот мобилен телефон за
повикување на службата за брзи интервенции.
Не отворајте го и не раздвојувајте го телефонот и не обидувајте се сам да го
поправите.
Избегнете секакво паѓање, фрлање или превиткување на Вашиот телефон.
Избегнете го боењето на телефонот.
Користете го Вашиот телефон само со батерии,полнач и дополнителна опрема
во производство на Alcatel, а коишто се компатибилни со Вашиот модел на
телефон. Во спротивен случај TCT Mobile Limited и неговите филијали не
преземаат одговорност за каква и да е штета.
Не фрлајте го Вашиот телефон во обично ѓубре. Ако повеќе не го користите,
Вашиот телефон фрлете го во согласност со законската регулатива за
електронски отпад.
Копирајте ги надвор од телефонот сите важни податоци коишто сте ги
меморирале во телефонот.
Некои лица можат да имаат предиспозиција за епилептични кризи или губење
свест кога се изложени на испрекинато (флеш) светло, а посебно во случај на
играње со видео игри. Овие кризи и губење свест може да се појават и кај лица
коишто дотогаш немале таков проблем. Ако Вие или член на Вашето семејство
веќе сте имале таква криза или губење свест, побарајте совет кај Вашиот лекар
пред користењето на видео игрите на Вашиот телефон или на функцијата со
испрекинато светло.Им се советува на родителите да бидат со децата додека тие
ги користат игрите на телефонот или неговите функции со светлосни стимулации.
Сите лица кај коишто ќе се појави еден од следниве симптоми : конвулзии,очни
и мускулни грчеви, губење свест, неконтролирани движења или дезориентација
мора да престанат со играњето и да ги исклучат светлосните стимулации на
телефонот, а потоа да одат на лекарски преглед. За да се избегне евентуалното
јавување на овие симптоми:
- не користете ги игрите и исклучете ги светлосните стимулации на телефонот
кога сте уморни или ненаспани,
- паузирајте барем 15 мин. по секој час играње,
- играјте во добро осветлена просторија,
- оддалечете се од екранот на доволно растојание,
- прекинете со играње ако Ви се вкочи дланката, рачниот зглоб или раката, а
потоа паузирајте барем неколку часа,
- ако делот остане вкочен за време или по играта, прекинете со играњето и
одете на лекарски преглед.
Кога ги користите игрите на Вашиот телефон, понекогаш може да
почувствувате неугодност во рацете и рамењата, на вратот или во друг дел на
телото. За да се избегне тендинитис, синдромот на карпален тунел или други
проблеми на мускуло-скелетниот систем.
4) заради незгода или како последица на кражба, вандализам, гром, пожар,
влага, продирање на течности или невреме,
5) поради поврзување или вградување на материјалот во инсталации кои не ги
испорачале или препорачале TCT Mobile Limited или неговите филијали,
освен доколку тоа тие писмено го одобриле,
6) заради прилагодување или поправка кои се изведени од лице неовластено
од страна на TCT Mobile Limited или неговите филијали, на добавувачот или
на сервисниот центар,
7) заради употреба на материјалот со различна намена од онаа која ја
пропишал производителот,
8) заради природно абење на материјалот,
9) заради неправилно функционирање како последица на надворешни фактори
(електрични пореметувања предизвикани поради функционирањето на
друга инсталација, промена на напонот на електричната и/или телефонската
мрежа),
10) заради променa или прилагодување на материјалот, дури и ако е тоа
неопходно заради промена на законските прописи и / или промена на
параметрите на мрежата,
11) при неуспешно поврзување како последица на лош пренос на радио
брановите или доколку мрежата не ја покрива зоната.
Согласно со важечката законска регулатива,Вашиот телефон има гаранција против
сите скриени (концепциски или фабрички) недостатоци.
Оваа отпечатена ограничена гаранција ги исклучува сите останати експлицитни
или имплицитни гаранции во кој и да е облик.
TCT Mobile Limited или неговите филијали не преземаат никаква одговорност за
директна или индиректна штета од каква и да е природа, а помеѓу останатото
за претрпен губиток и за незаработена сума, ако нема законска основа за
корисникот да се повика на тие мотиви. Во некои земји или федерални
единици, исклучувањето или ограничавањето на директни или индиректни
штети или ограничавањето на траењето на имплицитните гаранции не е
дозволено. Во тој случај, тие ограничувања и исклучувања можеби не се
однесуваат на Вас.
Проблеми и решенија ........
Пред да ја контактирате службата за грижа за корисниците, Ви
советуваме да се придржувате кон следниве упатства:
• За да ги оптимизирате работните можности на телефонот,
исклучете го повремено.
• Заради оптимална работа, Ви советуваме да ја наполните
потполно батеријата ( ).
• Не меморирајте премногу податоци во меморијата на
телефонот за да ги зачувате максималните работни можности.
