Philips TAA7306BK/00 user manual [mk]

Слушалки
Серија 7000
TAA7306
Прирачник за корисникот
Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на
www.philips.com/support
Содржина
1 Важни безбедносни упатства 2
Безбедност на слухот 2 Општи информации 2
слушалки 3
Што има во кутијата 3 Други уреди 3 Преглед на вашите Bluetooth безжични
слушалки 4
3 Почнете 5
Наполнете ја батеријата 5 Спарете ги за прв пат слушалките со
вашиот Bluetooth уред 5
Спарете ги слушалките со друг
Bluetooth уред 6
4 Користете ги вашите слушалки 7
Поврзете ги слушалките со вашиот
Bluetooth уред 7
Вклучување/исклучување на
напојувањето 7
Управувајте со вашите повици и
музика 7
LED индикатор за батеријата на
Bluetooth уред 8 Статус на LED индикаторот 8 Монитор за пулс 9 Режим на свесност 9
5 Ресетирајте ги слушалките на
фабричките поставки 9
6 Технички податоци 10
7 Известување 11
Декларација за сообразност 11 Отстранување на вашиот стар
производ и батерија 11 Усогласеност со EMF 12 Информации за животната средина 12 Известување за усогласеност 12
8 Трговски марки 13
9 Најчесто поставувани прашања 14
МК 1
1 Важни
Општи информации
безбедносни упатства
Безбедност на слухот
Опасност
За да го избегнете оштетувањето на слухот,
ограничете го времето на користење на слушалките со висока јачина на звукот и поставете ја јачината на звукот на безбедно ниво. Колку што е погласен звукот, толку е пократко времето на безбедно слушање.
Осигурете се дека ги почитувате следните упатства, кога ги користите вашите слушалки.
Слушајте со разумно ниво на јачина на звук, во текот на разумни временски периоди.
Внимавајте постојано да не ја зголемувате јачината на звукот, бидејќи вашиот слух се прилагодува на неа.
Не зголемувајте ја јачината на звукот толку многу да не можете да чуете што се случува околу вас.
Треба да бидете претпазливи или привремено да прекинете со употребата во потенцијално опасни ситуации.
Прекумерниот звучен притисок од слушалките може да предизвика губење на слухот.
Не се препорачува користењето на слушалките кои ги покриваат двете уши додека возите и може да биде нелегално во некои области.
Заради ваша безбедност избегнувајте го одвлекувањето на вниманието од страна на музиката или телефонските повици, додека се наоѓате во сообраќај или во некои други потенцијално опасни средини.
2 MK
За да се избегне оштетување или дефект:
Внимание
Не изложувајте ги слушалките на прекумерна
топлина
Не дозволувајте да ви паднат слушалките.Слушалките не смеат да бидат изложени на
капење или прскање со вода.
Не дозволувајте вашите слушалки да бидат
потопени во вода.
Не користете било какви средства за чистење што
содржат алкохол, амонијак, бензен или абразиви.
Ако е потребно чистење користете мека крпа, по
потреба натопена во минимално количество на вода или растворен благ сапун, за чистење на производот.
Интегрираната батерија не смее да биде
изложена на прекумерна топлина, како што е сончева светлина, оган или слични нешта.
Замена на батеријата со неправилен тип, може да
ја поништи заштитата;
Фрлањето на батеријата во оган или жешка печка,
или механичко кршење или сечење на батеријата, може да резултира со експлозија;
Оставањето на батеријата во средина со
екстремно висока температура може да резултира со експлозија или истекување на запаллива течност или гас;
Изложувањето на батеријата на екстремно низок
воздушен притисок, може да резултира со експлозија или истекување на запаллива течност или гас.
Никогаш не користете ги слушалките кога
управувате моторно возило, возите велосипед, трчате или пешачите во области со сообраќај. На многу места тоа е опасно и нелегално.
