Ова упатство за употреба е заштитено со законот за авторски права. Сите права се задржани, особено правото за
умножување, преведување и обработка со електронски системи.
1
македонски
1 Предговор
14.1 Чување на чистачот со висок притисок
15 Чистење
15.1 Чистење на чистачот со висок притисок и на
приборот
15.2 Чистење на млазница и млазна цевка
15.3 Чистење на ситото за довод на вода
15.4 Чистење на филтерот за вода
16 Одржување
16.1 Интервали на одржување
17 Поправки
17.1 Поправки на чистачот со висок притисок
18 Отстранување пречки
18.1 Отстранување пречки кај чистачот со висок
притисок
производи се развиени и изработени со врвен квалитет
31
според потребите на нашите корисници. Ова резултира
со производи со висока сигурност, дури и при екстремни
31
оптоварувања.
31
STIHL гарантира врвен квалитет и кај услугите. Нашата
31
специјализирана трговска мрежа нуди стручно
31
советување и комплетна техничка поддршка.
32
Благодариме за довербата и Ви посакуваме многу
задоволство со Вашиот производ STIHL.
32
35
35
35
37
37
Dr. Nikolas Stihl
37
38
38
ВАЖНО! ПРЕД УПОТРЕБА ДА СЕ ПРОЧИТА И ДА СЕ
ЗАЧУВА.
38
38
38
2Информации за ова упатство за
38
38
38
употреба
2.1Важечки документи
Важат локалните безбедносни прописи.
► Дополнително кон ова упатство за употреба,
прочитајте ги, разберете ги и сочувајте ги следниве
документи:
– Упатство за употреба и амбалажа на користениот
прибор
– Упатството за употреба и амбалажата на
користеното средство за чистење
2
0458-620-5821-A
3 Преглед
македонски
2.2Ознаки на предупредувањата во текстот
ОПАСНОСТ
Напомената укажува на опасности што доведуваат до
тешки повреди или смрт.
► Наведените мерки може да спречат тешки повреди
или смрт.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Напоме ната укажува на опас ности што може да доведат
до тешки повреди или смрт.
► Наведените мерки може да спречат тешки повреди
или смрт.
УПАТСТВО
Напомената укажува на опасности што може да доведат
до материјални штети.
► Наведените мерки може да спречат материјални
штети.
2.3Симболи во текстот
Овој симбол посочува на поглавје во ова упатство
за употреба.
3Преглед
3.1Чистач со висок притисок
9
8
7
6
5
4
3
2
1
18
10
11
12
10
13
14
15
0458-620-5821-A
17
16
#
0000-GXX-4338-A0
3
македонски
3 Преглед
1 Прегради
Преградите служат за чување на испорачаните
млазници.
2Држач
Држачот служи за чување на иглата за чистење.
3 Преграда
Преградата служи за чување други млазници од
приборот за чистачот со висок притисок.
4 Приклучен кабел
Приклучниот кабел го поврзува чистачот со висок
притисок со приклучникот за струја.
5 Приклучник за струја
Приклучникот за струја го поврзува кабелот за струја
со штекер за струја.
6 Прицврстувач
Прицврстувачот го држи приклучникот за струја на
намотаниот приклучен кабел.
7Држач
Држачот служи за вадење и чување на приклучниот
кабел и може да се врти.
8Клапна
Клапната ги покрива млазниците, приклучниот кабел
и иглата за чистење.
9Држач
Држачот служи за чување на пиштолот за прскање.
10 Држач
Држачот служи за чување на механизмот за прскање.
11 Вртлив прекинувач
Вртливиот прекинувач служи за вклучување и
исклучување на чистачот со висок притисок.
12 Наглавок
Наглавокот служи за приклучување на цревото за
висок притисок.
13 Наглавок
Наглавокот служи за приклучување на цревото за
вода.
14 Транспортна рачка
Транспортната рачка служи за носење на чистачот со
висок притисок.
15 Држач
Држачот служи за чување на цревото за висок
притисок.
16 Држач
Држачот служи за чување на сетот за распршување.
17 Копче за блокирање
Копчето за блокирање го блокира прилагодувањето
на рачката за држење.
18 Рачка за држење
Рачката за држење служи за носење и движење на
чистачот со висок притисок.
