Philips HD9650/90 user manual [mk]

Page 1
Серија HD9650
Упатство за користење
Page 2
2 МАКЕДОНСКИ
СОДРЖИНА
Важно    3
Вовед    6
Општ опис    6
Пред првото користење    8
Подготовка за употреба    8
Поставување на отстранливото мрежесто дно и собирачот на маснотии 8 Табела за храна 9
Користење на апаратот    12
Пржење со врел воздух 12 Промена на друга однапред поставена опција за време на готвењето 16 Користење на рачниот режим 17 Промена на температурата или времето на готвење во секое време 18 Избирање на режимот за одржување топлина 19 Подготвување домашен помфрит 20
Чистење    21
Складирање    23
Рециклирање    23
Гаранција и поддршка    23
Отстранување на проблеми    24
Page 3

Важно

Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
 - Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете под чешма.
 - За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга течност во апаратот.
 - Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во допир со грејните елементи.
 - Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот.
 - Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да предизвика пожар.
 - Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.
 - Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека работи.
 - Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува максималното ниво означено во корпата.
 - Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има заглавено храна во грејачот.
Предупредување
 - Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични квалификации за да се избегне опасност.
 - Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер. Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го вметнале во штекерот.
 - Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со засебен систем за далечинско управување.
 - Површините што се допираат може да се вжештат додека работи апаратот.
 - Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно лице.
 - Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8 години.
3МАКЕДОНСКИ
Page 4
4 МАКЕДОНСКИ
 - Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други
апарати. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
 - За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите за излез на воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа и воздухот кога ја вадите тавата од апаратот.
 - Никогаш не користете лесни состојки или хартија за пакување.
 - Површините што се допираат може да станат врели додека работи апаратот.
 - Складирање компири: температурата мора да биде соодветна на складираната сорта компир и мора да биде над 6 °C за да се минимизира ризикот од изложеност на акриламид во подготвената храна.
 - Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински шпорет, кој било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во загреана рерна.
 - Никогаш немојте да ја полните тавата со масло.
 - Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални
температури помеѓу 5 °C и 40 °C.
 - Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
 - Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини.
 - Немојте да го поставувате апаратот на или близу до запаливи материјали како што се чаршаф или завеса.
 - Апаратот употребувајте го единствено за намените опишани во овој прирачник и користете само оригинални додатоци од Philips.
 - Не оставајте апаратот да работи без надзор.
 - Тавата, корпата и собирачот на маснотии стануваат
врели во текот на и по користењето на апаратот, секогаш ракувајте со нив внимателно.
 - Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите што доаѓаат во допир со храната. Погледнете ги упатствата во прирачникот.
Внимание
 - Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања. Не е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување.
Page 5
 - Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или чистење.
 - Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина.
 - Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета.
 - Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете го во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена.
 - Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.
 - Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да ракувате со него или да го чистите.
 - Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да бидат златножолти, а не темни или кафени. Отстранете ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на температура поголема од 180 °C (за да создавањето на акриламид се сведе на минимум).
 - Внимавајте да не го притиснете копчето за отпуштање на корпата при тресењето.
 - Бидете внимателни кога го чистите горниот дел на комората за пржење: жежок греен елемент, раб на металните делови.
 - Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во апаратот Airfryer.
 - Погрижете се секогаш да имате контрола над вашиот Airfryer.
 - Кога пржите мрсна храна, апаратот Airfryer може да испушта дим.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат од Philips е усогласен со сите важечки стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
Автоматско исклучување
Овој апарат има функција за автоматско исклучување. Кога ќе измине поставеното време на тајмерот, апаратот автоматски ќе се исклучи. За рачно исклучување на апаратот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување.
5МАКЕДОНСКИ
Page 6
6 МАКЕДОНСКИ

