SONY DVP-FX980 User Manual [mk]

4-411-683-11(1) (MK)
Упатство за употреба
z
За да најдете корисни совети и информации за производите и услугите на Sony, посетете: www.sony-europe.com/myproduct/
DVP-FX980
© 2012 Sony Corporation

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не изложувајте го уредот на дожд или влага за да се намали ризикот од пожар или електричен удар.
Не отворајте ја кутијата за да избегнете електричен удар. Обратете се само кај квалификуван персонал за сервисирање.
Главниот довод за струја мора да се смени само во работилница на квалификуван сервисер.
Батериите или апаратите со инсталирани батерии не треба да се изложуваат на прекумерна топлина како што се сонцето, огнот или слично.
Овој апарат е класификуван како производ од CLASS 1 LASER. Ознаката CLASS 1 LASER PRODUCT MARKING е поставена од долната страна на уредот.
ВНИМАНИЕ
Употребата на оптички инструменти со овој производ ќе ја зголеми опасноста за повреда на очите. Не обидувајте се да ја расклопите кутијата бидејќи ласерскиот зрак што се користи во овој плеер за ЦД/ДВД е штетен за очите. Обратете се само кај квалификуван персонал за сервисирање.
Ф
рлање на стара електрична и електронска опрема (применливо во Европската унија и во други европски земји со засебни собирни системи) Овој симбол на производот или на неговата амбалажа посочува дека со овој производ не треба да се постапува како со домашен отпад. Наместо тоа, треба се предаде на применливото збирно место за рециклирање на електрична и електронска опрема. Со правилно отстранување на овој производ ќе помогнете да се спречат потенцијални негативни последици за животната средина и за здравјето на луѓето кои инаку може да се предизвикаат со несоодветно постапување со отпадот на овој производ. Рециклирањето на материјалите ќе помогне при заштита на природните богатства. Контактирајте со локалната месна заедница, со канцеларијата за отстранување на домашен отпад или со продавницата каде што го купивте овој производ за подетални информации околу рециклирањето на овој производ.
Отстранување на потрошени батерии (применливо во Европската унија и во други европски земји со посебни системи на собирање) Овој симбол на батеријата или
на амбалажата покажува дека со батеријата којашто се доставува со овој производ не треба да се постапува како
домашен отпад.
со Овој симбол може да се користи во комбинација со хемиски симбол кај определени батерии. Хемиските симболи за жива (Hg) или олово (Pb) се додаваат ако батеријата содржи повеќе од 0,0005% жива или повеќе од 0,004% олово. Со правилно отстранување на овие батерии ќе помогнете да се спречат потенцијално негативни последици за животната средина и за здравјето на човекот коишто инаку може да се предизвикаат со несоодветно постапување со отпадот на батеријата. Рециклирањето на материјалите ќе помогне при заштита на природните богатства.
Во случај кога производите бараат трајна поврзаност со вметната батерија, оваа батерија треба да ја замени само квалификувано лице заради безбедност, функционалност или интегритет на податоците. За да обезбедите дека со батеријата ќе се постапува соодветно, предадете го искористениот производ на соодветно збирно место за рециклирање на електрична и електронска опрема.
Погледнете го поглавјето за тоа како безбедно да ја отстраните батеријата од производот за сите други видови батерии. Предадете ја батеријата на соодветно збирно место за рециклирање потрошени батерии.
2
Контактирајте со локалната месна заедница, со компанијата за отстранување на домашниот отпад или со продавницата каде што го купивте овој производ за подетални информации околу рециклирањето на овој производ или на батеријата. Не расклопувајте или не преправајте го плеерот. Тоа може да доведе до електричен удар. Консултирајте се со најблискиот застапник на Sony или сервисен центар на Sony за замена на батериите на полнење, внатрешни проверки или за поправка.
Мерки за претпазливост
• Поставете го овој систем така што главниот довод на ел. енергија ќе може да се исклучи од ѕидниот штекер веднаш штом ќе се појави проблем.
• Плеерот не е исклучен од изворот за наизменична струја (главен вод) сè додека е поврзан во ѕидниот штекер дури и ако самиот плеер еисклучен.
• Не ставајте предмети полни со течности, како што се вазните, врз апаратот за да ја намалите опасноста од пожар или електричен удар.
