Sony SLT-A58M, SLT-A58K Instructions for use

4-459-708-41(1)
Дигитален фотоапарат со менлив објектив/Упатство за употреба
МК
SLT-A58
Македонски
Внимание
Батерија
Доколку со батериите се ракува неправил­но, тие можат да експлодираат и да предиз­викаат пожар или хемиски изгореници. По­читувајте ги следниве правила за батериите.
За сопственикот
Моделот и серискиот број се наоѓаат долниот дел. Запишете го серискиот број во обезбедениот дел подолу. Видете ги овие броеви секогаш кога ќе се обратите кај Sony продавач. Бр. намодел. SLT-A58 Сериски бр.
• Не ги расклопувајте.
• Не ги изложувајте батериите на удари и прекумерна сила, не дозволувајте да паѓаат и не ги газете.
• Не предизвикувајте краток спој и не дозволувајте метални објекти да ги допираат контактите на батериите.
• Не ги изложувајте на висока температура над 60°C (140°F) каква што е директна сончева светлина или во автомобил паркиран на сонце.
• Да не се горат или изложуваат на оган.
• Не ракувајте со оштетени или протечени литиум јонски батерии.
• За полнење користите оригинал Sony
полнач за батерии или уредкој може да го наполни батериското пакување.
• Држете ги батериите подалеку од
дофат на деца.
• Чувајте го батериското пакување суво.
• Заменете ги батериите само со
одреден тип препорачан од Sony.
• Исфрлете ги старите батерии како што
е опишано во упатството.
Полнач за батеријата
Дури и ако индикаторот CHARGE не све­ти, полначот на батерија не е исклучен од АС полначот (главен) се додека тој е при­клучен во ѕиден штекер. Ако се случат не­кои потешкотии додека го употребувате полначот на батерии, веднаш исклучете ја струјата со исклучување на утикачот од ѕидниот штекер.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Да избегнете струен удар, не го изложувајте апаратот на влага или дожд.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
-ЗАЧУВАЈТЕ ГИ
ОВИЕ ИНСТРУКЦИИ ОПАСНОСТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЖАР ИЛИ СТРУЕН УДАР, ВНИМАТЕЛНО СЛЕДЕТЕ ГИ ИНСТРУКЦИИТЕ
Доколку формата на утикачот на одговара на штекерот, користете соодветен адаптер за штекерот и правилна конфигурација за напојување од електричната мрежа.
MK
2
A-mount
За потрошувачите во САД
UL е меѓународна призната организација за безбедност. Ознаката UL на производот значи дека е на UL листата.
РЕЦИКЛИРАЊЕ ЛИТИУМ ЈОНСКИТЕ БАТЕРИИ
Литиум-јонските батерии се рециклираат. Можете да помогнете во зачувување на нашата околина со враќање на искористените батерии на полнење во собирниот центар за рециклирање, блиску до Вас.
Ако имате било какви прашања за овој производ можете да се јавите на:
Sony кориснички информативен центар 1-800-222-SONY (7669)
Долниот број е само за прашања за FCC.
Информација за регуларност
За повеќе информации во врска со рециклирањето на батерии за полнење, повикајте го бесплатниот телефонски број 1-800-822-8837,или посетете ја веб странатаhttp://www.rbrc.org/
Внимание: Не ракувајте со оштетени литиум јонски батерии.
Батерија и објективи (ако објективот е испорачан)
Овој уред е во согласност со Дел 15 од Правилникот на FCC. Работењето е предмет на следниве два услова: (1) Овој уред не може да предизвика штетни пречки, и (2) овој уред мора да ги прифати сите пречки, вклучувајќи и пречка која може да предизвика несакана работа.
CAN ICES-3 B/NMB-3B
ВНИМАНИЕ
Предупредување за било какво менување или модификација која не е експлицитно одобрено во ова упатство може да бидете спречени да работите со овој уред.
