Внимавајте, по грешка да не го подигнете задниот капак на уредот кога го откачувате
капакот на отворите за микро SIM-картичка и мемориска картичка. Задниот капак не смее
да се отстранува во никој случај.
Не мешајте го отворот на микроSIM-картичката со отворот на мемориската картичка.
Вметнувањето картичка во погрешен отвор може да ги оштети картичката и уредот.
Отстранете го капакот на отворите за микроSIM-картичката и мемориската картичка.
2
Вметнете ја микроSIM-картичката во отворот за микроSIM-картичка со златно обоените
контакти свртени надолу.
3
Повторно ставете го капакот.
Вметнување мемориска картичка
1
Извадете го капачето од лежиштата за micro SIM-картичка и мемориска картичка.
2
Вметнете ја мемориската картичка во лежиштето, со златно обоените контакти свртени
надолу, па вратете го капакот на место.
Отстранување на микро SIM-картичката
1
Отстранете го капакот на отворите за микро SIM-картичката и мемориската картичка.
2
Притиснете ја соодветната микро SIM-картичка навнатре, па брзо отпуштете ја.
3
Повторно ставете го капакот.
Отстранување на мемориската картичка
1
Исклучете го уредот и отстранете го капакот за отворите на мемориската и микро SIMкартичката.
2
Притиснете ја мемориската картичка навнатре, а потоа брзо отпуштете ја.
3
Повторно ставете го капакот.
Мемориската картичка може да ја извадите и без да го исклучувате уредот во чекор 1. За
да го користите овој начин, прво мора да ја отстраните мемориската картичка под
Поставки > Зачувување > Отстрани ја SD-картичката, потоа следете ги останатите
инструкции погоре.
Заштита за екран
Пред да го употребите вашиот уред, отстранете го транспарентниот заштитен филм со
повлекување на картичката која стрчи.
Се препорачува да го заштитите вашиот уред со Sony прекривка за екран или со штитник наменет
за вашиот Xperia™ модел. Користењето на штитник за екран од трети лица може да доведе до тоа
вашиот уред да не работи поради покривање на сензорите, објективот, звучниците, или
микрофоните и може да ја поништи гаранцијата.
Прво вклучување на уредот
При првото стартување на уредот, се отвора водич за поставување за да ви помогне да ги
конфигурирате основните поставки, да се пријавите на електронските сметки и да го
персонализирате уредот. На пример, доколку имате сметка на Sony Entertainment Network, може
да се пријавите на нејзе тука и веднаш да добиете поставувања.
До водичот за поставување може да пристапите и подоцна од менито Поставки.
Вклучување на уредот
1
Притиснете го и задржете го копчето за вклучување додека уредот не завибрира.
2
Внесете го PIN-кодот од SIM-картичката кога ќе се побара, а потоа допрете .
3
Почекајте додека не се вклучи уредот.
Исклучување на уредот
1
Притиснете и задржете го копчето за вклучување
2
Во менито со опции, допрете го Исклучување.
3
Допрете го OK.
Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.
додека не се отвори менито со опции.
Зошто ми треба сметка на Google™?
Уредот Xperia™ од Sony работи со платформа на Android™ развиена од Google™. При
купувањето на уредот ви се достапни одредени апликации и услуги на Google™, како на пример,
Gmail™, Google Maps™, YouTube™ и Play Store™ апликацијата, која ви дава пристап до Google
Play™ електронската продавница за преземање апликации на Android™. За најдобро да ги
искористите овие услуги, ви треба сметка на Google™. На пример, сметката на Google™ е
задолжителна доколку сакате:
Да преземате и инсталирате апликации од Google Play™.
•
Да ги синхронизирате е-поштата, контактите и календарот со помош на Gmail™.
•
Да разговарате со пријателите користејќи ја апликацијата Hangouts™.
•
Да ја синхронизирате вашата историја на прелистување и обележувачите со користење на Google
Chrome™ веб-пребарувачот.
•
Идентификувајте се како овластен корисник по поправка на софтверот користејќи Xperia™
Companion.
•
Далечински да го пронајдете, заклучите или избришете изгубениот или украдениот уред со помош
на услугите my Xperia™ или Управувач со уреди на Android™.
За повеќе информации во врска со Android™ и Google™, одете на http://support.google.com.
