Philips TAH8505BK/00 user manual [mk]

Page 1
Слушалки
8000 Серија
TAH8505
Прирачник за корисникот
Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на
www.philips.com/support
Page 2
Содржина
1 Важни безбедносни упатства 2
Безбедност на слухот 2 Општи информации 2
за преку уши 3
Што има во кутијата 3 Други уреди 3 Преглед на вашите Bluetooth
безжични слушалки 4
3 Започнете 5
Наполнете ја батеријата 5 Спарете ги слушалките со вашиот
мобилен телефон 5
4 Користете ги вашите слушалки 6
Поврзете ги слушалките со
Bluetooth уред 6
Управувајте со вашите повици
и музика 6
5 Технички податоци 8
6 Известување 9
Декларација за сообразност 9 Отстранување на вашиот стар
производ и батерија 9
Отстранете ја интегрираната
батерија 9 Усогласеност со EMF 9 Информации за животната средина 10 Известување за усогласеност 10
7 Трговски марки 11
8 Најчесто поставувани прашања 12
MK
Page 3
1 Важни
Општи информации
безбедносни упатства
Безбедност на слухот
Опасност
• За да избегнете оштетување на слухот, ограничете го времето на користење на слушалките со високо ниво на јачина на звукот и поставете ја јачината на звукот на безбедно ниво. Колку што е погласен звукот, толку е пократко времето на безбедно слушање.
Осигурете се дека ги почитувате следните упатства, кога ги користите вашите слушалки.
Слушајте со разумно ниво на јачина на звук, во текот на разумни временски периоди.
Внимавајте постојано да не ја зголемувате јачината на звукот, бидејќи вашиот слух се прилагодува на неа.
Не зголемувајте ја јачината на звукот толку многу да не можете да чуете што се случува околу вас.
Треба да бидете претпазливи или привремено да прекинете со употребата во потенцијално опасни ситуации.
Прекумерниот звучен притисок од слушалките може да предизвика губење на слухот.
Не се препорачува користењето на слушалките кои ги покриваат двете уши додека возите и може да биде нелегално во некои области.
Заради ваша безбедност избегнувајте го одвлекувањето на вниманието од страна на музиката или телефонските повици, додека се наоѓате во сообраќај или во некои други потенцијално опасни средини.
За да се избегне оштетување или дефект:
Внимание
• Не изложувајте ги слушалките на прекумерна топлина
• Не дозволувајте да ви паднат слушалките.
• Слушалките не смеат да бидат изложени на капење или прскање со вода.
• Не дозволувајте вашите слушалки да бидат потопени во вода.
• Не користете било какви средства за чистење што содржат алкохол, амонијак, бензен или абразиви.
• Ако е потребно чистење користете мека крпа, по потреба натопена во минимално количество на вода или растворен благ сапун, за чистење на производот.
• Интегрираната батерија не смее да биде изложена на прекумерна топлина, како што е сончева светлина, оган или слични нешта.
• Постои опасност од експлозија ако батеријата е неправилно заменета. Заменете ја со ист или еквивалентен вид.
• Никогаш не користете ги вашите слушалки кога управувате со моторно возило, возите велосипед, трчате или пешачите во области со сообраќај. Тоа е опасно и незаконски на многу места.
За работењето и температурите за складирање и влажноста
Работна температура: 0°C (32°F) до 40°C (104°F)
Температура на складирање: -10°C (14°F) до 45°C (113°F)
Влажност при работење: 8% - 90% RH (без кондензација)
Влажност при складирање: 5% - 90% RH (без кондензација)
Максимална работна надморска височина: 3000m
Работниот век на батеријата може да се намали во услови на висока или ниска температура.
MK
Page 4
2 Вашите
Bluetooth слушалки за преку уши
Ви честитаме за купувањето и добредојдовте во Philips! За да имате целосна корист од поддршката што Philips ви ја нуди, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/support. Со овие Philips слушалки за преку уши, можете:
да уживате во безжичните повици без употреба на раце;
да уживате и безжично да ја контролирате музиката;
да се префрлате помеѓу повици и музика;
уживате во поништување на бучавата.
