Stihl FS 38 Instruction Manual [mk]

STIHL FS 38

Упатство за употреба2 - 29
македонски
Содржина
1 Кон ова упатство за употреба.................. 2
2 Мерки за безбедност и упатства за
работа........................................................ 3
3 Дозволени комбинации на алат за
сечење, штитник, рачка за држење и
ремен за носење..................................... 10
Монтирање на кружната рачка за држење
.................................................................. 10
5 Монтирање штитници............................. 11
6 Монтирање алати за сечење..................12
7 Гориво...................................................... 14
8 Полнење гориво...................................... 15
9 Стартување и исклучување на моторот 16
10 Упатства за работа................................. 19
11 Чистење на филтерот за воздух............ 19
12 Штелување на карбураторот..................20
13 свеќичка................................................... 22
14 Однесување на моторот при работа..... 23
15 Чување на уредот................................... 23
16 Одржување на главата за косење......... 23
17 Контрола и одржување кај
специјализиран продавач.......................24
18 Совети за чување и одржување.............25
19 Намалување на абењето и избегнување
штети........................................................26
20 Важни делови.......................................... 27
21 Технички податоци..................................27
22 Упатства за вршење поправки............... 28
23 Фрлање.................................................... 28
24 ЕЗ Изјава за сообразност....................... 29
Почитуван купувачу,
Ви благодариме што се одлучивте за квалитетниот производ на фирмата STIHL.
Овој производ е направен со современ начин на изработка и при обемни мерки за контрола на квалитетот. Ние се обидуваме да сториме се’ за да бидете задоволни со овој уред и да работите со него без проблем.
Доколку имате прашања во врска со Вашиот уред, Ве молиме да се обратите до Вашиот продавач или директно до нашата продажна служба.
Вашиот
Dr. Nikolas Stihl
1 Кон ова упатство за
употреба

1.1 Сликовни ознаки

Сликовните ознаки што се наоѓаат на уредот се објаснети во ова упатство за употреба.
Во зависност од уредот и опремата, на уредот се наоѓаат следниве сликовни ознаки.
Резервоар за гориво; мешавина за гориво од бензин и моторно масло
Активирање на вентилот за декомпресија
Рачна пумпа за гориво
Активирање на рачната пумпа за гориво
Туба со маст за подмачкување
Отвор за влезен воздух: Летна експлоатација
Отвор за влезен воздух: Зимска експлоатација
Греење на рачката за држење
Оригинално упатство за употреба
0000000607_031_MK
Печатено на хартија белена без хлор.
Печатните бои содржат растителни масла, хартијата може да се рециклира.
© ANDREAS STIHL AG & Co. KG 2021
0458-857-5821-B. VA0.E21.
2 0458-857-5821-B

2 Мерки за безбедност и упатства за работа

1.2 Ознаки пред делови од текст

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување поради опасност од несреќи и повреди на лица, како и од големи материјални штети.
УПАТСТВО
Предупредување поради оштетувања на уредот или на делови од уредот.

