Philips TANX200/10 user manual [mk]

Party speaker
забави
Серија 2000
1 000 series
NX200
NX100
Корисничко упатство
Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на
www.philips.com/support
Содржина
1 Важно 2
Безбедност 2
2 Ваш звучник за забави 4
Вовед 4 Што има во кутијата 4 Преглед на главната единица 5 Основна репродукција 7
3 Почетни чекори 9
Поврзување 9 Поврзување со напојување 10 Вклучување 10
4 Репродукција од УСБ 11
Репродуцирање од УСБ-мемориски уред 11 Контрола на репродукција 11
5 Репродуцирање аудио преку
Bluetooth 12
Поврзување на уред 12 Репродуцирање од Bluetooth уред 12 Исклучување уред 13
6 Прилагодување звук 14
Прилагодување на јачина на звук 14 Збогатување бас 14
9 Решавање проблеми 18
За Bluetooth уредот 18
10 Известување 19
Усогласеност 19 Грижа за животната средина 19 Известување за заштитен знак 20
7 Други карактеристики 15
Слушање на надворешен уред 15 Вклучување или исклучување на декоративно светло 15
8 Информации за производот 16
Спецификации 16 Информации за репродукција на УСБ-уреди 17 Поддржани MP3 формати 17 Одржување 17
МК 1

1 Важно

Безбедност

Знајте ги овие безбедносни симболи
ВНИМАНИЕ
РИЗИК ОД СТРУЕН УДАР
ВНИМАНИЕ: ЗА ДА СЕ НАМАЛИ РИЗИКОТ ОД СТРУЕН УДАР, НЕ ВАДЕТЕ ГО
КАПАКОТ (ИЛИ ПОЗАДИНАТА). ВНАТРЕ НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ ДА СЕ
СЕРВИСИРААТ ОД КОРИСНИКОТ. ЗА СЕКАКВО СЕРВИСИРАЊЕ АНГАЖИРАЈТЕ
Оваа „молња“ укажува дека неизолиран материјал во вашата единица може да предизвика струен удар За безбедноста на секој во вашето домаќинство, не вадете го капакот на производот.
„Извичникот“ повикува на внимание за карактеристики за кои треба да ја прочитате непосредно приложената литература за да спречите проблеми со работењето и одржувањето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: за да се намали ризикот од пожар или струен удар, овој апарат не треба да се изложува на дожд или влага и предмети исполнети со течности како што се вази не треба да се ставаат на овој апарат.
ВНИМАНИЕ: за да се спречи струен удар, соодветно ставете ја широката игличка на приклучокот во широкиот отвор со ставање до крај.
Предупредување
• Никогаш немојте да го вадите куќиштето на овој уред.
• Никогаш немојте да подмачкувате ниту еден дел од овој уред.
• Никогаш немојте да го поставувате овој уред над друга електрична опрема.
• Чувајте го уредот подалеку од директна сончева светлина, отворен пламен или топлина.
• Никогаш не гледајте во ласерскиот зрак внатре во уредот.
• Уверете се дека секогаш имате лесен пристап до кабелот за електрично напојување, приклучокот или адаптерот за да го исклучите уредот од електрично напојување.
НЕ ОТВОРАЈТЕ
КВАЛИФИКУВАН СЕРВИСЕН ПЕРСОНАЛ
Не употребувајте го апаратот во близина на вода.
Инсталирајте во согласност со упатствата на производителот.
Не инсталирајте во близина на никакви извори на топлина како радијатори, греалки, печки или други апарати (вклучувајќи и засилувачи) што создаваат топлина.
Заштитете го електричниот кабел од нагазување или продупчување, особено кај приклучоците, дополнителните приклучни места на приклучница и местото каде што истиот излегува од апаратот.
Користете само додатоци/прибор наведени од производителот.
Користете само со количка, потпирач, троножец, алка или маса наведени од производителот или што се продаваат со апаратот. Кога се користи количка, внимавајте кога ја придвижувате комбинацијата количка/апарат да избегнете повреда од превртување.
Исклучете го апаратот при грмотевици или кога не се користи долг временски период.
За секакво сервисирање ангажирајте квалификуван сервисен персонал. Сервисирање е потребно кога апаратот е оштетен на било кој начин, кога електричниот кабел или приклучокот се оштетени, истурена е течност или предмети паднале во апаратот, апаратот бил изложен на дожд или влага, не работи нормално или паднал.
ВНИМАНИЕ при користење батерии ­за да спречите истекување на батериите што може да доведе до телесна повреда, штета на имот или штета на далечинскиот управувач:
• Инсталирајте ги сите батерии правилно, + и - како што е означено на далечинскиот управувач.
МК2
• Не мешајте батерии (стари и нови или карбонски и алкални и сл.).
• Извадете ја батеријата кога далечинскиот управувач не се користи долго време.
Батеријата не треба да се изложува на претерана топлина како сончева светлина, оган или сл.
Апаратот не треба да биде изложен на капење или прскање.
Не ставајте никакви извори на опасност на апаратот (на пр., предмети наполнети со течност, запалени свеќи).
Таму каде што електричниот кабел или приклучок на апаратот се користи како уред за исклучување, уредот за исклучување треба да остане лесно пристапен и употреблив.
Внимание
• Употребата на контроли или прилагодувања или извршување на постапки поинакви од именуваните може да доведат до штетно изложување на ласер или други небезбедни операции.
Заштита на слух
може всушност да биде гласно и штетно за вашиот слух. За да се заштитите од ова, поставете ја јачината на звук на безбедно ниво пред слухот да ви се навикне и оставете ја на тоа ниво.
За воспоставување безбедно ниво на јачина на звук:
Поставете ја контролата на јачина на звук на ниска поставка.
Бавно зголемувајте го звукот додека не можете да го слушнете квалитетно и чисто, без дисторзија.
Слушајте во разумно времетраење:
Продолженото изложување на звук дури и на вообичаено „безбедни“ нивоа, исто така може да предизвика загуба на слух.
Осигурете се дека разумно ја користите опремата и земајте соодветни паузи.
Уверете се дека ги почитувате следните упатства кога ги користите слушалките.
Слушајте на разумни јачини на звук, во разумно времетраење.
Внимавајте да не ја прилагодувате јачината на звук како што ќе ви се прилагодува слухот.
Не пуштајте ја јачината на звук толку силно за да не можете да слушате што се случува околу вас.
Треба да користите внимателно или повремено да го прекинувате користењето во потенцијално опасни ситуации.
Слушајте со умерена јачина на звук.
Користењето слушалки со голема јачина на звук може да го оштети вашиот слух. Овој производ може да создаде звуци со јачина на децибели која може да предизвикаат загуба на слух за обичен човек, дури и ако изложувањето е помалку од минута.Поголемите јачини на децибели се нудат за оние кои можеби веќе имаат доживеано загуба на слух.
Звукот може да биде измамувачки. Со текот на време вашето „удобно ниво“ за слушање се прилагодува на повисоки јачини на звук. Така по продолжено слушање, она што звучи „нормално“
Напомена
• Овој вид плоча се наоѓа на задната страна од единицата.
МК 3
2 Ваш звучник
за забави
Ви честитаме на купувањето и добре дојдовте во Philips! За целосна корист од поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.Philips.com/welcome.