• Притисокот од прекумерниот звук од слушалките може да предизвика загуба на слухот.
Производителот на овој производ е Sony Corporation, 1-7-1 Konan Minato-ku Tokyo, 108-0075 Japan. Овластениот претставник за EMC и безбедноста на производот е Sony Deutschland GmbH, Hedelfinger Strasse 61, 70327 Stuttgart, Germany. Повикајте се на адресите дадени во засебните документи за услуга или гаранција за какви било проблеми со услугата или со гаранцијата.
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА
Внимание: Овој плеер може бесконечно да задржи замрзната видеослика или слика за приказ на екранот телевизорот. Ризикувате трајно оштетување на телевизискиот екран ако ги оставите замрзнатата видеослика или сликата за приказ на екранот да се прикажуваат на ТВ-уредот подолго време. Панелните телевизори со плазма-приказ и телевизорите со проектори се осетливи на ова.
Консултирајте се со најблискиот застапник на Sony ако имате какви било прашања или проблеми во врска со плеерот.
Информации за авторските права, трговските знаци и лиценците за софтверите
•Произведено според лиценца на Dolby Laboratories. Dolb и симболот со двојно D се заштитени знаци на Dolby Laboratories.
•„DVD Logo“ е трговска марка на DVD Format/Logo Licensing Corporation.
• Технологијата за кодирање аудио според MPEG Layer-3 и патентите се со лиценца на Fraunhofer IIS и Thomson.
• Сите други трговски знаци се трговски знаци на нивните соодветни сопственици.
• ОВОЈ ПРОИЗВОД Е ЛИЦЕНЦИРАН СПОРЕД ЛИЦЕНЦАТА ЗА ПОРТФОЛИОТО СО ПАТЕНТИ НА MPEG-4 VISUAL ЗА ЛИЧНА И НЕКОМЕРЦИЈАЛНА УПОТРЕБА НА ПОТРОШУВАЧОТ ПРИ ДЕКОДИРАЊЕ ВИДЕО ВО СОГЛАСНОСТ СО СТАНДАРДОТ ЗА MPEG-4 VISUAL („MPEG-4 VIDEO“) ШТО БИЛ КОДИРАН ОД
ПОТРОШУВАЧОТ ЗАРАДИ ЛИЧНА И НЕКОМЕРЦИЈАЛНА АКТИВНОСТ И/ИЛИ БИЛ СТЕКНАТ ОД ДАВАТЕЛ НА ВИДЕО-УСЛУГИ ШТО ИМА ЛИЦЕНЦА ЗА MPEG LA ДА ОБЕЗБЕДУВА ВИДЕО ВО ФОРМАТ MPEG-4. НИТУ ЕДНА ЛИЦЕНЦА НЕ Е ОДОБРЕНА, НИТУ ЌЕ СЕ ОДНЕСУВА НА КАКВА БИЛО ДРУГА УПОТРЕБА. ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО ПРОМОТИВНИ, ИНТЕРНИ И КОМЕРЦИЈАЛНИ УПОТРЕБИ, КАКО И ЗА ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНЦА, МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД MPEG LA, LLC. ВИДЕТЕ HTTP:// WWW.MPEGLA.COM
За ова упатство
• Во ова упатство, „диск“ се користи како општа референца за БД, ДВД или ЦД освен ако не е поинаку посочено во текстот или во сликите.
• Иконите како , наведени на почетокот од секое објаснување, посочуваат каков вид медиум може да се користи со функцијата што се објаснува. Погледнете „Медиуми што се репродуцираат” (страница 21) за детали.
•Информациите што ТРЕБА да се знаат (за да се спречи неправилно ракување) се наведени под иконата Информациите што е ПОЖЕЛНО да се знаат (совети и други корисни информации) се наведени под иконата
b.
z.
3
Содржина
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .2
Водич за делови и контроли . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
Подготовки . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
Проверка на дополнителната опрема . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .8
Полнење на батеријата . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
Употреба на адаптерот за приклучување со акумулаторот
во автомобилот . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 9
Поврзување со телевизорот . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
Репродукција . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
Репродукција на дискови . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
Репродукција на MP3, JPEG и датотеки со видео . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
Прилагодување на големината и квалитетот на сликата . . . . . . . . . . . . . . . 14
Поставки и прилагодувања . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
Употреба на приказот за поставки . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
Дополнителни информации . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 17
Решавање проблеми . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 17
Мерки за претпазливост . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
Медиуми што се репродуцираат . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21
Спецификации . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 23
Индекс . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24
4

