Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на
www.philips.com/support
Page 2
Содржина
1 Важно 2
Безбедност 2
2 Вашето радио со часовник 3
Вовед 3
Што има во кутијата 3
Преглед на радиото со часовник 3
3 Вовед 4
Поставување батерии 4
Поврзување со напојување 4
Поставување време 4
4 Слушање FM радио 5
Пребарување за FM радиостаници 5
Рачно зачувување FM радио станици 5
Избирање меморирана радиостаница 5
Прилагодување на јачина на звук 5
5 Други карактеристики 6
Поставување време за аларм 6
Поставување тајмер за спиење 6
6 Информации за производот 7
7 Решавање проблеми 7
8 Известување 8
1МК
Page 3
1 Важно
Безбедност
Предупредување
• Никогаш немојте да го вадите куќиштето на ова
радио со часовник.
• Никогаш немојте да подмачкувате ниту еден дел
од ова радио со часовник.
• Никогаш немојте да го поставувате ова радио со
часовник над друга електрична опрема.
• Чувајте го радиото со часовник подалеку од
директна сончева светлина, отворен пламен или
топлина.
• Уверете се дека секогаш имате лесен пристап до
кабелот за електрично напојување, приклучокот
или адаптерот за да го исклучите радиото со
часовник од електрично напојување.
• Прочитајте ги овие упатства.
• Придржувајте се на сите предупредувања.
• Следете ги сите упатства.
• Не блокирајте ниеден од отворите за
вентилација. Инсталирајте во согласност со
упатствата на производителот.
• Не инсталирајте во близина на никакви извори
на топлина како радијатори, греалки, печки или
други апарати (вклучувајќи и засилувачи) што
создаваат топлина.
• Заштитете го електричниот кабел од
нагазување или продупчување, особено кај
приклучоците, дополнителните приклучни
места на приклучница и местото каде што
истите излегуваат од радиото со часовник.
• Користете само додатоци/прибор наведени од
производителот.
• Исклучете го апаратот при бури со грмотевици
или кога не се користи долг временски период.
• За секакво сервисирање ангажирајте
квалификуван сервисен персонал.
Сервисирање е потребно кога апаратот е
оштетен на било кој начин, кога електричниот
кабел или приклучокот се оштетени, истурена
е течност или предмети паднале во апаратот,
апаратот бил изложен на дожд или влага, не
работи нормално или паднал.
• ВНИМАНИЕ при користење батерии -за да
спречите истекување на батериите што може
да доведе до телесна повреда, штета на имот
или штета на радиото со часовник:
• Инсталирајте ги сите батерии правилно, + и како што е означено на единицата.
• Извадете ги батериите кога единицата не се
користи долго време.
• Батеријата не треба да се изложува на
претерана топлина како сончева светлина,
оган или сл.
• Ова радио со часовник не треба да биде
изложено на капење или прскање.
• Не ставајте никакви извори на опасност
на радиото со часовник (на пр. предмети
наполнети со течност, запалени свеќи).
• Таму каде што приклучокот на адаптерот за
директно вклучување се користи како уред за
исклучување, уредот за исклучување треба да
остане лесно пристапен и употреблив.
2МК
Page 4
2 Вашето радио
со часовник
Ви честитаме на купувањето и добредојдовте во
Philips! За целосни придобивки од поддршката
што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот
производ на www.philips.com/support.
Вовед
Со ова радио со часовник, можете да
• слушате FM радио;
• поставите два аларми да ѕвонат во различни
времиња.
Што има во кутијата
Проверете ја и идентификувајте ја содржината на
вашиот пакет:
• Главна единица
• Адаптер за наизменично електрично
напојување
• Кратко упатство
• Брошура за безбедност и гаранција
Преглед на радиото со часовник
• Вклучи или префрли во подготвеност.
PRESET / SET TIME
• Зачувување радиостаници во меморија.
• Избирање меморирана радиостаница.
• Поставување време.
HR / MIN / TUN
• Пребарување за FM радиостаници.
• Поставување час и минути.
SNOOZE / SLEEP
• Одложување аларм.
• Поставување на тајмерот за спиење.
Екран
• Го прикажува тековниот статус.
AL1 / AL2 / – VOL +
• Поставување аларм.
• Прилагодување на јачина на звук.
3МК
Page 5
3 Вовед
Секогаш следете ги упатствата во оваа глава по
редослед.