1.3 Техничко усовршување

STIHL постојано ги усовршува сите машини и уреди; од тие причини мораме да го задржиме правото за правење измени во обемот на испораката, во вид на формата, техниката и опременоста на уредите.
Од тие причини, од податоците и илустрациите во ова упатство за употреба не може да се изведат никакви побарувања.
2 Мерки за безбедност и
упатства за работа
При работа со овој моторен уред неопходни се додатни мерки за безбедност, бидејќи се работи побрзо отколку со рачна коса и со многу голем број вртежи на алатот за сечење.
Пред првото користење, прочитајте го внимателно целото упатство за употреба и чувајте го на сигурно место за подоцнежна употреба. Непочитувањето на упатствата може да биде опасно по животот.
Запазете ги безбедносните прописи специфични за секоја држава, како на пр. од синдикалните и социјалните здруженија, од службите за безбедност на работа и други.
Ако првпат работите со моторниот уред: Побарајте од продавачот или од друго стручно лице објаснување како безбедно се ракува со уредот – или учествувајте на стручен семинар.
Малолетни лица не смеат да работат со моторниот уред – освен постари од 16 години, обучувани под надзор.
Деца, животни и нестручни лица да се држат подалеку од уредот.Деца, животни и нестручни лица да се држат подалеку од уредот.
македонски
Ако моторниот уред не се користи, треба да биде одложен безбедно – никој да не биде загрозен. Чувајте го моторниот уред непристапен за нестручни лица.
Корисникот на уредот е одговорен за настанатите несреќни случаи со други лица или врз туѓа сопственост.
Моторниот уред смее да се дава или да се изнајмува само на лица запознаени со начинот на ракување со овој модел – секогаш првин да им се даде упатството за употреба.
Употребата на моторни уреди што создаваат бучава може да биде временски ограничена како со државни, така и со локални прописи.
Лицето што работи со моторниот уред мора да биде одморено, здраво и во добра психичка состојба.
Лица што не смеат да се напрегаат од здравствени причини треба да го прашаат својот лекар дали смеат да работат со моторен уред.Лица што не смеат да се напрегаат од здравствени причини треба да го прашаат својот лекар дали смеат да работат со моторен уред.
Само за лица со пејсмејкери: системот за палење предизвикува многу слабо електромагнетно поле.Само за лица со пејсмејкери: системот за палење предизвикува многу слабо електромагнетно поле. Влијанието врз одделни видови пејсмејкери не може да биде сосема исклучено. За да не се ризикува здравјето, STIHL препорачува да се посоветувате со својот лекар или со производителот на пејсмејкерот.
По конзумирање алкохол, лекови што негативно влијаат врз способноста за реагирање или дрога, не смее да се работи со моторниот уред.
Моторниот уред – во зависност од намената на алатите за сечење – смее да се користи само за косење трева, како и за сечење плевел и слично.
Употребата на моторниот уред за други цели не е дозволена и може да доведе до незгоди или оштетување на уредот. Производот не смее да се менува – и тоа може да доведе до повреди и оштетувања на моторниот уред.
Употребувајте само алати за сечење и прибор што STIHL ги одобрува за овој моторен уред или технички истоветни делови. За сите
0458-857-5821-B 3
234BA001 KN
македонски 2 Мерки за безбедност и упатства за работа
прашања побарајте совет од специјализиран продавач.За сите прашања побарајте совет од специјализиран продавач. Употребувајте само висококвалитетни алати и прибор. Во спротивно, опасност од повреди или оштетувања на моторниот уред.
STIHL препорачува употреба на оригиналните алати и прибор од STIHL. Со нивните карактеристики тие се оптимални како за уредот, така и за потребите на корисникот.
Не вршете промени на уредот – со тоа се загрозува безбедноста. Во случај на повреди или материјални штети што се јавуваат при користење недозволени уреди за надградба, STIHL е ослободен од секаква одговорност.
За чистење на уредот не користете уреди за чистење со висок притисок. Силниот воден млаз може да оштети делови на уредот.
Штитникот на моторниот уред не може да го заштити корисникот од сите предмети (камења, стакло, жици итн.) што може да ги отфрли алатот за сечење. Тие предмети може да се одбијат и да го погодат корисникот.

2.1 Облека и заштитни средства

Носете прописна облека и заштитни средства.
Облеката мора да биде соодветна и не смее да пречи во работата. Носете облека што е добро припиена до телото – работен комбинезон, а не работен мантил
Не носете облека што може да се заплетка во дрво, грмушки или во подвижните делови на уредот. Не носете шал, вратоврска или накит. Соберете ја долгата коса и заштитете ја така што ќе се наоѓа над рамената.
Носете заштитни чевли со изрецкан ѓон што не се лизга.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали опасноста од повреди на очите, носете добро припиени заштитни очила според стандардот EN 166. Запазете ја добрата наместеност на заштитните очила.
Носете заштита за лицето, запазете ја добрата наместеност. Заштитата за лицето не е доволна заштита за очите.
Носете „лична“ заштита од бучава – на пр. заштитни слушалки.
Носете робусни работни ракавици од отпорен материјал (на пр. од кожа).
STIHL нуди широк асортиман на прибор за лична заштита.

2.2 Транспортирање на моторниот уред

Секогаш со изгаснат мотор.
Моторниот уред носете го избалансирано за телото на уредот, односно за кружната рачка.
При превоз во возила: Заштитете го моторниот уред од превртување, оштетување и од истекување на горивото.

