
Сабвуфер
Упатство за употреба
SA-SW5
1 Поставете го сабвуферот на саканото место.
Можете да го поставите сабвуферот на
саканото место затоа што неговиот излезен
звук не е насочен.
Горенаведената илустрација е пример за
поставување на сабвуфер.
Забелешка
Поставете го сабвуферот со отворот на дното,
како што е прикажано на илустрацијата „Делови
и контроли“. Сабвуферот не е дизајниран да се
поставува во различна ориентација.
Поврзување
Совет
Можете да го поврзете и изборниот заден
звучник со компатибилен модел на следниот
начин кога го поставувате.
1 Вклучете компатибилен модел.
2 Приклучете го AC-кабелот за напојување
(кабел за напојување) (се испорачува) во
сабвуферот, а потоа приклучете го кабелот
во штекер (електрична мрежа).
4 Притиснете LINK на сабвуферот.
Индикаторот за напојување на сабвуферот со
притиснато копче LINK трепка двапати
континуирано во зелена боја.
5 Изберете [Start] (Започни).
Рачното поврзување започнува.
На екранот од телевизорот се прикажува
постапката за поврзување.
За да го откажете рачното поврзување,
изберете [Cancel] (Откажи).
6 Кога ќе се прикаже [Subwoofer] [Connected]
(Сабвуферот е поврзан), изберете [Finish]
(Заврши).
7 Притиснете
Рачното поврзување е воспоставено и
индикаторот за напојување на сабвуферот
свети зелено.
Забелешка
• Ако изберете [Start manual linking] (Започни
рачно поврзување), [Link mode] (Режимот за
поврзување) во [Wireless Speaker Settings]
(Поставки за безжичниот звучник) автоматски
ќе се постави на [Manual] (Рачно).
• Само звучниците за кои ќе се прикаже
[Connected] (Поврзано) во чекор 6 се поврзуваат
со компатибилен модел. Ако сабвуферот не е
правилно поврзан, извршете ја операцијата
повторно од чекор 1.
(enter (внеси))
.
Македонски
Основни информации
за компатибилните
модели за сабвуферот
Сабвуферот SA-SW5 работи само со наведениот
модел. За информации во врска со компатибилните
модели, посетете го веб-сајтот на Sony.
Во ова упатство за употреба се опишани начините
на ракување со сабвуферот што се користи со
компатибилниот модел HT-A7000 или HT-A9.
Делови и контроли
Предна страна
Индикатор за напојување
– Трепка бавно (зелено): сабвуферот се
обидува автоматски да се поврзе со
компатибилен модел.
– Свети (зелено): сабвуферот е поврзан со
компатибилен модел.
– Трепка двапати континуирано (зелено):
сабвуферот се обидува рачно да се поврзе со
компатибилен модел.
– Трепка/свети (килибарно): софтверот се
ажурира.
– Свети (црвено): сабвуферот е во режим на
подготвеност.
– Се исклучува: сабвуферот е исклучен.
Отвор
Забелешка
Светлината на индикаторот за напојување се
синхронизира со поставките за придушување на
компатибилен модел.
©2021 Sony Corporation
5-027-345-61(1)
Задна страна
копче за напојување
Копче LINK
AC-приклучок
Поставување
Следната илустрација е пример за поставување
за да го користите сабвуферот со компатибилниот
модел HT-A7000 и изборните задни звучници.
SA-SW5
3 Проверете дали индикаторот за напојување
на сабвуферот свети зелено.
Кога индикаторот за напојување свети зелено,
врската помеѓу сабвуферот и компатибилниот
модел е воспоставена.
За случаите подолу, следете ги чекорите во
делот „Рачно поврзување“ за да го поврзете
сабвуферот со компатибилен модел.
– Кога користите повеќе компатибилни модели
и сакате да го наведете моделот со кој сакате
да го поврзете сабвуферот.
– Ако претходно сте поврзале други сабвуфери
со компатибилниот модел.
– Ако не можете автоматски да го поврзете
сабвуферот со компатибилен модел од која
било друга причина.