3
МК
Изјава за сообразност
Трговско име: SONY Бр. на модел: SLT-A58 Одговорна страна: Sony Electronics Inc. Адреса: 16530 Via Esprillo,
San Diego, CA 92127
U.S.A. Бр. на телефон: 858-942-2230 Овој уред е во согласност со Дел15 од правилата на FCC. Работењето е предмет на следниве два услова: (1) Овој уред не може да предизвика штетни пречки, и (2) овој уред мора да ги прифати сите пречки, вклучувајќи и пречка која може да предизвика несакана работа.
МК
За купув ачите во САД и Канада
Забелешка:
Оваа опрема е тестирана и ги исполнува ограничувањата за класа В (бе) за дигитални уреди, во согласност со член 15 од FCC правилата. Овие ограничувања се дизајнирани да обезбедат разумна заштита против штетни пречки во станбената инсталација. Оваа опрема генерира, користи и може да емитува радиофреквенција и доколку не се користи според упатството може да предизвика штетни пречки во радио­комуникациите. Меѓутоа, не гарантираме дека нема да дојде до пречки во одредени инсталации. Ако оваа опрема предизвика штетни пречки на радио или ТВ приемот, што можат да се забележат со вклучување и исклучување на уредот, корисникот може да ги коригира пречките се некои од следниве мерки:
– Преместете ја приемната антена. – Зголемете го растојанието помеѓу
апаратот и приемникот.
– Приклучете го апаратот во утикач
кој не е поврзан со приемникот.
– Консултирајте се со продавачот или со искусен радио/ТВ техничар за помош.
Испорачаниот кабел за интерфејсот, мора да се користи со опремата за да биде во согласност со ограничувањата за дигитални апарати според алинеја B (бе) во членот 15 oд FCC правилата.
За потрошувачите во Европа
Забелешка за потрошувачите во земји кои ги применуваат ЕУ директивите
Овој производ е произведен од Sony Corporation, 1-7-1 KonanMinato-ku Tokyo, 108-0075Japan. Прашања во врска со усогласеност на производот врз основа на ЕУ законодавството адресирајте ги до овластениот претставник, Sony Deutschland GmbH, Hedelfinger Strasse 61, 70327 Stuttgart, Germany.За прашања за сервис или гаранција, обратете се на обезбедените адреси во гарантниот лист.
Овој производ е тестиран и е во согласност со ограничувањата од EMC наредбата за користење приклучни кабли пократки од 3 метри.
Внимание
Електромагнетни полиња на одредени фреквенции може да влијаат на сликата и звукот на овој уред.
Забелешка
Ако преносот на податоци се прекине по­ради статички електрицитет или електро­магнетно поле рестартирајте ја апликаци­јата или исклучете и повторно приклучете го приклучниот кабел (USB, и сл.).
МК
4
Исфрлање на стара електрична и електронска опрема (применливо во Европската унија и други земји со посебни собирни центри)
Овој симбол на производот или на неговото пакување укажува дека тој не треба да се третира како обичен домашенотпад. Тој треба да се однесе во посебен собирен центар за
рециклирање на електрична и електронска опрема. Со правилно исфрлање на овој производ, Вие ќе помогнете во спречувањето на потенцијалните негативни последици за опкружувањето и човековото здравје, што може да се предизвикаат со неправилно исфрлање на овој производ. Рециклирањето на материјалите ќе допринесе за зачувување на природните ре­сурси. За подетални информации околу рециклирањето на овој производ, Ве молиме, контактирајте ја локалната компанија за рециклирање, отпад или продавницата каде што сте го купиле производот.
