
Безжични стерео слушалки со
поништување на шум
Водич со препораки
https://rd1.sony.net/help/mdr/
wf1000xm4/h_zz/
WF-1000XM4
5-027-990-11(1)
©2021 Sony Corporation
https://www.sony.net/
Македонски
Безжични стерео слушалки со
поништување на шум
Ознаката со името и важните
информации во врска со безбедноста
се прикачени на следните локации:
• долниот дел од футролата за
полнење
Не поставувајте го производот во
ограничен простор, како полица за
книги или вграден шкаф.
Не изложувајте ги батериите
(комплетот батерии или поставените
батерии) подолго време на
прекумерна топлина како сончева
светлина, оган или слично.
Не изложувајте ги батериите на
екстремно ниски температури што
може да предизвикаат прегревање и
оштетување поради прегревање.
Не расклопувајте, отворајте или
уништувајте ги секундарните ќелии
или батерии.
Во случај на истекување на
батеријата, внимавајте течноста да не
дојде во контакт со кожата или очите.
Ако дојде до контакт, измијте го
местото со голема количина вода и
побарајте совет од лекар.
Секундарните ќелии и батерии треба
да се наполнат пред употреба.
Секогаш придржувајте се до
упатствата на производителот или до
прирачникот за производот за
правилно полнење.
По подолг период на складирање,
можеби ќе биде потребно да се
наполнат и испразнат ќелиите или
батериите неколку пати за да се
добијат максимални перформанси.
Исфрлете ги батериите на
соодветниот начин.
Известување за корисниците:
следните информации се
однесуваат само на производи
што се продаваат во земји
коишто ги применуваат
директивите на ЕУ и/или во
Обединетото Кралство коешто
ги применува соодветните
законски барања.
Овој производ е произведен од
страна на Sony Corporation или во
нејзино име.
Увозник за ЕУ: Sony Europe B.V.
Прашањата за увозникот за ЕУ или
прашањата поврзани со
усогласеноста на производот во
Европа треба да се испраќаат на
овластениот претстав
ник на производителот, Sony
Belgium, bijkantoor van Sony Europe
B.V., Da Vincilaan 7-D1, 1930
Zaventem, Belgium.
Со овој документ, Sony Corporation
изјавува дека оваа опрема е
усогласена со Директивата
2014/53/ЕУ.
Целосниот текст на декларацијата
за усогласеност на ЕУ е достапен
на следната адреса на интернет:
https://compliance.sony.eu
Овој производ е произведен од
страна на Sony Corporation или во
нејзино име.
Увозник за Обединетото Кралство:
Sony Europe B.V.
Прашањата за увозникот за
Обединетото Кралство или
прашањата поврзани со
усогласеноста на производот во
Обединетото Кралство треба да
се испраќаат на овластениот
претставник на производителот,
Sony Europe B.V., The Heights,
Brooklands, Weybridge, Surrey KT13
0XW, United Kingdom.
Депонирање искористени
батерии и електрична и
електронска опрема
(применливо во
Европската Унија и во
други земји со посебни системи за
прибирање)
Овој симбол на производот,
батеријата или на амбалажата
покажува дека со производот и со
батеријата којашто е дадена со овој
производ не треба да се постапува
како со домашен отпад. Кај
определени батерии овој симбол
може да се користи во комбинација
со хемиски симбол. Хемискиот
симбол за олово (Pb) се додава
доколку батеријата содржи повеќе
од 0,004% олово. Со правилно
депонирање на овие производи и
батерии ќе помогнете да се спречат
потенцијално негативни последици
за животната средина и здравјето
на човекот, кои инаку може да се
предизвикаат со несоодветно
фрлање отпад. Рециклирањето на
материјалите ќе придонесе за
зачувување на природните ресурси.
Кај производите за кои поради
безбедноста, перформансите или
интегритетот на податоците е
потребна постојана поврзаност со
интегрирана батерија, таа батерија
треба да ја заменува само
квалификуван персонал за
сервисирање. За да бидете сигурни
дека батеријата и електричната и
електронската опрема ќе се
депонира правилно, оставете ги
овие производи со поминат
работен век на соодветно место за
рециклирање електрична и
електронска опрема. За сите други
батерии, погледнете го делот во кој
е објаснето како безбедно да се
отстрани батеријата од производот.