Вовед

Со овој производ, вие ќе можете да
уживате во аудио од УСБ-мемориски уреди, уреди со овозможен Bluetooth или други надворешни уреди;
За збогатување на звук, овој производ ви ги нуди овие звучни ефекти:
Динамично засилување на бас (DBB)

Што има во кутијата

Проверете ја и одредете ја содржината на вашето пакување:
Главна единица x 1
Печатени материјали
Кабел за наизменична струја x 1
МК4

Преглед на главната единица

ГОРНА ТАБЛА:
1. ПРИКЛУЧОК MIC1 IN
2. ПРИКЛУЧОК MIC2 IN
3. КОПЧЕ ЗА ЈАЧИНА НА ЗВУК НА
МИС1
4. КОПЧЕ ЗА ЈАЧИНА НА ЗВУК НА
МИС2
5. РЕГУЛАТОР НА ЈАЧИНА НА
ВОКАЛ
6. МЕНУВАЧ НА ГЛАС
7. DBB
8. ИНДИКАТОР ЗА НИВО НА
БАТЕРИЈА
9. ПОДГОТВЕНОСТ (црвен
индикатор) ПРЕГЛЕД НА НИВО
НА БАТЕРИЈА
10. ПРЕТХОДНА
11. ЈАЧИНА НА ЗВУК-
12. BLUETOOTH (син индикатор)
13. РЕПРОДУКЦИЈА/ПАУЗА
14. СЛЕДНА
15. ЈАЧИНА НА ЗВУК+
16. СВЕТЛО
17. ЈАЧИНА НА ЗВУК НА ГИТАРА
18. ЕХО
19. ОТВОР ЗА УСБ
20. LINE OUT
21. LINE IN
22. ВЛЕЗ ЗА ГИТАРА
МК 5
Loading...
+ 16 hidden pages