Beko RD6126 User manual [MK,LT,EL,HU]

Лaдилник Šaldytuvas Ψυγείο
Hűtőszekrény
Прочитајте го ова упатство прво!
Почитуван кориснику, Се надеваме дека овој производ којшто е произведен во модерна фабрика и
Затоа, препорачуваме внимателно да го прочитате целото упатство за производот пред употреба и да го чувате при рака за идни осврти.
Ова упатство
• Ќе ви помогне да го користите апаратот на брз и безбеден начин.
• Прочитајте го упатството пред да го поставите и вклучите производот.
• Следете ги упатствата, особено оние за безбедноста.
• Чувајте го упатството на лесно достапно место зашто може да ви притреба подоцна.
• Покрај тоа, прочитајте ги и другите документи што се доставуваат со производот. Имајте предвид дека ова упатство важи и за други модели.
Симболи и нивно значење
Ова упатство со инструкции ги содржи следниве симболи:
C Важни информации или корисни совети за употреба. A Предупредувања за опасни состојби по животот и имотот. B Предупредување за електричниот напон.
СОДРЖИНА
1 Вашиот ладилник 3
2 Важни безбедносни предупредувања 4
Наменета употреба .......................4
Кај производи со диспензер за вода 6
Безбедност за деца ........................6
Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот: 6
Усогласување со Директивата за ограничување на опасните
материи:...........................................7
Информации за пакувањето ..........7
HCA-Предупредување ....................7
Работи што треба да ги направите за
штедење енергија ...........................7
3 Поставување 8
Работи што треба да се имаат во предвид кога го транспортирате
ладилникот ...................................... 8
Пред вклучување на ладилникот...8
Фрлање на пакувањето ..................9
Фрлање на стариот ладилник ........ 9
Поставување и поврзување ........... 9
Прилагодување на ногарките ....... 10
Замена на внатрешната светилка за
осветлување ................................. 10
Преместување на вратите ........... 11
4 Подготовка 12
5 Употреба на ладилникот 13
Копче за поставување на
термостатот ...................................13
Ладење .......................................... 13
Замрзнување .................................13
Одмрзнување ................................14
Правење мраз ...............................15
6 Одржување и чистење 16
Заштита на пластичните
површини ...................................... 16
7 Препорачани решенија за проблемите 17
МК
2
10
10
10
1 Вашиот ладилник
A
B
1
2
3 4
5
5
6 7
8
9
A- Оддел на замрзнувачот B- Оддел на ладилникот
1- Тацна за правење лед 2- Полица во замрзнувачот 3- Внатрешна светилка 4- Регулатор за термостатот 5- Полици во одделот на ладилникот 6- Канал за собирање на одмрзнатата
вода – цевка за испуштање
7- Капак на фиоката 8- Фиока за салата 9- Прилагодливи предни ногарки 10- Полици на вратата 11- Тацна за јајца
11
C Сликите што се прикажани во ова упатство за употреба се шематски и може да не
соодветствуваат точно со производот. Ако деловите од поглавјето не се вклучени во производот што сте го купиле, тогаш тие важат за други модели.
МК
3
2 Важни безбедносни предупредувања
Прочитајте ги следните информации. Непочитувањето на овие информации може да предизвика повреди или материјална штета. И гаранцијата и заложбите за доверливост нема да бидат важечки.
Работниот век на купениот производ е 10 години. Во текот на овој период треба да се чуваат потребните резервни делови за да може да работи производот како што е опишано.
Наменета употреба
Овој производ е наменет да се
користи
– во затворени простории како што се
домови,
– во затворени работни средини како
што се продавници и канцеларии,
– во затворени простории за
сместување како што се објекти на селскиот туризам, хотели, пансиони.
• Овој производ не смее да се користи на отворено.
Општа безбедност
• Ви препорачуваме да се консултирате со локалниот авторизиран сервис и со овластените институции за да ги добиете неопходните информации кога ќе сакате да го фрлите / одложите производот.
• Консултирајте се со овластен сервис за сите прашања и проблеми поврзани со ладилникот. Не интервенирајте ниту не пуштајте друг да интервенира на ладилникот без да го известите овластениот сервисер.
• За производите од одделот на замрзнув
ачот - Не јадете сладолед во корнет или
коцки мраз веднаш по вадење од одделот за замрзнување! (Може да предизвикате смрзнатини на устата.)
• За производите во одделот на замрзнувачот - Не ставајте пијалаци во шише или конзерва во одделот на замрзнувачот. Инаку, тие може да пукнат.
• Не допирајте ја замрзната храна со рака, може да ви се залепи за раката.