Оставете ја батеријата на соодветно
место за рециклирање искористени
батерии. За подетални информации
за рециклирањето на овој производ
или батеријата, ве молиме
контактирајте со локалната
заедница, службата за
отстранување домашен отпад или
со продавницата каде што сте го
купиле овој производ или
батеријата.
Овој уред е тестиран со кабел за
поврзување пократок од 3 метри, при
што е утврдено дека е усогласен со
ограничувањата поставени во
регулативата EMC.
Високата јачина на звук може
негативно да влијае на вашиот слух.
Не користете го уредот додека
пешачите, возите или возите
велосипед. На тој начин може да
предизвикате сообраќајни несреќи.
Немојте да го користите во опасни
подрачја освен ако не се слуша
звукот од опкружувањето.
Ако во уредот навлезе вода или
надворешни материи, тоа може да
предизвика пожар или струен удар.
Ако во уредот навлезе вода или
надворешни материи, веднаш
престанете да го користите и
обратете се кај најблискиот продавач
на Sony. Бидете особено внимателни
во следните случаи.
• Кога го користите уредот во
близина на мијалник или сад со
течност
Бидете внимателни уредот да не
падне во мијалникот или во садот
со вода.
• Кога го користите уредот на дожд
или снег, или на влажни локации
Повеќе информации за ефектите од
контактот на човечкото тело со
мобилниот телефон или други
безжични уреди поврзани со уредот,
може да најдете во прирачникот со
инструкции за безжичниот уред.
Ако врвовите на ушните влошки не
се соодветно прицврстени, тие може
да се извадат и да останат во увото
при употребата. Пред употреба
проверете дали врвовите на ушните
влошки се соодветно прицврстени.
Никогаш не вметнувајте го
USB-приклучокот кога уредот или
кабелот за полнење се мокри. Ако
USB-приклучокот е вметнат додека
уредот или кабелот за полнење се
мокри, може да се појави краток спој
поради течноста (вода од чешма,
морска вода, безалкохолен пијалак,
итн.) или надворешните материи на
уредот или кабелот за полнење што
може да предизвика невообичаено
создавање на топлина или дефект.
Овој производ (вклучувајќи ги и
додатоците) има магнети што може
да предизвикаат пречки во работата
на пејсмејкерите, вентили на
шантови што може да се
програмираат за третман на
хидроцефалија или други
медицински уреди. Не ставајте го
овој производ блиску до луѓе кои
користат такви медицински уреди.
Консултирајте се со вашиот доктор
пред да започнете да го употребувате
овој производ доколку користите
такви медицински уреди.
Овој производ (вклучувајќи ги и
додатоците) има магнети.
Проголтувањето на магнет може да
предизвика сериозен проблем, како
опасност од задавување или повреди
на цревата. Ако проголтате магнети
(или магнет), веднаш обратете се кај
лекар. Чувајте го овој производ
подалеку од деца или други лица под
надзор за да спречите случајно
проголтување.
Постои опасност од проголтување на
овој уред или неговите мали делови.
По употребата, чувајте го уредот во
футролата за полнење и складирајте
го на локација подалеку од дофат на
мали деца.
Забелешка за статичкиот
електрицитет
Ако уредот го користите кога
воздухот е сув, може да почувствувате
непријатност поради статичкиот
електрицитет акумулиран на вашето
тело. Не се работи за дефект на
уредот. Ефектот може да го намалите
ако носите облека изработена од
природни материјали кои не
создаваат статички електрицитет.

Мерки за претпазливост
Дводимензионалниот код или
URL-адреса на футролата ви
овозможува пристап до водичот за
помош, во кој се наведени корисни
забелешки или детални постапки.
За отпорноста на вода на уредот
• Футролата за полнење не е
отпорна на вода.
• Ако уредот не се користи
правилно, водата може да
навлезе во него и да предизвика
пожар, електричен удар или
дефекти.
Внимателно погледнете ги
следниве предупредувања и
правилно користете го уредот.
За да се задржат перформансите
за отпорност на вода
Внимателно погледнете ги
предупредувањата подолу за да
обезбедите правилно
функционирање на уредот.
• Не прскајте вода во отворите од
кои се репродуцира звукот.
• Не ставајте го уредот во вода и
не користете го под вода.
• Не дозволувајте уредот да
остане мокар во ладно
опкружување бидејќи водата
може да замрзне. За да се
спречи настанување на дефект,
избришете ја водата по
користењето.
