Beko TSE1245 User manual [en,es,hu,mk]

мк мк
Безбедноста е пред сè!
Прочитајте го Упатството за работа внимателно. Содржи важни информации за употребата на новиот уред. Ако не се држите до упатствата, може да го изгубите правото на бесплатно сервисирање во текот на гаранцискиот период. Чувајте го ова упатство на безбедно место и предајте го на следните корисници, ако има такви.
• Не поврзувајте го уредот за електрично напојување сè додека не ги извадите сите заштити при пакување и транспорт.
• Оставете го исправен најмалку 4 часа пред да го вклучите за да овозможите системот да се сталожи ако бил транспортиран хоризонтално.
• Овој уред може да се користи само за наменетата цел, т.е. за чување и замрзнување на храна.
• Не препорачуваме употреба на овој уред во незагреана и ладна просторија, како на пр. гаража, стаклена градина, ходник, шупа, на отворено, итн. Видете кај „Местоположба“.
• При испорака, проверете за да бидете сигурни дека производот не е оштетен и дека сите делови и дополнителна опрема се во совршена состојба.
• Не ракувајте со оштетен уред; ако се сомневате, консултирајте се со застапникот.
• Не дозволувајте деца да си играат со уредот.
• Не седете и не стојте или, не дозволувајте деца да седат или да стојат на уредот или на деловите на извлекување.
• Не потпирајте се на вратата на уредот.
• Уредот не содржи флуориден фреон (CFC/HFC), туку изобутан (R 600 a), природен гас кој е компатибилен со животната средина. (R 600 a) е лесно запалив. Затоа, проверете дали колото за ладење се оштетило или во транспортот или при работа. Во случај на оштетување:
• избегнувајте отворен оган, извори на искрење и запаливи материи;
• веднаш проветрете ја просторијата во која е сместен уредот:
• во случај ако фреонот се распрска, може да предизвика повреди ако дојде во контакт со очите.
• Просторот каде ќе се смести уредот не смее да биде помал од 10 м3.
• Не фрлајте го уредот во оган. Уредот содржи изолациски запаливи материи кои не се од CFC­природа.
• Контактирајте со локалните авторитети во регионот за да добиете информации за методите на одложување и достапните депонии.
A Предупредување- одржувајте ги отворите за вентилација во опкружувањето на уредот или во елементот за вградување непопречени. A Предупредување - Не користете механички уреди или други средства за забрзување на процесот на одмрзнување, освен оние што ги препорачува производителот.
A Предупредување- не оштетувајте го колото за ладење. A Предупредување- Не користете електрични уреди во одделите за складирање храна во уредот,
освен ако не ги препорачал производителот.
• Избегнувајте допирање на металните жици на кондензаторот од задната страна на уредот, постои ризик од повреда.
• Во случај на можна грешка при работа, прво исклучете го уредот од довод на ел. енергија.
• Пред чистење на уредот, секогаш исклучете го или притиснете го прекинувачот за прекин на довод на ел. енергија. Не влечете го кабелот за напојување. Откачете го од приклучокот.
• Дозволено е поправките на електричната опрема да ги извршуваат само квалификувани експерти. Ако е оштетен кабелот за напојување, производителот или службата за услуги на клиенти мора да го замени за да се избегне опасност.
• Уредот не е наменет да го користат лица (вклучително и деца) со намалена физичка, чувствителна или ментална способност или на кои им недостасува искуство и знаење освен ако не се под надзор или не биле претходно обучени во однос на употребата на уредот од страна на лице кое е одговорно за нивната безбедност.
• Децата треба да се надгледуваат за да обезбеди тие да не си играат со уредот.
1
мк мк
2
Инструкции за транспорт
Уредот треба да се транспортира само во исправена положба. Доставеното пакување не смее да се оштетува при транспорт. Ако уредот се транспортира во хоризонтална положба, мора да се постави вертикално и да остане во таа позиција 4 часа пред да се вклучи во работа. Уредот мора да се заштити од дожд, влага и други атмосферски влијанија. Производителот не презема одговорност ако не се почитуваат безбедносните наводи.
A Фрлање
Уредот мора да се онеспособи веднаш. Извадете го приклучокот за напојување и пресечете го кабелот. Извадете ги или уништете ги бравите на кваките или крилото пред да го одложите уредот. На овој начин ќе спречите деца да се заклучат внатре и да си ги загрозат животите.
Приклучување на уредот
• Не работете со уредот во просторија каде температурата се очекува да падне под 10ºС ноќе и / или особено во зима. При пониски температури, уредот не смее да работи, бидејќи ќе резултира во намалување на рокот на употреба на складираната храна.
• Климатските степени за уредот се прикажани на етикетата која е поставена во уредот. Ги одредува соодветните работни, амбиентални температури како што е објаснето подолу.
