Ова упатство за употреба е заштитено со законот за авторски права. Сите права се задржани, особено правото за
умножување, преведување и обработка со електронски системи.
1
Page 4
македонски
1 Предговор
18 Технички податоци
18.1 Моторна пила STIHL MSE 141 C
18.2 Продолжни кабли
18.3 Запчаници и брзини на синџирот
18.4 Минимална длабочина на жлебот на мечеви
18.5 Агол за острење на синџири за пила
18.6 Вредности за звукот и вибрациите
18.7 REACH
19 Комбинации на мечеви и синџири за пила
19.1 Моторна пила STIHL MSE 141 C
20 Резервни делови и прибор
20.1 Резервни делови и прибор
21 Згрижување
21.1 Згрижување на моторната пила
22 ЕЗ Изјава за сообразност
22.1 Моторна пила STIHL MSE 141 C
23 Општи безбедносни упатства за електричните
алати
23.1 Вовед
23.2 Безбедност на работното место
23.3 Безбедност при работа со струја
23.4 Безбедност на лица
23.5 Употреба и постапување со електричен алат
23.6 Сервисирање
23.7 Безбедносни упатства за моторни пили
23.8 Причини за повратен удар и негово
избегнување
производи се развиени и изработени со врвен квалитет
според потребите на нашите корисници. Ова резултира
32
со производи со висока сигурност, дури и при екстремни
33
оптоварувања.
34
STIHL гарантира врвен квалитет и кај услугите. Нашата
34
специјализирана трговска мрежа нуди стручно
35
советување и комплетна техничка поддршка.
35
Благодариме за довербата и Ви посакуваме многу
35
задоволство со Вашиот производ STIHL.
35
35
35
36
36
Dr. Nikolas Stihl
36
36
ВАЖНО! ПРЕД УПОТРЕБА ДА СЕ ПРОЧИТА И ДА СЕ
36
ЗАЧУВА.
37
38
38
2Информации за ова упатство за
39
употреба
2.1Ознаки на предупредувањата во текстот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Напомената укажува на опасности што може да доведат
до тешки повреди или смрт.
► Наведените мерки може да спречат тешки повреди
или смрт.
2
0458-729-5821-A
Page 5
3 Преглед
12
15
16
0000-GXX-2128-A0
10
9
5
1
6
3
13
14
8
7
11
2
#
4
17
19
20
18
македонски
УПАТСТВО
Напомената укажува на опасности што може да доведат
до материјални штети.
► Наведените мерки може да спречат материјални
штети.
2.2Симболи во текстот
Овој симбол укажува на поглавје во ова упатство за
употреба.
3Преглед
3.1Моторна пила
0458-729-5821-A
1 Заден штитник за рака
Задниот штитник за рака ја штити десната рака од
допир со отфрлен или пукнат синџир.
2 Капак на запчаникот
Капакот на запчаникот го покрива запчаникот и го
прицврстува мечот на моторната пила.
3
Page 6
македонски
3 Преглед
3 Фаќач на синџирот
Фаќачот на синџирот го прифаќа отфрлениот или
пукнатиот синџир.
4Навртка
Навртката го прицврстува капакот на запчаникот на
моторната пила.
5Запчаник
Запчаникот го движи синџирот на пилата.
6 Завртка за затегнување
Завртката за затегнување служи за штелување на
затегнатоста на синџирот.
7 Копче за ресетирање
Копчето за ресетирање ја ресетира активираната
заштита од преоптоварување.
8 Преден штитник за рака
Предниот штитник за рака ја штити левата рака од
допир со синџирот, служи за активирање на
сопирачката на синџирот и при повратен удар
автоматски ја активира сопирачката на синџирот.
9 Запчест граничник
Запчестиот граничник во текот на работењето ја
потпира моторната пила на дрвото.
10 Меч
Мечот го води синџирот на пилата.
11 Синџир на пилата
Синџирот на пилата го сече дрвото.
12 Цевчеста рачка
Цевчестата рачка служи за држење, водење и
носење на моторната пила.
13 Капаче на резервоарот за масло
Капачето на резервоарот за масло го затвора
резервоарот за масло.
14 Копче за блокирање
Копчето за блокирање го одбравува прекинувачот.
15 Прекинувач
Прекинувачот ја вклучува и исклучува моторната
пила.
16 Командна рачка
Командната рачка служи за управување, држење и
водење на моторната пила.
17 Контролен прозорец
Низ контролниот прозорец се гледа постоечкото
количество на адхезивното масло за синџирот на
пилата.
18 Кабел за струја
Кабелот за струја ја поврзува моторната пила со
приклучникот за струја.
19 Приклучник за струја
Приклучникот за струја го поврзува кабелот за струја
со продолжен кабел.
20 Штитник за синџирот
Штитникот за синџирот штити од допир со синџирот.
# Плочка со податоци со бројот на машината
3.2Симболи
Симболите може да се наоѓаат на моторната пила и го
означуваат следново:
Овој симбол ја покажува насоката на
движење на синџирот.
Во оваа насока се активира и се отпушта
сопирачката на синџирот.
Штитникот за рака во оваа положба ја отпушта
сопирачката на синџирот.
Штитникот за рака во оваа положба ја активира
сопирачката на синџирот.
Должина на меч што смее да се користи.
4
0458-729-5821-A
Page 7
4 Безбедносни упатства
A
македонски
Гарантирано ниво на моќност на звукот
L
W
според директивата 2000/14/EG во dB(A) за
да се овозможи споредба на емисиите на
бучава на производите.
Производот не фрлајте го заедно со домашното
ѓубре.
4Безбедносни упатства
4.1Симболи за предупредување
Симболите за предупредување на моторната пила го
означуваат следново:
Запазете ги безбедносните упатства и
наведените мерки.
Прочитајте го, разберете го и сочувајте го
упатството за употреба.
Носете заштитни очила, заштита за слухот и
заштитен шлем.
4.2Наменска употреба
Моторната пила STIHL MSE 141 служи за сечење
огревно дрво и за пилење во близина на домот.
Моторната пила не смее да се користи на дожд.
Оваа моторна пила само ограничено може да се користи
за кастрење и соборување, бидејќи слободата на
движење е ограничена во голема мера заради кабелот
за струја и продолжниот кабел.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ненаменското користење на моторната пила може да
доведе до тешки телесни повреди или смрт и можна е
материјална штета.
► Моторната пила користете ја со продолжен кабел.
► Моторната пила користете ја како што е опишано во
ова упатство за употреба.
4.3Побарувања од корисникот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Неупатените корисници не можат да ги препознаат
или проценат опасностите од моторната пила.
Корисникот или други лица може да бидат тешко
повредени или усмртени.
► Прочитајте го, разберете го и сочувајте
го упатството за употреба.
0458-729-5821-A
Запазете ги безбедносните упатства во врска
со повратниот удар и наведените мерки.
Ако е оштетен кабелот за струја или
продолжниот кабел: Извлечете го
приклучникот за струја од штекерот.
Заштитете ја моторната пила од дожд и
влага.
► Доколку моторната пила ја давате на друго лице:
Приложете го и упатството за употреба.
► Уверете се дека се исполнети следниве
побарувања:
– Корисникот е телесно, сензорно и душевно
способен да ја опслужува моторната пила и да
работи со неа. Доколку корисникот е телесно,
5
Page 8
македонски
4 Безбедносни упатства
сензорно или душевно ограничено способен за
тоа, корисникот смее да работи само под надзор
или според упатствата на одговорно лице.
– Корисникот е полнолетен.
– Корисникот добил инструкции од специјализиран
продавач STIHL или од стручно лице пред да
работи првпат со моторната пила.
– Корисникот не е под влијание на алкохол, лекови
или дрога.
► Ако корисникот првпат работи со моторна пила:
Нека вежба пилење тркалезно дрво на ногарки за
пилење.
► Ако постојат нејаснотии: Побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
4.4Облека и опрема
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во текот на работењето долгата коса може да биде
вовлечена во моторната пила. Корисникот може да
биде тешко повреден.
► Соберете ја долгата коса и заштитете ја така што
нема да може да биде вовлечена во моторната
пила.
■ Предмети може да бидат отфрлени со голема брзина
во текот на работењето. Корисникот може да биде
повреден.
► Носете заштитни очила. Соодветните
заштитни очила се испитани според
стандардот EN 166 или според
националните прописи и на пазарот се
достапни со соодветна ознака.
► STIHL препорачува да се носи заштита за лицето.
► Носете припиена облека со долги ракави.
■ Во текот на работата се создава бучава. Бучавата
може да го оштети слухот.
► Носете заштита за слухот.
■ Предмети што паѓаат може да предизвикаат повреди
на главата.
► Ако е можно во текот на работењето да
паднат предмети: Носете заштитен
шлем.
■ Во текот на работењето може да се крене прав и да се
создадат испарувања. Вдишаните прав и испарувања
може да го нарушат здравјето и да предизвикаат
алергиски реакции.
► Носете маска за заштита од прав.
■ Несоодветната облека може да се заплетка во дрво,
грмушки или во моторната пила. Корисници без
соодветна облека може да бидат тешко повредени.
► Носете припиена облека.
► Шалови и накит симнете.
■ Во текот на работењето корисникот може да дојде во
допир со синџирот во движење. Корисникот може да
биде тешко повреден.
► Носете долги панталони со заштита од исеченици.
■ Во текот на работењето корисникот може да се исече
на дрвото. Во текот на чистењето или одржувањето
корисникот може да дојде во допир со синџирот.
Корисникот може да биде повреден.
► Носете работни ракавици од отпорен материјал.
■ Корисникот со несоодветни обувки може да се лизне.
Ако корисникот дојде во допир со синџирот во
движење, може да се исече. Корисникот може да биде
повреден.