Од клучно значење е да го запаметите корисничкото име и лозинката на вашата Google™
сметка. Во некои ситуации, можеби ќе треба да се идентификувате од безбедносни
причини со користење на вашата Google™ сметка. Ако не го дадете вашето корисничко
име и лозинка за Google™ во такви ситуации, вашиот уред се заклучува. Исто така, ако
имате повеќе Google™ сметки, погрижете се да ги внесете деталите за релевантната
сметка.
Поставување сметка на Google™ во уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете
2
Најдете и допрете Поставки > Сметки > Додај сметка > Google.
3
Следете го волшебникот за регистрација да креирате сметка на Google™ или пријавете се
.
ако веќе имате сметка.
Можете и да се пријавите или да креирате сметка на Google™ од волшебникот за
поставување кога првпат ќе го вклучите уредот. Или можете да одите онлајн и да
креирате сметка на www.google.com/accounts.
Полнење на уредот
Вашиот уред има вградена батерија што се полни и што треба да биде заменета само од Sony или
од овластен центар за поправка на Sony. Никогаш не се обидувајте самите да го отворите или
расклопите уредот. Отворањето на уредот може да предизвика оштетување што ќе ја поништи
гаранцијата.
Батеријата е делумно наполнета кога уредот е испорачан од фабриката. Во зависност од тоа
колку време батеријата била во кутијата пред купувањето, нејзиното ниво на наполнетост може да
биде доста ниско. Затоа е препорачано да ја полните батеријата најмалку 30 минути пред
вклучувањето на уредот за првпат. Уредот можете да го користите и кога се полни. Прочитајте
повеќе за тоа како да се подобрат перформансите на батеријата во Управување собатеријата и енергијата на страницата 21.
Приклучете го едниот крај од USB кабелот во полначот (или во USB-портата на
компјутерот).
3
Приклучете го другиот крај на кабелот во микро USB-портата на уредот, со USB-симболот
завртен нагоре. Светлото за известување ќе светне штом полнењето започне.
4
Кога уредот е целосно наполнет, исклучете го кабелот од уредот повлекувајќи го нанадвор.
Внимавајте конекторот да не се свитка.
Доколку батеријата е целосно испразнета, може да поминат неколку минути пред да
светне светлото за известување и да се појави иконата за полнење .
Статус на светлото за известување за батеријата
ЗеленоБатеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е поголемо од 90%
ЦрвенаБатеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 15%
ПортокаловоБатеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 90%
Лизгајте брзо, на пример, низ список или на веб страница. Може да го запреде лизгачкото
движење со допирање на екранот.
Заклучување и отклучување на екранот
Кога уредот е вклучен и е ставен во мирување определен временски период, екранот се
затемнува за да заштеди батерија и автоматски се заклучува. Ова заклучување спречува несакани
активности на екранот на допир кога не го користите. Кога ќе го купите уредот, поставено е
основно заклучување на екранот со лизгање. Тоа значи дека треба да поминете со прст нагоре на
екранот за да го отклучите. Подоцна може да ги промените безбедносните поставки и да додадете
други видови заклучување. Видете Заклучување на екранот на страницата 43.
За да се активира екранот
•
Кратко притиснете го копчето за вклучување
За да се заклучи екранот
•
Кога екранот е активен, кратко притиснете го копчето за вклучување
.
.
Почетен екран
Почетен екран е почетна точка за користење на уредот. Тоа е слично како работната површина на
екранот на компјутерот. Вашиот домашен екран може да има до седум панели коишто се
протегаат надвор од редовната ширина на екранот на дисплејот. Бројот на паноа на почетниот
екран е претставен со серија точки на долниот дел од екранот. Обележаната точка го прикажува
паното во коешто моментално се наоѓате.
Може да додавате нови окна на почетниот екран (максимум седум окна) и да ги бришете. Исто
така, може да може да поставите окно што ќе го користите како главно на почетниот екран.
Поставување на окното како главно окно на почетниот екран
1
Допрете и држете на празната област на почетниот екран додека уредот не почне да
вибрира.
2
Потчукнете надесно или налево за да го пребарате окното што сакате да го поставите како
главно окно на почетниот екран, потоа допрете
Додавање окно на почетниот екран
1
Допрете и држете на празната област на својот Почетен екран додека уредот не почне да
вибрира.