Што има во кутијата
Philips Bluetooth слушалки за преку уши Philips TAH8505
Аудио кабел
Водич за брз почеток
Кутија за носење
Други уреди
Мобилен телефон или уред (на пр. notebook преносен компјутер, PAD, Bluetooth адаптери, MP3 плеери итн) којшто подджува Bluetooth и е компатибилен со слушалките (погледнете во ,Технички податоци' на страница 8).
USB кабел за полнење (само за полнење)
MK
Page 5
Преглед на вашите Bluetooth безжични
слушалки
Допрете ја контролната плоча Аудио приклучок
Микрофон
LED индикатор LED индикатор за ANC/амбиентален звук (копче за напојување) Приклучен процеп за микро USB
MK
Page 6
3 Почнете
Наполнете ја батеријата
Забелешка
• Пред да ги користите слушалките за прв пат, ставете ги слушалките во кутијата за полнење и полнете ја батеријата во текот на 3 часа, за оптимален капацитет и траење на батеријата.
• Користете го само оригиналниот USB кабел за полнење, за да избегнете некакво оштетување.
• Завршете го вашиот повик пред да започнете со полнење на слушалките, бидејќи поврзувањето на слушалките за полнење ќе ги исклучи слушалките.
Кутија за полнење
Поврзете го испорачаниот USB кабел за полнење со:
• Процеп за микро USB полнење на слушалките и;
• Полнач/USB приклучна порта на компјутерот.
LED почнува да свети црвено за време на полнењето и се исклучува кога слушалките се потполно наполнети.
Совет
• Вообичаено, целосното полнење трае 2 часа.
Спарете ги слушалките со вашиот мобилен телефон
Пред за прв пат да ги користите слушалките со вашиот мобилен телефон, спарете ги со мобилниот телефон. Успешното спарување воспоставува уникатна шифрирана врска помеѓу слушалките и мобилниот телефон. Слушалките ги складираат последните 8 уреди во меморијата. Ако се обидете да спарите повеќе од 8 уреди, последниот спарен уред ќе биде заменет со новиот.
Осигурете се дека слушалките се целосно наполнети и исклучени.
Притиснете и држете во текот на 5 секунди, сé додека сината и црвената LED сијаличка не почнат наизменично да светкаат.
Слушалките остануваат во режимот на спарување во текот на 2 минути.
Осигурете се дека мобилниот телефон е вклучен, а неговата Bluetooth функција е активирана.
Спарете ги слушалките со мобилниот телефон. За подетални информации погледнете во прирачникот за корисникот на вашиот мобилен телефон.
Следниот пример ви покажува како да ги спарите слушалките со вашиот мобилен телефон.
Активирајте ја функцијата Bluetooth во вашиот мобилен телефон, изберете Philips TAH8505
Philips TAH8505
MK
Page 7
4 Користете ги
вашите слушалки
Управувајте со вашите повици и музика
Вклучено/исклучено
Поврзете ги слушалките со вашиот Bluetooth уред
Вклучете го вашиот мобилен телефон/ Bluetooth уред.
Притиснете и држете го копчето за вклучено/исклучено, за да ги вклучите слушалките.
Сината LED сијаличка ќе се вклучи во текот на 3 секунди. Слушалките автоматски повторно се поврзуваат со последниот поврзан мобилен телефон/ Bluetooth уред.
Совет
• Ако вклучите мобилен телефон/Bluetooth уред или ја активирате Bluetooth функцијата откако ќе ги вклучите слушалките, ќе треба рачно повторно да ги поврзете слушалките и мобилниот телефон/ Bluetooth уредот.
Забелешка
• Ако слушалките не успеат да се поврзат со последниот поврзан Bluetooth уред во текот на 2 минути, ќе се сменат во режимот на спарување, а потоа автоматски ќе се исклучат ако сеуште не се поврзани со некој Bluetooth уред 8 минути подоцна, кога ANC е исклучен.
• Ако слушалките немаат никаква историја на поврзување и не се поврзат со некој Bluetooth уред во текот на 2 минути, тие ќе запрат со спарувањето и ќе влезат во режимот на мирување.