# Плочка со податоци со бројот на машината
3.2Механизам за прскање
13 4
2
14
7
16
9
13
11
12
15
1Бравичка
Бравичката ја држи млазницата во млазната цевка.
2Млазна цевка
Млазната цевка го спојува пиштолот за прскање со
млазницата.
10
8
5
6
0000-GXX-4339-A0
4
0458-620-5821-A
4 Безбедносни упатства
A
македонски
3 Пиштол за прскање
Пиштолот за прскање служи за држење и водење на
механизмот за прскање.
4 Рачка за забравување
Рачката за забравување ја одбравува рачката.
5Рачка
Рачката го отвора и затвора вентилот во пиштолот за
прскање. Рачката го стартува и запира водениот
млаз.
6 Запорна рачка
Запорната рачка го држи наглавокот во пиштолот за
прскање.
7 Црево за висок притисок
Цревото за висок притисок ја води водата од пумпата
за висок притисок до пиштолот за прскање.
8Спојка
Спојката го спојува цревото за висок притисок со
пумпата за висок притисок.
9Наглавок
Наглавокот го спојува цревото за висок притисок со
пиштолот за прскање.
10 Игла за чистење
Иглата за чистење служи за чистење на млазниците.
11 Сет за распршување
Сетот за распршување служи за чистење со средства
за чистење.
12 Шише
Шишето содржи средство за чистење.
13 Прстен за штелување (само RE 120)
Со прстенот за штелување се дозира средството за
чистење.
14 Млазница за распршување
Млазницата за распршување ја меша водата со
средството за чистење.
15 Млазница за рамен млаз
Млазницата за рамен млаз создава рамен воден
млаз.
16 Ротирачка млазница
Ротирачката млазница создава силен, ротирачки
воден млаз.
3.3Симболи
Симболи може да се наоѓаат на чистачот со висок
притисок, на механизмот за прскање и на сетот за
распршување и го означуваат следново:
Рачката за забравување во оваа положба ја
одбравува рачката.
Рачката за забравување во оваа положба ја
забравува рачката.
Сетот за распршување пред да се
транспортира испразнете го или обезбедете
го така, што нема да може да се преврти или
придвижи.
Производот не фрлајте го заедно со домашното
ѓубре.
Гарантирано ниво на моќност на звукот
L
W
според директивата 2000/14/EG во dB(A) за
да се овозможи споредба на емисиите на
бучава на производите.
Овие симболи ги означуваат оригиналните
резервни делови STIHL и оригиналниот
прибор STIHL.
4Безбедносни упатства
4.1Симболи за предупредување
Симболите за предупредување на чистачот со висок
притисок го означуваат следново:
0458-620-5821-A
5
македонски
4 Безбедносни упатства
Запазете ги безбедносните упатства и
наведените мерки.
Прочитајте го, разберете го и сочувајте го
упатството за употреба.
Носете заштитни очила.
Не насочувајте го водениот млаз кон луѓе и
животни.
Не насочувајте го водениот млаз кон
електрични постројки, електрични
приклучоци, штекери за струја и водови под
напон.
Не насочувајте го водениот млаз кон
електрични уреди и кон чистачот со висок
притисок.
Ако е оштетен кабелот за струја или
продолжниот кабел: Извлечете го
приклучникот за струја од штекерот.
Чистачот со висок притисок не смее да се
приклучува директно на мрежата за питка
вода.
Исклучете го чистачот со висок притисок при
прекини во работењето, при транспорт,
чување, одржување или поправање.
Не користете го, не транспортирајте го и не
чувајте го чистачот со висок притисок на
температури под 0 °C.
4.2Наменска употреба
Чистачот со висок притисок STIHL RE 110 или RE 120
служи за чистење на пример на возила, приколки,
тераси, патеки и фасади.
Чистачот со висок притисок не е погоден за
комерцијална употреба.
Чистачот со висок притисок не смее да се користи на
дожд.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ненаменското користење на чистачот со висок
притисок може да доведе до тешки телесни повреди
или смрт и можна е материјална штета.
► Чистачот со висок притисок користете го како што е
опишано во ова упатство за употреба.