2.3 Полнење гориво

Бензинот е многу лесно запалив – држете го подалеку од отворен оган – не истурајте гориво – не пушете.
Пред полнење гориво изгаснете го моторот.
Не полнете го резервоарот со гориво додека моторот е жежок – може да дојде до прелевање на горивото – опасност од пожар!
Отворете го капакот на резервоарот внимателно, за да се намали постоечкиот притисок и за да се спречи прскање на горивото.
Полнете го резервоарот со гориво само на добро проветрени места. Доколку се истури гориво, избришете го моторниот уред веднаш – не дозволувајте горивото да дојде во допир со облеката – во спротивно, сменете ја облеката.
4 0458-857-5821-B
2 Мерки за безбедност и упатства за работа македонски
држачите секогаш да се чисти и суви, без
По завршеното полнење, капачето на резервоарот затегнете го што е можно поцврсто.
Со тоа се намалува ризикот капачето на резервоарот да се одврти поради вибрациите на моторот и да истече гориво.
Внимавајте на дихтувањето – ако истекува гориво, не палете го моторот – опасност по живот од изгореници!

2.4 Пред стартување

Проверете го моторниот уред во смисла на безбедноста при работата – внимавајте на соодветното поглавје во упатството за употреба:
проверете го дихтувањето на системот за
гориво, особено на видливите делови како на пр. капачето на резервоарот, спојките на цревото, рачната пумпа за гориво (само кај моторните уреди со рачна пумпа за гориво). При недихтување или оштетување, не стартувајте го моторот – опасност од пожар! Пред да се користи, уредот треба да го сервисира специјализиран продавач комбинацијата на алат за сечење, штитник,
рачка за држење и ремен за носење мора да е дозволена за употреба и сите делови мора да се беспрекорно монтирани Не користете метални алати за сечење – опасност од повреди!Не користете метални алати за сечење – опасност од повреди! комби-лизгачот / прекинувачот да може
лесно да се стави на STOP одн. 0 запорникот на рачката за гас (доколку
постои) и рачката за гас мора да бидат лесно подвижни – рачката за гас мора самата да се врати во положбата на празен од проверете го приклучникот на свеќичката –
ако не е наместен добро, можно е да се јави искрење што може да ја запали смесата од гориво и воздух – опасност од пожар! алатот за сечење: исправно монтиран,
цврсто лежиште и беспрекорна состојба заштитните механизми (на пр. штитникот на
алатот за сечење) да се проверат да не се оштетени или истрошени. Заменете ги оштетените делови. Уредот не смее да се користи со оштетен штитник не вршете никакви измени на командните и
безбедносните механизми
масло и нечистотија на нив – за да може сигурно да се ракува со моторниот уред наместете ги ременот за носење и рачката
(рачките) за држење соодветно на телесната големина.
Моторниот уред смее да се користи само ако е безбеден за употреба – опасност од несреќи!
За итни случаи при употреба на ремени за носење: Вежбајте брзо симнување на уредот. При овие вежби уредот не треба да се фрла на земја, за да се избегнат оштетувања.

2.5 Стартување на моторот

На растојание од најмалку 3 m од местото за полнење гориво и никогаш во затворени простории.
Само на рамна подлога, застанете цврсто и стабилно, држете го уредот сигурно – алатот за сечење не смее да го допира тлото или предмети, бидејќи може да се придвижи при стартувањето.
Моторниот уред го опслужува само едно лице – не дозволувајте присуство на ниедно друго лице во радиус од 15 m – дури ни кога се стартува – поради отфрлените предмети опасност од повреди!
Избегнувајте допир со алатот за сечење – опасност од повреди!
Моторот да не се стартува „од рака“ – стартувајте го како што е опишано во упатството за употреба.
Алатот за сечење се движи понатаму уште кусо време откако ќе се отпушти рачката за гас – ефект на последователно движење!
Проверете го празниот од на моторот: при празен од и пуштена рачка за гас, алатот за сечење мора да мирува.
Лесно запаливите материи (на пр. струганици, кора од дрво, сува трева, гориво) држете ги подалеку од врелите издувни гасови и од врелата површина на придушувачот на бучавата – опасност од пожар!
0458-857-5821-B 5
002BA056 KN
15m (50ft)
македонски 2 Мерки за безбедност и упатства за работа

2.6 Држење и управување со уредот

Моторниот уред се држи со двете раце за рачките за држење.
Секогаш стојте цврсто и стабилно.
Левата рака на кружната рачка, десната рака на држачот на телото на уредот– исто и за левораки лица.