► Носете чизми за моторни пили со заштита од
исеченици.
6
0458-729-5821-A
Page 9
4 Безбедносни упатства
македонски
4.5Работен простор и средина
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Неовластени лица, деца и животни не можат да ги
препознаат ниту да ги проценат опасностите од
моторната пила и од отфрлените предмети.
Неовластени лица, деца и животни може да бидат
тешко повредени.
► Неовластени лица, деца и животни да се држат
подалеку од работниот простор.
■ Моторната пила не е водоотпорна. Ако се работи на
дожд или во влажна средина, можно е да дојде до
струен удар. Корисникот може да биде тешко
повреден или усмртен и моторната пила може да се
оштети.
► Не работете на дожд и во влажна
средина.
■ Електромоторот на моторната пила може да создаде
искрење. Во лесно запалива или експлозивна средина,
искрењето може да предизвика пожари и експлозии.
Луѓе може да бидат тешко повредени или усмртени и
можна е материјална штета.
► Не работете во лесно запалива или во експлозивна
средина.
4.6Состојба за безбедна употреба
4.6.1Моторна пила
Моторната пила е во состојба за безбедна употреба
доколку се исполнети следниве услови:
– Моторната пила е неоштетена.
– Кабелот за струја, продолжниот кабел и нивните
приклучници за струја се неоштетени.
– Моторната пила е чиста и сува.
– Фаќачот на синџирот е неоштетен.
– Сопирачката на синџирот функционира.
– Командните елементи функционираат и не се
изменети.
– Подмачкувањето на синџирот функционира.
– Браздите на запчаникот не се подлабоки од 0,5 mm.
– Монтирана е комбинацијата од меч и синџир што е
наведена во ова упатство за употреба.
– Мечот и синџирот се исправно монтирани.
– Синџирот е исправно затегнат.
– Монтиран е само оригинален прибор STIHL за оваа
моторна пила.
– Приборот е исправно монтиран.
– Капачето на резервоарот за масло е затворено.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба е можно компонентите да не
функционираат правилно и безбедносните механизми
да бидат исклучени. Луѓе може да бидат тешко
повредени или усмртени.
► Работете со неоштетена моторна пила.
► Работете со неоштетени кабел за струја, продолжен
кабел и со неоштетен приклучник за струја.
► Ако моторната пила е валкана или мокра: Исчистете
ја и исушете ја моторната пила.
► Работете со неоштетен фаќач на синџирот.
► Не вршете измени на моторната пила. Исклучок:
Монтажа на комбинацијата од меч и синџир што е
наведена во ова упатство за употреба.
► Ако командните елементи не функционираат: Не
работете со моторната пила.
► Монтирајте само оригинален прибор STIHL за оваа
моторна пила.
► Мечот и синџирот монтирајте ги така, како што е
опишано во ова упатство за употреба.
► П риборо т монтир а јте го т а ка, как о што е оп и шано во
ова упатство за употреба или во упатството за
употреба на приборот.
0458-729-5821-A
7
Page 10
македонски
4 Безбедносни упатства
► Не ставајте предмети во отворите на моторната
пила.
4.6.2Меч
Мечот е во состојба за безбедна употреба доколку се
исполнети следниве услови:
– Мечот е неоштетен.
– Мечот не е деформиран.
– Жлебот е исто толку длабок или е подлабок од
минималната длабочина на жлебот, @ 18.4.
– Рабовите на жлебот се без проширувања.
– Жлебот не е стеснет или проширен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба, мечот веќе не може да го
води правилно синџирот. Синџирот во движење може
да испадне од мечот. Луѓе може да бидат тешко
повредени или усмртени.
► Работете со неоштетен меч.
► Ако длабочината на жлебот е помала од минимална
длабочина на жлебот: Заменете го мечот.
► Мечот израмнувајте го секоја недела.
► Ако постојат нејаснотии: Побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
4.6.3Синџир на пилата
Синџирот е во состојба за безбедна употреба доколку се
исполнети следниве услови:
– Синџирот е неоштетен.
– Синџирот е наострен исправно.
– Висината на ограничувачот на длабочината на
режните запци е во рамки на сервисните ознаки.
– Должината на режните запци е во рамки на ознаките за
истрошеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба е можно компонентите да не
функционираат правилно и безбедносните механизми
да бидат исклучени. Луѓе може да бидат тешко
повредени или усмртени.
► Работете со неоштетен синџир.
► Исправно острете го синџирот.
► Ако постојат нејаснотии: Побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
4.7Работење
4.7.1Сечење со пилата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во одредени ситуации корисникот веќе не може да
работи фокусирано. Корисникот може да се сопне, да
падне и да биде тешко повреден.
► Работете мирно и промислено.
► При лоша осветленост и видливост: Не работете со
моторната пила.
► Моторната пила опслужувајте ја сами.
► Не работете над висината на рамената.
► Внимавајте на пречките.
► Работете стоејќи наземи и внимавајќи на
рамнотежата. Ако мора да се работи на височина:
Користете подвижна работна платформа или
безбедно скеле.
8
0458-729-5821-A
Page 11
4 Безбедносни упатства
0000-GXX-1245-A0
1
2
1
2
■ Синџирот во движење може да го исече корисникот.
Корисникот може да биде тешко повреден.
► Не допирајте го синџирот во движење.
■ Синџирот во движење се загрева и се проширува. Ако
синџирот не се подмачкува и затегнува доволно,
можно е синџирот да испадне од мечот или да пукне.
Луѓе може да бидат тешко повредени и можна е
материјална штета.
► Користете адхезивно масло за синџири за пила.
► Редовно проверувајте ја затегнатоста на синџирот
во текот на работата. При недоволна затегнатост на
синџирот: Затегнете го синџирот.
■ Ако моторната пила во текот на работењето се
однесува поинаку или невообичаено, можно е
моторната пила да не е безбедна за употреба. Луѓе
може да бидат тешко повредени и можна е
материјална штета.
► Престанете со работата, приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот и
побарајте помош од специјализиран продавач на
STIHL.
■ Во текот на работењето моторната пила може да
создава вибрации.
► Носете ракавици.
► Правете паузи во текот на работата.
► Ако се јават знаци на нарушена циркулација:
Побарајте лекарска помош.
■ Ако синџирот во движење удри во цврст предмет,
можно е да дојде до искрење. Во лесно запалива
средина, искрењето може да предизвика пожари. Луѓе
може да бидат тешко повредени или усмртени и можна
е материјална штета.
► Не работете во лесно запалива средина.
■ При отпуштање на прекинувачот, синџирот на пилата
се движи понатаму уште кусо време. Луѓе може да
бидат тешко повредени.
► Почекајте синџирот да престане да се движи.
македонски
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ При сечење дрво што се наоѓа во напрегната состојба
можно е да се заглави мечот. Корисникот може да ја
загуби контролата над моторната пила и да биде
тешко повреден.
► Прво направете засек за растоварување на
страната што притиска (1), а потоа и засекот за
раздвојување на страната што влече (2).
4.7.2Кастрење гранки
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако на дрвото што се соборува прво му се поткастрат
гранките на долната страна, тогаш дрвото веќе не
може да се потпира со гранките на тлото. Во текот на
работењето дрвото може да се придвижи. Луѓе може
да бидат тешко повредени или усмртени.
► Поголемите гранки на долната страна исечете ги
дури при скратувањето на дрвото.
► Не работете стоејќи на стеблото.
■ При кастрење гранки исечената гранка може да падне.
Корисникот може да се сопне, да падне и да биде
тешко повреден.
► Кастрете гранки од подножјето на стеблото во
насока на крошната.
0458-729-5821-A
9
Page 12
македонски
4 Безбедносни упатства
4.7.3Соборување дрвја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Необучени лица не можат да ги проценат опасностите
при соборување дрвја. Луѓе може да бидат тешко
повредени или усмртени и можна е материјална
штета.
► Ако постојат нејаснотии: Не соборувајте дрвја сами.
■ Во текот на соборувањето, дрвото или гранките може
да паднат на лица или на предмети. Луѓе може да
бидат тешко повредени или усмртени и можна е
материјална штета.
► Насоката на соборување одредете ја така што ќе
биде слободно подрачјето на коешто се соборува
дрвото.
► Неовластени лица, деца и животни не смеат да се
задржуваат во радиус од 2,5 должини на дрвото.
► Набљудувајте ги крошната на дрвото и крошните на
соседните дрвја и избегнете ги гранките што паѓаат.
■ Кога дрвото паѓа, може да му се скрши стеблото или
да се одбие во насока на корисникот. Корисникот може
да биде тешко повреден или усмртен.
► Планирајте патека за избегнување странично зад
дрвото.
► Одете наназад по патеката за избегнување и
набљудувајте го дрвото што паѓа.
► Не одете наназад надолу по падината.
■ Пречки во работниот простор и на патеката за
избегнување може да го попречат корисникот.
Корисникот може да се сопне и да падне. Корисникот
може да биде тешко повреден или усмртен.
► Отстранете ги пречките од работниот простор и од
патеката за избегнување.
■Ако се засечат или прерано пресечат лентата за
прекршување, безбедносната лента или потпорната
лента, правецот на паѓање веќе не може да се задржи
или дрвото може да падне премногу рано. Луѓе може
да бидат тешко повредени или усмртени и можна е
материјална штета.
► Не засекувајте ја и не пресекувајте ја лентата за
прекршување.
► Безбедносната лента или потпорната лента
пресечете ја како последна.
► Ако дрвото почне да паѓа прерано: Прекинете го
засекот за соборување и иставете се на патеката за
избегнување.
■ Ако синџирот во движење во областа на горната
четвртина на врвот од мечот удри во цврст клин за
соборување и брзо се забави, можно е да дојде до
повратен удар. Луѓе може да бидат тешко повредени
или усмртени.