• Исклучете го ладилникот од струја пред чистење или одмрзнување.
• Испарувачи и материјали за чистење што испаруваат не смее никогаш да се користат за чистење и за процесот на одмрзнување на ладилникот. Во тие случаи, испарувањето може да дојде во контакт со електричните делови и да предизвика краток спој или електричен удар.
• Никогаш не користете делови од ладилникот како што е вратата за потпора или расчекор.
• Не користете електрични уреди во внатрешноста на ладилникот.
• Не оштетувајте ги деловите каде што циркулира фреонот со дупчалки или алатки за сечење. Фреонот може да прсне и може да предизвика иритација на кожата и повреда на очите кога ќе се дупнат каналите за испарувањата, продолжетоците на цевките или површинските премази.
• Не покривајте ги или не блокирајте ги отворите за вентилација на ладилникот со каков било материјал.
• Електричните делови мора да ги поправи само овластено лице. Поправките што ги извршиле некомпетентни лица може да предизвикаат ризик за корисникот.
• Во случај на грешка при работа или во текот на одржување или поправка, исклучете го ладилникот од довод на ел. енергија со тоа што ќе го извадите соодветниот осигурувач или ќе го извлечете кабелот.
• Не влечете го кабелот кога го вадите приклучокот.
МК
4
• Поставете ги пијалаците со повисоки затворувачи вертикално и убаво затворени.
• Никогаш не чувајте конзерви под притисок што содржат запаливи и експлозивни супстанци во ладилникот.
• Не користете механички уреди или други средства за забрзување на процесот на одмрзнување, освен оние што ги препорачува производителот.
• Овој производ не е наменет да го користат лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или необучени или неискусни лица (вклучително и деца), освен ако не се под надзор на лице кое е одговорно за нивната безбедност или кое ќе ги научи како да го користат производот правилно.
• Не вклучувајте оштетен ладилник. Консултирајте се со сервисер ако се сомневате на дефект.
• Електричната безбедност на ладилникот е гарантирана само кога системот за заземјување во домот е усогласен со стандардите.
• Изложување на производот на дожд, снег, сонце и ветер е опасно во однос на електричната безбедност.
• Контактирајте овластен сервисер кога е оштетен кабелот за струја за да избегнете опасност.
• Никогаш не вклучувајте го ладилникот на ѕиден приклучок за време на поставувањето. Инаку, може да има ризик од смрт или сериозна повреда.
• Овој ладилник е наменет само за чување на храна. Не смее да се користи за други намени.
• Етикетата со техничките спецификации се наоѓа на левиот ѕид во ладилникот.
• Никогаш не поврзувајте го ладилникот за системи за штедење струја. Може да го оштетат ладилникот.
• Ако има сина светилка на ладилникот, не гледајте во неа со оптички уреди.
• Почекајте најмалку 5 минути за да го вклучите ладилникот откако снемало струја кај ладилниците што се контролираат рачно.
• Ова упатство за работа треба да се предаде на новиот сопственик на производот ако го дадете на други.
• Избегнувајте да предизвикувате оштетувања на кабелот за напојување кога го транспортирате ладилникот. Превитканиот кабел може да предизвика пожар. Никогаш не ставајте тешки предмети врз кабелот за струја. Не допирајте го приклучокот со мокри раце кога го приклучувате производот.
• Не приклучувајте го ладилникот ако штекерот е разлабавен.
• Вода не смее да се прска директно на внатрешните и надворешните делови на производот од безбедносни причини.
• Не прскајте разни средства што содржат запаливи гасови како што е пропанот близу до ладилникот за да избегнете ризик од пожар и експлозија.
• Никогаш не ставајте садови со вода врз ладилникот. Во спротивно, може да предизвикаат електричен удар или пожар.
• Не преполнувајте го ладилникот со прекумерна количина храна. Ако го преполните, храната може да падне и да ве повреди и да го оштети ладилникот кога ја отворате вратата.
МК
5
Никогаш не ставајте предмети врз ладилникот. Во спротивно, овие предмети може да паднат кога ја отворате или затворате вратата на ладилникот.
• Вакцините, лековите што се осетливи на топлина, истражувачките материјали и слично не смее да се чуваат во ладилникот бидејќи бараат прецизна температура.
• Ладилникот треба да се исклучи од струја ако не се користи долго време. Можен проблем со кабелот може да предизвика пожар.
• Клемите на приклучокот треба да се чистат редовно. Во спротивно, може да предизвикаат пожар.
• Клемите на приклучокот треба да се чистат редовно со сува крпа. Во спротивно, може да предизвикаат пожар.