Исфрлање на истрошените батерии (применливо во Европската унија и земји со посебни собирни центри)
Овој симбол на батеријата или на нејзиното пакување, укажува дека батеријата испорачана со
овој производ не треба да се третира како обичен домашен отпад. Некои батерии може да се означени со хемиски знак. Хемискиот симбол за жива (Hg) или олово (Pb)се ставаат на батерии кои содржат повеќе од 0.0005% жива или 0.004% олово. Со правилно исфрлање на батериите,
Вие ќе помогнете во спречувањето на потенцијалните негативни последици за опкружувањето и човековото здравје, што може да се предизвикаат со неправилно исфрлање на овој производ. Рециклирањето на материјалите ќе до­принесе за зачувување на природните ресурси. Во случај да уредот треба да е постојано поврзан со вградената батерија, за зачувување, безбедност или интегритет на податоците, оваа батерија треба да се заменува само од квалификуван сервисен персонал. За да обезбедите правилен третман на батериите, однесете ги при крај на нивниот животен век во собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. За правилно и безбедно отстранување на сите типови батерии од апаратот, прочитајте го упатството за вадење на батериите од уредот. Однесете ги батериите во собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. За подетални информации околу рециклирањето на батериите, Ве молиме, контактирајте ја локалната компанија за рециклирање, отпад или продавницата каде што сте го купиле производот.
5
МК
МК
6
Според правилото BS 1363 на оваа опрема е поставен моделиран приклучок за Ваша безбедност и удобност. Доколку е потребно да се замени осигурувачот во приклучокот, мора да се користи осигурувач со исти карактеристики како испорачаниот и одобрен од ASTA или BSI до BS 1362, (пр. означен со или знакот).
Ако приклучокот испорачан со оваа опрема има капак за осигурувачот кој се вади, уверете се дека сте го поставиле капакот, откако сте го замениле осигурувачот. Никогаш не го користете приклучокот без капак. Доколку го изгубите капакот, контактирајте го најблискиот сервис на Sony.
Забелешка за купувачите во Велика Британија
Отстранување на стари батерии и електрична и електронска опрема (применливо во Европската Унија и другите европски земји со одвоени системи за прибирање)
Овој симбол на производот, батеријата или пакувањето означува дека произво­дот и батеријата не треба да се третираат како обичен отпад од домаќинството. Кај некои батерии овој симбол може да се користи во комбинација со хемиски симбол. Хемиските симболи за жива (Hg) или олово (Pb) се додаваат доколку батеријата содржи повеќе од 0,0005% жива или 0,004% олово. Со правилното отстранување на овие производи и бате­рии, ќе помогнете во спречување на по­тенцијалните негативни последици по животната средина и човековото здравје кои би можеле да настанат заради несо­одветно ракување со батериите. Рециклирањето на материјалите ќе по­могне во зачувување на природните ресурси.
Доколку производите треба постојано да бидат поврзани на вградена батерија поради причини поврзани со безбед­ност, перформанси или интегритет на податоци, таквата батерија треба да ја менуваат само квалификувани сервисе­ри. За да бидете сигурни дека батеријата и електричната и електронската опрема правилно ќе се отстранат, по завршува­ње на нивниот работен век, оставете ги овие производи на определено место за прибирање и рециклирање на електрич­на и електронска опрема. За сите оста­нати батерии, ве молиме погледнете го делот за начинот за безбедно отстрану­вање на батеријата од производот. Оставете ја батеријата на определено место за прибирање и рециклирање на стари батерии. За подетални информа­ции околу рециклирањето на овој про­извод или батерија, ве молиме обратете се до вашите локални власти, службата за отстранување отпад или до продавни­цата во која сте го купиле производот или батеријата.
Забелешка за корис тење на фотоапаратот
Процедура за снимање
Овој фотоапарат има 2 режима за набљудување на предметот: LCD екран и визир.
• Фото апаратот не го изложувајте на сонце или да снимате директно кон сонце долго време. Внатрешниот ме­ханизам може да се оштети. Ако сон­чевата светлина е фокусирана кон нај­блискиот предмет, може да предизви­ка пожар.
• Има магнет во задната и околу роти­рачката оска на зглобот на LCD екра­нот. Не приближувајте ништо до LCD екранот што лесно може да се намаг­нетизира, пр. флопи диск, кредитни картички.
• Сликата може да остави траг на екра­нот на ладни места. Ова не е дефект. Кога фото апаратот ќе го вклучите на ладно место, екранот може привреме­но да стане темен. Кога фото апаратот ќе се загрее, екранот нормално ќе си работи.
• Снимената слика може да се разлику­ва од сликата што сте ја виделе.