2
За да ги пребарувате окната, потчукнете налево или надесно до крај и потоа допрете
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира.
2
Потчукнувајте лево или десно за да пронајдете панелот што сакате да го избришете, па
допрете го .
Поставки за почетен екран
Употребете ја кратенката Поставки за почет. екран за да дефинирате некои основни
поставки на почетниот екран. Можете, на пример, да го поставите почетниот екран на автоматско
ротирање.
Поставување автоматско ротирање на почетниот екран
1
Допрете и држете на празната област на почетниот екран додека уредот не почне да
вибрира, потоа допрете Поставки за почет. екран.
2
Повлечете го лизгачот покрај Автоматска ротација надесно.
Прилагодување на големината на иконите од почетниот екран
1
Допрете и држете на празната област на почетниот екран додека уредот не почне да
вибрира, потоа допрете Поставки за почет. екран.
2
Допрете Големина на икона, па одберете опција.
Екран со апликации
Екранот со апликации, што се отвора од почетниот екран, ги содржи апликациите што се веќе
инсталирани во уредот, како и апликациите што ги преземате.
Преглед на сите апликации на екранот со апликации
1
Од почетниот екран, допрете
2
Потчукнете налево или надесно на екранот со апликации.
Отворање апликации од екранот со апликации
•
Потчукнете налево или надесно за да ја најдете апликацијата, а потоа допрете на неа.
Пребарување апликации од екранот со апликации
1
Кога екранот со апликации е отворен, допрете
2
Внесете го името на апликацијата што сакате да ја пребарате.
Отворање на менито за екранот со апликации
•
Кога ќе го отворите екранот со апликации, повлечете го надесно левиот раб од екранот.
За да го отворите менито на екранот со апликации, влечете го левиот раб од екранот со
апликации надесно.
2
Проверете дали Прилагоден редослед е одбрано во ПОКАЖИ АПЛИКАЦИИ.
3
На екранот со апликации, допрете ја и задржете ја апликацијата додека не се одбере, а
потоа повлечете ја до новата локација.
Додавање кратенка на апликација на почетниот екран
1
За да го отворите менито на екранот со апликации, влечете го левиот раб од екранот со
апликации надесно.
2
Проверете дали Прилагоден редослед е одбрано во ПОКАЖИ АПЛИКАЦИИ.
3
На екранот со апликации, држете ја допрена иконата за апликацијата, па повлечете ја до
врвот на екранот. Почетниот екран се отвора.
4
Влечете ја иконата до потребната локација на почетниот екран, потоа ослободете го
прстот.
Доколку Азбучно или Најкористение одбрано во ПОКАЖИ АПЛИКАЦИИ наместо
Прилагоден редослед, сѐ уште ќе може да додадете кратенка за апликацијата на
почетниот екран. Само допрете ја и држете ја иконата на соодветната апликација додека
не се отвори почетниот екран, потоа влечете ја иконата до потребната локација и
ослободете го прстот.
Подредување апликации на екранот со апликации
1
За да го отворите менито на екранот со апликации, влечете го левиот раб од екранот со
апликации кон десно.
2
Изберете ја потребната опција во ПОКАЖИ АПЛИКАЦИИ.
Деинсталирање апликација од екранот со апликации
1
За да го отворите менито на екранот со апликации, влечете го левиот раб од екранот со
апликации надесно.
2
Допрете ДЕИНСТАЛИРАЈ. Сите апликации што може да се деинсталираат се означени
.
со
3
Допрете ја апликацијата што сакате да ја деинсталирате, потоа допрете OK.
Навигација на апликации
За навигација меѓу апликации користете ги копчињата за навигација, лентата со омилени и
прозорецот за неодамна користени апликации, коишто ви овозможуваат лесно да се префрлате
меѓу неодамна користените апликации. Копчињата за навигација се: копчето за почетен екран,
копчето за неодамнешни апликации и копчето за назад. Некои апликации се затвораат кога ќе го
притиснете копчето за почетен екран
да работат во заднина. Доколку некоја апликација е паузирана или се извршува во заднина, може
да продолжите каде што сте застанале при наредното отворање на апликацијата.