Рачно поврзување
За сабвуферот што се користи со компатибилниот
модел HT-A7000 или HT-A9 е опишана следната
операција. Користете го далечинскиот управувач што
се испорачува со компатибилниот модел HT-A7000
или HT-A9 при извршување на оваа операција.
Ако користите други компатибилни модели,
погледнете ги упатствата за употреба што се
испорачуваат со нив.
1 Притиснете HOME.
На екранот од телевизорот се прикажува
почетното мени.
2 Изберете [Setup] (Поставување) -
[Advanced Settings] (Напредни поставки) на
почетното мени.
3 Изберете [Speaker Settings] (Поставки за
звучникот) - [Wireless Speaker Settings]
(Поставки за безжичниот звучник) - [Start
manual linking] (Започни рачно поврзување).
Не екранот од телевизорот се прикажува
екранот [Start manual linking] (Започни рачно
поврзување).
Ако безжичниот пренос е нестабилен
Ако користите повеќе безжични системи, како
безжичен LAN, безжичните сигнали може да
бидат нестабилни. Во овој случај, преносот може
да се подобри со промена на следната поставка.
За сабвуферот што се користи со компатибилниот
модел HT-A7000 или HT-A9 е опишана следната
операција. Користете го далечинскиот управувач што
се испорачува со компатибилниот модел HT-A7000
или HT-A9 при извршување на оваа операција.
Ако користите други компатибилни модели,
погледнете ги упатствата за употреба што се
испорачуваат со нив.
1 Притиснете HOME.
На екранот од телевизорот се прикажува
почетното мени.
2 Изберете [Setup] (Поставување) -
[Advanced Settings] (Напредни поставки) на
почетното мени.
3 Изберете [Speaker Settings] (Поставки за
звучникот) - [Wireless Speaker Settings]
(Поставки за безжичниот звучник) - [RF
Channel] (RF-канал).
4 Изберете ја саканата поставка.
• [On] (Вклучено) (стандардна поставка): Ви
препорачуваме најчесто да ја избирате оваа
поставка. Системот автоматски избира
подобар канал за пренос. Посилен режим за
заштита на безжичниот сигнал од пречки.
• [Off] (Исклучено): Системот избира канал од
ограничениот опсег на фреквенции за да
спречи надворешни пречки во безжичниот
сигнал. Ако звукот се губи кога е избрано
[On] (Вклучено), може да се подобри со
избирање [Off] (Исклучено).
Забелешка
• Ако ја промените поставката за [RF Channel]
(RF-канал) од [Off] (Исклучено) во [On] (Вклучено),
повторното поврзување може да потрае 1 минута.
• Компатибилниот модел може да не ја
исполнува оваа поставка во зависност од
земјата/регионот каде што сте го купиле.
Решавање проблеми
Ако се соочите со некој од следните проблеми
при користењето на сабвуферот, погледнете го
овој водич за решавање проблеми за да го
решите проблемот пред да побарате поправка.
Ако проблемот не се отстрани, обратете се кај
најблискиот продавач на Sony.
Кога ќе побарате поправка, не заборавајте да ги
понесете сабвуферот, компатибилниот модел и
изборните задни звучници (не се испорачуваат) дури
и ако сметате дека само еден од нив има проблем.
За сабвуферот што се користи со компатибилниот

модел HT-A7000 или HT-A9 се опишани следните
решенија.
Ако користите други компатибилни модели,
погледнете ги упатствата за употреба што се
испорачуваат со нив.
Нема звук или се слуша само многу слаб звук
од сабвуферот.
q Притиснете SW (јачина на звук) + или BASS +
на далечинскиот управувач на компатибилниот
модел за да ја зголемите јачината на звук на
сабвуферот.
q Проверете дали индикаторот за напојување на
сабвуферот свети зелено.
q Ако индикаторот за напојување не свети,
обидете се со следното.
– Проверете дали AC-кабелот за напојување
(кабел за напојување) на сабвуферот е
правилно приклучен.
– Притиснете (напојување) на сабвуферот за
да го вклучите напојувањето.
q Ако индикаторот за напојување на сабвуферот
трепка бавно во зелена боја или свети црвено,
обидете се со следното.