Чистачот со висок притисок STIHL RE 110 или RE 120
служи за следниве примени:
– Чистење азбестен цемент и слични површини
– Чистење површини што се премачкани или лакирани
со оловна боја
– Чистење површини што доаѓаат во допир со
намирници
– Чистење на самиот чистач со висок притисок
4.3Побарувања од корисникот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Неупатените корисници не можат да ги препознаат
или проценат опасностите од чистачот со висок
притисок. Корисникот или други лица може да бидат
тешко повредени или усмртени.
6
0458-620-5821-A
4 Безбедносни упатства
македонски
► Прочитајте го, разберете го и сочувајте
го упатството за употреба.
► Доколку чистачот со висок притисок го давате на
друго лице: Приложете го и упатството за употреба.
► Уверете се дека се исполнети следниве услови:
– Корисникот е одморен.
– Корисникот е телесно, сензорно и
душевно способен да го опслужува
чистачот со висок притисок и да
работи со него.
– Корисникот може да ги препознае и процени
опасностите од чистачот со висок притисок.
– Корисникот е полнолетен или
корисникот е на стручна обука под
надзор, согласно националните
прописи.
– Корисникот добил инструкции од
специјализиран продавач STIHL или
од стручно лице пред да го користи
првпат чистачот со висок притисок.
– Корисникот не е под влијание на алкохол, лекови
или дрога.
► Ако постојат нејаснотии: Побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
4.4Облека и опрема
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Предмети може да бидат отфрлени со голема брзина
во текот на работењето. Корисникот може да биде
повреден.
► Носете добро припиени заштитни очила.
Соодветните заштитни очила се
испитани според стандардот EN 166 или
според националните прописи и на
пазарот се достапни со соодветна
ознака.
► Носете добро припиен горен дел со долги ракави и
долги панталони.
■ За време на работата може да се создадат аеросоли.
Вдишаните аеросоли може да го нарушат здравјето и
да предизвикаат алергиски реакции.
► Извршете процена на ризикот во зависност од
површината што се чисти и нејзината околина.
► Ако процената на ризикот покаже дека се создаваат
аеросоли: Носете маска за заштита на дишните
органи со заштитна класа FFP2 или споредлива
заштитна класа.
■ Корисникот со несоодветни обувки може да се лизне.
Корисникот може да биде повреден.
► Носете цврсти, затворени обувки со ѓон што не се
лизга.
4.5Работен простор и средина
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Неовластени лица, деца и животни не можат да ги
препознаат ниту да ги проценат опасностите од
чистачот со висок притисок и од отфрлените
предмети. Неовластени лица, деца и животни може да
бидат тешко повредени и можна е материјална штета.
► Неовластени лица, деца и животни да
се држат подалеку од работниот
простор.
► Чистачот со висок притисок не
оставајте го без надзор.
► Уверете се дека децата не можат да
играат со чистачот со висок притисок.
0458-620-5821-A
7
македонски
4 Безбедносни упатства
■ Ако се работи на дожд или во влажна средина, можно
е да дојде до струен удар. Корисникот може да биде
тешко повреден или усмртен и чистачот со висок
притисок може да се оштети.
► Не работете на дожд.
► Чистачот со висок притисок поставете го така што
нема да се наводени од вода што капе.
► Чистачот со висок притисок поставете го надвор од
влажниот работен простор.
■ Електричните компоненти на чистачот со висок
притисок може да создадат искрење. Во лесно
запалива или експлозивна средина, искрењето може
да предизвика пожари и експлозии. Луѓе може да
бидат тешко повредени или усмртени и можна е
материјална штета.
► Не работете во лесно запалива или во експлозивна
средина.
4.6Состојба за безбедна употреба
Чистачот со висок притисок е во состојба за безбедна
употреба доколку се исполнети следниве услови:
– Чистачот со висок притисок е неоштетен.
– Цревото за висок притисок, спојките и механизмот за
прскање се неоштетени.
– Цревото за висок притисок, спојките и механизмот за
прскање се исправно монтирани.
– Кабелот за струја, продолжниот кабел и нивните
приклучници за струја се неоштетени.
– Чистачот со висок притисок е чист и сув.
– Механизмот за прскање е чист.
– Командните елементи функционираат и не се
изменети.
– Монтиран е само оригинален прибор STIHL за овој
чистач со висок притисок.
– Приборот е исправно монтиран.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба е можно компонентите да не
функционираат правилно и безбедносните механизми
да бидат исклучени. Луѓе може да бидат тешко
повредени или усмртени.