Водич за делови и контроли

A ЛЦД-панел (страница 11)
B Звучник
Достапните функции се разликуваат во зависност од дискот или ситуацијата.
Плеер
Копчињата VOLUME+ и N (репродукција) имаат опиплива точка. Користете ја опипливата точка како референца кога управувате со плеерот.
C HOLD
Спречува случајна операција со копчињата кога се притиснати подолго од две секунди. Сите копчиња на плеерот се заклучени, додека копчињата на далечинскиот управувач работат.
SOUND
Се префрлува меѓу 4 различни режими за звуци секојпат кога ќе притиснете.
D DISPLAY
Ги прикажува информациите за репродукција и го менува режимот за репродукција (страница 12).
MENU
Го прикажува менито за ДВД со ВИДЕО. Репродуцира презентација со слајдови кога има JPEG-датотека (страница 13).
C/X/x/c
Го поместува истакнувањето за да избере прикажана ставка.
ENTER
Влегува во избраната ставка.
RETURN
Се враќа на претходниот екран.
OPTIONS
Го прикажува менито со опции.
• Диск/УСБ (страница 13)
• ЛЦД-екран (страница 14)
• Поставки (страница 15)
•Мени/почетно мени: Го прикажува менито/почетното мени за ДВД со ВИДЕО.
,продолжува
5
• Список со оригинали/ репродукција: Избира „Original“ или „Play List“ на ДВД ВР.
E VOLUME (јачина на звукот) +/–
Ја прилагодува јачината на звукот.
I Индикатор за POWER
J Индикатор за CHARGE (страница 8)
K (далечински сензор)
F ./> (претходно/следно)
Прескокнува до претходните/ следните поглавје, запис или датотека. Само копчињата на плеерот ги имаат следните функции.
• Бргу премотува напред/назад (m/M) кога ќе се притисне подолго од една секунда во текот на репродукција. Притискајте повторливо за да ја смените брзината.
• Бавно премотува напред/назад ( / ) кога ќе се притисне подолго од една секунда при пауза. Притискајте повторливо за да ја смените брзината. (Забавената репродукција наназад е достапна само за DVD. Забавената репродукција нанапред е достапна за DVD, VIDEO CD и видео датотеки.)
N (репродуцирај) (страница 11)
Почнува или повторно ја започнува репродукцијата.
X (пауза) (страница 11)
Ја паузира или повторно ја започнува репродукцијата.
x (застанување) (страница 11)
Ја застанува репродукцијата.
L Прекинувач за OPERATE
(страница 11)
Го вклучува или исклучува плеерот.
M Приклучок за PHONES (слушалки)
N Приклучок за USB (тип A)
(страница 13)
Поврзете УСБ-уред во овој приклучок.
O Приклучок за A/V OUT
(страница 10)
P Приклучок за DC IN 12V
(страница 8, 9)
Поврзете адаптер за наизменична струја или адаптер во приклучокот за акумулаторот во автомобилот.
G Капак за дискот (страница 11)
H PUSH OPEN/CLOSE (страница 11)
Го отвора и затвора капакот на дискот.
6
Далечински управувач
Копчињата VOL +, број 5, N и AUDIO имаат допирна точка. Користете ја опипливата точка како референца кога управувате со плеерот.
Q Копчиња со броеви
Ги внесува броевите на насловите/ поглавјата, итн.
CLEAR
Го чисти полето за внесување.
S REPLAY/ ADVANCE
Повторно ја репродуцира сцената/ кратко ја премотува нанапред моменталната сцена (само DVD).
T m/M (скенирање/
бавно)
• Брзо премотување назад/напред кога е притиснато за време на репродукцијата. Притискајте повторливо за да ја смените брзината.
• Бавно премотува напред/назад кога ќе се притисне при пауза. Притискајте повторливо за да ја смените брзината. (Забавената репродукција наназад е достапна само за DVD. Забавената репродукција нанапред е достапна за DVD, VIDEO CD и видео датотеки.)
U ANGLE
Ги менува аглите снимени на DVD VIDEO.
AUDIO
Го менува јазикот што е снимен на DVD VIDEO со секое притискање. Кога репродуцира CD или VIDEO CD, менува помеѓу стерео и моно.
SUBTITLE
Ги менува преводите што се снимени на DVD VIDEO со секое притискање.
R TOP MENU
Го прикажува почетното мени за DVD VIDEO.
7