– Преместете го сабвуферот блиску до
компатибилниот модел за да индикаторот за
напојување на сабвуферот засвети зелено.
– Следете ги чекорите во „Рачно поврзување“.
– Проверете го статусот на безжичното
поврзување. За повеќе информации
погледнете го упатството за употреба
испорачано со компатибилниот модел.
q Ако индикаторот за напојување трепка црвено,
притиснете (напојување) на сабвуферот за да
го исклучите сабвуферот и проверете дали
отворите за вентилација на сабвуфеот се
блокирани.
q Ако влезните извори содржат многу малку
компоненти на звук со бас (т.е. телевизиско
емитување), звукот од сабвуферот ќе се слуша
слабо. Можете да го проверите звукот на
сабвуферот со репродуцирање на тонот за
тестирање.
q Поставете го ноќниот режим на „исклучено“. За
повеќе информации погледнете го упатството
за употреба испорачано со компатибилниот
модел.
q Ако ја промените поставката за [RF Channel]
(RF-канал) од [Off] (Исклучено) во [On]
(Вклучено), може да биде потребна 1 минута за
да се слушне звукот.
Звукот прескокнува или има шум.
q Ако во близина има уред што генерира
електромагнетни бранови, како безжичен LAN
или микробранова печка што се користи,
поставете ги сабвуферот и компатибилниот
модел подалеку од него.
q Ако има препрека помеѓу сабвуферот и
компатибилниот модел, преместете или
отстранете ја.
q Поставете ги сабвуферот и компатибилниот
модел колку што е можно поблиску.
q Променете ја поставката за [RF Channel]
(RF-канал) на [Off] (Исклучено) и повторно
променете ја на [On] (Вклучено).
q Променете ја мрежната врска на телевизорот
или Blu-ray Disc-плеерот од безжична во жична.
q Променете ја поставката за [Wireless Playback
Quality] (Квалитет на безжична репродукција)
во [Connection] (Поврзување).
Спецификации
ИЗЛЕЗНА МОЌНОСТ (референца)
300 W (со 2 ома, 100 Hz)
Систем на звучници
Систем на звучници со сабвуфер, пасивен радијатор
Звучник
Конусен тип од 180 mm
Конусен тип од 200 mm × 300 mm, пасивен радијатор
Предуслови за напојување
220 V - 240 V AC, 50 Hz/60 Hz
Потрошувачка на енергија
Вклучено: 43 W
Режим на подготвеност: 1 W или помалку
Исклучено: 0,5 W или помалку
Димензии (прибл.) (ш/в/д)
277 mm × 409 mm × 422 mm
(без испакнати делови)
Маса (прибл.)
13,0 kg
Дел за безжичен предавател/приемник
Систем за комуникација
Wireless Sound Specification верзија 4.0
Фреквентен опсег
5 GHz
Метод на модулација
OFDM
Радиофреквентни опсези и максимална
излезна моќност
Фреквентен опсег Максимална излезна
5150 - 5250 MHz < 18 dBm
5250 - 5350 MHz < 18 dBm
5470 - 5600 MHz < 18 dBm
5650 - 5725 MHz < 18 dBm
5725 - 5850 MHz < 13,98 dBm
моќност
Вклучени елементи
• Сабвуфер (1)
• AC-кабел за напојување (кабел за напојување) (1)
• Упатство за употреба (1)
Важни информации за
софтверот
Овој производ содржи софтвер што подлежи на
општата јавна лиценца на GNU („GPL“) или
пониската општа јавна лиценца на GNU („LGPL“).
Овие лиценци утврдуваат право на корисникот да
го презема, менува и редистрибуира изворниот
код на наведениот софтвер во согласност со
условите на GPL или LGPL.
Во врска со методот за потврда на GPL, LGPL и
другите лиценци за софтвер содржани во
сабвуферот, погледнете го упатството за употреба
на компатибилниот модел.
Кога го користите компатибилниот модел
HT-A7000 или HT-A9, погледнете во [Software
License Information] (Информации за лиценца на
софтвер) во
Settings] (Напредни поставки) - [System Settings]
(Поставки за системот) на почетното мени.