Поставување батерии
Батериите можат само да го поддржат часовникот
и поставките за аларм.
Внимание
• Ризик од експлозија! Чувајте ги батериите подалеку
од топлина, сончева светлина или оган. Никогаш
не фрлајте ги батериите во оган.
• Батериите содржат хемиски супстанции, затоа тие
треба правилно да се фрлат.
Ставете 2 ААА батерии (не се вклучени) со точен
поларитет (+/-) како што е илустрирано.
Напомена
• Печатената плочка се наоѓа на долниот дел од
радиото со часовник.
Поставување време
Напомена
• Може да поставувате време само во режим на
подготвеност.
Поврзување со напојување
Внимание
• Ризик од оштетување на производот! Уверете се
дека напонот на струјата соодветствува со напонот
отпечатен на задната и долната страна на радиото
со часовник.
• Ризик од струен удар! Кога го исклучувате
адаптерот за напојување, секогаш влечете го
приклучокот од приклучницата. Никогаш не
влечете го кабелот.
• Користете само адаптер за електрично напојување
наведен од производителот или купен со оваа
единица.
4МК
Во режим на подготвеност, притиснете и
1
задржете SET TIME 2 секунди.
Притиснете HR да поставите час и MIN да
2
поставите минути, а потоа притиснете SET
TIME да потврдите.
Времето е поставено.
Page 6
4 Слушање FM
радио
Притиснете TUN неколку пати да
3
изберете број.
Повторно притиснете PRESET да потврдите.
4
Повторете ги чекорите од 1 до 4 да зачувате
5
повеќе FM радиостаници.
Напомена
• Чувајте го радиото со часовник подалеку од
други електронски уреди за да избегнете
радиоинтерференција.
• За подобар прием, целосно извлечете ја и
прилагодете ја положбата на FM антената.
Пребарување за FM
радиостаници
Притиснете за да го вклучите радиото со
1
часовник.
Притиснете и задржете TUN 2 секунди.
2
Радиото со часовник автоматски
пребарува за станица со силен прием.
Повторете го чекор 2 да пребарувате за
3
повеќе радиостаници.
За рачно да пребарувате станици:
притиснете TUN неколку пати да изберете
фреквенција.
Напомена
• Решетката за пребарување на радиото со часовник
е 50 KHz, радио-фрекфенцијата на екранот ќе
се зголеми за 0,1 MHz со притискање TUN
двапати.
Совет
• Да отстраните претходно зачувана станица,
зачувајте друга станица на нејзиното место.
Избирање меморирана
радиостаница
Во режим на FM пребарувач, притиснете PRESET
неколку пати да изберете мемориран број.
Прилагодување на јачина на
звук
Додека слушате, притиснете – VOL + да
прилагодите јачина на звук.
Рачно зачувување FM радио
станици
Напомена
• Може да зачувате максимум 10 FM радиостаници.
Пребарување за FM радиостаница.
1
Притиснете и задржете PRESET 2 секунди да
2
го активирате режимот на програмирање.
Меморираниот број почнува да трепка.
5МК
Page 7
5 Други
карактеристики
Поставување време за аларм
Поставување аларм
Алармот го повторува ѕвонењето следниот
ден.
За да го запрете алармот, притиснете го
одговарачкото AL1 или AL2.
Одложување на алармот
Кога ќе се огласи алармот, притиснете SNOOZE.
Алармот се одложува и го повторува
ѕвонењето 9 минути подоцна.
Напомена
• Може да го поставувате алармот само во режим на
подготвеност.
• Уверете се дека точно сте го поставиле часовникот.
Во режим на подготвеност, притиснете и
1
задржете AL1 или AL2 2 секунди да поставите
време на аларм.
Притиснете HR да поставите час и MIN да
2
поставите минути, а потоа притиснете AL1
или AL2 да потврдите.
Совет
• Единицата излегува од режим на поставување
аларм кога е неактивна 10 секунди.
Изберете извор на аларм
Може да изберете FM радио или ѕвоно како
извор на аларм со притискање AL1 или AL2 во
режим на подготвеност.
Соодветната икона за аларм светнува.
Напомена
• Функцијата нежно будење е определена само за
извор на FM радио.
Поставување тајмер за спиење
Радиото со часовник може автоматски да префрла
во режим на подготвеност по мемориран период.
• Притиснете SLEEP неколку пати да изберете
период (во минути).
Радиото со часовник автоматски се
префрла во режим на подготвеност по
мемориран период.