Жичано поврзување
Исто така можете да ги користите слушалките со испорачаниот аудио кабел. Поврзете го испорачаниот аудио кабел со слушалките и надворешниот аудио уред.
Совет
• Копчињата за функции ќе бидат оневозможени кога го користите режимот на поврзување со надворешен аудио уред.
Задача
Вклучете ги слушалките.
Исклучете ги слушалките.
Копче
Копче за напојување
Копче за напојување
Контрола на музика
Задача
Репродуцирајте или паузирајте музика.
Прилагоди ја јачината на звукот.
Следен запис.
Претходен запис.
Копче
Копче за напојување
Допрете ја контролнат а плоча
Копче за напојување
Копче за напојување
Контрола на повик
Задача
Преземете/ отфрлете повик.
Отфрли повик. Копче за
Одговорете на нов повик за време на повик.
Отфрлете нов повик за време на повик.
Копче
Копче за напојување
напојување
Копче за напојување
Копче за напојување
Работење
Притиснете и држете во текот на 3 секунди.
Притиснете и држете во текот на 3 секунди.
Вклучена е и бледнее сината LED сијаличка.
Работење
Притиснете еднаш.
Повлечете нагоре/ повлечете надолу
Турни надолу
Турни нагоре
Работење
Притиснете еднаш
Притиснете двапати
Притиснете еднаш
Притиснете двапати
MK
Page 8
Задача
Прекинете со тековниот повик и активирајте го другиот повик
Префрлајте се помеѓу повиците кога одговарате на два повика
Префрлете се помеѓу телефонот и слушалките во текот на повик
ANC контрола
Задача
ANC ВКЛУЧЕНО / ИСКЛУЧЕНО/ амбиентален звук
Гласовен асистент
Задача
Разбудете го стандардниот гласовен помошник
Копче
Копче за напојување
Копче за напојување
Копче за напојување
Копче
Допрете ја контролната плоча
Копче
Допрете ја контролна та плоча
Работење
Притиснете еднаш
Притиснете двапати
Притиснете двапати
Работење
Допрете еднаш
Работење
Покријте и држете во текот на 2 секунди
Статус на индикаторот за други слушалки
Статус на слушалките
Слушалките се поврзани со Bluetooth уред, додека слушалките се во режим на подготвеност или додека слушате музика.
Слушалките се подготвени за спарување.
Слушалките се вклучени, но не се поврзани со Bluetooth уред.
Ниско ниво на батерија.
Батеријата е целосно наполнета.
Индикатор
Сината LED сијаличка е вклучена.
LED сијаличката наизменично светка сино и црвено.
Црвената LED сијаличка бавно трепка. Ако не може да се воспостави врска, слушалките самите ќе се исклучат во рок од 8 минути, кога ANC е исклучен.
Црвената LED сијаличка ќе трепка на секои 2 секунди, сé додека не се испразни напојувањето
Црвената LED сијаличка е исклучена.
MK
Page 9
5 Технички податоци
Слушалки
Време на музика: 30 часа Време на зборување: 30 часа
Време на подготвеност: 160 часа Време на полнење: 2 часа
Литиумско полимерска батерија на полнење (680 mAh)
Bluetooth верзија: 5,0 Компатибилни Bluetooth профили:
HFP (профил без раце)
A2DP (напреден профил за аудио
дистрибуција)
AVRCP (профил за аудио видео
далечинска контрола)
Поддржан аудио кодек: SBC
Фрекфенциски опсег: 2.402-2.480 GHz
Моќност на предавателот: < 10 dBm
Работен опсег: До 10 метри (33 стапки)
Дигитално намалување на ехо и бучава
Автоматско исклучување
Микро-USB приклучна порта за полнење
Забелешка
• Спецификациите се предмет на промена без претходна најава.
MK
Page 10
6 Известување
Декларација за сообразност
Со ова, MMD Hong Kong Holding Limited изјавува дека овој производ е во согласност со суштинските барања и другите релевантни одредби од Директивата 2014/53/EU. Декларацијата за сообразност можете да ја најдете на www.p4c.philips.com.