► Користете алуминиумски или пластични клинови за
соборување.
■ Доколку дрвото не падне целосно или остане закачено
на друго дрво, корисникот веќе не може контролирано
да го заврши соборувањето.
► Прекинете го соборувањето и повлечете го дрвото
наземи со помош на макара или соодветно возило.
10
0458-729-5821-A
Page 13
4 Безбедносни упатства
0000-GXX-2129-A0
0000-GXX-2107-A0
0000-GXX-1348-A0
македонски
4.8Сили на реакција
4.8.1Повратен удар
Повратен удар може да биде предизвикан од следниве
причини:
–Синџирот во движење ќе удри во цврст предмет со
горната четвртина од врвот на мечот и брзо се
забавува.
– Синџирот во движење ќе се заглави со врвот од мечот.
Сопирачката на синџирот не може да го спречи
повратниот удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■
■ При повратен удар моторната пила може да биде
отфрлена во насока кон корисникот. Корисникот може
да ја загуби контролата над моторната пила и да биде
тешко повреден или усмртен.
► Моторната пила држете ја цврсто со двете раце.
► Телото држете го подалеку од продолжената зона на
движење на моторната пила.
► Работете така, како што е опишано во ова упатство
за употреба.
► Не работете со подрачјето на горната четвртина на
врвот од мечот.
► Работете со исправно наострен и исправно затегнат
синџир на пилата.
► Користете синџир за пила со редукција на
повратниот удар.
► Користете меч со мала глава на мечот.
► Сечете при полн гас.
4.8.2Вовлекување
0458-729-5821-A
Кога се работи со долната страна од мечот, моторната
пила се повлекува подалеку од корисникот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако синџирот во движење удри во цврст предмет и
брзо се забави, моторната пила одеднаш и многу
силно може да биде повлечена подалеку од
11
Page 14
македонски
0000-GXX-1349-A0
4 Безбедносни упатства
корисникот. Корисникот може да ја загуби контролата
над моторната пила и да биде тешко повреден или
усмртен.
► Моторната пила држете ја цврсто со двете раце.
► Работете така, како што е опишано во ова упатство
за употреба.
► Мечот водете го право во засекот.
► Исправно наместете го запчестиот граничник.
► Сечете при полн гас.
4.8.3Одбивање
Кога се работи со горната страна од мечот, моторната
пила се турка во насока кон корисникот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако синџирот во движење удри во цврст предмет и
брзо се забави, моторната пила одеднаш и многу
силно може да биде турната кон корисникот.
Корисникот може да ја загуби контролата над
моторната пила и да биде тешко повреден или
усмртен.
► Моторната пила држете ја цврсто со двете раце.
► Работете така, како што е опишано во ова упатство
за употреба.
► Мечот водете го право во засекот.
► Сечете при полн гас.
4.9Вклучување во струја
Допирот со компонентите под напон може да се случи од
следниве причини:
– Оштетен е кабелот за струја или продолжниот кабел.
– Оштетен е приклучникот за струја на кабелот за струја
или на продолжниот кабел.
– Штекерот за струја не е исправно инсталиран.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Допирот со компонентите под напон може да
предизвика струен удар. Корисникот може да биде
тешко повреден или усмртен.
► Уверете се дека не се оштетени кабелот за струја,
продолжниот кабел и нивните приклучници за струја.
► Кабелот за струја, продолжниот кабел и нивните
приклучници за струја допирајте ги со суви раце.
► Приклучникот за струја од продолжниот кабел
ставете го во исправно инсталиран штекер за струја.
■ Во текот на работењето, погрешен мрежен напон или
погрешна мрежна фреквенција може да доведат до
наднапон во моторната пила. Моторната пила може да
биде оштетена.
► Уверете се дека мрежниот напон и мрежната
фреквенција соодветствуваат со податоците на
плочката со податоци на моторната пила.
■ Ако се приклучени повеќе електрични уреди на еден
штекер за струја, во текот на работењето може да
дојде до преоптоварување на електричните водови.
Електричните водови може да се загреат и да
предизвикаат пожар. Луѓе може да бидат тешко
повредени или усмртени и можна е материјална
штета.
► Моторните пили приклучувајте ги подинечно на еден
штекер за струја.
► Моторните пили не приклучувајте ги на
повеќекратни штекери за струја.
12
0458-729-5821-A
Page 15
4 Безбедносни упатства
македонски
► Моторната пила приклучете ја преку заштитна
склопка од погрешна струја со активирачка струја од
максимално 30 mA.
■ Оштетен или несоодветен продолжен кабел може да
предизвика струен удар. Луѓе може да бидат тешко
повредени или усмртени.
► Користете продолжен кабел со исправен напречен
пресек на проводниците, @ 18.2.
► Користете продолжен кабел што е отпорен на вода
што прска.
■ Погрешно поставен кабел за струја или продолжен
кабел може да биде оштетен и лица може да се сопнат
од него. Луѓе може да се повредат, а кабелот за струја
или продолжниот кабел да се оштетат.
► Кабелот за струја и продолжниот кабел наместете ги
така што синџирот во движење не може да ги допре.
► Кабелот за струја и продолжниот кабел наместете ги
и означете ги така што лица нема да се сопнат.
► Кабелот за струја и продолжниот кабел наместете ги
така што нема да бидат оштетени или приклештени,
да не се тријат или да се испреплеткаат.
► Кабелот за струја и продолжниот кабел наместете ги
на сува подлога.
■ Продолжниот кабел се загрева во текот на
работењето. Топлината што не се одведува може да
предизвика пожар.
► Ако се користи намотка со продолжен кабел:
Намотката со продолжен кабел одмотајте ја докрај.
► Активирајте ја сопирачката на синџирот.
► Штитникот за синџирот наместете го така што ќе
биде покриен целиот меч.
► Моторната пила обезбедете ја така, што нема да
може да се преврти или придвижи.
4.11 Чување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Децата не можат да ги препознаат и проценат
опасностите од моторната пила. Децата може да
бидат тешко повредени.
► Приклучникот за струја на продолжниот кабел
извлечете го од штекерот.
► Приклучникот за струја на моторната пила
извлечете го од продолжниот кабел.
► Активирајте ја сопирачката на синџирот.
► Моторната пила чувајте ја подалеку од деца.
■ Електричните контакти кај моторната пила и
металните компоненти може да кородираат под
дејство на влага. Моторната пила може да биде
оштетена.
► Приклучникот за струја на продолжниот кабел
извлечете го од штекерот.
► Приклучникот за струја на моторната пила
извлечете го од продолжниот кабел.
► Моторната пила чувајте ја во чиста и сува состојба.
4.10 Транспортирање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во текот на транспортирањето моторната пила може
да се преврти или да се придвижи. Луѓе може да бидат
повредени и можна е материјална штета.
► Извлечете го приклучникот за струја на продолжниот
кабел од штекерот.
► Приклучникот за струја на моторната пила
извлечете го од продолжниот кабел.
0458-729-5821-A
13
Page 16
македонски
5 Подготвување на моторната пила за употреба
4.12 Чистење, одржување и поправање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако во текот на чистењето, одржувањето или
поправањето приклучникот за струја остане приклучен
во штекерот, можно е ненамерно вклучување на
моторната пила. Луѓе може да бидат тешко повредени
и можна е материјална штета.
► Приклучникот за струја на продолжниот кабел
извлечете го од штекерот.
► Приклучникот за струја на моторната пила
извлечете го од продолжниот кабел.
► Активирајте ја сопирачката на синџирот.
■ Агресивните средства за чистење, чистењето со висок
притисок или шпицестите предмети може да ги
оштетат моторната пила, мечот и синџирот. Ако
моторната пила, мечот или синџирот не се чистат
исправно, можно е компоненти те да не ф ун кц ио ни р аа т
правилно и безбедносните механизми да бидат
исклучени. Луѓе може да бидат тешко повредени.
► Моторната пила, мечот и синџирот чистете ги така,
како што е опишано во ова упатство за употреба.
■ Ако моторната пила, мечот или синџирот не се
одржуваат или поправаат исправно, можно е
компонентите да не функционираат правилно и
безбедносните механизми да бидат исклучени. Луѓе
може да бидат тешко повредени или усмртени.
► Моторната пила не одржувајте ја и не поправајте ја
сами.
► Ако е неисправен или оштетен кабелот за струја:
Кабелот за струја треба да го замени
специјализиран продавач STIHL.
► Ако моторната пила мора да се одржува или
поправа: Побарајте помош од специјализиран
продавач на STIHL.
► Мечот и синџирот одржувајте ги или поправајте ги
така, како што е опишано во ова упатство за
употреба.
■ Во текот на чистењето или одржувањето на синџирот,
корисникот може да се исече на острите режни запци.
Корисникот може да биде повреден.
► Носете работни ракавици од отпорен материјал.
5Подготвување на моторната пила за
употреба
5.1Подготвување на моторната пила за
употреба
Следниве чекори мора да се извршат пред секој почеток
на работа:
► Уверете се дека следниве компоненти се во состојба
за безбедна употреба:
– Моторна пила и кабел за струја, @ 4.6.1.
–Меч, @ 4.6.2.
– Синџир на пилата, @ 4.6.3.
► Исчистете ја моторната пила, @ 14.1.
► Монтирајте ги мечот и синџирот на пилата, @ 6.1.1.
► Затегнете го синџирот на пилата, @ 6.2.
► Наполнете адхезивно масло за синџирот на пилата,
@ 6.3.
► Приклучникот за струја на моторната пила поврзете го
со продолжен кабел и приклучникот за струја на
продолжниот кабел приклучете го на лесно достапен
штекер за струја.
► Проверете ја сопирачката на синџирот, @ 9.4.