За да го деактивирате тајмерот за спиење:
• притиснете SLEEP неколку пати додека не се
појави [OFF] (o).
Активирање/деактивирање тајмер за
аларм
Притиснете AL1 или AL2 неколку пати да
активирате или да деактивирате тајмер за аларм.
Ако тајмерот за аларм е активиран, се
вклучува индикаторот за аларм.
Ако тајмерот за аларм е деактивиран, се
исклучува индикаторот за аларм.
6МК
Page 8
6 Информации за
7 Решавање
производот
Напомена
• Информациите за производот се предмет на
промена без претходно известување.
Засилувач
Рангирана излезна моќност 200 mW RMS
Бирач (FM)
Опсег на бирање87,5-108 MHz
Решетка за бирање50 KHz
Чувствителност
Наизменично
електрично напојување
(адаптер за напојување)
Потрошувачка на
електрична енергија
при работа
Потрошувачка на
електрична енергија во
подготвеност
Димензии
(Ш x В x Д):
Тежина
(главна единица)
< 3 %
Бренд: Philips;
Модел: AS030-050-EE060
Влез: 100-240 V
50/60 Hz; 0,15 A
Излез: 5 V 0,6 A
< 3 W
< 1 W
131 x 54 x 131 мм
198,9 g
проблеми
Предупредување
• Никогаш не вадете го куќиштето на производот
За гаранцијата да биде важечка, никогаш не
обидувајте се да го поправате уредот самите.
Ако се соочувате со проблеми кога го користите
овој производ, проверете ги следниве ставки
пред барањето сервис. Ако проблемот остане
нерешен, одете на веб-локацијата на Philips
(www.philips.com/support). Кога ќе го контактирате
Philips, уверете се дека уредот е во близина и дека
се достапни бројот на модел и серискиот број.
Нема напојување
• Уверете се дека приклучокот за наизменично
електрично напојување на единицата е
правилно поврзан.
• Уверете се дека има електрична енергија во
приклучницата за електрично напојување.
Нема звук
• Прилагодете ја јачината на звук.
Нема одговор од единицата
~
• Исклучете го и повторно приклучете го
приклучокот за наизменично електрично
напојување, па повторно вклучете ја единицата.
Слаб радио прием
• Чувајте го радиото со часовник подалеку од
други електронски уреди за да избегнете
радиоинтерференција.
• Целосно извлечете ја и прилагодете ја
положбата на антената.
Алармот не функционира
• Правилно поставете го часовникот/алармот.
Поставката часовник/аларм е
избришана
• Прекинато е напојувањето или е исклучен
приклучокот за напојуавње.
• Ресетирајте го часовникот/ алармот.
7МК
Page 9
8 Известување
Сите промени или измени направени на овој
уред што не се изрично дозволени од MMD Hong Kong Holding Limited може да го поништат
овластувањето на корисникот да работи со
производот.
Со ова, TP Vision Europe BV изјавува дека овој
производ е во согласност со основните барања
и другите релевантни одредби содржани во
Директивата 2014/53/ЕУ. Изјавата за сообразност
може да ја најдете на www.philips.com/support.
Овој производ е усогласен со барањата за
радиоинтерференција на Европската Заедница.
Овој производ е дизајниран и изработен од
материјали и компоненти со висок квалитет,
кои може да се рециклираат и повторно да се
користат.
Правилното фрлање на стари производи и
батерии помага да се спречат негативните
последици по животната средина и човековото
здравје.
Вадење на батериите за фрлање
Да ги извадите батериите за фрлање, видете го
делот инсталирање на батерија.
Овој симбол значи дека производот не смее да
се фрла како отпад од домаќинство и треба дa
се достави до соодветно место за собирање за
да се рециклира. Следете ги локалните правила
и никогаш не фрлајте го производот и батериите
што повторно се полнат со обичен отпад од
домаќинството. Правилното фрлање на стари
производи и батерии што повторно се полнат
помага да се спречат негативните последици по
животната средина и човековото здравје.
Овој симбол значи дека производот содржи
батерии опфатени од Европската Директива
2013/56/EU кои не може да се фрлаат со обичен
отпад од домаќинството.
Информирајте се за локалниот систем за
издвоено собирање на електрични и електронски
производи и батерии. Следете ги локалните
правила и никогаш не фрлајте го производот и
батериите со обичниот отпад од домаќинството.