за да излезете, а други се паузирани или продолжуваат
1Прозорец со неодамна користени апликации – Отворете неодамна користена апликација
2Лента со омилени – Користете кратенка за пристап до апликации или елементи
3Копче за неодамнешни апликации – Отворете ги прозорецот со неодамна користени апликации и лентата со
омилени
4Копче за почетен екран – Излезете од апликацијата и вратете се на почетниот екран
5Копче за назад – Вратете се на претходниот екран во апликацијата или затворете ја апликацијата
За да се отвори прозорец со неодамна користените апликации
•
Притиснете го
.
Затворање на сите неодамна користени апликации
•
Допрете
, а потоа допрете .
Отворање на мени во апликација
•
Додека ја користите апликацијата, притиснете .
Менито не е достапно во сите апликации.
Мали апликации
Мали апликации се минијатурни апликации што работат над другите апликации на истиот екран,
за да се вклучи истовремено извршување на повеќе задачи. На пример, може да имате отворено
веб-страница што покажува детали за девизните курсеви, а потоа да ја отворите малата
апликација Калкулатор врз нејзе и да извршувате пресметки. Може да пристапите до малите
апликации преку лентата со омилени. За да преземете повеќе мали апликации, појдете на Google
Play™.
Отворање мала апликација
1
За да се појави лентата со омилени, притиснете
2
Допрете ја малата апликација што сакате да ја отворите.
Може да отворите повеќе мали апликации истовремено.
Од лентата со омилени, допрете , потоа допрете и допрете .
2
Пребарајте ја малата апликација што сакате да се преземе, а потоа следете ги
инструкциите за преземање и завршување на инсталацијата.
Преместување мала апликација
•
Кога малата апликација е отворена, држете го допрен горниот лев агол на малата
апликација, па преместете ја на саканата локација.
Минимизирање мала апликација
•
Кога малата апликација е отворена, држете го допрен горниот лев агол на малата
апликација, па влечете го до десниот или до долниот раб на екранот.
Преуредување на малите апликации во лентата со омилени
•
Допрете ја и држете ја малата апликација и повлечете ја до саканата положба.
Отстранување на малите апликации од лентата со омилени
1
Допрете ја и држете ја малата апликација, потоа повлечете ја до
2
Допрете OK.
Враќање назад на претходно отстранета мала апликација
1
Отворете ја лентата со омилени, потоа допрете
2
Допрете ја и задржете ја малата апликација што сакате да ја вратите назад, па повлечете
ја во лентата со омилени.
.
.
Додавање елемент како мала апликација
1
За да се појави лентата со омилени, притиснете
2
Допрете
3
Одберете додаток.
4
Ако сакате, внесете име за елементот, па допрете ја опцијата OK.
> > .
.
Елементи
Елементите се мали апликации што може да ги користите директно од почетниот екран. Тие
функционираат и како кратенки. На пример, елементот за време ви овозможува да ги видите
основните временски информации директно од почетниот екран. Но кога ќе допрете на елементот,
се отвора целосната апликација за време. Дополнителни елементи може да преземете од Google
Play™.
Додавање елемент на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира, па потоа
допрете го Елементи и апликации.
2
Најдете го и допрете го елементот што сакате да го додадете.
Држете го елементот допрен додека да стане одбран, па пуштете го. Ако на елементот
може да му се промени големината, на пример, елементот на Календар, се појавува
означена рамка и точки за менување големина.
2
Влечете ги точките навнатре или кон надвор за да го соберете или раширите елементот.
3
За да ја потврдите новата големина на елементот, допрете каде било на Почетен екран.
Преместување елемент
•
Допрете го и задржете го елементот додека не се одбере, а потоа повлечете го до новата
локација.
Отстранување елемент
•
Допрете го и задржете го елементот додека не се одбере, а потоа повлечете го кон
.
Кратенки и папки
Користете кратенки и папки за управување со своите апликации и уредно одржување на почетниот
екран.
1
Пристап до апликација со помош на кратенка
2Пристапете до папки што содржат апликации
Додавање на кратенка за апликација во вашиот почетен екран
1
Допрете и задржете празна област на својот Почетен екран сè додека уредот не почне да
вибрира и не се појави менито за прилагодување.
2
Во менито за прилагодување, допрете Елементи и апликации > Апликации.
3
Лизгајте низ списокот со апликации и изберете апликација. Избраната апликација се
додава на Почетен екран.
Во чекор 3, може да допрете
апликација од достапниот список. Доколку го користите методот за додавање на
кратенки, некои од достапните апликации ви овозможуваат да додавате одредена
функционалност на кратенката.