Вовед

Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Airfryer XXL од Philips користи врел воздух за пржење на вашата омилена храна со малку или без масло. Постигнете крцкавост како при пржењето во длабоко масло со минимална количина на маснотии. Комбинирањето на моќен грејач и мотор со технологијата Twin TurboStar му овозможува на врелиот воздух во Airfryer XXL брзо да кружи, како торнадо, низ целата корпа за готвење. На овој начин се отстрануваат маснотиите од храната и се собираат во собирачот на маснотии на дното од Airfryer. Маснотиите што се испуштаат од храната се собираат на едно место на дното од тавата за лесно отстранување и чистење. Уживајте во совршено испржена храна што е крцкава однадвор и мека одвнатре. Пржете, подготвувајте на скара и печете за да подготвите различни вкусни оброци на здрав, брз и лесен начин. За инспирација, рецепти и информации поврзани со апаратот Airfryer, посетете ја веб-страницата www.philips.com/kitchen или преземете ја бесплатната апликација Airfryer за IOS
®
или
Android™.

Општ опис

1 Фиока 2 Корпа со отстранливо мрежесто дно 3 Отстранливо мрежесто дно 4 Собирач на маснотии 5 Тава 6 Преграда за чување на кабелот 7 Отвори за излез на воздух 8 Ознака MAX 9 Кабел за напојување 10 Отвор за влез на воздух 11 Контролна табла
A. Индикатор за температура B. Копче за температура C. Копче за одржување топлина D. Регулатор QuickControl E. Копче за вклучување/исклучување F. Копче за однапред поставени опции G. Копче за тајмер H. Индикатор за време I. Однапред поставени опции: помфрит/замрзнати
закуски, кокошка, месо, риба, печење и рачно
Page 7
7МАКЕДОНСКИ
A HI
B
C
D
G
F
E
11
10
1
9
2
8
3
4
5 6
7
Page 8
8 МАКЕДОНСКИ

Пред првото користење

 1  Отстранете ја целата амбалажа.
 2  Отстранете ги налепниците или ознаките од апаратот.
 3  Исчистете го апаратот темелно пред првото користење, 
како што е наведено во табелата за чистење.

Подготовка за употреба

Поставување на отстранливото мрежесто дно и собирачот на маснотии

1 Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за
рачката.
2 Извадете ја корпата така што ќе ја подигнете за рачката.
3 Поставете го собирачот на маснотии во тавата.
2
4 Вметнете го отстранливото мрежесто дно во отворот
на десната долна страна од корпата. Туркајте го мрежестото дно надолу сè додека не легне на место
1
(„кликнување“ на двете страни).
Page 9
 5  Ставете ја корпата во тавата. 
 6  Турнете ја фиоката во апаратот Airfryer држејќи ја за 
рачката.
Забелешка
• Никогаш не користете ја тавата без собирачот на маснотии или
корпата во неа.