► Проверете ги командните елементи, @ 9.5.
► Проверете го подмачкувањето на синџирот, @ 9.6.
► Ако чекорите не може да се извршат: Не користете ја
моторната пила и побарајте помош од специјализиран
продавач на STIHL.
14
0458-729-5821-A
Page 17
6 Склопување на моторната пила
0000-GXX-2108-A0
1
0000-GXX-2111-A0
4
3
0000-GXX-2130-A0
0000-GXX-2109-A0
8
5
6
7
македонски
6Склопување на моторната пила
6.1Монтажа и демонтажа на мечот и на
синџирот на пилата
6.1.1Монтажа на мечот и синџирот на пилата
Комбинациите од меч и синџир што соодветствуваат на
запчаникот и што смеат да бидат вградени се наведени
во техничките податоци, @ 19.
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Завртката за затегнување (3) вртете ја налево се’
додека лизгачот за затегнување (4) не налегне лево на
куќиштето.
► Синџирот наместете го во жлебот на мечот така, што
стрелките на спојните членчиња на синџирот на
горната страна покажуваат во насоката на движење.
► Одвртете ја навртката (1).
► Извадете го капакот на запчаникот (2).
0458-729-5821-A
► Мечот и синџирот наместете ги на моторната пила
така, што ќе бидат исполнети следниве услови:
– Погонските член чиња на си нџирот лежат во запците
на запчаникот (5).
– Главата на завртката (6) лежи во долгиот отвор на
мечот (8).
– Клинот на лизгачот за затегнување (4) лежи во
отворот (7) на мечот (8).
Ориентацијата на мечот (8) не е важна. Печатот на
мечот (8) исто така може да стои наопаку.
► Отпуштете ја сопирачката на синџирот.
15
Page 18
македонски
0000-GXX-2112-A0
3
► Завртката за затегнување (3) вртете ја надесно се’
додека синџирот не налегне на мечот. Притоа,
погонските членчиња на синџирот наместете ги во
жлебот од мечот.
Мечот (8) и синџирот налегнуваат на моторната пила.
► Капакот на запчаникот (2) наместете го на моторната
пила така, што ќе биде во иста линија со моторната
пила.
► Навртете ја и затегнете ја навртката (1).
6.1.2Демонтажа на мечот и синџирот на пилата
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Одвртете ја навртката.
► Извадете го капакот од запчаникот.
► Завртката за затегнување свртете ја налево до
граничникот.
Синџирот на пилата е опуштен.
► Извадете ги мечот и синџирот на пилата.
6 Склопување на моторната пила
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
1
2
0000-GXX-2113-A1
► Олабавете ја навртката (1).
► Отпуштете ја сопирачката на синџирот.
► Фатете го мечот при врвот и кренете го и завртката за
затегнување (2) вртете ја надесно додека се исполнат
следниве услови:
– Синџирот налегнува во иста линија на долната
страна од мечот.
– Синџирот се’ уште може да се повлече преку мечот
со два прста и малку сила.
► Ако се користи Carving меч: Завртката за
затегнување (2) вртете ја надесно се’ додека
погонските членчиња на синџирот на долната страна
на мечот не бидат видливи до половина.
► Ако синџирот не може да се повлече со рака преку
мечот: Завртката за затегнување (2) вртете ја налево
се’ додека не биде можно да се повлече синџирот со
два прста и со малку сила преку мечот.
► Затегнете ја навртката (1).
6.2Затегнување на синџирот на пилата
Синџирот се истегнува или се собира во текот на
работењето. Затегнатоста на синџирот се менува.
Затегнатоста на синџирот редовно мора да се
контролира и поправа во текот на работењето.
16
6.3Полнење адхезивно масло за синџирот на
пилата
Адхезивното масло за синџири го подмачкува и лади
синџирот во движење.
0458-729-5821-A
Page 19
7 Активирање и отпуштање на сопирачката на синџирот
0000-GXX-2115-A0
0000-GXX-2131-A0
0000-GXX-2110-A0
македонски
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Моторната пила ставете ја на рамна површина така,
што капачето на резервоарот за масло ќе биде
свртено нагоре.
► Подрачјето околу капачето на резервоарот за масло
исчистете го со влажна крпа.
► Капачето на резервоарот за масло вртете го налево
се’ додека не се извади.
► Извадете го капачето на резервоарот за масло.
► Адхезивното масло за синџири наполнете го така што
маслото нема да се истури и резервоарот за масло
нема да биде наполнет до врвот.
► Капачето на резервоарот за масло притиснете го
надолу, свртете го надесно до граничникот и затегнете
го.
Резервоарот за масло е затворен.
7Активирање и отпуштање на
сопирачката на синџирот
7.1Активирање на сопирачката на синџирот
Моторната пила е опремена со сопирачка на синџирот.
Сопирачката на синџирот се активира автоматски при
доволно силен повратен удар според принципот на
инерција на штитникот за раката, или може да ја
активира самиот корисник.
► Штитникот за раката турнете го со левата рака
подалеку од цевчестата рачка.
Штитникот за раката чујно се забравува. Штитникот за
раката покажува на симболот . Сопирачката на
синџирот е активирана.
► Капачето на резервоарот за масло наместете го на
резервоарот за масло.
0458-729-5821-A
17
Page 20
македонски
0000-GXX-2118-A0
7.2Отпуштање на сопирачката на синџирот
► Штитникот за раката повлечете го со левата рака во
насока кон корисникот.
Штитникот за раката чујно се забравува. Штитникот за
раката покажува на симболот . Сопирачката на
синџирот е отпуштена.
8Вклучување и исклучување на
моторната пила
8.1Вклучување на моторната пила
► Моторната пила држете ја цврсто со десната рака на
командната рачка така, што палецот ќе ја опфати
командната рачка.
► Отпуштете ја сопирачката на синџирот.
► Моторната пила држете ја цврсто со левата рака на
цевчестата рачка така, што палецот ќе ја опфати
цевчестата рачка.
8 Вклучување и исклучување на моторната пила
1
2
0000-GXX-2121-A0
► Копчето за блокирање (1) притиснете го со палецот и
држете го притиснато.
► Прекинувачот (2) притиснете го со показалецот и
држете го притиснат.
Моторната пила се забрзува и синџирот се движи.
8.2Исклучување на моторната пила
► Отпуштете ги прекинувачот и копчето за блокирање.
Синџирот веќе не се движи.
► Ако синџирот и понатаму се движи: Активирајте ја
сопирачката на синџирот, приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот и
побарајте помош од специјализиран продавач на
STIHL.
Моторната пила е неисправна.
9Проверка на моторната пила
18
9.1Проверка на запчаникот
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Отпуштете ја сопирачката на синџирот.
► Демонтирајте го капакот на запчаникот.
► Демонтирајте ги мечот и синџирот на пилата.
0458-729-5821-A
Page 21
9 Проверка на моторната пила
0000-GXX-1226-A0
a
0000-GXX-1217-A0
1
0000-GXX-1218-A0
2
► Браздите на запчаникот проверете ги со шаблон за
проверка STIHL.
► Ако браздите се подлабоки од a = 0,5 mm: Не
користете ја моторната пила и побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
Запчаникот мора да биде заменет.
9.2Проверка на мечот
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Демонтирајте ги синџирот и мечот.
македонски
– Мечот е оштетен.
– Измерената длабочина на жлебот е помала од
минималната длабочина на жлебот од мечот,
@ 18.4.
– Жлебот од мечот е стеснет или проширен.
► Ако постојат нејаснотии: Побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
9.3Проверка на синџирот
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Висината на ограничувачот на длабочината (1)
измерете ја со шаблон за турпијање (2) STIHL.
Шаблонот за турпијање STIHL мора да соодветствува
на поделбата на синџирот.
► Ако ограничувачот на длабочината (1) го надвишува
шаблонот за турпијање (2): Дополнително истурпијајте
го ограничувачот на длабочината (1), @ 15.3.
► Длабочината на жлебот на мечот измерете ја со
мерната прачка од шаблонот за турпијање STIHL.
► Заменете го мечот, ако е исполнет еден од следниве
услови:
0458-729-5821-A
19
Page 22
македонски
0000-GXX-1372-A0
1
2
3
4
► Проверете дали се видливи ознаките за
истрошеност (1 до 4) на режните запци.
► Ако една од ознаките за истрошеност на еден од
режните запци не е видлива: Не користете го синџирот
и побарајте помош од специјализиран продавач на
STIHL.
► Аголот на острењето на режните запци проверете го
со шаблон за турпијање STIHL, @ 18.5. Шаблонот за
турпијање STIHL мора да соодветствува на поделбата
на синџирот.
► Ако не се запазени аглите на острење: Наострете го
синџирот на пилата, @ 18.5.
► Ако постојат нејаснотии: Побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
9.4Проверка на сопирачката на синџирот
► Активирајте ја сопирачката на синџирот и
приклучникот за струја на продолжниот кабел
извлечете го од штекерот за струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Режните запци на синџирот се остри. Корисникот може
да се исече.
► Носете работни ракавици од отпорен материјал.
► Обидете се да го повлечете синџирот со рака преку
мечот.
Ако синџирот не може да се повлече со рака преку
мечот, сопирачката на синџирот функционира.
9 Проверка на моторната пила
► А ко синџ ирот мо ж е да се п овлече с о рака п р еку ме ч от:
Не користете ја моторната пила и побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
Сопирачката на синџирот е неисправна.
9.5Проверка на командните елементи
Копче за блокирање и прекинувач
► Активирајте ја сопирачката на синџирот и
приклучникот за струја на продолжниот кабел
извлечете го од штекерот за струја.
► Обидете се да го притиснете прекинувачот без да го
притиснете копчето за блокирање.