2.7 За време на работата

При опасност или во итен случај, веднаш изгаснете го моторот – комби-лизгачот / прекинувачот ставете го на STOP одн. 0.
Во поширокиот круг на местото каде што се работи постои опасност од повреди поради отфрлените предмети; затоа, во радиус од 15 m не смее да се задржува ниедно друго лице. Истото растојание треба да се држи и во однос на предмети (возила, прозорци) – опасност од материјална штета! Опасноста не може да биде исклучена и на растојание поголемо 15 m.
Внимавајте на беспрекорниот празен од на моторот – по отпуштањето на рачката за гас, алатот за сечење мора да престане да се врти.
Редовно контролирајте ја наштелуваноста на празниот од, и, ако е потребно, поправете го. Ако алатот за сечење и понатаму се врти при празен од, уредот треба да се сервисира кај специјализиран продавач.
Внимавајте при подмразица, влага, снег, на нагорнини, на нерамно земјиште итн. – опасност од лизгање!
Внимавајте на пречки: трупци од дрва, корења – опасност од сопнување!
Секогаш стојте цврсто и стабилно.
Работете секогаш стоејќи на земја, никогаш на нестабилни подлоги, никогаш качени на скала или на скеле со дигалка.
При употреба на средства за заштита на слухот потребно е зголемено внимание – способноста за забележување звуци што би можеле да укажуваат на опасност (повици, сигнали и др.) е ограничена.
Благовремено правете паузи, за да се намалат заморот и изнемоштеноста – опасност од незгоди!
Работете мирно и промислено – само при добра осветленост и видливост. Работете внимателно, не загрозувајте други лица.
Моторниот уред создава отровни гасови штом моторот ќе проработи. Тие гасови може да се без мирис и невидливи и да содржат несогорени јаглеводороди и бензол. Никогаш не работете со моторниот уред во затворени или лошо проветрени простории – како ни со машини со катализатор.
При работа во ровови, јами или во стеснет простор, секогаш погрижете се за доволно струење на воздухот. Опасност по животот од труење!
Доколку почувствувате мачнина, главоболка, пречки на видот (на пр., стеснување на видното поле), пречки во слухот, вртоглавица, попуштена концентрација, веднаш прекинете со работата – тие симптоми може, меѓу другото, да се предизвикани и од преголема концентрација на издувни гасови – опасност од незгоди!
Со моторниот уред работете колку што е можно потивко и со помалку издувни гасови – моторот да не работи без потреба, додавајте гас само при работење.
Не пушете при работа и близу до моторниот уред – опасност од пожар! Системот за гориво може да испушта запаливи бензински испарувања.
Правот, испарувањата и чадот што се создаваат при работењето може да бидат
6 0458-857-5821-B
2 Мерки за безбедност и упатства за работа македонски
опасни по здравјето. Кога се создава многу прав или чад, носете заштита за дишните органи.
Доколку моторниот уред бил изложен на непрописна употреба (на пр. бил удрен или паднал), исправноста на уредот веднаш треба да се провери пред повторна употреба – погледнете и во „Пред стартување“.
Особено да се провери дихтувањето на системот за гориво и функционалноста на безбедносните системи. Никогаш не користете моторни уреди што веќе не се безбедни за употреба. Доколку не сте сигурни – прашајте специјализиран продавач.
Не работете при стартен гас – во оваа положба на рачката за гас, бројот на вртежи на моторот не може да се регулира.
Никогаш не работете без соодветен штитник за уредот и за алатот за сечење – поради отфрлените предмети – опасност од повреди!
инспекција на локацијата _ цврстите предмети – камења, метални делови и сл. може да бидат отфрлени – и подалеку од 15 m – опасност од повреди! – и може да го оштетат алатот за сечење како и други предмети (на пр. паркирани возила, прозорци) – материјална штета.
На непрегледно, густо обраснато земјиште работете особено внимателно.
При косење во високи грмушки, под жбунови и живи огради: работната висина на алатот за сечење мора да биде најмалку 15 cm – не загрозувајте ги животните.
Пред да се одложи уредот: изгаснете го моторот.
Алатот за сечење треба да се проверува редовно, во куси интервали, а при видливи промени, веднаш:
изгаснете го моторот, држете го цврсто
уредот, притиснете го на тлото алатот за сечење за да го сопрете проверете ги состојбата и стабилноста,
внимавајте на пукнатините неисправните алати за сечење заменете ги
веднаш, исто и при мали пукнатини
Лежиштето на алатот за сечење чистете го редовно од трева и остатоци од грмушки – отстранете ги насобраните купчиња во областа на алатот за сечење и штитникот.
При замена на алатот за сечење изгаснете го моторот – опасност од повреди!
Оштетени или напукнати алати за сечење не треба да се користат ниту да се поправаат – на пример, со швајсување или исправање – изменет облик (неврамнотеженост).
Искршени честички или парчиња може да го погодат корисникот или други лица со голема брзина – опасност од најтешки повреди!
Доколку алат за сечење удри во камен или друг цврст предмет додека ротира, можно е да дојде до искрење што во дадени услови може да доведе до пожар кај лесно запаливите материјали. Сувите растенија и грмушки се исто така лесно запаливи, особено при жешки и суви временски услови. Доколку постои опасност од пожар, алати за сечење не смеат да се користат во близина на лесно запаливи материјали, растенија или грмушки. Задолжително распрашајте се кај надлежен орган за шумарство дали постои опасност од пожар.
2.7.1 При употреба на глави за косење
Употребувајте само штитник со исправно вграден нож, за да се ограничи конецот за косење на дозволената должина.
При рачно штелување на должината на конецот кај глави за косење што се штелуваат рачно, задолжително изгаснете го моторот – опасност од повреди!
Неправилното користење со предолг конец за косење го намалува работниот број вртежи на моторот. Поради постојаното лизгање на спојката, тоа може да доведе до прегрејување и оштетување на важни делови (на пр., на спојката и на пластичните делови од куќиштето) – на пр. кога алатот за сечење се врти при празен од – опасност од повреди!