Табела за храна

Табелата подолу ви помага да ги изберете основните поставки за видот на храна што сакате да ја подготвите.
Забелешка
• Имајте предвид дека овие поставки се предлози. Не можеме да
ви гарантираме најдобра поставка за одредена состојка бидејќи сите состојки имаат различно потекло, големина, форма и бренд.
• Кога подготвувате поголема количина на храна (на пр. помфрит,
шкампи, батаци, замрзнати закуски), протресете, превртете или измешајте ги состојките во корпата од 2 до 3 пати за да постигнете рамномерен резултат.
9МАКЕДОНСКИ
Состојки
Тенок замрзнат помфрит (7x7 mm)
Дебел замрзнат помфрит (10x10 mm)
Домашен помфрит (10x10 mm)
Протресете, 
Мин.- макс.  количина
200-1400 g 13-32 180 °C Да
200-1400 g 13-33 180 °C Да
200-1400 g 18-35 180 °C Да
Време  (мин.)
Темпе  ратура
превртете или  измешајте на  половина од  процесот на  готвење
Забелешка
Потопете 30 минути во вода, исушете и потоа додадете од 1/4 до 1 супена лажица масло.
Page 10
10 МАКЕДОНСКИ
Состојки
Домашен пекарски компир
Замрзнати закуски (пилешки медалјони)
Замрзнати закуски (мали пролетни ролнички приближно 20 g)
Цела кокошка
Пилешки гради Приближно 160 g
Пилешки батаци 200-1800 g 18-35 180 °C Да
Панирани пилешки прсти
Пилешки крилца Приближно 100 g
Месни котлети без коска Приближно 150 g
Хамбургер Приближно 150 g (дијаметар од 10 cm)
Дебели колбаси Приближно 100 g (дијаметар од 4 cm)
Тенки колбаси Приближно 70 g (дијаметар од 2 cm)
Печено свинско месо
Мин.- макс.  количина
200-1400 g 20-42 180 °C Да
80-1300 g (6-50 парчиња)
100-600 g (5-30 парчиња)
1200-1500 g
1-5 парчиња
3-12 парчиња (1 слој)
2-8 парчиња (1 слој)
1-5 котлети 10-13 200 °C
1-4 плескавици
1-6 парчиња (1 слој)
1-7 парчиња
500-1000 g 40-60 180 °C
Време  (мин.)
7-18 180 °C Да
14-16 180 °C Да
50-55 180 °C
18-22 180 °C
10-15 180 °C
14-18 180 °C Да
10-15 200 °C
12-15 200 °C
9-12 200 °C
Темпе  ратура
Протресете,  превртете или  измешајте на  половина од  процесот на  готвење
Забелешка
Потопете 30 минути во вода, исушете и потоа додадете од 1/4 до 1 супена лажица масло.
Подготвени се кога се златножолти и крцкави однадвор.
Подготвени се кога се златножолти и крцкави однадвор.
Избегнувајте нозете да го допираат грејниот елемент.
Додајте масло во смесата за панирање. Подготвени се кога се златножолти.
Оставете го да отстои 5 минути пред да го исечете.
Page 11
Протресете, 
Состојки
Цела риба Приближно 300­400 g
Филеа од риба Приближно 120 g
Школки Приближно 25­30 g
Торта
Мафини Приближно 50 g
Киш (дијаметар од 21 cm)
Однапред испечен тост / земички
Свеж леб 700 g 38 160 °C
Свежи ролнички Приближно 80 g
Костени 200-2000 g 15-30 200 °C Да
Мешан зеленчук (крупно исечкан)
Мин.- макс.  количина
1-2 18-22 200 °C
1-3 (1 слој)
200-1500 g 10-25 200 °C Да
500 g 18 oz
1-9 12-14 180 °C
1 15 180 °C
1-6 6-7 180 °C
1-6 парчиња
300-800 g 10-20 200 °C Да
Време  (мин.)
9-12 200 °C
28 180 °C Користете тава за торти.
18-20 160 °C
Темпе  ратура
превртете или  измешајте на  половина од  процесот на  готвење
11МАКЕДОНСКИ
Забелешка
Пресечете ја опашката ако не ја собира во корпата.
За да избегнете лепење, ставете ја страната со кожа на дното и додајте малку масло.
Користете силиконски калапи за мафини што се отпорни на топлина.
Користете плех или тепсија за печење.
Обликот треба да биде колку што е можно порамен за да се избегне лебот да го допира грејниот елемент кога нараснува.
Поставете го времето за готвење по ваш вкус.
Page 12
12 МАКЕДОНСКИ

