Забелешки
• Ако индикаторот за полнење на фотоапарато трепка при полнење на
батеријата, ова покажува дека полнењето привремено е запрено поради
несоодветна температура. При нормализирање на температурата во
соодветен опсег, полнењето ќе продолжи. Се препорачува полнење на
батеријата на температура меѓу 10 °C и 30 °C (50 ºF и 86 ºF).
• Ако фотоапаратот е поврзан во лаптоп компјутер кој не е поврзан со
напојување, нивото на батеријата на лаптопот ќе се намали. Фотоапаратот не
го оставајте подолго време поврзан во компјутер.
• Не го вклучувајте/исклучувајте или рестартирајте компјутерот, или да го
будите од режим на спиење кога е воспоставена USB конекција меѓу
компјутерот и фотоапаратот. Ова може да предизвика дефект на
фотоапаратот. Пред да го вклучите/исклучите или рестартирате компјутерот
или да го будите од режим на спиење, прво откачете го фотоапаратот.
• Не се гарантира работа со сите компјутери. Не се гарантира полнење со
прилагоден, модифициран компјутер или полнење преку USB хаб. Може да
се случи да не може да ракувате правилно со фотоапаратот, во зависност од
типот на USB уредот кој го користите во тоа време.
• Индикаторот за полнење може да трепка брзо кога батеријата ја користите за
прв пат или батеријата не е користена подолго време. Во овие случаи,
извадете ја батеријата и повторно вметнете ја и потоа полнете ја батеријата.
• Батеријата не ја полнете веднаш откако ќе ја наполните, или кога не ја
користите откако сте ја наполниле. На тој начин ќе влијаете врз
перформансите на батеријата.
• Користете само оригинал Sony батерии, микро USB кабел (испорачан) и
AC адаптер (одделно се продава).