2.8 Вибрации

При подолготрајно користење на уредот, вибрациите може да доведат до проблеми со циркулација во рацете („болест на бели прсти“).
Не е можно да се одреди општоважечко правило за должината на користењето, бидејќи истото зависи од повеќе фактори.
Должината на користењето може да се продолжи со:
заштита за рацете (топли ракавици)
правење паузи
0458-857-5821-B 7
македонски 2 Мерки за безбедност и упатства за работа
Должината на користењето може да се скрати поради:
особена лична предиспонираност за лоша
циркулација на крвта (симптоми: прстите се често ладни, трнење) ниски надворешни температури
силата со која се притиска при држењето
(цврстото држење ја попречува циркулацијата)
При редовно и долготрајно користење на уредот и при честа појава на наведените симптоми (на пр., трнење на прстите) се препорачува медицински преглед.

2.9 Одржување и поправки

Моторниот уред одржувајте го редовно. Извршувајте ги само одржувањата и поправките што се наведени во упатството за употреба. Сите останати интервенции треба да ги изврши специјализиран продавач.
STIHL препорачува одржување и поправки само преку специјализирани продавачи на STIHL. На специјализираните продавачи на STIHL им се нудат редовни обуки и достапни им се технички информации.
Употребувајте само висококвалитетни резервни делови. Во спротивно постои опасност од повреди или оштетувања на уредот. За сите прашања во врска со тоа побарајте совет од специјализиран продавач.
STIHL советува да се употребуваат оригинални резервни делови STIHL. Со нивните карактеристики тие се оптимални како за уредот, така и за потребите на корисникот.
При поправка, одржување и чистење, секогаш изгаснете го моторот – опасност од повреди! – Исклучок: штелување на карбураторот и на празниот од.
Палете го моторот со потегнување на системот за палење и при извлечен приклучник на свеќичката или при одвртена свеќичка само тогаш, кога комби-лизгачот / прекинувачот е ставен на STOP односно на 0 – опасност од пожар поради искрење надвор од цилиндерот.
Не држете го моторниот уред во близина на отворен оган – поради горивото – опасност од пожар!
Редовно проверувајте го дихтувањето на капачето на резервоарот.
Употребувајте само исправни свеќички одобрени од STIHL – погледнете под „Технички податоци“.
Проверете го кабелот на свеќичката (беспрекорна изолација, цврст приклучник).
Придушувачот на бучавата мора да биде во беспрекорна состојба.
Не смее да се работи со расипан придушувач на бучава или без него – опасност од пожар! – Oштетувања на слухот!
Не допирајте го придушувачот на бучавата кога е жежок – опасност од изгореници!