Користење на апаратот

Пржење со врел воздух

Внимание
• Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да ја
полните тавата со масло, маст за пржење или друга течност.
• Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките
или дршките. Носете заштитни ракавици кога ракувате со врелата тава и со собирачот на маснотии.
• Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства.
• Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е
нормално.
• Не е потребно претходно загревање на апаратот.
 1  Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна 
површина што е отпорна на топлина. Проверете дали  фиоката може целосно да се извлече.
Забелешка
• Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може
да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето.
 2  Извлечете го кабелот за напојување од преградата за 
чување на кабелот на задната страна од апаратот.
 3  Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер.
 4  Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за 
рачката.
Page 13
 5  Ставете ги состојките во корпата.
Забелешка
• Во апаратот Airfryer може да подготвувате различни состојки.
Погледнете ги точните количини и приближното време на готвење во „Табелата за храна“.
• Немојте да ја надминувате количината наведена во делот „Табела
за храна“ или да ја преполнувате корпата над ознаката „MAX“ бидејќи тоа може да го намали квалитетот на крајниот резултат.
• Ако сакате да подготвувате различни состојки истовремено,
проверете го предложеното време на готвење потребно за различните состојки пред да почнете да ги готвите истовремено.
 6  Турнете ја фиоката во апаратот Airfryer држејќи ја за 
рачката.
Внимание
• Никогаш не користете ја тавата без собирачот на маснотии
или корпата во неа. Ако го загревате апаратот без корпа, користете заштитни ракавици за да ја извлечете фиоката. Рабовите и внатрешноста на фиоката многу се вжештуваат.
• Не допирајте ја тавата, собирачот на маснотии или корпата
за време на користењето и одредено време по употребата, бидејќи се многу жешки.
13МАКЕДОНСКИ
 7  Притиснете го копчето за вклучување/исклучување ( ) 
за да го вклучите апаратот.
 8  За да ја промените однапред поставената опцијата, 
завртете го регулаторот QuickControl на саканата 
1
поставка. 
» За да ја потврдите однапред поставената опцијата,
притиснете го регулаторот QuickControl. Индикаторот за времето на готвење трепка на екранот.
2
Page 14
14 МАКЕДОНСКИ
1
2
 9  За да го промените времето на готвење, завртете го 
регулаторот QuickControl на саканата поставка. 
» За да го потврдите избраното време на готвење,
притиснете го регулаторот QuickControl.
Забелешка
• Погледнете ја табелата за храна со основни поставки за готвење
на различни видови храна.
 10  Апаратот започнува со готвење откако ќе го потврдите 
времето на готвење.
Совет
• За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го
регулаторот QuickControl. За да го продолжите процесот на готвење, повторно притиснете го регулаторот QuickControl.
Забелешка
• Ако не го поставите потребното време на готвење во траење од
30 минути, апаратот автоматски ќе се исклучи од безбедносни причини.
• Ако изберете „- -“ како индикатор за време, апаратот преминува
во режим на загревање.
 • Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина
од времето на готвење (видете „Табела за храна“). За да ги протресете состојките, притиснете го регулаторот QuickControl за да го паузирате готвењето, извлечете ја фиоката, извадете ја корпата од тавата и протресете ја над мијалникот. Потоа, турнете ја тавата со корпата назад во апаратот и притиснете го регулаторот QuickControl за да го продолжите готвењето.
• Ако го поставите тајмерот на половина од времето на готвење,
кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот време е да ги протресете или превртите состојките. Не заборавајте да го ресетирате тајмерот на преостанатото време на готвење.
 11  Кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот, поставеното 
време на подготовка изминало.
 12  Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за 
рачката и проверете дали се готови состојките.
Page 15
Забелешка
• Ако состојките сè уште не се готови, турнете ја тавата во апаратот
Airfryer за рачката и додајте неколку дополнителни минути на поставеното време.
 13  За да ги отстраните малите состојки (на пр. помфрит), 
извадете ја корпата од тавата држејќи ја за рачката.
Внимание
• По процесот на готвење, тавата, собирачот на маснотии,
корпата, внатрешноста и состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во Airfryer, од тавата може да излезе пареа.
 14  Истурете ја храната од корпата во сад или на чинија. 
Секогаш отстранувајте ја корпата од тавата за да ја  истурите храната бидејќи на дното од тавата може да  има врело масло. 
Забелешка
• За да отстраните големи или кршливи состојки, користете
штипалка за да ги подигнете состојките.
• Вишокот масло или маснотиите од состојките се собираат на
дното од тавата под собирачот на маснотии.
• Во зависност од видот на состојките што ги готвите, можеби ќе
сакате внимателно да го истурите вишокот масло или маснотии од тавата по секоја количина, или пред да ја протресете или повторно да ја ставите корпата во тавата. Ставете ја корпата на површина отпорна на топлина. Подигнете ја тавата со заштитни ракавици и ставете ја на површина отпорна на топлина. Внимателно извадете го собирачот за маснотии од тавата со помош на гумена штипалка. Истурете го вишокот масло или маснотиите од храната. Вратете го собирачот на маснотии во тавата, тавата во фиоката и корпата во тавата.
15МАКЕДОНСКИ
Кога една количина состојки е подготвена, Airfryer е веднаш подготвен за подготовка на друга количина.
Забелешка
• Повторете ги чекорите од 1 до 14 ако сакате да подготвите друга
количина.
Page 16
16 МАКЕДОНСКИ
1