• Ладилникот може да се мрда ако прилагодливите ногарки не се правилно поставени на подот. Ладилникот нема да се мрда со правилно обезбедување на прилагодливите ногарки на подот.
• Не држете го ладилникот за рачката на вратата кога го транспортирате. Во спротивно, може да се скрши.
• Кога треба да го поставите производот до друг ладилник или замрзнувач, растојанието меѓу нив треба да биде најмалку 8 цм. Во спротивно, соседните ѕидови може да фатат влага.
Кај производи со диспензер за вода
Притисокот на доводот на водата
мора да биде минимум 1 бар. Притисокот на доводот на водата мора да биде максимум 8 бари.
• Користете само вода за пиење.
Безбедност за деца
• Ако вратата има брава, клучот треба да се чува далеку од дофатот на децата.
• Децата мора да се надгледуваат за да се спречи тие да си играат со ладилникот.
Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот:
Овој отпад е усогласен со Директивата на ЕУ за фрлање на електронска и електрична опрема (2012/19/EU). Овој производ го носи симболот за класификација на отпадот од електрична и
електронска опрема (WEEE). Овој производ е произведен со многу
квалитетни делови и материјали коишто може да се користат одново и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го производот со нормалниот домашен отпад и со друг отпад кога веќе нема да го користите. Однесете го во собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. Консултирајте се со овластените тела во општината за да дознаете каде има собирни центри.
МК
6
Усогласување со Директивата за ограничување на опасните материи:
Производот што го купивте е усогласен со отпад е усогласен со Директивата за ограничување на опасните материи (2011/65/EU). Не содржи штетни и забранети материјали коишто се наведени во Директивата.
Информации за пакувањето
Материјалот за пакувањето на производот е произведен од материјал што може да се рециклира во согласност со Државните одредби за заштита на животната средина. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центри за собирање материјал за пакување коишто ги посочуваат општинските тела
HCA-Предупредување
Ако системот за разладување на производот содржи R600a:
Овој гас е запалив. Затоа треба са се обрне внимание да не се оштетуваат системот за ладење и цевководите при употреба и транспорт. Во случај на оштетување, чувајте го производот настрана од можни извори на оган што може да предизвикаат негово палење и вентилирајте ја просторијата каде што е сместен.
Игнорирајте го ова предупредување ако системот за ладење на производот содржи R134a. Типот на гас што се користи во производот е посочен на плочката на левиот ѕид во ладилникот.
Никогаш не фрлајте го производот во оган.
Работи што треба да ги направите за штедење енергија
• Не држете ги вратите на ладилникот отворени подолг период.
• Не ставајте топли пијалаци или храна во ладилникот.
• Не преоптоварувајте го ладилникот со што ќе се попречи циркулацијата на воздухот во внатрешноста.
• Не поставувајте го ладилникот под директна сончева светлина или близу до уреди што зрачат топлина како што се печка, машина за миење садови или радијатори.
• Внимавајте храната да ја чувате во затворени садови.
• За производи со оддел за замрзнување - Може да чувате максимална количина храна во замрзнувачот ако ја извадите полицата или фиоката од замрзнувачот. Посочената вредност за потрошувачката на струја за ладилникот е одредена со извадени полици или фиоки и под максимално оптоварување. Нема штета ако се користи полица или фиока во согласност со облиците или големината на храната што треба да се замрзне.
• Ако ја одмрзнувате замрзната храна во одделот на ладилникот, ќе заштедите струја и ќе го зачувате квалитетот на храната.
МК
7
3 Поставување
B Имајте предвид дека производителот
нема да биде одговорен ако не се почитуваат информациите коишто се дадени во упатството за работа.
Работи што треба да се имаат во предвид кога го транспортирате ладилникот
1. Ладилникот мора да се испразни и исчисти пред каков било транспорт.
2. Полиците, дополнителната опрема, фиоките и сл. во ладилникот мора безбедно да се зацврстат со лента за лепење за да се спречи нишање пред повторно пакување.
3. Пакувањето мора да се зацврсти со дебели ленти и цврсти јажиња, а правилата што се отпечатени на пакувањето мора да се почитуваат.
Не заборавајте...
Секој рециклирачки материјал е неопходен извор за природата и за нашите природни ресурси.
Ако сакате да придонесете при рециклирање на материјалите за пакување, може да добиете повеќе информации од овластените лица за животна средина или од локалната власт.
Пред вклучување на ладилникот
Пред да почнете да го употребувате ладилникот, проверете го следново:
1. Дали е внатрешноста на ладилникот сува и дали може воздухот да циркулира слободно од задната страна?
2. Исчистете ја внатрешноста на ладилникот како што е препорачано во поглавјето „Одржување и чистење“.