► Работете со неоштетен чистач со висок притисок.
► Работете со неоштетено црево за висок притисок,
неоштетени спојки и со неоштетен механизам за
прскање.
► Цревото за висок притисок, спојките и механизмот за
прскање монтирајте ги така, како што е опишано во
ова упатство за употреба.
► Работете со неоштетени кабел за струја, продолжен
кабел и со неоштетен приклучник за струја.
► Ако е валкан или воден чистачот со висок притисок:
Исчистете го и исушете го чистачот со висок
притисок.
► Ако е валкан механизмот за прскање: Исчистете го
механизмот за прскање.
► Не вршете промени на чистачот со висок притисок.
► Ако командните елементи не функционираат: Не
работете со чистачот со висок притисок.
► Монтирајте само оригинален прибор STIHL за овој
чистач со висок притисок.
► П риборо т монтир а јте го т а ка, как о што е оп и шано во
ова упатство за употреба или во упатството за
употреба на приборот.
► Не ставајте предмети во отворите на чистачот со
висок притисок.
► Ако постојат нејаснотии: Побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
8
0458-620-5821-A
4 Безбедносни упатства
македонски
4.7Работење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во одредени ситуации корисникот веќе не може да
работи фокусирано. Корисникот може да се сопне, да
падне и да биде тешко повреден.
► Работете мирно и промислено.
► При лоша осветленост и видливост: Не работете со
чистачот со висок притисок.
► Чистачот со висок притисок опслужувајте го сами.
► Внимавајте на пречките.
► Работете стоејќи наземи и внимавајќи на
рамнотежата. Ако мора да се работи на височина:
Користете подвижна работна платформа или
безбедно скеле.
► Ако се јават знаци на измореност: Направете пауза
во работењето.
■ Ако чистачот со висок притисок во текот на
работењето се однесува поинаку или невообичаено,
можно е чистачот со висок притисок да не е безбеден
за употреба. Луѓе може да бидат тешко повредени и
можна е материјална штета.
► Окончајте ја работата, извлечете го приклучникот за
струја од штекерот и побарајте помош од
специјализиран продавач STIHL.
► Со чистачот со висок притисок работете стоејќи.
► Не покривајте го чистачот со висок притисок и
погрижете се да има доволно струење на воздух за
ладење.
■ Кога ќе се отпушти рачката на пиштолот за прскање,
пумпата за висок притисок автоматски се исклучува и
од млазницата веќе не струи вода. Чистачот со висок
притисок е во режим на подготвеност и останува
понатаму вклучен. Кога ќе се притисне рачката на
пиштолот за прскање, пумпата за висок притисок
автоматски се вклучува и од млазницата струи вода.
Луѓе може да бидат тешко повредени и можна е
материјална штета.
► Кога не се работи: Забравете ја рачката на пиштолот
за прскање.
► Исклучете го чистачот со висок притисок,
► Приклучникот за струја на чистачот со висок
притисок извлечете го од штекерот.
■ На температури под 0 °C водата може да замрзне на
површината што се чисти и во компонентите на
чистачот со висок притисок. Корисникот може да се
лизне, да падне и да биде тешко повреден. Може да
дојде до материјална штета.
► Не користете го чистачот со висок притисок на
температури под 0 °C.
■ Ако се повлече цревото за висок притисок, цревото за
вода или приклучниот кабел, чистачот со висок
притисок може да се придвижи и да падне. Може да
дојде до материјална штета.
► Не влечете ги цревото за висок притисок, цревото за
вода или приклучниот кабел.
■ Ако чистачот со висок притисок стои на наведната,
нерамна или неприцврстена површина, тој може да се
придвижи и да падне. Може да дојде до материјална
штета.
► Чистачот со висок притисок ставете го на
хоризонтална, рамна и прицврстена површина.
■ Ако се работи на височина, чистачот со висок притисок
или механизмот за прскање може да падне. Луѓе може
да бидат тешко повредени и можна е материјална
штета.
► Користете подвижна работна платформа или
безбедно скеле.
► Чистачот со висок притисок не ставајте го на
подвижна работна платформа или на скеле.
0458-620-5821-A
9
македонски
4 Безбедносни упатства
► Ако не е доволен дофатот на цревото за висок
притисок: Цревото за висок притисок продолжете го
со продолжно црево за висок притисок.