Климатска класа Амбиентални температури
SN.................................. од +10°C до 32°C
N .................................... од +16°C до 32°C
ST .................................. од +18°C до 38°C
T ....................................од +18°C до 43°C
SN-ST ............................од +10°C до 38°C
SN-T .............................. од +10°C до 43°C
Местоположба
Поставете го уредот само во суви простории што може да се проветруваат.
Избегнувајте директна сончева светлина или директно изложување на извор на топлинска енергија, како шпорет или печка. Ако тоа не може да се избегне, треба да се одржуваат следните минимални растојанија: Електрични печки: 3.00 цм. Грејач: 3.00 цм Уреди за ладење: 2.50 цм
• Проверете дали има обезбедено доволно простор за уредот за да се обезбеди слободна циркулација на воздухот.
•Зависно од моделот, се доставуваат два пластични граничници за ѕидот или на задниот дел, кај решетката за воздух со уредот. Ако уредот има решетка за воздух, погледнете ја (сл. 2 a) за поставување на решетката за воздух. Ако уредот се доставува со два пластични граничници, поставете ги со ротирање за 1/4 вртење на кондензаторот од задната страна на уредот(сл. 2 б).
• Уредот треба да се постави на рамна површина. Предните две ногарки може да се прилагодуваат како што ќе биде потребно. За да обезбедите дека уредот стои право, прилагодувајте ги предните две ногарки со тоа што ќе ги вртите во правецот или спротивно на правецот на сказалките на часовникот сè додека уредот не застане во стабилен контакт со подот. Со правилно поставување на ногарките се избегнуваат прекумерни вибрации и бука.
Електрично приклучување
A Предупредување
Овој уред мора да се заземји.
• Проверете дали видот на напојување и волтажата во вашата област соодветствуваат на оние што се посочени на етикетата во уредот однатре.
• Електричната безбедност на уредот може да се обезбеди кога системот за заземјување во куќата е поставен во согласност со регулативите.
• Кога ќе го поставувате уредот, не дозволувајте кабелот за напојување да се заглави под него, во тој случај кабелот може да се оштети.
мк мк
3
• Проверете дали лесно се допира до приклучокот за ел. напојување. Не користете повеќенаменски адаптер или продолжен кабел.
• Електричните спецификации на уредот се прикажани на етикетата која е поставена во уредот.
• Насочете го кабелот за напојување за лесно приклучување и исклучување по поставувањето. Ако кабелот за напојување е оштетен, истиот мора да го сменат производителот, овластен сервисер или слични квалификувани лица за да се избегне ризик.
• Треба да се употреби разделник за контакт ако не може да му се пристапи на кабелот за напојување. (за моделите за вградување)
Запознајте се со уредот
Предупредување
1. a.) Оддел за ладење и тацна за мраз (за
моделите )
2. б.) Оддел за замрзната храна и тацна за мраз (за моделите )
3. Внатрешно светло и регулатор на термостатот
4. Подвижни полици
5. Канал за собирање на одмрзнатата вода –
цевка за испуштање
6 Капак на одделот за свежа храна 7 Оддел за свежа храна
8. Прилагодливи предни ногарки
9. Полици на вратата
10. Тацна за јајца
11 Полица за шишиња
12. Горна полица
Не ставајте врели предмети или какви било уреди што зрачат топлина врз уредот, во спротивно може да се оштети.
Пред вклучување
Пред да почнете да се служите со уредот, мора да ги проверите следните ставки од безбедносни причини:
• Дали уредот стои правилно на подот?
• Дали има доволно простор за добра
циркулација на воздухот?
• Дали е внатрешноста чиста? (Видете и кај
поглавјето „Чистење и грижа“)
• Поставете го копчето на термостатот на
половина пат меѓу 1 и 5 или меѓу Мин. и Макс.
• Сега поврзете го уредот во струја.
• Компресорот ќе се вклучи, внатрешната светилка ќе се запали кога ќе се отвори вратата.
Не ставајте храна во фрижидерот сè додека температурата не го достигне саканото ниво.
Поставување на работната температура
(сл. 4.)
Работната температура се регулира со контролата за температура.
Топло Ладно
Макс.(или) Мин.
1 = најниска поставка за ладење (најтопло) 5 = највисока поставка за ладење
(најладно)
(или)
Мин = најниска поставка за ладење
(најтопло)
Макс. = највисока поставка за ладење
(најладно)
Просечната температура во ладилникот треба да биде околу +5°C. Изберете го поставувањето во зависност од саканата температура. Може да ја застанете работата на уредот со прилагодување на регулаторот на термостатот на позиција „0“.
Имајте предвид дека ќе има различни температури во делот за ладење. Најладниот дел е веднаш над одделот за зеленчук.
Внатрешната температура зависи и од амбиенталната температура, зачестеноста на отворањето на вратата, како и од количината храна што се чува внатре. Често отворање на вратата предизвикува покачување на внатрешната температура. Од оваа причина, се препорачува веднаш да ја затворите вратата по користење на ладилникот.
Loading...
+ 16 hidden pages