Забелешка за функции кои се достапни со фото апаратот
За да проверите дали е 1080 60i компа­тибилен уред или 1080 50i- компатиби­лен уред, проверете ги следниве ознаки на дното од фото апаратот. 1080 60i-компатибилен уред: 60i 1080 50i-компатибилен уред:50i
Без надомес ток за снимената содржина
Снимената содржина не може да биде компензирана ако не е можно снимање или репродукција поради дефект на фото апаратот или мемориската картичка и т.н.
Препораки за копија
За да избегнете губење на податоците, секогаш правете копија на податоците на друг медиум.
Забелешки за снимање подолго време
• Кога снимате подолго време, темпера­турата на фотоапаратот се зголемува. Ако температурата достигне одредено ниво,на екранот се прикажува икона и фотоапаратот автоматски се исклу­чува. Ако напојувањето се исклучи, фотоапаратот оставете го 10 минути или подолго да се намали внатреш­ната температура на фотоапаратот.
• На високи температури, температурата на фотоапаратот брзо се зголемува.
• Кога температурата на фото апаратот се зголемува, квалитетот на сликата може да се влоши. Се препорачува да почекате додека температурата на фото апаратот не се намали пред да продолжите да снимате.
• Површината на фото апаратот може да се затопли.Ова не е дефект.
Забелешки за L C D монитор , електронски визир, објектив и сензор з а слика
• LCD мониторот и електронскиот визир се произведени со многу прецизна технологија со преку 99.99% пиксели се оперативни за ефективно користење. Но, може да има некои мали црни точки и/или светли точки (бели, црвени, сини или зелени) кои константно се појавуваат на LCD мониторот и електронскиот визир. Овие точки се нормални во производствениот процес и на никој начин не влијаат врз сликите.
• Фотоапаратот не го држете за LCD екранот.
7
МК
Notes on usi ng your camera
Забелешки за префрлање AVC HD филм на компјут ер
Кога префрлатеAVCHDфилм на ком­пјутер, за Windowsкомпјутер користите софтвер “PlayMemoriesHome”.
За спецификација на податоците опишани во ова упатство
Податоците за перформансите и специ­фикациите се дефинирани под следниве состојби, освен ако не е опишано во ова упатство: на обична собна температура 25ºC (77°F) и со користење на батерија која трае еден час откако индикаторот за полнење ќе се изгаси.
Име на моделот
Ова упатство покрива неколку модели на фотоапарати кои се испорачани со различни објективи. Името на моделот се разликува во зависност од испорачаниот објектив. Достапните модели се разликуваат во зависност од земјата/регионот.
Забелешки при реп родукција на филм на друг уред
• Овој фото апарат користиMPEG-4
AVC/
H.264
High Profileза AVCHD формат на снимање. Филм снимен во AVCHD формат со овој фото апарат не може да се репродуцира на следниве уреди.
– Други уреди компатибилни со
AVCHD формат кои не поддржуваат
High Profile
– Уреди кои не се компатибилни со
AVCHD форматот Овој фото апарат, исто така, користи MPEG-4 AVC/ H.264 Main Profileза MP4 формат за снимање. Поради ова, филм снимен во MP4 формат со овој фото апарат не може да се репродуцирана друг уред освен на тој што поддржува MPEG-4 AVC/H.264.
• Дискови снимени со HD квалитет на слика (high definition) може да се репро­дуцираат само накомпатибилни уреди со AVCHD формат. DVD-основни плеери или рекордери не репродуцираатдискови со HD квалитет на слика, бидејќи не се компатибилни со AVCHD формат. Исто така, одDVD-плеерот или рекордерот можеби нема да може да се извади дискот со HD квалитет на слика.
Предупредување за авторски права
Телевизија, програми, филмови, видео ленти и други материјали може да се заштитени со авторски права. Неовластено снимање на таков матери­јал е спротивно на одредбите од законот за авторски права.
Слики употребени во ова упатство
Фотографиите кои тука се користат како примери не се вистински слики снимени со овој фото апарат.