► Ако прекинувачот може да се притисне: Не користете
ја моторната пила и побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
Копчето за блокирање е неисправно.
► Притиснете го копчето за блокирање и задржете го.
► Притиснете го прекинувачот и отпуштете го пак.
► Ако е тешко подвижен прекинувачот, или ако не се
враќа сам во почетната положба: Не користете ја
моторната пила и побарајте помош од специјализиран
продавач на STIHL.
Прекинувачот е неисправен.
Вклучување на моторната пила
► Приклучникот за струја од продолжниот кабел ставете
го во штекер за струја.
► Отпуштете ја сопирачката на синџирот.
► Притиснете го копчето за блокирање и задржете го.
► Притиснете го прекинувачот и задржете го.
Синџирот се движи.
► Отпуштете го прекинувачот.
Синџирот веќе не се движи.
► Ако синџирот и понатаму се движи: Активирајте ја
сопирачката на синџирот, приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот и
побарајте помош од специјализиран продавач на
STIHL.
Моторната пила е неисправна.
20
0458-729-5821-A
Page 23
10 Работење со моторна пила
0000-GXX-2116-A0
1
0000-GXX-2107-A0
македонски
9.6Проверка на подмачканоста на синџирот
► Постоечкото количество на адхезивното масло за
синџирот на пилата проверете го преку контролниот
прозорец.
► Ако количеството е под ознаката „OIL min“ (1):
Наполнете адхезивно масло за синџирот на пилата.
Во резервоарот за масло има премалку адхезивно
масло за синџирот на пилата.
► Приклучникот за струја од продолжниот кабел ставете
го во штекер за струја.
► Отпуштете ја сопирачката на синџирот.
► Мечот насочете го кон светла површина.
►Вклучете ја моторната пила.
Адхезивното масло за синџири се исфрла и се гледа
на светлата површина. Подмачкувањето на синџирот
функционира.
Доколку не се гледа исфрлено адхезивно масло за
синџири:
► Наполнете адхезивно масло за синџирот на пилата.
► Одново проверете го подмачкувањето на синџирот.
► Ако адхезивното масло за синџири се’ уште не се
гледа на светлата површина: Не користете ја
моторната пила и побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
Подмачкувањето на синџирот е неисправно.
10 Работење со моторна пила
10.1 Држење и водење на моторната пила
► Моторната пила се држи и се води со левата рака на
цевчестата рачка и со десната рака на командната
рачка, така што палецот на левата рака ќе ја опфати
цевчестата рачка, а палецот на десната рака ќе ја
опфати командната рачка.
10.2 Сечење со пилата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
При повратен удар моторната пила може да биде
отфрлена во насока кон корисникот. Корисникот може да
биде тешко повреден или усмртен.
► Сечете при полн гас.
► Не сечете со подрачјето на горната четвртина на
врвот од мечот.
► Мечот воведете го под полн гас во засекот така, што
мечот нема да се заглави во засекот.
0458-729-5821-A
21
Page 24
македонски
0000-GXX-2117-A0
000SY129
0000-GXX-1245-A0
1
2
1
2
B
B
0000-GXX-1246-A0
10 Работење со моторна пила
► Наместете го запчестиот граничник и користете го
како точка на вртење.
► Водете го мечот целосно низ дрвото, со постојано
преместување на запчестиот граничник.
► На крајот од засекот прифатете ја тежината на
моторната пила.
10.3 Кастрење гранки
► Моторната пила потпрете ја на стеблото.
► Мечот притиснете го на гранката под полн гас и со
движење како со лост.
► Гранката пресечете ја со горната страна на мечот.
► Ако гранката е во напрегната состојба: Направете
засек за растоварување (1) на страната што притиска
и потоа пресечете со засекот за раздвојување (2) на
страната што влече.
10.4 Соборување дрвја
10.4.1 Одредување на насоката на соборување и на
местото за засолнување
► Насоката на соборување одредете ја така што ќе биде
слободно подрачјето на коешто се соборува дрвото.
► Местото за засолнување (B) одредете го така што ќе
бидат исполнети следниве услови:
– Местото за засолнување (B) е под агол од 45° во
однос на насоката на соборување (A).
– На местото за засолнување (В) нема пречки.
– Крошната на дрвото може да биде набљудувана.
22
0458-729-5821-A
Page 25
10 Работење со моторна пила
0000-GXX-1247-A0
0000-GXX-1249-A0
0000-GXX-1250-A0
македонски
– Ако местото за засолнување (B) е на падина,
местото за засолнување (B) мора да биде
паралелно со падината.
10.4.2 Подготвување на работниот простор кај стеблото
► Отстранете ги пречките во работниот простор кај
стеблото.
► Отстранете ја вегетацијата кај стеблото.
► Ако стеблото има големи, здрави проширувања на
коренот: Проширувањата на коренот засечете ги прво
вертикално и потоа хоризонтално и потоа отстранете
ги.
10.4.3 Засекување на браздата за соборување
Браздата за соборување ја одредува насоката во
којашто паѓа дрвото. При правењето бразда за
соборување мора да се запазат одредниците
специфични за секоја земја.
► Моторната пила поставете ја така што браздата за
соборување ќе биде под прав агол во однос на
насоката на соборување, а моторната пила е во
близина на тлото.
► Засечете го хоризонталниот долен засек.
► Горниот засек засечете го под агол од 45° во однос на
хоризонталниот долен засек.
► Ако дрвото е здраво и со долги влакна: Помошните
засеци направете ги така што ќе бидат исполнети
следниве услови:
– Помошните засеци се исти на двете страни.
– Помошните засеци се во висина на браздата за
соборување.
– Помошните засеци се широки 1/10 од пречникот на
стеблото.
Стеблото не се распукнува кога дрвото паѓа.
0458-729-5821-A
23
Page 26
македонски
D
1/10
0000-GXX-1251-A0
C
C
E
G
3.
1.
2.
0000-GXX-1252-A0
10.4.4 Засек за соборување - основна техника
C Бразда за соборување
Браздата за соборување ја одредува насоката на
соборување.
D Лента за прекршување
Лентата за прекршување го води дрвото кон тлото
како шарка.
E Засек за соборување
Со засекот за соборување се пресекува стеблото.
F Безбедносна лента
Безбедносната лента го потпира дрвото и го
обезбедува од предвремено паѓање. Безбедносната
лента е широка 1/10 до 1/5 од пречникот на стеблото.
G Потпорна лента
Потпорната лента го потпира дрвото и го обезбедува
од предвремено паѓање. Потпорната лента е широка
1/10 до 1/5 од пречникот на стеблото.
10.4.5 Прободување
Прободување е работна техника што е неопходна при
соборување стебла.
10 Работење со моторна пила
► Мечот внесете го со долната страна од врвот и под
полн гас.
► Сечете додека мечот не влезе во стеблото со двојна
ширина.
► Завртете во точката на прободувањето.
► Прободете со мечот.
10.4.6 Избор на соодветен засек за соборување
Изборот на соодветниот засек за соборување зависи од
следниве услови:
– природна наведнатост на дрвото
– разгранетост на дрвото
– оштетувања на дрвото
– здравствена состојба на дрвото
– ако на дрвото има снег: снежната покривка
– насока на падината
– насока на ветерот и брзина на ветерот
– постоење на соседни дрвја
Овие услови се разликуваат според манифестирањето
на различни својства. Во ова упатство за употреба ќе
бидат опишани 2 својства.
24
0458-729-5821-A
Page 27
10 Работење со моторна пила
0000-GXX-1253-A0
1
2
0000-GXX-1254-A0
1.
2.
0000-GXX-1255-A0
3.
1Нормално дрво
Нормалното дрво стои вертикално и има рамномерна
крошна.
2 Наведнато дрво
Наведнатото дрво стои косо и има крошна што
покажува во насоката на соборување.
10.4.7 Соборување нормално дрво со мал пречник на
стеблото
Нормално дрво се соборува со засек за соборување со
безбедносна лента. Овој засек за соборување мора да
се направи ако пречникот на стеблото биде помал од
фактичката должина на засекот на моторната пила.
► Упатете повик на предупредување.
македонски
► Прободете со мечот во засекот за соборување така
што ќе биде видлив од другата страна на стеблото,
@ 10.4.5.
► Запчестиот граничник наместете го зад лентата за
прекршување и користете го како точка на вртење.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
лентата за прекршување.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
безбедносната лента.
► Ставете клин за соборување. Клинот за соборување
мора да соодветствува со пречникот на стеблото и со
ширината на засекот за соборување.
► Упатете повик на предупредување.
► Пресечете ја безбедносната лента со испружени раце
однадвор и хоризонтално во рамнината на засекот за
соборување.
Дрвото паѓа.
0458-729-5821-A
10.4.8 Соборување нормално дрво со голем пречник на
стеблото
Нормално дрво се соборува со засек за соборување со
безбедносна лента. Овој засек за соборување мора да
се направи ако пречникот на стеблото биде поголем од
фактичката должина на засекот на моторната пила.
► Упатете повик на предупредување.
25
Page 28
македонски
0000-GXX-1256-A0
1.
2.
3.
4.
5.
6.
0000-GXX-1257-A0
0000-GXX-1258-A0
1.
2.
► Запчестиот граничник наместете го во височина на
засекот за соборување и користете го како точка на
вртење.
► Моторната пила внесете ја хоризонтално во засекот за
соборување и завртете колку е можно повеќе.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
лентата за прекршување.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
безбедносната лента.
► Продолжете на спротивната страна од стеблото.
► Прободете со мечот во истата рамнина во засекот за
соборување.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
лентата за прекршување.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
безбедносната лента.
10 Работење со моторна пила
► Ставете клин за соборување. Клинот за соборување
мора да соодветствува со пречникот на стеблото и со
ширината на засекот за соборување.