Промена на друга однапред поставена опција за време на готвењето

 1  Притиснете го копчето за однапред поставени опции (
).
 2  Завртете го регулаторот QuickControl за да изберете 
друга однапред поставена опција.
 3  За да ја потврдите однапред поставената опцијата, 
притиснете го регулаторот QuickControl. Индикаторот за  времето на готвење трепка на екранот.
 4  За да го промените времето на готвење, завртете го 
1
регулаторот QuickControl.
 »  За да го потврдите избраното време на готвење,
1
притиснете го регулаторот QuickControl.
Page 17
17МАКЕДОНСКИ

Користење на рачниот режим

 1  Притиснете го копчето за однапред поставени опции (
).
 2  Завртете го регулаторот QuickControl за да го изберете 
рачниот режим (
).
 3  Притиснете го регулаторот QuickControl за да влезете во 
рачниот режим.
» Зададената температура е 180 °C.
 4  За да ја промените температурата, завртете го 
регулаторот QuickControl.
1
» За да ја потврдите температурата, притиснете го
регулаторот QuickControl.
2
 5  Откако ќе ја потврдите температурата, индикаторот за 
време „- -“ започнува да трепка.
1
 6  За да го промените времето на готвење, завртете го 
регулаторот QuickControl.
2
» За да го потврдите времето на готвење, притиснете го
регулаторот QuickControl.
Page 18
18 МАКЕДОНСКИ

Промена на температурата или времето на готвење во секое време

 1  Притиснете го копчето за температура (
) или за тајмер (
).
 2  За да ја промените температурата или времето на 
готвење, завртете го регулаторот QuickControl.
1
» За да ја потврдите температурата или времето
на готвење, повторно притиснете го регулаторот QuickControl или копчето за температура/тајмер.
2
Забелешка
• Ако не го притиснете регулаторот QuickControl или копчето
за температура/тајмер за да ги потврдите промените, тие автоматски ќе се потврдат по 10 секунди.
1
2
Page 19

Избирање на режимот за одржување топлина

19МАКЕДОНСКИ
 1  Притиснете го копчето за одржување топлина (
)  (режимот за одржување топлина може да го активирате  во секое време).
 » Копчето за одржување топлина засветува со
пулсирачки ефект.
 »  Тајмерот на режимот за одржување топлина е
поставен на 30 минути. За да го промените времето на одржување топлина (1-30 мин.), притиснете го копчето
2
1
за тајмер ( потоа притиснете го за да потврдите. Не можете да ја
), завртете го регулаторот QuickControl и
прилагодите температурата на одржување топлина.
3
 2  За да го паузирате режимот за одржување топлина, 
притиснете го регулаторот QuickControl. За да го  продолжите режимот за одржување топлина, повторно  притиснете го регулаторот QuickControl.
 3  За да излезете од режимот за одржување топлина, 
притиснете едно од следните копчиња: копче за  однапред поставени опции, копче за температура или  копче за вклучување/исклучување.
Совет
• Ако помфритот изгуби голем дел од крцкавоста за време
на режимот за одржување топлина, скратете го времето на одржување топлина така што ќе го исклучите апаратот порано или пржете ги 2-3 минути на температура од 180 °C.
Забелешка
• Ако го активирате режимот за одржување топлина за време
на готвењето (копчето за одржување топлина засветува со пулсирачки ефект), апаратот ќе ја одржува вашата храна топла 30 минути по истекот на времето на готвење.
• За време на режимот за одржување топлина, вентилаторот и
грејачот во апаратот се вклучуваат повремено.
• Режимот за одржување топлина е наменет да ја одржува
топлината на вашата храна веднаш по готвењето во Airfryer. Не е наменет за подгревање.
Page 20
20 МАКЕДОНСКИ