• Не поставувајте го уредот во
вода и не користете го на
влажни места како што е
бањата.
• Не дозволувајте уредот да падне
на земја и не изложувајте го на
механички удари. Ако тоа се
случи, уредот може да се
деформира или да се оштети,
поради што може да се намалат
неговите перформанси за
отпорност на вода.
За комуникациите преку
BLUETOOTH®
• Микробрановите што ги емитуваат
уредите со Bluetooth може да
влијаат на работењето на
медицинските уреди. Исклучете го
овој уред и другите уреди со
Bluetooth на следниве локации,
бидејќи ако не го сторите тоа, може
да дојде до несреќи:
– во болници, во близина на
приоритетните седишта во возови,
на локации на кои се присутни
запаливи гасови, во близина на
автоматски врати или аларми за
пожар.
За полнењето на уредот
• Не прикачувајте метални предмети
како налепници изработени од
материјал што содржи метал на
подлогата за безжично полнење и
на уредот. Ако го направите тоа,
може да дојде до пожари,
изгореници или повреди.
• Кога ја користите подлогата за
безжично полнење, не поставувајте
метални предмети како ленти или
спојувалки изработени од
материјал што содржи метал на неа.
Ако го направите тоа, може да дојде
до пожари, изгореници или
повреди.
• Кога полните преку подлогата за
безжично полнење, отстранете ги
деловите прикачени на футролата
за полнење, како што се капаците.
Во зависност од материјалот или
дебелината на капакот или поради
присуство на надворешни материи
помеѓу футролата за полнење и
капакот, полнењето може да не се
изврши правилно и да доведе до
пожари, изгореници или повреди.
• Ако имате вградени електронски
медицински уреди како пејсмејкери
или дефибрилатори, консултирајте
се со вашиот доктор пред да ја
користите подлогата за безжично
полнење. Радиобрановите може да
влијаат на работењето на
електронските медицински уреди.
• Не приближувајте IC-картички,
магнетни картички, или
магнетизирани предмети до
подлогата за безжично полнење.
Ако го направите тоа, може да дојде
до неправилно функционирање на
IC-картичките. Магнетните податоци
може да се избришат од
готовинските картички, кредитните
картички, телефонските картички
или дискетите. Ако се приближи
силно магнетно поле, може да дојде
до дефект на подлогата за
безжично полнење.
• Уредот се полни кога се чува во
футролата за полнење. Футролата
за полнење е компатибилна со
подлоги за безжично полнење што
го исполнуваат стандардот Qi.
Затворете го капакот на футролата
за полнење и полнете ја така што ќе
ја поставите на подлогата за
безжично полнење, со логото на
SONY на футролата за полнење
нагоре. При полнењето, погледнете
ги упатствата за ракување на
подлогата за безжично полнење.
• Користете го само испорачаниот
кабел USB Type-C.
Забелешки за носењето на уредот
• По користењето, бавно отстранете
ги слушалките.
• Бидејќи врвовите на ушните
влошки се прилепуваат во ушите,
присилното притиснување или
брзото извлекување може да
предизвика оштетување на ушното
тапанче.
Кога ги носите врвовите на ушните
влошки, дијафрагмата на
звучниците може да испушти звук
на кликнување. Ова не е дефект.
На врвовите на ушните влошки
(врвови на ушни влошки со
изолација на шум)
• Бидејќи врвовите на ушните
влошки повеќе се прилепуваат до
вашите уши, може да
почувствувате замор во ушите.
Ако почнете да се чувствувате
непријатно, престанете да ги
користите.
• Не извлекувајте го делот со
полиуретанска пена од врвовите
на ушните влошки. Ако го
извлечете овој дел од врвовите на
ушните влошки, тие нема да
функционираат.
• Не изложувајте го делот со
полиуретанска пена од врвовите
на ушните влошки на притисок во
долги временски периоди. Тоа
може да предизвика деформација
и може да биде тешко да се
вратат врвовите на ушните
влошки во оригиналната форма.
• Кога врвовите на ушните влошки
ќе се извалкаат, не мијте ги со
вода, туку избришете ги со сува
крпа. Не користете алкохол итн.
при чистењето. Тоа може да го
забрза оштетувањето.
• Ако врвовите на ушните влошки
се намократ, добро исушете ја
течноста и проверете дали
врвовите на ушните влошки се
суви пред да ги користите или
складирате.