За работењето и температурите за складирање и влажноста
Работна температура: 0 °C (32°F) до 40°C (104°F)
Температура на складирање:
-10 °C (14 °F) до 45 °C (113°F)
Влажност при работа: 8% - 90% RH (без кондензација)
Влажност при складирање: 5% - 90% RH (без кондензација)
Максимална работна надморска височина: 3000m
Работниот век на батеријата може да се намали во услови на висока или ниска температура.
2 Вашите
Bluetooth безжични слушалки
Ви честитаме за купувањето и добредојдовте во Philips! За да имате целосна корист од поддршката што Philips ви ја нуди, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/support. Со овие Philips-ови безжични слушалки, можете:
да уживате во безжичните повици без употреба на раце;
да уживате и безжично да ја контролирате музиката;
да се префрлате помеѓу повиците и музиката.
Кука за уши x 3 пара
Торбица за носење
USB кабел за полнење (само за полнење)
Што има во кутијата
Philips вистински безжични слушалки Philips TAA7306
Заменливи гумени капачиња за ушите x 3 пара
Крилца за уши x 3pairs
Водич за брз почеток
Глобална гаранција
Безбедносен леток
Други уреди
Мобилен телефон или уред (на пр. notebook преносен компјутер, PAD, Bluetooth адаптери, MP3 плеери итн) којшто подджува Bluetooth и е компатибилен со слушалките (погледнете во ,Технички податоци' на страница 10).
МК 3
Преглед на вашите Bluetooth безжични слушалки
Микрофон LED индикатор (слушалка) Панел на допир Сензор за срцев ритам (HRM) (само од десната страна) LED за работа (кутија за полнење) LED индикатор ( кутија за полнење ) USB-C процеп за полнење Копче за ресетирање
4 MK
3 Почнете
Наполнете ја батеријата
Забелешка
Пред да ги користите вашите слушалки за прв пат,
ставете ги слушалките во кутијата за полнење и полнете ја батеријата во текот на 3 часа, заради оптимален капацитет и работен век на батеријата.
Користете го само оригиналниот кабел за USB
полнење, за да избегнете некакво оштетување.
Завршете го вашиот повик пред да го започнете
полнењето на слушалките, затоа што поврзувањето на слушалките за полнење ќе ги исклучи слушалките.
Кутија за полнење
Поврзете го едниот крај на USB кабелот со кутијата за полнење, а другиот крај со извор на напојување. Кутијата за полнење почнува со
полнењето.
• Процесот на полнење се потврдува со
сината LED сијаличка која се наоѓа до USB приклучната порта на кутијата.
• Кога кутијата за полнење целосно ќе се
наполни, сината сијаличка ќе се изгаси.
• Процесот на полнење се потврдува со белата LED сијаличка на слушалките.
• Кога слушалките целосно ќе се наполнат, белата сијаличка ќе се изгаси.
Совет
Вообичаено, за целосното напојување се потребни
2 часа (за слушалките или кутијата за полнење).
Спарете ги за прв пат слушалките со вашиот Bluetooth уред
Автоматско вклучување: Отворете ја капсулата за полнење, испразнетите слушалки и сината LED индикаторска сијаличка ќе трепкаат со гласовно предупредување „вклучено”.
Рачно вклучување: Притиснете и држете ги копчињата за повеќе функции на двете слушалки, приближно околу 2 секунди.
Совет
Кутијата за полнење служи како резервна батерија
за полнење на слушалките. Кога кутијата за полнење е целосно наполнета, поддржува 3 целосни циклуса на полнење на слушалките.
Слушалки
Ставете ги слушалките во кутијата за полнење. Слушалките почнаа да се полнат.
1 секунда
02"
LED сијаличката на двете слушалки ќе трепка со сина боја 3 пати, а потоа ќе трепка со бела боја.
И двете слушалки се сега вклучени и автоматски се спарени една со друга.
МК 5
Loading...
+ 11 hidden pages