Елементи и апликации > Кратенки и потоа да одберете
Преместување објект на почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се одбере, па повлечете го на новата локација.
Бришење објект од почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се одбере, па повлечете го кон
Држете ја допрена иконата или кратенката на апликацијата додека не се одбере, па
повлечете и спуштете ја врз иконата или кратенката на некоја друга апликација.
Додавање објекти во папка на почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се одбере, па повлечете го кон папката.
Промена на името на папка на почетниот екран
1
Допрете ја папката за да ја отворите.
2
Држете ја допрена насловната лента на папката за да се покаже полето Име на
папката.
3
Внесете го името на новата папка и допрете го Готово.
Заднина и теми
Може да го приспособувате почетниот екран на сопствениот стил користејќи заднини и различни
теми.
Промена на заднината на почетниот екран
1
Допрете и држете на празната област на својот Почетен екран додека уредот не почне да
вибрира.
2
Допрете Заднини и одберете опција.
Поставување тема
1
Допрете и држете на празната област на својот Почетен екран додека уредот не почне да
вибрира.
2
Допрете Теми.
3
Одберете опција и следете ги инструкциите на уредот.
Кога ќе ја промените темата, ќе се промени и заднината во некои апликации.
Управување со батеријата и енергијата
Уредот има вградена батерија. Можете да ја следите потрошувачката на батеријата и да видите
кои апликации користат најмногу енергија. Можете да отстранувате односно ограничувате
апликации и да активирате бројни режими за заштеда на штедење на енергија за да извлечете
максимум од батеријата. Можете и да видите проценка на преостанатото време на батеријата и да
ги прилагодите поставките на батеријата за подобривање на перформансите и за пофолго траење
на батеријата.
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата > Потрош.
на енергија од аплик.. Се појавува преглед на апликациите коишто имаат високи
стапки на сообраќај на податоци или коишто не се користени долго време.
3
Прегледајте ги информациите, па постапете како што се бара од вас, на пример, за да
деинсталирате некоја апликација или да го ограничите нејзиното користење.
За да прегледате кои апликации најмногу ја трошат батеријата
1
Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата >
.
Користење на батеријата.
Прикажување на проценетото време на батеријата
1
Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата.
Режими на штедење енергија
Достапни се неколку режими на штедење енергија доколку сакате батеријата да трае подолго:
STAMINA-режим
Режим на слаба
батерија
Позад. податоци
во низа
Ги исклучува Wi-Fi®и мобилните податоци кога екранот е исклучен и ги ограничува
перформансите на хардверот. ќе се појави во лентата за статус кога овој режим ќе стапи во
сила.
Му го изменува однесувањето на уредот, на пример, за да ја прилагоди светлината на екранот и
поставката за негово паузирање, кога нивото на батеријата ќе се спушти под одредено ниво.
ќе се појави во лентата за статус кога овој режим ќе стапи во сила.
Го оптимизира излезниот сообраќај кога екранот е исклучен испраќајќи податоци во одредени
интервали.
Активирање на режимот за штедење енергија
1
Од својот Почетен екран, допрете
2
Најдете и допрете Поставки > Управување со енергијата.
3
За да го активирате претпочитаниот режим, одберете го неговото име и допрете на
.
прекинувачот вклучено-исклучено за да го активирате одбраниот режим доколку е
потребно.
Преглед на функцијата на STAMINA-режимот
STAMINA-режимот има неколку функции што ви овозможуваат да ги оптимизирате перформансите
на батеријата:
Проширено
мирување
STAMINAчасовник
Ги спречува апликациите да користат сообраќај на податоци исклучувајќи ги Wi-Fi®и
мобилните податоци кога екранот е исклучен. Некои апликации и услуги може да се активни
кога е активна оваа функција.
Ги паузира мрежните конекции во ситуации кога често го притискате копчето за вклучување за
да го проверите времето.
Продолжено
користење
Ги ограничува перформансите на хардверот додека го користите уредот.
Активирање на функциите за STAMINA-режимот
1
Од својот Почетен екран, допрете
2
Најдете и допрете Поставки > Управување со енергијата, потоа допрете
.
STAMINA-режим.
3
Активирајте го STAMINA-режимот ако е деактивиран.
