
Известување за корисниците: следните информации важат
само за производи што се продаваат во земји кои ги
применуваат директивите на ЕУ и/или во Обединетото
Кралство во кое се применуваат соодветни законски
предуслови.
Овој производ е произведен од Sony Corporation или во име на
Sony Corporation.
Увозник за ЕУ и Обединетото Кралство: Sony Europe B.V.
Прашањата за увозникот за ЕУ или прашањата поврзани со
усогласеноста на производот во Европа треба да се испраќаат на
овластениот претставник на производителот, Sony Belgium,
bijkantoor van Sony Europe B.V., Da Vincilaan 7-D1, 1930 Zaventem,
Belgium.
Прашањата за увозникот за Обединетото Кралство или
прашањата поврзани со усогласеноста на производот во
Обединетото Кралство треба да се испраќаат на овластениот
претставник на производителот, Sony Europe B.V., The Heights,
Brooklands, Weybridge, Surrey KT13 0XW, United Kingdom.
Со овој документ, Sony Corporation изјавува дека оваа опрема е
усогласена со директивата 2014/53/EU.
Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ е
достапен на следната адреса на интернет:
https://compliance.sony.eu
Со овој документ, Sony Corporation изјавува дека оваа опрема е
усогласена со соодветните законски предуслови на Обединетото
Кралство.
Целосниот текст на декларацијата за усогласеност е достапен на
следната адреса на интернет:
https://compliance.sony.co.uk
Депонирање искористени батерии и електрична и
електронска опрема (применливо во Европската
Унија и во други земји со посебни системи за
прибирање)
Овој симбол на производот, батеријата или пакувањето
посочува дека со производот и со батеријата не треба да се
постапува како со домашен отпад. Кај некои батерии, овој симбол
може да се употреби во комбинација со хемиски симбол.
Хемискиот симбол за олово (Pb) се додава доколку батеријата
содржи повеќе од 0,004% олово. Со правилно депонирање на
овие производи и батерии ќе помогнете да се спречат
потенцијално негативни последици за животната средина и
здравјето на човекот, кои инаку може да се предизвикаат со
несоодветно фрлање отпад. Рециклирањето на материјалите ќе
придонесе за зачувување на природните ресурси. Ако станува
збор за производи на кои им е потребна постојана поврзаност со
вградена батерија поради безбедност, перформанси или
интегритет на податоците, тогаш таа батерија треба да ја
заменуваат само квалификувани сервисери. За да бидете сигурни
дека батеријата и електричната и електронската опрема ќе се
депонираат правилно, оставете ги овие производи со поминат
работен век на соодветно место за рециклирање електрична и
електронска опрема. За сите други батерии, погледнете го делот
во кој е објаснето како безбедно да се отстрани батеријата од
производот. Оставете ја батеријата на соодветно место за
рециклирање искористени батерии. За подетални информации за
рециклирањето на овој производ или батеријата, ве молиме
контактирајте со локалната заедница, службата за отстранување
домашен отпад или со продавницата каде што сте го купиле овој
производ или батеријата.
Овој уред е тестиран со кабел за поврзување пократок од 3 метри,
при што е утврдено дека е усогласен со ограничувањата поставени
во регулативата EMC.
Со овие слушалки може да се користи(ат) само испорачаниот(те)
кабел(и) за слушалки.
Големата јачина на звукот може негативно да влијае на вашиот слух.
Не користете го уредот додека пешачите, возите автомобил или
возите велосипед. На тој начин може да предизвикате сообраќајни
несреќи.
Немојте да го користите на опасни места, освен ако не ги слушате
звуците од опкружувањето.
Уредот не е водоотпорен. Ако во уредот навлезе вода или
надворешни материи, тоа може да предизвика пожар или струен
удар. Ако во уредот навлезе вода или надворешни материи, веднаш
престанете да го користите и обратете се кај најблискиот продавач
на Sony. Бидете особено внимателни во следните случаи.
• Ако го користите уредот во близина на мијалник или сад со
течност
Внимавајте уредот да не падне во мијалникот или во садот со
вода.