3. Вклучете во ладилникот во приклучок за струја. Кога вратата ќе се отвори, соодветното внатрешно осветлување на ладилникот ќе се вклучи.
4. Ќе слушнете бучава кога ќе се вклучи компресорот. Течноста и гасовите затворени во системот на ладилникот ја зголемуваат бучавата, без оглед дали компресорот е вклучен или не, тоа е сосема нормално.
5. Предните рабови на ладилникот може да се малку топли. Тоа е сосема нормално. Овие области се дизајнирани да бидат топли за да се спречи кондензација.
6. Може да поставите 2 пластични клина за вентилација како што е прикажано на сликата. Пластичните клинови ќе го обезбедат неопходното растојание меѓу ладилникот и ѕидот за да се овозможи циркулација на воздухот. (Илустрацијата е само пример и не соодветствува во целост со производот).
7. Исчистете ја внатрешноста на ладилникот како што е препорачано во поглавјето „Одржување и чистење“.
8. Вклучете во ладилникот во приклучок за струја. Кога вратата ќе се отвори, соодветното внатрешно осветлување на ладилникот ќе се вклучи.
9. Ќе слушнете бучава кога ќе се вклучи компресорот. Течноста и гасовите затворени во системот на ладилникот ја зголемуваат бучавата, без оглед дали компресорот е вклучен или не, тоа е сосема нормално.
МК
8
10. Предните рабови на ладилникот може да се малку топли. Тоа е сосема нормално. Овие области се дизајнирани да бидат топли за да се спречи кондензација.
Електрично поврзување
Поврзете го производот во заземјен штекер што е заштитен со осигурувач со соодветен капацитет.
Важно:
• Поврзувањето мора да биде усогласено со државните регулативи.
• Приклучокот на кабелот за напојување мора да биде лесно достапен по приклучувањето.
• Посочениот напон мора да биде еднаков на напонот на напојувањето.
• Не смее да се користат продолжни кабли и приклучоци со повеќе влезови.
B Квалификуван електричар мора
да го замени оштетениот кабел за напојување.
B Производот не смее да работи пред
да се поправи! Постои ризик од електричен удар!
Фрлање на пакувањето
Материјалот за пакување е опасен за децата. Чувајте го материјалот за пакување подалеку од дофат на децата или фрлете го класифицирајќи го во согласност со упатствата за фрлање отпад. Не фрлајте го заедно со редовниот домашен отпад.
Пакувањето на ладилникот е произведено од рециклирачки материјали.
Фрлање на стариот ладилник
Фрлете го стариот ладилник без да направите штета за животната средина.
• Консултирајте се со овластениот застапник или со центар за собирање отпад во вашата општина за тоа како да го фрлите ладилникот.
Пред да го фрлите ладилникот, исечете го кабелот за напојување и, ако има брави на вратата, искршете ги за да ги заштитите децата од каква било опасност.
Поставување и поврзување
A
Ако влезната врата на просторијата каде што треба да се смести ладилникот не е доволно широка за да може тој да помине, тогаш повикајте го овластениот сервис да ги извади вратите на ладилникот и тогаш, поминете го ладилникот низ вратата странично.
1. Поставете го ладилникот на место кое овозможува лесна употреба.
2. Поставете го ладилникот подалеку од извори на топлина, влажни места или директна сончева светлина.
3. Мора да има соодветна воздушна вентилација околу ладилникот со цел да се постигне ефикасна работа.
Ако ладилникот треба да се постави во вдлабнатина во ѕидот, тогаш мора да има најмалку 5 цм. растојание од таванот и најмалку 5 цм од ѕидот.
Ако на подот има килим, ладилникот мора да е подигнат од подот за 2.5 цм.
4. Поставете го ладилникот на рамни подови за да се спречи нишање.
5. Не чувајте го ладилникот во простории со амбиентална температура под 10°C.
МК
9
Прилагодување на ногарките
Ако ладилникот не е избалансиран Може да го избалансирате ладилникот
со вртење на предните ногарки како што е прикажано на сликата. Аголот каде што има ногарка, се спушта кога вртите во правец на црната стрелка и се подигнува кога вртите во спротивната насока. Ако некој би ви помогнал со делумно подигнување на ладилникот, тоа ќе ви ја олесни работата.
Замена на внатрешната
светилка за осветлување
Повикајте овластен сервисер за
да ја смените светилката што
служи за осветлување на
ладилникот.
Сијалицата што се користи во
овој уред не служи за
осветлување на соби во домот.
Намената на сијалицата е да му
помогне на корисникот да ја
стави храната во фрижидерот
безбедно и удобно.