• Материјалите што се користат во
пената на врвовите на ушните
влошки се оштетуваат со долго
користење и складирање.
Заменете ги врвовите на ушните
влошки кога оштетувањето ќе
предизвика намалување на
перформансите.
Други забелешки
• Ако почнете да се чувствувате
непријатно при користењето на
уредот, веднаш престанете да го
користите.
• Ако имате прашања или
проблеми во врска со овој уред
што не се опфатени во овој
прирачник, обратете се кај
најблискиот продавач на Sony.
Локација на етикетата со сериски
број
• долниот дел од футролата за
полнење
Спецификации
Слушалки
Модел: YY2948
Извор на напојување:
DC 3,85 V: Вградена
литиум-јонска батерија на
полнење
DC 5 V: При полнење преку
USB
Работна температура:
0°C до 40°C
Номинална потрошувачка на
енергија:
1 W (слушалки), 3 W (футрола
за полнење)
Маса:
Прибл. 7,3 гр. × 2 (слушалки
(вклучувајќи ги врвовите на
ушните влошки (M)))
Прибл. 41 гр. (футрола за
полнење)
Вклучени елементи:
Безжични стерео слушалки со
поништување на шум (1)
USB Type-C®-кабел (USB-A кон
USB-C®) (прибл. 20 см) (1)
Врвови на ушните влошки: S
(портокалови) (2), M (зелени)
(2), L (светлосини) (2)
Футрола за полнење (1)
Спецификации за комуникација
Систем за комуникација:
Bluetooth Specification верзија
5.2
Излез:
Bluetooth спецификации за
класа за напојување 1
Фреквентен појас:
Појас од 2,4 GHz (2,4000 GHz
- 2,4835 GHz)
Работна фреквенција:
Bluetooth: 2.400 MHz - 2.483,5
MHz
Qi: 110 kHz - 205 kHz
Максимална излезна моќност:
Bluetooth: < 10 dBm
Дизајнот и спецификациите подлежат
на промени без претходно
известување.
Предуслови на системот за
полнење на батеријата преку USB
USB AC-адаптер
USB AC-адаптер со капацитет за
снабдување со струја со излезна
моќност од 0,5 A (500 mA) или повеќе
Компатибилни модели на iPhone/
iPod
iPhone SE (2-ра генерација),
iPhone 11 Pro Max, iPhone 11 Pro,
iPhone 11, iPhone XS Max, iPhone XS,
iPhone XR, iPhone X, iPhone 8 Plus,
iPhone 8, iPhone 7 Plus, iPhone 7,
iPhone SE, iPhone 6s Plus, iPhone 6s,
iPhone 6 Plus, iPhone 6, iPhone 5s,
iPod touch (7-ма генерација),
iPod touch (6-та генерација)
(Од февруари 2021 година)
Заштитни знаци
• Apple, iPhone, iPod и iPod touch се
заштитни знаци на Apple Inc.,
регистрирани во САД и други земји.
• Употребата на ознаката „Made for
Apple“ значи дека галантеријата е
специјално дизајнирана да се
поврзува со производ(и) од Apple
што се препознаваат со ознаката и
дека има сертификат од
производителот за исполнување на
стандардите за перформанси на
Apple. Apple не е одговорен за
работата на овој уред или неговата
усогласеност со безбедносните и
регулаторните стандарди.
• Google и Android се заштитни знаци
на Google LLC.
• Ознаката Bluetooth® и логоата се
регистрирани заштитни знаци во
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и
секаква употреба на тие ознаки од
страна на Sony Corporation е под
лиценца.
• USB Type-C® и USB-C® се
регистрирани заштитни знаци на
USB Implementers Forum.
• Другите заштитни знаци и заштитни
имиња им припаѓаат на нивните
соодветни сопственици.
Забелешки за лиценцата
Овој производ содржи софтвер што
Sony го користи со договор за
лиценцирање со сопственикот на
неговите авторски права. Имаме
обврска да ја обелодениме
содржината на договорот на
корисниците согласно барањето на
сопственикот на авторските права на
софтверот.
Посетете ја следнава URL-адреса и
прочитајте ја содржината на
лиценцата.
https://rd1.sony.net/help/mdr/sl/21/
Одрекување од
одговорност за услугите
што се нудат од трети
страни
Услугите што ги нудат трети страни
може да се променат, суспендираат
или укинат без претходно
известување. Sony не сноси
одговорност за ваквите ситуации.