INDESIT LI7 S1 W Use & Care [mk]

Упатство за користење
www.indesit.com/register
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА КУПУВАЊЕТО НА INDESIT ПРОИЗВОД.
За дополнителна помош, ве молиме регистрирајте го вашиот апарат www.indesit.com/register
ИНДЕКС
Упатства за безбедност .................................................................................3
ПРИРАЧНИК ЗА КОРИСТЕЊЕ И ЗАШТИТА ................................................6
Опис на производот .....................................................................................6
Контролна плоча ..........................................................................................6
Светло на ладилникот .....................................................................................7
Полици. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
Врата ......................................................................................................7
Начин на користење на апаратот .......................................................................8
Прва употреба ............................................................................................8
Комора за ладење и чување храна ........................................................................8
Како да чувате свежа храна и пијалаци ...................................................................8
Комора за замрзнување и чување храна ..................................................................9
Отстранување на кутијата на фиоката на замрзнувачот ...................................................9
Совети за замрзнување и чување на свежа храна .........................................................9
Замрзната храна: совети за пазарување ..................................................................9
Време на чување на домашна замрзната храна ..........................................................10
Процес на одмрзнување на комората за замрзнување ...................................................10
Функционални звуци ....................................................................................10
Препораки во случај на некористење на апаратот .......................................................11
Чистење и одржување .................................................................................11
Решавање проблеми ...................................................................................12
Сервис за после продажба .............................................................................13
2

Прирачник за здравје и безбедност

МК
УПАТСТВА ЗА
ВАЖНО ДА СЕ ПРОЧИТА И ДА СЕ ПРИДРЖУВА
БЕЗБЕДНОСТ
Пред употреба на апаратот прочитајте ги упатствата за безбедност. Зачувајте ги за во иднина. Упатствата и самиот апарат содржат важни безбедносни предупредувања до кои секогаш треба да се придржувате. Производителот се оградува од секаква одговорност од непридржување кон упатствата за безбедност, за несоодветна употреба на апаратот или неправилно подесување на контролите.
Многу мали деца (0-3 години) не треба да бидат во близина на апаратот. Мали деца (3-8 години) не треба да бидат во близина на апаратот, освен доколку се под надзор. Потребен е постојан надзор или точно дадени упатства за безбедносно користење и разбирање на можните опасности за користење на апаратот кај деца на 8 годишна возраст или поголеми и кај лица со намалени физички, сетилни и ментални способности или без искуство и познавање на работата на апаратот. За децата е строго забрането да играат со апаратот. Децата без постојан надзор не смеат да го чистат и да го одржуваат апаратот.
ДОЗВОЛЕНА УПОТРЕБА
ВНИМАНИЕ: Апаратот не е наменет да работи со надворешен тајмер или со засебен систем за далечинско управување.
Апаратот е наменет за користење во домаќинството и за слични намени како што се: во кујна наменета за персоналот во продавници, канцеларии и други работни средини; во фарми; од страна на посетители во хотели, мотели, престојувалишта на база ноќевање со појадок и други и други станбени средини.
Овој апарат не е наменет за професионална употреба. Апаратот да се користи исклучиво во домашни услови.
Светилката која се наоѓа во внатрешноста на апаратот е исклучиво наменета за апарати за домаќинство и не е соодветна за собно осветлување во домот (ЕC Регулатива 244/2009).
Апаратот е наменет за простории во кои температурата се движи во опсегот кој е во согласност со климатските класи наведени на типската плочка. Апаратот може да не работи правилно доколку е оставен подолго време на температура надвор од опсегот. Климатска класа на амбиентални температури: СН: СН: Од 10 до 32 °C; Н: Од 16 до 32 °C; СТ: Од 16 до 38 °C; T: Од 16 до 43 °C;
Апаратот не содржи фреон. Колото за ладење
содржи R600a (HC). Апарати со изобутан (R600a): изобутан е природен гас без негативно влијание врз животната средина, но е запалив. Затоа осигурајте се дека цевките на колото за ладење не се оштетени, особено за време на празнење на колото за ладење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ги оштетувајте цевките
на колото за ладење на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Чувајте ги отворите на вентилацијата во комората на апаратот или во вградениот дел, без можност за блокада.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За забрзување на процесот на одмрзнување не користете механички, електрични или хемиски средства освен оние препорачани од страна на Производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се користат или поставуваат електрични уреди во внатрешноста на апаратот со исклучок на оние кои се одобрени за употреба од страна на Производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Коморите за мраз и/или диспанзерите за вода кои не се директно поврзани со извори на вода мора да се полнат исклучиво со питка вода.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Автоматските комори за мраз и/или диспанзерите за вода мора да бидат поврзани со извор на вода наполнет исклучиво со питка вода, со основен воден притисок помеѓу 0,17 и 0,81 MPa (1,7 и 8,1 бари).