Сијалиците што се користат во
овој производ треба да ги
издржуваат екстремните физички
услови, како што се
температурите под -20° C.
10
МК
Преместување на вратите
Постапете по нумеричкиот редослед.
10
7
45 °
4
5
10
4
5
1
6
12
13
11
3
9
8
14
19
18
17
22
180°
19
15
23
16
11
21
20
МК
4 Подготовка
C Ладилникот треба да се постави
на најмалку 30 цм. оддалеченост од извори на топлина, како што се камини, фурни, централно греење и печки и најмалку 5 цм. оддалеченост од електрични печки и не смее да се изложува на директна сончева светлина.
C Амбиенталната температура во
просторијата каде што ќе го поставите ладилникот мора да биде најмалку 10°C. Не се препорачува работа на ладилникот под уреди за ладење затоа што ја попречува неговата ефикасност.
C Исчистете ја внатрешноста на
ладилникот темелно.
C Ако треба да се постават два
ладилника еден до друг, тогаш треба да има најмалку 2 цм. растојание меѓу нив.
C Кога ќе го вклучите ладилникот за
првпат, почитувајте ги следните упатства во текот на првите шест часа.
- Врата не треба да се отвора често.
- Мора да се вклучи празен, без храна во него.
- Не исклучувајте го ладилникот од струја. Ако снема струја, видете ги предупредувањата во поглавјето „Препорачани решенија за проблемите“.
C Оригиналното пакување и
материјалите од пена треба да се чуваат за евентуален иден транспорт или преместување.
12
МК
5 Употреба на ладилникот
Warm Cold
Копче за поставување на термостатот
Работната температура се регулира со контролата за температура.
1 2 3 4 5
(Or) Min. Max.
1 = најниско поставување за ладење (најтопло) 5 = највисоко поставување за ладење (најладно)
(или)
Мин = најниско поставување за ладење
(најтопло)
Макс. = највисоко поставување за ладење
(најладно) Просечната температура во
ладилникот треба да биде околу +5°C. Изберете го поставувањето во
зависност од саканата температура. Имајте предвид дека ќе има различни
температури во делот за ладење. Најладниот дел е веднаш над одделот
за зеленчук. Внатрешната температура зависи
и од амбиенталната температура, зачестеноста на отворањето на вратата, како и од количината храна што се чува внатре.
Често отворање на вратата предизвикува покачување на внатрешната температура.
Од оваа причина, се препорачува веднаш да ја затворите вратата по користење на ладилникот.
Внатрешната температура на ладилникот се менува од следните причини:
• Сезонски температури,
• Често отворање на врата со тоа што се остава отворена подолго време,
• Храната што се става во ладилникот не е изладена на собна температура,
• Локацијата на ладилникот во просторијата (на пр. изложеност на сончева светлина).
• Може да ја прилагодувате променливата внатрешна температура од различни причини со помош на термостатот. Броевите околу термостатот ги прикажуваат степените за ладење.
• Свртете го копчето на термостатот на максималната позиција ако амбиенталната температура е повисока од 32°C.
• Свртете го копчето на термостатот на минималната позиција ако амбиенталната температура е пониска од 25°C.
Ладење
Складирање храна
Одделот на ладилникот е наменет за краткотрајно складирање свежа храна и пијалаци.
Замрзнување
Замрзнување храна
Одделот за замрзнување е обележан со овој симбол Може да го користите апаратот за
замрзнување свежа храна, како и за чување на веќе замрзната храна.
Погледнете ги препораките на пакувањето на храната.
МК
13
.
Складирање замрзната храна
Одделот за замрзната храна е обележан со овој симбол
Одделот за замрзната храна е соодветен за складирање на веќе замрзната храна. Препораката за складирање што е посочена на пакувањето на храната треба да се почитува во секое време.
.
Одмрзнување
А) Оддел на ладилникот
Одделот на ладилникот извршува целосно автоматизирано одмрзнување. Водата капе и може да се појави мраз до 7-8 мм. на внатрешниот заден ѕид во ладилникот кога тој лади. Таквите формации се нормални како резултат на системот за разладување. Формацијата на мраз ќе се одмрзне автоматски на одредени интервали благодарение на системот за автоматизирано одмрзнување на задниот ѕид. Нема потреба од гребење на мразот или од собирање на водените капки.
Водата што е производ на одмрзнувањето минува низ одводот за собирање вода и истекува во испарувачот преку одводната цевка и тука испарува.
Проверувајте ја редовно одводната цевка за да видите дали е запушена или не и исчистете ја со стапче во отворот ако е неопходно.
Одделот за длабоко замрзнување не извршува автоматизирано одмрзнување за да се спречи расипување на замрзнатата храна.