Подготвување домашен помфрит

За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer:
 - Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи, (малку) брашнести компири.
 - Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во количини до 1000 грама за рамномерен резултат. Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од помалиот помфрит.
 - Протресете ја корпата 2-3 пати за време на процесот на пржење со врел воздух.
 1  Излупете ги компирите и исечете ги на стапчиња 
(дебелина од 8x8 mm / 0,3 in). 
 2  Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода 
најмалку 30 минути. 
 3  Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир 
со крпа за садови или со хартиена крпа.
 4  Сипете половина супена лажица масло за готвење 
во садот, ставете ги стапчињата во садот и мешајте сè  додека стапчињата не се премачкаат со масло. 
 5  Извадете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски 
прибор со дупчиња за вишокот масло да остане во  садот.
Забелешка
• Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња
во корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата.
 6  Ставете ги стапчињата во корпата. 
 7  Пржете ги стапчињата од компир и протресете ја 
корпата на половина од процесот на пржење со врел  воздух. Протресете 2-3 пати ако подготвувате повеќе од  500 g помфрит.
Забелешка
• Погледнете ги точните количини и времињата на готвење во
„Табелата за храна“.
Page 21

Чистење

Предупредување
• Почекајте корпата, тавата, собирачот на маснотии и
внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење.
• Извадете го собирачот на маснотии од тавата со помош
на гумена штипалка. Немојте да го отстранувате со прсти бидејќи врелите маснотии или масло се собираат под собирачот на маснотии.
• Тавата, корпата, собирачот на маснотии и внатрешноста на
апаратот се обложени со нелеплив слој. Немојте да користите метален кујнски прибор или абразивни материјали за чистење бидејќи може да го оштетат нелепливиот слој.
Исчистете го апаратот по секоја употреба. Отстранете ги маслото и маснотиите од дното на тавата по секоја употреба.
 1  Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (
за да го исклучите апаратот, извадете го приклучокот од  ѕидниот штекер и оставете го апаратот да се олади. 
Совет
• Извадете ги тавата и корпата за да овозможите побрзо ладење на
Airfryer.
21МАКЕДОНСКИ
) 
 2  Извадете го собирачот на маснотии од тавата со помош 
на гумена штипалка. Исфрлете ги маснотиите или  маслото од дното на тавата.
 3  Исперете ги тавата, корпата и собирачот на маснотии во 
машина за садови. Можете да ги исчистите и со топла  вода, течност за миење садови и неабразивен сунѓер  (погледнете во „Табела за чистење“).
Page 22
22 МАКЕДОНСКИ
Совет
• Ако остатоци од храна се залепат на тавата, собирачот на
маснотии или корпата, можете да ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10-15 минути. Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии на тавата, собирачот на маснотии или корпата и не сте можеле да ги отстраните со врела вода и течност за миење садови, употребете течен одмастувач.
• Доколку е потребно, остатоците од храна залепени на грејниот
елемент може да се отстранат со четка со меки до средни влакна. Не користете четка со челична жица или четка со тврди влакна бидејќи тоа може да го оштети слојот на грејниот елемент.
 4  Избришете ја надворешноста на апаратот со влажна 
крпа.
Забелешка
• Контролната табла треба да биде целосно сува. Избришете ја
контролната табла со крпа откако ќе ја исчистите.
 5  Исчистете го грејниот елемент со четка за чистење за да 
ги отстраните сите остатоци од храна.
 6  Исчистете ја внатрешноста на апаратот со врела вода и 
неабразивен сунѓер.
Page 23

Складирање

 1  Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се 
олади.
 2  Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги 
складирате.
 3  Вметнете го кабелот во преградата за чување на 
кабелот.
Забелешка
• Секогаш држете го апаратот Airfryer хоризонтално кога го
носите. Не заборавајте да ја држите фиоката и за предниот дел од апаратот бидејќи може да испадне од апаратот ако случајно ја навалите надолу. Тоа може да предизвика оштетување на фиоката.
• Секогаш проверувајте дали отстранливите делови на Airfryer, на
пр. отстранливото мрежесто дно итн., се прицврстени пред да го носите и/или складирате.