Изворниот код на софтверот што се користи во
овој производ подлежи на GPL и LGPL и е
достапен на интернет. За да го преземете,
посетете ја следната веб-страница:
URL:
http://oss.sony.net/Products/Linux
Имајте предвид дека компанијата Sony не може
да одговори на прашањата во врска со
содржината на овој изворен код.
Сите други заштитни знаци им припаѓаат на
нивните соодветни сопственици.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не поставувајте го сабвуферот во ограничен
простор, како полица за книги или вграден шкаф.
За намалување на ризикот од пожар, не
покривајте го отворот за вентилација на
сабвуферот со весници, чаршафи, завеси итн.
Не изложувајте го сабвуферот на извори на оган
(на пример, запалени свеќи).
Не изложувајте го сабвуферот на капење или
прскање и не поставувајте предмети наполнети
со течност врз него, како на пример вазни, за да
го намалите ризикот од пожар или струен удар.
Сабвуферот не е исклучен од главната електрична
мрежа сè додека е приклучен во штекерот, дури
и ако самиот сабвуфер е исклучен.
Бидејќи приклучокот за напојување се користи за
исклучување на сабвуферот од електричната
мрежа, приклучете го сабвуферот во лесно
достапен штекер. Ако забележите неправилно
работење на сабвуферот, веднаш исклучете го
приклучокот за напојување од штекерот.
Не поставувајте го овој производ во
близина на медицински уреди
Овој производ (вклучувајќи ги и додатоците) има
магнет(и) што може да предизвика пречки во
[Setup] (Поставување) - [Advanced
функционирањето на пејсмејкерите, шантовите
со вентил што може да се програмираат за
третман на хидроцефалус или други медицински
уреди. Не поставувајте го овој производ блиску
до лица кои користат такви медицински уреди.
Советувајте се со вашиот лекар пред да го
користите овој производ, доколку користите некој
од овие медицински уреди.
Само за употреба во затворени простории.
За потрошувачите во Европа
Известување за потрошувачи:
следниве информации се применливи
само за опремата што се продава во
земји во кои важат директивите на ЕУ
Овој производ е произведен од страна на Sony
Corporation или во нејзино име.
Увозник за ЕУ и Обединетото Кралство: Sony
Europe B.V.
Прашањата наменети за увозникот за ЕУ или
коишто се однесуваат на усогласеноста на
производот во Европа треба да се испратат до
овластениот претставник на производителот,
Sony Belgium, bijkantoor van Sony Europe B.V., Da
Vincilaan 7-D1, 1930 Zaventem, Belgium.
Прашањата наменети за увозникот за
Обединетото Кралство или коишто се однесуваат
на усогласеноста на производот во Обединетото
Кралство треба да се испратат до овластениот
претставник на производителот, Sony Europe B.V.,
The Heights, Brooklands, Weybridge, Surrey KT13
0XW, United Kingdom.
Со оваа изјава, Sony Corporation потврдува дека оваа
опрема е усогласена со директивата 2014/53/EU.
Целосниот текст на декларацијата за усогласеност
на ЕУ е достапен на следната адреса на интернет:
https://compliance.sony.eu
За оваа радиоопрема, следните ограничувања за
пуштање во употреба или предуслови за
овластување за користење важат во BE, BG, CZ,
DK, DE, EE, IE, EL, ES, FR, HR, IT, CY, LV, LT, LU, HU,
MT, NL, AT, PL, PT, RO, SI, SK, FI, SE, UK, UK(NI), IS, LI,
NO, CH, AL, BA, MK, MD, RS, ME, XK, TR:
фреквентниот опсег од 5150 - 5350 MHz е
ограничен за употреба само во затворени
простории.
Оваа радиоопрема е предвидена да се користи со
одобрените верзии на софтверот што се
наведени во декларацијата за усогласеност.
Софтверот што е вчитан на оваа радиоопрема е
усогласен со основните предуслови на
регулативите за радиоопрема.