2.10 Алати за сечење и заштитни системи

Од безбедносни причини смеат да се монтираат само дозволените комбинации од алат за сечење, штитник, рачка за држење и ремен за носење, што се наведени во упатството за употреба на дадениот уред.
На моторните коси со извиткано тело и со кружна рачка смеат да се користат само глави за косење.
2.10.1 Симболи на заштитните системи
Стрелката ја означува насоката на вртењето на алатите за сечење.
8 0458-857-5821-B
000BA019 KN
1
002BA073 KN
2
002BA074 KN
2 Мерки за безбедност и упатства за работа македонски

2.11 Глава за косење со конец за косење

За косење слободни рабови на тревници (без столбови, огради, дрвја и слични пречки).
Задолжително запазете ги упатствата за одржување на главата за косење PolyCut!
Внимавајте на ознаките за истрошеност!
Во долниот дел на PolyCut се вградени ознаки за истрошеност.
Доколку еден од тркалезните отвори (1; стрелка) стане видлив или при истрошеност на навнатре свртениот раб (2; стрелка), тогаш главата за косење PolyCut 6-3 веќе не смее да се користи – заменете ја со нова глава за косење!
За „меко сечење“ – прецизно сечење при нерамни рабови околу дрвја и столбови на огради – помало оштетување на кората на дрвјата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Конецот за косење не смее да се замени со метална жица – опасност од повреди!

2.12 Глава за косење со пластични ножеви – STIHL PolyCut 6-3

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако не се запазат ознаките за истрошеност, постои опасност алатот за сечење да се распрсне, а отфрлените парчиња да предизвикаат повреди.
За да се намали опасноста од несреќи предизвикани од искршените ножеви, избегнувајте допир со камења, метали тела и слично!
Редовно проверувајте дали има пукнатини на ножевите на PolyCut. Доколку напукне еден од ножевите, тогаш заменете ги сите ножеви на главата за косење Polycut!
0458-857-5821-B 9
0000-GXX-0401-A4
1
6
7
5
2
3
4
50 mm
234BA003 KN
5
1
3
4
A
(2")
2
македонски
3 Дозволени комбинации на алат за сечење, штитник, рачка за држење и
ремен за носење
3 Дозволени комбинации на алат за сечење, штитник, рачка
за држење и ремен за носење
Алат за сечење Штитник Рачка за држење Ремен за носење

3.1 Дозволени комбинации

Во зависност од алатот за сечење, одберете ја исправната комбинација според табелата!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Од безбедносни причини, сите други комбинации не се дозволени – опасност од незгоди!

3.2 Алати за сечење

3.2.1 Глави за косење
1 STIHL AutoCut C 6-2
2 STIHL DuroCut 5-2
3 STIHL PolyCut 7-3
4 STIHL PolyCut 6-2

3.3 Штитник

5 Штитник со нож за главите за косење

3.4 Рачка

6 Кружна рачка

3.5 Ремен за носење

7 Ремен за едно раме може да се
4 Монтирање на кружната
Кружната рачка може да се разликува во зависност од моделот.
употребува
рачка за држење

4.1 Модел А

Монтирање на кружната рачка
► кружната рачка (1) наместете ја на
растојание (A) од отприлика 15 cm (6 in.) пред командната рачка (2) на телото на уредот
► стегачот (3) наместете го на телото и
вовлечете го во кружната рачка
► четириаголната навртка (4) наместете ја во
кружната рачка
► завртката за затегнување (5) провлечете ја
од спротивната страна и затегнете ја
Доведување на кружната рачка во најповолна положба ► олабавете ја завртката (5)
10 0458-857-5821-B
Loading...
+ 22 hidden pages