и да ги извршите следниве проверки:
Не можам да го вклучам телефонот
• Притиснете врз копчето се додека не се појави екранот
• Проверете дали батеријата е наполнета
• Проверете дали батеријата на телефонот е правилно наместена.
Извадете ја, а потоа повторно ставете ја и вклучете го Вашиот
телефон
Телефонот е од пред повеќе минути во неактивна
состојба
• Притиснете врз копчето
• Извадете ја батеријата, а потоа повторно наместете ја и вклучете
го Вашиот телефон
Читливоста на екранот е недоволна
• Исчистете го екранот на Вашиот телефон
• Користете го Вашиот телефон во услови коишто ги препорачува
производителот
Телефонот се исклучува самиот
• Кога не го користите Вашиот телефон, проверете дали Вашата
тастатура е блокирана
• Проверете дали батеријата е наполнета
• Проверете да не сте ја вклучиле функцијата “
Автом. искл.”
• ПОЛНАЧИ:
Оптималната работна температура за полначите коишто се приклучуваат на
домашната мрежа на двонасочна струја е помеѓу 0 и 40° С. Полначите на
Вашиот телефон одговараат во потполност на стандардите за сигурност на
производите за обработка на податоци и канцелариска опрема и се користат
единствено за таа намена.
ЗАБЕЛЕШКА: Вашиот мобилен телефон не може да се полни со полнач што ја
користи USB врската на компјутерот. Користете само препорачани полначи за
полнење на Вашиот телефон.
• ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ БРАНОВИ:
Признаницата за соодветност според меѓународните препораки (ICNIRP) или
европската одредба 1999/5/ЕС (R&ТТЕ) е услов за ставање во промет на сите
мобилни телефони. Заштитата на човековото здравје и јавната безбедност се
основни елементи на овие меѓународни препораки и европска одредба.
ОВОЈ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН Е ВО СОГЛАСНОСТ СО МЕЃУНАРОДНИТЕ И
ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО ЗРАЧЕЊЕ.
Вашиот мобилен телефон е радио примопредавател. Производителот на
телефонот ги запази праговите на изложување на радио-фреквенции (РФ)
утврдени со меѓународните препораки (ICNIRP)
(1)
и од страна на Советот на
Европската Унија (препорака 1999/519/ЕС)
(2)
.
Тие прагови се дел од поголем број на препораки и документи коишто го
утврдуваат дозволеното ниво на јачина на радио-фреквенциите за целокупното
население. Нивните вредности ги одредија екипи на независни специјалисти
врз основа на редовни и детални научни испитувања. Граничните вредности
подразбираат голема сигурносна маржа со цел сите лица да бидат заштитени,
без разлика на возраста или здравствената состојба.
Основниот критериум за изложување на електромагнетните бранови од
мобилните телефони е познат под името Специфичен проток на апсорпција
или ”SAR” (скратено од англискиот израз ”Specific Absorption Rate”).
Максималната SAR вредност утврдена со меѓународните препораки или од
страна на Советот на Европската Унија е 2 w/кг за 10 грама човечко ткиво.
Тестовите се извршени во услови на стандардна употреба којашто ја
одредувааат важечките технички спецификации, но така што телефонот
предава со максимална јачина за сите фреквенции.
Телефонот не се полни правилно
• Проверете Вашата батерија да не е потполно испразнета. Во тој
случај анимацијата може да се појави дури по неколку минути, а
се слуша и слаб постојан звук
• Проверете дали условите на местото на полнење на батеријата
се во границите на нормалните (од 0° С до +40° С)
• Проверете дали батеријата е наместена; таа треба да се наоѓа во
телефонот пре
д да се вклучи полначот
• Проверете дали Вашиот полнач и батеријата се производи на
Alcatel
• Ако се наоѓате во странство, проверете дали штекерите се
компатибилни
• ЗАБЕЛЕШКА: Вашиот мобилен телефон не може да се полни со
полнач што ја користи USB врската на компјутерот. Користете
само препорачани полначи за полнење на Вашиот телефон.