► Механизмот за прскање обезбедете го од паѓање.
■ Водениот млаз може да ослободи азбестни влакна од
површини. Азбестните влакна по сушењето може да се
разлетаат низ воздухот и да бидат вдишани.
Вдишаните азбестни влакна може да го оштетат
здравјето.
► Не чистете површини што содржат азбест.
■ Водениот млаз може да ослободи масло од возила или
машини. Замастената вода може да продре во земја,
во води или во канализација. Се загрозува животната
средина.
► Возила и машини чистете само на места со
сепаратор на масло во одводот за вода.
■ Водениот млаз заедно со оловна боја може да создаде
оловни аеросоли и оловна вода. Оловните аеросоли и
оловната вода може да продрат во земја, во води или
во канализација. Вдишаните аеросоли може да го
нарушат здравјето и да предизвикаат алергиски
реакции. Се загрозува животната средина.
► Не чистете површини што се премачкани или
лакирани со оловна боја.
■ Водениот млаз може да оштети осетливи површини.
Може да дојде до материјална штета.
► Не чистете осетливи површини со ротирачка
млазница.
► Осетливите пов ршини од гума, ш тоф, дрво и слични
материјали чистете ги со намален работен притисок
и од поголемо растојание.
■ Ако ротирачката млазница во текот на работењето се
потопи во валкана вода и се користи, ротирачката
млазница може да се оштети.
► Не користете ја ротирачката млазница во валкана
вода.
► Ако се чисти резервоар: Испразнете го резервоарот
и обезбедете истекување на водата во текот на
чистењето.
■ Исмуканите лесно горливи и експлозивни течности
може да предизвикаат пожари и експлозии. Луѓе може
да бидат тешко повредени или усмртени и можна е
материјална штета.
► Не смукајте и не исфрлајте лесно горливи или
експлозивни течности.
■ Исмуканите каустични, надразнувачки и отровни
течности може да го загрозат здравјето и да ги
оштетат компонентите на чистачот со висок притисок.
Луѓе може да бидат тешко повредени или усмртени и
можна е материјална штета.
► Не смукајте и не исфрлајте каустични,
надразнувачки и отровни течности
■ Силниот воден млаз може да повреди тешко луѓе и
животни и може да предизвика материјална штета.
► Не насочувајте го водениот млаз кон луѓе
и животни.
► Не насочувајте го водениот млаз кон лошо видливи
места.
► Не чистете ја облеката додека ја носите.
► Не чистете ги обувките додека ги носите.
■ Доколку електрични постројки, електрични
приклучоци, штекери за струја и водови под напон
дојдат во допир со вода, можно е да дојде до струен
удар. Луѓе може да бидат тешко повредени или
усмртени и можна е материјална штета.
► Не насочувајте го водениот млаз кон
електрични постројки, електрични
приклучоци, штекери за струја и водови
под напон.
► Не насочувајте го водениот млаз кон приклучниот
кабел или продолжниот кабел.
■ Доколку електрични уреди или чистачот со висок
притисок дојдат во допир со вода, можно е да дојде до
струен удар. Корисникот може да биде тешко
повреден или усмртен и можна е материјална штета.
10
0458-620-5821-A
4 Безбедносни упатства
македонски
► Не насочувајте го водениот млаз кон
електрични уреди или кон чистачот со
висок притисок.
► Електричните уреди и чистачот со висок притисок
држете ги подалеку од површината што се чисти.
■ Погрешно поставеното црево за висок притисок може
да биде оштетено. Поради оштетувањето постои
можност во околината неконтролирано да се ослободи
вода со висок притисок. Луѓе може да бидат тешко
повредени и можна е материјална штета.
► Не насочувајте го водениот млаз кон цревото за
висок притисок.
► Цревото за висок притисок наместете го така што
нема да биде затегнато или преплеткано.
► Цревото за висок притисок наместете го така што
нема да биде оштетено, превиткано, приклештено и
да не се трие.
► Заштитете го цревото за висок притисок од топлина,
масло и хемикалии.
■ Погрешно наместено црево за вода може да биде
оштетено и луѓе може да се сопнат од него. Луѓе може
да се повредат и цревото за вода може да се оштети.
► Не насочувајте го водениот млаз кон цревото за
вода.
► Цревото за вода наместете го и означете го така што
луѓе нема да се сопнат.