► Упатете повик на предупредување.
► Пресечете ја безбедносната лента со испружени раце
однадвор и хоризонтално во рамнината на засекот за
соборување.
Дрвото паѓа.
10.4.9 Соборување наведнато дрво со мал пречник на
стеблото
Наведнато дрво се соборува со засек за соборување со
потпорна лента. Овој засек за соборување мора да се
направи ако пречникот на стеблото биде помал од
фактичката должина на засекот на моторната пила.
► Упатете повик на предупредување.
► Прободете со мечот во засекот за соборување така
што ќе биде видлив од другата страна на стеблото,
@ 10.4.5.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
лентата за прекршување.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
потпорната лента.
26
0458-729-5821-A
Page 29
10 Работење со моторна пила
0000-GXX-1259-A0
0000-GXX-1260-A0
3.
2.
1.
5.
6.
4.
0000-GXX-1261-A0
► Упатете повик на предупредување.
► Пресечете ја потпорната лента со испружени раце
однадвор и косо од горе.
Дрвото паѓа.
10.4.10 Соборување наведнато дрво со голем пречник на
стеблото
Наведнато дрво се соборува со засек за соборување со
потпорна лента. Овој засек за соборување мора да се
направи ако пречникот на стеблото биде поголем од
фактичката должина на засекот на моторната пила.
► Упатете повик на предупредување.
македонски
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
лентата за прекршување.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
потпорната лента.
► Продолжете на спротивната страна од стеблото.
► Запчестиот граничник наместете го во височина на
засекот за соборување зад лентата за прекршување и
користете го како точка на вртење.
► Моторната пила внесете ја хоризонтално во засекот за
соборување и завртете колку е можно повеќе.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
лентата за прекршување.
► Засекот за соборување формирајте го во насока на
потпорната лента.
► Запчестиот граничник наместете го во височина на
засекот за соборување зад потпорната лента и
користете го како точка на вртење.
► Моторната пила внесете ја хоризонтално во засекот за
соборување и завртете колку е можно повеќе.
0458-729-5821-A
► Упатете повик на предупредување.
► Пресечете ја потпорната лента со испружени раце
однадвор и косо од горе.
Дрвото паѓа.
10.5 Ресетирање на заштитата од
преоптоварување
Моторната пила има заштита од преоптоварување. Кога
моторната пила е изложена на превисоко механичко
оптоварување, заштитата од преоптоварување го
прекинува струјното коло. На тој начин, заштитата од
преоптоварување го спречува оштетувањето на
моторната пила.
► Извадете го мечот од засекот.
27
Page 30
македонски
1
0000-GXX-1899-A0
11 По работењето
► Почекајте неколку минути.
Моторната пила мора да се излади.
► Притиснете го копчето за ресетирање (1).
Копчето за ресетирање (1) се забравува. Струјното
коло веќе не е прекинато.
► Ако копчето за ресетирање (1) не се забрави:
Почекајте неколку минути и одново притиснете го
копчето за ресетирање (1).
Моторната пила се’ уште не се изладила доволно.
► Вклучете ја моторната пила и давајте полн гас
отприлика 15 секунди.
Моторот се лади и повторното активирање на
заштитата од преоптоварување значајно се одложува.
► Завртката за затегнување свртете ја 2 вртежи налево.
Синџирот на пилата е опуштен.
► Затегнете ја навртката.
► Штитникот за синџирот наместете го така што ќе биде
покриен целиот меч.
12 Транспортирање
12.1 Транспортирање на моторната пила
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Приклучникот за струја на моторната пила извлечете
го од продолжниот кабел.
► Штитникот за синџирот наместете го така што ќе биде
покриен целиот меч.
► Моторната пила носете ја со десната рака на
цевчестата рачка така, што мечот ќе биде свртен
наназад.
► Ако моторната пила се транспортира со возило:
Уверете се дека моторната пила нема да може да се
преврти или придвижи.
11 По работењето
11.1 По работењето
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Приклучникот за струја на моторната пила извлечете
го од продолжниот кабел.
► Исчистете ја моторната пила.
► Исчистете ги мечот и синџирот на пилата.
► Олабавете ја навртката.
28
13 Чување
13.1 Чување на моторната пила
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Приклучникот за струја на моторната пила извлечете
го од продолжниот кабел.
► Штитникот за синџирот наместете го така што ќе биде
покриен целиот меч.
► Моторната пила чувајте ја така што ќе бидат
исполнети следниве услови:
0458-729-5821-A
Page 31
14 Чистење
2
0000-GXX-2124-A0
3
3
1
македонски
– Моторната пила е надвор од дофатот на децата.
– Моторната пила е чиста и сува.
14 Чистење
14.1 Чистење на моторната пила
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Моторната пила исчистете ја со влажна крпа или со
средство за чистење смола STIHL.
► Демонтирајте го капакот на запчаникот.
► Подрачјето околу запчаникот исчистете го со влажна
крпа или со средство за чистење смола STIHL.
► Монтирајте го капакот на запчаникот.
14.2 Чистење на мечот и синџирот на пилата
► Исклучете ја моторната пила, активирајте ја
сопирачката на синџирот и приклучникот за струја на
продолжниот кабел извлечете го од штекерот за
струја.
► Демонтирајте ги мечот и синџирот на пилата.
► Синџирот исчистете го со четкичка, со мека четка или
со средство за чистење смола STIHL.
► Монтирајте ги мечот и синџирот на пилата.
15 Одржување
15.1 Интервали на одржување
Интервалите на одржување зависат од условите на
средината и од работните услови. STIHL ги препорачува
следниве интервали на одржување:
Сопирачка на синџирот
► Сопирачката на синџирот треба да ја одржува
специјализираниот продавач STIHL според следниве
временски интервали:
– користење со полно работно време: квартално
– користење со скратено работно време: полугодишно
– повремено користење: годишно
Неделно
► Проверете го запчаникот.
► Проверете го мечот и отстранете ги проширувањата.
► Проверете го и наострете го синџирот на пилата.
Месечно
► Резервоарот за масло треба да го исчисти
специјализиран продавач STIHL.
► Каналот за одлив на масло (1), отворот за доток на
масло (2) и жлебот (3) исчистете ги со четкичка, со
мека четка или со средство за чистење смола STIHL.
0458-729-5821-A
15.2 Отстранување на проширувањата на мечот
На надворешниот раб на мечот може да се создаде
проширување.
► Проширувањето отстранете го со рамна турпија или со
исправувач за мечеви STIHL.
► Ако постојат нејаснотии: Побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
29
Page 32
македонски
0000-GXX-1219-A0
0000-GXX-1220-A1
15.3 Острење синџир за пила
За да се наостри синџирот исправно, потребно е многу
вежба.
Турпиите STIHL, приборот за турпијање STIHL, уреди за
острење STIHL и брошурата „Острење на синџири за
пила STIHL“ помагаат да се наостри исправно синџирот.
Брошурата е достапна на http://www.stihl.com/
sharpening-brochure.
STIHL препорачува синџирите да ги наостри
специјализиран продавач STIHL.
► Секој режен забец треба да се истурпија со кружна
турпија така што ќе бидат исполнети следниве услови:
– Кружната турпија соодветствува со поделбата на
синџирот.
– Кружната турпија се води однатре нанадвор.
– Кружната турпија се води под прав агол во однос на
мечот.
– Аголот на острење се запазува, @ 18.5.
16 Поправки
► Ограничувачот на длабочината треба да се истурпија
со рамна турпија така, што ќе биде во иста линија со
шаблонот за турпијање STIHL и паралелно со
ознаката за истрошеност. Шаблонот за турпијање
STIHL мора да соодветствува на поделбата на
синџирот.
► Ако постојат нејаснотии: Побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
16 Поправки
16.1 Поправки кај моторната пила, мечот и
синџирот на пилата
Корисникот не може да ги поправа сам моторната пила,
мечот и синџирот на пилата.
► Ако се оштетени моторната пила, мечот или синџирот
на пилата: Не користете ги моторната пила, мечот или
синџирот на пилата и побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
30
0458-729-5821-A
Page 33
17 Отстранување пречки
17 Отстранување пречки
17.1 Отстранување пречки кај моторната пила
ПречкаПричинаРешение
Моторната пила не
работи кога ќе се вклучи.
Моторната пила се
исклучува при
работењето.
Во текот на работењето
чади или мириса на
изгорено.
Не е приклучен приклучникот на кабелот за
струја или на продолжниот кабел.
Активирање на осигурувачот на домашниот
приклучок или на заштитната FI склопка.
Штекерот за струја е осигуран со помалку од
16 A.
Сопирачката на синџирот е активирана.► Отпуштете ја сопирачката на синџирот.
Синџирот е затегнат премногу силно.► Синџирот затегнете го исправно.
Преклопната ѕвезда на мечот е блокирана. ► Преклопната ѕвезда на мечот исчистете ја
Приклучникот на кабелот за струја или на
продолжниот кабел е извлечен од штекерот
за струја.
Активирање на осигурувачот на домашниот
приклучок или на заштитната FI склопка.
Штекерот за струја е осигуран со помалку од
16 A.
Активирање на заштитата од
преоптоварување.
Синџирот не е наострен исправно.► Исправно острете го синџирот.
Подмачкувањето на синџирот исфрла
премалку адхезивно масло за синџири.
Моторната пила не се користи правилно.► Побарајте објаснување за примената и
► Приклучете го приклучникот на кабелот за
струја или на продолжниот кабел.
► Наместете го осигурувачот на домашниот
приклучок или заштитната FI склопка.
► Приклучникот на кабелот за струја или на
продолжниот кабел приклучете го на
штекер за струја што е осигуран со
најмалку 16 A.
со средство за чистење смола STIHL.