Телефонот не може да се поврзе со мрежата
• Променете го местото и обидете се повторно
• Проверете кај Вашиот оператор дали ја покрива таа зона
• Проверете кај Вашиот оператор дали користите добра SIM
картичка
• Обидете се рачно да одберете достапна/и мрежа/и
• Обидете се подоцна, мрежата може да е преоптоварена
Грешка на SIM картичката
• Проверете дали SIM картичката е правилно внесена
• Проверете кај Вашиот оператор дали Вашата SIM картичка е
компатибилна со 3V (телефонот не може да користи стара
5V SIM картичка)
• Проверете Вашата SIM картичка да не е оштетена или изгребена
Не можам да телефонирам
• Проверете го повикувачкиот број и притиснете врз копчето
• Ако се јавувате во странство, проверете го повикувачкиот број
на земјата
• Проверете дали Вашиот телефон е поврзан со мрежата и таа да
не е преоптоварена или недостапна
• Проверете ја Вашата претплата кај операторот (кредит,важење
на SIM картичката)
• Проверете појдовните повици да не се забранети
Иако SAR тестовите се изведени со употреба на максималната јачина на
предавање, вистинското SAR ниво коешто го користи мобилниот телефон е
вообичаено мошне под максималните вредности коишто се добиени за време
на тестовите. Мобилниот телефон e изработен така што може да користи
повеќе нивоа на јачина и затоа ја користи само стриктно неопходната јачина за
поврзување со мрежата. Во принцип, колку што сте поблиску до антената на
основната станица, толку и нивото на јачина на вашиот мобилен телефон е
пониско.
Максималната SAR вредност добиена при тестирањето на овој модел на мобилен
телефон, ако се користи до увото и во согласност со стандардот, изнесува 1,1
W/кг. Иако SAR вредноста варира во зависност од мобилниот телефон и од
начинот на негово користење, сите мобилни телефони се во согласност со
важечките меѓународни и европски препораки за изложување на радиобранови.
Светската Здравствена Организација (СЗО) смета дека ”денес достапните научни
резултати не го оправдуваат преземањето посебни мерки при користењето на
мобилен телефон. Ако тоа сепак Ве загрижува, може да го намалите Вашето или
изложувањето на Вашите деца на електромагнетните бранови на телефонот така
што ќе го скратите траењето на Вашите телефонски разговори или со користење
на Handsfree опцијата на телефонот (или со користење на слушалки) :на тој начин
може да го одалечите мобилниот телефон од главата и од телото” (погледнете го
потсетникот број 193). Дополнителни информации од СЗО во врска со
електромагнетното поле и другите прашања од областа на здравјето ќе најдете на
следнава Интернет адреса : http ://www.who.int/peh-emf.
Вашиот мобилен телефон е опремен со интегрирана антена. Не фаќајте ја и не
оштетувајте ја за да го сочувате оптималниот квалитет на разговорите.
Општи информации ..........
• Интернет адреса: www.alcatel-mobilephones.com
•
Број на Alcatel Hot line: oвој број може да го најдете
во брошурата “TCT Mobile Limited” или на нашата Интернет
страница.
На нашата Интернет страница ќе најдете повеќе информации
во FAQ рубриката на често поставени прашања, а може и да
испратите порака ако сакате да поставите прашање.
Вашиот телефон служи за јавување и примање телефонски повици.
Се користи за GSM мрежи на мобилна телефонија од 900 MHz и
1800 MHz.
Не можам да примам повик
• Проверете дали Вашиот телефон е вклучен и дали е поврзан со
мрежата (мрежата може да е преоптоварена или недостапна)
• Проверете ја Вашата претплата кај операторот (SIM картичка)
• Проверете дојдовните повици да не се пренасочени
• Проверете некои повици да не се забранети
Името на мојот соговорник не се прикажува кога ми се
јавува
• Проверете кај Вашиот оператор дали таа услуга е во Вашата
претплата
• Вашиот соговорник ја активирал функцијата Анонимно
Звукот за време на разговорот е со слаб квалитет
• Додека зборувате може да ја прилагодите јачината на звукот со
копчето
• Проверете го квалитетот на радио приемот
Не можам да користам некои од горе опишаните функции
• Проверете кај Вашиот оператор дали тие услуги се во Вашата
претплата
• Проверете дали за таа функција не е неопходно да се користи
дополнителна опрема на Alcatel
Телефонот не се јавува на бројот што го избрав од
именикот
• Проверете го повикувачкиот број од Вашиот запис
• Проверете дали го имате внесено префиксот на земјата ако се
јавувате во странство
Знакот потврдува дека вашиот мобилен телефон е во
согласност со директивата 1999/5/EC (R&ТТЕ) и дека неговата
дополнителна опрема е соодветна на важечките директиви на
Европската Унија. Целосниот текст на Декларацијата за
соодветност на вашиот мобилен телефон може да ја прочитате на
Интернет адресата www.alcatel-mobilephones.com.
Заштита против кражба
(1)
Вашиот мобилен телефон може да се препознае преку IMEI бројот
(сериски број на телефонот) којшто се наоѓа на амбалажната
лепенка, како и во меморијата на вашиот мобилен телефон. Ви
препорачуваме при првото користење на телефонот да го запишете
овој број – за да се појави на тастатурата отчукајте *,#, 0,6, # – и да
го чувате внимателно.Полицијата и Вашиот оператор може да ви го
побараат IMEI бројот во случај на кражба на мобилниот телефон.
Благодарејќи на овој број, Вашиот мобилен телефон може потполно
да се блокира и на тој начин да стане неупотреблив за други лица,
дури и во случај SIM картичката да се замени.