B) Оддел на замрзнувачот
Одмрзнувањето е многу лесно и без растурање благодарение на специјалниот сад за собирање на одмрзната вода.
Одмрзнувајте двапати годишно или кога ќе се формира слој од мраз од околу 7 мм. (1/4 инчи). За да ја започнете постапката на одмрзнување, исклучете го напојувањето и извадете го приклучокот.
Сета храна треба да се завитка во неколку слоја весници и да се стави на ладно место (на пр. ладилник или шпајз).
Садови со топла вода може да се стават во замрзнувачот за да се забрза одмрзнувањето.
Не користете остри предмети како ножеви и виљушки за да го извадите мразот.
Не користете никогаш фен за коса, електрични греалки или други слични апарати за одмрзнување.
14
МК
Соберете ја одмрзнатата вода на дното од одделот на замрзнувачот со сунѓер. По одмрзнување, исушете ја внатрешноста темелно.
Ставете го приклучокот во штекер и пуштете ја струјата.
Исклучување на производот
Ако термостатот има позиција „0“:
- Производот ќе престане
да работи кога ќе го свртите копчето на термостатот на позицијата „0“ (нула). Производот нема да започне со работа ако не го свртите копчето на термостатот на позиција „1“ или на некоја од другите позиции повторно. Ако термостатот има позиција „мин“:
- Исклучете го производот
од струја за да престане да работи.
Правење мраз
Наполнете го садот за мраз со вода и ставете го на неговото место. Мразот ќе биде направен по приближно два часа.
Може лесно да го извадите мразот со лесно свиткување на садот за лед.
15
МК
6 Одржување и чистење
A Никогаш не користете бензин, нафта
или слични средства за чистење.
B Препорачуваме да го исклучите
апаратот пред чистење.
C Никогаш не користете груби
абразивни инструменти, сапун, домашни средства за чистење, детергент и средство за полирање за чистење.
C Користете топла вода за чистење
на внатрешноста на апаратот и избришете за да се исуши.
C Користете влажна и добро исцедена
крпа потопена во раствор од една лажичка сода бикарбонат и една чаша вода за чистење на внатрешноста, а потоа избришете за да се исуши.
B Внимавајте да не навлезе вода во
куќиштето на осветлувањето или во другите електрични делови.
B Ако апаратот нема да се користи
подолго време, исклучете го, извадете ја храната, исчистете го и оставате ја вратата полуотворена.
C Проверувајте ја редовно гумата на
вратата која треба да биде чиста и без остатоци од храна.
C За да ги извадите полиците на
вратата, извадете ја целата содржина и потоа едноставно притиснете ја полицата нагоре од лежиштето.
C Никогаш не користете средства за
чистење или вода што содржат хлор за да ги исчистите надворешните површини и деловите обложени со хром на производот. Хлорот предизвикува корозија на таквите метални површини.
Заштита на пластичните површини
C Не ставајте течни масла или храна
зготвена со масло во незатворени садови во ладилникот бидејќи тие може да ги оштетат пластичните површини на ладилникот. Во случај на истурање или размачкување масло врз пластичните површини, исчистете го и исплакнете го дадениот дел на површината веднаш со топла вода.
16
МК
7 Препорачани решенија за проблемите
Прочитајте го овој список пред да повикате сервис. Ќе ви заштеди време и пари. Овој список ги опфаќа честите поплаки што не произлегуваат од неправилна работа или употреба на материјали. Некои од одликите што се опишани тука веројатно не постојат кај вашиот производ.
Ладилникот не работи.
• Дали ладилникот е правилно приклучен? Приклучете го во штекер.
• Дали осигурувачот на приклучокот на којшто е поврзан ладилникот или главниот осигурувач се прегорени? Проверете го осигурувачот.
Се јавува кондензација на страничните ѕидови во одделот на ладилникот (ПОВЕЌЕНАМЕНСКА ЗОНА, КОНТРОЛА НА ЛАДЕЊЕТО И ФЛЕКСИБИЛНА ЗОНА).
• Многу студени амбиентални услови. Често отворање и затворање на вратата. Амбиентални услови со многу влага. Складирана храна што содржи течност во отворени садови. Вратата е оставена подотворена. Префрлете го термостатот на поладен степен.
• Намалете го времето за оставена отворена врата или користете ја поретко.
• Затворете ја храната што ја чувате во отворени садови со соодветен материјал.
• Избришете ја кондензацијата со сува крпа и проверете дали повторно ќе се појави.