4
Повлечете ги лизгачите покрај функциите што сакате да ги активирате, па допрете
Активирај ако тоа се бара од вас.
Најдете и допрете Поставки > Управување со енергијата, потоа допрете
STAMINA-режим.
3
Активирајте го STAMINA-режимот ако е деактивиран.
4
Проверете дали функцијата Проширено мирување е вклучена, а потоа допрете
Активни апликации во мирување > Додај апликации.
5
Лизгајте налево или надесно за да ги видите сите апликации и услуги, па означете ги
соодветните полиња за избирање за апликациите коишто сакате да ги пуштите.
6
Кога ќе завршите, допрете Готово.
Снимање на екран
Можете да снимате слики во мирување на кој било екран на вашиот уред во форма на снимка на
екран. Снимките на екран автоматски се зачувуваат во Албум.
Правење слика од екранот
1
Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се појави прозорец со
потсетник.
2
Допрете
Може да направите слика од екранот и доколку истовремено ги притиснете и задржите
копчето за вклучување и копчето за намалување на јачината на звукот. Штом ќе се
направи сликата, може да ги ослободите копчињата.
.
Прикажување на снимката на екранот
•
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја снимката на екранот што сакате да го
видите.
Сликите на екранот можете да ги видите и така што ќе ги отворите во апликацијата
Албум.
Известувања
Известувањата ве информираат за настани како што се новите пораки и известувањата од
календарот, како и за тековните активности како што е преземањето датотеки. Известувањата се
појавуваат на следниве места:
За да се отвори паното за известување, повлечете ја лентата за статус надолу.
2
За да го затворите паното со известувања, повлечете го паното нагоре.
Дејствување на известувањето во паното со известувања
•
Допрете го известувањето.
Исклучување на известување од паното за известување
•
Поставете го прстот на известување и потчукнете лево или десно.
Проширување на известувањето на паното со известувања
•
Повлечете го известувањето надолу.
Некои од известувањата не може да се прошират.
Бришење на сите известувања од паното со известувања
•
Допрете .
Дејствување на известувањето од екранот при заклучување
•
Допрете го известувањето двапати.
Отфрлање на известувањето од екранот при заклучување
•
Поставете го прстот на известувањето и потчукнете налево или надесно.
Проширување на известувањето на екранот при заклучување
•
Повлечете го известувањето надолу.
Некои од известувањата не може да се прошират.
Управување со известувањата на екранот при заклучување
Може да го поставите уредот така што само одбраните известувања да се прикажуваат на екранот
при заклучување. Може да ги направите достапни сите известувања и нивната содржина, да ја
скриете чувствителната содржина за сите известувања или за одредени апликации или може да
одберете да не се прикажуваат известувања.
Прикажување на известувањата на екранот при заклучување
1
Од својот Почетен екран, допрете
2
Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Кога уредот е заклучен.
3
Одберете опција.
.
Опции за прикажување известувања на екранот при заклучување
Прикажи ја целата
содржина од
известувањето
Сокриј содржина на
чувствителни
известувања
Добивајте ги сите известувања на екранот при заклучување. Кога ќе ја вклучите оваа
поставка, целата содржина (вклучително и содржината од дојдовните е-пораки и четови)
ќе се гледа на екранот при заклучување освен ако не ги обележите релевантните
апликации какоЧувствителна во менито за поставки Известувања заапликација.
Мора да имате поставено PIN, лозинка или шема за заклучување на екранот за да може
поставката да биде достапна. Содржините се скриени ќе се прикаже на екранот при
заклучување кога ќе пристигнат чувствителните известувања. На пример, ќе добиете
известување за дојдовна е-пошта или чет, но содржината нема да се гледа на екранот при
заклучување.
Воопшто не
прикажувај
известувања
Нема да добивате известувања на екранот при заклучување.
Поставување на нивото на известување за апликацијата
Може да поставите различни начини на однесување на известувањата за одделни апликации. На
пример, може да ги блокирате сите известувања за е-пошта, да им дадете приоритет на
известувањата од Facebook™ и да направите содржината на известувањата од пораките да не се
гледа на екранот при заклучување.
Поставување на нивото на известување за апликацијата
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Известувања за
апликација.
3
Одберете ја апликацијата за којашто сакате да ги промените поставките за известување.
4
Повлечете го соодветниот лизгач надесно.