Отстранување на вашиот стар производ и батерија
Вашиот производ е дизајниран и произведен со висококвалитетни материјали и компоненти, кои можат да се рециклираат и да бидат повторно искористени.
Овој симбол на производот значи дека производот е опфатен со Европската Директива 2012/19/EU.
Овој симбол значи дека производот содржи вградена батерија на полнење опфатена со Европската Директива 2013/56/EU која не може да се фрли заедно со нормалниот отпад од домаќинството. Силно ве советуваме да го однесете вашиот производ до официјалното собирно место или до Philips-овиот сервисен центар, за да може стручно лице да ја отстрани батеријата на полнење. Информирајте се за локалните системи за одделно собирање на електрични и електронски производи и батерии на полнење. Следете ги локалните правила и никогаш не отстранувајте го производот и батеријата на полнење заедно со нормалниот отпад од домаќинството. Правилното отстранување на старите производи и батерии на полнење, помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и здравјето на човекот.
Отстранете ја интегрираната батерија
Ако во вашата земја не постои систем за собирање/рециклирање на електронски производи, можете да ја заштитите животната средина со отстранување и рециклирање на батеријата пред фрлање на слушалките.
Осигурете се дека слушалките се извлечени од кутијата за полнење, пред да ја отстраните батеријата.
Усогласеност со EMF
Овој производ е во согласност со сите применливи стандарди и одредби во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
MK
Page 11
Информации за животната средина
Сето непотребно пакување е изоставено. Се обидовме да го олесниме одвојувањето на пакувањето на три материјали: картонска (кутија), полистиренска пена (тампон) и полиетилен (вреќички, заштитен лист од пена). Вашиот систем се состои од материјали кои можат да се рециклираат и повторно да се користат, доколку бидат расклопени од страна на специјализирана компанија. Ве молиме почитувајте ги локалните регулативи во врска со отстранувањето на материјалите за пакување, потрошените батерии и старата опрема.
Известување за усогласеност
Уредот е во согласност со FCC правилата, Дел 15. Работењето е предмет на следните два услова:
1. Овој уред може да не предизвика штетно мешање и
2. Овој уред мора да прифати било кои примени мешања, вклучително и мешањето што може да предизвика несакано работење.
FCC правила
Оваа опрема е тестирана и утврдено е дека е во согласност со ограничувањата за дигитален уред Класа Б, во согласност со дел 15 од FCC правилата. Овие ограничувања се дизајнирани да обезбедат разумна заштита против штетното мешање во станбената инсталација. Оваа опрема генерира, користи и може да зрачи со радиофреквентна енергија и доколку не е инсталирана и не се користи во согласност со упатството за користење, може да предизвика штетно мешање во радио комуникациите. Сепак, не постои гаранција дека мешањето нема да се појави во некоја одредена инсталација. Ако оваа опрема предизвика штетно мешање во радио или
телевизиски
прием, што може да се одреди преку исклучување и вклучување на опремата, корисникот се охрабрува да се обиде да го исправи мешањето преку една или повеќе од следните мерки:
• Преориентирајте или прелоцирајте ја антената за прием.
• Зголемете ја одделеноста помеѓу опремата и приемникот
• Поврзете ја опремата со штекер на струјно коло, којшто е различен од оној на којшто е поврзан приемникот.
• Консултирајте се со продавач или со искусен радио/телевизиски техничар, за помош.
FCC изјава за изложеност на радијација:
Оваа опрема е во согласност со FCC границите на изложеност на зрачење, утврдени за неконтролирано опкружување. Овој предавател не смее да биде заедно лоциран или заедно да работи со некоја друга антена или предавател.
Внимание: Корисникот е предупреден дека промените или измените што не се изречно одобрени од одговорната страна за усогласеност, можат да го поништат овластувањето на корисникот да управува со опремата.
Канада:
Овој уред содржи предавател(и)/приемник(ици) изземени од лиценцата, што се во согласност со Иновациите, науката и економскиот развој во Канада, што се изземени од RSS(и). Работењето е предмет на следните два услова: (1) овој уред може да не предивика штетно мешање, и (2) Овој уред може да ги прифати примените пречки, вклучувајќи ги и пречките што можат да предизвикаат нескано работење на уредот. CAN ICES-3(B)/NMB-3(B)
Изјава за изложеност на IC радијација:
Оваа опрема е во согласност со Канадските граници на изложеност на зрачење, утврдени за неконтролирано опкружување. Овој предавател не смее да биде заедно лоциран или заедно да работи со некоја друга антена или предавател.