• Кога го користите уредот на дожд или снег, или на влажни
локации
• Ако го користите уредот кога се потите
Ако го допрете уредот со мокри раце или ако го ставите уредот во
џеб од влажна облека, тогаш уредот може да се намокри.
Повеќе информации за ефектите од контактот на човечкото тело со
мобилниот телефон или други безжични уреди поврзани со уредот,
може да најдете во прирачникот со инструкции за безжичниот уред.
Никогаш не вметнувајте го USB-приклучокот кога уредот или
кабелот за полнење се мокри. Ако USB-приклучокот е вметнат
додека уредот или кабелот за полнење се мокри, може да се појави
краток спој поради течноста (вода од чешма, морска вода,
безалкохолен пијалак, итн.) или надворешните материи на уредот
или кабелот за полнење што може да предизвика невообичаено
создавање на топлина или дефект.
Овој производ (вклучувајќи ги и додатоците) има магнети кои можат
да пречат на работата на пејсмејкерите, вентили на шантови што
може да се програмираат за третман на хидроцефалија или други
медицински уреди. Не ставајте го овој производ блиску до луѓе кои
користат такви медицински уреди. Консултирајте се со вашиот
доктор пред да започнете да го употребувате овој производ доколку
користите такви медицински уреди.
Овој производ има магнети. Ставањето картички со магнетни ленти
во близина на производот може да влијае врз магнетизмот на
картичките и да ги направи неупотребливи.
Забелешка за статичкиот електрицитет
Ако го користите уредот кога воздухот е сув, може да почувствувате
непријатност поради статичкиот електрицитет што се акумулира на
вашето тело. Тоа не е дефект на уредот. Ефектот може да го
намалите ако носите облека изработена од природни материјали
што не генерираат статички електрицитет.
Мерки на претпазливост
Дводимензионалниот код или URL-адреса на футролата ви
овозможува пристап до водичот за помош, во кој се наведени
корисни забелешки или детални постапки.
Повеќе информации за комуникациите преку BLUETOOTH®
• Микробрановите што ги емитуваат уредите со Bluetooth може да
влијаат на работењето на медицинските уреди. Исклучете го овој
уред и другите уреди со Bluetooth на следниве локации, бидејќи
ако не го сторите тоа, може да дојде до несреќи:
– во болници, во близина на приоритетните седишта во возови, на
локации на кои се присутни запаливи гасови, во близина на
автоматски врати или аларми за пожар.
Забелешки за носењето на уредот
• Поради тоа што слушалките се прилепуваат врз ушите, силното
притиснување до вашите уши или брзото вадење на слушалките
може да предизвика оштетување на ушните тапанчиња. Кога ги
носите слушалките, мембраната на звучниците може да генерира
звук на кликнување. Тоа не е дефект.
Други забелешки
• Ако го користите уредот како жични слушалки, тогаш треба да го
користите само испорачаниот кабел за слушалки. Проверете дали
кабелот за слушалки е вметнат целосно.
• Не изложувајте го уредот на притисок или тежина во долги
временски периоди, дури ни кога го складирате, бидејќи на тој
начин може да предизвикате деформирање.
• Ако почнете да се чувствувате непријатно при користењето на
уредот, веднаш престанете да го користите.
• Ако имате прашања или проблеми во врска со овој уред што не се
опфатени во овој прирачник, обратете се кај најблискиот продавач
на Sony.
Локација на етикетата со сериски број
Погледнете сл.