Рециклирање

 - Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU).
 - Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото здравје.
23МАКЕДОНСКИ

Гаранција и поддршка

Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го посебниот меѓународен гарантен лист.
Page 24
24 МАКЕДОНСКИ

Отстранување на проблеми

Во оваа глава се опишани најчестите проблеми со коишто може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем Можна причина Решение
Надворешноста на апаратот се вжештува за време на употребата.
Топлината од внатрешноста се шири кон надворешните ѕидови.
Тоа е нормално. Рачките и копчињата коишто ги допирате за време на употребата нема да бидат топли на допир.
Тавата, корпата, собирачот на маснотии и внатрешноста на апаратот секогаш се вжештуваат кога апаратот е вклучен за да може храната соодветно да се зготви. Овие делови се секогаш врели на допир.
Ако апаратот е вклучен подолго време, некои делови стануваат врели на допир. Овие делови на уредот се обележани со следната икона:
Домашниот помфрит не ми излегува како што очекував.
Не сте ја користеле соодветната сорта на компир.
Количината на состојки во корпата е преголема.
Одредени видови состојки треба да се протресат на половина од времето на готвење.
Ако имате предвид дека одредени делови се вжештуваат и не ги допирате, уредот е целосно безбеден за употреба.
За да добиете најдобри резултати, користете свежи (малку) брашнести компири. Ако треба да ги складирате компирите, немојте да ги чувате во ладна средина како, на пример, во фрижидер. Изберете компири на чие пакување пишува дека се погодни за пржење.
Следете ги инструкциите во ова упатство за користење за да подготвите домашен помфрит (видете „Табела за храна“ или преземете ја бесплатната апликација Airfryer).
Следете ги инструкциите во ова упатство за користење за да подготвите домашен помфрит (видете „Табела за храна“ или преземете ја бесплатната апликација Airfryer).
Page 25
Проблем Можна причина Решение
Апаратот Airfryer не се вклучува.
Забележувам лупење на одредени места во внатрешноста на мојот Airfryer.
Апаратот не е приклучен.
Во штекерот се приклучени повеќе апарати.
Во тавата на Airfryer може да се појават мали дамки поради случајни допири или гребење на површината (на пример, при чистење со груби алати за чистење и/или при вметнување на корпата).
Кога ќе го вклучите апаратот, ќе го слушнете звукот на вентилаторот. Ако не го слушате овој звук, проверете дали приклучокот е правилно вметнат во ѕидниот штекер.
Апаратот Airfryer има голема моќност. Приклучете го во друг штекер и проверете ги осигурувачите.
Можете да спречите оштетување со правилно спуштање на корпата во тавата. Ако ја вметнете корпата под агол, нејзиниот страничен дел може да удри во ѕидот на тавата што предизвикува лупење на мали парчиња од површинскиот слој. Во таков случај, имајте предвид дека тоа не е штетно бидејќи сите материјали што се користат се безбедни за храната.
25МАКЕДОНСКИ
Од апаратот излегува бел чад.
На екранот се прикажуваат 5 цртички како што може да видите на сликата подолу.
Готвите масни состојки, а собирачот на маснотии не е поставен во тавата.
Тавата сѐ уште содржи масни остатоци од претходна употреба.
Лебните трошки или смесата за панирање не се залепила добро за храната.
Во маринадата, течностите или соковите од месото се забележуваат маснотии
Безбедносната функција се активирала поради прегревање на апаратот.
Внимателно истурете го вишокот масло или маснотиите од тавата, поставете го собирачот на маснотии во тавата и продолжете со готвењето.
Белиот чад е предизвикан од масните остатоци што се загреваат во тавата. Секогаш чистете ги тавата, корпата и собирачот на маснотии темелно по секоја употреба.
Ситните честички од смесата за панирање што се пренесуваат во воздухот може да предизвикаат бел чад. Цврсто притиснете ги лебните трошки или смесата за панирање на храната за добро да се залепат.
Соберете го вишокот течности од храната со тапкање пред да ја ставите во корпата.
Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади 1 минута пред повторно да го приклучите во штекер.
Page 26
© 2022 Philips Domestic Appliances Holding B.V. Сите права се задржани.
Loading...