MK
Page 12
7 Трговски марки
Bluetooth
Заштитното име и логоата на Bluetooth® се регистрирани трговски марки во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на таквите ознаки од страна на Top Victory Investment Limited е под лиценца. Останатите трговски марки и трговски имиња се оние кои им припаѓаат на нивните соодветни сопственици.
Siri
Siri е трговска марка на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји.
MK
Page 13
8 Најчесто
поставувани прашања
Моите Bluetooth слушалки не се вклучуваат.
Нивото на батеријата е ниско. Наполнете ги слушалките.
Не можам да ги спарам моите Bluetooth слушалки со мојот Bluetooth уред.
Bluetooth-от е оневозможен. Овозможете ја Bluetooth функцијата на вашиот Bluetooth уред и вклучете го Bluetooth уредот пред да ги вклучите слушалките.
Како повторно да го поставите спарувањето.
Оставете ги слушалките во режимот на спарување (црвената и сината сијаличка наизменично ќе трепкаат), притиснете го копчето за напојување нагоре и држете, допрете ја двапати контролната плоча на допир, потоа виолетовата LED сијаличка ќе затрепка 3 пати.
Ја слушам, но не можам да ја контролирам музиката на мојот Bluetooth уред (на пр. репродукција/пауза/прескокни напред/прескокни назад).
Проверете дали Bluetooth аудио изворот поддржува AVRCP (погледнете во ,Технички податоци’ на страница 8).
Нивото на јачината на звукот на слушалките е премногу ниско.
Некои Bluetooth уреди не можат да го поврзат нивото на јачината на звукот со нивото на јачината на звукот од слушалките, преку синхронизацијата на јачината на звукот. Во тој случај, морате независно да ја прилагодите јачината на звукот на вашиот Bluetooth уред, за да се постигне соодветната јачина на звукот.
Bluetooth уредот не може да ги пронајде слушалките.
Слушалките се можеби поврзани со претходно спарен уред. Исклучете го поврзаниот уред или преместете го надвор од опсегот.
Спарувањето можеби е повторно поставено или слушалките биле претходно спарени со друг уред. Повторно спарете ги слушалките со Bluetooth уредот, како што е опишано во прирачникот за корисникот. (погледнете во ,Спарете ги за прв пат слушалките со вашиот Bluetooth уред’ на страница 6).
Моите Bluetooth слушалки се поврзани со мобилен телефон со овозможен Bluetooth стерео, но музиката може да се репродуцира единствено на звучникот на мобилниот телефон.
Погледнете во прирачникот за корисникот на вашиот мобилен телефон. Изберете да ја слушате музиката преку вашите слушалки.
Квалитетот на звукот е слаб и можно е да се слушаат некои шумови.
Bluetooth уредот е надвор од опсегот. Намалете го растојанието помеѓу вашите слушалки и Bluetooth уредот, или отстранете ги пречките кои се наоѓаат помеѓу нив.
Наполнете ги вашите слушалки.
Квалитетот на звукот е слаб кога стримингот од мобилниот телефон е многу бавен, или аудио стримингот воопшто не работи.
Осигурете се дека вашиот мобилен телефон не само што поддржува (моно) HFP, туку исто така поддржува A2DP и е BT4.0x (или повисоко) компатибилен (погледнете во ,Технички податоци’ на страница 8).
MK
За понатамошна поддршка, посетете ја веб-страницата www.philips.com/support.
Page 14
Philips и Philips Shield Emblem се регистрирани трговски марки на Koninklijke Philips N.V. и се користат под лиценца. Овој производ бил произведен и се продава под одговорност на MMD Hong Kong Holding Limited или на една од неговите филијали и MMD Hong Kong Holding Limited е гарант во однос на овој производ.
UM_TAH8505_00_MK_V1.0
Loading...