► Приклучете го приклучникот на кабелот за
струја или на продолжниот кабел.
► Наместете го осигурувачот на домашниот
приклучок или заштитната FI склопка.
► Приклучникот на кабелот за струја или на
продолжниот кабел приклучете го на
штекер за струја што е осигуран со
најмалку 16 A.
► Исчистете ја моторната пила.
► Синџирот затегнете го исправно.
► Ресетирајте ја заштитата од
преоптоварување.
► Не користете ја моторната пила;
подмачкувањето на синџирот треба да го
провери специјализиран продавач на
STIHL.
вежбајте.
македонски
0458-729-5821-A
31
Page 34
македонски
18 Технички податоци
18 Технички податоци
18.1 Моторна пила STIHL MSE 141 C
– Мрежен напон: наведен на плочката со податоци
– Фреквенција: наведена на плочката со податоци
– Осигурувач: 16 A
– Моќност: 1400 W
– Тежина без меч и синџир: 4,0 kg
–Максимална содржина на резервоарот за масло:
215 cm³ (0,215 l)
– Електрична безбедносна класа: II
– Електрична заштита: IP20 (заштита од допир со прсти;
заштита од страни тела со пречник > 12 mm)
18.2 Продолжни кабли
Кога се користи продолжен кабел, неговите проводници,
во зависност од напонот и од должината на продолжниот
кабел, мора да ги имаат следниве минимални напречни
пресеци:
220 V до 240 V
– Должина на кабелот до 20 m: 1,5 mm²
– Должина на кабелот 20 m до 50 m: 2,5 mm²
18.4 Минимална длабочина на жлебот на мечеви
Минималната длабочина на жлебот зависи од
поделбата на мечот.
– 1/4" P: 4 mm
– 3/8" P: 5 mm
18.5 Агол за острење на синџири за пила
– 61 PMM3 (тип 3610): 30°
– 71 PM3 (тип 3670): 30°
18.6 Вредности за звукот и вибрациите
STIHL препорачува да се носи заштита за слухот.
– Ниво на притисок на звукот L
EN 60745-2- 13: 90 dB(A). К вредноста за нивото на
притисокот на звукот изнесува 2,5 dB(A).
– Ниво на моќност на звукот L
EN 60745-2- 13: 101 dB(A). К вредноста за нивото на
моќноста на звукот изнесува 2,5 dB(A).
– Вибрациска вредност a
60745-2-13:
– Командна рачка: < 4,2 m/s². К вредноста за
вибрациската вредност изнесува 2,0 m/s².
– Цевчеста рачка: < 3,3 m/s². К вредноста за
вибрациската вредност изнесува 2,0 m/s².
hv
мерено според
pA
мерено според
wA
мерена според EN
100 V до 127 V
– Должина на кабелот до 10 m: AWG 14 / 2,0 mm²
– Должина на кабелот 10 m до 30 m: AWG 12 / 3,5 mm²
18.3 Запчаници и брзини на синџирот
Може да се користат следниве запчаници што ги
овозможуваат следниве соодветно наведени брзини на
синџирот:
– со 7 запци за 3/8" P: 14,6 m/s
– со 8 запци за 1/4" P: 11,1 m/s
32
Наведените вибрациски вредности се измерени според
нормирана контролна постапка и може да се користат за
споредување електрични уреди. Во зависност од
примената, вредностите на фактичките вибрации што се
јавуваат може да отстапуваат од овде наведените
вредности. Наведените вибрациски вредности може да
бидат употребени за почетна проценка на вибрациското
оптоварување. Фактичкото вибрациско оптоварување
мора да се процени. Притоа може да се земат предвид и
временските интервали во кои електричниот уред е
исклучен и оние во кои е вклучен, но работи без
оптоварување.
0458-729-5821-A
Page 35
18 Технички податоци
18.7 REACH
Со REACH се означува прописот на Европската
Заедница (EG) во врска со регистрирање, проценување
и одобрување хемикалии.
Информации за исполнувањето на прописот REACH се
достапни на www.stihl.com/reach.
македонски
0458-729-5821-A
33
Page 36
македонски
19 Комбинации на мечеви и синџири за пила
19 Комбинации на мечеви и синџири за пила
19.1 Моторна пила STIHL MSE 141 C
ПоделбаДебелина на
погонското
членче/ширина
на жлебот
1/4“ P1,1 mm
3/8“ P1,1 mm
Должината на засекот на еден меч зависи од користената моторна пила и од синџирот на пилата. Фактичката
должина на засекот на еден меч може да биде помала од наведената должина.
ДолжинаМечБрој на запци
кај преклопната
ѕвезда
25 cm
Rollomatic E Mini8
35 cm72
30 cm
35 cm50
40 cm55
Rollomatic E Mini7
Број на
погонски
членчиња
56
44
Синџир за пила
71 PM3 (тип 3670)30 cm64
61 PMM3
(тип 3610)
34
0458-729-5821-A
Page 37
20 Резервни делови и прибор
македонски
20 Резервни делови и прибор
20.1 Резервни делови и прибор
Овие симболи ги означуваат оригиналните
резервни делови STIHL и оригиналниот
прибор STIHL.
STIHL препорачува да се користат оригинални резервни
делови STIHL и оригинален прибор STIHL.
Оригиналните резервни делови STIHL и оригиналниот
прибор STIHL се достапни кај специјализиран продавач
на STIHL.
21 Згрижување
21.1 Згрижување на моторната пила
Најновите информации во врска со згрижувањето ќе ги
добиете кај специјализираниот продавач на STIHL.
► Моторната пила, мечот, синџирот, приборот и
амбалажата згрижете ги прописно и безбедно по
околината.
22 ЕЗ Изјава за сообразност
– Идентификација на серијата: 1208
ги задоволува соодветните прописи во директивите
2011/65/EU, 2006/42/EG, 2014/30/EU и 2000/14/EG и дека
производот е развиен и произведен во согласност со
следниве норми коишто беа важечки во моментот на
производството: EN 55014-1, EN 55014-2, EN 60745-1 и
EN 60745-2-13.
EG испитувањето на прототипот според директивата
2006/42/EG, член 12.3(b) е направено кај: VDE Prüf- u.
Zertifizierungsinstitut (NB 0366), Merianstraße 28,
63069 Offenbach, Германија
– Број на сертификатот: 40044665
При утврдувањето на измерените и на гарантираните
вредности за нивото на моќност на звукот постапено е
според директивата 2000/14/EG, додаток V.
– Измерено ниво на моќност на звукот: 103 dB(A)
– Гарантирано ниво на моќност на звукот: 105 dB(A)
За техничката документација се грижи
ANDREAS STIHL AG & Co. KG Produktzulassung.
Годината на производството и бројот на машината се
наведени на моторната пила.
Waiblingen, 01.09.2016
ANDREAS STIHL AG & Co. KG
по овластување
22.1 Моторна пила STIHL MSE 141 C
ANDREAS STIHL AG & Co. KG
Badstraße 115
D-71336 Waiblingen
Германија
изјавува под целосна одговорност дека
–Вид на конструкција: Електрична моторна пила
– Фабричка марка: STIHL
– Тип: MSE 141 C
0458-729-5821-A
Thomas Elsner, раководител на Развој на производи и
услуги
35
Page 38
македонски
23 Општи безбедносни упатства за електричните алати
23 Општи безбедносни упатства за
електричните алати
23.1 Вовед
Во ова поглавје се наведени општите безбедносни
упатства според формулацијата во стандардот EN/
IEC 60745 за рачно водени електрични алати.
STIHL мора да ги отпечати овие текстови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни упатства и совети.
Пропустите во запазувањето на безбедносните упатства
и совети може да предизвикаат струен удар, пожар и/или
тешки повреди. Чувајте ги сите безбедносни упатства и
совети и за во иднина.
Во безбедносните упатства се користи израз
„електричен алат“ и тој се однесува на сите електрични
алати што работат на струја (со електричен вод) како и
на електричните алати што работат со акумулаторски
батерии (без електричен вод).
23.2 Безбедност на работното место
a)Работното место треба да биде чисто и добро
осветлено. Нередот или неосветлените работни
места може да предизвикаат незгоди.
b)Не работете со електричниот алат во околина каде
што постои опасност од експлозија, или има запаливи
течности, гасови и прав. Електричните алати
создаваат искри што може да го запалат правот или
испарувањата.
c) Децата и останатите лица држете ги подалеку додека
работите со електричен алат. Доколку ви го свртат
вниманието, може да ја изгубите контролата врз
уредот.
23.3 Безбедност при работа со струја
a)Приклучникот за струја на електричниот алат мора да
соодветствува на штекерот за струја. Приклучникот не
смее да се менува на ниеден начин. Не употребувајте
штекер со адаптер заедно со вземјени електрични
алати. Неизменетите приклучници и штекери ја
намалуваат опасноста од струен удар.
b)Избегнувајте телесен допир со вземјени површини,
како на пр. цевки, печки, шпорети и фрижидери.
Постои зголемена опасност од електричен удар кога е
вземјено и Вашето тело.
c) Електричните алати чувајте ги подалеку од дожд и
влага. Навлезената вода во електричниот алат ја
зголемува опасноста од струен удар.
d)Не злоупотребувајте го кабелот за да го повлечете
електричниот алат, за да го закачите или да го
извлечете од штекерот за струја. Чувајте го кабелот
подалеку од топлина, масло, остри рабови и од
подвижните делови на уредот. Оштетени или
заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен
удар.
e)Доколку го користите електричниот алат на отворено,
употребувајте само продолжни кабли што се
предвидени за употреба на отворено. Користењето
продолжен кабел за употреба на отворено ја намалува
опасноста од струен удар.
f) Доколку употребата на електричниот алат во влажна
средина не може да се избегне, користете штекер со
заштитна склопка против неисправна струја.