► Цревото за вода наместете го така што нема да биде
затегнато или преплеткано.
► Цревото за вода наместете го така што нема да биде
оштетено, превиткано, приклештено и да не се трие.
► Заштитете го цревото за вода од топлина, масло и
хемикалии.
■ Силниот воден млаз предизвикува реакциони сили.
Поради реакционите сили што се јавуваат, корисникот
може да ја изгуби контролата над механизмот за
прскање. Корисникот може да биде тешко повреден и
можна е материјална штета.
► Пиштолот за прскање држете го цврсто со двете
раце.
► Работете така, како што е опишано во ова упатство
за употреба.
4.8Средства за чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако средството за чистење дојде во допир со кожата
или со очите, можно е да предизвика надразнување на
кожата или на очите.
► Запазете го упатството за употреба на средството
за чистење.
► Избегнувајте допир со средства за чистење.
► При допир со кожата: Погодените места на кожата
измијте ги со многу вода и сапун.
► При допир со очите: Очите плакнете ги најмалку 15
минути со многу вода и побарајте лекарска помош.
■ Погрешни средства за чистење може ги оштетат
чистачот со висок притисок или површината на
објектот што се чисти и може да ја загрозат животната
средина.
► Користете средства за чистење што се одобрени за
употреба со уреди за чистење со висок притисок.
► Запазете го упатството за употреба на средството
за чистење.
► Ако постојат нејаснотии: Побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
0458-620-5821-A
11
македонски
4 Безбедносни упатства
4.9Приклучување вода
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Кога ќе се отпушти рачката на пиштолот за прскање,
во цревото за вода се создава одбивање. При вакво
одбивање е можно валканата вода да биде притисната
назад во мрежата со питка вода. Питката вода може да
биде загадена.
► Чиста ч о т со ви с о к прити с о к не см е е да се
приклучува директно на мрежата за питка
вода.
► Чистачот со висок притисок приклучете го заедно со
прописен спречувач на повратниот тек на мрежата
со питка вода. По истекувањето на питката вода од
спречувачот на повратниот тек, истата веќе не се
смета за питка вода.
■ Валкана или песочна вода може да оштети
компоненти на чистачот со висок притисок.
► Користете чиста вода.
► Ако се употребува валкана или песочна вода:
Чистачот со висок притисок користете го заедно со
филтер за вода.
■ Ако чистачот со висок притисок се снабдува со
премалку вода, можно е оштетување на компоненти на
чистачот со висок притисок.
► Одвртете ја целосно славината за вода.
► Уверете се дека чистачот со висок притисок се
снабдува со доволно вода, @ 19.
4.10 Вклучување во струја
Допирот со компонентите под н ап он може да се с л у ч и од
следниве причини:
– Оштетен е кабелот за струја или продолжниот кабел.
– Оштетен е приклучникот за струја на кабелот за струја
или на продолжниот кабел.
– Штекерот за струја не е исправно инсталиран.
ОПАСНОСТ
■ Допирот со компонентите под напон може да
предизвика струен удар. Корисникот може да биде
тешко повреден или усмртен.
► Уверете се дека не се оштетени кабелот за струја,
продолжниот кабел и нивните приклучници за струја.
Ако е оштетен кабелот за струја или
продолжниот кабел:
► Не допирајте го оштетеното место.
► Извлечете го приклучникот за струја од
штекерот.
► Кабелот за струја, продолжниот кабел и нивните
приклучници за струја допирајте ги со суви раце.
► Приклучникот за струја на приклучниот кабел или на
продолжниот кабел приклучете го на исправно
инсталиран и осигурен штекер со заштитен контакт.
► Чистачот со висок притисок приклучете го преку
заштитна склопка против диференцијална струја
(30 mA, 30 ms).
■ Оштетен или несоодветен продолжен кабел може да
предизвика струен удар. Луѓе може да бидат тешко
повредени или усмртени.
► Користете продолжен кабел со исправен напречен
пресек на проводниците, @ 19.3.
► Користете продолжен кабел што е отпорен на вода
што прска и што е дозволен за употреба на
отворено.
► Користете продолжен кабел што ги има истите
својства како приклучниот кабел на чистачот со
висок притисок, @ 19.3.
12
0458-620-5821-A
Loading...
+ 30 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.