Верзијата на софтверот може да ја најдете во
[Setup] (Поставување) - [Advanced Settings]
(Напредни поставки) - [Speaker Settings] (Поставки
за звучникот) - [Wireless Speaker Settings]
(Поставки за безжичниот звучник) - [Software
Version] (Верзија на софтверот) во почетното мени
на компатибилниот модел.
Исфрлување на стара
електрична и електронска
опрема (применливо во
Европската Унија и во
други земји со системи за
одделно собирање отпад)
Овој симбол на производот или на неговата
амбалажа покажува дека со овој производ не
треба да се постапува како со домашен отпад.
Наместо тоа, треба се предаде во соодветниот
собирен пункт за рециклирање на електрична и
електронска опрема. Со правилно исфрлување на
овој производ ќе помогнете да се спречат
потенцијални негативни последици врз
животната средина и здравјето на луѓето што
може да бидат предизвикани од несоодветно
постапување со отпадот од овој производ.
Рециклирањето на материјалите ќе помогне при
заштита на природните богатства. Контактирајте
со локалната општинска заедница, службата за
отстранување домашен отпад или со
продавницата каде што го купивте овој производ
за подетални информации во врска со
рециклирањето на овој производ.
Опремата треба да се постави и користи со
радијаторот оддалечен повеќе од 20 cm од
човечкото тело.
Мерки на претпазливост
Безбедност
• Ако цврст предмет или течност падне во
сабвуферот, исклучете го системот од струја и
повикајте обучен сервисер да го провери пред
да продолжите да го користите.
• Не качувајте се на сабвуферот бидејќи може да
паднете и да се повредите или да го оштетите.
Извори на напојување
• Пред да го користите сабвуферот, проверете
дали работниот напон е ист со вашето локално
напојување. Работниот напон е означен на
плочката со името на задната страна од
сабвуферот.
• Ако не планирате подолго време да го
користите сабвуферот, не заборавајте да го
исклучите од ѕидниот штекер (електрична
мрежа). Фатете го самиот приклучок, никогаш
не влечете го кабелот за да го исклучите
кабелот за напојување со наизменична струја
(струен кабел).
• Едниот забец на приклучокот е поширок од
другиот од безбедносни причини може да се
вметне во ѕидниот штекер (електрична мрежа)
на само еден начин. Ако не може целосно да го
внесете приклучокот во штекерот,
контактирајте со вашиот продавач.
• Кабелот за напојување со наизменична струја
(струен кабел) може да се замени само во
овластен сервис.
Акумулирање топлина
• Иако сабвуферот се загрева за време на
работата, тоа не претставува дефект. Ако
постојано го користите овој сабвуфер со висока
јачина на звук, температурата на сабвуферот на
задната страна и на дното значително се
зголемува. За да не се изгорите, не допирајте го
сабвуферот.
Поставување
• Не поставувајте го сабвуферот во близина на
топлински извори или на место што е изложено
на директна сончева светлина, прекумерна
количина на прав или на механички удари.
• Не ставајте метални предмети, освен
телевизор, околу сабвуферот. Безжичните
функции може да бидат нестабилни.
• Ако сабвуферот се користи заедно со
телевизор, VCR или касетофон, може да се
појави шум и да се намали квалитетот на
сликата. Во таков случај, поставете го
сабвуферот подалеку од телевизорот, VCR или
касетофонот.
• Внимавајте кога го поставувате сабвуферот на
површина што е посебно обработена (со восок,
масло, средство за полирање итн.), бидејќи
може да се појават дамки или да настане
обезбојување на површината.
• Звучниците на овој сабвуфер немаат магнетна
заштита. Не ставајте магнетни картички на
сабвуферот или блиску до него.
Ако забележите неправилност на
бојата на телевизорот во близина
Кај одредени телевизори може да се забележат
неправилности на бојата.
Чистење
Чистете го сабвуферот со мека и сува крпа. Не
користете абразивни сунѓерчиња, прашоци за
чистење или растворувачи како алкохол или
бензин.
Ако имате прашања или проблеми во врска со
вашиот систем, обратете се кај најблискиот
продавач на Sony.