Подготовки

PHONES
A/V OUT
DC IN 12V
OPERATEOFF ON
AC адаптер (се доставува)
Во ѕидниот штекер

Проверка на дополнителната опрема

Проверете дали ги имате следниве ставки:
• Адаптер за наизменична струја (1)
• Адаптер за приклучување со акумулаторот во автомобилот (1)
• Адаптер за аудио/видео (1)
•Д
алечински управувач (далечински) (1)
• Батерии R6 (големина AA) (2)
Подготвување на далечинскиот управувач
Вметнете две батерии R6 (големина AA) со спојување на краевите 3 и # на батериите со обележаните делови на соодветното место.

Полнење на батеријата

Наполнете ја батеријата на полнење пред да го користите плеерот за првпат или кога ќе се истроши батеријата.
1 Поврзете го адаптерот за
наизменична струја.
Индикаторот CHARGE ќе свети во текот на полнењето.
DC IN 12V
b
Полнете ја батеријата во средина чијашто температура е меѓу 5 °C и 35 °C.
8
Време на полнење и време на репродукција
Полна Празна
Во приклучокот за запалката
Адаптер за приклучување со акумулаторот во автомобилот (се доставува)
Време на полнење: околу 4 часа Време на репродукција: околу 4 часа
Времетраењето е измерено во следните услови:
•Време на полнење – умерена температура (20 °C) – исклучено
• Време на репродукција – умерена температура (20 °C) – употреба за слушалки – заднинското осветлување
е поставено на минимум
Во зависност од температурата во просторијата или од состојбата на батеријата на полнење, времето за полнење може да биде подолго или времето за репродукција да се скрати.
Проверка на нивото на наполнетост на батеријата
Индикаторот за батеријата се прикажува кога ќе се застане плеерот. Се прикажува или индикаторот CHARGE трепка кога е празна батеријата.

Употреба на адаптерот за приклучување со акумулаторот во автомобилот

Адаптерот за приклучување со акумулаторот во автомобилот (се доставува) е за акумулатор од 12 V, негативно заземјување (не користете го со акумулатор од 24 V и со позитивно заземјување).
1 Поврзете го адаптерот за
приклучување со акумулаторот
во автомобилот.
A/V
DC IN 12V
PHONES
OPERATEOFF ON
OUT
Подготовки
По употреба на плеерот во автомобил
Исклучете го адаптерот за акумулаторот од приклучокот за запалката.
b
• Возачот не треба да го поврзува или исклучува адаптерот за акумулаторот додека вози.
• Поставете го кабелот така што нема да му смета на возачот. Не поставувајте го ниту ЛЦД-панелот онаму каде што може да го гледа и возачот.
,продолжува
9
Loading...
+ 19 hidden pages