Philips TAA5205BK/00 user manual [mk]

Слушалки
5000 Серија
TAA5205
Прирачник за корисникот
Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на
www.philips.com/support
Содржина
1 Важни безбедносни упатства 2
Безбедност на слухот 2 Општи информации 2
слушалки 3
Што има во кутијата 3 Други уреди 3 Преглед на вашите Вистински
безжични слушалки 4
3 Започнете 5
Наполнете ја батеријата 5 Спарете ги за прв пат слушалките со
вашиот Bluetooth уред 6 Спарете ги слушалките со друг Bluetooth уред 7
4 Користете ги вашите слушалки 7
Поврзете ги слушалките со вашиот
Bluetooth уред 7 Вклучување/исклучување 8 Управувајте со вашите повици
и музика 8 Статус на LED индикаторот 8 Како да ги носите 9
5 Ресетирајте ги слушалките 10
6 Технички податоци 10
7 Известување 11
Декларација за сообразност 11 Отстранување на вашиот стар
производ и батерија 11 Отстранете ја интегрираната
батерија 11 Усогласеност со EMF 12 Информации за животната средина 12 Известување за усогласеност 12
8 Трговски марки 14
9 Најчесто поставувани прашања 15
MK
1 Важни
Општи информации
безбедносни упатства
Безбедност на слухот
Опасност
• За да избегнете оштетување на слухот, ограничете го времето на користење на слушалките со голема јачина на звукот и поставете ја јачината на звукот на безбедно ниво. Колку што е погласен звукот, толку е пократко времето на безбедно слушање.
Осигурете се дека ги почитувате следните упатства, кога ги користите вашите слушалки.
• Слушајте со разумно ниво на јачина на звук, во текот на разумни временски периоди.
• Внимавајте постојано да не ја зголемувате јачината на звукот, бидејќи вашиот слух се прилагодува на неа.
• Не зголемувајте ја јачината на звукот толку многу да не можете да чуете што се случува околу вас.
• Треба да бидете претпазливи или привремено да прекинете со употребата во потенцијално опасни ситуации.
• Прекумерниот звучен притисок од слушалките може да предизвика губење на слухот.
• Не се препорачува користењето на слушалките кои ги покриваат двете уши додека возите и може да биде нелегално во некои области.
• Заради ваша безбедност избегнувајте го одвлекувањето на вниманието од страна на музиката или телефонските повици, додека се наоѓате во сообраќај или во некои други потенцијално опасни средини.
За да се избегне оштетување или дефект:
Внимание
• Не изложувајте ги слушалките на прекумерна топлина
• Не дозволувајте да ви паднат слушалките.
• Слушалките не смеат да бидат изложени на капење, прскање со вода.
• Не дозволувајте вашите слушалки да бидат потопени во вода.
• Не користете било какви средства за чистење што содржат алкохол, амонијак, бензен или абразиви.
• Ако е потребно чистење користете мека крпа, по потреба натопена во минимално количество на вода или растворен благ сапун, за чистење на производот.
• Интегрираната батерија не смее да биде изложена на прекумерна топлина, како што е сончева светлина, оган или слични нешта.
• Постои опасност од експлозија ако батеријата е неправилно заменета. Заменете ја со ист или еквивалентен вид.
• Фрлањето на батеријата во огин или жешка печка, или механичкото кршење или сечење на батеријата, може да резултира со експлозија;
• Оставањето на батеријата во средина со екстремно висока темпрература може да резултира со експлозија или истекување на запаллива течност или гас;
• Батеријата којашто е подложена на екстремно низок воздушен притисок може да резултира со експлозија или истекување на запаллива течност или гас.
За работењето и температурите за складирање и влажноста
• Чувајте на места каде што температурата е помеѓу -20°C (-4°F) и 50°C (122 °F) (со релативна влажност до 90%.
• Ракувајте на места каде што температурата е помеѓу 0°C (32°F) и 45°C (113 °F) (со релативна влажност до 90%.
• Работниот век на батеријата може да се намали во услови на висока или ниска температура.
• Замената на батеријата со неправилен вид што може да ја расипе заштитата (на пример, во случај на некои видови на литиумски батерии);
MK
2 Вашите
Вистински безжични слушалки
Ви честитаме за купувањето и добредојдовте во Philips! За да имате целосна корист од поддршката што Philips ви ја нуди, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/support. Со овие Philips Вистински безжични слушалки, можете:
• да уживате во безжичните повици без употреба на раце;
• да уживате и безжично да ја контролирате музиката;
• да се префрлате помеѓу повиците и музиката.
Што има во кутијата
Водич за брз почеток
Глобална гаранција
Безбедносен леток
Други уреди
Мобилен телефон или уред (на пр. notebook преносен компјутер, PDA, Bluetooth адаптери, MP3 плеери итн) којшто поддржува Bluetooth и е компатибилен со слушалките (погледнете во ,Технички податоци' на страница 8).
Philips Вистински безжични слушалки Philips TAA5205
Заменливи гумени капачиња за ушите x 3 пара
USB-C кабел за полнење (само за полнење)
MK
Преглед на вашите Вистински безжични слушалки
LED индикатор (слушалки)
Микрофон Мултифункционален допир LED индикатор (кутија за полнење) USB-C процеп за полнење
MK
3 Почнете
Наполнете ја батеријата
Забелешка
• Пред да ги користите слушалките за прв пат, ставете ги слушалките во кутијата за полнење и полнете ја батеријата 3 часа за оптимален капацитет и траење на батеријата.
• Користете го само оригиналниот USB-C кабел за полнење, за да избегнете било какво оштетување.
• Завршете го вашиот повик пред да ги полните слушалките, бидејќи поврзувањето на слушалките за полнење ќе ги исклучи слушалките.
Кутија за полнење
Поврзете го едниот крај на USB кабелот во кутијата за полнење, а другиот крај во изворот на напојување.
Кутијата за полнење започнува со полнењето.
• Процесот на полнење се потврдува со белата LED сијаличка на предната плоча.
• Кога кутијата за полнење е целосно наполнета, сината сијаличка се исклучува.
Совет
• Вообичаено, целосното полнење трае 2 часа (за слушалките или кутијата за полнење) преку USB кабел.
Совет
• Кутијата за полнење служи како преносна резервна батерија за полнење на слушалките. Кога кутијата за полнење е целосно наполнета, таа поддржува 3 пати целосен циклус на полнење за слушалките.
Слушалки
Ставете ги слушалките во кутијата за полнење.
Слушалките почнаа да се полнат.
• Процесот на полнење се потврдува со белата LED сијаличка на слушалките.
• Кога слушалките целосно ќе се наполнат, белата сијаличка ќе се изгаси.
MK
Loading...
+ 11 hidden pages