Нивоа на известување и опции за одредени апликации
Блокирај
Приоритет
Чувствителна
Никогаш не покажувај известувања за одбраната апликација.
Известување за нивото на приоритет се појавува на екранот при заклучување над сите други
известувања.
Оваа опција е достапна само ако поставите PIN, лозинка или шема за заклучување на екранот и ако
изберете Прикажи ја целата содржина од известувањето во поставката Кога уредоте заклучен. Известувањата за апликацијата ќе се појават на екранот при заклучување, но нивната
содржина не е видлива.
Светло за известување
Светлото за известување ве информира за статусот на батеријата и за некои други настани. На
пример, трепкачкото бело светло значи дека има нова порака или пропуштен повик. Светлото за
известување е стандардно вклучено, но може рачно да се исклучи.
Кога ќе го исклучите светлото за известување, тоа ќе светне само кога има
предупредување за статусот на батеријата, на пример, кога нивото на батеријата ќе се
спушти под 15 проценти.
Вклучување на светлото за известување
1
Од почетниот екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Звук и известување.
3
Повлечете го лизгачот до Светло за известување надесно.
Икони во лентата за статус.
Икони за статус
Нема SIM-картичка
Јачина на сигнал
Нема сигнал
Роаминг
Испраќање и преземање податоци LTE
Испраќање и преземање податоци GPRS
Испраќање и преземање податоци EDGE
Испраќање и преземање податоци 3G
Испраќање и преземање мобилни податоци
Вклучена е Wi-Fi® конекција и податоците се пренесуваат
Уредот е подготвен да се поврзе со поддржани уреди ANT+™
Активирана е функцијата за апаратчето за слушање
Во зависност од обезбедувачот на услуги, мрежата и/или регионот, функциите или
услугите претставени со некои икони во оваа листа може да не се достапни.
Управување со иконите на лентата за статус
1
Од почетниот екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Персонализација > Системски икони.
3
Обележете ги полињата за избирање за системските икони што сакате да појават на
лентата за статус.
Користете ја апликацијата Gmail™ за да читате, пишувате и организирате е-пораки.
Барајте информации во уредот и на веб.
Гледајте ја својата тековна локација, наоѓајте други локации и пресметувајте маршрути со
помош на Google Maps™.
Користете ја апликацијата Play Store™ за да преземете бесплатни апликации и
апликации што се плаќаат за вашиот уред.
Користете ја апликацијата Пораки за да испраќате и примате текстуални и
мултимедијални пораки.
Користете ја апликацијата Видео за да репродуцирате видеа на уредот и да споделувате
содржини со пријателите.
Користете ја апликацијата Music за да организирате и репродуцирате музика, аудио книги
и подкасти.
Гледајте вести и временски прогнози.
Правете повици со рачно избирање на бројот или со помош на функцијата за паметно
бирање.
Оптимизирајте ги поставките според сопствените потреби.
Користете ја апликацијата Hangouts™ за да разговарате со пријателите преку интернет.
Идентификувајте ги песните што ги слушате во својата околина и добивајте информации
за изведувачот, албумот и друго.
Користете го YouTube™ за да споделувате и гледате видеа од целиот свет.
Користете ја апликацијата Резервна копија и враќање за да направите резервна копија
или да ја вратите содржината на уредот, како што се контакти, текстуални пораки,
обележувачи, календарски податоци, итн.
Користете ја апликацијата Smart Connect™ за да видите што се случува кога на уредот ќе
приклучите или откачите некој додаток.
Користете ја апликацијата Поддршка за да пристапите до поддршката за корисниците во
уредот. На пример, можете да пристапите до Упатство за корисникот, информации за
решавање проблеми, како и до совети и трикови.
Некои апликации не се поддржани или наведени од сите мрежи и/или даватели на услуги
во сите области.
Google Play™ е официјалната онлајн продавница на Google за преземање апликации, игри,
музика, филмови и книги. Таа вклучува бесплатни и апликации што се плаќаат. Пред да започнете
да преземате од Google Play™, проверете дали имате активна конекција со интернет, најдобро со
Wi-Fi® за да се ограничат трошоците за сообраќајот на податоци.
За да користите Google Play™, треба да имате сметка на Google™. Google Play™ можеби
не е достапен во сите земји или региони
Преземање апликации од Google Play™
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Play Store.