Да не се чуваат експлозивни материи, како што се лименки за аеросоли, и да не се става или користи бензин или други запаливи материи во близина на апаратот.
Да не се голтаат содржаните делови (нетоксични) на пакетчињата со мраз (на некои модели). Да не се јадат коцки мраз или т.н. воден сладолед веднаш по вадење од замрзнувачот бидејќи може да предизвикаат ладни изгореници.
За производи наменети за употреба на филтер за воздух во внатрешноста на достапниот капак за вентилатор, филтерот е секогаш на позиција кога ладилникот е во функција.
Да не се чуваат стаклени садови со течност во замрзнувачот бидејќи може да се скршат. Да не се попречува работата на вентилаторот (доколку го има) со прехранбени производи. По поставување на храната, проверете дали вратите се затворени, особено вратата на замрзнувачот.
Оштетената заптивка мора да се замени во најбрз можен рок.
3
Прирачник за здравје и безбедност
Користете ја комората за ладење за чување на свежа храна, и замрзнувачот само за чување на замрзната храна, замрзнување свежа храна и за правење на коцки мраз.
Избегнувајте чување на одвиткана храна во директен контакт со внатрешноста на коморите за ладење или замрзнување. Апаратите би можеле да имаат засебни прегради (Преграда за Свежа Храна, Кутија со температура
на нула степени....).
Доколку не е поинаку наведено во брошурата со карактеристиките на производот, тогаш засебните прегради може да се отстранат со задржување на истите перформанси.
C-Pentane се користи како издувно средство
во пената за изолација и претставува запалив гас.
ИНСТАЛАЦИЈА
Две или повеќе лица се потребни за пренос и инсталирање на апаратот - опасност од повреда. Користете заштитни ракавици за отпакување и инсталирање на апаратот - опасност од исекотини.
Инсталацијата, вклучувајќи го и снабдувањето со вода (доколку има) и електричните приклучоци, како и поправките, мора да се изведуваат од страна на квалификуван техничар. Да не се поправа ниту заменува некој дел од апаратот освен доколку е конкретно наве дено во прирачникот за корисникот. Чувајте ги децата подалеку од инсталационата површина. По отпакување на апаратот, осигурајте се дека не дошло до оштетување при транспорт. Во случај на проблеми, контактирајте го застапникот на најблискиот сервис за после-продажба. По инсталирање на апаратот, отпадот од пакувањето (пластичните и деловите од стиропор, итн.) мора да се чуваат подалеку од дофат на деца - опасност од задушување. Апаратот мора да биде исклучен од електрична енергија пред почетокот на процесот на инсталација - опасност од струен удар. Осигурајте се дека апаратот не оштетил некој од електричните кабли за време на инсталацијата - опасност од пожар или струен удар. Апаратот треба да се активира исклучиво по завршување на инсталацијата.
Пренесувајте го апаратот внимателно за да не дојде до оштетување на подот (пр. на паркетот). Инсталирајте го апаратот на подот или навалете го на цврста потпора на место погодно за неговата големина и намена. Уверете се дека апаратот не е во близина на извор на топлина и дека четирите ногарки стабилно се поставени на подот, со тоа што може да ги подесите доколку е потребно, и со помош на либела проверете дали апаратот е добро
нивелиран. Почекајте најмалку два часа пред вклучување на апаратот за да се осигурате дека колото за ладење функционира беспрекорно.
За да се обезбеди соодветна вентилација, оставете простор од двете страни и над апаратот. Растојанието помеѓу задната страна на апаратот и ѕидот зад апаратот треба да биде 50mm, за да се избегне допир со топла површина. Намалувањето на овој простор ќе ја зголеми енергетската потрошувачка на производот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При поставување на апаратот, осигурете се дека кабелот не е заглавен или оштетен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да избегнете опасност поради нестабилност, позиционирањето и фиксирањето на апаратот мора да се изврши во согласност со инструкциите на производителот. Забрането е ладилникот да се постави на начин, на кој металното црево од ринглата, метал гас или цевките за вода, или електричните жици да бидат во контакт со задниот ѕид на ладилникот (кондензаторот).