Спецификации
Слушалки
Извор за напојување:
DC 5 V / 1,6 A (користење комерцијално достапен стандарден
USB-адаптер за наизменична струја)
DC 5 V / 1,6 A и 9 V / 2,3 A (користење комерцијално достапен
USB-адаптер за наизменична струја)
или користете вградени литиум-јонски батерии (работен
напон на производот: DC 3,8 V)
Работна температура:
0 °C до 40 °C
Номинална потрошувачка на енергија:
21 W
Маса:
Прибл. 250 гр
Импеданса:
48 Ω (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки,
кога уредот е вклучен)
16 Ω (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога
уредот е исклучен)
Чувствителност:
102 dB/mW (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога
уредот е вклучен)
100 dB/mW (при поврзување преку кабелот за слушалки,
кога уредот е исклучен)
Фреквентен одзив:
4 Hz - 40 000 Hz (JEITA) (при поврзување преку кабелот за
слушалки, кога уредот е вклучен)
Вклучени елементи:
Безжични стерео слушалки со поништување на шум (1)
USB Type-C®-кабел (USB-A кон USB-C®) (прибл. 20 см) (1)
Кабел за слушалки (прибл. 1,2 м) (1)
Торба за носење (1)
Спецификации за комуникација
Систем за комуникација:
Спецификации на Bluetooth верзија 5.2
Излез:
Спецификации на Bluetooth за класа на моќност 1
Фреквентен појас:
Фреквенција од 2,4 GHz (2,4000 GHz - 2,4835 GHz)
Работна фреквенција:
Bluetooth: 2400 MHz - 2483,5 MHz
Максимална излезна моќност:
Bluetooth: < 7 dBm
Дизајнот и спецификациите подлежат на промени без претходно
известување.
Предуслови на системот за полнење на батеријата преку USB
USB-адаптер за наизменична струја
Комерцијално достапен USB-адаптер за наизменична струја што
испорачува излезна струја од 1,5 A или повеќе
Комерцијално достапен адаптер за наизменична струја
компатибилен со USB PD (напојување преку USB)
Ви препорачуваме да користите адаптер што испорачува 5V/2A
или 9V/3A.
Не гарантираме за работењето со сите уреди компатибилни со USB PD.
Компатибилни модели на iPhone/iPod
iPhone 12 Pro Max, iPhone 12 Pro, iPhone 12, iPhone 12 mini,
iPhone SE (2-ра генерација), iPhone 11 Pro Max, iPhone 11 Pro, iPhone 11,
iPhone XS Max, iPhone XS, iPhone XR, iPhone X, iPhone 8 Plus, iPhone 8,
iPhone 7 Plus, iPhone 7, iPhone SE, iPhone 6s Plus, iPhone 6s,
iPhone 6 Plus, iPhone 6, iPhone 5s, iPod touch (7-ма генерација),
iPod touch (6-та генерација)
(Од февруари 2022 година)
Заштитни знаци
• Apple, iPhone, iPod и iPod touch се заштитни знаци на Apple Inc.,
регистрирани во САД и други земји.
• Ознаката и логоата за Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци
во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на таквите
ознаки од страна на Sony Group Corporation и нејзините
подружници е дозволено со лиценца.
• Името и логото LDAC се заштитни знаци на Sony Corporation.
• USB Type-C® и USB-C® се регистрирани заштитни знаци на USB
Implementers Forum.
• Сите други заштитни знаци и регистрирани заштитни знаци им
припаѓаат на нивните соодветни сопственици. Во овој прирачник,
знаците TM и ® не се назначени.
Лиценци
• Употребата на ознаката „Made for Apple“ значи дека галантеријата
е специјално дизајнирана да се поврзува со производите од Apple
наведени на ознаката и дека има сертификат од производителот
дека ги задоволува стандардите за перформанси на Apple. Apple
не е одговорен за работата на овој уред или неговата согласност
со безбедносните и регулаторните стандарди.
• Овој производ содржи софтвер што Sony го користи со договор за
лиценцирање со сопственикот на неговите авторски права. Имаме
обврска да ја обелодениме содржината на договорот на
корисниците согласно барањето на сопственикот на авторските
права на софтверот. Посетете ја следнава URL-адреса и прочитајте
ја содржината на лиценцата.
https://rd1.sony.net/help/mdr/sl/22/
• Услугите што ги нудат трети страни може да се променат,
суспендираат или укинат без претходно известување. Sony не
сноси одговорност за ваквите ситуации.