3
Пронајдете го објектот што сакате да го преземете преку пребарување категории или преку
користење на функцијата за пребарување.
4
Допрете го објектот за да ги прегледате неговите детали и следете ги инструкциите за да ја
завршите инсталацијата.
За да работат исправно, некои апликации можеби ќе треба да пристапат до податоците,
поставките и различните функции на уредот. Инсталирајте ги и давајте им дозволи само
на доверливите апликации.
Може да ги прикажувате дозволите што се доделени на преземена апликација со
допирање на апликацијата во Поставки > Апликации.
Преземање апликации од други извори
Кога уредот е поставен да дозволува преземање од други извори, освен Google Play™, може да
преземате апликации директно од други веб-локации со следење на релевантните инструкции за
преземање.
Инсталирање апликации од непознато или недоверливо потекло може да го оштети
уредот. Преземајте апликации само од доверливи извори. Контактирајте со обезбедувачот
на апликацијата доколку имате некакви прашања или проблеми.
Дозвола за преземање апликации од други извори
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Безбедност.
3
Повлечете го надесно лизгачот до Непознати извори.
4
Допрете OK.
За да работат исправно, некои апликации можеби ќе треба да пристапат до податоците,
поставките и различните функции на уредот. Инсталирајте ги и давајте им дозволи само
на доверливите апликации.
Може да ги прикажувате дозволите што се доделени на преземена апликација со
допирање на апликацијата во Поставки > Апликации.
Веб-прегледувачот Google Chrome™ за уредите со Android™ е веќе инсталиран на повеќето
пазари. Одете до http://support.google.com/chrome,а потоа кликнете на врската Хром за мобилни,
за да добиете детални информации за користење на веб-прегледувачот.
Пребарување со Google Chrome™
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете .
3
Доколку првпат користите Google Chrome™, или одберете да се пријавите со сметка на
Google™ или анонимно пребарувајте со Google Chrome™.
4
Внесете термин за пребарување или веб-адреса во полето за пребарување и адреса,
потоа допрете Оди на тастатурата.
Интернет and MMS поставки
За испраќање мултимедијални пораки или за пристап на Интернет кога нема достапна Wi-Fi®
мрежа, мора да имате активна конекција со мобилни податоци со точни поставки за Интернет и
MMS (Multimedia Messaging Service). Еве неколку совети:
•
За повеќето мобилни мрежи и оператори, поставките за Интернет и MMS се претходно
инсталирани на уредот. Тогаш може веднаш да започнете со користење на Интернет и да
испраќате мултимедијални пораки.
•
Во некои случаи, ќе ја добиете опцијата за преземање на поставките за Интернет и MMS првиот
пат кога ќе го вклучите уредот со вметната SIM-картичка. Овие поставки можете и подоцна да ги
преземете од менито Поставки.
•
Може во секое време рачно да ги додадете, измените или избришете поставките за Интернет и
MMS во уредот. Ако промените или избришете поставка за Интернет или MMS по грешка,
преземете ги повторно поставките за Интернет и MMS.
•
Ако не можете да пристапите на Интернет преку мобилна мрежа или ако не функционираат
мултимедијалните пораки, дури и тогаш кога поставките за интернет и ММЅ се успешно преземени
во вашиот уред, погледнете ги советите за решавање проблеми на www.sonymobile.com/support/ за
мрежна покриеност, мобилни податоци и MMS.
Ако режимот STAMINA е активиран, целокупниот мобилен сообраќај на податоци се става
на пауза кога екранот е исклучен. Ако ова предизвикува проблеми со конекцијата,
обидете се да исклучите некои апликации и услуги од паузирање или привремено
ислучете го режимот STAMINA. За повеќе информации, погледнете Преглед нафункцијата на STAMINA-режимот на страницата22.
Преземање поставки за интернет и MMS
1
Од својот Почетен екран, допрете
2
Најдете и допрете Поставки > Повеќе > Поставки за интернет.
3
Допрете Прифати. Штом поставките ќе се преземат успешно, се појавува
за статус и мобилните податоци се вклучени автоматски.
Доколку поставките не може да се преземат на уредот, проверете ја јачината на сигналот
од мобилната мрежа. Преместете се на отворена локација без пречки или приближете се
до прозорец и обидете се повторно.