МК
8
Име на модел
Објектив
SLT-A58K
DT18-55mm
SLT-A58M
DT18-135mm
SLT-A58Y
DT18-55mm и DT55-200mm
Проверка на испорачаните делови
Прво проверете го името на моделот на фотоапаратот(стр. 8). Испорачаните делови се разликуваат во зависност од моделот. Бројот во заградите го покажува бројотна парчињата.
Испорачано со сите модели
• Фотоапарат (1)
• Полнач за батерија BC-VM10A (1)
• Капак (1) (Прикачен на фотоапаратот)
МК
• Капак за објектив(1) (Прикачен за фотоапаратот)
• Упатство за употреба (ова упатство) (1)
• Кабел за напојување (1)* (не е испорачан во САД и Канада)
S
LT -
A 5 8K
DT18-55m m
зум објектив (1)/
Преден капак (1)/Пакување
(1)
* Повеќенаменски кабел за
напојување може да е испорачан со фотоапаратот. Користете само соодветен за Вашата земја/регион.
• Батерија на полнењеNP­FM500H (1)
S
LT -
A 5
8M
• DT18-135mm зум објектив (1)/ Преден капак за објектив (1)/ Заден капак (1)/Капак за објектив (1)
S
LT -
A 5
8Y
• DT18-55mm зум објектив (1)/
Преден капак (1)/Пакување
(1)
• DT55-200mm ум објектив (1)/ Преден капак (1)/Заден капак за објектив (1)/Капак за објектив (1)
• Микро USB кабел (1)
• Ремен за рамо (1)
9
МК
Идентификација на делови
Видете ги страните во загради за повеќе детали за операцијата.
Копче за снимање(25) Прекинувач
(23) Контролен бирач (28, 30) Индикатор за тајмер Контакти на објектив* Огледало*
• Ова огледало е направено од
преносен филм.Не го до­пирајте огледалот. Може да го оштетите или деформирате огледалото и квалитетот на сликата и перформансите на фотоапаратот ќе се намалат.
Копче за преглед/Фокус Копче за зголемување
Држач Вграден блиц*
МК
Микрофон** Режим за бирање (30)
(Flash pop-up) копче
Индекс за монтирање(21) Копче за ослободување на објектив Прекинувач за фокус
* Овој дел не го допирајте
директно.
** Не го покривајте овој
дел при снимање филм. Така може да предизви­кате шум или да го на­малите звукот.
Преден дел
Идентификација на делови
МК
Сензори за окулар Визир*
• Кога ќе погледнете во визирот, режимот за визир се активира и кога ќе го одалечите лицето од визирот режимот за визир се враќа во режим за LCD екран.
Бирач за прилагодување диоптер
LCD екран (39) Капак за окулар За снимање: Fn (Function)
копче
(31)
Контролно копче
▲/▼/◄/►
/DISP
(Display
Contents)/WB (White Balance)
(32)/
(Drive Mode)/
(Picture Effect) (32) Контролно копче(Enter)/AF
копче (31)/Lock-on AFкопче (31)
(In-Camera Guide) копче
(33) За гледање: (Delete) копче (29)
(Playback) копче (28)
За гледање: rotation) копче
(Image
* Овој дел не го допирајте
директно.
11
МК
Задна страна
Идентификација на делови
Повеќенаменски приклучок
1)2)
MENU копче(32)
1)
За детали за компатибилни додатоци за Повеќенаменскиот приклучок, посетете ја веб страната на Sony или локална овластена продавница на Sony. Додатоците за Accessory Shoe исто така може да се користат. Работа со додатоци од други производи не се гарантира.
Ознака за сензор за
позиција на слика FINDER/LCDкопче ZOOM копче ISO копче
За снимање:
(Exposure)
копче/AV (Aperturevalue) копче
За гледање: копче
(Zoom in)
2)
Додатоци за Auto-lock Accessory Shoe исто така може да се прикачат со помош на Shoe Adaptor (одделно се продава).