Користењето штекер со заштитна склопка против
неисправна струја ја намалува опасноста од струен
удар.
23.4 Безбедност на лица
a)Бидете внимателни, со електричните алати работете
промислено и претпазливо. Не користете електричен
алат кога сте изморени или кога сте под влијание на
дрога, алкохол или лекови. При употреба на
36
0458-729-5821-A
Page 39
23 Општи безбедносни упатства за електричните алати
македонски
електрични алати доволен е само еден миг на
невнимателност што може да предизвика сериозни
повреди.
b)Носете лична заштитна опрема и секогаш заштитни
очила. Носењето лична заштитна опрема, на пр. маска
против прав, заштитни чевли што не се лизгаат,
заштитен шлем и заштита на слухот, а во зависност од
начинот на примената на електричниот алат, ја
намалува опасноста од повреди.
c) Избегнете ненамерно вклучување на уредот.
Проверете дали електричниот алат е исклучен пред
да го приклучите на напојување со струја и/или
акумулаторска батерија и пред да го земете или
носите. Доколку прстот ви се наоѓа на прекинувачот
додека го носите електричниот алат, или уредот бил
вклучен пред да го приклучите на електрично
напојување, постои опасност од незгоди.
d)Алатот за штелување и клучот за завртките мора да
бидат отстранети пред да го вклучите електричниот
алат. Алатот или клучот може да предизвикаат
повреди доколку се наоѓаат на некој од подвижните
делови на уредот.
e)Избегнувајте невообичаени положби на телото.
Внимавајте на стабилната положба и секогаш бидете
во рамнотежа. Така ќе имате подобра контрола врз
електричниот алат и во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Косата и облеката држете ги подалеку од
подвижните делови. От п у ш т е н а т а облека, накитот или
долгата коса може да се закачат во подвижните
делови.
g)Ако е можно да се монтираат системи за смукање или
за собирање прав, истите треба да се приклучат и
користат правилно. Користењето правосмукалка ги
намалува опасностите од правот.
h)Немојте да бидете измамени со лажна сигурност и не
ставајте се себеси над безбедносните правила за
електричните алати исто и кога по повеќекратна
употреба сте запознати со електричниот алат.
Невнимателното постапување може да доведе до
тешки повреди во дел од секунда.
23.5 Употреба и постапување со електричен алат
a)Не дозволувајте преоптоварување на уредот.
Користете соодветен електричен алат при работата.
Изборот на соодветен електричен алат овозможува
подобро и побезбедно работење.
b)Не користете електричен алат со расипан прекинувач.
Електричниот алат што веќе не може да се вклучи или
исклучи е опасен и мора се поправи.
c) Извлечете го приклучникот за струја од штекерот и/
или извадете ја отстранливата акумулаторска
батерија пред да г о ш т е л у в ате уредот, пре д з а м е н а на
деловите на работниот алат и пред да го одложите
електричниот уред. Со оваа безбедносна мерка се
спречува ненамерното стартување на електричниот
алат.
d)Електричните уреди што не се користат мора да се
чуваат подалеку од деца. Не дозволувајте употреба на
уредот од страна на лица што не се запознаени со
работењето на уредот или што не ги прочитале
упатствата за уредот. Електричните алати се опасни
кога со нив работат неискусни лица.
e)Електричните алати и работниот алат негувајте ги
грижливо. Контролирајте дали подвижните делови
беспрекорно функционираат и не заглавуваат, дали
има делови скршени или оштетени на начин што ќе
влијае врз функционалноста на електричниот алат.
Пред да го користите електричниот алат, оштетените
делови мора да бидат поправени. Лошото одржување
на електричните алати е причина за многу незгоди.
f) Алатот за сечење одржувајте го наострен и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови на остриците се заглавуваат поретко и со нив
се работи полесно.
g)Електричниот алат, прибор, работните алати итн.
користете ги според овие упатства. Запазете ги
притоа работните услови и работата што треба да се
изврши. Употребата на електричните алати за намени
различни од предвидените може да предизвика
опасни ситуации.
0458-729-5821-A
37
Page 40
македонски
23 Општи безбедносни упатства за електричните алати
h)Држачите и површините за држење мора да бидат
суви, чисти и без траги од масло или маст. Лизгавите
држачи и површини за држење во непредвидливи
ситуации не дозволуваат сигурно работење и
контрола над електричниот алат.
23.6 Сервисирање
a)Електричниот алат смеат да го поправаат само
квалифицирани и стручни лица што користат само
оригинални резервни делови. На тој начин се
обезбедува сигурноста на електричниот алат.
23.7 Безбедносни упатства за моторни пили
– Деловите на телото мора да се држат подалеку од
синџирот што се движи. Пред да ја стартувате пилата,
уверете се дека синџирот ништо не допира. При
работа со моторна пила, доволен е само еден миг на
невнимание при кој облеката или делови од телото
може да бидат зафатени од синџирот на пилата.
– Моторната пила држете ја секогаш со десната рака на
задната рачка и со левата рака на предната рачка.
Држењето на моторната пила со обратен редослед го
зголемува ризикот од повреди и затоа не смее да се
користи.
– Електричниот алат држете го за изолираните
површини на држачите, бидејќи синџирот на пилата
може да дојде во допир со сопствениот кабел за
струја. Допирот на синџирот со електричен кабел под
напон ќе ги стави под напон и металните делови на
уредот и може да предизвика струен удар.
– Носете заштитни очила и заштита за слухот. Се
препорачува користење и на друга заштитна опрема
за главата, рацете, нозете и стапалата. Соодветната
заштитна облека ја намалува опасноста од повреди
предизвикани од отфрлените струганици или од
случен допир со синџирот на пилата.
– Не работете со моторната пила ако сте качени на
дрво. При работење на дрво постои опасност од
повреди.
– Секогаш погрижете се да стоите стабилно и користете
ја моторната пила само стоејќи на цврста, сигурна и
рамна подлога. Лизгавата подлога или нестабилните
површини за стоење, на пр. скали, може да
предизвикаат губиток на контролата над моторната
пила.
– При сечење гранка што се наоѓа во напрегната
состојба сметајте и на тоа дека гранката може да се
придвижи по принцип на пружина. При ослободување
од напрегнатоста во дрвото се јавува опасност
ослободената гранка да го погоди корисникот и/или да
ја стави моторната пила надвор од контрола.
– Бидете особено претпазливи кога сечете грмушки и
млади дрвја. Тенкиот материјал може да се заглави во
синџирот и да Ве удри или исфрли од рамнотежа.
– Моторната пила носете ја за предниот држач, секогаш
исклучена и со синџирот свртен подалеку од телото.
При превоз или складирање на моторната пила
секогаш навлечете ја заштитната покривка. Со
претпазливо работење со моторната пила се
намалува веројатноста од случаен допир со синџирот
во движење.
– Запазете ги упатствата за подмачкување, за
затегнатост на синџирот и за замена на приборот.
Непрописно затегнатиот или подмачканиот синџир
може да пукне или да ја зголеми опасноста од
повратен удар.
– Држачите мора да бидат суви, чисти и без траги од
масло или маст. Масните држачи се лизгави и
предизвикуваат губење контрола.
– Сечете само дрво. Моторната пила не смее да се
користи за работи за кои не е предвидена. Пример:
Моторната пила не смее да се користи за сечење
пластика и ѕидни или градежни материјали што не се
од дрво. Ненаменската употреба на моторната пила
може да предизвика опасни ситуации.
38
0458-729-5821-A
Page 41
23 Општи безбедносни упатства за електричните алати
македонски
23.8 Причини за повратен удар и негово
избегнување
Повратниот удар може да се јави ако врвот на мечот
допре некаков предмет или ако дрвото се свитка и го
заглави синџирот во засекот.
Во даден случај, допир со врвот од мечот може да
предизвика неочекувана сила на реакција што е
насочена наназад и што го отфрла мечот нагоре и во
насока кон корисникот.
Ако синџирот на пилата се заглави на горниот раб на
мечот, тоа може да го одбие мечот во насока кон
корисникот.
Секоја од овие реакции може да доведе до губиток на
контролата врз пилата, а со тоа и до тешки повреди. Не
ослонувајте се исклучиво на безбедносните механизми
со кои е опремена моторната пила. Корисникот на
моторната пила треба да преземе разни мерки за да
работи без незгоди и повреди.
Повратниот удар е последица на погрешна или
несоодветна примена на електричниот алат. Повратниот
удар може да се спречи со соодветни мерки на
претпазливост на следниов начин:
– Држете ја пилата цврсто со двете раце, при што
палците и прстите ги опфаќаат држачите на моторната
пила. Телото и рацете држете ги во положба во која
може да ја прифатите силата на повратниот удар. Ако
преземе соодветни мерки, корисникот може да ги
совлада силите на повратниот удар. Никогаш не
испуштајте ја моторната пила.
– Избегнувајте ненормални положби на телото и не
сечете над висина на рамената. Така се спречува
ненамерниот допир со врвот на мечот и се постигнува
подобра контрола над моторната пила во неочекувани
ситуации.
– Секогаш користете резервни мечови и синџири за
пила што ги пропишал производителот. Погрешни
резервни мечови и синџири за пила може да
предизвикаат пукање на синџирот и/или повратен
удар.
– При острење и одржување на синџирот, запазете ги
упатствата на производителот. Премногу ниски
ограничувачи на длабочина ја зголемуваат
осетливоста кон повратен удар.
0458-729-5821-A
39
Page 42
македонски
23 Општи безбедносни упатства за електричните алати
40
0458-729-5821-A
Page 43
Page 44
0458-729-5821-A
makedonisch
m
www.stihl.com
*04587295821A*
0458-729-5821-A
Loading...
+ hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.