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНО НАПОЈУВАЊЕ
Мора да може апаратот да се исклучува од струја со исклучување на приклучокот доколку е достапен, или повеќеполниот прекинувач поставен над приклучницата во согласност со правилата за поврзување, и апаратот мора да биде заземјен согласно националните електрични стандарди за безбедност.
Не корис тете продолжен кабе л, мултиприкл учница или мултиадаптер. Електричните елементи не смеат да му бидат на дофат на корисникот по инсталацијата. Не го користете апаратот кога сте водени или кога сте боси. Не го користете овој апарат доколку има оштетен кабел или приклучок, доколку не работи правилно, или доколку е оштетен или паднал.
Ако приклучниот кабел е оштетен, мора да се замени со ист таков купен од производителот, или од овластениот сервис или други квалификувани лица, за да се избегне опасност од струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ставајте мултиприклучници или преносни напојувања зад апаратот.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уверете се дека апаратот е исклучен од струја пред да започнете каква било активност за одржување; никогаш не користете опрема за чистење на пареа - опасност од струен удар.
4
Прирачник за здравје и безбедност
Не користете абразивни или груби средства за чистење како што се спрејови за прозорци, препарати за чистење, запаливи течности, восоци за чистење, концентрирани детергенти, средства за белеење или средства за чистење кои содржат нафтени производи врз пластичните делови, внатрешноста и рамките на вратата или заптивките. Не користете хартиени крпи, рапав сунѓер, или други груби алатки за чистење.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ ЗА ПАКУВАЊЕ
Материјалот за пакување е 100% рециклирачки и е означен со симболот за рециклирање. Различните делови на пакувањето мора да бидат отстранети на одговорност и во целосна согласност со регулативите на локалната власт за отстранување на отпад.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО
Апаратот е произведен од рециклирачки или материјали за повеќекратна употреба. Отстранете го отпадот во согласност со локалните регулативи за отстранување на отпад. За дополнителни информации за постапката, преработката и рециклажата на електричните апарати за домаќинство, контактирајте ги вашите надлежни локални власти, службата за собирање домашен отпад или продавницата од која сте го купиле апаратот. Апаратот е означен во согласност со Европската директива 2012/19/ЕУ, Отпад од електрична и електронска опрема (WEEE). Со правилно отстранување на овој производ, ќе ги спречите потенцијални негативни последици врз животната средина и врз здравјето на луѓето.
.
МК
СОВЕТИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Инсталирајте го апаратот на суво место со добра вентилација, што подалеку од извор на топлина (пр. радијатор, шпорет, итн.) и на место кое не е директно изложено на сончева енергија. Доколку е потребно, користете изолациска плоча. За да се гарантира соодветна вентилација, следете ги упатствата за инсталација. Недоволната вентилација на задниот дел од производот ја зголемува енергетската потрошувачка и ја намалува ефикасноста на ладење. Честото отворање на вратите може да доведе до зголемена енергетска потрошувачка. Амбиенталната температура, зачестеното отворање на вратите како и местото каде се наоѓа апаратот може да влијаат врз внатрешната температура на апаратот и врз потрошувачката на енергија. При подесувањето на температурата треба да се земат обѕир и овие фактори. Намалете го на минимум отворањето на вратите. При одмрзнување на храната, ставете ја во ладилникот. Ниската температура на замрзнатите производи ја лади храната во ладилникот. Оставете ја топлата храна и пијалаци да се оладат пред да ги смес тите во апаратот. Поставеноста на полиците во ладилникот не влијае врз ефикасноста на енергетската употреба. Храната треба да се постави на полиците на начин на кој ќе овозможи соодветна циркулација на воздухот (храната не треба меѓусебно да се допира и треба да има простор помеѓу производите и задниот ѕид). Може да го зголемите капацитетот на чување на замрзната храна со отстранување на фиоките, и доколку има и на полицата Стоп Замрзнување. Не грижете се за звуците што доаѓаат од компресорот, бидејќи означуваат нормална работа.
Симболот укажува дека не треба да се третира како домашен отпад, туку да се однесе во соодветен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема.
на производот или на придружната документација,
5
Loading...
+ 11 hidden pages