Клаузула за неодговорност
Во зависност од програмската верзија на Вашиот телефон и
од специфичностите на Вашиот оператор, може да се појават
одредени разлики помеѓу прирачникот за користење и работата на
мобилниот телефон.
Т9 Txt Input е заштитен со: американските
патенти бр. 5,187,480, 5,818,437, 5,945,928,
5,953,541, 6,011,554, 6,286,064, 6,307,548,
6,307,549, 6,636,162 и 6,646,573; европските
патенти бр.0 842 463 (96927260.8), 1 010 057
(98903671.0), 1 018 069 (98950708.2), како и
со други патенти во светот.
Не можам да внесам запис во именикот
• Проверете именикот на Вашата SIM картичка да не е полн,
избришете записи или меморирајте ги во именикот на
телефонот
Моите соговорници не можат да ми остават порака
• Проверете кај Вашиот оператор дали оваа услуга е достапна
Не можам да пристaпам кон говорната пошта
• Проверете дали опцијата “Услуги пов./Говор.пошта” го
содржи бројот на говорната пошта на Вашиот оператор
• Обидете се подоцна, Вашата мрежа може да е преоптоварена
Не можам да испратам и да примам пораки
• Проверете ја меморијата на телефонот. Ако е полна, избришете
неколку пораки
• Проверете кај Вашиот оператор дали таа услуга е достапна и
погледнете ги параметрите за порака
• Проверете го кај Вашиот оператор бројот на Вашиот услужен
центар
• Обидете се подоцна, линијата на услужниот центар може да е
преоптоварена
Се појавува иконата << - >>
• Се наоѓате надвор од покривната зона на мрежата
Внесов 3 погрешни PIN кода
• Јавете му се на Вашиот оператор за да го добиете PUK (Personal
Unblocking Key) кодот.
13 14 15 16 17 18
Гаранција на телефонот ....
Ви честитаме на изборот на овој телефон и се надеваме дека ќе ги задоволи
потполно вашите очекувања.
Независно од законски пропишаната гаранција за производот, овој телефон,
неговите делови и работната рака се загарантирани една (1) година од денот
кој е означен на вашата сметка. Доколку законски пропишаната гаранција во
вашата земја преминува една (1) година, таа е приоритетна
(1)
.
Гаранциските услови опишани во упатството за користење се идентични и за
батеријата и дополнителната опрема што ги добивте при купувањето на
телефонот,но траењето на нивната гаранција е шест (6) месеци
(2)
од денот на
купување на производот означен на Вашата сметка.
Согласно со оваа гаранцијав мора најбрзо што можете да го известите за
дефектот продавачот на телефонот (или најблискиот сервисер што го одобриле
TCT Mobile Limited или неговите филијали - листата на сервисери може да се
најде на интернет адресата www.alcatel-mobilephones.com) и да ја доставите
сметката што сте ја добиле при купувањето на производот. Добавувачот или
сервисниот центар ќе одлучат, по нивен избор,дали ќе го заменат или поправат
расипаниот дел или целокупниот производ или дополнителната опрема, со
напомена дека оваа гаранција ги покрива единствено трошоците на резервните
делови и работата. Поправката или замената можат да се извршат со обновени
резервни делови со работни својства идентични на нов производ.
Интервенциите коишто се опишани во оваа гаранција, а пред се поправката,
промената или заменувањето на делови даваат право на ЕДНА (1) гаранција, освен
доколку тоа е законски поинаку пропишано.
Оваа гаранција не се однесува на случаите на недостаток или дефект на
телефонот или на дополнителната опрема кој настанал :
1) заради непочитување на упатството за употреба или за инсталирање на
производот,
2) заради непочитување на техничките и безбедносните стандарди законски
пропишани во географската зона на користење,
3) заради неправилно одржување на батеријата, на другите извори на енергија
и на заедничките електрични инсталации,
19 20 21 22 23 24
(1)
Препораките на ICNIRP важат во следниве зони: во Централна
Америка (освен во Мексико), во Јужна Америка, во Северна и
Јужна Африка, во азиско-пацифичките земји (освен во Тајван и
Кореја) и во Австралија.
(2)
Европската препорака (1999/519/ЕС) важи во следниве зони:
во Европа и во Израел.
(1)
Траењето на гаранцијата може да зависи од важечката
законска регулатива во Вашата земја.
(2)
Траењето при разговор, при очекување повици и вкупното
корисно траење на батеријата на Alcatel зависи од начинот на
користење и од карактеристиките на мрежата. Имајќи во вид
дека се работи за заменлива дополнителна опрема,техничките
спецификации покажуваат дека би требало да добиете
оптимална работа на Вашиот телефон Alcatel првите шест
месеци на користење и при првите 200 полнења.