Компресорот не се вклучува
• Заштитната термика на компресорот ќе престане да работи при ненадеен прекин на ел. енергија или ќе го прекине ел. напојување бидејќи притисокот на ладилникот во системот за ладење сè уште не е избалансиран. Ладилникот ќе продолжи со работа по приближно 6 минути. Повикајте го сервисерот ако ладилникот не се вклучи по истекување на овој период.
• Ладилникот е во циклус на одмрзнување. Ова е нормално за целосно автоматизиран процес на одмрзнување кај ладилникот. Циклусот на одмрзнување започнува периодично.
• Ладилникот не е приклучен во штекер. Проверете дали приклучокот е правилно поставен во штекерот.
• Дали прилагодувањето на температурата е правилно направено?
• Можеби нема струја.
17
МК
Ладилникот често или долго работи.
• Новиот ладилник веројатно е поширок од претходниот. Тоа е сосема нормално. Големите ладилници работат подолг период.
• Амбиенталната температура во просторијата е висока. Тоа е сосема нормално.
• Ладилникот веројатно е приклучен неодамна или можеби е преоптоварен со храна. Комплетното разладување на ладилникот може да потрае неколку часа подолго.
• Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна. Врелата храна предизвикува подолг период на работа на ладилникот сè додека не се постигне безбедна температура на складирање.
• Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период. Топлиот воздух што навлегол во ладилникот предизвикува тој да работи подолг период. Отворајте ги вратите поретко.
• Вратите на одделите на ладилникот или замрзнувачот веројатно биле оставени подотворени. Проверете дали вратите се добро затворени.
• Ладилникот е прилагоден на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и почекајте додека не се постигне температурата.
• Гумата на вратата од ладилникот или замрзнувачот е нечиста, истрошена, искината или не е правилно поставена. Исчистете ја или заменете ја гумата. Оштетена / искината гума предизвикува ладилникот да работи подолг период за да ја одржува тековната температура.
Температурата во замрзнувачот е многу ниска додека температурата во ладилникот е задоволителна.
• Температурата во замрзнувачот е прилагодена на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата во замрзнувачот на повисок степен и проверете.
Температурата во ладилникот е многу ниска додека температурата во замрзнувачот е задоволителна.
• Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете.
Храната што се чува во фиоките на ладилникот се замрзнува.
• Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете.
Температурата во ладилникот или замрзнувачот е многу висока.
• Температурата во ладилникот е прилагодена на многу висок степен. Прилагодувањето во ладилникот влијае врз температурата во замрзнувачот. Сменете ја температурата во ладилникот или замрзнувачот додека истата не постигне задоволително ниво.
• Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период. Отворајте ги поретко.
• Вратата била оставена подотворена. Затворете ја вратата убаво.
• Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна. Почекајте додека ладилникот или замрзнувачот не ја постигнат саканата температура.
• Ладилникот веројатно бил приклучен неодамна. Целосно разладување на ладилникот трае подолго.
18
МК
Бучавата при работа се зголемува кога работи ладилникот.
• Работата на ладилникот се менува соодветно со промените во амбиенталната температура. Тоа е нормално и не е грешка.
Вибрации или бучава.
• Подот не е рамен или е многу слаб. Ладилникот се ниша кога ќе се помести малку. Проверете дали подот е доволно цврст и може да го држи ладилникот и дали е рамен.
• Бучавата може да се предизвикува и од работите што се ставени врз ладилникот. Тие предмети треба да се тргнат од ладилникот.
Има бучава што доаѓа од ладилникот и наликува на истурање вода или шиштење.
• Течните и гасните звуци се случуваат заради работните принципи на ладилникот. Тоа е нормално и не е грешка.
Има бучава како да дува ветер.
• Се користат вентилатори за да може да се излади ладилникот. Тоа е нормално и не е грешка.
Има кондензација на внатрешните ѕидови на ладилникот.
• Врела и влажна клима го зголемува создавањето мраз и кондензација. Тоа е нормално и не е грешка.
• Вратите биле оставени подотворени. Проверувајте дали вратите се затворени убаво.
• Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период. Отворајте ги поретко.
Влага се појавува на надворешноста на ладилникот или меѓу вратите.
• Веројатно има влажност во воздухот. Ова е сосема нормално во временски услови со влага. Кога ќе се намали влагата, ќе исчезне и кондензацијата.
Има лоша миризба во ладилникот.
• Внатрешноста на ладилникот мора да се исчисти. Исчистете ја внатрешноста на ладилникот со сунѓер, топла вода или карбонизирана вода.
• Некои садови или материјали за пакување веројатно го предизвикуваат мирисот. Употребете друг сад или материјал за пакување од друг производител.
Вратата не се затвора.
• Спакуваната храна може да го попречува затворањето на вратите. Преместете ја спакуваната храна што ја попречува вратата.