За снимање: AEL (AE lock) копче
За гледање:
(Zoom out)
копче/ копче
(Image index)
MOVIE копче (27)
МК
12
Горна страна
Идентификација на делови
МК
Кука за ременот за рамо
• Прикачете ги двата краја на ременот на фотоапаратот.
(Microphone) приклучок
• Кога ќе поврзете надворешен микрофон, внатрешниот микрофон автоматски се ис­клучува. Ако надворешниот микрофон е поврзан со кабел, микрофонот се снабдува со напојување преку фо­тоапаратот.
HDMI микро приклучок Мулти/Микро USB терминал
(37)
• Поддржува Микро
USB
компатибилен уред
.
Звучник DC IN терминал
• Коа прикачувате AC­PW10AM AC адаптер (одделно се продава) во фотоапаратот, исклучете го фотоапаратот, потоа приклучете го AC адаптерот во DC IN терминалот на фотоапаратот.
13
МК
Странично
/Долна страна
Идентификација на делови
Слот за батерија (18) Капак за батерија (18) Приклучок за статив
Користете статив со завртки не
подолги од5 mm (7/32 инчи). Нема да можете безбедно да го поставите фотоапаратот на ста­тивот ако завртките се подолги од 5.5 mm (7/32 инчи), во спро­тивно може да ја оштетите камерата.
Индикатор за пристап (19) Слот за мемориска картичка
(18) Капак за мемориска картичка
(18)
МК
14
Идентификација на делови
D T 18 -55 m m
F3.5-5.6
SAM
II
(Испорачано со
S L T-A58K
/
A
58Y
)
Круг за фокусирање Круг за зум Скала за фокусна должина Индекс за фокусна должина Контакти за леќи Прекинувач за фокусирање Индекс за монтирање Индекс за капак за објектив Прекинувач за зум
• DT 18-55mm F3.5-5.6 SAM II/DT 55-200mmF4-5.6 SAM/ DT
18-135mm F3.5-5.6
SAM се дизајнирани за Sony A-mount фотоапарати (модели опремени со APS-C големина сензор на слика). Овие објективи не можете да ги користите за 35mm фотоапарати.
• За објективи различни од DT 18-55mm F3.5-5.6SAM II/DT 55-200mm F4-5.6SAM/DT 18­135mm F3.5-5.6 SAM, видете во упатството за употреба испорачано со објективот.
МК
D T 55 -20 0m mF4-5.6
SAM
(Испорачано со
S LT-A58Y
)
D T 18 - 1 35 m mF3.5-5.6
S A M
(Испорачано со
S LT-A58M
)
15
МК
Објективи
Полнење на батеријата
Кога камерата ја употребувате за прв пат, батеријата NP- FM500H “InfoLITHIUM” треба да биде полна (испорачана). “InfoLITHIUM” батеријата може да се полни дури и ако не е целосно испразнета. А исто така може да се користи и кога не е полна до крај. Батеријата малку по малку се празни, дури и ако не ја користите. Пред да почнете да снимате проверете го нивото на батеријата. Ако батеријата е при крај, повторно наполнете ја.
1
Батеријата ставете ја во полначот за батерии
.
Турнете ја батеријата се додека не кликне.
МК
16
Полнење на батериј ата
C H A R G E индикатор
МК
За други земји/реги они
17
МК
2
Поврзете го полначот за
батерии во штекер.
Вклучено: Полни Исклучено: Полнењето е завршено
За САД и Канада
Утикач
• Кога полните целосно испразнета батерија на температура од 25°C
(77°F).
• Индикаторот CHARGE се исклучува кога полнењето ќе заврши.
C H A R G E индикатор
Кон штекерот
Забелешки
• Времето за полнење се разликува во зависност од преостанатиот капацитет на
батеријата или состојбата на полнење.
• Ние препорачуваме батеријата да се полни на температура помеѓу 10 °C до 30 °C (50 °F до 86 °F). Нема да можете ефикасно да ја наполните батеријата надвор од овој температурен опсег.
• Поврзете го полначот за батерии во најблискиот штекер.
Време на полнење
Околу 175 минути
Loading...
+ 39 hidden pages