• Ладилникот не е поставен целосно вертикално на подот и се ниша кога малку ќе се потурне. Прилагодете ги шрафовите за подигнување.
• Подот не е рамен или цврст. Проверете дали подот е рамен и може да го држи ладилникот.
Фиоките се заглавени.
• Храната веројатно го допира плафонот на фиоката. Прераспределете ја храната во фиоката.
19
МК
Pirmiausia įdėmiai perskaitykite šį vadovą!
Gerbiamas pirkėjau, Mes tikimės, kad mūsų gaminys, kuris buvo sukurtas moderniose gamyklose ir kruopščiai
patikrintas pagal griežtus kokybės kontrolės reikalavimus, veiksmingai ir ilgai jums tarnaus. Todėl mes rekomenduojame jums prieš naudojimą atidžiai perskaityti visą šio gaminio
vartotojo vadovą ir išsaugoti jį, kad galėtumėte pasinaudoti juo ateityje.
Šis vadovas
• Padės jums greitai ir saugiai naudoti šį buitinį prietaisą.
• Prieš sumontuodami ir pradėdami naudoti šį gaminį, perskaitykite šį vadovą.
• Vadovaukitės nurodymais, ypač nurodymais dėl saugos.
• Laikykite šį vadovą lengvai pasiekiamoje vietoje, nes juo dar gali tekti pasinaudoti.
• Taip pat perskaitykite ir kitus su šiuo gaminiu pateiktus dokumentus.
Atkreipkite dėmesį, kad šis vadovas gali galioti ir kitiems modeliams.
Ženklai ir jų aprašymas
Šioje naudojimo instrukcijoje panaudoti tokie ženklai:
C Svarbi informacija arba naudingi patarimai dėl naudojimo. A Įspėjimas dėl sveikatai pavojingų arba žalos turtui galinčių padaryti sąlygų. B Įspėjimas dėl elektros įtampos.
TURINYS
1 Šaldytuvas 3
2 Svarbūs įspėjimai dėl saugos 4
Naudojimo paskirtis ........................... 4
Bendrieji saugos reikalavimai .............4
Gaminiams su vandens dalytuvu; .......6
Vaikų sauga ....................................... 6
WEEE Direktyvos ir senų gaminių
išmetimo taisyklių atitiktis: .................6
RoHS direktyvos atitiktis: ................... 6
Informacija apie pakuotę .................... 6
HCA įspėjimas ...................................6
Jeigu gaminyje įrengta aušinimo sistema,
kurioje naudojama R600a: ................ 6
Nepaisykite šio įspėjimo, jeigu gaminyje įrengta aušinimo sistema, kurioje
naudojama R134a. ........................... 7
Ką reikia daryti, norint sutaupyti
energijos ............................................ 7
3 Įrengimas 8
Į ką reikia atsižvelgti vežant šį šaldytuvą 8
Prieš pradedant naudoti šaldytuvą .....8
Pakuotės išmetimas ..........................9
Seno šaldytuvo išmetimas .................9
Pastatymas ir instaliacija .................... 9
Kojelių reguliavimas .........................10
Vidinės lemputės keitimas ............... 10
Durų perstatymas ............................ 11
5 Šaldytuvo eksploatavimas 13
Termostato nustatymų mygtukas ..... 13
Aušinimas ........................................ 13
Užšaldymas .....................................13
Ledukų gamyba ...............................14
Atšildymas .......................................14
6 Techninė priežiūra ir valymas 15
Plastikinių paviršių apsauga ............15
7 Rekomenduojami problemų sprendimo būdai 16
4 Paruošimas 12
LT
2
10
10
10
1 Šaldytuvas
A
B
1
2
3 4
5
5
6 7
8
9
A- Šaldiklio skyrius B- Šaldytuvo skyrius
11
1- Ledo kubelių dėklas
2-
Š
aldiklio lentyna
3- Vidaus apšvietimas
4- Termostato rankenėlė 5-
Š
aldytuvo skyriaus lentynos
6- Atšildyto vandens surinkimo kanalas –
7- Stalčiaus daržovėms dangtis 8- Dėklas salotoms 9- Reguliuojama priekinė kojelė 10- Durų lentynos 11- Kiaušinių dėklas
drenažo vamzdelis
C Šiame eksploatavimo vadove pateikti paveikslėliai yra orientacinio pobūdžio; gali būti, kad
jie tiksliai nevaizduoja jūsų turimo gaminio. Jei jūsų turimame gaminyje nėra aprašomų dalių, tai reiškia, jog tai taikoma kitiems modeliams.
LT
3
Loading...
+ 56 hidden pages